Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА - Part 03

By Atanas Katinovski-Goche · Part 10 of 17 · About 19 minutes

Read in English

Тогаш започнаа првите недоразбирања и судири со грчките партизани. По еден таков инцидент свикавме состанок со раковод- ството ва дел од членовите Ha ПК и КПГ за Македонија, со наши-от Главен штаб и со дел од членовите на ЦК на КПМ. Присуству-ваа политичките и воените раководители на единиците од оваа те- риторија. Во четиригодишната војна македонскиот народ го зас- лужи правото на сопствен и назависен живот плаќајќи го со голе-ми и скапи жртви. Поради недоследноста на КПГ и преовла-дувачките реакционерни сили на Грција, македонското население не ја доби заслужената слобода.

За сето време на ослободителната борба, целите, задачите и интересите на македонското население беа единствени со целите ва грчкото население. Ослободителната војна во Грција имаше и карактер на социјалистичка револуција за социјално и национално ослободување на сите што живееја во Грција. Македонските и грч-ките маси се обедипнуваа на класна основа. Ho, тоа траеше додека КПГ водеше сметка за карактерот на војната, за нејзиниот соци-јален, класен и нацонален момент и дотогаш војната беше во пос-тојан пораст. Не дојде до никаков судир меѓу македонскиот и грчкиот народ кои се надеваа дека ќе живеат заеднички, рамно- правно и слободно.

За жал, пред крајот на војната, ослободителното движење на Грција го загуби класниот карактер кој го имаше на почетокот и кој беше клуч на успехот. Причината за тоа беше колебливоста и недоследноста на раководството, односно на некои членови на КПГ кои ги напуштија првобитните ставови во поглед на каракте-рот на војната и начинот на кој требаше да се води.

Се покажа дека ЦК на КПГ има неправилен и немарк-систички став и кон националното прашање. Со тоа директно беше погодено македонското население во Грција кое го отфрли ваквиот став како неприфатлив. Дојде до опаѓање на ослободител-ната борба и заострување на односите меѓу грчкото и македон-ското население од Егејска Македонија, особено пред крајот на војната. Голем број Македонци, воени и политички раководители на НОВ, отворено ја осудија националистичката и дефетистичка политика на ЦК на КПГ. Таа негативно се одрази и на грчкиот народ. И покрај големите жртви за премавнување на капитали- стичкиот поредок во земјата, по изгонувањето на фашистите, де-мократското движење претрпе пораз, На власт во Грција повтор-но дојдоа реакционерните сили. По договорот во Варкиза, наместо власта во земјата да ја преземат напредните сили, КПГ дозволи тоа да го постигнат реакционерните групации кои во текот на вој-ната не дадоа речиси никаков придонес. Тие ја презедоа власта со помош на реакционерните сили на Англија и Америка на кои по-веќе им одговараше капиталистичка Грција. Наместо мир и слога, народот беше фрлен во една братоубиствена војна која повторно му нанесе големи жртви и штети. Демократските сили повторно, но попусто дадоа огромни жртви. Реакцијата победи ија приграби сета власт во свои раце. Напредните Грци и Македонци поради теророт беа принудени да емигрираат, односно беа протерани од Грција во разни земји во Европа, особено во социјалистичките: Че-хословачка, Полска, Бугарија и СССР.

Општа непријателска ефанзива Непријателот добро информиран за активноста на одделни другари од Баница, во декември 1943 год. испрати СС-единица и го блокира селото. Во таа акција ги изненади дел од партизаните кои беа во своите куќи и ги уапси Дине Робев и Лазо Кочев. Ги спроведоа во Леринскиот затвор, а потоа во концентрациониот логор Павло Мела во Солун. КПГ од Солун помогна во нивното ослободување, а по враќањето дома ја продолжија политичката и воена активност на теренот.

На 10 јануари 1944 год. во Лерин беше уапсен Мице Вела- кин. илегален политички инструктор Ha EAM на OK за Леринско, родум од Баница. По апсењето веднаш беше спроведен во логорот Павло Мела во кој остана до повлекувањето на Германците.

