Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Macedonians and the Greek Civil War

1 2 3 4 ОКРУГ ДРАМСКИ

By Наум Пејов · Part 17 of 19 · About 22 minutes

Read in English

1 2 3 4 ОКРУГ ДРАМСКИ

1. Избишта Agriokerasija 160 žiteli ОКРУГ СЕРСКИ

2. Горно Метох Ano Metohion 152

3. Турпеш Makriotisa 130

4. Трнка Damaskinon 55

5. Рајковци Kaknotropos 146

6. Рупел Klidion 304

7. Лехово Karasohorion 545

8. Dragotin Promahon 1.382

9. Елешница Feapetra 325

10. Липош Филира 400 ОКРУГ КУКУШКИ

11. Голема Ливада Megala Livadia 1.493 ОКРУГ ВОДЕНСКИ

12. Горно Родиво Ano Korifi 326

13. Горно Пожар Ano Lutrakion 185

14. Сборско Pevkoton 292

15. Корнишор Kromni 448

16. Тушин Ajtohorion 1.015

17. Лугонци Langadija 540 ОКРУГ ЛЕРЕНСКИ

18. Герман Agios Germanos 2.170

19. Граждано Vronderon 507

20. Д. Дробитишта Daseri 75

21. Рудари Kalipera 379

22. Ооровник Karpi 169

23. Дреново Kranje 150

24. Смрдеш Kristalopigi 624

25. Медово Mileon 209

26. В’мбел Moshohorion 483

27. Буковиќ Oksija 147

28. Пападија Papadija 149

29. Прекопана Perikopi 545

30. Орово Piksos 489

31. Винени Pili 207

32. Сетина Skopos 1.131

33. Трново Angatoton 84

34. Бесвина Svika 294 ОКРУГ КОСТУРСКИ

35. Лабаница Agios Dimitrios 217

36. Чука Arhangelos 201

37. Јановени Gjanohorion 467

38. Д’мбени Dendrohorion 794

39. Косинец Gieropigi 507

40. Марчишта Kato Perivolion 43

41. Долно Папраско Kato Pterja 191

42. Новоселани Korfula 151

43. Омотско Livadotopian 211

44. Пилкати Monopilon 297

45. Бапчор Pimenikon 859

46. Крчишта Polianemon 270 Само неколку села и тоа со мал брпј жители, од тие што се водат како ненаселени во пописот од 1951 година, подоцна се обновени од некии жители кои се вратија од затворите или беа евакуирани за време на Граѓанската војна.

Според истиот попис во повеќето македонски села и населби бројот на македонското население мошне опадна. (во прилог види го списот на селата). (9) Карактеристично е да се одбележи дека, следејќи го статистичкото движење на населението на селата населени со Македонци и селата население со Грци и доселеници од Мала Азија, може да се констатира дека за истиот период и во исти реони, селата населени со Грци и доселеници од Мала Азија не само не бележат опаѓање на населението, туку обратно: се зголемува бројот на населението во 1951 година во однос на пописот од

1940 година.

Кога се земе предвид сето изнесено може основано да се тврди дека врз Македонците во Грција се вршел и се врши злочинот – геноцид.

Целите за кои македонскиот народ ги поднесе и овие жртви не се остварија. Вооружената борба за победа на демократијата и едно поправедно општество во Грција беше изгубена. Правото, меѓутоа на живот во својата земја, на демократија и национална слобода на Македонците си останува. Од тие свои права македонскиот народ нема никогаш да се откаже.

ПРИЛОЗИ - ПРЕГЛЕД На селата од Егејска Македонија кои покажуваат намалување на населението во пописот од 1951 година во однос на пописот од 1940 година Ред. Име на селото Име на селото Жителите според број на македонски на грчки официјалните пописи 1928 г. 1940 г. 1951 г.

