Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Hatred - Deep

Front Matter - Part 03

By Драгица Најческа · Part 3 of 13 · About 22 minutes

Read in English

Тоа Марија не ја охрабри. А зошто пак да не ја са-каат? Колку убаво се согласуваат со нивниот син. Се сакаат од првиот момент кога се сретнаа. Еве сега ќе им роди и внуче. Прво внуче. Поради тоа ќе бидат најмногу среќни. Си мислеше.

Хелвиг силно ја прегрна. Како да сакаше да ја ус- ПОКОИ.

зе зе зе Елена, речиси по две недели, пак заввони на вра-тата од бараката кај што живееја мајката и сестрите на Марија. Сега беше решена да влезе внатре и да разговара со нив. Со сите.

Излезе мајка и. Не ја препозна. И нормално. Ја имаше видено само еднаш или двапати. Уште доде-ка учеа во гимназијата.

Гледаше во неа со подзамижаните, кусогледи очи.

Збрчкана околу очите, околу устата. Многу повеќе отколку што би требало според годините.

— Кое беше ти, девојче? - и рече.

- Другарка на Марија, заедно учевме...

- Марија нее тука, - побрза да одговори, некако уплашено.

- Знам, - рече. - Ја видов. Бев на пат. Незнаев де- ка е во болница. Но, добра е. Разговаравме. Сака да види некого. Од домашните.

- Знам, душо. И нам ние многу жал што одамна не сме ja виделе. Пусто, се нема и пари, а и далеку е...

- Може да влезам? - рече Елена.

- Како не, повели, - рече старата како без волја, се истави од вратата и и направи пат на Елена.

Елена приседна на столчето крај вратата. Двете сестри беа дома.

- Како ти беше името? - и се обрати Елена на средната по возраст сестра.

- Лиле.

- Што работиш, или учиш нешто?

- Работам како дактилографка, во една фирма, - одговори Лиле без да брза. - Истовремено сум и сек-ретарка, а ја водам и архивата.

- Тоа еубава работа, сигурно е и интересна, - рече Елена, а така и мислеше.

По кусо молчење, Елена им кажа зошто всушност е дојдена.

- Деновиве се готвам повторно да одам кај Мари- ја, - и се обрати Елена на најмалата, на Наде... - Ако сакаш, и ти можеш да дојдеш кај сестра ти со мене.

Ќе купам две карти. Ќе земам и некои работи за неа.

Убаво е да се видите. Да не мисли дека сите сте се от-кажале од неа. Дека не ја сакате. Дека не сакате да оз- драви. Да си дојде дома.

Елена сето тоа намерно го зборуваше. Им се обра-ќаше на сите нив. Нешто како укор. Најмалата сес-тра гледаше де во мајка си, де во поголемата сестра.

Бараше од нив одобрување. Пред да одговори.

— Како, мајче, не ќе сме ја сакале, - рече одеднаш мајката. - Неја најдов на патот. Чедо ми е. Сите прс- ти на раката исто болат. Ќе оди Наде. Како не ќе оди со тебе? Неколкупати девојчињата беа. Пак ќе одат.

Ама... нема многу корист... таа уште не е...

- Тогаш, Наде, деновиве ќе поминам да те земам.

Ќе ти кажам точно кој ден ќе одиме.

Девојчето се прерадува. Изгледа таа, најмалата, најмногу ја жалеше. Или така и се стори на Елена.

Таа се понадева дека по патот нешто повеќе ќе разбе-ре за Марија од Наде.

* XK Ha настаните што беа поврзани CO доаѓањето Ha Марија и Хелвиг во домот на неговите родители, Ма-рија во болницата воопшто не сакаше да се навраќа.

Долго време, некаде длабоко, со целото свое битие, бегаше од нив. Се бранеше. Но, нешто, како некој нејзин невидлив непријател однатре, од самата неа, да ја тераше тоа да го прави. Да мисли за се што се случуваше тогаш. И за најмалите, ситните работи.

