Front Matter - Part 01
Драгица Најческа ИЗБРАНИ ДЕЛА ОМРАЗА - ДЛАБОКО Edicija IZBRANI DELA Urednik Vele Smilevski Dizajn na koricata i kompjuterska obrabotka Vladimir Sidorovski
© DIJALOG ДРАГИЦА НАЈЧЕСКА ОМРАЗА - ДЛАБОКО ДИЈАЛОГ РОМАН ШТО СЕ ЧИТА „НА ЕДЕН ЗДИВ“ Драгица Најческа е потврден автор во македонската литература. Пишува за возрасни и за деца. Своевремено, во својата антологија на македонскиот расказ д-р Хара-лампие Поленаковиќ ја застапи со еден нејзин текст, што беше знак дека таа уште во младоста покажала заложби и резултати кои не останале вон од фокусот на вниманието на антологичарот. Оттогаш наваму објавила десетина кни-ги во посочените две сфери на нашата книжевност.
Најновото дело на Драгица Најческа навлегува во со-цио-психолошката страна на еден проблем што се врзува за личната трагедија на поединецот, во конкретниов слу-чај, на Марија, Македонка, во почетокот среќно омажена за туѓинец, потоа мајка - се додека не дојде во ситуација да живее во Германија под ист покрив со родителите на сво-јот сопруг. Оттука се тргнува наопаку за неа, по еден кра-ток период на заедничко живеење во многу студена (иако на око бесконфликтна) атмосфера. Всушност, тоа студени-ло, истиот поглед во очите на сопругот и свекрвата и вис-тинската причина за таквиот однос Ha les beaux parents, a без ниту еден директно изречен збор лице в лице во тек на подолго време, ќе ја натера Марија на бегство од Герма-нија, се разбира, заедно со својот син Карл. За надвореш-ниот свет тој нејзин потег е неоправдан: тешка (беспри- чинска) повреда - брачна, и етичка - во сопружничките односи. Токму затоа и „правдата“ е на страната на нејзи- ниот сопруг кој, со бракоразводот ќе издејствува - поради разнишаното здравје и неповолниот социјален статус на Марија во нејзината татковина - право на одземање на де-тето од мајката. Со тоа младата мајка ќе биде психички скршена, што - во склопот на околностите останувајќи и без детето - ја води во долгогодишна изолација во душев-на болница, каде што случајно и ја наоѓа една нејзина со-ученичка, Елена, која потоа ја презема иницијативата за чести контакти со болната на која ќе и ја даде и својата мо-рална поткрепа. Токму таа, Елена, и ќе открие дека оној студен однос на старата германска брачна двојка спрема својата снаа произлегува, пред се, и најмногу од се, пора-ди погибијата на мошне близок роднина на свекрвата во земјата на Марија, каде што тој бил во улога на окупатор-ски офицер. Кон тоа, секако, не помалку придонела и „гор-доста“ поради нивното чувство за „чистата“ германска ра-са, кое - и толку години по сломот на Хитлерова Герма-нија - живее во постарата генерација, индоктринирана од неофашизмот и неговата идеја за „надрасата“. Затоа — спо-ред сето ова - на Марија и не ќе и биде местото во нивниот дом и во животот на сопругот Хелвиг. Хелвиг кој, инаку, не ги споделува сфаќањата со своите родители, сепак пре-молчано се предава на родителските желби, така - со двој-ството во себе - и самиот станувајќи жртва на семејната традиција. Меѓутоа, дури и со нехуманата постапка спре- ма мајката на своето дете, тој е, без сомневање, човек: ни подобар ни полош од мнозинството на планетава, со свои недостатоци (недораснатост за брачни односи) и позитив-ни одлики (како професионален стручњак, но и со не со-сема угасената совест во однос на Марија, со грижата за синот чија „полузагадена“ крв во ниту еден момент не мо-жела да биде причина за отуѓување - како што тоа се слу-чило со неговите родители).