I ОКРУГ ДРАМСКИ

1. Лаинерџик Adrijani 1.741 2.065 1.837

2. Волак Volaksi 913 2.267 1.097

3. Граменица Grameni 391 701 678

4. Ѓуреџик Granitis 573 577 193

5. Горница Kali Vrisi 1.204 1.678 1.318

6. Егри Дере Kalitea 1.432 1.764 1.392

7. Зрново Kato Nevrokopion 2.268 3.290 2.702

8. Кобалица Kokinogia 1.341 1.786 1.335

9. Карликово Mikropolis 2.176 3.169 2.116

10. Дријаново Monostirakio 676 707 676

11. Цернешево Pagonerion 341 592 445

12. Плевна Petrusa 2.760 3.635 2.569

13. Просочани Prosocani 6.035 7.011 6.277 II ОКРУГ СЕРСКИ

1. Чучулигово Anagenisis 767 1.000 910

2. Горно Броди Ano Vrondo 887 1.118 348

3. Горно Фраштани Ano Orini 133 216 198

4. Горно Христос Ano Hristos 450 370 318

5. Гундели Vanvakusa 368 547 461

6. Даутли Eleon 317 479 297

7. Турица Trijas 435 558 441

8. Капли Ќој Hionohorion 248 413 272

9. Клепушна Agriani 716 881 777

10. Грачани Agiohorion 478 668 598

11. Алистратик Alistrati 3.786 4.124 3.267

12. Трстеница Kriopigi 182 228 210

13. Драчево Levkotea 311 361 340

14. Мандилево Mandilion 416 535 489

15. Ченгелево Angistron 1.240 1.915 441

16. Горно Порој Ano Poroja 2.173 2.506 2.143

17. Крушево Ahladohorion 1.459 3.045 1.961

18. Хаџи Бејлик Vironion 882 1.227 833

19. Долно Порој Kato Poroja 986 1.265 1.006

20. Ветрен Neon Petricion 2.611 4.903 3.978

21. Демир Хисар Sidirokastron 6.349 8.635 7.182

22. Старошево Stavrodromion 242 423 145

23. Чифлиџик Strimonohorion 738 918 758

24. Тодорово Teodorovon 165 369 273

25. Нигрита Nigrita 7.199 8.462 7.926 III ОКРУГ КУКУШКИ

1. Света Петка Agia Paraskevi 486 781 140

2. Лелово Agios Andonios 265 416 154

3. Мирово Elinikon 244 379 239

4. Равна Isoma 551 748 389

5. Аканџали Muris 342 641 491

6. Гуменџа Gumenica 4.433 4.927 4.528

7. Шљопинци Dogani 180 191 124

8. Сехово Idomeni 532 542 422

9. Црна Река Karpi 846 1.110 763

10. Баровица Kastaneri 680 945 632

11. Купа Kupa 445 622 300

12. Рамна Omalon 145 216 144

13. Педгас Pendalofon 266 319 294

14. Љумница Skra 647 886 446

15. Тушилово Statis 309 622 389 IV ОКРУГ СОЛУНСКИ

1. Пеизаново Azvestohorion 2.705 2.732 2.519

2. Зарово Nikopolis 499 674 *

(1944 година се раселува и 1951 година се населува со Грци од соседните села.)