Можеби тоа беше некоја нејзина потреба да ги преис-пита нештата. Да се увери дека за се што се случи не-маше нејзина вина. Имаше потреба сето тоа да го из-вади од себе. Премногу и тежеше. Потиснато некаде таму. Во потсвеста. Со никого несподелено. Никому нераскажано.

...Kora тргнаа Ha пат кон родниот град Ha XeJIBUT, срцето и се стегаше при помислата дека, ете, за прв-пат ќе се сретне со неговите... Тие ќе станат дел од нивните животи.

...Takcu ги довезе до една висока железна порта.

Со црна боја. Стоеја пред двокатна зграда. На сите прозорци - спуштени ролетни. Како да нема никој жив. Лаење на куче однатре. Посака да побегне...

Какви очи Ke ja сретнат? Што ќе И кажат? И се стори дека Хелвиг го избегнува нејзиниот поглед. Имаше ли нешто што не и кажа?

Хелвиг му подаде пари на таксистот. Раката му трепереше. Потоа заввони. Црната порта се подотво- ри. Кон Хелвиг подадоа рака, еден по друг, двајца средовечни луѓе. Мајка му и татко му. Русокоси, сла- би. Воздржана насмевка на бледите лица.

Во моментот кога се свртеа кон неа, виде две мас- ки. Две скаменети, сурови лица. Непријателски по- глед во двата пара очи. Ладна рака во нејзината рака.

Од неговата мајка. Потоа... од неговиот татко. Како во тој момент да и објавија војна. Како да се ракуваат со непријател.

Хелвиг изгледаше сосем отсутен. Во шок.

Мајка му прва се совлада. Ги поведе по долгиот полуосветлен ходник. Потоа, во собата за гости.

Почнуваше животот со овие луѓе. Непознат. Под ист покрив. Во нивна куќа. Не ветуваше многу.

По неколку недели, Марија стана свесна дека тој, нејзиниот сопруг, нејзиниот Хелвиг, врската со неа, во овие години заеднички живот, ја беше сфатил ка- ко врска која трае сега, но дали и утре, или можеби -целиот живот, - тоа ќе види. Се до нејзината бреме- ност. Исто така и стана јасно - неговите родители очекувале дека ова поврзување на нивниот син со ту-ѓинката ќе биде обична забава. Таа еден ден ќе завр- ши. Синот ќе си дојде дома. Сам. Без неа. Дури како да се надевале дека нема ни да ја запознаат.

Сега, сите како да се излажани. Таа како да ги на- дитри. Како со сила да им се пикна во куќата. Со секој нов ден сфаќаше дека не ја сакаат. Уште повеќе од тоа, дека ја мразат. Веќе не можеа да ги додржат дури ни наместените насмевки на лицата. И тие исчез- наа...

Во куќата, се зборуваше за болна педантерија. Уш-те вториот ден, кога дојде слугинката, на Марија и стана јасно дека други раце ја одржуваа таа чистота и ред во куќата. Собите во кои се сместија со Хелвиг, беа на горниот кат. Дури и во бањата што им беше ставена на располагање, се светеше. На Марија и бе-ше страв да згазне, а камоли да се мие и бања. Изгле-даше како во неа жив човек да не влегуваше. Во спал-ната соба имаше два кауча. Не - брачен кревет. Иако беше јасно дека неодамна била подготвувана. За Хел- виг и за неа.

Само првите неколку дена ручаа, вечераа и поја-дуваа заедно. Со мајка му и татко му. Слугинката по-ставуваше и креваше од масата. Марија многу се пла-шеше да не остави лош впечаток кога јадеше. За на-чинот на кој јадеше. Колку и што ќе јаде од тоа што се поставуваше на масата. Тоа сето ја оптоваруваше.

Јадењето и претставуваше вистинско мачење.

Се израдува кога Хелвиг и кажа дека од следниот ден ќе јадат посебно. Горе на катот. Но, од друга стра-на, Марија се чувствуваше повредена. Како да беа из- бркани. Беше сигурна дека одлуката за ваквото од- делување е донесена поради неа. Но, за тоа не му ре- че ништо на Хелвиг. Не сакаше да создава нови проблеми. Истовремено и стана полесно. Ke го нема веќе оној церемонијал што се приредуваше во време на ручеците. Кога имаше точен термин во кој мора-ше да се седне да се јаде. Кога секој имаше свое одре-дено место. На кој стол ќе седне кога се ручаше. Слу-гинката, со бела престилка и бело капче на главата, го служеше ручекот. Јадењето се сервираше со посе-бен редослед. Марија не можеше да голта во таа вко-чанета атмосфера. За топол збор и насмевка, не мо- жеше да стане збор.

