Библиографија - Part 01
Библиографија:
ХАНС-ЛОТАР ШТЕПАН:
“Македонскиот јазол”.
Идентитетот на Македонците прикажан на примерот на Балканскиот сојуз (1878-1914)
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Повод за овој напис ми го даде Симпозиумот организиран од Министерството за економија во соработка со Стопанската комора на Македонија кој се одржа со цел да се потикне извозната навика кај стопанските фактори.
Стручњаци од министерството ги даунлаудираа пред стопанствениците нај новите таргети за манаџирање на компаниите така да истите се прилагодат на новите услови на светска економска криза и да почнат со извоз. Овде беа атачирани сите Бренч таргети кои биле добиени на последната нивна ворк посета кај западните земји. Ни беше кажано све што е потребно за да излеземе први од светската криза.
Ни беа дадени и упатства за аплицирање кај европските фондови за девелопирање на малите и средните компании.
Нашите стручњаци за така важни работи ни понудија организирање на нови ворк шопови ако се покаже потреба или ако нешто не било доволно разбрано затоа што кај нас тоа не се учи од мала нога како во западните компании со богати бек граунди.
Сите бевме толку задоволни што никои не го тачира проблемот со кафето кој дава посебен импулс во такви пригоди!
Седам и размислувам. Кога дојдов во Македонија пред четириесет години, таргетот ми беше моите деца да го научат добро македонскиот јазик. Се љутев ако ми кажуваа дека е по модерно и по музикално да се каже „жуто” или да „искачам” од колку жолто или да излезам. Се излажав, многу работи се променија: денес дури и внук ми кој има осум години ги сејфува и ги даунлаудира сите фајер гемови во мојот лап топ а без да го едуцира никој во тоа.
Каков голем напредок: македонскиот јазик станува се по богат и по обемен! Мислам дека за една деценија нашиот јазик ќе биде по музикален и од италијанскиот кој бил прогласен како таков од некои поранешни медијуми. Важно е да исчезнат српските зборови и да се миксат со модерни англоамерикански и, се ќе биде О.К.
Кога бев мало дете околу мене многу често се слушаше зборот
„сполајти” Сега, истиот збор можеш да го слушнеш само кај македонските стари приказни постана архаизам!
Каков голем напредок! Ниту модерната компјутерска технологија не се девелопира со такви спидови. Што да правиме ние по старите што не можеме да се држиме во чекор со таквите трендови? Многу касно купив компјутер и тешко можам, на пример, да атачирам некои документ во меилот кој сакам да го сендувам на некоја брендирана странска фирма или друг документ да го сејфувам а камо ли да го принтам! Во моја близина нема ни еден информатичар кој студирал во напредните западни земји а да ми каже како се логира, како се линкува, лајкува или како се даунлаудира од интернет. Сум самоук! Тоа не е така лесно и не носи напредок кај луѓето. Срам ми е да кажам дека не сум во состојба да отворам линк и со нај добрите стари пријатели. Штом не ги знам принципите на нај новото менаџирање со овие работи кои се едуцират само во западните напредни земји ништо! Така ти е тоа, си останал назад ако не си го научил англискиот уште од прво одделение!!!
Се осеќам хендикепиран. Светот брзо се менува. Македонскиот јазик, исто така. Мислам дека за неколку години нашиот јазик ќе стане есперанто без да има никој претензии на авторско право.
Ако сакаш да не останеш лузер за секогаш треба да учиш англиски дури и кога немаш пари. Жената оди да шапа во Солун и ти фони од таму прашувајки дали може да ги потроши и последните мани. Тоа го прави со нај модерниот мобиле преку роаминг. Мора да биде така и да пристанеш инаку не се излегува на крај без тоа.
За пример можат да служат и нашите многу добро информирани новинари кои завршиле филозовски факултети и по некој ворк шоп во странство кој вредеше повеќе од нивниот факултет. По мое мислење нај повеќе они го збогатуваат нашиот јазик. Истите го држат медиумскиот монопол и, кога се враќаат од запад констатираат дека нашиот јазик не се конформира и не е во тренд со состојбите на теренот Просто речено не е модерен. Посебно интересни се телевизиските емисии со елитните гламурозни личности од нашето друштво -деца на ричмени и лидери во политиката кои навреме се сетија да ги едуцират нивните деца во западните колеџи - или на ворк шопови во кои за кратко време учат све што треба за еден модерен човек да го имплементираат кај нас и да ги исцедат на максим сите бенефити. Како убаво го изговараат македонскиот модернистички јазик! Како убаво ги миксат зборовите! Да им се чудиш!! Само да ги слушаш како чатат и се смејат цело време пред камерите со нивната бренд облека и нивните имиџ - Н.Y.
