Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Hatred - Deep

Front Matter - Part 10

By Драгица Најческа · Part 10 of 13 · About 23 minutes

Read in English

И Марија беше среќна дека никој не ја праша ни-што за болницата. Таа почна да ја распрашува Лиле за Наде, која учеше средно медицинско училиште.

— Имали можности, откако ќе заврши, да се Bpa- боти? - праша таа.

Тогаш и Елена се замеша во разговорот.

- Никогаш нема да има доволно медицински сес- три. Ни една не е невработена од тие што завршиле.

- Значи, Наде најдобро ќе помине од настрите, за работа...

- Тебе литературата ијазикот, уште од гимназија- та добро ти одеа. Ќе се најде некоја работа, - рече Ли- ле. Почувствува дека разговорот дојде на осетлив те- рен.

На лицето на Марија помина тажна насмевка.

На вратата од куќата ги пречекаа мајка и и Наде.

Со многу напор, се воздржаа да не заплачат. Ги пови- каа да влезат внатре и Елена и момчето што ги дове-зе со колата. На масата имаше поставено колачи и сок. Брзо сварија и кафе. Колку и да се трудеа се да оди вообичаено, се чувствуваше напрегнатост. Се ка-жуваа непотребни реченици. Презасилено се смееја.

Се обидуваа да создадат весело расположение... Не им успеваше.

Елена и момчето си заминаа. Ги испратија со збо-рови на благодарност. Елена рече дека ќе намине веднаш другиот ден, од работа.

Марија ја прошета целата куќа. Очите повеќепати и се наполнија со солзи. Но, не сакаше да ја видат мајка и и сестрите. Иако и тие го чувствуваа тоа. Таа нејзина неизмерна тага... Жал по детето... По среќ-ните денови поминати тука со Хелвиг. Веднаш потоа, пред очи И се мерна лицето на лекарот. И прозвучеа неговите зборови дека треба да се бори со ваквите состојби, да ги совладува, ако не сака пак да се врати во болницата... TaMy да остане уште многу долго...

Силно го стегна срцето... Буквално... И со рака го притисна одгоре, врз градите... Дојде кај мајка си.

Силно ја прегрна.

- Давајте што има за јадење, - рече со прибран глас.

Сите се развревија, поослободени. Почнаа да по-ставуваат за вечера. Од кујната дојде прекрасен ми-рис на турли-тава. Тукушто извадена од рерна. Во земјена тава. Марија слатко јадеше. Ги распрашува-ше сестрите за момчиња.

- Кај Лиле, послабо, - одговараше мајка им, на- место нив, но затоа кај Наде има колку што сакаш.

Наде го спушти погледот и се зацрвени.

- Баштака итреба, - рече Лиле. Да не биде будала како нас...

Викендот помина. Помина и целата следна неде- ла. И следниот викенд. Марија се охрабри. Не изле- гуваше надвор од куќата. Но, и кога ќе дојдеше некој да ги посети, не се повлекуваше во својата соба. Сфа-ќаше дека ќе мора, една по една, да ги совладува сте- гите. Да победува. И во сите моменти на кризи, на стравови, по некаков мајчински инстинкт, стануваше свесна дека секое нивно сузбивање, значи чекор по-близу до средбата со детето. Така стануваше силна.

Се договори да појде со Елена кај неа. На работа.

Да му телефонира на лекарот.

Само што зазвони и го кажа своето име, го слушна неговиот весел глас.

— Јас бев сигурен дека нема скоро да се видиме.

Ме изневери, - се пошегува.

- Можам ли уште да останам? - го праша Марија, со страв од негативен одговор во гласот.

- Секако дека можеш, иако ми е тешко без тебе, - пак се шегуваше лекарот, па додаде: - Ако не дојдеш ти, а како што гледам нема наскоро да дојдеш, ќе дојдам јас да те посетам. Ако ме поканиш, се разби- ра.

- Навистина би дошле? - праша Марија збунето, со неверување. -Еве, ве поканувам, - прозвуче среќ- но гласот на Марија.

— Тогаш, договорени сме. Ke ти се јавам преку Еле- на. По телефон. До видување кај тебе дома...

- До видување... Ќе ве чекам!

На лицето од Марија, Елена забележа радост и добро расположение.

