Front Matter
Кратки Вистини И. Поповски Кратки Вистини Published by:
Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
*** November 1, 2018
*** СОДРЖИНА ВЕШТАЧКА НАЦИЈА..............................................................4 АПЕЛ ЗА ПОМОШ! ..................................................................9 КРАТКА АНАЛИЗА ЗА ИМЕТО..........................................13 МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК....................................................16 ПИСМО ДО КАРАМАНЛИС................................................23 КАКО СЕ ВОДИ ПОЛИТИКАТА - КАЈ НАС ...................25 СИРОМАШТИЈА ....................................................................27 ИЗГУБЕНА ДОВЕРБА ВО СЕБЕ.........................................31 ВЕШТАЧКА НАЦИЈА Се ми се чини дека ово ми личи на оно со крадецот кој, сред село,бега и вика:
“Помош. крадци!!”. На излезот од селото се сопнал , паѓа на земја и сите украдени предмети се распрскуват наоколу. Во тој момент го стигнуват селаните и.што да видат нивните украдени предмети. Кој е крадецот!?
Ама, точно, по иста режија ја води политиката и нашиот “добар” комшија министер за надворешни работи на Грција од турско потекло, Венизелос или по прецизно,Туркоглу.
Он низ цел свет труби дека македонскиот народ е вештачки формиран од Коминтерната. Може и така да е, не велам не. Но се прашувам како може да родат толку македонци за толку кратко време и, да речеме дека цело председателство на Коминтерната биле жени? Не можам да разберам! Што е многу, е многу! И друго, прадедо ми, Бог да го прости, имаше над сто години а велеше дека е Mакедонец а не знаел ништо за Коминтерната.
Верувајте ми, не знам како да си ги објаснам овие „големи” зборови кажани од министер на една „славна” античка држава формирана уште во 1830 година со помош на големит сили. А сега, тој министер ја води Европската Унија! Чудо! Европејците се умни народи a не верувам дека грешат и дека ја заборавија историјата.
Нај вероватно тоа што го рече министерот он добро го знае од грчкото искуство за формирање на нивната нација во текот на последните два века и по рано. Прво, ако не се лaжам они потекнуваат од некои стари племиња од Етиопија или Еритреја.
Bторо, египтијаните кои имале окупирано голем дел од грчките полиси останаа таму немајки бродови да се вратат назад и биле принудени да станат грци и така со нив се збогати грчкиот народ. Голем дел од окупаторите римјани останаа во Грција од исти причини. Власите донесени од римската империја и од Дачија исто така останаа таму. Грците дури го направија „грчко” влашкото востание од 1821-1825 година против османлиската окупација. Водачи на тоа востание биле Ригас Фереос и Колокотронис и двајцата чистокрвни власи. Грците тоа востание го слават како нај голем национален „грчки” празник кој и ден денес се празнува ама без да се каже дека тие водачи, власи, формираа нивна, влашка држава која ги опфаќаше Тесалија и Епир.
И овој пат востанието остана „чисто” грчко затоа што власите биле вештачки народ со единствена разлика дека нив така не ги прогласила Коминтерната туку самите грци со помош на германците кои веќе го имале поставено како крал на Грција германецот Отон, ми се чини принц од некоја баварска династија.
Без да влегуваме длабоко во историјата, нај повеке се зголеми грчкиот народ после „славната” војна со турците кај Измир во 1921 година. Тогаш турците победени „морално” а не воено, избркаа стотици илјади православни турци во Грција. За да станат чисти грци овие турци ја добија земјата на прогонетите македонци од „културните” грци. На овој начин грчката нација стануваше се по чиста и по чиста а и по многубројна.
Кој може да го негира грчкото античко потекло на Караманлис, Туркоглу, и многу други на кои им почнува името со Кара или се завршува со “глу”. Историјата ја напишаа грците и никој не може да ја смени. Оно грчкото: „си се родил во Грција, грк си”.
Каква чест! Така се формирала правата, „чиста” и нај „културна”, избрана нација на Европа а не, вештачка, како нашата создадена од некоја си Коминтерна.
Никој не би требало да го спомне случајот со промовирањето на ариевската политика во Берлин-ската академија во 1832 година со која се тврдеше дека само белиот човек е носител на нај напредната европска култура и цивилизација од антиката до времето на Хитлер. Но, кој требаше да биде нај стар носител на таа култура? Римјаните, не, египтијаните и месопотамијците не одговараа затоа што не се европејци, семитите, индијците – никако, кинезите – ич. Изборот падна на грците. Тогаш биле назначени дури три универзитети од Германија да ја пишуваат „славната” грчка историја за европејците да се гордејат со таква бела нација. А грците, охрабрени од германците, почнаа хиперболи но да си ја надградуваат својата елинистичка историја така да одговара на тврдењата од ариевската политика напумпувајќи ја со голем дел од историите на околните народи.
