Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Noose

Глава 7. - Сенка на пеколот Игра и смрт во ноќите на градот Коница

By Стојан Кочов · Part 7 of 27 · About 17 minutes

Read in English

Глава 7. - Сенка на пеколот Игра и смрт во ноќите на градот Коница

1.

Од недоапица, влеговме во црквата. Таа беше градена од кршен и делкан камен-варовник со користење на керамички материјал.

Гледаме, светецот е втиснат во каменот студент и оддава духовна светлина. Го допираме со прсти, се шири некаква светлина, некаков зрак прелетува над нас. Тоа трае миг, но е доволно за да се почувствува леснина во душата, радост и задоволство.

Црквата беше преполна војници и сите ракоплескаа, а музиката трештеше.

Рацете на Рула трепереа. Гласот и беше слаб и тажен. Таа ја извиваше снагата, но униформата и револверот на десниот колк ја правеа груба и и ја скриваа витата снага. Тогаш ја видов Рула како игра вулгарно. Потскокнувањето со грубите цокули по поплочениот под оддава звук на разбеснет коњ или војник што страда од војничката болест – тифусар.

Голтна неколку пати од шишето коњак – “метакса”, ја отвори устата и испушти засипнат крик.

Рула извика:

-Нека ни е среќна Новата година! За победата! Ура! Пијте вино, кое не зближува. Виното е божји дар… Ако не на друг, барем во себе ќе ја повториш тажната животна приказна што те води до спасот или до пеколот. И протекоа капки вино од здебелените усни и рече: -Но смртта не е крај на се…

Телото на Рула почна да се грчи, правејќи движења како со рацете да се обидува да ги досегне разлабавените цокули. Потоа легна на грб. Можеше да и се види здебелениот јазик. На цел глас бараше помош.

Ја сожалив. Се сетив на нејзините зборови кога на еден припек се требевме од вошки и таа ми велеше:

“Се гордеам со своите гради. Стојат исправени и изгледаат одлично. Но многу сакам долги нозе. За жал, моите нозе се кратки и уште обуени во цокули, ги мразам. Ех мој побратиме, да бев малку повисока! Сакам да бидам пополничка. Мислам дека жените со облини се поубави…

И реков:

-Никој не може да биде совршен. Но ти си столб на женската убавина во оваа наша армија и во регионот на Грамос. Биди силна додека трае војната.

Ме загледа смирено и и дофрлив.

-Ама па ти ич не мислиш на револуцијата?

Се изнасмеа, до солзи. Солзи на исцрпеност и болка.

Некој рече: “Можеби во коњакот имаше отров?” Толпата се вознемири. Свежиот воздух одамна го нема. Наместо мирис на свеќи, чад и оган од барут. Се пали од сите страни. Наместо молитва и крстење, се игра сиртаки и зебекико, и погледи на војнички режим. Совеста на повеќето е темна. Темна е и политиката.

Телото на Рула се витка како во полуобрач. Очите ширум и се отворија. Беа сосем бели. Усните и се развлекоа над забите, чиниш посака да се насмевне, но таа чувствуваше мака, како да и гореше стомакот. Се загледа во светците и како да бараше прошка и последното што го помисли беше воздишка на олеснување.

Почувствува како ја обзема паника. Можеби не знаеше колку и е потребно за да се тргне од целата непријатност. Се плашеше, рацете и се тресеа и одвај рече:

-Дојдов заедно со вас да плачам, да се радувам, да патам, да страдам, да љубам… - рече Рула, чиниш посакуваше оправдание од сите нас. Усните и трепереа, па ја заврте главата настрана.

Еден свештеник засипнато изговори:

-Во Божјоот дом само богохулници влегуваат со оружје. Проклета да бидеш, девојко, и во животот да останеш без род. Не знам. Немам моќ да просудам. Што луѓе се овие?! Срам да ви е за ова ваше валкано танцување.

Рула посака да побара прошка.

-Леле, како сум можела, во овој христијански храм, толку бесрамно да хулам. Која би го направила тоа и зошто? – Се чувствуваше мошне бескорисна…

Се прекрсти свртена кон иконата свети Ѓорги и телото и се лизна на подот. Настана мртва тишина и во тој миг надвор со неколку рафали го означија настапот на Новата илјада деветстотини четириесет и осма година. Сите викавме: Нека ни е среќна! Да живее генерал Маркос! Да живее нашата нова престолнина на Демократската влада на Грција – градот Коница!