- Не ме вика да одам назад во болницата. Вели, тој ќе дојде да ме посети. Просто не ми се верува дека постојат и такви луѓе... Во сите мои несреќи, тој ми е светлата точка...

- Сите лекари треба да се такви, - рече Елена, пре- грнувајќи ја.

— Треба, ама He се, - одговори Марија, но He про- должи.

Елена ја испрати Марија се до дома... намерно. И да не оди сама, а и да поразговара со неа насамо.

- Во врска со писмото од Хелвиг, ти советувам да He брзаш. Сфаќам дека би прелетала како пиле. Вед- наш. Но, мораш добро да се подготвиш. Да бидеш си- гурна дека таму се ќе помине добро. Нема да ти биде лесна таа средба. Со детето... Со сите нив. Таму.

- Во право си. Страшно ми е да го одлагам одење- то... Но и, страшно ми е да одам. Но, еднаш и тоа ќе биде. Ќе мора да се стегнат заби, - рече Марија, со болен грч на лицето.

Елена го виде тој израз на нејзиното лице. Се по-каја што го почна овој разговор.

- Ho, ти најдобро ќе си ce договориш со твојот ле- Kap, — и рече. - И Taka Ke TH дојде на гости.

- Не верувам дека ќе ми одобри... А можеби и би имал право... Не сум сигурна како би го поднесла се-то тоа и јас самата... Но, уште повеќе се плашам дека Хелвиг нема да ми даде друга шанса... Ќе рече — jac те поканив... ти не дојде...

— Не, не верувам дека така би постапил... ако има макар малку човечко во него... Биди оптимист... По-лека, работите една по друга ќе си доаѓаат на место.

Елена ја прегрна. Се поздравија и се разделија.

Марија со бавни чекори тргна кон дома. Им раскажа на мајка си и сестрите за разговорот по телефон со лекарот. Сите се развеселија. Мајка и веднаш се разо- де по куќи.

- Леле, како ќе го пречекаме тој човек. Како ќе се отчестиме...

— Не бери гајле мамо... Тој е многу скромен... Ќе видиш. Ќе си мислиш дека кој знае колку време се познаваш со него.

- A мори мамо, — се замеша Лиле, - зарем сме толку неспособни еден гостин да исчестиме. Па и по- веќе да се.

— Не кажа точно кога ќе дојде? - праша, се уште загрижено, мајка и.

- Ќе се јави преку Елена... Јас мислам дека тука, во градов, живеат неговата жена и децата.

Вечерните часови и беа најтешки на Марија. И во болницата, и дома... За среќа, беше останала по неко-ја книга уште од гимназиските денови, па имаше што да се прочита. На телевизијата најчесто прикажуваа тешки филмови, со војни, или криминални. Без таа да каже што било, сестрите веднаш го исклучуваа те- левизорот. И беа во право. Не само заради неа. За си- те. Само насилство, агресивност. Се што беше лошо кај луѓето, можеше да се види на тие филмови.

* XK Посетата Ha лекарот BO домот Ha Марија, за Hea бе-ше вистински празник. Па и за сите во семејството.

Мајка и не знаеше како да ја изрази благодарноста кон него, што и ја врати ќерката, здрава, дома. Двете сестри беа толку збунети, што не можеа природно да се однесуваат. Но, на лекарот сето тоа му беше многу нормално. Тој на сите им помогна да се средат, рас- кажувајќи еден шеговит настан што неодамна го прочитал во весник.

Времето на посетата не траеше многу. Лекарот об-јасни дека сопругата и детето ќе го чекаат на улица, во закажано време. Кога заминуваше, Марија го ис-прати до колата, која беше паркирана недалеку од куќата. Набрзина, намерно, таа го препраша дали да ја прифати поканата од Хелвиг да оди во Германија.

Да се сретне со детето.

Лекарот остана поназад од неа. Очигледно се ко-лебаше што да и каже... Сепак реши да ја посоветува:

- Оној момент кога самата ќе почувствуваш дека си доволно силна да го издржиш патувањето, да се сретнеш со Хелвиг, со синот, можеби и со свекорот и свекрвата, тогаш - тргни. Но, не порано. Немој да би-деш попустлива кон себеси кога ќе се преиспитуваш

- можеш или не можеш! Кога ќе решиш, ако сакаш јави ми се. Ќе се најдеме некаде в град... Ќе позбору-ваме... Тоа, верувај, нема да ти биде лесно... Ни реша-вањето, ни патувањето.

