“БРАЌА МАКЕДОНЦИ! СТОЈТЕ ЦВРСТО И ГЛЕДАЈТЕ ГО СПАСЕНИЕТО ШТО ЌЕ ВИ ГО ДОНЕСЕ Н - Part 02
Сум тврдел: Господ треба да е безгрешен, и единствено совршен, а ние комунистите велевме дека не е, а дека такви безгреши и совршени биле само комунистичките Водачи, родени од народот. Но за многумина од селаните не е најлошото тоа што тој сега не сака да верува во Господ, туку тоа што во последно време почнува да ја губи вербата во лицето на комунистистичките Водачи – “новите богови”.
Тој одамна престана да верува во таквите богови. Кога би имал можност, сигурно би ги прашал:
“Каква е смислата на нивното создавање на несреќни луѓе? – Талкачи!” Ние Македонците се уште немаме таков голем човек кој ги разбира потребите на времето, бедата на својот народ, кој умее правилно да ги утврди причините и националните приоритети.
Подоцна, се убедив дека комунистичкото движење (КПГ) имаше многу патишта кон стратегијата, и повеќето од нив беа конвергирани со национални традиции (заемно се приближуаваа, се стремеа кон иста цел), но потоа се покажа дека нас Македонците по Втората светска војна, таа иста КПГ крвно не гонеше…
Сега, по спогодбата во Белград, склучена меѓу Тито и Захаријадис, македонските организации НОФ и АФЖ го изгубија своето соочување со политичкото насилство од КПГ и КПЈ. Тие сега се задушени и не можат да создаваат ’нова национална свест’, надвор од овие партии. КПГ ќе става безброј препирки и од нас Македонците ќе бара сами да ја фалсификуваме историјата и постепено да отфрламе значаен фрагмент од националното вековно наследство.
Ете, на пример, сите Македонци што се мобилизираат во редовите на ДАГ се именуваат како Славомакедонци, но уште пострашното е дека тие што ги праќаат во штабовите во длабината на Грција им сугерираат да зборуваат само грчки, да си ги кажуваат имињата и презимињата на грчки.
Причините се јасни!...
Но нејасно е тоа што тие стануваат и “наши” богови, поставени и наредбодавци на организациите НОФ и АФЖ во сите македонски села и посакуват Македонците да ги направат следбеници на Маркс.
Нофитие и афежистките и инсистираа дека религијата, митот и етницитетот биле прединдустриски сили што ќе ја загубат својата важност како фактори што ја менуваат историјата. Тие пропагираа против основните начелата на конзервативизмот што совршено беа поставени од Вилијам Фокнер: “Минатото никогаш не е мртво. Тоа дури не е минато”. Сега проповедаа СОВЕТИЗАЦИЈА, чудни прашања, имајќи ја предвид специфичноста по поделата на Македонија и Македонците, чии обединувачки структури беа КПЈ и КПГ, што се засновуваа врз… “Бог да чува!” Тие сега спроведуваат решенија што ги донеле Тито или Сталин.
Манипулираат со мислата и чувствата, и од селаните прават двојни суштества и двојни ликови и полека во нив се јавуваат изроди и немаат ништо заедничко со нашиот интерес.
3.
Еден ден Сотир Гајдов седеше сам под големиот чинар и гледаше во старото разгрането дрво. Со измамени чувства на чудење и неверување. Тој понекогаш останува таму до глувата рудинска ноќ ги прелистува своите белешки и пребарува по сеќавањата на прочитаното, а чувствува дека покрај него татни историјата:
Илинденското е толку херојско, толку величествено, а толку малку познато. Но, сега гледа со горчина на поданството и на изневероноста. Чувствува болка во душата и не може да се начуди поради пропагирањето што го вршат афежистките кои посакуваа да ја турната македонската жена во оган и во најгнасната војна. Да ја опустошат македонската куќа, да ги обезличат македонското семејство и неговите традиции на матријархатот, а тоа не го прават Грците и ниту им паѓа на памет да формираат такви организации што би ги турнале Гркинките во омраза и убиствена војна.
