On the Road of Time (Following the Traces of Memories)
ПЕТРЕ НАКОВСКИ НА ПАТ СО ВРЕМЕТО - Part 15
- Ете, толку ти раскажав и сакам уште да ти кажам, дека ако некои одбегнуваат да одговараат на пра-шања за тоа време и најчесто замавнуваат со рака, треба да имаш целосно разбирање за нивното молчење. Сигурно е дека по изминатите шеесет години многу е променето во нашите убедувања и сфаќања. Тогаш ние бевме млади, исполнети со елан, ентузијазам, верба, храбри и посветени на идеали, секогаш готови за саможртва. Имај големо разбирање и за нивниот молк и болката што ја носат поради поразот и изгубената младост. А јас, пак, немам разбирање за тие, кои дејствуваа во беззаконие и ноќе, арамиски не собраа. И таму во логорите, скриени во густи-те шуми на Грамос и на Вичо деноноќно ни ги переа мозоците. Не сакам да имам разбирање за тие кои таа наша младешка самопаленица си ја присвојуваат, па дури и сега тоа го прават и мислат дека тоа е исклучиво нивна заслуга, па дури и денес во разни прилики и поводи за огромен успех го сметаат чинот, дека по нивна заслугата се крена целиот народ на нога. А чија е заслугата што тој ист народ остана ограбен, иселен и растурен по светот?
Немам разбирање за нивната самобендисаност и нема да го имам...
Немам разбирање за сити, кои ја искористија нашата младост и храброст, нашиот елан, јунаштво и верба... Се уште има такви како мене, кои со мака, со жалење и огорченост раскажуваат или најчесто молчат.
Немам разбирање за тие, кои се уште не го скршија од усните печатот на молкот и јавно и отворено не признаа и не покажаа со прст на виновникот. Дали со тоа сакаат тоа време да му го препуштат на заборавот и во него самите себе да се заборават? Некому тоа ќе му биде од корист.
Препушти му се на заборавот, па ќе те нема вчера, ќе те нема денес и утре ќе те нема...
Ние сме таа самопаленичка и поразена генерација која времето го мереше со надеж. Не јаде времето и паме-тењето полека се брише, а треба, велам, да остане запаме-тено и запишано тоа време, тоа наше време...
19.
Од Бурељ се вративме по истиот пат и влеговме во автопатот што води за Тирана. Изненадени сме од видикот на мноштвото градилишта. Лево и десно од авто-патот многубројни хангари - фабрики во различни бои и на покривите знамињата на САД, Германија, Италија, Фран-ција, Шпанија. Околината пред Тирана расте во голема индустриска зона и заедно со новите патишта кои водат кон градовите што лежат покрај морските брегови, Албанија ја живее својата сегашнина.
Планинскиот пат не однесе во Елбасан. Западно од градот, во подножјето на планината, зреат маслинките.
Меѓу нив – згради со сиви и напукнати фасади. Тоа е комплексот на болницата. Тука, во текот на граѓанската војна илјадници наши партизани ги лекуваа раните.
Од Елбасан патот не однесе во Драч, во приста- ништето. Пешачиме долж доковите, ги гледаме усидрените бродови. Одиме од едниот до другиот крај, ги слушаме бродските сирени, грачењето на галебите и полека надоа-ѓаат, небаре како бранови допловуваат и пред очите ни се втиснуваат спомените.
- Откако ги најдоа сметките за тоа кој е крив за поразот, објавија дека Демократската армија на Грција не е победена и не го положи оружјето, туку го стави покрај нога. Наредниот ден Атина и се закани на Тирана дека доколку Албанија на своја територија ќе ги чува бандитите кои грчката национална армија не успеа да ги уништи на Грамос, ќе и објави војна. Тирана и пред тоа беше свесна дека и станавме камен обесен на врат и поита да побара од Москва да најди решение.
И го најде. Ранетите и целото бегалско население да ги прифат Варшава, Прага, Будимпешта и Букурешт, а способните, тие за кои беше јавено дека пушката ја држат покрај нога – ги прифати Москва и ги одведе што подалеку од Европа.
Така ми објасни, сега деведесетгодишниот Стефо, кој целата граѓанска војна ја помина како шофер, возејќи ја старата чешка “Tatra” на патот Драч - Елбасан - Прењес-Поградец - Корча - Билишта - Преспа и обратно, а честопати од Преспа до Јасеново и Катланово. Наваму -оружје, муниција, храна и оздраевеници, а натаму ранети.
