Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА СЕЛАТА ВО ОПШТИНАТА БАНИЦА - Part 02

By Atanas Katinovski-Goche · Part 3 of 17 · About 20 minutes

Read in English

Во 1934 година со масовно учество на месното население, со рабо-та и со самопридонес со пари, планот беше реализиран. Цо сите улици беа поставени бандери со ламби на бутан-гас на различно растојание. Цо домовите населението се служеше со газиени лам- би и кандила. Рударите од јагленокопите дома се служеа со кар-битни рударски ламби. Во 1935 година Миланче Цавлев домот го осветли со помош на ветерница која го движеше агрегатот што произведуваше струја.

Спомецици Многу стари споменици на културата во Баница се иконос-тасите во црквите „Св. Ѓорѓија“, „Св. Никола“ и „Св Илија“. Тие се ремек-дело на словенската култура и писменост. Другите цркви се со понов датум.

На ридот северозападно од селото е подигнат споменик на паднатите српски војници во Балканските војни и во Првата свет-ска војна и тој е изграден од големи гранитни блокови. Спомени-кот внатре е празен и во него се собрани коските од боиштето во околината на атарот на Баница. Западно од селото на оддалече-HOCT од 5 км на самиот крстопат на патиштата Лерин-Солун и Лерин-К ожани е подигнат споменик на паднатите војници на со-јузничките војски од Црвата светска војна. Ограден е со четири бетонски столбови поврзани со ланци, а го подигнаа грчките влас-ти со помош на сојузничките влади.

Во центарот на селото, во месноста Св. Димитрија е подиг-нат споменик на паднатите војници од Баница во Грчко-турската војна 1919-1922 год. во Мала Азија.

БАНИЦА ПО ДОАЃАЊЕТО НА ТУРЦИТЕ НА БАЛКАНОТ Баница под турска власт По пробивот на Турците на Балканскиот Полуостров, зем-Јата била поделена на чифлигари и големопоседници од турска народност, а рајата (народот) била нивни слуги, односно кметови.

Баница била чифлик на Изет-паша и на Синан-бег кои живе-еле во Битола. За управувањето на чифликот, овие големопосед-ници имале свои застапници во селото.

Во 19 век застапници биле Трифун Колеров и Русе Дине Кочев, a во 20 век Дине Кочев-Ќосата. Населението работело за беговите како наемни работници-аргати или исполичари. По раз-нишувањето и пропаѓањето на турската власт на сите страни, бе-говите почнале да го отуѓуваат имотот и својата земја да ја прода-ваат на селаните кои ја обработувале дотогаш.

Баница како управно-административен центар За време на турската власт, Баница била каза на чело со му-дир, а припаѓала на Битолскиот вилает.

Во селото имало кадилак (околиски суд) со неколку кадии (судии) кои ја вршеле судско-управната и извршната власт. Бани-ца имала свој претставник во Валис како кадилак во Битола, a Bo втората половина на 19 век бил Трифун Колеров.

Казата, односно административно-политичката власт ја вр-шел совет на чело со мудир. Советот го сочинувале судиите, бего- вите и други видни и угледни богати селани, како и претставници на сите самостојни општини - беледиет, кои и припаѓале на Банич-ката каза. Во рамките на Баничката каза биле селата: Горничево, Церово, Забрдени, Росен, Врталом и Негован.

Во Баница, покрај административно-политичкиот совет на казата, постоела и административна управна власт и совет на са-мостојната општина (беледиет) Баница, на чело со коџобашијата

(претседател).

Коџобашијата - претседателот на самостојната општина (беледиет) - бил од редовите на угледните и доверливи лица ца тур-ската власт и лојален граѓанин на турскиот режим. Тој бил про-фесионално платено лице од турските власти.

Во Баница постоела заптиска (полициска) станица на чело со Алај-бег. Заптиите биле од турска народност.

Овде била стационирана и поголема единица на аскер (вој-ска). Оваа војска играла голема улога и била многу подвижна при задушувањата на востанијата на населението.

Кон крајот на 19 век со појавата на Внатрешната македон-ска револуционерна организација во овој крај, а особено во с. Ба-ница, турската власт била принудена да ги повлече од селото зап-тиите и војската и да ги стационира во Јерин.