Размислува Сотир Гајдов за овој голем пораз, што ни го донесоа нашите од Титова Југославија, а не е по волјата на Македонците и дека сето тоа полека и итро не турка во сопствен геноцид.
Ме опули молкум и ладно ме гледаше.
Изгледаше смртно уморен. Веројатно многу претрпрел, со години, затурен на сувите каменити грчки острови.
Се загледав кон него со почит и го прашав:
-Нешто сакате да ми кажете?
Молкум одмавна со главата и рече:
-Ништо, момче, јас ништо, само така… - чиниш му недостигаа зборови.
Ме гледа милосно и со доверба, како стар пријател на татко ми и на нашето семејство. Тој и татко ми на млади години биле побратимени и крстени во една вода.
Доближувајќи се да се поздравам, му велам:
-Но се разбира дека сакате нешто да ми кажете.
Но сега Гајдов длабоко се замисли.
-Или ќе ми дозволите јас да ве прашам нешто што навистина одамна сакам да ве прашам:
-Дали ние Македонците по доаѓањето на НОФ и АФЖ ќе си ја одредиме сопствената иднина или со оваа нивна акција ќе не снема од овие наши прадедови корени?
Кимна со главата и почна да зборува:
-Зар и ти го чувствуваш тоа?
Политиката е навистина сурова работа, денес си тука утре те нема.
За жал, и сега, по Втората светска војна, со НОФ и АФЖ пак сме измамени, кога светот е поделен од големите сили и е спуштена железната завеса. Но нам, на Македонците, еднаш треба да ни стане јасно дека со овоа што го прават НОФ и АФЖ, ние можеме да падниме во нова војна и само ќе се саможртвуваме за туѓи интереси.
Денес цел свет знае дека во Белград се договараат Тито (КПЈ) и Захаријадис (КПГ) како ќе се развива Граѓансаката војна, а нас Македонците не нема. Но, најстрашното е тоа што по постигнатата спогодба меѓу Тито и Захаријадис, Колишевски (КПМ) во Скопје ги собрал водачите на НОФ и АФЖ и им рекол: “Сега вие одете долу (во егејскиот дел на Македонија). КПГ е вашиот раководител. Да имате верба во нив. Нејзината политика за македонското прашање е јасна.
Какво било прашање што ќе ви се појави, ќе го решавате со раководството на Партијата. Внимавајте, не одите како фракција во Партијата, туку да се ставите под нејзино раководство. Борете се за зацврстување на борбеното единство со грчкиот народ, и борете се сите и со сите сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалистичките тенденции”.
Кте кој ни ја стави на врат и добро ни ја затегна идеолошката јамка на комунизмот. Токму таа јамка направена од КПЈ, сега врзана од Колишевски (KIIM) во Граѓанската војна беше најсурова, најкрвава и најбезбожна. Ропски синџир - неразјаснет до ден-денес.
Може ли некој да поверува дека Л. Колишевски не знаел (или знаел) дека идеолошките водачи на Граѓанската војна беа само Грци и тоа повеќе од 7050 беа колонисти (пондии - маџири) кои беа донесени во Македонија 1924 година и дека ние Македонците не учествуваме во креирањето на политиката Ha КШГ и дека во составот Ha [IK на KIII" и во Полит-бирото немаше ниту еден Македонец. Како можел да не знае дека нема ниту еден Македонец од високите кадри (Генерали, полковници и политкомесари) на Главниот штаб на Демократската армија - ДАГ?
Како можел да дава инструкции на НОФ и АФЖ да го повикуваат Македонскиот народ на масовност со своите пароли:
“Ниту еден Македонец не треба да се најде надвор од организациите НОФ и АФЖ! И основната порака кон Македонците им била: КОЈ, AKO НЕ НИЕ? И КОГА, АКО НЕ CET'A?”.
Со таквата насилна масовност, ние Македонците под Грција дозволивме “ мекото етничко чистење" да се отвори преку КШТ и сами да си ја испишуваме црната страна на црвената книшка.