капи и фризури богати со нај фините лосиони чудо!
Они ништо не кажуваат а цело време слатко се смејат. За се можеш да се едуцираш дури со какви брендовни предмети ги украсуваат ќошињата од нивните куќи, каква долна облека купиле на шопинг во Сејшелите колку лав авантури имале и.т.н.
Ништо не знаеме ние!
Гламурот на нашата елита запиперен со нај фините балкански навики ќе биде предмет на завист од страна на учесниците на Канскиот фестивал! Еј, до кај стасавме!
Мислам дека и нашето македонско радио не изостанува со „модернизирање” на македонскиот јазик. Не! Они дури го заобиколија „рамковниот” закон за застапеност на „стариот” македонски јазик во нивните програми. Како убаво се снајдоа:
се што е „старо”, македонско, го стават во рано утринските програми кога старците ги тријат болните прсти и не можат повторно да заспијат а се што е „модернистичко” македонско и прогресивно американско почнува од десет часот кога се разбудува младината која треба да биде во тренд со новиот јазик. Се е поставено на свое место. Има само еден искључок кога се најавува утринската програма се почнува со хитот на неделата кој, без друго треба да е американски, се разбира иако прв пат слушнатата македонска песна Тик,так е далеку по убава и по прифатлива за нас. Што да правиш: и они мора да бидат во тренд со работите.
А, да чуете како министерот за здравство ги најавува дојдените лекари од запад на скрининг визити а после тоа да ги едуцират нашите лекари. Тука едно не можев да го сватам дали нашите лекари немат факултет и затоа треба да се доедуцират или тоа е чиста размена на искуство. Знаете тоа кај мене се случува затоа што не го знам англискиот Но, на министерот за образование да му текне да го смени името во министерство за едукација квалитетот на едуцирањето на младите, автоматски, осетно ќе се зголеми.
Да видите вие како напредна пишувањето на фирмите и рекламите на нивните производи. Мислиш дека кај нив купуваат само американци и англичани. Зашто да не!? Они кога ќе влезат во Шуз шопот, Тоис шопот или Гифт шопот ќе видат така ниски цени све ќе искупат. За жал, лошо е што туристи од Англија и Америка не ни доаѓаат на шопинг а туристите од Турција, кои се нај многубројни, не знаат англиски. Е, затоа се затвораат толку често тие шопови и маркети.
Многу на мода е џоб маркетот. Сакаш да работиш во запад отвори го џоб маркетот и све е решено да стигнеш до нај високите професионални позиции иако треба да почнеш со миење на тањири во некој скромен ресторант.
Кои може да тврди дека Македонија има нај сиромашни граѓани кога сандвичите, фут храната или ручекот им се кетерингосува дури до кревет!
Ние ќе ја надминеме француската буржуазија на Лудовик ЏИВ.
Што ни требаше да изгубиме педесет години со Марксовиот социјализам, сега ќе бевме подалеку и од миљардерите кои ги гледаме секој втор ден на телевизија и ни кажуваат колку трошат за еден ден а тоа не може да го заработи пола Индија за осум саати. Еве зашто треба да се бориме! Македонија можеме да ја претвориме во втора Калифорнија, сите услови ги имаме.
Нашата буржуазија се збогати за сто пати по кратко време од калифорниската. Само да продолжат со ова брзина! Сите ќе станиме големи ричмени!
На владата да и текне да ги амнестира нашите прави богаташи кои домакински ги чуваат маните во странските банки, да им дозволи камбек во нашата земја а они да можат да се шетаат слободно по нашите улици без да има право некој од страна да им викне: “Ууу, крадци!” Ако се продолжи така, замислите кај ќе стигнеме! Ние ќе станеме!