Со тага, Марија се сеќаваше за вревата и брборе-њето со сестрите кога јадеа дома. За тоа, како ги кара-ше мајка им да не се смеат и да не зборуваат додека ручаат.

Во оваа куќа, кај овие луѓе, имаше чувство дека будно се следи секое нејзино движење. Постојано го чувствуваше погледот на мајка му на Хелвиг. Иако прикриен. Упатен кон неа. Како да се плашеше да не скрши нешто. Да не оштети нешто во куќата. Да не се измени нешто од востановениот ред на работите.

Често, Марија чувствуваше дека нема воздух во собите. Со каква радост би ги растргала тие дебели драпери. Но, и самата помисла на тоа, веќе ја плаше- ше. Кога Марија ќе земеше некој предмет во раката за да го разгледа - а нив ги имаше насекаде со десе-тици, прекрасни украси, - мајка му на Хелвиг вед-наш ќе се створеше крај неа. Кај и да се наоѓаше во куќата. Изгледаше како чуварите во музеите.

Поради целиот тој однос кон неа, Марија ужасно се чувствуваше. Како да беше затвореник. Ќе може ли да издржи долго во овој железен кафез? За Хел-виг, сето тоа веројатно е сосема нормално. Тој тука се родил и израснал. Поради тоа не можеше да разбере.

Сепак, понекогаш сакаше да се обиде да му објасни колку работи и пречат, ја притискаат. Правеше or- ромни напори да им се допадне на татко му и мајка му на Хелвиг. Но, беше свесна дека тоа воопшто не и успева. Дури напротив. Со секој нов ден, беше се по- далеку од нив.

Со татко му на Хелвиг многу малку се гледаше. Тој беше презафатен и доаѓаше дома само за оброците и за починка по ручекот. Но, и во тие куси средби, Ма-рија забележуваше дека на неа долго се запира студе-ниот поглед на неговите безбојни очи. Поглед полн со потценување и надменост. И имаше уште нешто, полускриено, во тој поглед. Нешто, што кај Марија предизвикуваше чувство, како да треба во мигот да стане и засекогаш да си замине од куќата. Колку и да го избегнуваше тој негов поглед, не можејќи да го поднесе, неретко го сретнуваше. Како да се надеваше дека при новата средба ќе се измени нешто во него.

Дека таа, со сета своја скромност, дури и некаква по-низност, ќе го придобие. Но тој презрив поглед во очите на овој студен деловен човек, се оцртуваше се поотсечно и понеповратно. Беше свесна дека нејзи-ната срдечност, непосредност, со која ги придобива-ше другите луѓе, никогаш нема да допре до него. На- против. На моменти стануваше неиздржливо. Во овој тежок воздух во куќата. И се чинеше дека вдишува нешто тврдо, опоро. Нешто што и го загрозува и жи- BOTOT.

Bo вечерните часови, кога се поретко остануваа ca-ми со Хелвиг, одвај се воздржуваше да не зборува со него за сето тоа. Отворено. Не се осмелуваше да го почне тој разговор. Најмногу поради тоа што и сами-от Хелвиг сите овие месеци се повлече во себе. Вооп-што не личеше на оној млад човек што го запозна и засака. Чувствуваше дека се повеќе се оддалечува од неа. Вечерта кога сепак се реши да разговара со него, тој држеше пред себе едно стручно списание. Таа сфати дека само гледа во неговите редови, а мисли на нешто сосем друго.

- Хелвиг, - тивко прозборе. Гласот незадржливо и трепереше. Се чувствувааше како беспомошна, не-заштитена дивеч што претчувствува голема опас- ност...