Во општата вепријателска офанзива која почна во јануари 1944 год. Баница беше прва на удар. Ноќта меѓу 30 и 31 јануари 1944 год. селото беше блокирано од германските и бугарските еди-ници, населението собрано на сред село и беше извршен претрес по куќите кои патем беа и ограбувани. Лицата (мажи и жени, стар-ци и деца) кои приговарале биле брутално тепани. При напуш-тањето на селото во вечерните часови со себе зедоа 9 лица, и тоа:

Стојче, Дине, Ламбе, Димче и Крише Кочеви, Tone ЈЈулев, Мичо Михели, Мице Катин и Мице Робев. Спроведени се во Леринскиот затвор и ослободени по неколку дена заради отсуство на докази и заштита од влијателни личности. На 1 февруари 1944 год. во завеа-ното место наречено Сињак, во атарот на Баница, од бугарските окупатори беа заробени партизанските курири Михаил Хариши и Андон Хариши кои се враќаа од Вичо кон селото. На Бугарите им помогнале овчарите Гоне Дафов и Кице Клечков кои наводно им кажале дека Хариши се партизани. Овие овчари подоцна беа осу-дени на смрт и стрелани од ослободителите.

Во Леринскиот затвор партизанските курири биле тепани и мачени, но варварските малтретирања стоички ги издржале не ка-жувајќи ни збор за партизанските единици. Следниот ден Бугарите ги спровеле во с. Бурешница и јавно пред населението ги стрелале со цел да го заплашат. Овие храбри борци одбиле да им ги врзат очите пред егзекуцијата и да се свртат кон SHJIOT. Останале мирни пред командата на готовс и со стиснати тупаници извикале „Смрт на фашизмот - слобода на народот. Да живее КП и Советскиот Сојуз на чело со другарот Сталин! Смрт на предавниците на Маке- донскиот народ!“.

Одржување на Окружната конференција па СОФ Окружната конференција на СОФ се одржа во почетокот на април 1944 год. во планинското место Ben Kamen на падините на планината Вичо. Покрај раководството на OK на КПГ, ЕЦОН, ЕАМ и ЕЛАС, присуствуваа и делегати од сите лерински села. Од 126 населби (села и градови), на Конференцијата учествуваа деле-гациии од 124 населени места, односно МО на СОФ со преку 150 делегати присутни на конференцијата. Претставници од Баница беа: Миле Лаев -претседател на НОО на Баница, Вангел Кујчев -инструктор на ОК на КПГ за баничкиот регион, Кице Кочев -член на ОК на СОФ, Лефтер Олевски -командант на Баничкиот одред на ЕЛАС, Атанас Катиновски-Гоче - инструктор на ОК на ЕПОН, Тодор Кочевски-Виктор - член и инструктор на EITOH и Павле Павлев-Димко - инструктор на ЕПОН. Конференцијата беше откриена од германската власт и на вториот ден беше из-вршен напад на Бел Камен. Единиците на обезбедувањето на Кон-ференцијата под раководство на Илија Димоски-Гоче ги пречекаа на доволна оддалеченост и од заседа ги нападнаа, па тие отстапија.

Беа фатени седуммина Германци и по кратка судска партизанска постапка беа стрелани. Делегатите па Конференцијата се повле-коа во с. Бапчкор на Вичо каде што беше извршен избор на Ок-ружно раководство на СОФ, а за претседател беше избран Петре ЦПавлев. Во вечерните часови с. Бел Камен беше бомбардирано со артилериско оружје и целото беше уништено, но жртви немаше затоа што претходно беше евакуирано населението. На Конфе-ренцијата беше поднесен реферат за дотогашната активност на СОФ, а на крајот беа предложени одредени заклучоци за ната-мошна активност на организацијата. На 4 април 1944 год. враќајќи се од оваа конференција на СОФ, загина Павле Деко Павлев-Дим-ко, инструктор и член на Окружниот одбор на ЕПОН и СОФ за Леринскиот округ. Падна во заседа од германскиот окупатор и комитаџиите (предавниците) од с. Прекопана во непосредна близ- ина ва нивното село. Неговиот идентитет не можел да се утврди од распарченото тело кое не носело документи за идентификација, Тој е еден од најзаслужните организатори на младинското движе-ње во Деринскиот округ, кој падна како жртва на бугарските аген-ти Калчев и Младенов кои го вооружија населението од с. Про-копане за бугарските цели, но кое подоцна се освести и им го предаде оружјето на партизаните. Јас бев последниот кој се поздрави со Димко. Тој замина за Сорович и Кајларско, а јас, Гоче, за родното Баница да се сретнам со најблиските кои ги немав ви-дено од есента 1942 година кога заминав за Битола. По еден ден во Баница се вратив на Вичо. Во с. Лаген бев информиран за заги-нувањето на Павле Павлев-Димко, чија смрт многу ме погоди би-дејќи освен воени другари, бевме и другари од детството.Другарот Димко беше верен член на Партијата, добар организатор, посе-дуваше организациски и револуционерни способности, смел и храбар борец кој ги извршуваше задачите со голем ентузијазам.