Баница била седиште и на верско-црковната власт. Во вто-рата половина на 19 век Баница имала свои претставници во Ох-ридско-преспанската архиепископија со седиште во Крушево, и тоа Русе Дине Кочев, а по него Стате Стојан Ташев.

Односот меѓу месното паселение и Турците Во почетокот на XVII век во Македонија почнала масовна колонизација на Турците од сиромашните краишта на Анадолија.

Во тоа време во Леринско се населиле многу Турци и основале по-веќе нови самостојни населби, а имало и турско население кое жи-веело по македонските населби и села.

Турската власт се обидела да насели Турци и во село Бани-ца, но населението се пожалило кај тогашниот бег на чифликот кој им излегол во пресрет и не го дозволил населувањето. Во тоа време била формирана населбата Врталом на околу 7 км од с. Ба-ница, поставена на самиот пат Баница-Котори-ЈЛерин. Bo почето-кот новонаселените Турци се занимавале со сточарство, потоа со земјоделство, а главен производ им бил тутунот.

При формирањето на оваа населба, голем дел од земјата во месноста Синак му бил одземен на месното население од Баница и даден на новото население.

Меѓу македонското и турското население се дочесто доаѓало до судири и постоело големо нетрпение. Турците правеле голем зулум при воените походи на регуларната војска, тие им се приклу-чувале и ги пњачкале македонските села, ги палеле и вршеле дру-ги насилства. Подоцна турското население соработувало со грчки-те андарти кои ги помагале со храна и ги криеле во своите села.

Околискиот војвода Наце Sone Катин од с. Баница го опоменал населението од село Врталом да не ги помага грчките андарти во 1907 година, но селаните продолжиле да им помагаат поради што следувала казна. Наце Катин, Sone Ѓергев и други војВОДИ CO СВОИ-те комитски чети го блокирале селото Врталом, го нападнале, многу куќи запалиле и ги убиле сите сомнителни лица и соработ-ници на грчките андарти. Истата судбина ги снашла и седата Кат-раница, Плишејца и други.

Меѓу месното население не е забележано никакво потурчу-вање, односно преминување во мухамеданска вера.

По ослободувањето од Турците и постигнатиот договор меѓу Грција и Турција за размена на населението од турска народност во Грција, односно грчка народност во Турција, целото турско на-селение од Леринскиот округ ce иселило во Турција. При напуш-тањето на селата од страна на Турците, Kaj македонското населе-ние се појавила голема нетрпеливост, бидејќи многу злосторници и зулумќари си заминале, а останале неказнети за своите недела над недолжното население. Населението ги напаѓало карваните со добиток, запрежните коли натоварени со покуќнината и фамилии-те на патот Лерин-Солун или Лерин-Кожани. При овие напади македонското население им одземало на Турците се што носеле, а грчката власт не им излегувала во пресрет на нивните жалби.

Карактеристично е да се спомне дека селанецот Геле Вачков дочекал двајца поранешни зулумќари по македонските села, во ата-рот на село Баница, ги тргнал од колоната заедно со нивните семеј-ства и ги впрегнал на ралото за да ја ораат нивата. Тие го влечеле ралото се додека имале сила, а тој со остенот ги боцкал и ги потсету-вал на нивните недела и болки што го нанеле на многу мајки кои ги завиле во црно. На крајот сакал да ги убие, но тоа не го дозволиле другите селани и биле пуштени да го продолжат патот кон Истанбул.

Турците заминале, а на нивно место се доселиле голем број од околу 650 000 Грци и други народности кои од Турција сакале да се npecenat во Грција. Грчката власт сиве овие доселеници ги растурила низ Егејска Македонија, како политика за асимилиција на македонското население и економски притисок за напуштање на родниот крај и заминување во прекумолските земји. Така завр-шува и се распаѓа големата Отоманска Империја, меѓутоа македон-скиот народ од овој дел на Егејска Македонија не само што не доби слобода, туку потпадна под нова окупација и ропство уште поло-шо од времето на турската империја, а тоа е големогрчката вар-варска власт и монархофашизам кој презеде се за да го уништи и целосно да го истреби македонското население. Во тоа не само што не успеаја, туку ова население му одржа и посебна лекција во текот на НОВ во редовите на ЕЛАС и подоцна во редовите на ДАГ во Граѓанската војна. Македонскиот народ учествуваше со преку 40 000 вооружени борци и преку 260 000 лица кои учествуваа во војната против монархофашистите и нивните надворешни помага-чи, американскиот и англискиот империјализам.