- Хели, дали нешто те измачува? Зошто не ми ка- жуваш? Ништо не ми кажуваш...

Хелвиг нервозно одмавна со главата... По изразот на неговото лице сфати дека нема да зборува... Дека има нешто што не би сакал да и го каже. Или не може да и го каже. Една по друга, и надојдоа мисли. Теш-ки, мачни. Не можеше да ги отфрли. Толку ја беспо- коеја. Дали, можеби, мајка му и татко му зборувале со него 3a неа? Против Hea? Му настојувале да ја oc-тави?! He ja сакаат! И веднаш ce укори самата себеси:

зошто се измачува со такви претпоставки? Не знае ништо сигурно. Што ако сето тоа е само плод на неј- зините стравови?

- Хели, - Марија не се откажуваше. Не се помиру- ваше со тоа молчење, што навестуваше нешто недоб- ро. - Ми се чини... дека не им се допаѓам Ha твоите...

Хелвиг не сакаше да се сретне со нејзиниот по- глед. Тој сфаќаше дека во тој поглед, со кој ги бараше неговите очи, е целата нејзина надеж. Или нејзина-та пропаст. Што ќе и каже со тие свои очи? Хелвиг го криеше одговорот во полусветлото на ноќната ламба.

Му ги фати рацете со двете раце. Само што не за-плака... - Хелвиг, што не е во ред?...

Зарем ќе плаче? Можеби и тој не ја сака веќе. Мо-жеби би ја напуштил ако не е бремена. Можеби со подруги очи гледа на неа. Сега. Во својата куќа. Кај своите родители... Но нема сили тоа да и го каже.

Повеќе недели се тука. Во неговиот дом... Не ја за-позна со свои роднини. Не ја претстави на свои при- јатели. Ја снема целата нејзина слобода. Колку им беше убаво сами: Хелвиг и таа...

Неколку дена потоа, повторно се обиде:

— Хелвиг, Хели, кажи ми што било... Кажи ми... Се плашам... - го молеше.

- Ќе биде се добро, — рече толку тивко, што I про- звуче сосема спротивно.

Другиот ден, и сите денови понатаму, сосема ја из-губи желбата за јадење. И се чинеше дека некој И по-дава милостина. Па и таа, не од срце. Туку онака, ка-ко да се сака сосила да се покаже великодушност. И, секако, само поради нејзината бременост. Веројатно, и за неговите родители, тоа беше единствената при-чина што ја задржуваат во домот. Дури и таа самата почна да размислува - дали таа нејзина бременост и неа не ја спречува да го напушти нивниот дом? Се плашеше дека сите овие околности можат во неа да предизвикаат чувство на товар од бременоста. Дека може да не го сака толку многу тоа дете што го оче-кува... Но веднаш ги отфрлаше таквите помисли.

Многупати, потајно се надеваше дека ќе се јави потреба Хелвиг повторно да отпатува во друга држа-ва по работа. Како порано. Или барем во друг град.

Само тоа би можело да ги спаси. Нив двајцата. Нив-ната њубов. Но, дали неа уште ја има? И од негова страна? Зошто не познава никого од тие таму, во фабриката каде што работи Хелвиг, тие што кажува-ат каде да работи? За да ги моли. Да го испратат не- каде. Или зошто не му рече на самиот Хелвит? Тој да предложи. Но, Хелвиг веднаш би сфатил колку таа не ги поднесува неговите родители. Дека не може да живее со нив. Не знаеше дали самиот Хелвиг одлучи да дојдат да живеат кај нив. Или, тоа го бараа од него неговите родители. Да остане дома. Сигурно се пла-шеа, ако пак замине сам со неа, дека таа сосем ќе го придобие. Дека нема повеќе да се врати дома.

Сепак, еден друг ден, при попладневниот одмор, му рече:

— Хели, колку ни беше убаво кога патувавме...

Хелвиг ја погледна. По изразот во тој негов по-глед, Марија виде дека тој сфати што се содржи во таа нејзина реченица. Таа нејзина воздишка... И пак никаков одговор. Беше очајна и беспомошна.