- На тој пат – вели – ја знаев секоја кривина, секоја дупка, секој откорнат камен од калдрмата... Можев да возам со затворени очи и никогаш не би погрешил. И немој да ми го запипшуваш името и презимето. Нека остане како што останаа непознати многу имиња и прези- миња. Зарем е толку важно името, а не тоа што го правевме? Зошто баш јас, обичен возач - шофер да бидам истакнат пред стотиците ранети што ги пренесував со мојата чешка “ Татра” во болниците во Корча, Елбасан и Сукт, во Јасеново и Катланово и од таму, со уште не затворени рани ги враќав во Преспа? Натаму ранети, наваму оздравеници. Цела ноќ возење, цел ден возење.
Ретки, многу ретки беа деновите кога се случуваше да имаме ден или ноќ за одмор. Ранетите до границата ги носеа жените од костурските, преспанските и леринските села. На носилки, во кебиња, во жинели, а коњитеи мазгите товарени со муниција ги тераа по цели до борбените позиции. Ех, тие жени... папсани, со здржан здив, полека ги спуштаа носилките, се загледуваа во бледите лица на ранетите, ги молеа да издржат, им ги оросуваа образите, усните и челата со наводенетите црни шамии, ги држеа за раце небаре со тоа им ја олеснуваа болката. Испиени од уморот долго триеја раменици од кои ја истиснуваа болката што им ја врежуваше носилката. Без збор, само со стисок на дланка се збогував со едни, а со други и засекогаш.
Скришум бришев солзи кога по некој ден, по некоја недела, ретко по некој месец, многу од тие исти момчиња и девојки ги носев во истите болници и од нив дознавав кого веќе нема. Дали се жалеа? Дали се превит-куваа од болка? Дали молеа? Во нивните осакатени тела имаше се. Ме болеше кога молеа пополека да возам, да внимавам да не потскокнува камионот на нерамниот пат, да им подадам вода... Дали ми беше тешко? Најтешко ми беше кога при растоварот во болничкиот двор во камионот наоѓаш неподвижен. Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи. Наместо на носилка и право во болнички кревет, останува настрана покриен со ќебе и чека да го однесат таму од каде никој не се враќа. Дали имавме време за одмор? Не знаевме што е тоа. Моторите не ги исклучувавме. Се додека траеше растоварувањето, резервоарите ги полневме со бензин и кога ќе слушневме дека е готово, свртувавме и право во магазините. Таму товаревме сандаци со муниција, ги преземавме оздравените и назад до Смрдеш или Брезница.
И додека траеше растоварувањето на сандаците и товарува-њето на ранетите, крадевме од времето за да дремнеме, да исправиме нозе и грб. И назад.
Патот го знаев како својата дланка. Со кого зборував додека возев? Со камионот. Ајде, стари, му велев, поаѓаме, одиме и чувај се да не излезеш од патот, да не се превртиш, да не ти се случи да ти згасне душата. И кога се случуваше да застанеме за да се создаде колоната, тогаш го галев, му велев браво, стари, издржа и продолжи да издр-жуваш, немој да откажеш на нерамниот пат, фаќај ја криви-ната, лапни ја угорнината. А еднаш ми откажа. На самоти остриот свиок на угорнината пред Ќафасан. Голема е таа угорнина и кривината остра.. Беше зима и токму кога ја фаќав кривината, од горе се откина грамата снег и се истури врз камионот. Снема и небо и земја. Се под снег.
Бев првиот во колоната. Се пробив низ снегот и на сет глас повикав. Дојдоа другите шофери и со раце и нозе и лопати го исфрливме снегот и патот го отворивме се до горе каде завршува кривината, до превалот. И нова беља. Вклучувам, моторот загргори и онеме. Пак и пак и нејќе да запали.
Слегов и повикав да дојдат возачите. Туркаме. Се помрдна камионот, ама моторот молчи. И од тоа де напред, де назад, под гумите – лизгаво. Стакло калдрмата. Реков – долу ранетите. Ги слеговме и ги легнавме покрај патот. Во снегот. А ветерот – што да ти кажам – вие та цвили, од горе дофрлува снег и студот се посилен. Туркаме, туркаме и го дотуркавме камионот до горе, до превалот. И се вративме по ранетите. На ќебиња, во шинели ги пренесу-ваме до горе. Редум, еден по еден ги товараме, а ми нема двајца. Се враќаме, викаме. Молк. Со раце го исфрлуваме снегот. Тука се – реков. Ги најдовме – смрзнати. Камен...
