Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949
БАНИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА - Part 03
За одмазда ва убиените тројца жандарми во планината Ки-селар, монархофашистите во с. Екшисо уапсија голем број селани кои беа однесени во Леринскиот затвор. Многу лица од нив беа стрелани без судска постапка во текот на јули 1946 год.
Напуштањето на Булкес од баничани Во мај 1946 год. шефот на раководството на КИТ одржа состанок во Булкес со сите политички кадри на КПТ и беше раз-гледана политичката и воена ситуација во Грција, како и можнос-тите за враќање на некои кадри во Грција и за почнување полити-чка и воена активност против се поорганизираниот монархофа- шШизам.
По пристигнувањето во Битола се јавија во Политичката комисија за Егејска Македонија и се ставија на располагање.
Напуштањето на Булкес беше поради нивниот револт кон КПГ бидејќи постоеја големи несогласувања меѓу македонските и грчките кадри.
Организирање на масовно партизанско движење и формирање Boen штаб на македонските партизани на Вичо Во текот на август 1946 год. во родниот крај се вратија по-голем број партизански кадри од Југославија, со цел да се форми-раат поголеми партизански единици и да ги обединат постојните партизански чети на теренот за заштита на населението од теро- рот. Почна организирање на НОФ и други општествено-политички организации. Гребаше да се организира народот и да се најдат на- поволни форми за самозаштита од монархофашистичката власт.
Во текот на јуни/јули македонските кадри ce собраа Ha план-ината Вичо и формираа Воен штаб како највисоко воено тело кое Ke ги раководи оперативните македонски воени единици во Лерин-ско-костурско и Корештијата.
Во составот на Воениот штаб влегоа:
- Цандо Шиперков - командант
- Кендро Страто - политички комесар
- членови: Лефтер Олевски од Баница, Михали Гранити од Крчишта, Ѓорѓи Шарини од Бапчор, Ристо Коленце-Кокинос и сите команданти на одредите: Вангел Кујчев - командант на пар-тизанскиот одред за Леринско, Вангел Мангов - командант на nap-тизанскиот одред 3a Костурско, Ѓорѓи Калков - командант на 3-ot Македонски партизански одред за Корештијата.
Подоцна се формира и 4-от Македонски партизански одред на планината Синачко, со командантот Карабера, Барба Кичо.
Вангел Кујчев замина за Југославија, а одредот го презеде Лефтер Олевски. Ристо Коленце-Кокинос исто така се врати во СФРЈ.
АКТИВНОСТА НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ЗА ЛЕРИНСКО Поважни акции на одредот под раководство на Лефтер Олевски Веднаш по формирањето на одредот почнаа да го чистат теренот од истурените полициски единици на монвархофашистите по планинските села со цел да се создаде слободна територија, а со тоа и услови за живот и одмор на партизанските единици.
Во текот на јуни го нападкавме с. ЈЈаген каде што имаше ста-ционирано жандармериска станица и со помош на месното населе-ние ги разоружавме и ги истеравме во Лерин.
Во почетокот на јули ја нападнавме жандармерискта стан-ица во с. Бапчор, ги разоружавме и ги истеравме од селото.
По разоружувањето на жандармеријата во овие села по па-дините на планината Вичо се создаде првата слободна територија во Егејска Македонија.
Монархофашистите организираа офанзива кон Вичо со цел да се ликвидираат партизанските единици, но наидоа на голем отпор и во борбите владините сили имаа многу жртви, меѓу кои и еден мајор. Во панично бегство се повлекоа во Дерин.
Во септември во борбите во с. Негован, Леринско, загина Вангел Зико, роден во с. Негован, а домазет во Баница. Тој беше молерски работник и целиот свој живот го посвети на борбата за идеалите на работничката класа.