Марија не знаеше што се случуваше во душата на нејзиниот Хелвиг. За неа беше тајна дали и што се изменило во него самиот од нивното доаѓање тука, во Германија. Всушност, тој како да се излади кон неа од денот кога стигна првото писмо од неговите родители. Тоа беше одговор на неговото писмо. Пис- мото што им го испрати кога пристигнаа со Марија во Германија. Што му одговорија неговите родители на тоа негово писмо? На веста за идната негова жена, како што можеа да насетат?... Не и кажа ни збор...

Долго се мислеа како да му одговорат на тоа пис- мо. Што и да му напишеа за девојката, тоа ќе значе- ше дека сериозно ја сфатиле таа работа. Најдобро е ништо. Тој знае што значи кога тие молчат.

Беа вчудовидени. Шокирани. Не можеа да пове-руваат дека нивниот син, нивниот единец, повел со себеси жена од далеку, од туѓа земја. Пострашна вест не можеа да очекуваат. Им се чинеше дека целиот нивни труд да воспитаат во својот син вистински на-следник, бил попусто. Ни на крај памет не можеше да им падне дека по патувањето низ цела Европа, токму таму, во таа земја, тој ќе се приврзе за девојка.

Хелвиг требаше да знае дека таа не ќе може да влезе во нивната куќа. Уште помалку како член на нивно-то семејство. Како снаа!... Но, ете, тоа, напишаното во писмото, нешто кажуваше. Се вњубил ли? Како можел?! Не. Тоа што напишал дека со себе повел же-на, тоа уште ништо не значи. Млад е. Се забавува. Ќе му помине. Девојка како и многу други пред тоа. Па дури и за такво лесно забавување, навистина не му требало да ја довлечка од „таму“.

Во неколкуте следни писма, ниту Хелвиг спомну-ваше за „жената“, ниту тие.

Потоа дојде едно писмо, неколку месеци подоцна, што ги исплаши. Посебно со последната реченица:

„Ве поздравува мојата Марија“. Не им се веруваше.

Дури им звучеше дрско. Од нивниот син. Ќе му се во- влече. Кој знае каква слободна девојка забрал. Тргна- ла така со него... По светот... Ништо чудно и за снаа да им се намести. Хелвиг е толку наивен. И тоа не ќе биде неверојатно. Што да направат? Мора да го спре- чат. Зарем и тоа ќе го доживеат, во куќата да им жи- вее снаа „оттаму“? Да ја измеша својата крв со нив- ната. Да им роди внуче. Мора да преземат нешто, и тоа брзо. Тогаш се решија да го повикаат да дојде до- ма. Сам. Така му напишаа.

Сега синот молчеше. Ништо не одговори на тоа што неговите родители го повикаа. Дома. Ова молче-ње повторно ги исплаши. Насетуваа дека нема да се откаже од неа така лесно. Можеби и подолго време.

Тогаш се решија за еден начин на искажување на своето мислење по тоа прашање, не сосема директен, но доста отворен. Во писмо.

„Ти знаеш дека многу девојки од нашиот град, од поблиските и подалечни пријатели, би биле среќни кога би сакал да се ожениш со нив. Нашето семејство не е кое било. А и богатството што ти го имаш, живо-тот што можеш да го понудиш на својата сопруга, не е мало. Сигурни сме дека нашиот син добро ќе раз- мисли со каква девојка ќе го поврзе својот натамо- шен живот.

Исто така сме убедени, дека мислиш малку и на нас.“ Напишаното во писмото остана само како моно- лог. Но, тие и натаму не се откажуваа. Во секое писмо го потсетуваа на нивното пошироко семејство, на нивните корени, на неговото потекло. Синот одгова-раше на другите работи во писмата, на се друго, но во врска со девојката, ништо.

Поминаа две години во такво допишување. Пове-ќе од две години. Се до оној фатален ден, до она фа-тално за нив писмо. Во него синот кусо им напиша:

„Ние со Марија склучивме брак минатата недела.