Што можеш, така им било пишано... А моторот и тој мртов.
Туку за него имавме лек. Го соблеков шинелот, со штикот го исеков на парчиња, во купче ги ставив под моторот, ги полеав со бензин и ги запалив. Така загреаниот мотор најпосле проработи и тргнавме.
Од Ќафасан до Прењес патот води по остра удолница со многу кривини и цело време се вози со стегната сопирачка. Многупати моторите ни гаснеа на тие кривини и додека ги загревавме, ранетите ни мрзнеа и на сет глас ни пцуеја се живо и мртво и ни се закануваа дека ќе не убијат. Кога така викаа знаевме дека се живи, а кога некој не викаше, знаевме дека...
Што? Ме прашуваш за името? Не го бележи.
Немој. Нека остане незапишано така, како што останаа незапишани имињата на тие двајца кои ми замрзнаа во снегот на таа голема кривина пред превалот на Ќафасан...
Кога го изгубивме реонот на Вичо, илјадници цивилно население и наша војска пребегнаа во Албанија.
Сите камиони прво беа ставени на располагање на боречкиот состав. Ноќе го товарувавме оружјето и преку Корча во темни зори стигнувавме во близина на албанско-грчката граница и на приодите кон на Грамос, го растоварувавме.
Борците стигнаа ноќе и во од го земаа оружјето и право во борба. А таму, не знам колку илјади владина вој-ска ги чекаше. И почна бојот на 27 август. Тие биеја пред се со авиони и со топови, а нашите со пушки, автомати и пушкомитралези. Тешкото оружје остана на Вичо и падна во рацете на противникот. Тоа не беше борба, ами колеж.
Нашите влегоа во бој на отворен простор. Ниту ровови, ниту бункери. А ние, шоферите, откако го пренесовме таму оружјето, добивме наредба да се вратиме во Корча каде не поделија во две групи. Едната ги собираше пребегнатите од Корештата кои со се што успеале да понесат од дома гореа под жешкото сонце во Врбник и на приодите кон Билишта. Другата група ги прифаќаше пребегнатите од Преспа кои по краток престој во Звезда и Појани, ги спотераа пеш да одат во Поградец. И луѓе и секаква жива стока - овци, кози, волови, крави, телиња, запрежни коли.
Се, освен луѓето со торбите и вреќите во кои го носеа најпотребното, остана да скита по албанските села, нивите и ливадите. Кој ги прибра? Никој стоката не ја тераше кон Поградец. Само луѓето одеа по правливиот пат во долга недогледна редица. А таму, пред Поградец беше поставена колоната камиони. Долго траеше влегувањето во камио- ните. Старци и старички, жени со доенчиња во раце, болни.
Тргна колоната и на излез од Поградец, стоп. Две жени на раце однесоа до езерскиот брег. Предводникот провери во што беше работата и, пцуејќи, нареди колоната да тргне.
Вечерта луѓето ги растоваривме надвор од Елбасан и без одмор се вративме назад за да ги земеме и другите и да ги пренесеме на истото место како и претходните.
Во мојата кабина седнаа еднаа една од жените кои се породија и цело време бебенцето плачеше. Тоа ми беше едно од најтешките возења. Навикнат бев на машки стенкања, ама не и на бебешко плачење. Плачеше и леунката, а јас ниту знаев, ниту можев да помогнам. Во Прењес застанав и таму двете леунки ги оставивме во управата.
Надвор од Елбасан луѓето ги оставивме под голо небо и се вративме во Корча. Тука чекавме наредби и дознавме дека од Грамос нашите се повлекуваа, по наредба на албанските офицери оружјето го фрлаа во купови и се прибираа под сенките на боровите. Беше 30 август. Долж границата летаа авиони, се слушаа експлозии на бомби и топовски гранати. Знаев што се случи и никого не пра- шував. Во камионот ми товарија триесет тешко ранети и право во Корча и веднаш се вратив назад. Патиштата беа полни со наши. Немаше песна, немаше пароли како пора- но. Имаше само луѓе со наведнати глави, со валкани и крвјосани завои, гладни и жедни кои се повлекуваа во албанската земја. И ранети и здрави, а ми се чинеше дека сите беа болни во душите...
