On the Road of Time (Following the Traces of Memories)
ПЕТРЕ НАКОВСКИ НА ПАТ СО ВРЕМЕТО - Part 05
- Мајка ми – ни ја претстави Лефтерис и по поздравот, одејќи пред нас не воведе во одајата. На подот послан рачно ткаен килим, но од краиштата се гледа набиената глина. Во средината софра, од страните –минде- ри. Лево врата. Изгледа таму им е кујната. Жената уште еднаш се поздрави, изгледа таков им адетот, двапати да се поздравуваат, и по повторното “καλος ηλθατε”
8, не седна на миндерите. Ни прозбори на грчки, но во нејзиното
8 Добро дојдовте зборување не го слушнав акцентот на грчкиот јазик.
Изгледа таа го забележа моето изненадување и рече:
- Ние сме просфиги...9 – и почна да не води по патиштата што од Турција до Ревани, сега Дипотамија, пропешачија нејзините родители со двете ќерки и четирите синови. Рече и повтори дека е родена пред осумдесет години, дека животот го проживеала во голема сиро-маштија, освен овие десетина години откако се доселија тука и отворија фарма за гоење телиња и најголемиот дел од нивите ним секоја година по пат на наддавање им ги отстапува државата. Вели дека не се нивни нивите, туку на тие кои поради војната, што добро ја памети, беа принудени да бегаат. Сполај Богу, вели, земјата е плодна и берикетот го откупува државата. Сега не сме сиромаси, вели и со рака покажува на дворот каде низ прозорчето се гледаат два трактори, комбајн, патничка кола и два камиони. Имам впечаток дека таа го забележа моето изненадување и побрза да објасни дека не изградиле куќа затоа што местото не е нивно и сама се прашува – како да градиш куѓа на не свое место?
Домакинката наеднаш прекина да раскажува, со дланката се удри в чело и рече:
- Ете, јас, кутрата, се заприкажав и заборавив да ве почестам.
Отиде во кујната и од таму дојде со послужаник на кој беа наредени чинивчиња со локум и чаши наполнети со вода.
- Повелете и добро дојдовте. А кафе ќе се напиете.
- Да – реков – ама турско...
- Се разбира дека турско, ама нема да биде вистински турско. Не знам дали знаете, ама ако не знаете ќе ви кажам дека вистинското турско кафе не се вари на оган и на пламен и ниту на плоча загревана со електрика, туку само на спуза. Полека да крка на спуза се додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот. Тоа е вистинското турско кафе, а не тоа што се служи во кафе- ани. Еден наш роднина во градот порача кафе и кога виде дека нема кајмак, му се пожали на келнерот, а тој, пезе-9 Просвиги – бегалци.
венкот, се врати во кујната и во филџанот плукна неколку- пати. И ете ти кајмак густ како сапуница. Така по град- ските кафеани се пие кафе. Само кафе варено, би рекла печено на спуза е вистинско кафе, а кога се пие треба да се слуша и сркањето или шмукањето и потоа долго вдишу-вање и издишување. По кафето устата се плакне со вода и се голта за да не остане меѓу забите и да легне добро во желудникот. Вистинското турско кафе е како жежок и сладок бакнеж... – гласно се насмеа домакинката и отиде да распали оган.
И додека таму на спуза се печеше кафето, се загледав во очите на Лефтерис и го прашав:
- Каде се, бре Лефтерис, камењата од ѕидовите и темелите на нашите куќи?
Молк.
- Каде се, бре Лефтерис камењата од ѕидовите и темелите на црквите Св. Петка, Св. Атанас, Св. Ѓорги, Св.
Јован и Св. Илија?
Молк.
- Каде се, бре Лефтерис, надгробните камења и плочи од селските гробишта?
Молк.
По долго и длабоко молчење, со болно раскината воздишка тој рече:
- Ги однеле со воени камиони...
- Кој?
- Тие, кои си граделе нови куќи...
Не го прашувам кои биле тие кои со нашите камења си изградиле нови куќи, туку се прашувам себе си:
кој им дозволил? И си одговарам: сигурно им дозволил тој, кој многу сакал тука да не остане белег од темели и цркви зашто некој друг би прашал чии беа, кои беа и каде се тие кои беа?