- Знам, - рече Марија. - Сепак ќе морам да пој- дам... По која било цена... Карл морам да го видам...

и можеби...

Лекарот сфати дека сакаше да каже - и да го зе-мам со себе - но, не се осмели... Самиот тој си помис-ли дека, барем за еден подолг период, тоа би било со-сем погрешно. Но, тоа не и го кажа... Дали е подобро Марија да живее со таква илузија? Со надеж, или не...

не беше сигурен... Сепак, надежта е подобра од без-надежноста... За секој, и најздрав човек, а камоли...

— Cera оди дома, одмори се. Излегувај почесто со Елена и со сестрите... Па, понатаму ќе размислиме и за некоја полесна работа... Дојдов до сознание дека ти би била прекрасен и многу педантен коректор...

во некоја печатница.

Марија го фати за раката. Не можеше да поверува во тоа што и го кажа лекарот. Не знаеше што да пра-ви од радост. Само поради тоа што го спомна врабо- тувањето. Идејата му беше прекрасна. Навистина би можела тоа да го работи.

- Ќе Me задолжите за цел живот, ако ми помогнете за работа. И навистина, тоа би го работела со задо- волство. Како да сте ми ги прочитале мислите. Многу би ми значело да имам своја заработувачка... Да не зависам од никого... Да не бидам на товар на кого би-ло... Па и на најблиските.

- Извини, јас веќе многу задоцнив. Ќе ти испра- там порака преку Елена... Па и ти јави ми се, - рече лекарот и влезе во колата. Замина.

Кога се врати дома Марија, сите забележаа дека лицето и свети од радост. Си претпоставија - поради нешто што разговараше со лекарот. Но, He ja прашаа.

И таа не кажа... Беше свесна дека сето тоа за кое збо-руваа може да се оствари, но не веднаш... А можеби и, не наскоро.

* XK Ha Марија He и ce веруваше дека ce наоѓа BO авион и дека лета кон Германија.

„Пред дваесетина дена, без никој да знае, My ис-прати писмо на Хелвиг. На адресата што ја беше ста-вил на ковертот од писмото, што и го донесе Наде во болницата. Ја забележа уште кога и го донесе сестра и в болница. Тоа беше адресата на фабриката во која тој работеше.

Одговорот стигна во поголем коверт. Во него има-ше авионска повратна карта и резервација за хотел-ска соба. Упатница за пари. Кога ги држеше сите тие работи в рака, на Марија и се збрложи главата. За малку што не се онесвести.

Во писмото, таа му напиша дека пред неколку ме-сеци е излезена од болница. Напиша дека се чувству-ва сосем здрава и се надева дека скоро ќе се види со Карл. Пред се сакаше да провери дали навистина Хелвиг е подготвен да и овозможи да се види со дете- то. Можеби тоа го напишал верувајќи дека нема да излезе од болница. Дека нема да оздрави. Или само сакал да провери во каква состојба е таа.

Марија не очекуваше таков и толку брз одговор.

Одеднаш се најде пред многу прашања. Требаше вед-наш да ги реши. Се колебаше дали да го исполни ве-тувањето што му го даде на лекарот дека, кога ќе се реши да замине на тоа патување, ќе му се јави. Од-носно, дека ќе разговараат. Сепак, му се јави по теле- фон. Пак од канцеларијата на Елена... И Елена прв- пат слушна дека Марија не само што се решила да за-мине кај Карл, туку дека и картата веќе е пристигна- та. Таа многу се загрижи.

Елена, и без да сака, го слушаше тоа што го гово-реше Марија на телефон. Според нејзините одгово-ри, се обидуваше да сфати што и вели лекарот.

- Да, размислив. Многу добро. Повеќепати се пре- испитував. Не можам да одлагам. Се е договорено...

Патувам в недела... Што и да биде, ќе издржам... Са-мо два дена... Знам дека верувате во мене... И јас вам ви пожелувам се најубаво... Веднаш ќе ви се јавам...

Истиот ден кога ќе се вратам!

Марија ја спушти слушалката. Не и беше лесно да и погледне на Елена в очи.

- Значи, реши... Е па, добро... Можеби тоа и за те- бе и за детето е подобро. Па и за Хелвиг. Ако можеш, избегни да одиш кај него дома...

— Тоа веќе е договорено. Хелвиг ми обезбедил со- ба в хотел. Сигурно таму ќе дојде со детето... Не, не, заборавив... Ќе дојдат со Карл на аеродром... Колку се радувам... Не заради Хелвиг...

Штом го изговори тоа, Марија се возбуди. Елена забележа, но не покажа. Не ни помислуваше да ја ра- зубедува. Би било уште полошо. Можеби средбата со детето ќе и даде нови сили да се бори со болеста.

Елена се обидуваше да ги разбере причините по-ради кои Хелвиг ја повикува Марија. Нешто мора да се изменило од тоа време, кога преку суд и го одзеде детето. Но, се додека не се врати Марија, ништо не може да се дознае. Уште еднаш ја препраша кога за- минува.

- Јаси мојот колега ќете испратиме на аеродром,

- и рече.

- Не мие пријатно пак да го ангажираш.

- Неетоа ништо за него. Тој одвај чека да оди не- каде подалеку со новата кола.

- Тогаш добро.

- Твоите, знаат ли?

- Денеска ќе им кажам...

- Ако сакаш, не кажувај им пред јас да дојдам. Ќе наминам попладне, околу пет часот.

Марија ја погледна со благодарност во очите.

Кога дојде Елена, попладнето, сите се развеселија.

Многу ги сакаа нејзините посети. Секогаш носеше некои нови вести. Раскажуваше интересни работи.

Но овој пат, откако таа приседна, чувствуваа дека не е расположена како друг пат. Можеби си има не-кои свои проблеми... Набргу се разбра причината.

- Ти одговори ли Хелвиг на писмото? - ја праша таа Марија.

Таа се збуни. Потоа сфати дека Елена нешто смис- лила.

- Да, - рече. - Меизненади колку брзо. И авион- ска карта и пари испрати.

Двете сестри и мајка и, останаа со отворена уста.

Не знаеја ни што да прашаат, ни што да прават.

- Штое оваа работа? - вчудовидено праша мајка и, гледајќи де во Марија, де во Елена.

- Марија му прати писмо на Хелвиг. Нели тој во неговото писмо, што стигна одамна, ја повика. Ако сака да се види со детето. Па еве, деновиве испратил и авионска карта и пари за пат.

- Зар со сиот памет Ke одиш пак Kaj тој... - мајка и не можеше да најде толку лош збор, колку што сака- ше.

— He kaj Хелвиг, кај него ни на крај памет неби и паднало да оди. Туку кај Карл... Мајчичка е. Нека си го види.

Сите замолчеа... Не рекоа ништо повеќе. Тогаш Марија се охрабри.

- За два дена, ќе издржам! Сакам со свои очи да видам што се случува со Карл. На сликите добро из- гледа. Па и да разберам какви му се плановите на Хелвиг, во врска со Карл. Можеби не сака повеќе да го чува. Можеби има нова жена.

Сите, па и Елена, се изненадија со каква смире-ност ги изговори овие неколку реченици Марија. Тоа донекаде ги успокои.

- И когатреба да патуваш, на кој датум? - праша Лиле.

Марија малку го одолговлечи одговорот. Знаеше дека пак ќе се вознемират, кога ќе слушнат дека ле-тот на авионот е само по два дена.

Така и беше. Само што го кажа денот на патување-то, сите три беа на нозе.

— Толку брзо?! — извикаа. - A, ако те побара лека- рот? Ако праша?

- Јас веќе му кажав, се договорив со него...

Кога го слушнаа ова, на сите како да им стана по- лесно. Штом лекарот дал согласност, тоа е веќе не- што друго. Тој најдобро знае како треба. Што може, а што не може да прави Марија.

Тогаш Елена намерно почна други разговори. На крајот, им кажа дека таа со својот колега, со кола ќе ја испратат Марија на аеродром.

- Ијасќе дојдам, - рече Наде.

- Немам ништо против тоа.