Само Леонидас не ракоплескаше. Се навадна за мене и ми вели:

-Ех мој побратиме, ја гледаш Рула. Вкусот кон убавото и мерата на човечноста не се купуваат со никакви пари… главата ми се замагли од ова чудно оро на животот наш…

Господи! Од каде ова неверство?! Создај го светот од почеток, а на умрените од вчера дај им само душа да го обноват светот. Ќе имаме повод за пријателска насмевка?

Тој редеше псалми пред големата икона на Богородица со Исус, го бараше преводниот пат за сите луѓе. Како е можно, се прашуваше, сега, во 20. век, луѓето се уште да се прогонуваат меѓу себе?

Посилните од своите домови да ги откорнуваат послабите, незаштитените, оние кои со силата на својот јазик веруваат во праведноста на својата идеологија. Па тоа е страшно безумие, мозокот му го мати на човека! Војните носат несреќа, болка, сиромаштија…

Боже мој, досега видов: вода, ормани, планини, полиња со снег, а во нив тешко оружје. Куќи во пламен, згаснати животи. Колона луѓе:

старци, жени, деца, како бегаат од своите домови… ама не сум видел такви богохулници.

Леонидас се сврте кон нас со строг поглед.

Тој рече:

-Во црква не се ракоплеска. Ноќва триумфираа грубоста, подлоста, силата, поганоста и беспоштедноста. Така било судено. Се помалку надеж за избавување. Покрај безмилосните убивања, се уриваат духовните светилишта. Се убива надежта. Се пласти омразата. Ноќеска гледавме обезумени луѓе и разлигавени од фалби и чукање в гради. Вера во кого? Во смртта? Во поништувањето?

Господ нека ни е на помош, а Рула само Господ може да ја спаси.

Леонидас, со чиста вера и љубов кон Бога, не можеше да ги поднесува неправдата и хулењето во овој божји храм, смело застана пред Аријанос и му вели:

-Не богохулете, другар Аријанос! Слуга сум на Христос, мојот Бог, и веќе не можам да го гледам таквото валкање. Идолите ваши не се богови, не се! Маркос не е бог и за него е понизно да се умира .

Господ да брани нови од новородените спасители на духот, месии, довчерашни анархисти. Која ќе биде вашата казна? Христос е единствениот Бог. Пред мене е Исус. Го гледам јас него, ме гледа тој мене. Ме гледа и молчи. Овој е Исус, богочовекот кој нема намери, туку има дух.

Зошто се фалите со злоба? Беззаконија вршите по цел ден.

Другар команданте, не ни треба такво животинско опстојување и однесување, туку духовно, човечко. Јазикот твој погубни работи измислува. Ти повеќе ја засака злобата отколку доброто, неправдата отколку правдата… Зар нема да се вразумите вие и оние што вршат беззаконие? Но еден ден и тие и вие ќе почувствувате страв и таму каде што страв нема. Господ на сите ќе им ги растури коските…

Аријанос го презре, се фати за пиштолот и ни вели:

-Продолжете, продолжете, - ни вели, а ние на сиот глас:

-Да живее генерал Маркос и партијата!

Извикуваше и тој, а потоа му се обрати на Леонидас.

-Твојот лош однос кон нашата светла иднина, кон целта на револуцијата, денес кај тебе кулминира и постои опасност да ги заразиш сите борци – и нареди да биде исфрлен надвор на снегот и на градите да му стават голема грутка мраз, да замрзне… Аријанос, со уште поголема лутина, рече:

-Проклетнику! Оди си! Ви наредувам никој со него да не проговори ни писмено ниту пак усно, никој да не му се приближи поблиску, оти тој посака да внесе раскол во нашите цврсти револуционерни редови, во нашата вера и нашите идеали.

Подготвени сме да го положиме и животот. Мора да замине овој расколник!

Леонидас се сврте кон Богородица и рече:

-Прости ми, Богородице, како ништо да не видов. Не се сеќавам. Како се да ми се избриша! Сега сакаат прав и пепел да ме сторат, се да изгорат. Зошто?

Аријанос се подзамисли и почна да не советува:

-Не дозволувајте да ве обесхрабрат таквите антикомунистички елементи во нашите неуспеси. Секој почеток е тежок.

Недисциплинираност, каприц и религиски сплетки од денес се забрануваат. Верувајте му на својот инстинкт дека победата е наша.