Молчејќи го испивме турското кафе и на привре-мените домаќини, пожелувајќи им добар помин, заминува-ме од празнината што некогаш беше село. Со себе ја носи-ме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчели-нокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски ја-готки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од дет-ките спомени и најскришните копнежи и таги.
Пече горчината на пелинот што како имела ми се залепи на усните.
Во селото заѕвони камбаната.
Не испраќа или не вика на молитва?
Долно Папратско. Две куќарки и малку погоре обновената црква. Се гледа раскопана и испревртена земја и дробен камен. И тука некој растурил ѕидови и барал остатоци од темели. Фрламе мачен поглед на руината и по неколку минутно возење, на патот ни се исправи Ошени.
Инои сега се вика и е истоимено со селото од кое биле протерани. Го паметам како многу сиромашно село со куќи градени со плитар и покриени со ` рженица. Новодојден-ците, тие, просвигите, тогаш знаеја да садат тутун, пченка и тикви. Тоа го пренесоа од нивното старо Инои, во Турција. Се друго купуваа на пазарите во Костур и Рупишта и во средбите со месното, македонско населе-ние, попрво го научија македонскиот, отколку грчкиот јазик.
Сега Инои, некогашното Ошени личи на град. Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите кучќ поврзани со електрични и телефонски жици, бензин-ска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни. Нема ниту парче не изорана и не посеана земја, не со тутун, пченка и тикви, туку - пченица.
А во селето Аја Кирјаки ( Света Недела), сред село, чешма со три цевки од кои без престан тече чиста изворска вода. Над цевките мермерна плоча и натпис: “ Για να ποτιζοντε η ριζες της ποντιακης ιστοριας”.
10 И не би можел човек да не се запраша: што бараат тука корените на историјата што е поврзана со бреговите на Црното Море?
Метафоричната порака е неизгласлив спомен и нескротена тага по родното место што на своите наследници им ја пренесоа веќе изумрените просвиги кои принудно ги доселија во ова село кое никогаш со срце не го прифатија.
И новите поколенија кои се родија и израснаа тука само со телото се присутни тука, но со душата, срцето и мислите се таму, на дедовите и прадедовите места крај бреговите на 10 За да се полеваат корените на понтијската историја.
Црното Море кои и официјална Грција ги нарекува “χαµενες πατρηδες” 11, а спомените и адетите љубоморно ги чуваат и ги пренесуваат од колено на колено. Без престан тече изворската вода од трите цевки и натписот на таблата над нив постојано ги потсетува на изгубената татковина.
Грците ги викаат просвиги и ги сметаат за нешто пораз-лично од себе и за нив секојдневно се предмет на погрден потсмев и извор на понижувачки анегдоти. Во кафеаните најмногу си го зборуваат јазикот на прадедовците што не го разбираат денешните Грци, а дома го зборуваат јазикот на земјата каде им останаа корените.
Тука, во Света Недела, не им е згаснат споменот;
го чуваат и своите корени ги полеваат со изворска македонска вода...
11 Изгубени татковини
4.
- Оваа треба да е куќата на човекот што го бараме
– и реков на сопругата и ја паркирав колата до оградата од ковано железо. Зад неа широк двор во кој зеленее ниско искосена трева. Од двете страни на бетонската патека што води до влезната врата на двокатната куќа, во два редови -расцветани тренданфили. Заѕвонив, притискајќи го копчето заварено на столбот од железното вратиче. Влезната врата од куќата се отвори и на прагот се појави низок улуглав старец. Со разнишан чекор, потпирајќи се на патерица, ни пријде и праша на грчки:
- Кои сте вие? Кого барате?
- Јас сум тој – му велам – кој пред едно два часа ви се јави по телефон...
Старецот размислува, сомнително мрда со глава.
Со рака покажав на колата. Тој подаде глава и кога ја виде регистерската табла, смирено рече на македон- ски:
- Добре дојдовте. Повелете. Влезете.
Одајата во која не внесе домаќинката – широка, подот послан со шарени черги и на ѕидовите, во разни големини, обесени фотографии. Лица од многу возрасти и по облеката, капите и фризурите – од разни времиња и земји.
