Refugee Children from Aegean Macedonia in Yugoslavia
Front Matter
Деца Бегалци од Егејска Македонија во Југославија Мишо Китаноски и Ѓиорги Доневски Деца Бегалци од Егејска Македонија во Југославија Published by:
Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
****** June 7, 2016
****** Посветено на многубројните “мајки”, учители и персоналот од детските домови во Југославија, што несебично откинаа дел од својот живот и ни го подарија – бидејќи врз нашето детство и патот во животот СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР ....................................................................................7 КОМУ ЗГРЕШИВМЕ - (ИМА ЕДНА СУДБИНА).....................11 ВОВЕД ............................................................................................12 ПРВ ДЕЛ .....................................................................................15 НАПУШТАЊЕ НА РОДНИТЕ ОГНИШТА ...............................15 ЕВАКУАЦИЈАТА НА ДЕЦАТА..................................................15 АКЦИЈАТА ДОБРО ПЛАНИРАНА, УШТЕ ПОДОБРО – РЕАЛИЗИРАНА.............................................................................17 ВКЛУЧУВАЊЕ И НА ПРОПАГАНДИТЕ..................................21 ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК..........................24 ПРИЧИНИ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЦАТА.............................25 ЗАМИНУВАЊЕ ОД УЖАСИТЕ..................................................27 ФАКТОРИ ШТО ГО ДИКТИРАА РАСЕЛУВАЊЕТО..............28 ЈУГОСЛАВИЈА КАКО ТРАНЗИТНА ЗЕМЈА............................29 ПОДГОТВЕНО БЕА ДОЧЕКАНИ ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ..........30 ПОД ГРИЖАТА НА НОФ И АФЖ..............................................32 СВЕДОШТВА ЗА ОТКОРНУВАЊЕТО......................................40 ВТОР ДЕЛ...................................................................................44 ДЕТСКИ ДОМОВИ И ПРИФАТИЛИШТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА ..........................................................................................................44 ЧЕТИРИЕСЕТ И ЕДНО ПРИФАТИЛИШТЕ И ДОМОВИ.......44 ТРЕТ ДЕЛ ...................................................................................46 ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО НР СРБИЈА И АП ВОЈВОДИНА..................................................................................46 ОД БЕЛГРАД ДО БЕЛА ЦРКВА .................................................46 ПОСТОЕЊЕТО И РАБОТАТА НА ДЕТСКИТЕ ДОМОВИ ВО БЕЛА ЦРКВА .................................................................................56 ОДГЛАСИ ВО СВЕТСКИОТ ПЕЧАТ ЗА ПРЕСТОЈОТ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО БЕЛА ЦРКВА......................................60 ЈУГОСЛОВЕНИТЕ ЈА ОБЛЕКОА ОВАА ГРУПА ....................61 УСПЕСИТЕ НА НЕПОЛНАТА ГИМНАЗИЈА “ЛАЗАР КОЛИШЕВКИ” ВО БЕЛА ЦРКВА..............................................66 ПИСМО НА “МАЈКИТЕ” ВО ОДБРАНА НА ДЕЦАТА...........70 ПОЧЕТОК НА РЕПАТРИЈАЦИЈА ..............................................75 ПИСМО ОД ДОМОТ ВО БЕЛА ЦРКВА ДО “ГЛАС НА ЕГЕЈЦИТЕ”.....................................................................................77 ПАТНИЦИ ПО БЕСПАЌА – ПАТАЛЦИ ЗА НАВЕК ...............78 ДВЕ МАКЕДОНСКИ НАСЕЛБИ – ГАКОВО И КРУШЕВЉЕ ВО АП ВОЈВОДИНА ....................................................................85 СО ТРУД ДО ПРИСТОЕН ЖИВОТ.............................................92 ЧЕТВРТИ ДЕЛ ...........................................................................95 ДЕТСКИ ДОМОВИ И ПРИФАТИЛИШТА ВО НР ХРВАТСКА ..........................................................................................................95 ЧЕТИРИ ДЕТСКИ ДОМОВИ.......................................................95 СПОМЕНИ ОД ДЕТСКИОТ ДОМ МАЛИНСКА ......................96 НАСТАВАТА БЕШЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК....................98 ДЕТСКИОТ ДОМ ВО ЦРИКВЕНИЦА .....................................103 ПОБЕДАТА КАКО САТИСФАКЦИЈА.....................................105 ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА ВО ДОМОТ ВО ЦРИКВЕНИЦА...107 ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ШКОЛУВАЊЕТО..............................111 ИЗУЧУВАЊЕТО НА ЗАНАЕТИ – ПРИОРИТЕТНА ЗАДАЧА ........................................................................................................113 ВО ПОТРАГА ПО РОДИТЕЛИТЕ.............................................116 СТРАНСКИ МЛАДИНЦИ ВО ПОСЕТА НА ДЕЦАТА ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ЦРИКВЕНИЦА .......................117 УЧЕНИЦИТЕ БЕГАЛЦИ ОД САМОБОР НА ЛЕТУВАЊЕ ВО ОХРИД ..........................................................................................119 ЖИВОТ – СОБРАН ВО ВРЗУЛЧИЊА......................................120 НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ..........................................................124 ПЕТТИ ДЕЛ..............................................................................126 ДЕТСКИ ДОМОВИ И ПРИФАТИЛИШТА ВО НР СЛОВЕНИЈА ................................................................................126 ПРВИТЕ ПРИФАТИЛИИШТА..................................................126 ДЕТСКИОТ ДОМ ВО СТАРА ГОРА ........................................128 ДЕТСКИОТ ДОМ ВО ДУТОВЉЕ .............................................129 ОД ДЕЦАТА ШТО ЗАМИНАА ЗА АВСТРАЛИЈА.................132 РОДИТЕЛИТЕ МИ ГИ ДАДОА ДЕЦАТА................................134 ШЕСТИ ДЕЛ ............................................................................135 ДЕТСКИ ДОМОВИ И ПРИФАТИЛИШТА ВО НР МАКЕДОНИЈА ............................................................................135 ВО СЛОБОДНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА..........................135 УШТЕ ЕДЕН ДОМ ЗА БЕГАЛСКИТЕ ДЕЦА..........................137 ДЕТСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА.................................................144 ЕГЕЈЧИЊА ОД ДЕТСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА НА ЛЕТУВАЊЕ ВО БУКОВСКАТА ШУМА.................................145 ДОМ ЗА УЧЕНИЦИ ВО СТОПАНСТВОТО “11 ОКТОМВРИ” ........................................................................................................146 ИСПОЛНЕТИ БАРАЊА .............................................................148 ДЕТСКИ ДОМ ВО СТРУГА.......................................................157 ДЕТСКО ЛЕТУВАЛИШТЕ ВО ОХРИД ...................................159 МАСОВНО ШКОЛУВАЊЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ............161 МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ ОД ГРАФИЧКОТО УЧИЛИШТЕ – СКОПЈЕ.........................................................................................163 И ДЕЦАТА ОД ДОМОТ ВО ВАЛАНДОВО НА ЛЕТУВАЊЕ ........................................................................................................165 СЕДМИ ДЕЛ - ДОКУМЕНТИ................................................167 МЕМОРАНДУМ НА ПРИВРЕМЕНАТА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА ГРЦИЈА ...................................................................167 ПРВА РЕЗОЛУЦИЈА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ А РЕПАТРИЈАЦИЈА НА ГРЧКИТЕ ДЕЦА.............................................................................................169 СООПШТЕНИЕ НА ЛИГАТА И МЕЃУНАРОДНИОТ КОМИТЕТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ............................................170 ЛИГАТА НУДИ ПОМОШ ЗА ГРЧКИТЕ ДЕЦА......................171 НЕТОЧНИ ВЕСТИ НА РАДИО АТИНА ..................................173 ПИСМО НА ЛИГАТА И МЕЃУНАРОДНИОТ КОМИТЕТ ДО ЦРВЕНИОТ КРСТ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ЦРВЕН КРСТ ПО ПОВОД НЕТОЧНАТА ВЕСТ НА РАДИО АТИНА..........173 ДОПИС НА ЛИГАТА ДО ГРЧКИОТ ЦРВЕН КРСТ...............175 ЛИГА МЕЃУНАРОДЕН КОМИТЕТ НА ЦК ............................176 