Уште полошо ќе се чувствуваме ако ја изгубиме битката. Тоа не е својство на борците за комунизам.

Секој од нас почувствува нагли промени на расположението и тоа не доведуваше до лудило. Таа ноќ Леонидас, не знаеше дали му годи осаменоста што го опкружуваше, не знаеше дали го боли самотијата или пак го ослободува. Се склопчи во една заветрина, со измешано привидение и тага во душата, но и радост поради тоа што е жив, клечеше во мракот и размислуваше свештеникот за единствената наша бескрајна судбина.

Во толпата од пред олтарот се огласија: “Попот не знае да пее и да игра сиртаки, ние ќе го научиме…” попот се огласи: “Господ е со нас, не плашете се. Чувајте го нашето богато православие. Духот ќе не одржи на оваа наша земја, а не идеологијата. Ние сме мирен народ.

Од памтивека сме овде. Тука ќе останеме, ова е наш град”.

По истерувањето на Леонидас, свештеникот чекореше достоинствено, со гордо крената глава.

Тој се поднаведна малку и, поради местото што го заземаше, не можеше да ја види убавата Рула па, разгневен од таквата дрскост, викна:

-Господи Боже, спаси ги разулавените партизани на атеистот генерал Маркос, кој сака сосила да седне на тронот . Попот, огорчен од сето тоа и разочаран од нашите човечки противбожни склоности, ја симна ќулавката и извика:

-О, какво проклетство! Какви луѓе сте вие? Во оваа црква и кристализиран колнежот на нашите предци низ поколенија, за одржување, за траење, како човечки суштества, како народ и како дух. Се наведна и ја зеде од подот паднатата икона на света Злата Мегленска, ние останавме без здив, а тој рече:

-За нас поимот икона е теолошка естетска и етичка категорија, тоа е метафора за вера, за убавина и за добрина. А сега овие портрети на вашиот вожд и генерал Маркос што ги наобесивте насекаде над светците, дали тие ликови во оваа црква, во овој град дошле за мир и спокој на човекољубието, не знам што ќе рече народот по овој вандализам. Ќе ја видат омразата и одмаздата. Разочарувањето.

А некои од толпата го туркаа, го удираа, брадата му ја кубеа.

Проклети! Во утринските часови умре од студот.

Немирот и бесот растеа во Рула, жлездите и лачеа плунка која и остануваше во устата зашто таа не успеваше да ја проголта. Таа изговараше нелогичности и сите се смеевме.

Таа велеше:

-Значи, јас свршеница. Вера! Жена што треба да ја краси доблеста на верата, на верноста; верна во љубовта, верна спрема Бога…

Ова е моја куќа, овде сум родена… Дојдов да си го видам домот свој! А вие кои сте? Кој ве викна вас? Што барате? Му се обраќаше на Аријанос. Тетеравејќи се пред него, му рече:

-Колку е часот?

-Еве, погледнете – и рече подналутено Аријанос . –О, зар и вие не го познавате времето? Како оние шумата? Сега дојде време да се разделиме! Сега се е готово!...

Спирос беше толку вџасен од глетката што му требаше време да реагира. Тој слуша како во нејзината уста се мешаат молитви и проколнувања, додека и редеше облоги на вжештените гради.

“Умре”, изусти во еден миг Спирос, по што крпата натопена во вода пласнува на подот обложен со плочки.

Спирос, ужален стана и долго стоеше над мртвото тело на љубената. Тажеше и не можеше да открие: зошто остана нељубен од Рула.

А таа многу ми велеше:

-Побратиме, ништо не сакам, освен што сакам да умрам во љубовна прегратка. Однеси ме дома.

Ја прашувам во чија дома?

Рула смеејќи се, кинејќи понекое цветогорје, ме погледнуваше крадешкум без да одговори, а оставаше болката на љубовта да и тече низ крвта како гроздов сок.

Кога излеговме на улица првпат ја почувствував силата на тишината и сите посакавме да зграбиме грутка снег, но во тој миг одекна силна експлозија на рачна бомба. Исчезнаа снегулките од прозорците, се слушаат крикови, лелеци, болка. Очите не ни гладаат ништо (сите сме слепи), усните не зборуваат, (сите сме неми), ушите не слушаат (сите сме глуви), само човечкото срце ги опишува страдањата. Плач од дете пробива низ сињакот, низ снегулките, низ пукотниците и на секого му гризе во умот и се прашува: дали е можно? Токму сега, само што влеговме во новата година.