Романот завршува со половичен хепиенд, со најчове-чен и најмногу можен компромис меѓу животот и њубов-та, диктиран од „опстојателствата“. Марија, сепак, излегу-ва здрава од болницата, свесна за сложеноста на пробле-мот, но и уверена во искреноста на Хелвиг дека ќе го чува нивниот заеднички син и дека ќе му овозможи дел од го-дината да го поминува со својата вистинска мајка...
Постои во романов уште еден лик (втората сопруга на Хелвиг, која по цврстината на карактерот се јавува посил-на и од свекрвата и свекорот, но и како мошне коректна втора мајка на малиот Карл, па и кон нејзе непознатата Марија).
Романот „Омраза - длабоко“ се чита „на еден здив“, а припаѓа кон т. н. „женска литература“, но не со нејзините црно-бели шематизирани решенија, туку со чувство за мерка и осет за своевидна справедливост.
Проф. д-р Георги Сталев АФИРМАЦИЈА НА ВОЛЈАТА НА ЧОВЕКОТ Најновото дело на Драгица Најческа, романот „Омраза
— длабоко“ се надоврзува на нејзиното досегашно твореш- тво, добро познато и убаво примено од нашата читателска јавност, и кое за неговите уметнички дострели секогаш би-ло компетентно вреднувано од македонската литературна критика. Сакам да нагласам дека таа со своите текстови секогаш умеела да го привлече вниманието, посебно на младиот читател, обидувајќи се со продлабочена, но и урамнотежена психолошка анализа на своите ликови да врши позитивно влијание врз него.
Во досегашниот литературен опус на Драгица Најческа, речиси без исклучок, се обработуваат теми од современиот живот. Во овој нов текст, авторот на некој начин продол- жува една позитивна нишка на незадржлива внатрешна хероика на ликовите. Ставајќи ги во контекст на кон-фликтни животни ситуации, тешкотии, безизлез, кои тие мораат да ги разрешат пред се во себе, ги доведува во ис-кушение нивната цврстина и стоицизам, доблести кои на крајот им помагаат да ја понесат со себе сета своја трагич-ност и несреќа и да научат да живеат со нив како со соста-вен дел од нивните животи.
Заплетот на делото, иако темата е современа, и главни-те јунаци се млади луѓе од ова наше денешно време, не во-ди до корените на национално-националистичките страс-ти од времето на Втората светска војна и трагичните по-следици од нив. Станува збор за еден мешан брак на Маке-донка и Германец кој, пренесен од Македонија во далеч-ната непозната средина, се судира со генерациите од вој-ната и потклекнува, не можејќи да опстои против длабоко вкоренетите предрасуди наследени од војната.
Во ова општествено историско милје, авторот ја гради ија развива животната судбина на главната личност - Ма-рија, која доживува длабок душевен слом. Неприфатена од семејството на њубениот сопруг Хелвиг, таа во еден мо-мент на длабока криза, земајќи го со себе нивното мало дете, се враќа кај своите. Дома, нејзината криза се про- длабочува. Нејзиното психичко растројство расте и во еден момент, кога судот и го одзема детето и го доделува на таткото, достигнува кулминација. Таа ќе се најде во психијатриска болница. Седум години, тука во болницата, таа се бори со извонредна сила на волјата за живот, да ги совлада во себе мислите што ја држат заробена зад бол-ничките решетки, за најпосле да се потврди како личност со здрава психа, која ќе биде вработена во болницата како библиотекар и некој вид терапевт, кој им помага на лека-рите во лекувањето на другите болни. Марија успева да воспостави и една нова рамнотежа со своето семејство, ка-ко и со сопругот и со синот Карл.
Во градењето на сите ликови во романот, преку голема продлабоченост и веродостојност на нивната психа, авто-рот успева сосем да ни ги доближи, поради што тие се до-живуваат како вистински, живи личности.
Социјалниот амбиент, кој е впечатливо присутен во де-лото, не влијае во правец на тоа да го потисне широкото општочовечко значење на темата.