На сите овие подробности, Марија се сеќаваше во авионот. И на тоа што и велеше мајка и: да не дозво- ли Хелвиг пак да ја излаже, да остане кај него. Одвај подоздраве...

Колку малку ги знаеше мајка и сите работи што се случија таму... И сестрите... А од каде би можеле да знаат?! Но, Марија свесно го прекина размислува-њето за настаните што се случуваа тогаш, порано. Таа знаеше дека не смее да си дозволи да се враќа на тие случувања што ја одведоа в болница. Подобро да си мисли колку е пораснат Карл... Како ќе биде поната-му... Како еден ден ќе го доведе дома... Дали ќеја по-знае?... Многу беше мал... Срцето го чувствуваше во градите како растреперено пиле... Секој момент ќе излета...

- Слетуваме...

Тоа беше звучниот глас на стјуардесата... Допира-ше до неа како од најголема далечина...

Слегуваше механички по скаличките од авионот...

Целиот багаж - мала рачна торба. Играчки за Карл.

Едно комплетче - блуска и панталони, што му го ку-пија тетките. Две големи чоколади од Елена. Не беше свесна ни кога ги помина сите контроли, ни како се најде кај излезот. Кај што блиските си ги пречекуваат патниците.

Речиси зад сите што чекаа некого од патниците, стоеја Хелвиг и Карл.

Се поздрави со Хелвиг. Воздржано. Како навиен автомат... Очите и беа во Карл. Тој, малечкиот, петго-дишниот нејзин син... Тој се пикаше во панталоните од татко му. Не сакаше да ја испушти неговата рака, ни за момент. Со другата му ја беше обвиткал нога-та... Не погледнуваше кон неа. Како да му се закану-ва некоја голема опасност.

Марија се доближи до Карл и ги подаде рацете кон него. Избезумен поглед во неговите детски очи.

- Карл, сине!

Штом го допре, тој силно исписка. Повеќе луѓе по- гледнаа кон нив.

Марија си ги повлече рацете.

- Не вознемирувај се... Нормално... Детето не те видело неколку години... Ќе се подослободи, - збору-ваше брзо Хелвиг, сакајќи да ја олесни мачната си- туација...

Тргнаа кон колата на Хелвиг.

- Ќе седнеме некаде... Во некој ресторан, да се ос- вежиш, - објасни Хелвиг. - Јас не успеав дати кажам дека веќе сум оженет. Имам уште еден син... Поради тоа не те повикав дома.

Марија се изненади колку ладнокрвно го доживеа тоа што и го кажа Хелвиг. Нејзините мисли, нејзи-ните чувства сега постоеја само за Карл. Се друго бе- ше надвор од тоа...

Карл седна напред, на седиштето до татко му, а Марија на задното седиште, зад Хелвиг. Тогаш тој продолжи:

- Откако стигна твоето писмо, почесто зборувавме со Карл за тебе. За тоа дека ќе дојдеш. Па и мојата со-пруга Марша, му кажуваше дека, ете, ќе му дојде на гости и мајката што го родила... Дека таа му е мајка што го чува... но има и мајка што го родила... Ете, ка-ко јас што го родив Филип - му објаснуваше. Но, мал е за да може така лесно да ги сфати сите тие работи...

Навикнат е на Марша како мајка. Овие неколку го- дини...

Хелвиг зборуваше и возеше. Марија извади една од играчките. Му ја подаде на Карл. Детето не се ни сврте. Не сакаше да ја земе. Марија ја спушти во не- говиот скут. Карл не се ни помрдна. Слончето стоеше во неговиот скут. Тој седеше неподвижен, како да има бомба пред него.

- Не биди нестрплива, - благо ја укори Хелвиг.

Сигурно Карл си мисли - која ли е оваа непозна-та жена? Како може сега одеднаш да има две мајки - размислуваше Марија.

Таа го обвинуваше Хелвиг. Зошто да дозволи, де-тето сосем да ја заборави. Но, сега е доцна за тоа да се разговара... Неа ја опфаќаше очај... Почна да се пла-ши дека засекогаш го губи Карл.

Внимателно го погали по меката косичка... Гогаш Карл почна да плаче. Марија сфати дека многу е воз-немирен од нејзиното присуство.