СОЗДАВАЊЕТО НА ВМРО И АКТИВНОСТА ВО БАНИЦА Создавањето на ВМРО во с. Баница Баница, како најголемо село во Битолскиот вилает и голем административен управен центар, било носител и секогаш пред-ничело со својата политичка и друга активност.

Во Баница се појавиле напредни идеи и организирани дви-жења уште во почетокот Ha 1886 година. Таа година црковната власт во Баничката каза писмено се обратила до цариградскиот поглавар на Православната црква и турската власт и побарала да се обнови самостојноста и автокефалноста на Охридската патри- Јаршија. На чело на ова движење бил Tune Bornes т.в. Суло. Под притисок на грчката патријаршија и Бугарската егзархија, не е да-дена согласност за формирање самостојна автокефална македон-ска православна црква, односно за обновување на Охридската па- тријаршија.

Во селото Баница пролетта 1896 година престојувал инструк-тор на ВМРО, Марков од Битола, кој ги поставил првите темели и ги обединил сите движења во Баничката каза формирајќи месно и општинско раководство.

Според извршените истраги, под псевдонимот Марков не бил никој друг туку Ѓорче Петров, кој во тоа време живеел во Би-тола и бил првиот организатор на движењето на ВМРО во Битол-скиот вилает. Значи Ѓорче Петров ги поставил темелите на ВМРО во селото Баница, околните села и Bo Јеринскиот округ. Под него-вото раководство во с. Баница биле формирани i првите комитски чети, и тоа: ајдучката чета на војводата Наце Karun дод името Наце Бабунски која дејствувала од 1892 година во баничкиот реон, а од 1896 година дејствувала како комитска чета во рамките на ВМРО, прво во баничкиот реон и Воштарени, а потоа во реонот на П"п "жани; втората комитска чета е на војводата 50ле Ѓерѓев формирана во 1897 година; а трета е четата на војводата Леко Џор-лев формирана во 1898 година.

На чело на Општинскиот револуционерен комитет на ВМРО бил Типе Боглев-Суло, а членови биле: Мице Хрисафов, Мице Ко-чев, Толе Дафов, Крсте Малинов и војводите од с. Баница - Наце Катин, Soe Ѓергев и Леко Џорлев. Слободно може да се каже дека овие лица биле организатори на движењето во општината, а BOJ-водите со своите комитски чети биле и организатори на движење-то во Битолскиот вилает, страв и трепет за турската војска и тур- ската власт.

Типе Боглев-Суло бил угледен човек и омилен меѓу населе-нието, со широки видици и со добро познавање на движењата на народите на Балканот во борбата за ослободување од турското ропство. Ги отфрлал сите влијанија за организирање на движење- то кои биле однадвор. Тој ги ангажирал своите синови Тего Бог-лев, млад интелектуалец кој бил учител во Воштарани и Мице Боглев кој му помагал во домашните работи. Сите дале голем при-донес во ширењето на движењето и идеите за организирано деј-ствување на македонскиот народ за ослободување од турското ропство со сопствени сили.

Покрај Ѓорче Петров - Марков, подоцна се јавуваат и Дине Абдорманов и Кице Мацин од с. Баница како инструктори на ВМРО, а ним им помагале и вршеле курирска должност Коле ПЦавлев и Доце Павлев од Баница.

Во организирањето на движењето и неговото ширење, како и за зачувување Ha Македонската црква и старословенскиот јазик во село Баница и во околните села и Деринско, во борбата против влијанието на Бугарската егзархија и Грчката патријаршија има голема заслуга поп Ѓорѓи Кујчев. Во периодот од 1898 до 1913 годи- на тој води отворена борба за зачувување и изучување на македон-скиот јазик против сите надворешни влијанија. Покрај тоа што бил свештено лице, тој бил и учител прво на старословенски јазик, а потоа и на македонски јазик. На мистериозен начин бил убиен од грчките андарти (комити) во периодот на нивната голема актив- ност во 1913 година.

Појавата на разбојници и други ограбувачи и убијци Со појавата на турските и други разбојници и качаци во Jle-ринскиот округ во Битолскиот вилает, населението се вознеми-рило и почнало да се организира за одбрана од овие насилници.