Уцествуваше во борбите за разоружување на комигаџиите и па-ушите BO овој реон кој имаше четири подреони со кои раководеа реонски инструктори, потчинети на Димко. Тој знаеше што бара, беше краток и јасен и лесно се соработуваше со него. Неприја-телот повеќе пати му поставил заседи, но вешто ги избегнувал и во послелен момент ги менувал патиштата на движење.Изгубивме прекален првоборец, млад револуционер кој го даде животот за слободата на својот народ, за Македонија. По неговото загинува-ње, јас бев распореден ија продолжив борбата за слобода.

Тој засекогаш ќе остане светол пример за младите генерации како треба да се борат и како да ја бранат слободата на својот народ.

За борбата и херојството во НОВ, Павле Павлев-Димко беше предложен за народен херој од ОК ва КИГ, ЕПОН и EAM за Леринско, но поради расцепот меѓу КПГ и COP по македон-ското прашање, не беше официјално прогласен. За македонскиот народ од Егејот тој е народен херој кој ќе остане во сеќавањата на сите соборци и млади генерации.

На Окружната конференција беше поставена задача да се изберат народни пратеници во текот на март-април 1944 год. за конституирање Народно собрание на Грција и за таа цел на 10 март 1944 год. на слободната територија беше формирано привре-мено раководно тело ПЕЕА (Политички комитет на национално ослободување) за цела Грција. Изборите во Баница се одржаа во втората половина на април 1944 год 1 се гласаше за единствениот кандидат, Киро Пеаев кој едногласно беше избран за претстав-ник на Деринскиот округ. Првото собрание беше свикано на 27 мај 1944 год. во с. Корисхадес на слободна територија.

Формирање на македонски партизански одреди Втор важен заклучок на Окружната конференција беше да се извршат подготовки за организирање на македонски партизан-ски единици СНОВ кои ќе влезат во составот на ЕЛАС.

Врз основа на тоа, во мај 1944 год. е формирана Баничката чета со командирот Лефтер Олевски од Баница и политичкиот комесар Ѓорѓи Калајџиев од с. Воштарени, во рамките на 28-та бри-гада на македонските дивизии. Во четата влегоа 30 баничани од Баничкиот одред формиран есента 1943 година, како и нови бор-ци, и тоа: Ило Мангов, Кочо Хрисафов, Пандо Дајков и Нанчо Џогов. Овде влегоа и борците од с. Горничево, Воштарани, Церо- во, Забрдени и Екшисо. Ова е прва регуларна единица на Славо-македонската народноослободителна војска со етнички чисти Македонци.

Баничката единица стана страв и трепет за непријателот и секаде каде што дејствуваше го дезорганизираше непријателот OC-обено единиците на квислиншката грчка влада.

Еве дел од активностите Ha Бацичката единица:

Во почетокот на јуни 1944 год. беше извршен напад врз шити-онскиот германски радиоцентар во Церовскиот манастир на врвот на Пиперка каде што беа 30 Германци. Центарот беше разбиен, Германците се повлекоа и беа запленети поголеми количества храна, опрема и муниција, како и радиостаница и две мазги кои беа пренесени во с. Негован, Леринско, во штабот на Бригадата и базата на четата.

Бугарските агенти под водство на Калчев Bo Соровичко во селата Ајтос, Екшисо, Сребрено, Прекопана и др. успеаја да вклу-чат одредени селани во борбата против народноослободителното движење. Навалија и во Баница, но не успеаја во тоа заради слобо- дарскиот борбен дух . Во заседа за бугарскиот шпион Калчев, во реонот на Баничко-церовската клисура од минирање на Џадето настрада германска воена колона со три камиони во придружба на 14 војници. Првиот камион, нагазувајќи на мините, летна во воз-дух, другите два се повлекоа. 14 Германци беа убиени. Четата не претрпе никакви штети, но Калчев, бугарскиот агент, не се појави бидејќи беше известен за настаните.