Основната содржина на делото е многустрано актуелна во современиот живот на човештвото. Не само со пробле-мот на мешаните бракови, кој е се поприсутен во нашето време, поради меѓунацоналните нетрпеливости од нај-различен вид во многу земји во светот, туку и со афирма-цијата на позитивната енергија на волјата на човекот, која во делото на авторот наоѓа своја целосна потврда. Авторот успева, со една нему својствена динамика, со лирски воде-но дејство на заплетот и расплетот, да го држи вниманието на читателот од почетокот до крајот.
Проф. д-р Димитар Бошков Одеше сосема отсутна, замислена, по единствена-та права улица во градот. Во него првпат престојува- ше. Сосем непознат. Беше допатувала службено.
Пред малку. Со автобус. Наближуваше пладне. Сон-цето силно припекуваше. Пријатно сонце во рана пролет. Првиот впечаток за гратчето не и беше до- бар. Несредено, нечисто.
Во еден момент, повеќе сфати, отколку што виде, две раце се вчепкаа во нејзините раменици, стегну-вајќи ja до болка. Рацете беа на жена, спровнати меѓу две метални шипки од ограда на двор на двокатна зграда. Како низ решетка го здогледа нејзиното ли- це. Нечисто. Неизмиено. На него необично светкаа две црни очи. Избезумен израз во нив. Неисчешлана црна коса. Беше облечена во нешто што личеше и на домашен фустан и на ноќница. Се сретна со погледот во нејзините очи. Во очите на жената од другата стра-на на оградата... во мигот... некоја чудна радост, мол- ба... вик.
Нејзината корава уста повеќе како крик ги кажу-ваше овие зборови: „Ти си ми спасителка, ти, ти, са-мо ти можеш да ме спасиш. Да ме извадиш одовде!
Ти ќе им кажеш на докторите која сум. Дека сум шко-лувана... Паметна... Не сум за овде... Здрава сум!“ Тоа беше очајнички крик. Страшен крик на неви-но осуден. Повик за милост. За милосрдие.
Тогаш на Елена, во мозокот, во сознанието, и до-пре: пред психијатриската болница сум. Се сети дека и расправале за таа болница и за тешко болните во неа. Покрај жената што се уште ја држеше за рамена- та имаше и други жени. Слични на неа.
За Елена веќе немаше сомнение: жената со рацете впиени во нејзините раменици е Марија. Нејзината другарка од училиштето. Од класот.
Се слушна себеси како и шепоти на Марија. Сосе-ма благо. Обидувајќи се да делува смирено. Спокој- но.
„Ќе ти помогнам... ќе разберам...“ Елена меко ги стави своите раце врз рацете на Ма-рија, која се уште цврсто ја притискаше како давеник својата последна надеж.
- Верувај ми. Веднашќе одам кај докторите. Се ќе разјаснам.
— Ти... Елена, нели ме знаеш? Знаеш многу добро која сум?! Тие ме направија ненормална... - растре-вожено и панично зборуваше Марија.
- Коитие? - праша Елена, пак тивко. Се обидува- ше да зборува смирено. Уверливо...
- Мајка муи татко му на мојот сопруг. На мажот МИ. Ти се сеќаваш на Hero. Нели те запознав... Не, тој ни малку He e виновен! Тој беше прекрасен... Тој MHO-гу ме сакаше... Тие се виновни! Тие се вистински убијци! Тие ми го одзедоа моето дете... Детето ми го зедоа... Се ми зедоа... И здравјето ми го зедоа...
По последните зборови, како да се уплаши од тоа што го кажа за здравјето, па брзо додаде:
— Сега не... Сега сум добра... Со здравјето... И док- торите така рекоа... Но, тогаш, зошто не ме пуштаат...
Се приближи брзо до Елена и како во доверба и шепотеше:
- Знам зошто. Тие оттаму даваат пари. Потплату- ваат... За да бидам тука... Затворена... Јас сум во ло-гор... Ти гледаш... A и моите, — He запираше Марија.
- ...Мајка мии сестрите... Знаеш дека имам две сес- три... И тие лесно ме предадоа. Мене и детето. Кут-риот мој - Карл! Тој... знаеш каде етој? Таму кај нив.