Организирало селски стражи за набњудување и следење на дви-жењето на овие разбојници кои навремено ја известувале месната власт и населението. | Војводата Hane Karun под името Наце Бабунски ce јавува во 1892 година како прв заштитник на месното население со сво-јата ајдучка дружина во баничкиот реон и тоа е првата организи-рана одбрана и заштита на с. Баница. Подоцна Наце Катин со сво-јата чета се придружува на организацијата на ВМРО. Тоа го пра-ват и четите на боле Ѓерѓев и Деко Џорлев од с. Баница.

Овие војводи со своите комитски чети се првите организа-тори на отпорот против турското ропство и нивните зулуми над недолжното македонско население. Населението од село Баница масовно го прифати движењето и организацијата Ha ВМРО и сите се зачленија во организацијата,а секој имаше задача и на свој на-чин придонесуваше за развојот. Народот не можеше да се помири и даго трпи насилството и базмилосното угнетување, тешките усло-ви за живеење, понижувањата и страдањата. Баничани ги напуш-тија своите огништа и заставуваа во редовите на ајдуците - одмет-нати во планините, во четата на војводата Наце Катин, четите на Sone Ѓергев и Деко Џорлев. Овие чети не само што им се спротив-ставуваа на турските насилства, туку организираа напади и ги ограбуваа турските чифлигари и турски трговци, а со придобив-ките ги помагаа сиромашните македонски слоеви. Да кажеме нешто повеќе за нив.

Мојот дедо, Наце 5оле Катин, се појавил под името Наце Бабунски. Роден е во 1872 год. во Баница, како втор син на 5оле Катин кој имал четири сина - Hajcrapuot Леко, потоа Наце, Коле и Мице. Оваа средна земјоделска фамилија претежно се занимава-ла со сточарство. Наце се оженил за прочуената убавица Мара Алушова. На годината им се родил син и му го дале името Стојче.

Наце се занимавал со трговија, со стока (крупна и ситна). Големи-те оптоварувања Ha турската власт со даноци и други давачки се повеќе го осиромашувале ова семејство. Наце решил пролетта 1889 година да замине на печалба во Цариград. Таму се вработил како угостителски работцик-меанџија во меаната кај некој Маке- донец Геле од Лерин.

Во Цариград тој се поврзал со напредни работници на маке-донската интелигенција и се приклучил кон движењето за ослобо-дување на Македонија. Мечтаел да се врати во родниот крај, близу своето семејство. Наце Катин бил крупен 11 висок маж со широки плеќи, имал големи очи и остар поглед, густи веѓи и остра црна брада. Имал немирен и непокорен дух бил смел и одлучен човек со работни навики, добар по душа и гостоњубив. Брзо стекнувал пријатели и знаел да ги зачува. Имал посебни организаторски способности. Зборувал турски и албански Јазик.

Грчкиот историчар Стергиу Тријандафилиди во својата книга пишува: Војводата Hane Karun, крвопиецд, имаше погубено " многу Грци, беше револуционер, војсководец и деец и сериозен и бестрашен војвода. Тој беше над сите други војводи.

Наце Катин на патот од Цариград до дома, поминувајќи низ Бугарија, се задржал извесно време во Софија. Таму ce сретцал co други напредни Македонци, меѓу кои и со Тане Канчев од Горги-лиево кој подоцна, исто така, станал војвода под името Тане Гроз- ниот. Наце Катин таму дал заклетва дека ќе се врати во Македо- нија, во с. Баница, и ќе ја продолжи борбата за ослободување на Македонија од Отоманското Царство.

Во 1890 година, пред Митровден, во утринските часови ку-ќата на Наце Катин ја блокирале голем број заптии (полицајци)

кои извршиле претрес и го уапсиле Наце по налог на централната заптиска управа во Цариград. Бил спроведен и затворен во битол-ските зандани поради тепачката во цариградската кафеана кога ослободил двајца македонски затвореници кои ги спроведувале кон занданите. Истражната постапка траела долго време и се при-менувале разни методи и средства против него, но Наце ништо не признавал. Останал повеќе од една година во битолските зандани и ја издржал најсуровата тортура на турската занданска управа.