Поради оваа акција Германците заради одмазда обесија 22, патриота. Наредниот ден ја бомбардираа околината со артилери- ско оружје, на местото каде што беше заседата, во клисурата во пречник од 10 км. Десетина гранати паднаа и во Баница и ги убија Менка Зискова, жена на Мице Зисков и Циле-Васил Глигор Кал-паков, кој вршејќи стражарска должност не го напуштил селото.

Менка Зискова е родена во 1908 год. во Баница, домаќинка, wien на АФЖ и активистка на НОВ, обучена да ракува со оружје.

Загина на 36 години, на браникот Ha слободата.

Циле-Васил Калпаков роден 1908 год. во Баница, рударски работник и член на предвоениот синдикат. Учесник во повеќе акции и штрајкови во рудникот во борбата за социјални и економски права. Беше член на КПГ од 1941 год. и активен член во НОВ. Кри- тичниот ден беше определен да дежура во селото, задача опреде-лена од организацијата на резервниот состав Ha ЕЛАС. Загина на

36 години.

Апсењето на првоборецот Лазо Кочев и неговото убиство При спроведувањето на пролетната офанзива од страна на бугарските и германските единици, една оперативна единица по-мина во Баница иго уапси Лазо Коле Кочев. Го спроведе во битол- скиот затвор.

Спроведена беше постапка со барање да признае дека е пар-тизан, член на КПГ и член на HK на КПГ, како и организатор на НОВ во Леринско. Три месеци го тепаа и малтретираа со секави варварски постапки со цел да каже нешто, но не успеаја во тоа. Го тераа да потпише изјави за сослушувањето, а тој одбиваше под из-говор дека не знае да чита бугарски и не знае што е цпапишано во записниците, Изведен е на суд, Ho ни збор не прозбори освен дека е невин.

Немајќи докази, судот донесе ослободителна пресуда отфр-лајќи ги обвиненијата на јавниот обвинител. Беше пуштен на сло-бода со пресудата: протерување во Грција. Лазо беше пуштен, но поради затворските малтретирања не можеше да се движи сам, па со пајтон го зеде Доре Малинов и го одведе во својата куќа на He-колкудневна рехабилитација, грижа и нега.

Бугарските власти наредниот ден испратија полициска ли-музина во куќата на Малинов за да го протераат Кочев преку гра- ница. Бугарските војници го убиле на 200 метри од границата, и тоа му стрелале во грбот. Ослободителната пресуда не значеше ништо за бугарскиот окупатор или задкулисно се беше дого- ворено.

Дазо Кочев е роден во Баница 1910 година. Млад ги искуси страдањата на својот парод, млад се вработи во јагленокоците Ha Баница каде што се калеше во бедотијата и немаштијата зарабо-тувајќи едвај да преживее, а имаше жена и деца. Член беше на ре-волуционерните синдикати во рудникот и на КПГ од 1934 год.

Беше еден од организаторите на штрајковите во 1934 и 1939 ГОД.

кога барањата на работниците беа усвоени стопроцентно.

До апсењето во мај 1944 год., Лазо беше во првите редови во борбата против окупаторот и домашните предавници и беше еден од организаторите на ослободителното движење, не само во Баничко туку и во Деринско.

Мобијшизација од ЕЛАС и формирање на национална милиција Во почетокот на август 1944 год. во Баница беше извршена мобилизација на военоспособни лица од 18 до 55 години од страна на Воепиот штаб на резервниот состав на ЕЛАС со цел да биде формирана национална милиција. Пријавувањето беше спрове-дено пред комисија во с. Воштарани, на околу 5 км од Баница. Bo комисијата беа командантот на штабот. Борис Малинов од Баница и Васил Емширидис од населбата Веви на железничката станица.

Па повикот се јавија 60 лица, вооружени и готови за борба.

По налог на Главниот штаб на ЕЛАС од овие лица беа фор-миранви првите единици во Леринско - Етники политофилаки (на-ционална милиција) со командантот Вангел Кујчеп од Баница. Беа формирани и реонски станици на националната милиција CO опре-делен број милиционери кои се грижеа за редот и безбедноста на населението и беа вклучени во фаќањето и откривањето HA сите непријатели што го попречуваат развојот на ПОД и народноосло-бодителните одбори во вршењето на нивната функција на ослобо- дената територија.