Сам. Без мене. Без мајка...
Грч на ужасна болка... на лицето. И се искриви.
- И моите се плашат да си одам дома. Мислат ќе им бидам товар... Те молам, те преколнувам. Кажи им, ќе најдам работа. И детето ќе си го земам од кај оние монструми... Моето малечко...
Страшен плач... Нејзиното слабо тело се тресеше.
Беше неиздржливо да се слуша... Taa целата почна да се грчи. Ги отпушти рацете од рамената на Елена...
Двајца силни, крупни болничари дотрчаа и ја од-влечкаа кон внатрешноста на зградата. Болничарите, на непознатата за нив, Елена, и упатија погледи со укор. Секако сметаа дека е виновна за тоа што бол- ната толку се вознемири.
Елена долго го слушаше пискотот на Марија. Ги разбираше нејзините зборови: моето дете, мојот ма-лечок, сам таму, кај тие изроди...
Стоеше како нозете да и се беа закопале в земја.
Не можеше да направи ниту еден чекор. А и како да замине?! Сето ова што се случи пред малку, нема да ја остави на спокојство. Ke ja преследува. Работата за-ради која беше дошла во градот можеше да почека.
Седна на првата ограда од блиската куќа. Малку да се прибере.
* XK Елена ce сеќаваше Ha Марија од втората година Ha средното училиште. Се сеќаваше на денот кога нив-ната класна професорка ја доведе на час:
- Вашата другарка заостанала со учењето поради болест. Ве молам да и помогнете. И да се дружите со неа.
Набргу потоа, Елена забележа. Во очите на Мари-ја имаше насобрано многу тага. Делуваа болно.
Имаше во нив и некои необични траги од жолтило.
Потоа разбра - подолго време боледувала од жолти- ца. Челото, не многу високо. Густа, црна, остра коса.
Кусо, самоделски истрижана. И стоеше како четка.
Штркната нагоре. Излитено палтенце. Демодирани чевли. Деформирани. Стара, кожна, излижана од долго носење, јакна.
Седеше долго време сама. Во последната клупа.
Како придодадена на класот. Речиси никој не и се приближи. Повеќе денови. Вистина е дека тогаш Ма- рија личеше на постара сестра на другите соученици.
Уште повеќе што седеше стуткана таму назад, на таа последна клупа. Како да сакаше да остане незабеле- жана.
Прва Елена го прекрши својот отпор. Потоа и дру- гите. Не станаа блиски пријателки. Но, се дружеа.
Кога наближа матурата, Марија веќе го беше совла-дала заостанатиот материјал. И помогна и дарбата убаво да раскажува. А и не пишуваше лошо. Имаше смисла за аналитичност. Се задлабочуваше во про-читаното и донесуваше свој суд.
По матурата, долго не се беа сретнале. Дури, при една неочекувана средба, на Елена и се стори дека Марија сака да ја одмине. Да не се поздрави. На ули- ца. Зарем нешто и се замерила? Ја стигна покрај еден дуќан за чевли, силно осветлен. Ја фати за рака:
- Ej, како си? Каде си ce забрзала? — ми свика.
Марија навистина сакаше да ја избегне таа средба.
Се срамеше од својот изглед. Од облеката. Фризура- та. Толку беше збунета, што ништо не одговори.
- Што правиш? Како си? — ja праша повторно Еле- на. Истовремено почувствува дека прашањето не и е на место. Одговор имаше во изгледот на нејзината другарка. Ни трага од волја за живот...
- Студираш ли? - праша тогаш Марија. И некак- ва чудна, не непријателска завист и светна во очите.
Како за некое богатство, нејзе недостапно.
Скоро со чувство на вина... Елена и кажа дека сту- дира.
* XK Елена ce упати KOH болничката зграда. Одвај ja пуштија внатре. Ја придружи болничар.
