Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Noose

Глава 16. – Крај на војната Крај на војната - Part 02

By Стојан Кочов · Part 20 of 27 · About 6 minutes

Read in English

Захаријадис му дообјаснува на авторот Антеос: “Освен бугарската (12) делегација, југословенските и грчките делегати гласаа за ставовите за автономија на Македонија и Тракија, верувајќи дека ја исполнуваат интернационална должност и усложнувајќи ги бугарските словенистички погледи на овие простори”.

Но КПЕ (КПГ) не опстујувала на дотогашните ставови во однос на македонското национално прашање, таа секогаш била само со намера да го користи во интерес на развојот на грчкото ослободително движење под своја контрола. Дури настојувале и преку СНОФ да дејствуваат во насока на привлекување на македонското население во ЕАМ и КПГ за да се бори за нивни стратегиски цели.

Посебно се познати сите манипулации токму од самиот генерален секретар Захаријадис за длабочината на македонската трагедија во Граѓанската војна (1945-1949), кои одеа во прилог на грчката влада.

Дали со таквите постапки Захаријадис не посакуваше да му докаже на грчкиот народ дека ЈАМКАТА била за македонскиот народ, а не за грчкиот.

ПРИЗНАВАЊАТА И ОДРЕКУВАЊАТА НА ЗАХАРИЈАДИС На 30-31. 01. 1949 година е одржан Петтиот пленум на ЦК на КПГ и на него е исфрлена паролата за “Независна и обединета македонска држава во рамките на балканска федерација”.

Поради тоа по иницијатива на Захаријадис, на 3. 02. 1949 година е свикан е Вториот пленум на Центалниот совет на НОФ и се прокламирани новите принципи на НОФ за иднината на Македонците под Грција.

Во резолуцијата на Вториот пленум на Гл. Одбор на НОФ се вели:

”Вториот конгрес ќе биде конгрес за прокламирање на новите програмски принципи на НОФ, според кој, со вековни стремеж на нашиот народ, ќе го прокламира обединувањето на Македонија во една единствена држава, независна, рамноправна македонска држава во рамките на народнорепубликанската федерација на балканските народи, што ќе претставува реализирање на неговите цели во многугодишните крвави борби. Вториот конгрес на НОФ ќе го прокламира сенародното востание на македонскиот народ, ќе изврши проверка на сите сили на македонскиот народ, ќе ги обедини и ќе ги групира околу НОФ и победоносно ќе ги поведе во заедничка борба со грчкиот херојски народ против монархофашизмот и американските империјалисти. Вториот конгрес ќе се насочи особено кон поробеното македонско население од градовите како што се Лерин, Костур, Воден, Ениџе вардар, Гуменџе, Серес и Драма, ќе го дигне во непомирливата борба против монархофашизмот и англоа-американските окупатори за побрзо ослободување и исполнување на стремежите на непокорениот македонски народ, во борбата на Народна Република Македонија”.

Значи, нови видици за поништување на Букорешкиот договор од 1913 година со поделбата на Македонија!

ДЕМАНТ ЗА БАЛКАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ПОГАЗЕНИ ВЕТУВАЊА На 7. 03. 1949 година ЦК на КПГ објави соопштение во кое се дематира одлуката на КПГ за заземениот став за македонското прашање на Петтиот пленум и за ставовите на Вториот пленум на НОФ од 3.2. 1949 година. Значи, историјата не учи дека ветувањата дадени во време на војна не се секогаш тоа што требало да бидат.

Која му била целта на Захаријадис? Дали со тоа сакал да ја оцени нашата зрелост во однос на националното прашање дури по тригодишната борба, да дознае што сакаме? Зашто периодот на дејствувањето на НОФ и АФЖ под КПЈ од 23 април 1945 до октомври 1946 година за КПГ и за комунистите во Грција, остануваше докрај нејасен.

Захаријадис, одговарајќи на критиките, потврди дека тоа го направил со двојна цел:

Прво, масовно да ги вклучи Македонците во борбата и, второ, да ги неутрализира сепаратистичките дејности на групата поранешни раководители на НОФ и АФЖ Македонци кои беа пребегани во Југославија и оттаму ги повикуваа македонските борци од единиците на ДАГ да дезертираат, зашто немало никва цел Македонецот да крвави во таа војна.

Всушност, најжестоко противење имаше од оние што го организираа НОФ и го пратија во Егејска Македонија една година пред да почне Граѓанската војна. Сега ставот беше дека тоа прашање ќе предизвика “етничко чистење”, сецесија или други геноцидни што ќе ги зафатат сите соседни земји на Балканот. На крајот, во таа војна доживеавме геноцид само ние Македонците под Грција.

Значи, Југославија (КПМ/КПЈ), како и Грција (КПГ) беа против секаква ревизија и строго бараа зачувување на позициите на Букорешкиот договор (1913).

* * * Делегацијата на КПГ, предводена од членот на ЦК и министер за правда при ДПВ, Милтијадис Порфирогенис, во Белград била примена од А. Ранковиќ. Тој за формирањето на македонска држава во рамките на балканската федерација рекол: ”...дека таквиот акт бил насочен против интегритетот на Југославија”, пишува ”Борба од 27 април 1949 година”.

Има аналитичари кои оценуваат дека поттикот на Македонците со помош на Југославија бил за советизација на Балканот! Но тоа е негирано од самиот Сталин, а подоцна и од Тито. Останува само едно: ”Нека се запали огнот подалеку...” Сталин рекол: ”Дејствата да бидат партизански, ненасилни, полека, но да се буричка во капитализмот”, а и Тито беше на иста позиција и на почетокот посакуваше да го стимулира до максимум. Потоа, се беше јасно...

Захаријадис продолжуваше со манипулирањето на Македонците, се до последната политичка моќ со која располагаше како генерален секретар на КПГ, на Шестиот пленум во март 1956 година, по интервенција на Советите.

Секретарот на ЦК на КПГ Никос Захаријадис се правдал: ”Ако бев информиран како што сум денес за дејствата на Тито, никогаш немаше да посегнеме по оружјето и војна немаше да се случи”.

Захаријадис е сменет од положбата генерален секретар и идната година беше исклучен и од член на Комунистичката партија на Грција.

По ова беше пратен во заточеништво во Сибир и трагичната смрт се случи во 1973 година во градот Соргут во СИБИР.

3.

Грчката влада имала опција на геноциден зафат. Владата во емиграција, на чело со Папандреу во Каиро, бараше од КПГ и ЕЛАС, конкретно од секретарот на КПГ –СЈАНТОС:

”Да се ликвидираат сите негрчки (славофонски) политички организации и воени формации во северна Грција. Историска грешка на Грците и на грчката држава ќе биде, ако и славофонските формации СНОФ И СОБ учествуваат во ослободувањето на градовите Касторија, Флорина, Едеса и другите територии што сега се окупирани од Германците и Италјанците”.

Реакции и други настани во тој период во Грција.

1. На 17. 04 1946 година солунскиот десничарски весник ”Неа Алитија” (Нова вистина) објави напис со наслов ”Нашите Судети, во ко се зборува за Македонците и се квалификуваат како судети и како такви, пишува весникот... во интерес на мирот и безбедноста во Грција, треба да бидат ликвидирани”.

2. Весникот ”Етникос Кирикас” пишува: ”Од Грција треба што поскор да се протераат 80.000 Славомакедонци”.

Истото се вели и во неделниот републички весник ”Елефтерос типос” од 28. 01. 1946 година во статијата:

“Нека си одат Славомакедонците од нашата Македонија – нека си одат каде што сакаат”.