Стариот изгледа ја сфати мојата љубопитност и почна да објаснува:
- Ова кадро ни е најстаро. Овој е дедо ми и баба ми, зад нив татко и мајка, па моите тети и вујковци. Тука татко ми во Америка. А на ова кадро – речи си сите селани.
А на ова – младините од селото. Правено е на Велигден.
Така пишува од другата страна. Најбројниот дел изгина по планиењето во граѓанската. Овој е син ми. Најстариот.
Загина во борбите за Воден. Не му се знае гробот. На ова кадро, до него, е помалиот син, снаата и внучињата. Таму во Романија научи лекар, а снаата е професор. Внучињата тргнаа по татковиот пат. Живеат во Скопје и ми доаѓаат на гости. И ние со бабата ги посетуваме, ама ретко. Не фатија годините... Искрено да ти кажам многу сум огорчен кога сум таму. Мачно ми е кога слушам – ние Егејците вака, ние Егејците така; слушам се јадат меѓу себе и со таквото име како да се делат и од нас кои тука велиме дека сме Македонци...
А на ова кадро, тој тука сум јас. Сите други се од околните села, а некои и од подалечни. Кадрото е правено некој месец пред да почне бојот со Италија и затоа сите сме облечени војници. Не викнаа за да ја браниме Грција од Италијанците. Ами за в Грција по каде ли ќе помине Италијанецот? Се разбира најмногу по нашите места. Затоа никој не се скрил и не откажал. Бојот почна есента, та сме го подбрале Италијанецот и го гоневме се до Иван Планина и потоа до Поградец. И многу не фалеа големците и само големи зборови ни псалеа за тоа дека сме многу храбри и нестрашливи, не чукаа по рамена и не прекинуваа да ни дробат - браво, браво, бре паликарја, Македонес... Да, токму така не викаа – Македонес... А оваа слика е правена на островот Аи Стратис. Беше логор пред војната и по војната и многу од тие паликарја Македонес се најдовме на тој остров. Таму не не фалеа и не не галеа по рамена, туку не удираа со кундаци, стапови и камшици... Овој тука, сум јас. Многу бевме. Од цела Грција. Сега читам во весниците дека таму ќе се прави музеј. Нека се прави за да се знае какво зло може човекот да му на направи на човекот. Од скоро илјада души, граѓанската остави само стотина. Тие не заминаа со комунистите. Не сакаа да бидат спасувани од нив. Сами се спасија, криејќи се во шумите и во влажните планински пештери. Кога помина лошото, се вратија дома.
Граѓанската зад себе не само што остави пустош, туку ги искорени нашите. Тие кои тргнаа за да бидат спасени, се витосаа. Да не беа комунистите и тие ќе си беа дома. Сега малку сме, ама дома сме...
И ти велам по две или три години по завршува-њето на граѓанската нас, кои бевме во логорите на сувите острови, не пуштија, велејќи ни дека сме слободни. Се враќавме дома од затворите и од логорите. Селата опусто- шени. Од темел почнавме нов живот, ако така може да се рече. И беше наредба еднаш во неделата да се јавуваме во полициските станици. Да не видат дека сме тука и да не предупредат дека затворите постојат и дека и логорите постојат. И не само тоа, туку таму те седнуваа на столче, од другата страна на масата полицаец. Лево и десно – поли-цаец, седат, потпирајќи се на чукало. Тој што седи пред тебе без престан упорно те гледа в очи, со погледот те пронижува, со тупаницата полека, како да брои удари, удира на маса, со чизмата тропа на подот и тој поглед, тоа удирање, тоа тропање те обессилува, те облева пот, ти се суши устата, гркланот ти се стега, воздух ти снемува, пред очи се ти се смрачува, срцето ти чука забрзано, телото се згрчува... И чека се додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели:
- Читај! Гласно!
И читаш:
“ Јас долупотпишаниот, по своја волја, свесно и без принуда, пред надлежните власти изјавувам дека се откажувам од комунизмот”...
Потпишаното ливче го става во коверт и вели:
- Одлично. Слободен си и дојди идната недела!
Наредната недела исто, дури и полошо. И пак ти подава ливче и вели:
- Читај! Гласно!