Во септември 1946 год. одредот го нападна с. Вртолом-Ле-ринско, населено со Грци доселеници од Мала Азија. Населението беше вооружено од монархофашистите, но беше поразено и беа запленети големи количества опрема и оружје. Во оваа борба за-гина Костас Кидрикидис-Авгеринос од с. Пашошница.
Во истиот месец го нападнавме c. Неволј ани-Леринско и по по-бедата го запленивме оружјето на селаните поделено од власта. Овде загина командирот Христос Апостолидис-Керавнос од с. Клештина.
Есента 1946 год. 1-от Македонски партизански одред за Де-ринско постави заседа на планината Бигла, Леринско, на меѓунар-одниот пат Лерин-Корча и нападна воена формација на регулар-ната владина војска Koja се движеше Лерин-Костур. Имаше жртви од двете страни, а непријателот имаше големи загуби на транспорт-ните средства и воената опрема.
Во оваа борба загина Лазо Ѓорѓи Рапов, роден во Баница.
Беше храбар и дисциплиниран борец, пушкомитралезец со голема желба да се бори за слободата на својот народ.
Расцел меѓу НОФ и КИГ и повторен договор Во септември, раскажува Лефтер Олевски, дојде до расцеп меѓу македонските и грчките воени одреди и се формираа две групи партизански единици кои одвоено дејствуваа без соработка во бор-бата против монархофашистите.
Во ноември 1946 год. повторно беше постигната согласност меѓу раководните грчки и македонски кадри, односно меѓу рако-водството на НОФ и КПГ за формирање заеднички воен штаб на Вичо во чиј состав влегоа: Пандо Шиперков - командант и Кузмас Спанос-Аминтас - комесар. Членови на штабот беа Дефтер Олев-ски, Ѓорѓи Калков, Вангел Мангов и Михали I ранити.
Беше извршена реорганизација на партизанските единици и беа формирани следниве партизански одреди:
- одред кој ќе дејствува на Кајмакчалан, Вичо, Бигла и Преспа под команда на Дефтер Олевски;
- одред кој ќе дејствува во Корештијата и Даило под коман- да наЃ. орѓи Калков од с. Вишина;
- одред кој ќе дејствува во Малимади под команда на Вангел Мангов-Вангелис од с. Жупаништа;
- одред кој ќе дејствува во Синачко под команда на Кара- бера Јани од Блаци.
Во овој состав одредите дејствуваа се до формирањето на поголемите воени единици и формирањето на ДАГ во летото 1947 год. кога овие одреди се реорганизираа во бригади:
- одредот Вичо прерасна и се формира 18. бригада;
- одредот од Малимади прерасна и се формира 14. бригада;
- одредот Синачко со Грамос прерасна и се формира 197 бригада.
Враќањето па баничани од Југославија и стапување во партизани Во текот на 1946 година од Југославија се вратија следниве баничани кои стапија во партизанските единици: Вангел Забрцки, Глигор Ќосев, Тане Јовчев, Методи Апчев, Методи Гасков, Блаже Неделков, Трифо Малинов, Лазо Рапов, Зико Мангов, Методи Васев, Ристо Васев, Лазо Катронов, Славе Куртов, Ило Baces, Кице Васев, Борис Диманин, Наце Ристо Малинов, Павле Дајков, Стојан Катронов, Кице Ames, Методи Катронов и Наце Рапов.
Напомнувам дека сите горенаведени лица беа во составот на Југословенската народна армија по расформирањето на Првата егејска ударна бригада и доброволно се вратија да ја продолжат борбата во родниот крај.
Исто така, од Булкис, Југославија, се вратија и во редовите на партизаните се вклучија: Вангел Кујчев, Софика Џугоманова (Петкова), Киро Џугоманов, Дине Робев, Кице Кочев, Мице Не-делков, Фаза Дине Рабова, Јазо Попдимитров, Стојче Генев, Гренде Малинов, Мице Лаев, Дика Малинова и Наце Јанчев.
