СТАВОТ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ БЕШЕ ЈАСЕН, НО РУСКИОТ
* * * СТАВОТ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ БЕШЕ ЈАСЕН, НО РУСКИОТ
– СТАЛИНОВИОТ Е ЧУДЕН: ”НЕКА СЕ БУРИЧКА ВО КАПИТАЛИЗМОТ, НО НЕ ЗА ПОБЕДА” И ПОДДРШКА – САМО НА ЗБОРОВИ”. А ЈУГОСЛАВИЈА ИМАШЕ ДВОСТРАНА ПОЛИТИКА – ЈАВНА, СО КОЈА ГО ПОЧИТУВАШЕ ИНТЕГРИТЕТОТ НА ГРЦИЈА, И ТАЈНА – СО КОЈА ГИ ПОТТИКНУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВООРУЖЕНА БОРБА.
Големите сојузнички сили, во принцип, не биле против создавањето на македонска држава, но не се согласувале меѓу себе како да изгледа идната македонска држава. СССР ургирал за присоединување на македонските територии во составот на федерална Југославија, а САД и Велика Британија не сакале обединување на македонските територии, затоа што тоа не и било од корист на Грција. За да се спречи планот за обединување на македонските територии, главната дипломатска улога за иднината на македонската држава ја презела во свои раце Велика Британија.
Впрочем, дека таа им диригирала на САД каков да биде нивниот став во односот на Англија спрема Америка сигурно може да се види и во телеграмата што била упатена до американскиот државен департмент од Барнес, американски дипломат во Софија, на 26 јануари 1945 година, а со чија содржина била запознаената и бугарската влада: “Владата на Неговото величество не е на мнение да се одобри формирање на ексклузивна федерација меѓу Југославија и Бугарија. Но ние сме подготвени да се согласиме со федерација на сите балкански држави составена од сегашните сојузници и од нивните непријатели, а со можност за вклучување и на Турција во неа. Исто така, Неговото величество силно се спротивставува на создавањето на велика Македонија, во која би била вклучена и територијата под Грција, но ние сме подготвени да ја одобриме идната македонска држава во составот на Југославија...
Неговото величество става до знаење дека секое присоединување на територија од Бугарија кон југословенската федерална држава Македонија без согласност на ОН ќе се смета за акт за кој Неговото величество е на мислење дека бугарската влада нема право да го стори .
Оваа британска закана против обединување на македонските територии под Грција и Бугарија државниот департмент на Америка ја прифатил како совршен чин, иако САД биле со став дека желбата на локалното население треба да се почитува. Во телеграмата од 24 февруари 1945 година до британската амбасада во Вашингтон, американскиот департмент одговорил дека “САД се на позиција дека предвоените граници на Југославија, Бугарија и Грција во однос на македонската територија треба да се почитуваат како полноправни и каква било нивна ревизија единствено може да се изведе со почитување на желбата на населението и со меѓународна поддршка, во рамките на повоената мирољбива победа”.
Како што се гледа тука, САД во принцип биле за почитување на желбата на локалното население, но сепак попуштиле под притисокот на британската влада и го прегазиле принципот на сопствениот политички дух да се почитува желбата на народот, па и дозволуваат на Британија да ја скрои политиката на Балканот по своја мера.
”Американската влада се согласува”, стои во истата телеграма, ”со погледот на британската влада дека не постои легитимна база за поддршка на Македонија, било да е тоа за независна и самостојна држава, како дел од Југославија или пак дел од големиот словенски сојуз, да и се даде територијата под Грција со објаснување дека таа територија е македонска”.
На обој начин Велика Британија успеала да ја придобие Америка за да го заштити своето милениче Грција. Овој британски притисок врз сојузниците, како и врз Југославија и Бугарија, силно го растресол југословенско-бугарскиот план за обединета Македонија во федерална Југославија. Како заклучок, британското политичко влијание врз иднината на Македонија и на македонското население под Грција, за жал, успева да ја легитимира поделбата на Македонија.
А каков беше ставот на англискиот амбасадор во Атина:
Господин П.А. Липер уште во ноември 1944 година беше на идеја за раселување на 120.000 словенски – Македонци северно од грчката граница. Тоа му го предлагал на министерот за надворешни работи на Велика Британија Антони Идн во писмото од 24 ноември 1944 година со цел ”Грција да нема никакво словенско малцинство и поради тоа што ампутирањето на словенската територија кон западна Македонија и нејзиното анектирање во словенската федерација е практично невозможно и би било истовремено економска катастрофа за Грција”: ФО 371/43649 ХП 00201 Р. 20431/1009/67.
3. Историските факти исто така кажуваат дека во 1945 година и по завршувањето на Втората светска војна дури 35.000 етнички Албанци
– Чамите, со муслиманска вероисповед, кои се ставија под команда на Италија, биле истерани од денешна Грција поради соработка со окупаторските германски власти. Грција се изјасни дека тоа поглавје од нејзината историја и во албанско-грчките односи е затворено со оправдување: ”Тие соработуваа со италијанско-германските окупатори во текот на Втората светска војна и, бидејќи се воени злосторници, беа казнети според грчките закони”.
12 Големиот револуционер Георги Димитров раководеше со Коминтерната и со Бугарија. Георги Димитров, чие име го има во сите светски енциклопедии, потекнува од македонско семејство.
Беше раководител на Комунистичката интернационала во Москва, а во повоените година стана прв човек на бугарската држава.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/jamka/21 on October 29, 2026