На сестрата што ја пречека, и се обрати:
— Би сакала да видам некои од лекарите... Да пра- шам во врска со болната Марија... - Се колебаше за презимето. - ... Петровска. Дали го имаше сменето при мажењето?
Сестрата ја одведе до една врата, на која пишува-ше „дежурен лекар“. Тропна.
- Слободно, влезете - се слушна однатре, од кан- целаријата.
Влезе. Лекарот беше застанал зад работната маса.
Како да ја очекуваше. Релативно млад човек. Црни очи. Измазнета коса. Грижливо негувани мустаќи.
Блага насмевка на лицето и во очите.
- Повелете...
Елена возбудено рече:
- Дојдов да прашам за Марија Петровска. Таа ми е другарка. Многу блиска.
- Во принцип, не даваме информации. Освен за најблиските од семејството - рече лекарот, но како да се колебаше, ненаметливо гледајќи право во неј-зините светлозелени очи.
- Но ние со Марија сме многу блиски. Четири го- дини во училиштето седевме во иста клупа. Ве мо-лам... Многу ве молам...
Лекарот ги крена рамената. Од фиоката во работ-ната маса извади зелена картонска папка. Очиглед-но со документите на Марија. Веднаш го здогледа не-јзиното име и презиме на корицата од папката. И ја подаде на Елена. Потоа излезе од собата.
На Елена и трепереа рацете. Што има во тие лис-тови хартија? Што е запишано во тие редови, што и ја запечатило судбината на нејзината кутра другар-ка?... И личеше на пресуда... Се плашеше да почне да чита... Потоа брзо го голташе секој збор. Како некој да можеше да и ги земе. Во моментот. Имаше и под-влечени редови. Со црвен фломастер. Повеќето од напишаното ja опишуваше состојбата во која ce нао-ѓала кога е примена. Овде, во болницата.
На неколку листа од папката, пишувани со масти-ло, Елена го препозна ракописот на Марија. Во нив Марија, со убави зборови и многу тажно, го опишува-ше своето сиромашно детство и другите години во време на школувањето. Сигурно и беа некој вид днев- ник. Тука беше напишала и за тоа дека од минимал- ната плата на татко и, работник во железницата, се издржувале трите сестри и невработената мајка. Пи-шуваше и за искинатите чорапи што им ги давале комшиите, како од милост. За кои сите се карале и тепале. За блузите и здолништата. Смалени. Демо- дирани. Износени. За оскудното јадење.
Заврши со читањето. Докторот беше во собата. Не го сетила кога влегол.
- Докрај не разбрав. Што се случило пред да се разболи? Дали има некоја непосредна причина...
- Досега ништо не можевме да извлечеме од неа.
Многу се вознемирува кога ќе почнеме разговор за нејзиниот сопруг. Детето избегнуваме дури и да го спомнеме. Ја фаќа паничен страв. Се обидов да раз- берам нешто повеќе од домашните. Од двете сестри...
кога беа на посета. За нејзиниот живот со сопругот во Германија многу не знаат. Таа сосем малку им ка-жувала за таму. Ни еден лош збор за сопругот, па ни за неговото семејство. Кога дошла со детето, мислеле дека е дојдена на гости...
...Елена се сети на последната средба со Марија.
Делуваше толку беспомошно. Исплашена од мож-носта да и се растури бракот. Од опасноста да и го зе-ме детето нејзиниот сопруг... Но оттогаш, ниту и се јави, иако и го побара телефонот, ниту се сретнаа по- веќе. Елена мислеше дека односите со мажот Мари- ја си ги средила и затоа не ја побара.
- Има ли изгледи да оздрави?... Нешто да се по- добри?... - праша несигурно.
- Засега тешко... Но, никој не може да предвиди...
Правиме се што можеме.
Лекарот ја испрати до вратата, пред која стоеше болничар. Тој ја придружи до излезната врата од болницата.