Седнаа во еден ресторан. На маса со столови. На- двор. Карл седна на столот до татко му. Сакаше да би- де посигурен... Дека нема да го фаќа и гушка насила, оваа непозната жена. Марија се направи дека не го забележала тоа. Но, срцето и се згрчи.

Хелвиг погледна во очите на Марија. Сфати колку таа страда. Не беше рамнодушен.

- Карл, јасти раскажував за мамичка... Ти кажу- вав дека ќе дојде со авионот... Само да се видите. Не-ма да одиш сега со неа... Ќе останеш со тато и со...

Марша, и со малото братче... Сега само ќе се запо-знаете... И оваа мама те сака... Види каква убава иг- рачка ти донесла.

Марија ги извади и другите играчки. И костимче-то... Карл гледаше само во својот татко. Како да беше преокупиран само со мислата - како да се спаси, кол-ку побрзо да си одат дома. Не сакаше ни сок да испие.

Почна едно по друго да повторува:

- Ајде дома, ајде, сакам дома... - и по малку да потплакува.

- Да одиме во хотелот, Марија, - рече Хелвиг.

- Да, ќе мораме, - се согласитаа.

Не се ни обиде да го допре повеќе Карл. Не сакаше да го потресува. Не беше виновно тоа, малечкото...

Зошто да добива трауми...

... Плачеше на глас... Сама... Во хотелската соба...

Како низ сон слушна дека некој тропа на вратата...

Не отвори... Хелвиг не можеше да биде... А и да бе- ше...

Со сета своја измачена душа, стануваше свесна:

уште еднаш го загуби Карл... Нема веќе син... Засе-когаш... Макар еднаш да ro гушнеше... Да и дозволе-ше... Да го почувствуваше во својата прегратка... Ќе живееше со тоа... И го зедоа засекогаш...

Дали Хелвиг ќе успее да го доведе утре Карл?...

Ако биде со него, насила ќе го грабне в раце, ќе го гушне... Можеби Карл, кога ќе ја почувствува нејзи-ната мајчинска топлина, нема да ја гледа како туѓин- ка. Ќе сфати дека е некој најблизок, свој... И одеднаш ја опфати паничен страв: а ако не дојде со него? Мо-жеби нема повеќе да го види... Ја испушти можноста да му се приближи. Не направи доволно обиди...

Почна да се обвинува себеси.

Утредента се разбуди како во бунило. Не знаеше каде е... Колку е часот. Само знаеше дека легна и за-спа многу несреќна... Дека безнадежно плачеше...

5вонеше телефонот. Марија се плашеше да ja подиг- не слушалката.

- Ало, Марија... овде Хелвиг. Ќе дојдам во хотелот во четири часот попладне. Не грижи се. Летот на ави-онот е дури по два часа потоа.

- А Карл... ќе дојде ли Карл сотебе? - праша, брзо изговарајќи ги зборовите, од страв да не се прекине телефонската врска.

— Се разбира, ќе дојде. Ќе биде се во ред...

„.Што е тоа што ќе биде во ред? Се вознемири. На-бргу потоа се почувствува малку посмирено. Се оби-де, на сличен начин како лекарот, да си ги објаснува работите... Да ги сфати. Тој така ја учеше. Но, штом ќе помислеше на детето, свеста повеќе не делуваше.

Очите веднаш и се полнеа со солзи... Нешто силно ја притискаше во мозокот... Да му рече на Хелвиг, да го земе Карл?! Зошто при жива мајка да живее со ма-ќеа! Можеби самиот Хелвиг одвај ќе го дочека тоа...

Можеби и неговата жена го посакува тоа... Сега, кога си родила дете. Свое... Да проба... Да види како ќе ре- агира Хелвиг...

Слезе во ресторанот на хотелот. Се обиде да јаде нешто. Секој залак што го каснуваше, го држеше дол- го во устата и одвај го проголтуваше. Со сила го испи само млекото. Поради лековите. Му вети на лекарот дека нема ни еден ден да заборави на нив. Точно во определениот термин.

Чекореше механички по улиците. Покрај дуќани- те. Како за првпат да престојува во овој град. Сосем непознат. За таа година што помина во него, не за- памети ни една улица, ни една зграда... Град, туѓ...