Стариот татко бил упорен да го ослободи. Знаејќи го менталитетот на турските војници и самите поглавари и нивната ПОДМитЛИВоОСТ, решил на тој начин да го ослободи својот син. Преку врски и разни турски посредници со подмитување стигнал до самите затворски стражари кои го спроведувале Наце на сослушување во Кадила-кот (Валискиот суд), кој бил оддалечен од занданите околу 300 метри. Затворските стражари примиле поголем износ поткуп за да му овозможат бегство на Наце Катин.

Во битолските зандани Наце се запознал со други македон-ски напредни активисти кои биле уапсени поради својата револу-ционерна дејност и соборување на турскиот режим. Тоа му послу-жило добро да се запознае со околностите во Македонија, дејству-вањето на напредните македонски сили, како и отпорот што му се давал на турскиот режим и неговите помошници Грција и Бугарија.

По бегството од битолските зандани, Наце Катин станал ајдук и формирал ајдучка чета од бедни и чесни Македонци проте-рувани од турската власт за разни престапи или неизвршени обврски спрема турската власт. Наце станал војвода под името Наце Бабунски и со својата ајдучка чета се движел по баничките планини Радош, Голем Камен, Вичо и Пелистер. Станал член на Окружниот револуционерен комитет на ВМРО во Битола и Бито- лскиот вилает. Окружниот комитет со кој раководел Ѓорѓи Суга-ре, на војводата Наце Катин му го доделил реонот во с. Баница.

Во 1899 година се сретнал со Ѓорѓи Сугаров кој му ја со-општил новата должност: околиски војвода во реонот кој ги оп-фаќа селата П"п"жани, Опшорино, Врбени, ПНегоричани, Битуша, Св. Петка, Клабучишта, Долен и Горен Каленик, таму каде што биле најлошите Турци.

Бил храбар, самоиницијативен и строг војсководец, страв и трепет за турската војска, грчките андарти, бугарските комитски чети и другите непријатели на движењето на ВМРО. Четата на војводата Наце се движела низ целиот Битолски вилает. Одел се-каде каде што била потребна неговата помош и дејствување. Во борбите секогаш бил победник нанесувајќи им големи човечки жртви и материјална штета на непријателите, а од негова страна имало минимален број или немало човечки жртви.

Според искажувањето на Дине Неделков, странските конзу-ларни претставници во пролетта 1903 год. ги повикале членовите на Окружниот револуционерен комитет во Битола да појдат до францускиот конзулат каде што пред австрискиот, францускиот, рускиот и германскиот конзул ќе ги изнесат целите и задачите на борбата што ја води ВМРО. Сите членови дошле илегално, обле-чени како попови, учители или були co фереџе, а Наце Катин до-шол на коњ со своите телохранители Ристо од Оризари, Дицне Не-делков и Ило Дајков, почекал да излезе конзулот да го пречека и дури тогаш слегол од коњот, па заедно влегле во конзулатот.

Австрискиот конзул, откако го поздравил војводата Катин, му подарил медал на Австрија, а подоцна и гарантно писмо за не-пречено да се врати доколку го сретнат турски патроли, а рускиот конзул му подарил Крст на Русија. Војводата Катин медалот го ставил на кундакот на пушката, а Крстот на Русија постојано го носел на кацата со натписот: „Смрт или слобода за Македонија“.

Таму се сретнал и со другите членови на Окружниот коми-тет кои ги изнеле своите цели и задачи на борбата на македон- скиот народ за независност и автономија на Македонија. Од кон-зулите побарале да ги запознаат своите влади со целите и да им дадат материјална и др. помош за извојување самостојност и за признавање на слободна Македонија. Кога завршил овој значаен историски состанок, сите членови на Окружниот револуционерен комитет во Битола на ист начин си заминале. Наце Катин, кого надвор го чекале телохранителите, гордо, врвејќи низ битолската чаршија, ја напуштил Битола и се вратил во селото ЦПоешево, каде што било седиштето на неговата комитска чета.

Турската власт била претходно известена од конзулите на големите сили кои барале воздржаност и покрај илегалното доа-ѓање на членовите на ВМРО, но такво дрско и јавно доаѓање не очекувале I покрај тоа што знаеле за храброста на Наце Катин.

Турската власт не му го попречила патот и ја величела неговата храброст.