-Зар сето ова не го потврдува феноменот на нашата поданичка свест? Де кон КПЈ де кон КИТ?
Ми се чини дека ова е најстрашната смртоносна идеолошка измама.
Што мислите вие?
Гајдов ме погледна Њубопитно и ми вели:
-Откако постои свет и век, постои и една чудна сорта луѓе чија основна професија е поданството. Тие се со вроден елемент, па дури и независно од полот. Ете, сега имаме и афежистки.
Но меѓу активистите на НОФ и АФЖ имаме моќници и поданици кои беа и се уште се опиени од сопствената моќ и овој тип луѓе имаат заборавено што е направено со македонскиот народ, реално ги имаат изгубено контактите со реалноста, било да се поданици на КПЈ или на КПГ.
Силата на овие лидери, независно од нивото и лидерството, произлегува од нивните поддржувачи, во чија основа е карактерот на дистрибуцијата на моќта која, покрај другото, се самообновува во мигот кога од неа профитираат и оние кои не ја поседуваат директно.
Овој тип личности се помалку се грижат за тоа дали имаат вистински пријатели, искрени соработници, блиски луѓе со кои ќе можат да ги споделат тагата, болката или, секојдневните животни радости. Луѓе кои ќе си поприкажат за она што било некогаш и со кои, дури и молкома, ќе помуабетат за она што ги мачи, притиска, гризе, што ги прави несигурни, нервозни или разочарани.
Сега, по ова, меѓу нас Македонците ќе настане ново пребројување:
чиј си и кој си? И со кого си бил досега? Борба за ново престројување, и од Македонците се бараше сервилно и ропско расположение.
Но согледувањето на причините и мотивите на Тито за таквата инволвираност во грчките работи по Втората светска војна бара опстојно истражување. Објаснувањето на југословенските раководители дека тоа го правеа само од интернационалистички побуди не е многу убедливо. Зошто? Затоа што проблемите почнаа да се зголемуваат во есента 1948 година, кога Југославија почна да влегува се повеќе во прегратката на западните сили.
Овој нов свет, за нас Македонците, се повеќе станува голема агресивна арена, а можеби и отсекогаш било така, ама сега прв пат ги гледам работите одблиску, и сфаќам дека колку си поагресивен толку си појак, колку поголеми мускули имаш толку повеќе можеш да заплашуваш. Сега се создава свет во кој веќе нема место за малите народи, нема место за искрено и наивно достоинство, нема место за принципиелност. Во овие војни, со кои управуваат големите сили, на малите народи им преостанува или да се приспособат или да го напуштат рингот.
Токму тоа сакам да кажам, дека тоа важи за нашите НОФ и АФЖ.
Ако го сторат тоа и се откажат од таквите авантури, можеби ќе ги зачуваме народот и татковот огниште.
Историјата кажува дека многу изроди одиграле клучни улоги за судбината на македонскиот народ, се разбира, секогаш со негативни последици.
Како што се менуваат времињата така и тие се приспособуваат кон состојбата, земаат одредена форма, но суштински остануваат да преживуваат во смрдливите прегратки на туѓинците.
Се јавувале во најразлични форми тогаш, а се јавуваат и денес. Се појавувале и во војната, но се појавуваат и денес, по завршување на војната. Денес се појавуваат по потреба, периодично, но сега тоа го прават во овие бурни времиња, кога светот е поделен од големите сили на сфери на влијане – токму во нивни интерес и тоа се битни случувања, кога се донесуваат клучни одлуки за судбината на многу европски народи, а ние не можеме да ја согледаме иднината на македонскиот народ.
Ме растажуваат невнимнанието, наивноста или непромисленоста на НОФ и на АФЖ. Тие, опиени од туѓата пропаганда, не можат да ја согледаат другата страна на животот, која е посурова и поболна.
Принципите на доминација на посилниот пак излегоа на површина.
Белград и КПГ силно ги притиснаа немоќните активисти на НОФ и АФЖ за да се приклучат во ДАГ и да извршат коренити измени националните програмски цели на Македонците.