Сега имате и снаа. Кога ќе се запознаете, ќе видите дека таа е прекрасно суштество. Не морате да ја са-кате, но тоа е тоа. За изборот на животен сопатник, човек мора да одлучи сам. Ќе дојдам кај вас со неа, кога ќе ми кажете дека за тоа сте подготвени.“ Родителите сфатија дека се случи тоа што не го са-каа, што најмалку го очекуваа од синот. Што, додека се живи, нема да можат да го преболат. За кое нема да му простат. Ни по смртта. Ножот им беше забо- ден. Неповратно. Од нивниот син. Од нивниот еди- нец. Од него - што им беше смислата на животот по- следните дваесет и пет години. Што понатаму? Да се откажат од него? Да му забранат да си дојде дома?

Што ќе им остане? Кого друг имаат? Зарем, по толку-те многу, и овој удар?

Страшно им беше што не му честитаа. Колку ќе се радуваа ако се беше поинаку. Не на овој начин. И не со оваа жена.

Би сакале годините да се вратат наназад. Кога се беше поинаку. Кога живееја во изобилство... Можеби некои мислеле: ете, на туѓа несреќа се богатат, на уништување на туѓи животи! Но, војната тие не ја из- мислија... Иако, баба му и дедо му верувале, како што многупати му објаснуваа родителите на Хелвиг, дека чистата нација треба да биде над се. Дека е света.

Се ќе беше добро, ако војната завршеше не така како што заврши... Барем во семејството да не се слу-чеа несреќите... Само уште оваа им требаше...

Зарем можеше нивниот син, кој, веруваа, толку многу ги сака, вака, до крв, да ги повреди? Да ги по- нижи. Да згазне на нивните идеали?!... Колку се наде- ваа дека ќе биде како нив... Колку труд вложија во него...

* XK Добивајќи ги нивните писма, BO секое чувствувај-ќи дека неминовен е судирот со родителите поради Марија, Хелвиг се одлучи на таков чекор: што побр-зо да влезе во брак со неа. Не можеше ни во еден мо-мент да си помисли дека треба да се оддели од Ма- рија. Можеби не беше сигурен колку ја сака. Но, не би се сметал себеси за човек, кога бија изневерил. Да ја остави сама во овој свет, откако таа со толкава до-верба тргна со него. Ги напушти сите свои. Толку многу му веруваше... Уште повеќе, што сите причини поради кои неговите родители не ја сакаа, не можеа да бидат од пресудно значење за неговата одлука да живее со Марија. Тој беше свесен дека тие нивни сфаќања - дека само Германка може да биде достој-на да влезе во нивното семејство, „да ја измеша крвта со нивната“, се нешто што ќе го понесат и в гроб. Но тој не гледаше на тоа исто како нив. Барем тогаш мислеше дека успеал да го победи тоа во себе.

Тој сфаќаше каков шок доживеале кога им го ис-прати писмото во кое ги извести дека со него живее жена што е од друга држава... Од друга национал-ност... Нивното молчење, премолчување на тој факт во писмата што следеа, за него беше сосем јасно. Си-те овие години се обидуваа да му втиснат во мозокот претстава дека е припадник на најмоќната, најспо-собната нација. Тој веруваше дека тоа не стана него-во гледање. Негова суштина. Иако и самиот чувству-ваше некоја посебна гордост што е Германец.

За неговите двајца вујковци и дедото, тој од рас-кажувањата на родителите знаеше како за херои. Не-броено пати му беше повторувано дека го дале сво-јот живот за татковината. Од најмала негова возраст, за сите други народи освен за нивниот, мајка му и татко му, во негово присуство, зборуваа без почит. Со глас во кој имаше потценување. Во изразот на лица-та, барем на Хелвиг така му се чинеше, се гледаше чувство на надмоќ.

Синот, слушајќи го сето тоа секојдневно, беше отрпнал на тие кажувања на неговите родители. Ду-ри и откако поизрасна, никогаш не им се беше спро- тивставил. Дали сознанието дека е единствен пото- мок го правеше попустлив, толерантен? Како да се согласуваше да биде нивна жртва. Да им дава наде-жи дека ќе ги следи во животот. Дека ќе биде, ако не ист, сличен на нив. Дека нема да ги разочара... Во ко-ја мера тоа станало потсвесно присутно кај него, кол-ку станало дел од неговата потсвест, тој самиот не знаеше.