По неуспехот на Илинденското востание и зголемената ак-тивност на бугарските врховистички чети, во наредниот период се појавиле и грчките андарти во Леринскиот округ. Овие андарти соработувале со турската власт и се почесто дејствувале заедно со турските аскери против комитските чети. 1То 1905 година нивната активност се зголемила кога ослабело револуционерното движе-ње и дејството на комитските чети. Андартите ги напаѓале ко-митските чети заедно со турската војска и посебно дејствувале против семејствата на комитите и цаселението кое им помагало.

Го следеле движењето на комитските чети и кога биле доволно оддалечени од населението да не можат да му помогнат, андартите ги напаѓале македонските села, ги убивале членовите на месните револуционерни комитети и др. илинденци и им ги палеле куќите.

Такви андартски чети се појавиле во селата Негован, Врталом и Петерско во Деринскиот округ. Првите две села се граничат со атарот на Баница, а Ilerepcko е оддалечено околу 6 км и е во не-посредна близина на селото Екшисо - Горно Врбени. Војводата Наце Катин пролетта 1905 год. со својата чета го нападнал селото Негован, ги запалил куќите на сите акдарти и ги убил повеќето од нивните јатаци.

Им препорачал на сите андарти и на нивните јатаци, закану-вајќи им се да не прават испади и да не го загрозуваат месното македонско население, ако сакаат да се борат, тоа да го направат со комитите. Посебна порака испратил до андартите во село Пе-терско во која се вели: „Ако нешто му се случи на македонското население Bo Соровичко, тогаш Џетерско до темел ќе биде изго-рено и целото гркоманско население истепано“. Така ја смириле активноста на андартите од ова село.

Поради големите зулуми што ги правело турското населе-ние од с. Врталом и помошта што им ја давало на грчките андарти, во 1907 година војводата Наце Катин со својата чета и уште десет војводи со околу 300 комити го блокирале ова село, го запалиле и ги убиле сите андарти кои ги затекнале во селото. Во почетокот на јуни 1907 година војводите Наце Катин и Sone Ѓерѓев презеле акција за растурање на сите грчки училишта и за преземање на грч-ките цркви, односно да ги запалат црквите и црковните книги во Леринско. Во Баница за ова била известена турската власт во Лерин од страна на Трифун Мице Колеров и Јане Русе Кочев кои биле и ивицијатори за изградба на грчка црква-(дотогаш немало во селото, постоеле само македонски цркви). Турците пратиле вој-ска, а војводите се повлекле за да не дојде до крвопролевање.

Меѓутоа, на 24 јули 1907 година повторно дошле во селото Баница околиските војводи Наце Катин-Бабунски и Sone Ѓерѓев и извр-шиле истрага за предавникот кој ја известил турската власт. Кога утврдиле дека тоа го сториле Трифун Колеров, Јане Коцев и non Јоав Дајков, ги осудиле на смрт, по претходно спроведената по-стапка од месниот револуционерен суд пред кој предавниците го признале делото и барале милост и прошка. За првите двајца, Три-фун Колеров и Јане Кочев кои се наоѓале во селото, комитата Ки-ре Качоров ја спровел пресудата. Тој ги спровел надвор од селото и ги убил. Војводата Наце Катин-Бабунски го викнал попот Јоан Дајков во село Росен за погреб на некое лице и таму бил уапсен и ликвидиран од комитата Дине Пенџов според донесената пресуда.

Истиот ден, 24 јули 1907 година, во Баница била урната црк-вата, а книгите јавно биле запалени на сред село.

Војводата Наце Катин-Бабунски со својата комитска чета учествувал во многу борби и акции против македонските непри-јатели, кај: Долно Врбени, Борешница, Плишевица, Клештина, Арменоро, Пп "жани, Буф, Котори, Горничево, Баница, Баничко-церовската клисура, Вртолом Цетерско, Невеска и други.

Од поголемите акции кои му се препишуваат на војводата Наце Катин-Бабунски е баничката борба во јуни 1903 година. Чле-новите на Битолскиот револуционерен комитет одржувале соста-нок во Баница, каде што биле предадени и нападнати од турскиот аскер.

Тука биле сите членови на Окружниот комитет: Наце Катин, Sone Ѓергев, Ѓорги Попанчев, Цандо Клашев, Тане Горничевски-Грозниот и Чакаларов со околу 200 комити за обезбедување на состанокот. На вториот ден од состанокот во утринските часови патролата забележала дека од сите страни им се приближува тур-ски аскер со околу 2000 војници кои го блокирале селото.