И читаш:
“ Јас, долупотпишаниот, по своја волја, свесно, одговорно и без принува, пред надлежните власти изја- вувам дека ќе бидам лојален на државата и ќе ги почи- тувам сите закони.“ Потпишаното ливче го става во истиот коверт и вели:
- Слободен си.Дојди идната недела.
Си одиш дома со лице без човечки израз. Легну-ваш со страв, сонував страв и со страв дочекуваш ден. Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигну-вање на кодош.. Страв на пат, на нива, во лозје, во бавча, на пазар, во дуќан, на пошта, пред шалтер. Како да го победиш стравот? Како да се ослободиш од него? Ни најдоа начин – пасош и платен билет за една насока. Така многу се ослободија од стравот, а и државата од нив. Те гледаат и упорно чекаат во очите, во треперењето на мускулот и рацете, да видат бледило, пот на челото, треперење на брадата. Страв поединечен и страв масовен.
Стравот на едниот да се пренесе и да влези кај другиот и да ги зафати сите. Сејач на тој страв не беше само полицијата, туку и селскиот кмет, даскалот, општинскиот службеник, судијата и судот, војската, црквата, радиото и весниците.
На пример весникот “ Φωνη της Καστοριας”12 секој ден пишуваше против нас, не нарекуваше со сите најпогрдни имиња, море змии, море дивјаци, да си одиме кај Тито, џенеме да фатиме...
И ти велам, одам наредната недела во полиција.
Седнав на истото столче и на маса гледам отворено писмо.
Полицаецот ми го поттурна под нос и нареди:
- Читај го тоа што е подвлечено со црно мастило.
Гледам - ракописот на син ми.
- Читај! – викна полицаецот.
Писмата што ни стигнуваа од нашите во земјите зад железната завеса, не ни ги носеше дома поштарот. Тој најчесто ни пренесуваше да се јавиме во полициската станица каде не чека писмо. И одевме во полиција да си ја земеме поштата.
- Чекам! – просаска полицаецот и на подот тропа со чизмата.
12 Гласот на Костур Читам. А во писмото напишано да се борам против грчкиот монархофашизам и англоамериканскиот империјализам. И трас – шлаканица и буквите стануваат искри.. По некој ден поштарот ми јави дека ми стигна писмо и да одам в полиција за да си го земам.
Полицаецот ми го подава писмото и ми вели:
- Повели, пак те викаат за борба.
Повикот за борба малку подолг, ама буквите не личат на буквите пишувани со раката на син ми. Некоја друга рака го има пишувано. Полицаецот стави пред мене ливче и нареди:
- Читај! И потпиши!
Читам гласно:
“ Јас, долупотпишаниот, без принуда и по своја волја се откажувам од син ми кој таму зад железната завеса, во комунистичките земји...” Прекинав со читањето и, враќајќи му го ливчето, реков:
- Син ми напиша така како што некој му рекол, а кој му рекол, се знае. Изјава и потпис барајте од него... – реков и без да барам дозвола, излегов.
Зад мене остана поканата за ново видување.
Новото видување не беше само со мене. На град-скиот плоштад паркирани неколку автобуси. Мажи од околните села. Некој повика да влеземе во автобусите. Се затворија вратите и рекоа дека ќе одиме во селото Мелас, кое порано се викаше Статица. Во Апоскеп останавме едно дваесетина минути колку за да и се насладиме на прекрасната глетка на Костур и Костуерското Езеро и потоа стигавме во Габреш. Лево – старото село. Таму нема жива душа. Куќите, градени од плитар, се распаѓаат. Стојат ѕидовите и со шуплините на прозорците и вратите, плашат секој намерник. Десно – отаде реката, новото Габреш и пред мостот – куќичка, над вратата натпис “ Полиција”.
Новото Габреш е мало гратче со основно училиште, гимна-зија, пошта, банка, нова црква, аптека, неколку кафеани, водовод, канализација, струја, асфалтирани улици, поли-циска станица. Нео Гаврос е градено за да ги соберат во него сите селани од околните села. За подобар живот и подобра контрола.