3. Висока Osa 1.626 1.703 1.399

4. Сухо Sohos 3.694 4.082 3.861 V ОКРУГ ВОДЕНСКИ

1. Чеган Agios Atanasios 1.024 1.395 772

2. Горно и Долно- Ano ke katon Граматиково Gramatikon 788 1.423 540

3. Гугово Vrita 523 556 466

4. Жерви Zervi 304 457 260

5. Теово Karidea 525 708 509

6. Кронцелево Kerasea 474 579 338

7. Русилово Ksantogia 497 607 405

8. Волкојанево Liki 228 217 114

9. Месимер Mesimerion 691 1.145 706

10. Нисија Nision 497 607 533

11. Каменик Petrea 516 722 626

12. Луковец Sotira 384 431 290

13. Горно Чернешево Ano Garefion 485 513 485

14. Ошин Arhangelos 800 980 879

15. абришта Dorotea …630 …888 691

16. Страишта Ida …503 738 640

17. Долно Родиво Kato Korifi 501 599 65

18. Долно Пожар Kato Lutrakion 1.282 1.580 752

19. Струпино Likostomo 684 …984 355

20. Бизово Megaplatanos …503 623 312

21. Кардалово Milea 668 982 904

22. Тресино Orma 1.172 1.534 457

23. Бериславци Periklia 272 413 178

24. Баово Promahi 1.160 598 1.549

25. Саракиново Sarakini 760 868 318

26. Кожушани Filotia 476 716 561

27. Фуштани Fustani 1.160 1.311 776

28. Цакони Hrisa 772 724 402

29. Радомир Azvestarion 389 566 380

30. Асарбегово Droseron 636 779 531 VI ОКРУГ БЕРСКИ

1. Јанаково Janakohorion 229 461 418 VII ОКРУГ ЛЕРИНСКИ

1. Света Петка Agi Paraskevi 546 687 644

2. Патиле Agios Pandeleimon 1.501 1.747 1.498

3. Ајтос Aetos 941 1.189 1.056

4. Буф Akritas 1.760 1.989 766

5. Арменско Alonas 855 991 682

6. Желево Andartikon 1.136 1.345 1.040

7. Горно Котори Ano Idrusa 316 526 375

8. Сребрно Asprogia 647 813 652

9. Крапештина Atrapos …543 598 466

10. Ахил Agios Ahilios 113 100 33

11. Крушоради Ahlada 690 967 120

12. Мокрани Varihon 924 1.247 798

13. Брезница Vatohorion 605 770 232

14. Баница Vevi 1.995 2.450 2.062

15. Долно Котори Kato Idrusa 846 974 541

16. Горничево Kela 1.095 1.577 1.336

17. Турие Korifi 411 443 198

18. Руља Kotas 491 586 218

19. П’пли Levkon 518 422 196

20. Р’мби Lemos 547 738 466

21. Лесковец Leptokaris 294 378 327

22. Сакулево Marina …329 488 370

23. Воштарени Meliti 1.388 1.759 1.666

24. Асаново Mesohorion 639 866 787

25. Л’к Mikrolimni 360 316 96

26. Неокази Neohorakion 585 828 654

27. Битуша Pagorion 490 556 491

28. Љуботино Pedinon 308 367 264

29. Кучковени Perazma 645 878 783

30. Штрково Plati 253 268 58

31. Клабучишта Poliplatanon 742 969 932

32. Нерет Polipotamon 1.697 1.533 1.046

33. Трнаа Prasino 404 376 128

34. Кобасница Proti 683 802 743

35. Нивици Psarades 585 770 433

36. Зеленич Sklitron 1.347 1.342 1.153

37. Невољани Skopia 1.478 1.731 1.522

38. Лаген Triandafilea 492 468 210

39. Трсје Trivuno 611 629 99

40. Ошчима Trigono 421 482 56 VIII ОКРУГ КОСТУРСКИ

1. Радигожде Agia Ana 129 152 46

2. Чурилово Agios Nikolaos 140 154 75

3. Брештани Avgi 265 433 271

4. Горно Дреновени Ano Kranjona 278 230 107

5. Жупаништа Ano Lefki …471 507 155

6. Горно Статица Ano Melas 501 198 91

7. Мангила Ano Perivolion 104 123 80

8. Апоскеп Aposkepos 360 377 270

9. Бела Црква Asproklisjia 273 410 360

10. Шкрапари Aspromerion 47 114 57

11. Загоричани Vasilijas 735 1.247 720

12. Бобишта Verga 155 198 131

13. Вишени Visinea 642 684 472

14. Долени Zevgostasion …207 177 87

15. Калевишта Kali Vrisi …392 305 85

16.Добролишта Kalohorion 455 634 585

17. Орман Kato Levki 176 267 247

18. Сетома Kefalarion 371 563 311

19. Тиквени Kolokitu 220 282 204

20. Долно Дреновени Kato Kranjana 472 472 317

21. Дреничево Kranohorion 305 372 160

22. Семаси Kremaston 46 77 65

23. Лудово Kria Nera 82 124 41

24. Старичени Lakomata 290 434 201

25. Куманичево Litija 642 821 427

26. Черновишта Mavrokombos 328 332 199

27. Кономлати Makrohorion …802 946 438

28. Долна Статица Kato Melas 564 495 238

29. Четирок Mesopotamia 1.083 1.552 1.271

30. Кондоропи Metamorfsis 235 326 189

31. Слимишта Milica 303 406 390

32. Нестрам Nestorion 1.888 2.677 1.767

33. Блаца Oksia 218 277 122

34. Галишта Omorfoklisja 406 569 270

35. Желенгоже Pendavriso 597 888 645

36. Езерец Petropulakion ...235 ...310 .....54