Во текот на 1946 година од селото Баница се приклучија во партизанските единици следниве лица: Борис Олев, Андра Олева, Ѓорѓи Малинов, Калипса Малинова, Гоче Ничов, Пандо Танев, Димо Танев, Ѓорѓи Џугоманов, Васил Џугоманов, Дине Јанин, Блаже Пен-џов, Пеце Малинов, Стојан Робев, Дине Диманин, Блаже Ило Не-делков, Блаже Котронов, Ило Генев, Фана Шишарева, Гоче Ничов, Блаже Рикалов, Михаил Тошев, Стојан Тошев, Гасе Велјанов, Трајко Велјанов, Тодор Ристо Малинов, Ило Ѓонде, Мице Мангов, Дине Генев, Кочо Јовчев, Лета Васева, Кице Апчев, Хариши Падев, Kye Коприн, Кице Јанчев, Гире Гасков, Славе Педелков, Пандо Недел-ков, Ѓеле Апчев, Borne Бабулов, Борис Неделков, Дине Минчев, Тане Гергев, Пандо Џугоманов и други. Кон крајот на 1946 година во редовите на партизанските единици од Баница учествуваа околу 200 борци кои се бореа против монархофашистите и меѓународниот им-перијализам и беа на разни воени и ПОЛИТИЧКИ Должности.
Во овој период се вратија и сите други борци кои беа во Првата егејска ударна бригада во составот на ЈНА и стапија во редовите на партизанските единици во Егејска Македонија и пошироко во Грција.
Загинувањето на првоборепот Дине Робев Во декември 1946 година, една партизанска група под ра-ководство на првоборецот и организатор на движењето во Баница и пошироко во Леринско, член и инструктор на окружното пове-ренство на комунистичката партија за Леринско Дине Робев, пре-зема акција за разоружување на вооружени селани и соработници на монархофашистите во село П"п"жани - Деринско. Известен од организацијата од теренот дека критичната вечер сите ќе бидат на состанок во зградата на училиштето околу19 часот, тој co гру-пата се приближува, ја блокира зградата на училиштето и незабе-лежано ги фаќаат и разоружуваат стражарите. Со тројца парти-зани влегува на влезната врата со шмајзерот во раце и сите се пре-даваат освен еден во задните редови, кој го погодува смртно Дине Робев. Паредниот ден монархофашистите го зедоа телото на прво- борецот Дине Робев и го врзаа за еден камион за нозете и така го влечеа од селото Пжпажани до Лерин, со цел да ro заплашат рево- луционерно расположеното население. Таквото злосторство имаше обратно дејство меѓу народот, бидејќи нивните зверства и понижу-вања им беа добро познати. Ваквиот однос го зближуваше народот и го поттикнуваше на поголема мобилност за самозаштита и бор-ба за човечко достоинство и национална слобода.
Загубата на овој народен деец болно одекна во Баница и Леринско, бидејќи им беше добро познат на сите.
Во една борба меѓу партизанските и монархофашистичките единици во село Котори, Леринско, во декември 1946 година заги-ва првоборецот и пушкомитралезец Ѓорѓи Стефо Абов роден во Баница. Тој уште од мал мораше да се фати во костец со KUBOTOT бидејќи беше од многу бедно повеќечлено семејство. Беше прину-ден да паси туѓи овци и да аргатува по селото само за корка леб.
Штом малку порасна, се вработи во рудникот за јаглен како јамски работник и ги работеше најтешките физички работи.ПТо окупаци-јата се приклучи кон младинското движење и стана член на ОКНЕ уште од 1941 година, член на партијата е од 1942 година, а на крајот на 1943 година доброволно стапи во редовите на Баничкиот пар-тизански одред под команда на Лефтер Олевски. Помина долг пат низ виорот на револуцијата и учествуваше во сите борби што ги водеше неговата единица - борбите за ослободување на Битола, Ресен, Охрид и Струга. По расформирањето на бригадата во по-четокот на мај 1945 година доброволно стапи во одредот на Деф-тер Олевски и Ристо Коленце и се врати во родниот крај ија про-должи борбата за слобода. За сето време беше пушкомитрале-зец,одличен стрелец и мајстор во ракувањето со ова тешко и опа-CHO оружје. Стрелаше малку, но секогаш имаше полн погодок. Тој беше дисциплиниран со висока воена и политичка свест, член на Партијата и пожртвувано ги извршуваше поставените задачи.