СООПШТЕНИЕ НА СЕКРЕТАРИЈАТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ .........................................................................................176 ВТОРА РЕЗОЛУЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ............177 ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ..........................................................177 УСЛОВИТЕ НА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ЦРВЕН КРСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДЕЦАТА НА РОДИТЕЛИТЕ...........................178 ИЗЈАВА НА Д-Р ОЛГА МИЛОШЕВИЌ НА СОСТАНОКОТ НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА ЛИГАТА НА ДРУШТВАТА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ЖЕНЕВА...............................................180 РЕПАТРИЈАЦИЈА НА ГРЧКИТЕ ДЕЦА..................................184 ТРЕТА РЕЗОЛУЦИЈА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ...........................................................185 БРАБОТЕН ПЕРСОНАЛ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ДЕТСКИТЕ ДОМОВИ ВО БЕЛА ЦРКВА, ОД 1948 ДО 1958 ГОДИНА .......................................................................................187 МАКЕДОНСКИ ПЕРСОНАЛ ОД НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ............................................................................189 ОСМИ ДЕЛ...............................................................................191 НЕЗАБОРАВОТ – КАКО АМАНЕТ..........................................191 НЕКОЛКУ ЗБОРА ЗА “МАЈКИТЕ”, УЧИТЕЛИТЕ И ПЕРСОНАЛОТ ШТО РАБОТЕА ВО ДЕТСКИТЕ ДОМОВИ 191 КОЛКУ ШТО ИМАШЕ...............................................................193 ДЕВЕТТИ ДЕЛ.........................................................................196 ОД СРЕДБИТЕ ВО САРАЈ ДО ТРЕТАТА СВЕТСКА СРЕДБА ........................................................................................................196 СÈ ПОЧНА СО ОРГАНИЗНИРАЊЕ НА ПОЕДИНЕЧНИ СРЕДБИ ........................................................................................196 ИДЕЈАТА ДОЈДЕ ОД ТОРОНТО ..............................................197 НЕПОРЕКЛИВИ НАУЧНИ ВИСТИНИ....................................201 ПОВЕЌЕ ОДБЕЛЕЖУВАЊА ЗА СПОМЕН.............................202 КОНКРЕТЕН ЗАФАТ – ФОРМИРАЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ .............................................................205 И ПО ВТОР ПАТ – СВЕТСКА СРЕДБА НА РАЗДЕЛЕНИТЕ...
........................................................................................................207 КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА....................................................211 НАМЕСТО ПОГОВОР – ГО ПРЕСКОКНАВМЕ ЛИ ПРАГОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СПАС? .................................................212 КОНСУЛТИРАНА И ЦИТИРАНА ЛИТЕРАТУРА.................219 ПРЕДГОВОР Идејата да се подготви и издаде книга посветена на децата бегалци од Егејска Македонија прифатени во поранешна Југославија се роди во исто време кога почна подготовката за одржување на Третата светска средба на децата бегалци, што ќе се одржи во 2003 година.
На оваа тема излезе монографското издание “И ние сме деца на мајката земја” од д-р Фана Буцкова, во која станува збор за прифаќањето на децата бегалци од Егејска Македонија во републиките на поранешна Југославија (НР Македонија, НР Србија и АП Војводина, НР Хрватска и НР Словенија) кои подоцна станаа самостојни држави и во другите земји, од т.н.
народна демократија, односно земјите од тогашниот источен блок (Полска, Романија, поранешна Чехословачка, поранешна Источна Германија, Унгарија и Бугарија). Но, како што може да се види, во монографијата повеќе место има добиено престојот на децата бегалци во источните земји, така што тоа беше доволен повод да се зафатиме со подготвувањето на оваа книга, и со разгледувањето на прифаќањето и престојот во детските домови во поранешна Југославија.