37. Личишта Polikarpi …585 ...735 ...605

38. Изглибе Porija …205 …271 …188

39. Граче Ptelea …333 …462 …..83

40. Горно Папраско Ano Pterja …181 …312 …275

41. Шештево Siderohorion …628 …609 …315

42. Жужелце Spilea …240 …368 …140

43. Бомбоки Stavropotamos…220 …295 …125

44. Стенско Stena …148 …204 …..25

45. Тиолишта Tihion …697 …844 …801

46. Поздивишта Halara …676 …738 …450

47. Желин Hiliodendron …440 …621 …511

48. Цакони Cakoni …341 …448 …386

49. Осничани Kastanofiton …253 …349 …106

50. Церешница Polikerason …328 …397 …..87

51. Слимица Trilofo …343 …343 ……7

(Според необјавениот труд кој се наоѓа во Институтот за национална историја – Скопје “Миграционите движења во Егејска Македонија од Балканските до II Светска војна” – од соработникот на Институтот за национтна историја – Скопје Тодор Симовски.)

ПРОТОКОЛ НА ДОГОВОРО ОД СОВЕТУВАЊЕТО НА ПЛАКА За целосно и единствено водење на националната борба против окупаторите и нивните органи, како прилог за успехот на сојузничката борба, ослободувањето на Грција и осигурувањето на народните слободи, и на крајот за создавање полесни услови во напорите за обединување на востаничката војска на Грција, долу ополномоштените претставници во преговорите за грчкото единство одлучија:

1. Го примаат предлогот на ЕАМ-ЕЛАС за конечно запирање на непријателствата меѓу силите на ЕЛАС-ЕДЕС.

2. Единиците на ЕАМ-ЕЛАС и на ЕДЕС ќе ги задржат позициите кои сега ги држат.

3. Организациите на ЕАМ-ЕЛАС и на ЕДЕС се задолжуваат со сите свои сили да дејствуваат против окупаторите и нивните соработници или самостојно секој во својот реон, или заеднички по претходно спогодување.

4. За подобро спротивставување на окупаторот, командите на силите во Епир и на двете организации (ЕАМ и ЕДЕС) што поскоро ќе предложат заеднички план за акција офанзивна или одбранбена, определувајќи го и начинот на евентуалното маневрирање на единиците на секоја организација, со цел да се изврши притисок на непријателот во реонот на другата, кога тоа се налага од воени причини.

5. Ако единици на една организација се повлечат од одредени позиции, поради навлегување на Германците или нивните соработници, тие ќе се вратат на своите положаи после истерувањето или повлекувањето на истите.

6. Мешовита воена комисија од претставници на ЕЛАС, на ЕДЕС и на ЕККА ќе го надгледува придржувањето кон оваа спогодба и ќе ги решава евентуално искрснатите спорови.

Комисијата може да функционира со двата свои членови до пристигањето на претставникот на ЕККА.

7. Сојузничката воена мисија се моли да се погрижи Командата за Среден Исток да го обезбеди можното најголемо снабдување на силите во Грција на сите организации на база нивното учество во операциите против Германците и соодветно на вистинските потреби на војната.

8. Се изразува желбата настраданите како од навлегувањето на Германците, така и од судрувањето на Организациите да уживаат неодложна помош од сите организации. Специјално се моли Сојузничката команда веднаш притекне во нивна помош.

9. Со потпишувањето на ова се пуштат на слобода сите задржани како заробеници или заложници од обете страни поради политички разлики, и да им биде овозможено да заминат во местото кои сами ќе го изберат. Се исклучуваат оние кои се теретат со дела за национално предавство или тешки кривични дела, кои треба да се посочат на заинтересираната организација, да се судат од постојните воени судови на кои да учествува и претставник на заинтересираната организација. Се изразува желба делата за пресудување да се окончат што поскоро. Ослободувањето на заложниците и заробениците ќе стани најдоцна во рок од петнаесет дена.

10. Ова влегува во сила веднаш.

Некаде во Грција 29. II. 1944 година.Делегацијата на ЕАМ-ЕЛАС: Стеф. Сарафис, генерал, “на ЕДЕС: Ком. Пиромаглу, П. Николопулос (полковник) п.

“на ЕККА: г. Карталис Сојузничката воена Мисија: Крис п. Полковник Англичанец Делегација на САД: Ваинц. Мајор.

*) Од книгата: “Историски архив на националниот отпор” том А – април 1958 – март 1960 – Атина.