Масовно учество во редовите на НОФ и повторно терор И покрај повремените судири меѓу раководствата Ha КИГ и на НОФ и доста сериозните недостатоци и слабости, по спогодбата меѓу двете раководства за порешителна вооружена борба, воста-нието во егејскиот дел на Македонија имаше широк замав. Про-летта 1947 година имаше ослободени цели реони во егејскиот дел на Македонија, меѓу кои Преспа со планините Вичо и Грамос.
Планинскиот масив на Кајмачкалан и Пајак, исто таха, беше сло-бодна територија под контрола на партизанските единици. Сло-бодна беше и територијата на планината Каракамен (Вермион).
Во источниот дел на Erejcka Македонија, исто така, беа создадени слободни територии. Вооруженото востание успешно се ширеше кон југ во цела Грција.
Учеството на македонскиот народ беше сенародно, спло-тено во редовите на НОФ и во партизанските одреди.
Населението од Баница беше масовно приклучено во редови-те на НОФ, а во редовите на партизанските единици на ДАГ имаше преку 400 борци и раководни кадри во заднината. Поради ма-совното учество на баничани во отпорот, населението се почесто беше напаѓано од владините воени кадри. Монархофашистичката влада направи обиди да изврши општа мобилизација за пополну-вање на своите регуларни воени единици, меѓутоа одзивот, за раз-лика од 1946 година кога КПГ советуваше сите повикани да се јават и да стапат во редовите на владините единици и на повик на KIIT да преминат со сето свое вооружување во редовите на партизан-ските единици на ДАГ, беше минато. Ставот Ha LIK на КПГ cera беше јасен и решавачки за вооружена борба против монархо-фашистичкиот и меѓународниот империјализам до конечна победа.
Луѓето стапуваа во редовите на партизанските единици па ДАГ.
Во овој период граѓанската војна ја зафати цела Грција. Вла-дините војски насекаде трпеа загуби и неуспеси од ударите на сега добро организираните и опремени партизански единици на ДАГ.
Пролетта 1947 година владините војски и жандермеријата стационирани во село Баница, Соровиќ и самиот град Лерин, започ-наа акција за чистење на теренот во Баничкиот атар и пошироко.
Во таа акција доживеаја неуспех. Тие беа добро известени дека во овој атар на планината Радош се стационирани поголеми парти-зански единици под раководство на Вангел Кујчев и Лефтер Олев-ски, чии борци беа претежно од Баница. Меѓутоа, раководството беше HaBPEMEHO известено од разузнавачката служба во Баница и го избегнаа опколувањето.
Владините единици стационирани во село Баница, враќајќи се од оваа акција, понижени и навредени за неуспехот на акцијата, ги фатија овчарите кои си ги пасеа своите стада овци во месноста Долгите Ораници и Петкојте трла, и тоа: Стево Џугоманов, Ѓорѓи Неделков и Богле Боглев, ги претепаа барајќи од нив да признаат дека сејатаци на партизаните. Ноќта меѓу 19 и 20 јуни 1947 во Бани-ца започна општ претрес по куќите со крајна бруталност и дрскост кон населението. Сакаа да ја покажат својата сила и да го заплашат населението, а особено оние семејства што имаа партизани во ре-довите ва ДАГ. Во оваа акција беа уапсени 30 лица, и тоа: Дамбо Дајков, Крише Јаџчев, Крише Гајрев, Толе Кочев, Кице Руднички, Блаже Крапин, Павле Џугоманов, Павле Малинов, Hyne Васев, Јанко Малинов, Пандо ЏЈугоманов, Кочо Мангов, Макиле MaHroB, Дамбо Калпаков, Стојан Panos, Филип Неделков, ЃГорши Неделков, Богле Боглев, Нуне Танев, Пеце Олев, Лиде Зисков, Јане Зисков, Методи Катронов, Доре Мице Јанин, Наце Рапов и други. Сите уапсе-ци, освен Доре Јанин кој беше задржан во жандермеријата, беа това-рени во камиони и пренесени и затворени во Леринскиот затвор.