Ја присвоија дури и македонската античка историја за која не постој автохтона напишана историја затоа што некои се потрудиле да ја уништат или да ја кријат од јавноста навреме и за секогаш. Така, сите богови и легенди од другите народи станаа грчки а биле крстени на грчки со „с” или „ос” на крајот од името. Авторското право со потпис и печат грците го добија од Германија, Франција и Англија нај озбилните земји од тоа време со колонии низ цел свет. Можеш да не веруваш на таква историја за која гаранти станаа погорните земји!?
Многу покасно, дури и Черчил стигнал на закључок дека еден таков мал народ не би можел да создаде толку многу историја како тоа што го направија грците. Но, тоа он го кажал на шaкa.
На овој начин грците станаа омилена , на наше – разгалена нација на европејците кои не ги забележаа ниту петте нејзини економски банкроти. Дури и на последниот банкрот Грција ја води за нос скоро цела Европа меѓу нив и Германија на чело со нејзината канцеларка иако овој финансиски банкрот ја потресува целата Европската Унија.
Европа ги трпи сите последици што ги предизвикува нејзиното разгалено „детенце” во име на големиот идеал ариевски, се разбира.
Ова ситуација трае скоро два века иако ариевската политика се мисли дека заминала од историјата заедно со Хитлер! Зар не е така!? Господа Eврoпијани, проверете!
Кога Бакојани, друга министерка на модерна Грција, рекла дека историјата е напишана и никој нема право да ја менува, била во право. Дури и Саркози ја бранеше грчката историја не дека го потплатија туку чисто му се допаѓаше историјата како е напишана!! Потплатен бил само министерот за надворешни работи на Германија но, тоа за други работи не за македонското прашание или за грчката историја.
Овој третман на европските држави, за жал, ја направи Грција да нема ни еден комшиски пријател и да создава проблеми со сите а Европа да ги решава. Не е така? Да ги земеме по ред сите нејзини комшии. Грција го има повеке деценискиот проблем со Турција или така нареченото кипарско и приморско прашање.
Албанското прашање околу албанците од Чемерија (Епир) и статусот на милион и двесте илјади гастарбајтери албанци во Грција, пак нерешено прашање. Причина: албанците го јадат грчкиот леб и им ги земат работните места на „жедните за работа” – локалните грци. Овој проблем Грција го решава на „фин” начин: албанецот по име Алија го нарекува Димитри кој ќе се избања и постанува чист грк. Ако не го сака ово име нема работа за него и надвор, преку граница. Еве друг начин на зголемување на грчката „чиста” нација!
Нашите комшиски односи од по одамна се познати и нема потреба да се коментират. Односите со Бугарија се создадени само на основа на еден проблем: заедничко непријателско расположение према Македонија, друго, ама ништо не ги врзува.
Ете, тоа ти е европската демократска политика на Грција! Ете затоа Венизелос бил испратен кај нас да не научи како треба да ги слушаме грците, избрана нација и нај ценета од Унијата.
Само научници од една европска нација, љубител на самостојноста, се зафатија да ги анализират народите и да видат колку се „чисти”. Тоа се швајцарците со нивниот престижен институт iGenea.
Соодветно нивните резултати и закључоци они докажаа дека грците имат античко грчко потекло од само 4%, разликата до 100% е мешавина од други народи. За разлика, кај македонците кои не тврдат дека се 100% чист народ се нашло античко македонско потекло од 32%. А, тоа не може да биде така.
Изгледа апаратите за анализа на ДНК биле расипани кога се анализираа грчките и македонските примероци. Затоа Европа нема никаков коментар за ова работа! Нели тоа е вистинскиот однос на ЕУ? Швајцарија е во центарот на Европа иако сака да вика да ја слушне светот, нејзиниот глас не може да се слушне подалеку од европските граници.
Но, остана само една мала стрекотина преку која можат да се видат сите резултати на анализите на швајцарската научна институција. И, тогаш што ќе видиме?
Е, како крадецот што се сопнал и паднал на излезот од селото а беше фатен со украдените работи, така и грчката ауреола се распарчува во ситна, нееколошка штетна прашина.
Не џабе се вели дека лагата има кратки нозе.
АПЕЛ ЗА ПОМОШ!
Точно пред 75 години и пет месеци ми беше сменето името и презимето од страна на грците како на сите други Македонци од Грција. Образложење: така бараше грчиот фашистички закон донесен од Метаксас, закон кој се совпаѓаше со “триумфалната” појава на европската сцена на Хитлер.
Желбата на моите родители беше да се викам Филип, како прадедо ми, на кој Господ му даде да живее над сто години. Таа желба, само сега мене ми беше исполнета со крстењето на мојот внук со името Филип. Знаете, тоа е дел од нашата традиција!
Да дадам неколку објасненија. Јас сум роден во Егејска Македонија, Грција и протеран во 1948 година за време на граѓанската војна со иљадници други деца во возраст од 2 до 14 години. Заедно со нас имаше и деца грци кои, без никакви проблеми, успеја да се вратат во својата татковина. Ние, македонци по потекло, не смееме да се вратиме без да се откажиме од својот идентитет. Нели и ден денес е актуелно ово прашање!?