Тоа го потврди и мојот гостин од Калифорнија кој, кога го однесов на еден ручек горе на Водно ме праша: „Дали знаете која е разликата меѓу Калифорнија и Македонија?” На тоа јас одговорив: „Е огромна”. Следеше неговиот одговор: „Не, само два степени целзиусови само што вие треба да ги засукате малку погоре ракавите” Не мислејки на тоа што он таргетираше сакав да му речам дека ние носиме кошули со кратки ракави но, во тој момент келнерот ни го прекина разговотот.
Ми чини задоволство кога ги слушам храбрите новинари на телевизија како остро ја критикуваат државата што не може да стави ред со македонскиот јазик иако во секоја национална телевизија има по неколку лектори. Цензурата не важеше ни во средиот век, каму ли сега!
Има ли на Балканот по добар портпарол на влада кој толку грандиозно ги објавува на македонската телевизија Роуд Шоата на нашиот премиер и неговите таргети и инвестинг успеси низ цел свет? Не! Не!
Можат ли да згрешат нашите невработени со нивните апликации кога таа дејност е добро манаџирана од толку волонтери на невладините организации? Колку убаво и културно го изговара зборот апликации кога ги кани невработените брзо да аплицираат зашто пак ќе ја изгубат приликата да најдат добар џоб.
Или кога министерот за земјоделство ќе рече дека донира толку и толку субвенции за развој на руралниот или, по наше, селскиот туризам мислиш дека селата станаа толку напредни што сите нивни улици се асфалтирани исто како и градските или урбаните улици на нашите градови.
Е, министре, и кај руралните средини ќе цапаш во кал до колена. Со ништо не ја подобри состојбата ако му го
„модернизираш само името”!
Треба едуцирање и пак едуцирање!
Пред малку министерот најави градба на гринфилд во Св.
Николе. Што е тоа, само он и руралците околу него знаат Не сакав да ги спомнам руралците кои, и они се модернизираа и почнаа да аплицираат на големо за мани и бенефити од владата и Европската Унија. Тоа го прават затоа што аплицирањето а не барањето е нај добар дипломатски збор за добивање пари од европските фондови. Тука се бенефитите! Тоа не значи дека они бараат или питаат пари. Никако. Тоа значи да не работиш а да добиеш заслужени пари на фин начин , како грците што прават. Они успеја да направат сиромашка држава ама со богати грци. Така и треба!
Им се чудам на грците! Успеја да ја влечат цела Европа за нос па дури и Ангела Меркел! Еј, колку е важно да имаш добар јазик како грчкиот!! Грците успеја да го потресат еврото само со нивниот јазик кој го изговараат без грубите наши букви „џ” „ч” , „ш“, а убаво ги виткаат и трите во една, - „ц“. Тоа дури и на Саркози му се допадна! Затоа ја убеди Меркел да клекне пред грчките антички филозофии и да им подари на грците 23 милијарди за да не пропадне еден избран народ кој, од антиката до денес го носи факелот на хелинизмот синоним на цивилизацијата, прогресот и , нај важното - демократијата со сите човекови права, внатре и надвор од Грција!
Да ја оставиме малку политиката. Кога слушам дека целата младина е поканета на еко хепенинг си спомнувам на мојата баба која немаше среќа да ги живее овие времиња. Она ме носеше на излет да собирам со голи раце зелена трева за магарето или во шумата, блиску селото, да собирам суви рошки за потпалување на огнот. Си отиде, Бог да ја прости, без да ги осети бенефитите на хепенингот!
Тоа ти е - модерно време!
Џабе се трудат академиците, Ристовски и Старделов на кои им се придружи еминентниот политичар Љупчо Георгиевски да го бранат доаѓањето на словените од зад Карпатите и словенските браќа и нивниот јазик. Не знам зашто ги бранат толку? Браќата го поминаа Дунав со цевка во устата како сите словени на Балканот но, во обратна насока. Што има да ги бранат? Тие немаат никаква заслуга: не успеја да ги направат моравците македонци иако им позајмија словенска писменост. За разлика од турко монголите - бугари кои имаа заедничко со нас само цевчето со кое го преминаа Дунав истите постанаа нај големи словени и дури до таму отидоа што ги присвоија браќата сирачиња, Кирил и Методиј затоа што им дадоа писменост.
Каква великодушност од нивна страна!