Роениот суд во Лерин ги обвини за непријателската дејност во корист на друга држава (Југославија). Сите беа осудени на долгогодишна робија и испратени во концентрациониот логор во Макронисо.
Во жандармериската станица во Баница, Доре Јанин, бив-шиот прославен командант на Националната милиција во IIpecna 1944/1945 година, беше подложен Ha тешки и зверски мачења и испитувања со разни методи кои предизвикаа смрт на првоборецот и легендарен командант на Преспа. За да го прикријат зверското убиство во жандармериската станица, ноќта меѓу 19 и 20 јуни 1947 година телото на Доре Јанин беше извадено северно од селото во близината на селските гробишта и фрлено во ендекот покрај па-тот што оди во месноста. Жандармеријата издаде соопштение дека Доре Јанин ноќта побегнал од затворот, потерата го пристигнала надвор од селото и бидејќи одбил да се предаде, бил убиен. Мртво-то тело беше во таква состојба што на сите присутни им беше јасно дека злосторството е извршено во жандармериската станица.
Во јули 1947 година беа уапсени Мице Џугоманов, претсе-дател на Месниот комитет на младинската организација НОМСМ;
Геле Кочев, Кочо Рапов, членови на Месниот комитет на младината;
селаните Блаже Дајков, Стево Дајков, Пеце Алушов, Ѓорѓи Танев, Коле Малинов, Јане Јанчев, Макиле Олев, Наце Малинов и Ката Хрисафова младинка. Сите уапсени без судење беа испратени во злогласниот концентрационен логор во Макронисо.
Специјални мерки за војување од атинската влада Грчката монархофашистичка влада, не можејќи да се прес-мета со вооружените партизански единици на ДАГ, презеде специ-јални мерки за војување подучена од разузнавачката американска служба на ЦИА. Тоа беа специјалните американски мерки за воде-ње борби во Виетнам. Министерот за внатрешни работи на атинска-та влада, полковник Наполеон Зервас, ги презеде во својот ресор следниве специјални мерки:
Присилно да ги испразни селата во реонот на операциите за да ce ЛИШИ [IAT од резерви и прилив на нови борци.
ДАГ да се лиши од природни извори на снабдување со храна бидејќи селата се главни снабдувачи на единиците на ДАГ.
Да се прекинат врските за известување и да се ликвидираат партизанските лозинки.
Трагедијата на село Бавица Од овие специјални мерки беше на удар п Баница. Ha 8 јули 1947 год. во утринските часови се беше блокирано и почна општ претрес и акција за чистење и протерување на партизанските се- мејства. На најбрутален начин владини војници упаѓаа во куќите кршејќи се пред себе и протерувајќи ги надвор голи и жедни соп-ствениците разбудени од ноќниот сов, па дури и родилките со туку-што родените бебиња. Тие беа спроведувани до импровизираниот на логор ца средсело, во Св. Димитрија.
Владините војници земаа се што е вредно, а книги, списанија и тапии палеа Ha сред двор за да не останат документи како доказ за сопственоста.