Трагедијата на прекинатата љубов ја видовме кога го видовме детето како липа покрај својата мртва мајка, а вечерва е време на радост.

Одеднаш некое чувство на вина како ‘рѓа почна да ми ја нагризува последната надеж. Ме обзеде силен копнеж за дома. Срцето и мозокот ме тераат кон семејството. Сакам да уживам и да се радувам во семеен амбиент.

Се сетивв на зборовите од нашите мајки кога протестираа и не сакаа да не пратат во партизани. Тие викаа: “Вратете ни ги синовите, тие ни се потребни за жетвата! Не е дојден часот да отпловиме сите во смрт, затоа што земјата се уште не ни здосадила, се уште вкусно ни мириса печениот леб. Се уште ние вкусен плодот…” Уште мислата не ја имав завршено, слушам стенка Андонис, а чув како покрај него помина фучење од куршуми, а тој се жерави во снегот и гледа немо како некое говедо тибетско заразено од лудило, шал и лигавка. Уплашено го прашав:

-Те погоди?

-Не.

Се разнесе оној чуден вик на камбана. Доаѓаше заедно со силните експлозии од подземи и низ тесните улици.

Му реков:

-Смири се и дојди да се помолиш. Тука нема никој од политкомесарите.

Тој праша:

-Што стана со Леонидас? Уште колкумина останавме?

Му реков:

-Не знам. Тука е само Костас… Андонис молчеше, ми се пристори дека почнувам да гледам во мракот некаква сенка. Тој и понатаму коленичеше и се жеравеше во снегот.

Го прашав:

-Што станало?

-Не можам да не ти кажам. Нагазија на мина. Страшна беше експлозијата. Од Теохари и Стасе Римпапов не остана ништо.

Одеднаш ми текна дека вие би можеле да стрелате во мене ако ви се доближам лазејќи. Па вие не би знаеле дека сум јас. Кога се опрев, од еден прозорец ми упатија силен рафал, ама само полите од шинелот ми ги издупчија и поминав добро. Паднав во една нечистотија и се извалкав, бревтав и длабоков дишев свеж ваздух. Бев сосема сам.

Легнав на грб и долго лежев. Можеби помислија дека сум мртов.

Уште еднаш не се делам од вас.

Го слушам успокоен и утешен од неговата близост кон мене.

Му реков:

-Те спасил Господ Бог.

Тој ми рече:

-Ти си наивен.

-Зошто?

-Колку и да бегаме во оваа луда ноќ, ќе не втаса божјата одмазда.

Го прашав пак:

-Зошто?

-Затоа што им го нарушивме спокојот на овие луѓе во овој град, што сакаме да го претвориме во престолнина и на тронот да седнат генерал Маркос и сите итромани.

Му реков:

-Нека биде Бог со тебе.

-Зашто ме благословуваш само мене?

-Затоа што не знам во оваа ноќ дали сме ангели или ѓаволи. Што мислиш, од овие нашите што загинаа, некој ќе ги најде или никој: ни помен, ни спомен. А и никого нема да го интересира. Што мислиш, дали ќе го интересира генерал Маркос? Не, туку тој сака само да седне на тронот, а сега оддалеку преку двогледот не надгледува и чека да биде поканет од командирот наш, да му приреди свеченост…

Тој ме праша:

-Повторно ќе војуваме?

Му реков:

-Брате Андонис, верувам дека по прогласувањето на градот за главна престолнина на нашата војска и влада, генерал Маркос ако седни на тронот, светот нема да биде ист.

Андонис ми рече:

-Ако ние умираме за секој на кој ќе му текне да седне на трон, од нас нема да остане ниту еден… Тој, не беше сосема убеден, но не знаеше како да ми противречи. А ние и денес се прашувавме што требаше да значи златниот трон за генерал Маркос.

Во некои визби на тамошните домови наоѓаме и подземни тунели од куќа во куќа. Тие што ги правеле, сигурно ималет голема мака, зашто тие се тесни колку да мине човекава снага, но тоа покажува дека многу си го сакале градот. Кога слушнале за прогласувањето на партизанската влада на 23 декември и дека партизаните сакаат нивниот град да го прогласат за своја престолнина, тие работеле и правеле окопи и ден ноќ и решиле да се борат до смрт и нема лесно да ни го отстапат.