* XK Bo моментите кога и стануваше подобро, Марија без да сака се враќаше назад, на многуте и далечни настани што претходеа. Тие и се редеа пред очите, некогаш испревртени, а некогаш во вистинскиот ре- дослед. Најчесто, ноќе. Кога повеќето од болните за- спиваа. Веројатно потсвесно, најмногу сакаше да се сеќава на деновите кога се запозна со својот сакан чо- век. Потоа и сопруг. Татко на нејзиното дете.
„Целиот тој ден работеше, како и многупати по-рано, кај сосетката Рада. Ја чистеа куќата и переа алишта. Доцна попладнето, кога речиси се стемни, откако јадеше, Рада и подари доста убав мантил, со кремова боја. На Марија и се чинеше - беше најуба-вото што го облекла дотогаш. Долго стоеше пред ог- ледалото. Излезе на улица. Сакаше да тргне кон плоштадот. Дома не и се одеше... Само што излезе, се врати постојаното чувство на депресија. До кога ова понижување:?... Не можеше да студира. He може- ше да се вработи...
Стоеше нерешително на аголот од улицата. Сосем отсутна. Можеби затоа не сфати веднаш, дека некој млад човек на мотор беше застанал токму пред неа.
Штом проговори на странски јазик, само со по некој македонски збор, знаеше дека е странец. Но, се раз- браа. Бараше од неа да му помогне да дојде до неко- ја нова фабрика. Во предградието. Таа не знаеше за фабриката, но се обиде да му објасни каде се наоѓа населбата што ја бара. Сфати дека тој не разбра. По-гледна околу себе. Можеби некој друг минувач ќе по- могне. Но не помина никој. Странецот ја замоли да седне зад него на моторот. Да одат заедно дотаму. Да му покаже. Во првиот момент тоа ја уплаши. Сакаше брзо да побегне. Тој ја допре меко по рамото, сфаќај-ќи дека ја исплашил. Одмавна со раката, со намера да продолжи натаму. Само со насмеаните сини, чис-ти како на дете очи, и се заблагодари.
Марија се колебаше. Почувствува дека е поткупе-на од таа детска насмевка во неговите очи. Стравот и го снема. Седна на моторот, зад него. Заедно ќе ја најдат побрзо. Се пристемнуваше. Иако тешко може-ше да го слуша од шумот на моторот, странецот се обидуваше да и објасни... Чуварот треба да му каже во кој хотел е резервирана соба за него. Ќе остане из-весно време во градот. Ќе монтира машини што се произведени во фабриката каде што работи. Марија не беше сигурна дали да му верува. Дали сето тоа не го измислил. Но, по некој инстинкт, чувствуваше де-ка е добар човек. Најпосле, си мислеше, што и да се случи, ќе може да се одбрани.
Лесно ја најдоа. Фабриката. Беше сосема надвор од градот. Стигнаа пред куќичката на чуварот. Во неа светеше фенерче. Слично на оние што ги носат же-лезничарите ноќе. Стариот чувар веднаш излезе, за-грнат со шинела. Странецот му објасни што бара.
Чуварот влезе во куќичката и оттаму донесе плико.
Му го даде на странецот. Секако, тоа беше резерва- цијата. Странецот му заблагодари. Чуварот намурте- но погледна во Марија. Кој знае што си помисли.
Потоа тие пак се качија на моторот и заминаа во гра- дот.
Застанаа некаде во центарот. Заедно со странецот прочитаа кој хотел беше запишан во писмото. Мари-ја го одведе до влезот на хотелот. Му подаде рака на разделба.
- Нетиго кажавниимето, Јас сум Хелвиг, - и рече и се уште ија држеше раката.
- Марија, - тивко го изговори своето име и брзо си ја повлече раката.
Потоа тој нерешително ја замоли да го побара. Би-дејќи, еве знае каде е сместен. Ако сака...
Утредента, не многу доцна вечерта, долго шеташе во близина на хотелот. Сепак, не се реши да отиде та-му и тргна кон дома. Откако измина неколку чекори, некој и ја стави раката врз рамото. Од зад неа. Тој бе- ше. Ја препознал.