Селските шпиони, меѓу кои беа браќата Стамати и Михели по народност Грци оженети за баничанки, ги покажаа партизан-ските семејства. Предавници беа и Коле Колеров и Мице Катин кои секогаш соработуваа со монархофашистите заради синот стрелан од партизаните. | Оваа акција ја раководеше злогласниот Делиѓанис коман-дант на воените единици стационирани во Баница. Во логорот има-ше приведено околу 43 семејства со 165 членови. | и одвоија машки-те деца до 12 години од своите мајки со сила, ги качија ia камион и ги испратија во концентрациониот логор Ајастрати на превоспиту-вање 1110 3 месеци ги ослободија. Другите ги протераа кон планините пукајќи над нивните глави. Кога сакале да се вратат дома, монархо-фашистите не им го дозволиле тоа. Се повлекле до самата Југосло-венска граница постојано изложени на нападите и Татнежот на експлозиите од непријателот. Ја преминаа границата и во СРМ беа пречекани од сонародниците. Далеку од дома, но сигурни.
Со протераните од селото беше и семејството на Атанас Катиновски-Гоче, член на ОК и инструктор на ЕПОН во западна Македонија кој се наоѓаше во редовите на ЈНА. Неговата матка, сестра и снаа имаа важечки документи за патување во Канада каде ШТО of 1928 год. беше заминат таткото Лазар, Ho за монархофа-Шистите не важеше тоа. Со силата на кундакот, ги вратија меѓу со- селаните. Ова семејство се засолни во пазувите на планината и ноќта замина за Лерин, кај пријатели, а по неколку дена обезбеди визи и патни исправи и преку Атина замина во Канада.
Операција „Терминус“ Во овој период на планината Грамос, каде што се наоѓаше Главниот штаб на ДАГ, беа преземени обемни акции од владините сили за чистење на партизаните со помош на американско-англи-ските воени советници и стручни лица кои директно учествуваа во акцијата под името „Врана“ што почна на 22 јуни 1947 год. и беше трета етапа од операцијата ,, Герминус“ која почна на 5 април 1947 година. Првата етапа под името „Орел“ претрпе неуспех, а се одви- ваше во северна Румелија. Втората етапа под името „Соко“ почна на | мај 1947 год. и го опфати реонот на Гревена и Западна Маке-донија, а заврши со пораз на непријателите на ДАГ. Во овие борби во операцијата „Терминус“ учествуваа околу 400 борци на ДАГ родум од Баница, а голем број од нив имаа раководни функции. Во втората етапа од операцијата „Соко“ во борбите на с. Негован, Ле-ринско, загина Вангел Зико, домазет во Баница, а родум од с. Не- гован. Во истата операција во борбите кај с. Ностимо загина Ѓ орѓи Коле Ничов, курир на Главниот штаб на ДАГ. Загина и Лазо Ba-сил Јаков, командир на чета во битките на Флчато-Косинед, а беше погребан со сите почести во с. Лобаница, Костурско.
Enupexn маневар Во третата етапа од операцијата ,„Врана“ која се одвиваше на планината Грамос, во борбите за Синачко, при изведување на „Кпир-скиот маневар“ на единиците на ДАГ на 8 јули 1947 година, загинаа борците Блажо Марко Пенџов и Кочо Васил Јанин, родум од Баница.
За „Епирскиот маневар“ генерал Маркус вели:
"По седум дена борба стана жешко. Позицијата на единици-те на ДАГ се влоши поради тоа што постојано непријателот доби-ваше нови одморени сили. Партизаните мораа да се повлекуваат.
Притисокот се зголемуваше, а нашата слободна територија секој-дневно се намалуваше. Непријателската авијација секојдневно ги упиштуваше населбите и позициите на единиците, ги палеше шу-мите со фосфорни бомби. Се закануваше опасност од опколување на нашите единици. Ние во Главниот штаб бевме пред големо ис- кушение. На 8 јули им наредив на силите од шест баталјона мане- вар кон Кпир. Toa беше засилен марш. Грција, сепак, кога и да е, ќе се гордее со таквите свои луѓе без разлика на проценката на во-јувањето на моите сили. Тоа беа борци, наследници на древните Грци (џако пајмногу беа Македонци). Баталјонот што го команду-ваше Барбалјас беше опколен на Змоликас, втора по височина планина во Грција.