Меѓутоа, прв којшто објави своја книга со истражувачки карактер е писателот Петре Наковски. Тој, во осумдесеттите години ја издаде монографијата “Децата бегалци од Егејска Македонија во Полска”, во која, од сите аспекти и со бројни документи и аргументи, пишува за доаѓањето, сместувањето, школувањето и развитокот на децата бегалци од Егејска Македонија во детските домови во Полска. Така, неговото монографско издание, може да се рече, го покрена систематското истражување и пишување на нашата тема, по што се издадоа и издаваат нови книги...
Што се однесува пак, до темата да егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија во другите земји, во македонската литература се напишани бројни песни, раскази и романи од писателите Ташко Георгиевски, Петар Ширилов, Ката Мисиркова-Руменова, Иван Чаповски, Љубиша Ташковски, Васил Пујовски, Ристо Јачев и многу други, кои беа дел од таа непрегледна река деца бегалци и откорнатици, но и од македонските писатели Ацо Шопов, Славко Јаневски, Гого Ивановски, Лазо Каровски и други кои се родени во Република Македонија.
Во Белград, проф. д-р Милан Ристовиќ ја објави својата книга “Долго враќање дома” (“Дуг повратак куђи”) посветен на децата бегалци од Егејска Македонија во Југославија. Неговиот политиколошко-историографски труд, за прв пат, го разгледува прашањето на егзодусот на децата бегалци и нивното присилно откорнување од родните македонски огништа во Егејска Македонија под Грција, и нивното раселување и нуди мошне интересни сознанија за нашето “враќање дома”, документи и аргументи, кои фрлаат нова светлина за нашето заминување од родниот Егеј.
Прашањето на децата бегалци и нивното напуштање на родните огништа во Егејска Македонија, треба да се истакне дека кусо е обработено и во книгата на д-р Никифор Робовски “Македонците од Егејска Македонија во Чехословачка”, како и книгата “Децата бегалци во Чехословачка” од Вангел Поповски, потоа на Лазар Минков “Македонците во Унгарија”, како и во повеќето изданија посветени на одделни македонски села во Егејска Македонија, како што се “Бапчор” од Ѓорѓи Доневски, “В’мбел” од Сократ Пановски, “Трсје и трсјани” од Никола Кичевски, “Орово и оровчани” од Томе Миовски, “Граждено” од Христо Ристовски и Гоче Дробицки, двете книги за селото Д’мбени од Атанас Близнакоф и Лазар Поп Јаневски, книгата за село Поздивишта од д-р Фана Буцкова и Ристо Шанев, “Буф” од Доне Пановски, спомен книгата за Герман, изданието за Сетина и Попадија од Тодор Јовановски, за Вишени од Димитар Прстенаров, “Чифлиџик село во Егејска Македонија” од Никола Балканов и Ангел Балкански и др. Во сите нив се разгледува собирањето и пренесувањето на македонските деца од Егејска Македонија во поранешна Југославија, и во други источноевропски земји.
За нашата голгота и најголемиот европски срам во Дваесеттиот век, изворни текстови може да се најдат и во тогашните изданија на весниците “Нова Македонија”, “Глас на Егејците” во Скопје, “Борба” и “Политика” во Белград, “Дневник” од Нови Сад, “Вјесник” и “Нови лист” од Загреб и Ријека, “Дело” од Лубљана, многуте тогашни ревијални изданија и гласилото на Црвениот крст на Југославија и др.
Покрај погоре посочените изданија, кои ни служеа при обликувањето на овој ракопис, најголема помош најдовме во пишувањата на Станоја Обренов, тогашен директор на домовите за деца бегалци во Бела Црква. Неговиот заграб во проблемот е навистина значаен, зашто нуди бројни факти за нашата судбина и тогашниот детски живот.
Нашата цел е скромна. Со ова издание правиме обид да го расветлиме, колку што можеме сè она што го доживејаа и живееја децата бегалци од Егејска Македонија во повеќето домови во некои републики во поранешна Југославија. Се определивме со силината на аргументите и низ сеќавања да кажеме барем дел од големата голгота и невидениот егзодус што се одигра во средината на Дваесеттиот век на просторот на Егејска Македонија под Грција.