Челниот камион застануваше и чекаше да стигнат и другите камиони и да се формира колоната. Камион зад камион, на сосема мало растојание и со зголемена брзина се обидувавме да го прегазиме патот, но најчесто не ни успеваше.
На последниот свиок, пред Прењес, намалувавме брзина, бидејќи од бараките се истураше река од жени и мажи. Друмот беше преполн со луѓе и од силните викања не можевме ништо да разбереме, ама добро знаевме што се криеше зад викотниците, молењата и плачот.
По некој ден и нив ги собравме и ги растоваривме во ливадите надвор од Елбасан. Тука, под голо небо останаа цел месец и малку повеќе... Потоа дојде наредба од сите болници во Корча, Елбасан, Тирана и тие од Сукт чии рани се уште беа отворени, со камиони да ги пренесеме во пристаништето во Драч.
Ние шоферите први дознав-ме дека војската и цивилите ќе бидат преселени од Албанија. И така со нашите камиони во пристаништето во Драч прво ги прене- совме ранетите.
- Штосе случи со нив?
Одговор побарав во книгата “Грчката болница на островот Волин”, чиј автор е организаторот и главниот хирург на специјалната воена болница под шифра “250”, тогаш мајор, а подоцна бригаден генерал, д-р Мјечислав Барчиковски. Во тој вреден запис и достојно сведоштво читам:
“Како што се гледа од раскажувањето на генера-лот Лешек Кшемјењ, тогашен заменик командант на шлес-киот воен округ за политичко - воспитни прашања, во почетокот на летото 1949 година го викнал кај себе првиот секретар на ЦК на ПОРП, Болеслав Бјерут. Тргнувајќи од комплицираната меѓународна ситуација, тој укажал на тешката положба на грчкото партизанство. Особено бил трогнат од судбината на ранетите и на болните, а особено на децата, жените и на старците. Бил потресен од перспек-тивата за нивно унишптување како резултат на поразот на Демократската армија на Грција. Болеслав Бјерут силно го подвлекол значењето на пролеријатскиот интернацуиона-лизам како основен идеен принцип на комунизмот и истакнал дека, како што нам ни помагаа во борбата другарите од други земји, така сега ние треба да дадеме хуманитарна помош… Војската, која се одликува со најдобра организациска подготвеност, би можела да ја преземе грижата за евакуацијата, транспортот, лекувањето и рехабилитацијата. За прашањето на сместувањето и приспособувањето кон животот ќе се погрижат цивилните власти. Тој рекол дека лично е заинтересиран на тие несреќни луѓе да им се даде не само формална помош, туку и срце. Наредил генералот Кшемјењ, како член на военото раководство на територијата на идното сместување на грчките емигранти тековно да го информира, поднесувајќи му устни извештаи. Генералот Кшемјењ веднаш почнал да работи, но работел кратко. Го заменил генералот Вацлав Комар, главен организатор и реализатор на грчката акција во Полска.
Во последниот период од грчката граѓанска војна во Албанија беше испратена група лекари под раководство на др Бохдан Беднарски, подоцнежен министер за здравство. Тие им даваа на партизаните стручна лекарска помош. Од бреговите на Албанија отпловуваа бродови, на брзина допловуваа во близина на полското пристаниште Свиноујшче, на тие бродови работеа и полски лекари, кои во текот на патувањето извршуваа неопходни хируршки интервенции. Санитетските коли од Швиноујшче ги превезуваа грчките партизани во болницата “250” на островот Волин. Наредните бродови пристигнуваа во Гдањск. Ранетите ги превезуваа до Шчечин, од тука со автобуси до болницата. Во основа имаше четири транспорти: кон крајот на јули 1949 година , во половината на септември и во октомври, во ноември и во декември.
Подоцнежните веќе беа спорадични и малобројни”.