Баталјонот го разби обрачот и HOKE со засилен марш ja пре-мина реката Сарантапоро во реонот на Грамос и подоцна се присо-едини кон други единици на ДАГ.
Другите 5 баталјони не можеа да се пробијат од обрачот, но нивните дејства го збунија недријателот. Верувајќи дека ro созна-ле правецот на движење на партизанските единици од обрачот, префрлија значителни владини сили во тој правец и станаа послаби ва спротивната страна, момент што го искористија партизанските единици и со сите сили нападнаа таму нанесувајќи доста штета на владините сили.
Тоа беше ноќта Ha 12 јули и го измени натамошниот тек Ha воените операции. По мракот, тајно, во две групи, Западно-маке-донскиот и Епирссеиот баталјон го пробија обрачот во реонот на Коница и утрото се најдоа во заднината на владините сили, во рео-нот на Загоре. Таа операција ја нарековме „Епирски маневар“ и им овозможи на другите единици да се нафрлат на непријателот во правецот на Јанина, главниот град на Епир. Загрозениот град ro фатило паника и властите ги гореле своите архиви. Семејствата на монархофашистичките чиновници го напуштаа градот. Парти-заните беа само на дваесетина километри од градот.
Таквиот исход од операцијата ги загрижи кралот и советни-ците на генерадштабот на американскиот и англискиот врв. Ги фрли во очај. За да ја спасат честа на своите војски пред светот и светската јавност, побараа оправдување за неуспехот. Пренесоа гласини дека успесите на партизаните се потпомогнати од надво-решни сили, од Југославија и Албанија, кои на Маркос му пратиле на помош интернационални бригади кои дејствуваат со ДАГ.
Овие измислици беа со цел да ги компромитираат единици-те на ДАГ, Југославија и да го зачуваат престижот на владините сили во странство. На 16 јули генерал Мадинакис призна дека He посто-јат никакви објективни податоци за присуство на интернационал- ни бригади.
«
„Епирскиот маневар“ беше многу значаен 3a движењето.
Злосторствата во копцентрационите логори Во злогласниот концентрационен логор Ајастрати на мис-: териозен начин беше убиен Доре Васил Малинов, активен и стар револуционер и прекален борец за слободна Македонија. Тој во 1946 год. беше уапсен со.други 10 баничани. Во истиот логор ce наоѓаше и илинденецот Филип Неделков, уапсен ноќта меѓу 19 и 20 јуни 1947 год. Тој бил посебно малтретиран, мачен со специјал-НИ ПОЛИЦИСКИ методи и доведен до границата на смртта и без ника-ква медицинска грижа дури и од затворениците кои имале забрана за тоа. Во 1951 год. го праќаат дома за да не умре во затворот и за ца избегнат скандал властите.
Воведување специјални мерки во Баница Во Баница и околината беше воведен полициски час од 16 до 6 часот, a со цел да не се контактира со партизаните. Беа преземени и мерки при возењето по патиштата на владините сили. Се земаа же-ни и деца кои ги пуштаа да одат пред камионите 32 да бидат обезбе-дени од нападите на ДАГ и да се уверат дека патот не е миниран. Ha-селението им беше принудна заштита од диверзиите на партизаните.
Сецак есента 1947 год. Партизанските единици успеаја да го минираат меѓународниот пат Дерин-Кожани во близина на Бани-ца, во месноста Великина барака, и да постават заседа. Во утрин-ските часови наиде воен камион натоварен со војска, нагази на мините, возилото одлета во воздух и загинаа голем број војници, а преживеаните и ранетите беа пречекани со брза стрелба од парти-заните кои потоа се вратија во својата база.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/banica/14 on October 29, 2026