Денешните изроди, излезени од утробата на селаните од Рудино, се дел од македонскиот народ и се маскирани во разни форми: од “квазиреволуционери”, излитени “политиканти” до слични на нив модерни душегрижници. Претежно се водени од локалните балкански центри на моќта а одработуваат и локални партиски центри слични на НОФ и АФЖ. Тие се тука, внатре, го познаваат менталитетот на народот, му ги познаваат навиките, начинот на размислувањето, и затоа се многу опасни. Затоа и знаат како да дејствуваат, го чекаат само сигналот, црвената светлина, и веднаш се ставаат во функција.
Ги задаваат ударите однатре, знаат каде боли најмногу, целта им е да го истоштат народот, да го турнат на колена. Такви им се иструкциите на овие наши што се дојдени од Југославија, кои и даваа шанси на црната грчка реакција крваво да се пресметува со обичниот македонски селанец.
4.
Со победата над фашизмот, во Варкиза се потпиша договорот и настана предавањето на оружјето од ЕЛАС, почна инсталирањето на новата власт. Се поставуваа полициски сили и одреди на националната одбрана низ цела Грција. Власта и Англичаните им дадоа на овие сили карактер на безбедносни баталјони за чистење и ликвидација на непријателските елементи.
“Новата жандармерија” апси под обвинение за “убиства”.
Војниците и жандармеријата продолжуваа да ги кинат сликите на генералисимусот Сталин и на грчките комунистичките лидери.
Националната гарда и разни експедициони воени одреди вршат претепувања, апсат без налог, палат куќи, вршат кражби и убиства.
На селаните им преостанува да се кријат во планините, а тоа значи дека македонското семејство не владее со својата куќа.
Во Грција почна уште поголем и нечовечки терор против населението, посебно над македонското, и против учесниците на ЕЛАС, како и против македонските организации, комитите и се што посакуваше да има македонски идентитет. Таквиот терор го вршат специјалните единици кои беа вратени од емиграција во Каиро заедно со кралот и со диктарорт Георгиос Папандреу. Тие беа организирани како специјални единици за борба против герилата и се нарекуваа “Мавроскуфидес” (Црнокапци) кои без милост го гонеа населението;
со затворање, тепање и стрелање без судење на луѓето што се протиставуваа. Тоа го правеа за да можат полесно да го оформат државниот апарат и да ја зацврстат власта. Големата тромократија (народен терор), особено против тие што беа учесници во движењето на СНОФ и комитите, беа уништувани без милост.
Така почна војната, ги подели луѓето, ги уништи семејствата, роднинските врски, пријателството. Од едната страна велеа дека се вистинските патриотите “спасителите на нацијата”, а од другата беа “комуњарите”, предавниците.
Селаните секогаш беа на штрек, секогаш проверуваа наоколу пред да кажат нешто. Еден збор што не е наместо и можеше да му летне главата или да му се запали куќата. Токму во таквото време не можеа да помогнат ни НОФ ни АФЖ.
6 Караиванов бил специјален Титов разузнавач, агент на советската НКВД и инструктор на Коминтерната.
7 Непосредни соработници и инструктори на генерал Маркос Вафијадис биле и: Ѓуза Радовиќ, Обрад Трниниќ, Мишо Врбица, Велимир Доцниќ, Светислав Стојановиќ и Петар Луциќ, сите од КОС на Србија. (Види КОС и УДБА – Акциите и документите на тајните служби.)
Глава 3. - Масовните мобилизации ја обезмакедончија македонската куќа и конечно Македонците беа турнати во челуста на сивилото По измената на програмската цел на НОФ и АФЖ, досегашните политички пораки на НОФ и АФЖ (илегала) стануваа нејасни, иако некои од Македонците уште ги доживуваа како национални. По препораката на КПЈ/КПМ, веднаш се релативизиравме, и од се направивме пустош. НОФ и АФЖ, место да престанат со (само)жртвувањето и да ја напуштат масовната политика како борба на живот или смрт, со покорна послушност уште повеќе ја засилија мобилизацијата, но сега со невидена емоционална зараза и сервилност спрема КПГ, повикувајќи ги Македонците да се борат во сојуз со грчкиот народ за спасување на македонскиот народ од физичкото истребување.