“Третиот транспорт од Албанија отплови на 13 јули 1949 година. Во бродот “Кошчушко” беа сместени 750 ранети. Ним им беше потребна што побрза специјали- стичка помош. На дното на бродот беа сместени луѓето со веќе заздравени рани, додека во кабините беа тие, на кои требаше да им се прават преврски. На секој од болните на вратот му беше обесено картонче со број. Бројот требаше да го запаметат. Уште на пристаништето меѓу Грците кру-жеше веста дека ќе бидат товарени во полски брод, значи најверојатно ќе отпловат за Полска. Некои од ранетите уште порано се беа сретнале со полските лекари во Албанија. Многумина од нив паметеа додека во Сукт работеше полска лекарка, но не го знаеја презиме. Екипа-жот на “ Кошчушко” беше составен од околу 50 лица. На многу ранети по сеќавање им остана сестра Слава, прези-мето не и е познато. Таа постојано била со нив, специјално се грижела за жените. Нејзе и беа потчинети грчките болничарки и санитарци. На ранетите им беше забрането да излегуваат на палубата во текот на пловењето низ Гибралтар и за време на краткото задржување во Копен- хаген. При пловењето низ каналот Ламанш падна страшна магла. Долго вознемирено виеја сирените. (...) Пловењето траеше 12 дена. На 25 јули бродот се укотви во приста-ништето во Швиноујшче.
Очињец и Федина беа малку изненадени кога претходниот ден наутро ги повика полковникот Кавињски и им нареди да подготват неколку стотици ќебиња, пијалаци во канти за млеко и многу канчиња. Се товарија на товарни камиони и чекаа во готовност. Кон колоната исто така беа приклучени и сите санитетски коли со кои располагаше единицата. Колоната неподвижна чекаше неколку часови. Наредбата за тргнување ја немаше. Сите мислеа дека алармот бил даден прерано. Вечерта од кај зградата на командата се појави џип. Колоната тргна. На сите им олесна. Беа изморени од чекање. Колоната камиони ја помина стражата во Мјенѕивоџе.
Сега од Мјенѕиздроје беа упатувани во приста- ништето. По пат ги задржаа во шумата. Од густежот излезе некој си црн, постар офицер со големи мустаки. Тоа беше полковникот Станек. Видоа голем број луѓе во униформи и во цивилна облека, а во шумата беа скриени санитетски коли.
Во ноќта целата колона влезе во пристаништето.
Пред нив беше огромен брод. В зори почна акцијата. Беше студено и се уште владееше мракот, кога почна растова- рувањето. Тешко ранетите ги сместуваа во специјални кошници што беа пренесувани од бродот со помош на кранови. Малку мрзнеа за време на тоа кратко патување над бродот додека не ги поставуваа на копно. А таму веднаш се појавуваа некои луѓе во непознати униформи, грижливо ги покриваа со ќебиња, ги легнуваа на носилки и ги товареа во санитетските коли кои веднаш заминуваа.
Сите пациенти подоцна изјавуваа дека првиот впечаток бил многу пријатен. Грижливата нега со која беа опкружени ги охрабруваше по периодот на несигурност. Чувствуваа дека се нашле во добри раце. Лесно ранетите сами слегуваа на копното. На мостот стоеше војник и на секој му даваше ќебе. Потоа фатија места во камионите и во мало бројните автобуси, каде што им беа давани топли напитоци.
Неколку ранети со ампутирани нозе беа пренесени на раце во возилата што ги чекаа. Еден од нив плачеше. Не од болка, туку од возбуда што толку мајчински се однесуваа кон него. Некои од нив, за да ја изразат својата благо-дарност и симпатија ги галеа орлите на капите на полските војници.
Чудните дојденци беа облечени полуцивилно, полувојнички, имаа капи слични на американските. Беа валкани, обраснати, запуштени и тажни. Ништо не збору- ваа. Оставаа впечаток на вчудовидени и несигурни. Со љубопитство ги гледаа војниците кои стоеја на брегот, некои ги допираа нивните воени ознаки. Тешко ранетите само провизорно беа преврзани со валкани, окрвавени завои и крпи. Под нив се гледаа загноените рани. Изгледа дека на бродот немало средства за преврски, а рацете на тие кои вршеа преврски не биле баш учени. Некои нозе и раце беа ужасно деформирани. Не сакајќи тоа сами по себе да го искажат, војниците крадешкум погледнуваа и само со гестови даваа на знаење дека им сочувствуваат на дојден- ците. По завршувањето на целата операција камионите на брзина го напуштија Швиноујшче. Празното Мјенѕиздроје го поминаа без да ги забележат луѓето кои беа тука на одмор.
Првиот транспорт беше големо доживување за персоналот на болницата. Одамна се подготвувавме за ова.
Имав трема пред се поради одговорноста што лежеше врз мене. Дали се ќе оди точно, дали во текот на ноќта и во наредниот ден ќе успееме да ги примиме сите ранети и болни. Тоа беа прашањата што не мачеа. Одевме од ќош до ќош, проверувајќи дали уште нешто треба да се направи , дали нешто треба да се подготви, да се поправи.
