Глава 8. - Дванаесеттиот ден (4. 01. 1948), во борба за тронот на генерал Марк
Глава 8. - Дванаесеттиот ден (4. 01. 1948), во борба за тронот на генерал Маркос
1.
Утрината на дванаесеттиот ден, разбуден од силните експлозии што се случуваа во другиот дел на градот, токму во зората на 4 јануари седев врз греди, што мирисаа на штотуку пресечен бор. Го немаше нашето црвено знаме, што го имавме истакнато на главниот плоштад уште во првите денови, сега беше истакната голема ЈАМКА, ама навистина голема беше и застрашувачки изгледаше. Беше направена од дебела ортома и се нишаше од силниот ветар, а гледам по ридиштата се појавија илје и милје војници од владината војска и ги зазедоа височините околу градот Коница. Се распоредуваа да го нападнат градот. Не имаа обпколено, а низ сињакот летаат борбени авиони од типот “спитфаер”, чиниш корнат се и истураат рафали врз нашите позиции. Млазниот авион полека се смалуваше – се додека не изгледаше како да исчезнува во сончевиот круг – и оставаше само татнеж што стивнуваше и пак секавично се спушташе над нашите глави да истури рафали и смртоносни бомби.
Настана подолга тишина.
Во тој миг со своето обезбедување тукушто пристигна на првите позиции полковник Софијанос Илијадис. Загрижен, бидејќи не беше сигурен, тој побара се да провери лично сам, немаше доверба во другите и беше нервозен. Целта му беше да го отстрани најмалиот ризик во совладувањето на последните упоришта на владината војска.
По толку проверки, речиси беше невозможно да му се провлече и најмала грешка. Тој небаре по ова ја пренесе својата загриженост и ги олабави нашите иницијативи и дури не доведе во очај.
Тој рече:
-Јас сум војник и не ми е лесно да дозволам да ја пренесам својата несигурност на вас. Но морам да ви кажам дека ја изгубивме битката.
Тоа беше природно. Не беше лесно да се совлада и брани овој град само со еден полк составен од новомобилизирани селанчиња.
Денешниот ден ќе ни биде живот или смрт. Чувајте се. Денес нема лесно да ги избегнеме нивните одмазднички напади. Ако бевме реални во планираната стратегија, немаше да дозволиме да не понесат нечии големи ветувања.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/jamka/9 on October 29, 2026