По изминати десет километри стигавме во Статица или Мелас. Новото име го носи по презимето на човекот кој од Атина со една шепа платеници ( и тој платеник) тргна да ја ослободува Македонија. Загина од турски куршум во Долно Статица. Многу куршуми биле испукани и како ли не погодија некој од негови паликарја, туку само него, Павлос Мелас? Да одбележиме дека турскиот аскер не го барал него, туку некој од македон-ските илинденски војводи. Куќата се уште стои и во неа се наоѓа музеј посветен на македонската борба, како што ја нарекоа Грците, а посебно на Павлос Мелас од кого направија легенда. И нема училиште во Костурско во кое не виси неговиот портрет. Многу е пишувано за Павлос Мелас, но никаде не е напишано кога и каде водел барем една неколку минутна борба со турскиот аскер за ослобо-дување на Македонија и никој не напишал што се случи, по неговото загинување, со неговата торба во која го имал златото со кое ги плаќал своите паликарја и кодошите...
Секоја година на денот на неговата погибија во селото Мелас се одржуваат свечености посветени во негова слава. Најмногу има полицајци, владици и попови и по некој братучет на Коте од Руља. Воениот оркестар свири маршеви, владиците и даскалите држат говори, а месните, сега малобројни шегаџии и во одминати години во спомен на Павлос Mелас тивко потпевнуваат една од песните што пред многу години ги пееле шегаџиите од околните села:
Е, ре Павле, ре Павле, Паметвиш ре Павле, Кога се криеме о ена воденица О која најдоме ена вдовица, Која ни даде биеница И му трнаме по ена палица?....
13 А на враќање од Мелас некој даскал, а по него и еден владика цело време не убедуваа дека јазикот што си го зборуваме дома е смрдлив, грд, смешен, непријателски и многу штетен за грчкиот дух. И не помина многу време нас мажите од нашето село не собраа во дворот на црквата. Бие камбаната, се виорат грчки знамиња, воен оркестар свири патриотски маршеви, а најмногу маршот:
Μακεδονια ξακουστη
Του Αξανδρου χωρα
13 Текстот е на костурски народен говор и акцентот паѓа на вториот слог од крајот на зборот.
Εδιοξες τον Βουλγαρο
Και εισε ελευθερη τωρα 14 И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица. Повеќе беа тие, отколку ние... а околу нас војници и полицајци.
Прекина и откако испушти долга воздишка, го отвори долапчето и од таму извади врзоп хартии. Ја издува прашината, со растреперени прсти ја одврза врвцата и на маса почна да реди пожолтени исечоци од весници.
Исправувајќи ги искривените рабови, праша:
- Знаеш да пееш грцки? Ако не знаеш, Јаска ќе ти пеам. Туа – мешајќи го костурскиот говор со македонскиот литературен јазик - од купчето оддели неколку исечоци од весници – пиши како ние тој ден дадовме заклетва дека нема да си го зборуваме нашиот јазик. Пули да видиш како пиши... Пожолтена е хартијата, ама буквите црни и читли- ви. Пули да видиш како пиши. Ќе ти пеам на грчки, а потоа ќе ги кажам што се вели.
Се искашла, намести очила и со растреперен глас почна да чита:
- Υποσχοµαι ενωπιον του Θεου, των ανθρωπων και
των επισηµων αρχων του κρατους µ ας, οτι απο σηµερον θα παυσω να οµιλω το σλαβικον ιδιωµα, που µονον αφορµην προς παρεξηγησιν διδει εις τους εχρους της χωρας µ ας, τους Βουλγαρους, και οτι θα οµιλω παντου και παντοτε την Ελληνικην, εις την οποια ειναι γραµµενο και το Ιερον Ευαγγελιον του Χριστου µας.15 Откако се заколнавме и рака му бакнавме на владиката кој стоеше пред излезот од црковниот двор, 14 Македонијо прочуена На Александар земја Го протера Бугаринот И слободна си сега
15 Ветувам пред Господ, пред луѓето и пред официјалните власти на нашата држава, дека од денес ќе престанам да зборувам на словенскиот идиом кој е само лажен повод за непријателите на нашата држава, Бугарите, и дека секогаш и секаде ќе го зборувам само грчкиот на кој е напишано Светото Евангелије на нашиот Христос.
