Глава 12. - Војска без компас сурови пресметки меѓу комунистичките офицери - Part 02
“Зошто да не го направам тоа?” и оваа стануваше доминантна над ”Зошто да го направам тоа?” Се доближува тивко до огништето. Осаменоста околу неа е апсолутен владетел и останува единствено нејзината најтемна страна:
желбата што боли.
Го тргнува ѓумот од триножецот и ги растргнува распламтените суварки. Бнимателно прави чекор и подзастанува да земе здив. Ѓумот со зовриена вода престанува да клокоти, но Лина им се приближува на своите длабоко заспани деца. Остана само со мислата колку се добри и колку мирно спијат.
Мислите неконтролирано и се трупаат една по друга. Нешто потсвесно и вели: “Па? Што чекаш? Само така ќе си го спасиш родот...” Се што не поднесува да гледа или да почитува кај другите е во неа, животот на нејзиното срце е отворен, проѕирниот живот на нејзината душа е друг свет, таинствен... Мајка да посегнува по своите деца? Од каде доаѓаат тоа “задоволствот, таа слабост, тоа разнежување...
Пак подзастанува и зашеметено се прашува и се проверува: “Ке решам! Нема долго да трае... Болката нивна побргу ќе им мине отколку јас да ги изгубам?! Не им ги давам децата на афежистките- голтарки. Од моите деца да прават војници и да ги тераат сосила да се борат и да убиваат за нивните интереси... Тие го убија татко ми затоа што беше поп.
Ами ако останат осакатени? Ако, барем ќе останат живи...” Си мисли, се чуди, чудењето, како трн во здрава нога, не престанува да клука.
Се колебаше, ама само за миг заборави на се.
“Нема да мислам на најлошото. Ќе ми останат покрај мене..., а јас и пред стопоанот ќе си останам верна и чесна спрема својот род...
Токму така: доследност и верност.
Ламбро, кога тргна за Америка, ми рече:
‘Лино, децата да ми ги растеш, а јас ќе спечалам пари и ќе се вратам...’, а сега овие голтари го прават фашист, американски шпион...” Завладеа малку непријатна тишина. Лина ги затвори очите, собра сила и туку оденаш ѓумот го разлеа врз нозете на своите деца. Но кога го слушна болниот и исплашен крик, таа падна врз нив и остатокот од зовриената вода и се доистури врз неа. Крикна и таа со уште поболен глас и во себе си рече: “Можеби на сите ќе ни биде подобро ако сите сме мртви...” Децата уплашено се стискаа во нејзината прегратка, а таа, немоќна, нежно и со солзи им ги бакнуваше изгорените нозе, мислејќи во себе: “Којзнае зошто ми изгледа дека, штом плачам, тоа значи дека се однесувам како што и прилега на добра мајка. И дека нема зошто да се обвинувам. И децата нема зошто да ми се лутат, ќе ми останат покрај мене...” -Те сакаме... секогаша ќе те сакаме... – Очите им сјаеја со некаков страв, каков што никогаш не ни замислуваа.
-Вие сте мои и никому не ве давам, - им повторуваше бакнувајќи им ги раните кои, дури кога распука зората, се појави крв и болката се повеќе ги печеше.
Но најтешко и беше кога при взори ги слушаше разните гласови на активистите:
“Пакосна жено, какво зло ти сториле тие твои деца па така постапи”, а таа во себе си велеше: “Јас не ги убив. Тие ќе бидат живи.”
3.
Во еден миг на вратата се појави братот на Лина, Сотир Гајдов.
Тој го впери погледот загледувајќи се подлабоко во постелата на попарените деца и успеа да го забележи ужасот во нивните расплакани очи. Потоа седна спроти сестра си и сакаше лично од неа да ја чуе вистината. Лина го гледаше со широко отворени очи, а тој и и се обрати со зборовите:
-Сестро, кај ти беа очите? Што се случи? Леле, ужас!
Лина, обидувајќи се да ги скрие стравот и болката што и предизвикуваа длабок мајчин израз, му рече:
-Не знам дали добро се однесувам... можеби се ќе уништам.