1.
Кога пристигнавме во штабот на “Εµπεδα” – центарот за воена обука, не пречека штабниот офицер и не поздрави. Потоа малиот ансамбл и трупата свирачи “Каратимиост” запеаја песна. Тоа беше една од оние радосни и распеани мелодии со борбен и револуционерен дух, што имаат моќ да ги растреперат невидливите струни во срцето на младиот човек. Го слушавме овој стих и сите стоевме восхитени. На импровизирана бина беа станати сите офицери на штабот и ја пееја песната.
Но свирачите неочекувано, по таквиот наш восхит, го засвиреа омиленото партизанско оро “Елено моме” и сите 350 регрутирани момчиња се наврвчивме како луди на орото што го свиреа долго и без починка. Сега офицерите ни ракоплескаа, а со тоа не потсилуваа и музиката и нас играчите.
Така било со сите новомобилизирани. Тоа беше “полнење на батериите со борбен дух”, како што рече еден од постарите партизани.
Прва што милостиво ни пристапи и се ракува срдечно со сите нас беше Рула. Беше облечена во костум со зеленикава (каки) боја. Во него се чувствуваше како најголемите ѕвезди кои се облекувале во духот на белата рафинирана елеганција и се појавувале на подиумите, како Мерилин Монро, симболот на Холивуд. Рула, сега со таквата андрогенска енергија, тоа го прави низ земјанките на Грамос. Ни пристапуваше енергично и грациозно. Ни доаѓаше со исправена става и лесно крената глава. Неволно ја споредив со постара срна која бара партнер.
Секој секого го прашуваше: “Ја виде ли Рула? Прекрасна е, нели?”
– вака гласеа коментарите на партизаните од нашиот баталјон.
Рула се китеше. Околу вратот носеше црвена шамија. Тоа беше на мода и значеше верност и љубов кон идеологијата и партијата. Таа сакаше да биде предмет на внимание и на восхит. Живееше со убедување дека на мажите треба да им се угодува во се, за да ја стекне нивната наклоност. Се додека самата не сфати дека и таа има право на љубовно внимание и нежност, таа ќе се повторуваше како
“жртва”.
Веројатно има прочитано дека црвената боја е еротска боја. Таа е итра, тоа го прави за да им ги крене хормоните на постарите офицери,
- рече Андонис без никаква злоба и продолжи:
-Излишно е да се зборува дека чевлите, чорапите и црвената шамија многу кажуваат за лицето што ги носи. Елегантната жена не е само убаво облечена и нашминкана. Треба да ја красат убави манири, грациозен од, нежна насмевка, магнетизам што неодоливо ќе зрачи и ќе привлекува.
И велам:
-Ти си совршена партизанка. Ако во Атина жената е огледало на својата чанта, тука на Грамос, жената е огледало на револверот, а ти го имаш тоа…, а таа гракна да се смее и, раскикотена, ме прегрна.
Еднаш, ја прашав:
-Зар ќе дотераш до жена на генерал?
Ми одговори:
-Што знам. Во мојата љубов нема голем промени.
Во тој миг се јави и Андонис:
-Но по нејзината емоционалност, се гледа дека и натаму е можно.
Таа живее напната и незадоволна од изборот.
Утрото на 10 октомври, од длабок сон ме разбуди гласот на стражарот, кој имаше една пократка нога и брадавица на големиот месест нос.
Нашиот голем марш траеше неколку деноноќија додека не ја изминавме маршрутата од Преспа до главниот штаб на Епир и Антихашија, во месноста Вовуса, под големата и највисока планина Смолјакас.
Ги изодивме сите патишта, ги минавме сите планини, преминавме реки без да узнаеме зошто ги напуштивме македонските предели и талкаме, длабиме кон Епир, кон непозната предели, така загубени без цел.