Сите 60 лица од Баница, влегоа во националната милиција и беа упатени во 6 реонски станици, и тоа:

с. Желино со командантот ца HM Киро Џугаманов;

с. Герман со командантот на Преспа Доре Јацин;

с. Неговац со командирот Стјоан Катронов;

с. Сетина со командирот Ставро Павлев,

. Баница со командантот на општина Баница Ванчо Катин;

. Невеска со командирот Тане Џавлев.

(е;

|(Ф)

Борците од Баница уживаа посебна доверба и ја преземаа грижата за безбедноста во Леринскиот округ. Ова беше прва вое-на формација на националната милиција не само во Леринско, туку и пошироко. Командантот за Леринскиот округ стана и член и KO-мадант при Главниот штаб на ЕЛАС во Грција, што претставува и чест за Баница.

Бврбените акции и диверзии на Баничката чета Од заднинските власти на Воштарани беа добиени инфор-мации за бугарскиот шпион Сотир Гасков, роден во Баница, кој живееше во с. Живојно ца бугарска територија и се распрашувал за движењето на партизаните. Му се препишуваше и учество во убиството на Лазо Кочев. Четата на Лефтер Олевски по неколку неуспешни заседи го фати на чешмата Bo Богданец, на патот Бани-ца-Забрдени, и го спроведе во Бел Камен.

По сослушувањето од бригадниот воен суд за неговата шпи-онажа, беше осуден на смрт и стрелан како предавник.

Германската власт го испрати Гркот Ѓорѓи за писар во Сове-тот на Месната власт. Тој имал двојна улога, бил шпион кој не ги забележувал вистинските факти во зацисниците на седниците, а некои списоци ги чувал под клуч. | Во заседа на патот Лерин-Кожани и Лерин-Солун, четата на Лефтер Олевски го фаќа овој шпион и кај него е најден список за активностите на одредени лица од Баница, наменет да го преда-де на окупаторот. По сослушувањето, за соработка со непријате-лот е осуден на смрт и стрелан.

Лефтер Олевски и неговата чета добија задача во август 1944 год. да го нападнат с. Ајтос и да ги разоружаат комитаџиите од ова село. Акцијата беше успешна, но во оваа борба беше убиен Олев Леко Наце, од Баница, роден во 1922 година, долгогодишен рударски работник и синдикалист, член на OKHE, na НОД од мај

1941 год. и wa KIIT од 1942 година. Загина во јуришот на еден бун-кер на германските единици кои дојдоа од Сорович да им помогнат Ha комиташите.

По разоружувањето на комитаџиите од AjTOC, четата доби задача да го нападне германскиот радиоцентар поставен на место-то Висино-Кајмакчалан. Во втората половина на август, по извр-шените подготовки, задачата беше извршена. Притоа беа убиени 10 Германци, 14 беа заробени ца чело со командантот па центарот по чин мајор и беа запленети радиостаницата, воената опрема и оружјето. Заробениците беа однесени во Штабот на бригадата кој се наоѓаше во с. Heropan. ; | Bo септември 1944 год. непријателот беше раздвижен BO правецот Лерин-Солун. Баничката чета организараше заседа на местото Рикни камила, на патот меѓу с. Горничево и с. Острово.

Уџиштени беа 10 камиони и убиени и ранети голем број Германци, без жртви од партизаните.

Во септември 1944 год. минерската чета на чело со Дими-тар Кочевски успешно ја изврши задачата да ги минира патот Лерин-К ожави и железничката пруга Лерин-Солун во должина на Баничко-церовската клисура, во месноста Бабулов Мост, близу Баница.

Во октомври 1944 год. Баничката чета ja нападна жандар-мериската стапица во с. Патале и продолжи кон градот Сорович каде што со други единици учествуваше во неговото ослободу-вање, а беше запленето големо количество оружје и воена оп- рема. Во близина на с. Арменоро ја минираше железничката пруга и дигна германска композоција во воздух. Зароби 2000 бу-гарски војници, заплени три топа, муниција и 4 камиони со храна на железничката станица (камионите со храна, под контрола на HOO, биле препратени во Баница за да се поделат меѓу насе- лението).