Обидот да подготвиме едно вакво издание, беше присутно за цело време додека го пишувавме текстот, па користејќи автентични документи и сеќавања, се обидовме на популарен начин да ја раскажеме судбината на над дваесет-илјадната непрегледна колона на егејските деца бегалци, како опомена и аманет, упатен директно кон потомците и иднината, да не се повтори вакво зло, но и да не се заборават родните огништа...
Оттука, ние сме обележани со лузни, но уште повеќе пламти огнот во нас, за враќање на нашите таткови родни огништа и стреи, но и тагата што поголемиот дел од животот го минавме откорнати и пресадени. Доколку во тоа, барем малку сме успеале, тогаш заслужувал и нашиот напор и го оправдал издавањето на оваа книга.
Должиме и една напомена: низ текстот, како што може да се види, употребуваме термини, кои веќе се историски надминати, но тоа е диктирано од самите состојби и тогашна терминологија. Тоа го направивме, пред се, од желба да се задржи автентичноста на опишаните настани!
На сите соработници им искажуваме несебична љубов и благодарност, зашто без нив и без нивната безгранична љубов, немаше ни да се роди оваа книга, што се надеваме ќе биде светол и незаобиколен патоказ за идните истражувачи на сето она што го доживеавме надвор од своите родни огништа и населби, подалеку од своите најмили – родителите, во туѓина и во детските домови во кои бевме сместени. Оттука, за нас може да се рече дека сме деца без детство... Со тажни и крвави спомени, и со многу лузни и солзи, копнежи и страдања за нашето враќање. Навистина, дали некогаш ќе има враќање на родните огништа и во детските спомени...?
Исто така, ја користиме оваа прилика да искажеме благодарност до Црвениот крст на Југославија и Историскиот музеј – Белград, Државниот архив на Република Македонија и на архивското одделение на Институтот за национална историја и вработената госпоѓа Слободанка Филиповска, која со ентузијазам ни помогна во собирањето на материјали за нашата тема.
Нашиот егзодус, непобитно е дека е најголемиот срам што го доживеа цивилизирана Европа, во векот што измина. Зборовите секогаш се посилни и од куршумите и од непријателствата.
Авторите Септември, 2002 година КОМУ ЗГРЕШИВМЕ - (ИМА ЕДНА СУДБИНА)
Деца бевме, кому згрешивме, виновни што бевме без вина толку тешко кој не проколна животот по светот ни мина.
А плачат, плачат за нас планините сенките под маслините, а во нас, боли во нас и векува рана што пече, не се лекува.
И низ светот нам насекаде срцата ни ги отворија само таму нема враќање портите ни ги затворија.
Ех, колку тежат таму планините тешки се и горчините, на сите клета ни е судбината исто не боли далечината!
Кај и да сме не го забораваме детството што таму го оставивме.
Васил Пујовски ВОВЕД Како што е познато, Граѓанската војна во Грција, во средината на 1949 година го доживеа својот пораз. Трагедијата на опожарените македонски села и на убиеното население беше толку голема што се споредува со катастрофата што ја доживејаа одделни региони и народи во Втората светска војна.
Македонскиот народ во Егејска Македонија како што масовно се вклучи во Втората светска војна, исто така својот борбен пат го продолжи и во граѓанската војна, верувајќи дека е дојден историскиот момент за конечно решавање на македонското прашање во Грција и за добивање на национална слобода.
Но, за жал, и покрај невиденото масовно учество и хероизам искажан во граѓанската војна, а постојано поттикнуван и воден од Комунистичката партија на Грција, се покажа дека повторно македонскиот народ е излажан и положен на жртвеникот од олтарот. КП на Грција и раководството на ДАГ под силен притисок на грчките монархофашисти и на нивните странски помагачи, се одлучи и презеде конкретен чекор – што се однесуваше на населението во Егејска Македонија. Точно како резултат на оваа, пред сè, политичка (партиска) одлука дојде до собирање на децата во Егејска Македонија и нивно иселување во Југославија и другите источноевропски земји, во т.н.