тргнавме да си одиме дома. Кога стигнавме пред куќи, соседот навали уво до моето уво и тивко ми шепна:
- Ами сега шом се зак’лнаме дека нема да зборваме по наши, ка ќе се разбериме со жените?
Се погледнавме и смеата ја истуривме во шепите.
А кога влегов во дворот, уште од прагот жена ми ме праша:
- Ка поминате, шо сторите?
- Не се врлави, туку клај да јајме... - и подвикнав, заборавајќи ја заклетвата.
А за таа наша заклетва дозна цела Грција. Туку-речи и не остана весник кој не побрза да напише за тој голем подвиг на грчката држава. Слушај да видиш како пишуваа.
Весникот “ Елефтеротипија”, на 7 јули 1959 година вака напиша:
“Во селото Каридја,16 во околијата Птолемаида, во дворот на основното училиште се собраа сите жители од селото и откако се одржа свечената богослужба, тие дадоа заклетва дека во иднина нема да зборуваат на словенски дијалект и тоа во секое место и во секое време. Потоа зборуваа официјалните личности, меѓу кои претседателот на Кожанскиот округ, началникот на полицијата и други кои изразија надеж дека примерот на жителите на Каридја ќе го следат сите Грци од пограничната зона”.
Наредниот ден “То Вима” напиша:
”Не може да не се забележи тоа што се случи во едно кајљарско село, кога во училишниот двор се собра месното население и даде заклетва да не зборува на славо-македонскиот дијалект. Таа одлука на Македонците пока-жува дека грчката свест никогаш не исчезнала кај Грците од Македонија и дека јазикот што се употребувал по навика и како резултат на извршениот притисок во старо време, воопшто не ги промени нивните чувства кон грчката татковина. Требаше славомакедонскиот јазик да биде заб- ранет уште порано. Но, и сега не е доцна и тоа треба да се подвлече и да се искористи како пример и за другите Грци населени во Македонија кои се служат со тој јазик, нешто што се користи од странската пропаганда со цел да се оспори грчкиот карактер на македонското население.” Прекина и ме праша:
- Што разбра од ова?
16 Старото име - Тремино Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи:
- Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели:
“Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе збору-ваат на грчки јазик. Селаните, повторувајќи ја збор по збор заклетвата што ја читаше блажениот митрополит, во крајно трогателна атмосфера, се заколнаа, секој дигајќи ја својата десна рака.” Во бројот од 11 август 1959 година атинскиот весник “Катимерини” вака напиша:
“Во селото Атрапос18, Леринско, се одржа свече-ност на која жителите од селото се заколнаа дека во идни-на веќе нема да зборуваат на нивниот словенски дијалект.
На свеченоста присуствуваа и претставници на властите од Лерин и од 100 месни одбори од околијата и голем број селани од околните села и говор одржа префектот Депас кој ја пофали постапката на жителите од селото Атрапос.” Стариот исечоците од весниците ми ги стави на дланката и, гледајќи ме в очи, праша:
- Тежат?
Направив движење како да ја мерам нивната тежина.
- Хартија... – реков развлечено.
- Како хартија ич не тежат, ама тоа што е напишано на таа хартија, дали тоа тежи?
Се гледаме в очи и траеме во молкот и во тој миг ми се пристори дека црните букви ме жежат и ми ја горат дланката...
Со длабок воздив му ги вратив исечоците, а тој грижливо ги смести во долапчето и откако го затвори вратичето, прошепоти:
- И ете така, дали си дома, на нива, во лозје, бавча, на пазар, дали се враќаш дома, постојано си мислиш како да се ослободиш од стравот. И додека ти мислиш, тие 17 Старото име - Лудово 18 Старото име - Крпешина веќе смислија како да те ослободат од стравот. Те викаат и ти велат: - таму во земјите преку океанот се бараат работници. Не ја делкај тука сиромаштијата, туку оди таму заедно со целото семејство. Без пари ќе добиеш пасош и билет под услов да не бараш да се вратиш тука... И така на овој начин многу се ослободија од стравот, но и државата се ослободи од нив...
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/na-pat-so-vremeto/5 on October 29, 2026