Македонци, ние би требало да размислиме дали ќе одиме по стапките на бугарите или ќе развиеме модернистички македонски јазик. Сега има пластични цевчиња со кои нашите стручњаци кои престојуват на ворк шопови во запад можат да го поминат Дунав во обратна насока и да направат модернизација на македонскиот јазик како што тоа го направиле браќата Кирил и Методиј своевремено.
Не знам зашто грците трошат толку труд и пари да докажат дека ние не сме ние поради тоа што имаме стар македонски јазик. Они ниту не знаат дека ние си го сменивме сами јазикот и си го модернизиравме до таа мера што, ако дознаат англичаните и американците ќе станеме автоматски нивни сојузници. Тогаш грците ништо не ќе ни можат Чао,чао, ај лав ју на сите вас!!
ПИСМО ДО КАРАМАНЛИС Здраво Црни Ман, твоето име на македонски јазик вака се преведува. Да те прашам, иако знам дека тоа нема да стаса до твоите уши: Со кое право тврдиш дека си македонец, кога твоите предци биле донесени во Македонија од Измир, Турција? Или мислиш дека си геогравски македонец? Изјасни се!
Дали знаеш кој беше Архимед гркот? Скокаше од радост, гол низ Сицилија, извикувајќи “Еврика!”, затоа што откри еден од основните закони на физиката: Секое тело потопено во вода, истиснува толку течност колку што е неговиот волумен. Зашто ти мислиш дека можеш да истиснеш поголема количина на вода од твојот волумен?
Господине Караманли, си изјавил дека историјата е веке одамна напишана и никои не може да ја смени. Само си заборавил дека историјата ја пишуваат победниците а ја корегираат победените. Не заборавајте! Ви препорачувам да ја прочитате следната книга:
Martin Bernal:
“BLACK ATHENA” The Afroasiatic Roots of Classical Civilization Volume I The Fabrication of Ancient Greece 1785-1985 “ Не ви се чини дека е крај на вештачки фабрикуваното европско галениче - Грција?
Грчкиот народ има една добра поговорка: “Пиос гиреви та пола, хани ке та луга”. Што велите на тоа? Зар не претеравте со вашите барања?
Превод на поговорката е: “Кој бара премногу, го губи и малкуто”.
КАКО СЕ ВОДИ ПОЛИТИКАТА - КАЈ НАС Зар нашата политика се разликува од другите домашни политики? Не знаеме. Прво затоа што не сме биле во други земји да видиме и да ги почуствуваме последиците на нивната политика. Второ, нивните политики имат далеку по богат арсенал за одбрана и прикривање на вистинските цели и намери.
Ако ги прашаш тие што биле таму на гости, се разбира, сите, без искључок, ќе кажат дека таму функционира безпрекорно.
Така е кога гледаш од позиција на гостин!
Нашите привелегирани, младинци кои одат во запад на едуцирање затоа што овде толку им фаќа умот, за кратко доаѓаат како просветители. Толку многу научиле таму а за многу кратко време што не можат да се изразат целосно на македонски. Не дека го заборавиле јазикот туку затоа што нашиот јазик ги нема во речникот нај фините англиски зборови да го кажат тоа што го научиле. Не е вистина дека они немат навика да го отворат македонскиот речник и да ги најдат соодветните зборови!
Но, приметив една интересна работа: и колку многу да престојувале во запад да ги учат тамошните политички пракси сепак, кога се враќаат дома, општо балканските навики преовладуваат кај нив.Се обестинува оно народното: крвта не е вода.
Така, ќе гледате на трибините од јавните медиуми како си ги покажуваат едни на други прљавите здолништа. И тоа, на пример, портпаролите на владеачката партија ги пружат прљавите алишта на опозициската партија и обратно. За жал тоа го прават секогаш на говорницата која опфаќа многу мал простор за таква намена.
Ние, народот, за жал, треба да гласаме за преставниците кои имат нешто по малку прљави алишта за да си го продолжат мандатот за уште четири години. Друг избор немаш! Многу едноставна политика. Без труд, без пот да си владееш уште четири години !! Кај го има тоа ? Само кај нас? Не!
Господа политичари, прљавите алишта однесете си ги дома и перете ги во машина за перење. Ако немате машина, купите си.
Имате пари доволно!
Не можам да разберам како едни на други си откриваат криминални дејствија а не превземат никакви мерки преку судските власти! Тоа ми личи како оно на Бранко и Љупчо:
левата рака ја мие десната а македонскиот капитал и од двете страни оди преку граница.