демократски земји.
Од првата половина на 1948 година, реки, поточно колони од мали и нејаки деца почнаа да се движат од Егејска Македонија и да влегуваат во Народна Република Македонија, а оттаму во југословенските републики и другите земји. Со нив одеа и т.н.
“мајки”, кои жртвувајќи ги своите животи успешно ги водеа колоните од нејаки деца, за да ги донесат во слободната земја и да ги сместат по домовите и интернатите. Се влегуваше преку суводолици и планини на територијата на НР Македонија, а оттука во Битола и Браилово и потаму со Скопје, Белград, Гаково, Бела Црква, Црквеница, Стара Гора и други места.
Новата македонска народна власт заедно со Црвениот крст на Југославија и на Македонија, максимално се вклучија во оваа активност и поведоа вистинска борба за спасување на секое дете, при тоа давајќи им лекарска помош, сместување и понатамошно школување.
Од Македонија најголемиот број деца-бегалци, откако ќе добиеја здравствена помош, облека и храна, беа испраќани во Белград, а оттаму распоредувани во републиките Хрватска и Словенија, Србија и Автономната покраина Војводина. Така се родија повеќето центри – домови во кои беа сместени македонските деца бегалци, чиј број не беше занемарлив, туку напротив значаен, иако постојат несогласувања по однос на вкупниот број на раселените и откорнати деца бегалци.
Повеќемина истражувачи истакнуваат дека таа бројка е 28.600 деца, од кои 90% беа Македончиња, а останатите Грчиња.
Во АП Војводина од 1945 до 1949 година беше формирана грчката населба – Булкес, во која беа сместени повеќе грчки партиски раководители, борци и друг кадар, како и грчки бегалци. Од Булкес се водеше и диктираше севкупната политика по однос на грчките бегалци, вклучувајќи ги тука и децата, независно што најголемиот дел беа Македонци. Тука беше формиран “Комитет за помош” на децата, во чија надлежност беше и школувањето на децата-бегалци сместени во повеќето домови во Југославија. Тука се печатеа весници, брошури и летоци, а тоа значи дека тука се креираше и севкупната политича по однос на децата бегалци.
По изгласувањето на Резолуцијата на Информбирото во средината на 1948 година и по јавно прокламираниот судир меѓу тогашните комунистички партии на СССР и на Југославија, излегоа на видело две работи: прво, дека грчкото раководство сместено во Булкес ја прифати Резолуцијата на ИБ и почна жестоко и безмилосно да ја напаѓа КП на Југославија, независно од фактот што истото беше сместено во Булкес, и второ, децата-бегалци се обиде на најодвратен начин да ги искористи за свои пропагандни цели. Покрај печатењето на летоци насочени против општествено-политичкиот систем на тогашна Југославија, подмолно почна да организира и бунтови на згрижените деца бегалци во некои домови, а во странските средства за јавно информирање, особено оние од источноевропските земји и да објавува измислици и шпекулации дека децата во детските домови во Југославија живеат во енормно тешки услови и дека се експлоатираат со тоа што работат тешки физички работи, наместо да се школуваат.
Наспроти ваквите пласирани лаги и невистини, југословенските и македонски власти се бранеа со силината на аргументите и на вистината. Така, организирана е посета на повеќе странски новинари на неколку домови во кои беа згрижени децата бегалци од Егејска Македонија, со цел што се вели, новинарите на лице место да се запознаат со животот и школувањето на штитениците. Од нивните написи објавени во неколкуте светски познати весници, може да се види нивната објективност, но и да се согледаат добрите услови во кои живееја и се школуваа децата бегалци во Југославија. На грчките и источноевропските пропагандисти, ова им беше најдобра шлаканица дека не ја зборуваат вистината, а дека состојбата е сосема поинаква и афирмативна за искажаната грижа кон прифатените и сместени деца бегалци од Егејска Македонија во Југославија.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/refugee-detsa-begaltsi-e-book-macedonian/1 на 29 октомври 2026