Кога внатре, во куќите, вистински се бегало од нас партизаните…

до половина оставена чоколада, детски одгризок… Расфрлени игранки, употребени пелени, полупразна чинија со качамак на масата, млеко… Вртиме, со саати, се лепиме до ѕид, се обѕрнуваме – обземени сме од некаква параноја за создавање на престолнина за нашето раководство што треба да го признае светот, а луѓето ги нема.

Глува доба, ближи зората. Ќе дочекаме ли бел ден? Исплашевост, морничавост… зрачи стравот, не придружува некакво очекување…

од колку да се устоличиме ние што останавме живи заедно со генерал Маркос. Тоа го сакаше најмногу и нашиот командант Аријанос. Тој дури си беше и нагизден со најновата воена униформа.

До мене, Каливас Костас – мојот другар, одвреме – навреме ми се исповеда, сака да го употреби оружјето за одмазда, сака да убие дури стотици луѓе. Во неговите гради е зима, мраз, очај, а во душата му завири мрак. Еден од нашите загинати војници, по експлозијата на подметнатата нагазна мина, Јован Котев, беше негов најблизок пријател.

-Во мојта вера пишува НЕ УБИВАЈ!!! – ми вели Костас, но тоа треба да важи за сите.

-Многумина зборуваат така, ама не е така, само ако мрднеш, ќе те убие, - вели Костас.

Отспротива се слушна глас на жена, и жената праша:

-Зошто пукаш?

Мажот и одговори:

Сакам да ги убијам, тие се дојдени да ни го заземат градот, нашиот дом, и да не поробат.

Андонис ми прошепоти:

-Слушаш?

-Да.

Андонис ми објаснува:

-Над противникот не треба да се користи насилство, туку тој треба да биде отстранет од својата грешка со трпение и сочувство… жената е поразбрана, не сака сила, туку си ги сака домот и децата.

Андонис беше толку вџасен од глетката што му требаше време да реагира. Тој продолжи:

-Во историјата секако нема да не има, ќе се сеќаваат на нас само оние со кои ќе бидеме на ѓубриштето… Сигурно за нас велат дека сме ситни души, маргиналци, кримиалци, убијци…

И друг женски глас праша:

-Зошто дошло злото на светот?

И трет глас, овој пат на маж, рече:

-Зашто Бог морал да не создаде, од добро и зло.

Стоиме притаени и молчиме, имаме преглед на целата улица и во еден миг здогледавме како нашите водат еден разоружен цивил и го удираат со клоци.

Аријанос, разгневен, го извади револверот и точно го нанишани во слепоочницата.

Заробениот извика:

-Те молам, ако имаш срце во градите, не убивај ме. Ох!

Во тој миг Костас рече:

-Јас го изгубив својот другар, а сега пред моите очи стои неговиот убиец. Јас сум несреќен, проклет човек, ако не му се одмаздам.

Аријанос го праша:

-Зошто пукаше во нашата демократска армија, бандите еден? Ти знаеш ли колку наши борци имаш убиено?!

-Јас не сум насилник ако ги бранам своите сограѓани. Не сум бандит ако се бранам, ако ги бранам својот дом, своите деца, својот немоќен стар татко и својата мајка, своите пријатели. Тоа не е насилство, иако ќе морам да се бранам на тој начин, да пукам и да убивам, како и вие. Вие, господа демократи, како би реагирале кога би биле во обратна ситуација? Погледна во сите нас и не праша: кој е тука насилникот?

Аријанос во тој миг го погоди точно во слепоочницата, а со грубата чизма го турлоса од патот.

Силни детонации, постојани, рафали, сега дури и топови пукаат, но на позициите надвор од градот. Мириса на барут, купишта гилзи, сите се плашиме од снајперистите. Тој излив на бес не исцрпува.

Живееме траурно, тегобно, грозоморно. Катаден. Деноноќно;

закопуваме, убиваме млади војници. Ја закопуваме надежда за иднината. Ние што сме уште живи, си ја оплакуваме судбината.

Пред нас, една голема замаглена линија извира на хоризонтот, како испарување од прав, крв и оган, чиниш натаму е жив песок и депресивна убиствена кал. Одвреме навреме на балконите, прозоците и тротоарите се појавуваа обезумени и занемени луѓе, ги читаа графитите: