Front Matter - Part 12
Карл гледаше избезумено во Марша. Таа беше толку бесна, што тој не се осмелуваше да и каже како дојде до тоа, поштарот писмото да му го даде в раце токму нему. Дека ова писмо е прво од таа жена. Откај може тој да се сеќава на неа, како на мајка, кога имал само две години, како што тие му кажувале, кога бил вратен во Германија? Сето ова што го зборуваше мај-ка му Марша му изгледаше толку сурово. Таа тргна пред него, со писмото в рака. Тој трчаше по неа со плачење.
Речиси цел час Карл седеше сам во својата соба, кога слушна дека се отвори влезната врата од куќа-та... Знаеше дека татко му си дојде од работа. Сакаше да му истрча во пресрет, но толку беше исплашен од мајка му Марша, што остана и натаму во собата.
- Кадее Карл? Зар нее дојден уште од училиште?
- праша загрижено татко му.
- Тука е. Кај него в соба!
Карл осети, по гласот на мајка му, дека уште не и е помината лутината. Од подотворената врата виде како мајка му, без што било да каже, му го подаде писмото на татко му, што беше дошло од жената.
Татко му, кога заврши со читањето на писмото, из-весно време молчеше. Тогаш Марша, не со истата го-лема лутина со која зборуваше со Карл, рече:
- Карл крие од насдека се допишува со мајка му!
- Но, зарем не забележуваш, по содржината, дека ова е прво нејзино писмо? - доста грубо и свика татко му... — Ти, од лутина, не си го сфатила Toa.
Кога тргна татко му кон неговата соба, Карл цели- от се тресеше.
- Здраво Карл - му се обрати како на голем.
В раце го држеше писмото.
— Како дојде ова писмо кај тебе? - го праша.
- Се враќав од училиште, ме сретна поштарот, и ми го даде. Баш пред куќата. Видов дека на ковертот е напишано моето име, и го отворив.
Гласот на Карл толку трепереше, што одвај ги со- ставуваше зборовите.
— Нема ништо лошо BO TOA, — му речетатко муи T'O прегрна за да го успокои. - Поиграј си малку, па доа- ѓај да јадеме.
- Не сумгладен, - брзо одговори Карл. Се плаше- ше сега веднаш да се сретне со Марша. Се напрегаше да слушне што ќе разговараат мајка му и татко му.
— Без потреба си ro обвинила детето. Јас веднаш претпоставив дека случајно поштарот му го дал в ра- це. Карл е многу мал за да може таква работа да крие од нас. Тој никогаш не поверува, кога му зборувавме за Марија... дека му е мајка што го родила. Ќе поми- нат уште години додека да сфати... Најважно е дека е таа подобра со здравјето!
— Ти, како да имаш грижа на совеста, - му рече Марша на Хелвиг.- Еве, и таа те обвинува. Пишува -се разболела од жал по Карл...
Карл, кој го слушаше разговорот, не ја разбра пр-вата реченица што ја кажа Марша... Но, последната ја имаше запамтено од писмото.
— Вината е и твоја, ако веќе сакаме да ce обвину- ваме. И ти, не само што се согласи да го земеме Карл, туку прва предложи... Твоја беше иницијативата...
- Сакаш да кажеш дека ти... поради мене...
— Таман работа! И jac сакав Карл да расте покрај мене. Јас да го воспитувам, а не Марија... За нас е добро... Со два сина... За Марија излезе трагично...
Или... можеби, кога се роди Филип, ти ce покаја Што настојуваше да го земеме Карл...
Марша не одговараше... Дури не се ни обиде да из-лаже... Да го излаже Хелвиг, во тој момент.
На Карл толку му беше збркано се во главата, што не можеше да мисли. Сакаше да истрча кај татко си...
Тој да му помогне... Спрема ова што пишуваше во писмото и од она што го разбра од разговорот меѓу татко му и Марша, тој навистина има уште една мај-ка, во друга држава... И, како што му пишуваше во писмото - го сака, жали за него. Би сакала да го види.
Го моли да и напише писмо... Сега не е толку болна...
како порано. Карл се зачуди колку го беше запомнил тоа што пишуваше во писмото.
- Карл, ајде да јадеме, - го слушна гласот на мајка му.
- Карл, веднаш доаѓај, гладен сум, - се придружи гласот на татко му.
Сега Карл сакаше да покаже дека е навреден од мајка му. Молчеше и не излегуваше од собата. Тогаш татко му дојде по него. Го зеде за рака и отидоа кај поставената маса. Карл осети како му тече солза по образот. Марша забележа, но не сакаше да покаже.
Навистина и беше криво што го нападна детето, но сосем беше извадена од такт.
Кога завршија со ручекот, татко му и мајка му сед-наа до Карл. Се обидоа да му објаснат.
- Сега си веќе поголем и можеме со тебе да збору- ваме, - татко му почна прв.
- Мајкати, бидејќи не сакаше повеќе да живее ов- де, во Германија, ме напушти. Те поведе и тебе. Ти тогаш беше многу мал. Немаше ни една година. Си отиде во државата од каде што ја зедов. Во Македо- нија. Таа таму немаше услови да те чува. И затоа јас те зедов од неа. Овде да живееш. Со мене и со Марша.
Мислев, додека таа да се снајде. Истовремено, ти малку да потпораснеш... Но, во меѓувреме, мајка ти се разболе... Еднаш, кога мислеше дека е оздравена, дојде. Но, истиот ден, мораше да си замине назад. Не беше здрава.
- Ти немој да се плашиш. Треба да се радуваш. Си- те деца имаат по една мајка, па еве и брат ти Филип, а ти две... Ако сакаш, ќе и напишеш писмо... Ако не сакаш, не мораш... Толку години помина со мене...
Таа ти е мајка што те родила... Јас, што сум те гледа-ла... Повеќе си мој, отколку нејзин, - Марша зборува-ше тивко, одбирајќи го секој збор. Таа не гледаше во него, ниту во Хелвиг.
Тогаш Карл истрча пред куќата и седна на скалите пред влезот. Се обидуваше некако да го разбере тоа што му го кажуваа мајка му и татко му. Неутешно плачеше. Ни Хелвиг ни Марша не излегоа по него.
Сакаа да го остават малку да биде сам. Подобро нека го преболи тоа.
По неколку дена, Хелвиг забележа дека Карл пи-шува нешто и дека сака да го скрие. Веднаш се сети...
Сепак почувствувал потреба... Истовремено, на Хел- виг му беше жал што Карл мора да решава такво тешко прашање, а се уште е толку мал. Многу сакаше да разбере што пишува детето... но, се воздржа. Се направи дека ништо не видел. Дури вечерта, кога Карл заспа, се реши да го извади писмото од негови-от ранец, и да го прочита. Карл и пишуваше на Ма-рија дека сега за првпат разбрал дека има две мајки.
Порано, Марша и татко му Хелвиг му кажувале, но бил многу мал и не можел тоа да го разбере. Многу му е жал што била толку болна, и се радува дека ќе оздрави. На крајот и испраќа искрени поздрави и Ја моли да му испрати своја фотографија.
Хелвиг се колебаше дали да и каже на Марша за писмото на Карл до Марија... Сепак и кажа.
- Немој да покажеш дека знаеш, - 1 рече катего- рично. - Остави го детето само нека го најде патот.
Полошо е да го водиме.
- Нетреба да сеучи да крие ништо од нас, - Мар- ша не му одобруваше на Хелвиг.
- Нека си има својинтимен свет. Не муе лесно, - ја пресече Хелвиг.
* XK Дента кога Bo болницата дојде писмо за Марија од Германија, веднаш му го дадоа на лекарот. Сепак бе-ше подобро тој да ја подготви за тоа изненадување.
Уште повеќе поради тоа што не знаеја што пишува во него.
Утредента, тој ја повика во својот кабинет.
- Колку години има Карл? — ja праша, како сосем попатно.
Марија почна пред лекарот да ги смета и годините и месеците, па и неделите.
- Колку пресмета? - праша лекарот.
- Девети половина.
— О, па тој е веќе момче!
Лекарот внимаваше на секој збор. Чувствуваше дека се што ќе каже, ќе биде многу важно за неа.
Марија го следеше секој збор на лекарот. Како да насетуваше дека сака нешто да и каже. Широко ги отвори очите и гледаше право во него... По тоа што тој се насмевнуваше, сфати дека не е нешто лошо.
- Марија, Карл е сега трето или четврто одделе- ние, нели? Тој сигурно веќе знае добро да чита и да пишува.
Марија го фати лекарот за рацете.
- Да не дојде писмо од Карл?! - свика.
- Ke ти кажам, ако ветиш дека, што и да пишува во него, ќе останеш цврста...
- Ветувам! - рече Марија и лицето и светна.
Лекарот знаеше дека писмото е од Карл, по дет-скиот ракопис на ковертот. Ако и она внатре е напи-шано од детето, тој веруваше дека не може да е не- што лошо.
Марија го истргна ковертот од раката на лекарот.
За малку ќе го скинеше. Отиде до прозорецот. Го от-вори со растреперени раце и почна да чита... Солзите и капеа една по друга... Но, писмото го пазеше... Не го наводени. Само го притисна до градите и шепоте- ше:
— Jac mak имам дете... jac пак имам син... Ми напи- шал самиот писмо, милиот... И фотографија бара да му пратам... Да си ја види мајка му... Има право дете-то... Од каде ќе ме знае?... Од каде ќе знае каква сум?... Како изгледам?...
Марија извесно време молчеше... Потоа се при-ближи кон лекарот и нежно го прегрна... Како да са-каше да му покаже колку му е благодарна... Тоа, само нејзиното срце го знаеше.
Здравјето на Марија од тој ден видливо се подоб-руваше... Сите се радуваа. Речиси целиот персонал Ја знаеше нејзината историја и многу ја жалеа. Затоа, кога здравјето ќе и тргнеше на подобро, гледаа што повеќе да помагаат.
Зачестија и посетите на нејзините сестри. Елена не пропушташе ни една недела, да не дојде. Наско-ро, од дома и донесоа една од најубавите фотогра- фии. Да му ја испрати на Карл. Му прати и писмо.
До одговорот помина доста време... Но, лекаротја убедуваше дека треба да биде многу трпелива. Карл е малечко момче. Му треба време да се навикне, дека таму, некаде далеку, во некоја далечна земја, има уш-те една мајка, за која првпат станува свесен...
И навистина така испадна... Писмото од детето се-пак дојде... Во него и неколку фотографии... Од учи-лиштето... речиси сите...
Марија се чудеше, како се согласиле Марша и Хел-виг, Карл да и одговори на писмото. А уште повеќе, не сфаќаше што ги преобразило до таа мера баба му и дедо му, па не го спречуваат да и пишува писмо.
Пред се, како ги натерале да му ги даваат писмата што ги испраќа таа. A можеби He се ни живи...
* XK Bo следните недели, лекарот постапно, речиси He-осетно, ја воведуваше Марија во средувањето на биб-лиотеката... Таму помагаше и една друга од болни-те... Била наставничка во основно училиште. Навис-тина имаше многу книги. Беа расфрлани на сите страни. Покриени со прашина. Марија беше пре- среќна што му ја исполнуваше желбата на лекарот.
Со секој нов ден, просторијата заличуваше на вис-тинска библиотека. Рафтовите беа исчистени. Кни-гите избришани од прашина. Ги наредија по азбучен ред.
Дел од просторијата оспособија за мала читална.
Со неколку маси и столови. Марија се повеќе ја заса-куваше оваа работа. Поголемиот дел од времето во денот, почна да го поминува тука. Лекарот беше мно-гу задоволен. Гледаше дека Марија оваа работа ја ра-боти од срце. Дека со посебна грижливост, дури со њубов, се однесува кон книгите.
Марија почна да привлекува болни, чија здрав-ствена состојба тоа го дозволуваше. Да стануваат ре-довни читатели. Нивниот број стануваше се поголем.
Бидејќи некои од книгите Марија ги имаше прочи-тано уште во гимназиските години, а некои ги чита-ше тука, таа им препорачуваше што да читаат, рас-кажувајќи им дел од содржините. Кога лекарот тоа го забележа, стана уште повеќе сигурен дека Марија треба да ја задржи во постојан работен однос во бол- ничката библиотека.
- Марија, сакам нешто да ти предложам, но немој да брзаш со одговорот, - и рече едно утро.
- Пак нешто си смислил, - му дофрли шеговито.
- Се договорив со директорот, ако сакаш, да се вработиш како библиотекар во нашата библиотека.
За платата ќе се договориме.
Додека ова го зборуваше, лекарот забележа збуне-тост на лицето од Марија. Некој измешан израз на изненадување и радост. Истовремено, како да не бе-ше сигурна дали го разбра.
- Дали добро сфатив? Сакаш да ме вработиш, ов- де, како библиотекар, во редовен работен однос?!
— Точнотака. Сега е дваесет и деветти, а по два де- на, повели на работа! Платата ќе ти тече од следниот месец!
Марија го прегрна лекарот и се расплака од ра- дост...
Лекарот се ослободи од нејзината прегратка...
— Jac пак мислев, нема да сакаш да останеш... Bo викендите, се разбира, ќе можеш да си одиш дома, да ги посетуваш домашните. Понатаму, и во другите денови.
Утредента, една од болничарките и донесе на Ма-рија работна облека. Не и се веруваше. Прв редовен работен однос. На крајот од месецот, како и сите вра-ботени во болницата - своја плата. Тоа што останува-ше и натаму во кругот на болницата, воопшто не и пречеше. Напротив, се радуваше дека ќе може да им помага на другите болни. Преку книгите, преку раз-говорите... А свесна беше дека на тој начин и самата ќе закрепне... Најважно од се е што по толку време, ќе има и своја материјална сигурност. Свои пари... Не знаеше колку... но свои... Ќе може по нешто и да за-штеди... Еден ден ќе може да се сретне со Карл... Не.
Нема повеќе да оди таму... Во Германија... Ќе го по-вика Карл на гости... Да ги запознае своите најблис-ки роднини... Неа... својата мајка, што го родила...
Кога разбраа за најновата вест, мајка и и сестрите не знаеја дали да се радуваат или да се грижат... Ма-рија се врзува подолго за болницата... Можеби и по-стојано ќе остане таму... Дали е тоа добро за неа?
Елена веднаш ги охрабри. Да биде покрај тој ле-кар уште извесно време, за Марија е многу добро. А со таа работа што ија предложил, нема да се чувству-ва болна... Тоа што ќе биде вработена и што ќе прима плата, ќе и ја врати смислата на животот... Ќе биде свој човек.
Во писмото што му го напиша Марија на Карл, са-мо го извести дека се вработила како библиотекар.
Му кажа дека тоа е една од работите што најмногу ги сакала, отсекогаш. И ете, и се исполнила желбата.
Сега веќе може да го покани во време на распустот да ја посети неа, и баба му и тетките. Верува дека тат-ко му нема да го одбие, односно дека ќе го пушти. За маќеата ништо не пишуваше.
Утредента влезе во библиотеката, облечена во ра-ботната облека. Никогаш не би можела да опише што чувствуваше. Набргу дојде и лекарот, и неколку од болничарите. Сите кои овие години и помагаа во најтешките моменти, сега ја искажуваа радоста и и честитаа.
Марија навистина беше како во сон. По честитки-те и добрите желби за успешна работа, гостите си отидоа. Остана сама. Се чувствуваше необично. Не и се веруваше дека тоа нејзе и се случува... Дали ќе ус-пее? Дали здравјето ќе и помогне во тоа? По малку време, дојде и другата колешка, со која заедно ќе ра- ботат. Нејзиното присуство и влеа поголема сигур- ност. Две од книгите си беше одбрала за читање. За себе. Набргу дојдоа првите читатели. Од првите ис- куства, сфати дека најважно од се е да ја стекнува нивната доверба. Да комуницира со нив како една од нив... Во тоа брзо успеа. Со секој нов што ќе наврате-ше во библиотеката, се здобиваше со ново искуство.
Стануваше посигурна.
Во библиотеката почнаа да навраќаат и луѓе вра-ботени во болницата. Тие си поседуваа. Разгледуваа какви книги има. Тоа сега не беше тешко, кога кни-гите беа средени. Од друга страна, сите ги освојуваше насмевката на лицето на Марија и нејзиното внима-телно однесување кон нив.
Во последното писмо, Карл и пишуваше на Мари-ја дека татко му и Марша се согласиле тој да дојде во Македонија за време на зимскиот распуст. Само тре- ба таа да му каже кога, точно на кој датум... Марија плачеше од радост... Писмото веднаш му го покажа на лекарот.
- Ете, и тоа ќе се случи, само требаше да се има повеќе трпение.
- Се издржа некако, - прошепоти Марија возбу- дено.
- Можам да си замислам колку ќе се радуваат и баба му и тетките, кога ќе разберат!
— Но, jac сега нели сум секој ден на работа... Како ќе биде кога ќе дојде Карл?
Марија се обидуваше да разбере дали во тоа вре-ме, кога ќе дојде Карл, таа ќе може да не доаѓа на ра-бота... Не би сакала да ја види... Во оваа средина.
- Се разбира, Марија. Штом детето ќе се Јави дека доаѓа, ќе добиеш слободни денови. Има доста месе-ци дотогаш. Биди спокојна.
Но, времето до доаѓањето на Карл брзо помина...
За Марија, како во магла. Се почесто се допишуваа.
Беа објаснети сите подробности. Во куќата на Мари-ја беше пречистено секое катче. Баба му најмногу се беспокоеше дали ќе ги бендиса јадењата што ги гот-ви, и питите што ги меси.
За Марија единствено прашање беше - како ќе се однесува Карл кон неа? Можеби како кон туѓинец?!
Таа беше свесна дека, ако од негова двегодишна воз-раст не ја видел, не може да очекува тој да ја чувству-ва како мајка... Но, зошто да оди со претпоставки?
Средбата со Карл, и неговиот престој тука, ќе покаже каков ќе биде нивниот однос.
* XK Ha договорениот ден, cute беа будни од раните ут-рински часови. Марија одвај да беше спиела два-три часа. Спиеше во некој кошмар... И се чинеше, се ус- пала... Задоцнила на аеродромот... или дошла таму, но откако сите патници слегле од авионот, Карл го немало... Дека не го познала...
Облечена во новиот фустан, што си го купи од платата, застана пред огледалото да види дали фри-зурата не и се расипала. И сестрите и мајка и беа све-чено облечени. Месото се печеше во рерната. Дури и компирите беа излупени. Готови за печење. Мирисот на тукушто испечената пита се ширеше низ целата куќа.
Кога свирна колата, Марија истрча. Набрзо потоа, влезе во колата и тргнаа на аеродромот. Многу воз-будливи моменти, и добри и лоши, и поминаа во из-минатиот дел од животот... Оваа средба со синот, по толку години, предизвикуваше во нејзината душа најразлични чувства. Срцето и беше стегнато. Дали детето Ke и дозволи да го гушне?... Како мајка...
Кога стигнаа на аеродромот, Елена и даде и некој лесен седатив, иако знаеше дека пие лекови што И ги препорачува лекарот. При слетувањето на авионот, на Марија и се стори дека престана да дише.
Карл излезе четврти по ред. Влезе во просторија-та каде што блиските ги пречекуваа патниците. Ма-рија и Елена забележаа на јакната од момчето соши-ени крупни букви - КАРЛ... Марија потрча, но колку наближуваше до него, толку ги забавуваше чекори-те... Не смее да избрза... не смее да направи што било со кое ќе го иритира. Во рацете немаше ништо. Тие му беа слободни. Работите му беа во ранец на грбот.
- Здраво Карл, - му се обрати, подавајќи ги кон него истовремено двете раце. Потоа се сети и додаде на германски:
- Добре ни дојде.