ЛИБАНСКИ ДОГОВОР Прва глава.

Реорганизација и послушност на грчките вооружени сили на Средниот Исток под знамето на грчката татковина. Сите се согласивме дека бунтот на Средниот Исток беше злочин против татковината. Сите се согласивме дека истрагата треба да продолжи и дека поттикнувачите на бунтот треба да бидат казнети според својата одговорност. Изговорот дека биле поттикнати од барањето на Владата на националното единство не може да ги ослободи од одговорност, зашто ако во време на војна разногласијата околу владата го озаконува бунтот, тогаш албанската епопеја немаше да постои.

Во кој дух треба да се изврши реорганизацијата; Се констатира едногласно дека не треба да се применуваат политички критериуми. Ќе се применуваат само национални и воени критериуми и само со нив ќе се врши реорганизацијата на вооружените сили.

Исто така се согласивме дека токму на денот на формирањето на Владата на националното единство до сите вооружени сили и на Средниот Исток и во поробена Грција ќе се испрати паролата дека воената дисциплина треба да биде без поговор и дека е невозможно политички погледи да постојат во војската, зашто војската не треба да размислува. Војската треба да ги извршува наредбите на владата.

Бтора Глава.

Обединување и послушност на заповедите на обедината влада од сите герилсик формации на слободна Грција, како и покренување сите борбени сили на нацијата против окупаторите.

Сметам дека и по овој проблем мислењата се подударат целосно. Затоа што сите сме прифаќале дека е невозможно во иднина герилскиот состав да биде постојана состојба и дека што поскоро треба да пристапиме кон создавање на наша национална армија која ќе биде ослободена од секакво влијание на партии и организации, ќе и припаѓа само на татковината и ќе ги слуша наредбите на Владата. Но, сите исто така прифаќаме, особено по писмото од Сојузничката команда за Среден Исток, кое потсетува дека ниедна промена не смее да води кон слабеење на отпорот, дека непосредната цел на отпорот треба да одговара на потребите на борбата. Едната страна се сложува дека герилскиот состав не може да биде постојана состојба, а другата страна исто така смета дека е неможно да биде тоа непосредна цел.

Трета глава.

Запирање на теророт во грчката провинција и зацврстувањето на личната безбедност и политичката слобода на народот, кога и како окупаторот ќе се повлекува.

Категоријата “терор” се потврди од едната страна, се оспори од другата. Не е неопходно да расчистуваме. Доволна е општата констатација дека во провинцијата ќе се обезбеди ред, личната слобода и политичката слобода. И во градовите исто така ќе се вложат напори за да се отстранат терористичките појави.

Министри на обединетата влада ќе се наоѓаат во слободна Грција кои ќе управуваат и со воените сили и со ослободеното грчко население.

Се констатира, на крајот, потполна согласност дека мисијата на владата е контактирање и раководење со грчкиот народ.

Никој од нас не сака да остане емигрант, сите сакаме да сме соборци и водачи на својот народ. Таму е нашето место.

Единствено прашање кое се постави беше времето. Сите се согласивме дека, кога ќе се оцени дека е создадена реална ситуација која ќе го овозможи нашето присуство во Грција, нема да се губи време веднаш да појдеме.

Беше грешка фактот што политичките фактори ја претпочитаа негацијата, наместо присуство – отсуство.

Духот на новата влада нема да биде негирање, туку потврда, не отсутност, ами присутност.

Четврта глава.

Постојана грижа за испраќање на доволно продукти и лекови во поробена Грција, исто така и планинската.

Петта глава.

Обезбедување, при претстојното заедно со сојузничките сили ослободување на татковината, на ред и слобода на грчкиот народ, така што тој, ослободен од материјален и психолошки натисок да може суверено да реши и за режимот и за општествениот систем и за влада која му одговара.

Прашање прво. Со оглед дека постои Влада на националното единство, обезбедување и на редот и на слободата на грчкиот народ, а време на ослободувањето на татковината заедно со сојузничките сили ќе биде нејина работа. И сигурно ќе биде во состојба да му ги загарантира тие големи добра на грчкиот народ.

Прашање второ. Се постави потоа прашањето кога народот ќе треба да одлучи за режимот и владата.

Сите сме согласни дека треба да одлучи во најкусо можно време, но и на најчист начин и во услови на потполна слобода.