Еден меѓу нас знаел зошто не носат по такво невреме, по стрмнини и беспаќа, а збор не изусти. Кога стигнавме во логорот, тој ги крена рацете кон небото и промрмори збор што никој не го разбра.
Застана исправен на највисоката карпа и чиниш од олтар Господов, остави глас на збогум и се стркала прудолу по сурите карпи. Со денови велел дека немало зошто да се живее далеку од татковината, од нашата Македонија.
Напишал проштално писмо, но тешко се читаше од засирената крв: “…лагата е најопасното оружје на политичката доктрина. Во неа нема ниту грам вистина или моќ. Напротив: лагата на луѓето што се нарекуваат “црвени” и на револуционерот Филе Јажин била само за да се забрза нашето самоуништување…”
2.
-Животот се живее сега, затоа што не знаеме што ќе се случи утре,
- рече Рула и продолжи:
-Сам човек ти е како само дрво на ридот. Него ветрот може да го шиба од сите страни да го свива, да го крши, но не го откорнува.
Никој не умрел од самотија, но сите знаат дека ништо не боли повеќе од самотијата. Ама ова изгледа веќе ни е судбина, зашто, ако човек е реален, не е ли чудо тоа што ниту една девојка не би посакала да живее во ова задгорје. Што живот ќе биде тоа во планините и во ладните земјанки? Не сум сигурна што ќе биде и каде ќе не однесе животот… Со кого, како, а богами и зошто ќе живееме. – разочарано ја отвори душата убавата Рула, тресејќи се од сувата папрат што беше и се изналепила на облеката.
-Дрво се пресадува дури е млада фиданка, а јас фиданка веќе не сум. Ме мобилизираа сосила, и сега сум партизанка!... Сега нема ноќ да не барам чаре за самотијата… Ако не сте вие, младите диви момчиња, од каде ли би собрала сила за сево ова?
-Ех мој побратиме, војна е, оттука е и големиот страв. Секоја жена си ја бара својата независност и слобода, но од друга страна, како никогаш досега, има потреба покрај себе да има силен маж на кого ќе може да се потпре. Можеби кај мажите нешто друго се случува.
Останав збунет и во себеси си велев: “Можеби ова е време кога се отвора срцето и се покажуваат чувствата. Нова ера во револуционерните чувства?” И одговорив:
-За мене знам, а можеби и кај други е така. Сакам да имам покрај себе чувствителна жена, мила и страсна.
Рула, облеана од октомвриското сонце, нежно се насмевна и веројатно остана да живее со уверување дека порано или подоцна ќе го сретне својот принц на бел коњ. Ја пребаруваша раницата, извади корка леб, ја преполови и ми ја подаде.
Ми рече:
-Не знам зошто, но тебе можам да ти се доверам. Ако се омажам, сакам да ми бидеш побратим.
И кимнав без збор.
Настана тишина. Сонцето се затскриваше зад боровата шума и почнавме да се прибираме во земјанките. Кољо ме фати под рака. Му скршив од корката лепче и му кажав кој ми го даде, а тој ми рече:
-Таа те мами со корка лепче да ја кутнеш барем еднаш во папратот, ама ти како во песната: “младо не знае да…” и почна да се смее.
Огнот беше разгорен, а токму таа вечер до зазорување ги пеевме песните: ”Малка мома цвеќе брала, негде в гора зелена”, “Три години, ле, Кате, три години, ајде де три години, ле Кате, болен лежам”, “Да ти пукни, мила мамо најмалото, ој леле леле, мила мамо најмалото”, “Ајде мојто либе болно лежи, болно лежи на постела”, “Ангелино моме (а некој Рула моме), што си толку нажалено, дали глава те боли или половина”, “Не надевај се мори моме Руле, јас сум стар човек”, но највесела беше песната, пеана од мојот Кољо: “Мама ми плети шарени чорапи, дали да ги носам или да ги пуљам…” која ја прифатија и Грците, но, бидејќи не ги знаеја зборовите, ја пееја само мелодијата.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/jamka/3 on October 29, 2026