Ја сретнаа две насмеани очи на момчето, кое по-даде рака и поздрави на германски. Се ракуваа, но Марија не се реши да го прегрне. Тогаш, Елена и нејзиниот колега се приближија до нив. Марија му објасни на Карл дека тие се нејзини пријатели и дека се дојдени со кола.
Во колата, Марија му кажа дека дома ги чекаат ба- бата и тетките.
На влезната врата од куќата, Карл се поздрави со тетките со ракување. Но, бабата не издржа и го бак-на, гледајќи со виновен поглед кон сите. Карл не се побуни.
Само првиот час изгледаше дека нема да може лесно да се комуницира. Но, тоа брзо се надмина. Си-те јадења му се допаѓаа. Се обидуваше да разбере по некој збор, со повторување и прашување. Му намес-тија да спие во посебна соба.
Кога Карл легна и заспа, на сите како да им олес- на. Не беше лесно да се зборува на друг јазик. Мари- ја имаше тешка задача да им преведува на сите. Што прашуваа и што одговараа.
Кога останаа сами во претсобјето, Марија речиси низ солзи им велеше дека не и се верува дека Карл дошол. Дека е тука! Дека спие во нејзиниот дом...
Следните денови, Карл и самиот се чудеше колку убаво се чувствува во домот на овие четири жени...
Како отсекогаш да бил тука. Блискост и топлина го заобиколуваше од сите страни. И со децата со кои се запозна, а кои живееја во околните куќи, брзо се спријатели. Постојано го викаа... Дури почна да оди во нивните куќи. Не само децата, туку и нивните бра-ќа и сестри, па и нивните родители, се однесуваа кон него како кон некој што одамна го познавале. Го по-честуваа, зборуваа со него. Иако на македонски, тој како по некое чудо, брзо почна да ги разбира. Наско-ро научи да ги изговара оние зборови кои секојднев- но му беа потребни.
Истото се случи и со децата од роднините, со него- вите братучеди. Не ретки беа и поканите да се посе-тат некои роднини, каде Карл одеше со задоволство.
Се беше некако поинаку, отколку таму кај нив, во Келн. Колку беа овде чудни луѓето... Одделуваа вре- ме за него. Разговараа со него. Не им пречеше што се уште беше мал. Се шегуваа... На моменти му изгледа-ше дека овие луѓе овде немаат некои големи грижи.
Неколкупати, откако ќе си легнеше Карл, уште не длабоко заспан, осеќаше дека мајка му Марија се до-ближува до неговиот кревет и нежно, со очи полни со њубов, гледа во неговото лице... Му стануваше жал за неа... Не знаеше и самиот, како се воздржуваше да не стане и да неја испогушка. Но, не сакаше да пока-же дека ја видел. Тоа нека си остане нејзина и него- ва тајна.
На Карл се му беше интересно. Како беше намес-тено во куќата на мајка му. Како готвеа. Како разго-вараа меѓу себе тетките. Од сите, најинтересна беше бабата... Си ги замислуваше оваа баба тука и онаа во Германија, кога би биле заедно, една покрај друга, и му стануваше смешно... Колку се различни! Карл од бабата во Келн се плашеше, иако растеше во истата куќа каде живееше таа. Чувствуваше дека не го сака.
Дури понекогаш му се чинеше дека го мрази... Дека би му направила нешто лошо. Тоа никогаш не му го кажуваше на татко си. Да не го налути. Сепак му е мајка.
За Марша никогаш не беше сигурен дали го сака, но се грижеше за него. Понекогаш изгледаше како да и е Ha товар, а друг пат, како да е многу приврзана за него. Татко му, чувствуваше дека ги сакаше еднак-во - него, и помалиот брат. Карл беше убеден во тоа.
Петнаесетте дена од престојот на Карл брзо поми- наа. Колку малку и изгледаа на Марија... Но, и на Карл не му се одеше... Ја замоли Марија да одат во пошта, за да зборува со татко му и со Марша. Мари-ја не претпостави дека тој ќе бара од нив да остане уште извесно време. Кога го слушна разговорот, Ма-рија се уплаши, Хелвиг да не помисли дека таа го убедила Карл да остане. Но, одговорот на татко му беше категоричен. Ќе го чека утредента на аеродро- мот. Карл се разочара. Тогаш Марија го прегрна и му рече:
- Негрижи се, сега ќе биде полесно. Подобро тат- ко ти и Марша да видат дека сите се придржуваме на договореното. Да имаат доверба и друг пат да те пуш- тат. За летниот распуст, ќе го убедиме татко ти да ос- танеш еден месец.
Карл ја прегрна Марија со двете раце. За првпат откако дојде. Таа го изгушка и го бакна.
— Немој да плачеш, - и рече... - Те молам.
Марија набрзина ги избриша солзите.
- Од радост, — му шепнаи пак го прегрна.
- Јас многу сакам, пак да дојдам тука. Поинаку е отколку кај нас... таму... За малку време, многу деца запознав. Ца и големи. Таму He се дружиме CO нико- ro. Не одиме на гости. Никој He не посетува... Tu cu толку добра! И баба... И тетките... И Елена ме сака...
— Итаткотие добар...
Марија се уплаши Карл да не ја праша зошто го напушти, ако е добар. Тешко би можела тоа да му го објасни. Премногу е мал. Само не можеше да издр- жи, па го праша:
- baba tu и дедоти, добри ли се со здравјето?
Карл направи гримаса, како да сакаше да избегне да зборува за нив...
- Да, добри се...
Потоа застана, како да се колебаше дали да каже дека не се многу блиски. Со него и со Марша.
- Тие влегуваат од друг влез. Го направија за да не се сретнуваме.
Од тоа што го слушна, Марија многу сфати. Значи, не се во добри односи ни со новата снаа? За да ja пре-градат куќата и да влегуваат од различни влезови...
И Германката не им чини. Убаво ги построила... Не-каква зла радост и го исполни срцето.
— Го сакаш братчето? Мора да ти е многу мило!
- Филип? Да. Многуе сладок...
- Татко ти, кого повеќе го сака?
- И двајцата...
- А Марша?
Карл како да размислуваше.
- Идвајцата, - рече решително, како да сакаше да нема друго вакво прашање. - Сакам на Филип да му купам подарок... Ќе ми помогнеш ли ?
— Секако... Jac ќе му купам, од мене.
— Не, сакам од мене, - беше категоричен Карл.
Тогаш заедно тргнаа да купуваат подароци.
На самата Марија не и се веруваше, дека оваа раз-делба со синот, на аеродромот, ја прими како сосем нормална. Тој беше тука. Сега ќе оди да ја заврши школската година. Потоа пак ќе дојде... По неколку месеци. Ќе се допишуваат. Секоја следна година ќе биде се поголем, повеќе ќе разбира.
Така и се случи. Натамошниот живот на Марија беше исполнет со нови содржини. Беше среќна со ра-ботата во библиотеката. Таа наскоро се претвори во вистинско катче за рехабилитација на болни кои за- здравуваа. Марија не им беше само библиотекар.
Стана десна рака на лекарот во враќањето на заздра-вените пациенти во нормалниот живот.
Покрај издавањето на книги, во читалната се ор-ганизираа и разговори за книгите, и за разни други теми. Библиотеката наскоро доби подарок - телеви- зор и видео, од некоја хуманитарна организација.
Сите беа радосни. Лекарот и Марија беа задолжени за програмите што ќе се пуштаат пред пациентите.
Мораше да се води строга контрола.
Во библиотеката, Марија откри една книга за рач-на изработка на најразлични предмети од домаќин- ството. Му предложи на лекарот да се организира таква работилница. Таа се вклучи и во подготвува-њето на културно-уметничките програми во кругот на болницата.
* XK Следното доаѓање Ha Карл траеше подолго. Речи-си целиот летен распуст. Не можеше да се каже кој е посреќен - Марија или Карл. Дури отидоа и на кра-ток престој во еден прекрасен град со чудесно езеро.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/hatred-deep-mc/12 on October 29, 2026