Исчекувањето предолго се влечеше, веќе почна да нервира.
Со леснотија здивнавме кога видовме дека стигнаа првите санитетски коли и застанаа пред салата за приредби, сега преадаптирана во сала за сегрегација. Сите живнаа, го снема немирот. Сакавме да им дадеме не само стручна помош, туку да им покажеме и срце. Тие тоа многу го бараа од нас.
Се гледаше дека, општо земено, тие прости луѓе преживеаја ужас. Стигнаа изморени, ослабени и болни-чави, најчесто истоштени од долготрајните страдања. Лошо сраснатите нозе и раце предизвикуваа болка при секое движење. Многумина имаа висока температура. Некои од тешко болните дури и неа беа во состојба да се радуваат од пристигнувањето до целта. Но, општо земено, се трудеа тоа да не го изразат. И само малобројни беа тие кои покажуваа недоверба. “ Не ме допирај, не знам кој си“ – чувствувавме дека таква е смислата на несекогаш пријателските мрмо-рења на некои од ранетите. Некои не сакаа да го предадат оружјето, иако им беше објаснувано дека ќе биде дадено на чување. Беа приврзани кон оние свои пиштоли и парти- зански пушки со пресечени цевки. Само некои одбиваа да јадат. Најголемиот број подаваа раце за да добијат од сендвичите, кои во пунктот за исхрана ги имаше цели купови. Со движење покажуваа на лебот и гестикулирајќи прашуваа дали уште може да добијат. Подоцна велеа дека не можеле да се изначудат што има толку многу тазе леб.
Во партизани честопати го сонувале, а тука го има без ограничување. “ Сакаш уште? Има многу!” – сестрите се радуваа поради тоа што можеа да ги подмират нивните желби . И тие тоа го запаметија за цел живот.
Лежеа на кревети поставени во редици од двете страни од огромната сала. Со чудење ги гледаа легените за миење, садовите со вода, купиштата пижами, наметки и влечки, канти со млеко и со напитоци. Некои не се воздржуваа да земат повеќе јадење, за под перница, зашто кој знае, можеби ќе снема, како што се случувало во партизани. Но од тоа што се случуваше околу нив можеа да проценат дека земјата е побогата од земјите во кои престојувале порано. А многумина од нив ги виделе не само Албанија, Бугарија и Југославија. Многумина ги чудеше поголемата организираност, за разлика од другите земји. Ранетите брзо беа регистрирани, им ги соблекуваа оделата и нечистата облека. Провизорно ги миеја, бричеа, ги фрлаа валканите завои и крпи заедно со веќе непотреб-ните партали, кои ги палеа пред салата. Тие кои требаше да бидат преврзани ги ставаа на масите за преврска. Во чистиот дел на салата болните ги облекуваа во сосема нови пижами, ги ставаа на носилки и што е можно побрзо со санитарни коли ги префрлуваа во одделенијата. Тие кои можеа да одат, на рака ги добиваа броевите на блоковите.
Беа праќани во соодветни групи кои потоа беа пренесувани во соодветни простории. Единствено тешко ранетите и болните, откако го надминуваа шокот, извесно време остануваа во креветите за да ги ослободат о потресот.
Облеката што беше употреблива се праќаше на дезинфекција и дезитерација во соодветни комори.
(....)
Слично беа прифаќани и другите транспорти. Но не може да се споредат со првиот. Бројно беа значително помали, поголем беше меѓутоа, персоналот на болницата.
Имавме веќе поголемо искуство, исто така се поправи снабдувањето со неопходните медицински средства.
Првиот транспорт болни, во Џивнув стигна во септември. Најпрвин кај нас донесоа 29 цивили со ампу- тирани раце и нозе, а подоцна на 8 октомври повеќе од 150 партизани, заедно со околу 2,5 илјадниот транспорт што стигна во Швиноујшче со бродот “ Кошчушко”. Бродот од Албанија отплови ноќе, на 27 спрема 28 септември 1949 година и по единаесет дена стигна во Полска. Како што кажуваа, на бродот, покрај грчкиот екипаж, имало тројца Грци преведувачи.
Третиот транспорт стигна во Гдањск на 26 октомври, најверојатно со романскиот брод “ Трансилва-нија” ( некои тврдат дека го носел името “ Каролина”).
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/na-pat-so-vremeto/15 on October 29, 2026