Средбата со Марија, блискоста со неа, со нејзино-то семејство, со сите луѓе таму, му покажаа дека овие сфаќања на неговите родители не се оправдани. Ба-рем не го натераа да се однесува како нив. Не почув-ствува дека овие други луѓе се поинакви од него. 3a-рем, ако не беше така, толку многу ќе се приврзеше кон Марија, кон нејзините блиски? Ќе ја засакаше?

Сето тоа придонесе да се реши да ја поведе со себе, како животна сопатничка.

Се повеќе сфаќаше дека негова најголема грешка е што се врати кај нив. Но, како можеше постојано да бега? Од дома? Како да биде секогаш далеку од един-ствените негови блиски? Од тие што го создале?...

Најрадосните мигови од животот, раѓањето на дете-то, на првото негово дете, на нивното прво внуче, ка-де да биде ако не во татковиот дом? Во својот дом. Му изгледаше понижувачки неговото прво дете да се ро-ди во хотелска соба. Понижувачки, пред себе самиот.

Пред Марија.

Но, не очекуваше толку голем отпор од неговите родители. Се надеваше дека, кога ќе се запознаат од- блиску со Марија, ќе го изменат нивниот однос кон неа. Ако не за друго, поради тоа што носи негово де- те... Но, ништо од тоа не се случи.

Оној ден, кога неговите родители му рекоа дека не сакаат да седат на иста маса, да јадат со неа, тој сфати колку е се безнадежно. Се уплаши како ќе и го објас-ни тоа на Марија. Се разбира, Марија веднаш стана свесна за тоа дека тие не ја прифаќаат. Тој тогаш се обиде да ја ублажи таа нивна реакција, убедувајќи Ја дека Германците се поинакви. Дека тука односите меѓу родителите и децата се многу повоздржани. Де-ка не се така блиски како таму кај нив, кај Марија.

Тоа можеби и беше така, но таа не му поверува. И бе-ше јасно дека се противат на нејзиното присуство во нивниот дом.

Хелвиг сфаќаше колку е очајна. Но, во исто време беше свесен дека не може да се снајде во целата таа ситуација. Од една страна сакаше да и помогне. Да не страда толку. Да ја убедува да биде трпелива. Да се надева дека неговите родители постепено ќе ја при- фатат. Кога ќе се роди детето, дека се ќе се измени.

Но чувствуваше дека и самиот не е уверен во тоа.

Сакаше да заборави дека мајка му еднаш пред не-го, оддалеку наспомна и таква работа, - „ако сакаат“, Марија да се ослободи од бременоста. Дека тоа во де- нешно време е можно во кој било од месеците на бре- меноста. Можеше ли такво нешто Хелвиг да очекува од својата мајка? Самиот не знаеше зошто во тој мо-мент не се спакува и не си замина. Со Марија. Засе-когаш да го напушти татковиот дом.

Се спомнуваше и уште некоја варијанта... дека има многу семејства што би сакале да присвојат дете. Не-маат свое. И тоа пак така, како оддалеку. Како неко-ја можност за млади парови, кои не сакаат да се врзу-ваат со деца уште во првите години од бракот.

Во тие моменти, по тие разговори, тој беше многу потиштен. Се разочаруваше. Најмногу во мајка си.

Чувствуваше дека се помалку ја сака. Не можеше да верува дека до таа мера и двајцата негови родители ја отфрлаат Марија. Дека не се ни обидуваат да ја запо- знаат. Чувствуваше дека на неа не гледаа како на чо- век еднаков на нив. Тоа сето му ја исполнуваше ду-шата со студ. Си мислеше - нема да можат да го са-каат ни неговото дете. Нивниот внук. Толку му из-гледаше страшно. Нечовечно до невозможност. Не знаеше кој пат да го фати... Се му се беше измешало во главата. Колку е среќна Марија што не знаеше многу од овие работи. Од овие сега. И од тие од ми- натото. Инаку, веруваше, ниеден ден не би останала во оваа куќа, покрај овие луѓе.