Значи и двете страни имат сватено дека не треба да се оди до судските власти туку, само до таму до кај може да се привлече гласачката множина за да се остане или да се дојде до власт.
Во овој случај народот останува оштетен а тоа никому ништо.
Истиот, е докажано дека, издржува!
СИРОМАШТИЈА Нај големата опозициска партија последно време приметила дека кај нас владее наголемо сиромаштијата. Тоа го најави нивниот портпарол облечен со светликав костим и со малку коса но, дотерана, ако да одма излегол од фризер.
Излегов од дома да видам колку е вистинита ова изјава. Прво почнав да ги бројам џиповите од комшиските згради. Кај првата најдов десет но, кај другите немаше помалу од тринаесет. Се прашувам “колку џипови треба да има една зграда со четириесет и пет станови а да се класифицира како зграда со сиромашни луѓе?” Вториот критериум кој сакав да го применам беше да ги бројам колите по категории. Како прва и нај мала, стара кола, израз на социјалистичка сиромаштија, Фичо, не го најдов никаде.
Почнав да ги бројам другите но, киксирав. Никако не можев да ги бројам и да ги распоредам по згради: сите простори околу зградата биле зафатени а оние помеѓу зградите исто така. Овој критериум за оценување на сиромаштијата ми пропадна. Ниту не сакам да помислам да ги бројам колите околу салата „Борис Трајковски” кога има меѓународен натпревар. Не е возможно.
Тоа ти е мравјалник од коли!
Тргнав да видам дали рестораните се испразнети поради сиромаштијата. Сметав дека овој да биде трет критериум за изразување на сиромаштијата во Македонија. Прво отидов кај нај новиот трговски објект, City Mall, за кој мислев дека направија нај голема глупост што изградија толку многу ресторани во еден ист објект. Но, не најдов ни едно слободно место ниту за кафе да се напијам иако, бога ми, е многу скапо.
Чудо. Во кафаните сите столици биле зафатени од млади луѓе.
Се прашувам од каде наоѓат пари овие луѓе ако немат работа и се толку сиромаси нивните родители ? Смеење, сите со чаша во рака - кои мисли на сиромаштија!
Добро што им текна на властите да им дадат слободно возење со градски автобуз на нивните родители да излезат во град со убавите старомодни облеки.
Друг критериум кој би ја изразил сиромаштијата би бил бројот на купувачи во продавниците. Дојдете да ги броете купувачите што го посетуваат City Mall. Автоматските врати од овој центар воопшто не се затвораат затоа што цело време влегуваат и излегуваат купувачи. Дали можеш да ги броеш дури и со електронски бројач? Никако, посебно во сабота и недела!
Големиот број на невработени би бил друг критериум за изразување на сиромаштијата. Се прашувам дали има некој кој ги има изброено невработените? Мислам дека нема. Зашто?
Кога викнав мајстори за реконструкција на станот, за промена на старите искривени прозори, врати, затворање на терасата, парно, бојадисување, варосување, и.т.н. Верувајте дека поминале околу 30 мајстори. Никој не припаѓаше на некоја фирма. Сите работеа приватно со плаќање во ќеш или пари на рака. Сите овие мајстори, законски невработени луѓе, работеа кај мојот стан околу еден и пол месец. Дали знаете колку реконструкции се прават дневно само во Карпош? А колку во целата држава? Јас не знам. Ако ви држи можете да ги броете.
Бројот на учесници од ваквите работи ќе го намалите од бројот на прикажани невработени од Македонија и ќе го најдите вистинскиот број на невработени. Јас го кажав само примерот со градежните работници а каде се машинските бравари, автомеханичари, селски работници под наем и.т.н.?
Кој може да води евиденција на сите тие? Ако се гледа на овој начин изгледа дека во Македонија невработеноста е минимална а сиромаштијата е релативна работа. Ние секогаш ќе бидеме сиромаси ако нашите апетите немат граници.
Е, овој последниот закључок го користат опозиционерите за да докажат дека владата не се грижи за сиромасите и затоа треба да дојде на власт влада од опозицијата.