Одеднаш изгледаше како дете, беше збунета и засрамена.
-Но мислам дека ќе ме разбереш; како би било кога тебе би ти зеле нешто што многу го сакаш, а пред очи гледаш дека ќе го изгубиш за навак? Ти се конлнам во Господ... Ако ми ги земеа децата, ќе поулавев... Можеби згрешив... Бев обезумена и децата никому не ги давам. Тие се мои и на маж ми Ламбро, кој ми остави аманет да не ги давам никому.
Имаше сила, упорност, повеќе од сите жени во селото. И натаму не знаеше како да се изрази, да му објасни се на брата си.
-Ех, брате мој, одамна нашите животи не се во рацете на нашиот Бог, туку во рацета на прогонувачите. На кого да ги дадам децата, на тие комунистите што го заклаа во трапот нашиот стар татко Глигор Гајдов и го најдовме растргнат од лиотот, затоа што беше поп. Затоа што никому не направил зло, туку беше свештено лице и се молеше за сите луѓе, а со тоа му служеше на Бога?
-Сестро, што сакаш всушност да ми кажеш? Јас дознав дека си се сопнала и ти се истурил ѓумот со зовриена вода. Зар не е така?...
Таа мрачно го гледа и со неконтролиран израз на лицето како на уплашена ѕверка му вели:
-Јас деца никому не давам... Цела ноќ бдеам над нив.
Одново се слушна плач, но не толку силен колку што беше при попарувањето. Вујкото Сотир со роднинско сожалување ги гледаше своите невини внуци: Елена и Мито.
Една жена облечена во униформа налудничаво доаќаше по скалите и влезе во собата.
На вратата се појави афежистката со двајца активисти кои ја подготвуаа утрешната акција за собирање на децата да тргнат накај Југсолавија, а мајките за на фронт во единиците на ДАГ. Откако влезе, афежистката Донка трепна со очите заслепена од распламтените цепеници во огништето.
Афежистката се потргна од Лина за ја да гледа и зазеде став на загрижен организаторот на светата борба и одговорна пред Партијата и генерал Маркос, и се обрати на Лина:
-Ние и Комунистичката партија, се бориме за доброто утре.
Мислам дека ние Македонците треба да бидеме на првата линија и да дадеме се од себе, со тоа ќе постигнеме слобода на македонскиот народ. Само тоа ни е гаранција и ни покажува дека нашите луѓе се предани во оваа света војна. На пример, вчера учителот Темелковски од селото Трсје ги спроведе сите деца во група се до границата без никакви проблеми, а нивните мајки стапија во редовите на ДАГ, а тоа е за почит кон решенијата на НОФ, АФЖ и КПГ.
По ова и постави неколку прашања:
-Сама ли си се решила на овој гнасен чин или неkој те поучи и те стави на страната на многуте наши непријатели на оваа наша света војна?!
Тоа ли е или нешто друго?
Кажи ја вистината?
Можеби е некоја жена со која сте во врска?
Се што ќе ми кажеш, ќе биде во целосна доверба. Можеби ќе ни послужи во истрагата.
Лина Богданова ги затвори очите, дотолчена од нејзините зборови, и одговори:
-Па вие се живо ни уништивте, сега и децата сакате да ни ги земете.
Афежистката студено ја загледа.
-Глупаво е да зборуваш за такво нешто. Што треба ова да ти значи? Ги повторуваш зборовите на непријателите. – Кимна со главата со блага насмевка кон активистите и си заминаа.
Сотир Гајдов, со рацете на колковите, стоеше простум и гледаше заедно со сите, потоа, спуштајќи ја главата, со роднинско движење ја повика сестра си Лина и ја замоли да се смири. Најпосле, взори, кога селските деца тргнаа како булук јагниња накај границата на Југославија, сите присутни се смирија и ги вперија погледите во Лина. Во нивните пози на разочарување и жалост се појави нешто слично на надеж дека сепак децата на Лина нема да ги земат.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/jamka/15 on October 29, 2026