Ослободувањето на Лерин и Леринско На 19 октомври 1944 година, заедно со други единици на 28 бригада, четата учествуваше во ослободувањето на Дерин.

На 20 октомври во Дерин беа одржани голема парада во која учествуваа сите единици-ослободители и голем митинг на кој зборуваа секретарот на Партијата за Деринскиот округ, другарот Танас, и претседателот на Окружниот НОО, Ниќо Велаки.

Над 200 баничани беа таму да ја прослават победата над фа- шизмот. Живите илинденци беа Ha чело на колоната носејќи паро- ли за слободата на македонскиот народ.

Налог од КЛАС за расформирање на македонските единици СНОВ и повлекувањето во Југославија Во овие есенски критични денови дојде до несогласувања меѓу формираните македонски партизански единици и штабот на ЕЛАС на 28. пешадиска бригада. Масовното пристапување на ма-кедонската младина кон македонските единици не го восхити ра-ководството на ЕЛАС, туку го вознемири, па почна да реагира.

Стапија во сила EAM и други организациони сили кои ги одвраќаа македонските младинци да стапуваат во македонските баталјони и ги насочуваа кон единиците на ЕДАС, далеку од дома. Почна прераспоредувањето на македонските единици и упатувањето во други бригади и единици надвор од Деринскиот округ. Тоа ce слу-чуваше и во Воденско и Костурско, а под изговор дека треба да се изврши замена на оружјето, беа одземени пиштолите и рачните бомби на Македонците, а други не добија.

По налог на дивизијата, беше поставено барање Деринско-костурскиот баталјон да биде преместен во градот Сјатиста. Се чувствуваше желбата да се ликвидираат македонските единици од страна на ЕЛАС, а со согласност на КПГ. За некој ден требаше да се врати Владата на националното единство на чело со Папандреу, а неговиот став беше познат, изјавен на радио: „За Грција не moc-тои македонско прашање“.

КПГ се согласуваше со тој став и ја извршуваше обврската да ги ликвидира македонските единици СНОВ.

Леринско-костурскиот македонски баталјон, кога се увери дека ќе биде ликвидиран, се повлече на падините на Бигла (над Лерин) и ги продолжи борбите против Германците, очекувајќи и напад од единиците ва ЕЛАС. Тоа се случи. Дваесет и осмата пешадиска бригада на ЕЛАС под команда на Јанулис, го нападна нашиот баталјон, но наиде на отпор. Другарите од војната се бореа едни против други и на крајот по големи загуби, беше разбиена 28 грчка бригада која се повлече. За да не дојде до поголема борба со ЕЛАС и крвопролевање, нешто што се подготвуваше, македон-ските единици на 13.10.1944 год. одлучија и се повлекоа Ha терито-ријата на Вардарска Македонија каде што ја продолжија борбата со Германците.

И Воденскиот македонски баталјон на ЕЈАС пред опасно-ста се повлече преку планината Кожуф во Кавадарци. Другиот ден, 18 ноември 1944 година, од тој Леринско-костурско- воденски баталјон и од нови групи борци беше формирана Првата македон- ска ударна бригада.

Погрешниот став на КТ продолжи и ги прогласи македон-ските единици од Егејска Македонија за предавници и контрарево-луционерни, а истовремено по македонските села националната милиција и единиците на ЕЛАС почнаа да ги малтретираат роди-телите, семејствата и роднините на борците, да ги испраќаат BO ло-гори и да ги прогласуваат за соработници на непријателот нарекувајќи ги срамно, како порано „пањовулгари“.

Дури и на командирот на Баничката чета, дел од 28. бригада, Лефтер Олевски, му беше наредено да го нападне македонскиот Леринско-костурски баталјон и живи или мртви да ги донесе нив-ните раководители во Лерин. Наместо тоа, оваа чета знаеше што се подготвува за македонските единици и народ и се придружи на ЛДеринско-костурскиот одред со сите свои вооружени борци. Во Св. Петка пристигнаа и им се придружијана македонските парти- зани, и тоа од: Баница - 39, с. Церово - 4, Крушоради - 4, Екшисо - 8, Патале - 6, Горничево - 7, Забрдени - 4, Воштарани - 5, Сетина -4, Борешница - 2 и Пешосница - 4 партизани.

Во составот на Баничката чета беа следниве баничани:

. - Лефтер Олевски -командир,