Друг пример на сиромаштија кој сакам да го истакнам е случајот со чистачките на зградите. Дали истите се за жалење или не. Ќе видиме. Дали е регистрирана или не, не знаеме и дали го плаќа данокот на државата и тоа не го знаеме. Знаеме дека она прима секој месец по 150 ден од секоја фамилија или 2250 за еден влез и 9000 ден за една зграда. Истата ги чисти влезовите на четири згради и прима 36000 ден месечно. Ако ја споредиме со платата на ќерката на комшијата, доктор на науки, која прима околу 21000 ден ќе видиме дека на чистачката не и треба да заврши никаква ниска или висока школа а да е платена многу по добро од доктор на науки. Не верувате? Проверете! Кои е сиромав?
Зар ова не е игра на политичарите? Нека ми ги докажат погорните мои тврдења дека не се вистините јас би гласал за нив.
Сакам да нагласам уште еден елемент дека сиромаштијата е релативна работа. Градоначалникот на Солун изјавил дека македонците, пардон, скопјаните ги полнат касите на солунчаните и на приморците посебно во летно време. Ми се чини дека спомнал за некоја милијарда годишно. Е, господа опозиционери, ово не го прави средната „истоштена” класа за која се залагате вие да ја направите богата а само да гласа за вас. Кому да му веруваме на вас или на градоначалникот на Солун?
Самите грци велат дека не се задоволни од германските туристи туку само од скопјаните затоа што доаѓаат со полни џепови а германците носат со себе куп конзерви да го поминат одморот.
Кој е по богат : германецот или македонецот?
Кој не слушнал за нај богатиот емират Дубаи! Дали е така?
Облакодери колку да сакаш. Патишта со по шеснаесет ленти.
Коли кои се движат по овие патишта мравјалник. Од 33-от кат на хотелот гледаш десетици облакодери а, меѓу нив, празни песокливи простори без никакво зеленило. Само во Скопје колку зеленило има таму нема толку зеленило во целиот емират. Само за наводнување на една палма се плаќа годишно по 500 долари. Еј, кај им одат парите а ние не плаќаме ништо.
Да не зборуваме за загадениот воздух со песоклива прашина и со температура како од фурна! Кај се живее побогато во Дубаи или во Скопје?
Ајде, кажете!
Друг пример на сиромаштија е случајот со нај сиромашката населба на Скопје, Шуто Оризаре. Дали знаете дека во Скопје нај убавите и луксузни куќи се наоѓат токму во...Шутка? Не верувате? Проверите. При проверката преправајте се дека не ги гледате ѓубрињата околу куќите. Тоа е нивна навика: така им е подобро. Зелената трева и цвеќињата имат потреба од одржување за кое се губи многу време.
Е, кажете во која друга населба има поубави вили или куќи? Се е релативно и зависи од вас како сакате да ги тумачите работите.
ИЗГУБЕНА ДОВЕРБА ВО СЕБЕ Уште прв пат кога дојдов во Македонија две работи забележав кои ми пречеја. Прво и многу важно беше тоа што кај книжарниците и продажните места за весниците одваај можеше да најдиш македонска книга или весник. Тие беа удавени од србски или хрватски книги и весници. Ова ситуација долго време траеше. Го пратев целиот тој пат. Но, полека, почнаа да излегуват на површина и македонските книги и весници. Сега, после 40 години друга е состојбата, но, не во позитивен правец.
Србските и хрватските се заменети со англиските. Во некои книжари дури и не можеш да најдеш македонска книга. Но, непријатно и разочарувачки изгледа кога, сепак, ќе најдеш некоја македонска книга, ќе ја прочиташ и сакаш уште еднаш даа ја прочиташ затоа што ти остави длабоки впечатоци. Како може да се објасни тоа? Кај нас е врежано тоа дека само странските книги се вредни и само од тие можеме да очекуваме да стекнеме така големи впечатоци. Е, не е така. Прво треба да си прочитаме книгите на нашите писатели а после странските.
Споредбените закључоци сами по себе ќе излезат на виделина.
Втората работа што ја забележав во мојата струка, хемиски инжинер технолог, беше тоа што во фабриката за бои и лакови кај се вработив, сите очекуваа да дојдат хрватите или словенците да им ги решат техничките проблеми. Погонот за формалин, погонот за смоли стоеја неискористени. Погонот за лепила произведуваше само една врста карбамидно лепило.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/kratki-vistini/2 на 29 октомври 2026