Изјаснувањето на народот во Грција се наложува, затоа што уште немаме влада почитувана од народот, ниту дефинитивен режим.

Прашање трето. По прашањето на врховниот владар сиот политички свет на нашата земја има свое мислење, кое, се разбира, го задржува и покрај тоа што е во Владата на националното единство. Следователно изјаснувањето е една од целите на националната влада.

Но сакам да додадам дека додека придавам големо значење на постојната изјава, давам мало на новата која се бара.

Шеста глава.

Наложување сурови казни против предавниците на татковината и против експлоататорите на страдањата на нашиот народ.

Согласни сме и по ова прашање. Оваа шеста глава, меѓутоа, води кон испитување на друга тема, бидејќи е глава “по ослободувањето” и се поставува прашање дали е можно во врска со ова изјаснување на националната влада.

Овој факт уверува колку е неопходно да не се изјаснува, зашто владата на националното единство ќе трае само до ослободувањето. Бидејќи во таков случај, не ќе може да ги исполни веќавањата за редот и слободата во периодот на критичниот премин од окупацијата кон ослободувањето, кое со толку жар го очекува грчкиот народ.

Има, се разбира, и други гледишта кои треба да бидат земени предвид. Затоа сметаме дека најдобро би било времето на траењето да и го довериме на националната совест и политичка оцена на новата влада.

Седма глава.

Грижа за брзото задоволување на материјалните потреби на грчкиот народ по ослободувањето. Се истакна дека да работиме на изготвување на план за повоената економска обнова.

Потполна согласност. Се истакна дека треба да се покренат сите морални сили за запознавање на сојузниците, со цел да обезбедиме приоритет во обновата. Потполна согласност. Се истакна дека средствата за обнова ќе треба да се бараат како помош, а не како заем.

Грција со епопејата во Албанија или го обезбеди успехот на војната или ја скуси најмалку за една година. Ако за таа услуга се бара противредност од сојузниците, нивните трошоци само за еден дел од обновата на урнатините ќе беа многу големи.

Се истакна дека обновата треба да се бара во поволниот третман на нашите драгоцени производи. Се истакна, понатаму, дека економската обнова на нацијата треба да се врши со слободно одење на Грците не во далечни земји, каде веќе втората генерација ги губи чувствата, туку во соседните страни кои со векови им се познати и каде присуството ги претвора во резервоари на нацијата, од кои се црпат силите на државата.

Потполна согласност.

Осма глава.

Полно задоволување на националните права. Големите заслуги и големите жртви, пожртвуваноста на нашата татковина не можат да имаат друго признавање освен создавање една нова слободна и голема Грција.

Сметам дека вториот дел на оваа глава го разјаснува првиот. Ќе биде следователно возможно да се смета од сите нас како конкретно формулирање на нашите национални барања.

Целосното национално воспоставување и целосна безбедност на нашите нови граници претставува сегрчко барање.

Господа претставници, Имам впечаток дека дојде до целосно совпаѓање на гледиштата по националниот проблем во врска со претстојното формирање на Влада на националното единство.

Ако е така предлагам текстот на националната програма како што е образложен, да се смета како национална конвенција и да се потпише од сите претставници.

20 мај 1944

(Следат потписите на 25 претставници)

*Од книгата: “Хроника на борбата. На оружје. Историја на националниот отпор”, стр. 195-200 од издавачката куќа Ѓанакос.

(Овој договор го прочитал Г. Папандреу, како претседател на владата и тумачењето што го давал на секој член чинел составен дел на договорот – Забелешка на Н.П.)

ДОГОВОРОТ ВО КАЗЕРТА Записник за одлуките донесени на состанокот што се одржа во АФХГ на 26 септември 1944 година.

На состанокот, на кој претседаваше командантот на сојузничка Главна команда на средоземниот фронт АФХГ, на кој присуствуваа грчкиот претседател на владата со други членови на грчката влада, како и водачите на грчките герилци генералите Сарафис и Зервас, долните одлуки се внесени во записникот како прифатени од сите.

1. Сите герилски групи кои дејствуваат во Грција се ставаат под наредбите на грчката влада на националното единство.

2. Грчката влада овие сили ги поставува под командата на генералот Скоби, кој е поставен од Сојузничкиот врховен командант како генерал кој ќе ги командува силите во Грција.