Оттогаш, речиси секојдневно се наоѓаа. Тие сред-би и го исполнија животот. И донесуваа радост. Не-говото присуство во нејзиниот живот личеше по мал-ку на настаните од приказните. Од убавите приказни.
Наскоро стана и чест гостин во нивната куќа. Нико-гаш со празни раце. Но, не само поради тоа, сите до-ма го засакаа. Беше ли толку добар? Не знаеше. Но во нивниот дом беше постојано присутна неговата насмевка на лицето. Ведрина, што ја внесе за првпат.
Се научи по нешто да зборува и на македонски. Беше весело како ги изговараше повеќето од зборовите.
Но деновите, како сите броени денови, брзо поми- нуваа. Изброени како на војник на отсуство.
Сосетките не ја криеја зависта и њубомората кон неа. Кон сите нив. Откако се појави странецот. Не мо- жеа да бидат рамнодушни кога ќе ја видеа Марија.
Воопшто не личеше на онаа поранешната. Модерно и скапо облечена. И толку многу радосна. А таа, кога ќе поминеше со Хелвиг, чувствуваше дека тие се тука некаде, зад завесите. Зад полуотворените врати. Пол-ни со завист. Дури понекогаш ќе слушнеше и префр-лање на лоши зборови: „Ќе ја влече, ќе ја влече, па ќе си замине... Ја плаќа, како што се плаќаат „такви“...“ Марија се обидуваше да не им обрнува внимание. Ду-ри, уште повеќе, тој нивни однос ја тераше да поми-нува покрај нив со поисправена глава.
Самата Марија не знаеше со што го придоби Хел- виг. Се уплаши кога сфати дека чувството кон него не е само пријателско. Како ќе може без него? Откако ќе си замине? Чувствува ли и тој нешто повеќе од пријателство кон неа? Ни во соништата не би можела да го измисли... Толку добар. Убав човек. А ете, суд-бината однекаде и го донесе.
И, зошто, како што се случува во соништата, вре-мето на среќните денови се ближеше кон крајот?
Работата заради која беше пристигнал тука, привр- шуваше. Се монтираше последната машина. Како што и кажа Хелвиг. Марија не сакаше да мисли на тоа. Ноќе, скриена од темнината, тивко си поплаку- ваше. Зарем од почетокот можеше да знае што се ќе се случува меѓу него и неа? Се се одвиваше толку спонтано. И затоа тогаш не мислеше на крајот. Рабо- тите, настаните, сами го диктираа сето што се случи меѓу нив. Беше беспомошна. Му се препушти на тоа прекрасно чувство... Дојде само од себе. Па и да завр-
* XK Деновите до заминувањето Ha XeJIBUT ce Opoeja Ha прсти. Марија ce чудеше, дури и ce разочаруваше од неговото однесување. Не забележуваше никакви промени. Изгледаше дека тој нема намера да замине.
Како да не им претстои разделба. Си мислеше... Ако во секоја земја во која тој монтира машини има по некоја девојка, која ја остава на заминување, тогаш тоа за него е нешто сосема обично...
Шетаа покрај реката. Доцна навечер. И го сврте со двете раце лицето. Кон неговото. Очи во очи.
- Ќе дојдеш ли со мене? - гласот му беше топол, но и решителен.
Марија во мигот заплака. Од радост. Од жал. Не- решителност. Знаеше. Го сака... Силно се приви до него. Долго стоеја замолкнати. Повеќе не ја препра- ша.
Не му одговори со зборови ни другиот ден. Ја из-мачуваа многу прашања. Како токму неа ја одбра? Ја најде? Од целиот свет, што беше отворен пред него?
Не е ли ова некаква привремена приврзаност? Како да тргне? Каде со него? Без свои средства за живот?
А ако не се реши на тој чекор? Ќе раскине ли? Ќе ја прекине ли, жестоко кон себе, па и кон него, оваа Jby-бов? Што потоа? Ако навистина среќата на нејзиниот живот стои тука, сега, пред неа?! Ако таа зависи само од оваа нејзина одлука?!...
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/hatred-deep-mc/1 on October 29, 2026