Омразен за неа... Пак и течеа солзи. Можеше слобод-но да ce изнаплаче. Никој не ја познаваше... Taa ни-кого не познаваше. Па и да познаваше. Зарем на кого било од минувачите му е гајле за нејзините солзи?...

За нејзината неизмерна болка?...

Имаше доста време до часот кога Хелвиг треба да дојде во хотелот.

- Зарем не можел да земе слободен ден од рабо- та?! - си мислеше.

Дојде до реката... Седеше на брегот. На ладниот камен.

Ако сега Карл не ја познава, што ќе биде поната-му? Кој знае кога ќе може да дојде повторно... Се ќе биде загубено... Ќе му рече на Хелвиг дека, штом ќе се вработи, ќе дојде по детето. Да го земе... Сега на-вистина би било неможно... А и беше свесна дека са-мо до пред неколку недели беше в болница. Пак пла-чеше... Ако не дојдеше, немаше да знае дека детето сосем ја заборавило. Можеби ќе беше полесно да се залажува дека Карл одвај чека да ја види. Мала и бе-ше надежта дека нешто ќе се измени до средбата по-пладнево... За Карл, другата жена три години била мамичка. Кој може сега да му ја одземе? И на нејзи- но место да му даде друга...

Чувствуваше како некоја невидлива сила да и бу-ричка по мозокот... И го разматува. Марија се обиду-ваше да и се спротивстави. Да се бори со неа... На си-те дома им вети... На Елена... На лекарот... Не смее да ги изневери.

Одеднаш сфати дека е во собата во хотелот. Не знаеше кога дошла тука. Со такси или одејќи пеш. Се чувствуваше многу преморена... Гонеше... како во не-која густа непрозирна вода...

...Hekoj ја фаќаше по раката... Хелвиг. Откога не сум те сонувала. Како дојде ти тука? Кај нас? Не веру-вав дека кога било ќе дојдеш... А Карл?! Каде е Карл?!

— кога ro свика името на детето, срипа целата мокра од креветот. Вода течеше од неа. Како да одела по си- лен дожд.

Хелвиг и Карл навистина стоеја до неа. И требаше доста време да стане свесна за тоа. Сега Хелвиг го др-жеше цврсто за рака детето. Како да го застрашува некаква опасност од Марија. Таа стана и влезе во ба- њата. По подолго време, излезе оттаму. Измиена. Ис- чешлана. Прибрана. Изгледаше како да е преокупи- рана со самата себеси.

- Како помина на работа? - го праша Хелвиг. Ка- ко пред повеќе години. Како да го испратила утрото од дома на работа.

- Добро, онака, како и секогаш, - одговори Хел- виг збунето. Го зафати некое неспокојство. Чувству-ваше дека нешто се случува со Марија. Со нејзините нерви. Беше некако поинаква... Тогаш почна самиот да се обвинува. Не требаше да избрза со писмото што и го напиша... И со картата за пат... Се плашеше да не и се влоши здравствената состојба уште додека е тука. Пред да се врати дома. Нема да може да отпа- тува со авионот...

Детето, како да се подослободи... Таа, новата мај-ка, како да го остави на спокојство... Не му се добли-жува... Не се обидува да го гали... Да го земе в раце...

Тоа сето, Хелвиг уште повеќе го загрижи. Забележа дека Марија се почесто погледнува на часовникот...

Како да се плаши да не задоцни за на аеродром. А и времето наближуватше... Таа, без да биде свесна, дол- го спиеше.

Забележувајќи ја нејзината се поголема нервоза, Хелвиг предложи:

- Можеме да тргнеме...

Марија веднаш ја зеде, сега речиси празната тор-бичка и прва излезе од собата. Навистина не знаеја за што да зборуваат.

На аеродромот, Хелвиг во еден минимаркет сака-ше да купи некои работи. Да испрати за мајка и на Марија, и за сестрите. Кога тој го предложи тоа, Ма-рија остро одмавна со раката.

- Никако, - рече отсечно, со тон што не трпеше приговор.

- Барем за тебе нешто, - рече претпазливо.

- Не.

Тонот беше уште покатегоричен. Хелвиг во него почувствува гнев. Го полазија студени трпки.