3. Согласно со прокламацијата издадена од страна на грчката влада, водачите на грчките герилци ќе го забранат секој обид на единиците под нивна команда да ја преземат власта во нивните раце. Таквиот акт ќе се смета како злочин и соответно ќе се казни.

4. Што се однесува до Атина, нема да се преземе никаква акција освен под директните наредби на генералот Скоби, генералот кој ги командува силите во Грција.

5. Баталјоните за безбедност се сметаат како органи на непријателот. Ќе се сметаат како непријателски формации, освен ако се предадат согласно издадените заповеди од страна на генералот кој ги командува силите во Грција.

6. Сите грчки герилски сили, со цел да им се стави крај на несогласиците од минатото, изјавуваат дека ќе создадат национално единство со цел да ја координираат нивната активност во поголем интерес на заедничката борба.

7. По предавањето од страна на Врховниот сојузнички командант овластување и во согласност со грчката влада, генералот Скоби ги издаде приложените заповеди за операциите.

Куси заповеди за операциите издадени од страна на генералот што ги командува силите во Грција:

1. Генералот кој што ги командува силите во Грција изјавува дека негова цел е обновување на земјата за да може да ја преземе грчката влада, а во исто време на народот ќе му биле доделувана материјална помош за згрижување.

2. Што се однесуваат до силите кои дејствуваат во Грција, нивната воена организација ќе биде следната:

а) генералот Зервас ќе продолжи да дејствува во рамките на територијата одредена со договорот во Плака и ќе соработува со генералот Сарафис за да се попречи германското повлекување во областа што се наоѓа меѓу северните граници од договорот во Плака и Албанија.

б) Генералот Сарафис ќе продолжи да дејствува во останатиот дел на Грција, со исклучок:

I. областа на Атина. Сите војски во оваа област ќе ги командува генералот Спиљотопулос, кој ќе дејствува во тесна соработка со членовите на владата во Атина и потпомогнат од еден офицер за врска, кој ќе биде поставен од страна на генералот Сарафис.

Тој ќе се наоѓа под заповедите на силата 140.

II. Во Пелопонез. Војските во оваа област ќе ги командува еден офицер предложен од страна на генерал Сарафис со одобрение од грчката влада и ќе биде потпомогнат од страна на англиска мисија за врска. Ќе се наоѓа под заповедите на силата 140.

III. Подоцна Тракија, (опфаќајќи го и градот Солун) ќе биде ставена под командата на еден офицер предложен од страна на грчката влада.

3. Цели:

а) Сите команданти ќе го попречуваат германското повлекување и ќе ги неутрализираат германските гарнизони.

б) Во текот на ослободувањето на територијата, командите ќе му бидат лично одговорни на командантот на силата 140 за:

I. Одржување на законот и редот на териториите на кои дејствуваат нивните сили.

II. Избегнување на граѓанска војна и убивање на Грци од страна на Грци.

III. За избегнување на какви и да е казни и неоправдани апсења.

IV. За нивната помош во воспоставување на законитата политичка власт и доделување на помош.

4. Карта на која се обележани границите на операциите им е предадена на сите команданти”.

“Коминике.

Состанокот неодамна во АФХГ под претседателство на врховниот сојузнички командант, на кој присуствуваа генерал Скоби, командант на силите во Грција, грчкиот премиер Папандреу со други членови на грчката влада и двајцата команданти на герилците генералите Сарафис и Зервас.

Двајцата генерали, команданти на силите на грчките герилци изјавија дека ги прифаќаат апсолутно заповедите на грчката влада и на врховниот соузнички командант, под чии заповеди грчката влада ги постави сите Грчки сили кои дејствуваат во Грција.

Донесени се одлуки, со кои се согласија сите, за координација на борбата и колку е возможно што побрзо ослободување на Грција”.

(Стр. 205-208 од книгата “Хроника на борбата. На оружје. На оружје. Историја на Националниот отпор” том III – издание на издавачката куќа Ѓанакос).

(Договорот во Казерта го потпишаа: генерал Вилсон – командант на Сојузничката команда за Среден Исток, Г.

Папандреу – претседател на грчката влада, генерал С. Сарафис

– претставник на ЕЛАС и генерал Н. Зервас – претставник на ЕДЕС – Забелешка од Н.П.)