Друг фашистички грчки закон ја регулира ова проблематика а кој вели: можат да се вратат во татковината само грци по род и потекло.
Овие два закони уште се на сила во Грција иако истата стапи во нај демократската заедница на земји - Европската Унија !!
Сега се наоѓам во Република Македонија. Последните 15 години, тука, дојдоа нај големи европски стручњаци по човекови права, дипломати, експерти по разни проблематики да ни кажат како да правиме демократска држава слична на земјите од Европската Унија!
Овие емисари стигнаа да бараат од нас да исполниме дури и банални работи. А ние со голема желба да влеземе во друштвото на нај демократските земји ги исполнуваме до крај сите тие барања. И, секаде сме пофалени а никако да стигнеме да преговараме за влез во Унијата. Причина: Треба да се исполни желбата на Грција: сакаат да ни го сменат името на државата и идентитетот затоа што до сега го заборавиле да го направат истото а, сега, имат прилика да го направат на елегантен и културен политички начин: со јака уцена;
Еве зашто барам помош: да си го сочувам барем идентитетот, јазикот и презимето кое си го добив повторно овде во Република Македонија а, името, иако е чисто грчко сепак ми донесе среќа во животот и не би го сменил! Барам помош од тие што ме знаат како Македонец и тоа:
- Прво барам помош од бившиот Амбасадор на Европската Унија , Гн Фуере, кој лично ми додели Цертификат за учество на изложбата на најзначајни иновации од Македонија, Инфоцентар на ЕУ, Скопје 2009 година.
- Барам помош од Европскиот Парламент од Брисел во чија Свечена Сала ми беше доделена престижната награда на ENERGY GLOBE од Виена како национален победник од 853 проекти од 109 земји за мојата прочистителна станица за отпадни води која, љубезните австријци ја нарекоа “MACEDONIA” по земјата на моето потекло - Република Македонија - Брисел, 2008 година.
- Барам помош од Белгијската Влада која ми додели Награда за придонеси во заштитата на човековата средина како преставник на Република Македонија, Брисел, 2001година.
- Барам помош од организаторите на 50-от Меѓународен саем за иновации и нови технологии, EUREKA, кои ми доделија Златен Медал како победник и учесник од страна на Република Македонија, Брисел, 2001 година.
- Барам помош од Европскиот Парламент, Обединетите Нации и Светската Банка како подржувачи на ENERGY GLOBE кои, по втор пат ме прогласи за национален победник од Република Македонија за 769 проекти од 111 земји а за мојата иновација „Постројка за отстранување на ЅО2 и прашината од димните гасови со рекуперација на топлината”, Прага, 2009 година.
- Барам помош од моите пријатели од сите балкански земји кои дојдоа да ме посетат мене и моите изградени станици во Република Македонија и тоа гости од: Грција, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска…
- Барам помош од моите гости од Германија, Англија, НАТО од Данското Кралство, Чешка Република, Мажарска , Иран , Дубаи, Алжир и Катар како и моите пријатели од Кина и Северна Кореја кои ме посетија или се заинтересирани за моите прочистителни станици. Сите овие гости добија виза за влез во Република Македонија.
-Барам помош од пријателите од 12 земји кои се наоѓаат на три континенти а со чија помош јас изградив мои прочистителни станици со Македонска технологија во нивните земји и со тоа им решив еден од нај горливите еколошки проблеми. Отпадната вода ја претворив во вода за миење и наводнување на зелени и земјоделски површини.
- Барам помош од сите мои пријатели од Грција кои сакаат да соработуват со мене со цел да ја примениме мојата технологија кај прекрасните грчки летувалишта долж крајбрежното синило со цел да се подобри квалитетот на престојот на туристите.
- Барам помош од целиот грчки народ кој е способен да ја преброди зашеметеноста предизвикана од националистичките хистерија на некои политичари (Караманлис, Венизелос, Самарас...) чиј презимиња на нивните дедовци почнуваа со „Кара“ и завршуваа со „глу” или на нивниот самарџиски занает, наследници на дојденците- колонизатори во Егејска Македонија од Кавказ и Турскиот брег. Овие политичари сега се нај „големи и нај чисти грци” на територијата од кај ние македончињата бевме протерани во 1948-1949 година.
- Барам помош од меѓународната жири комисија на меѓународниот саем за иновации од Јена, Германија која ми додели сребрена медалија за мојата иновација во 2012 год. како учесник од Македонија.
- Барам помош од Друштвото на иноватори и Академијата на Малезија кои ми доделија златен медал за мојата иновација, како преставник на Македонија.
Има ли некои чесен европеец од сем Вие да ми каже дали можам и во кој правец да го сменам мојот идентитет и името за да ги задоволам сегашните грчки апсурдни барања? Кажете!
Со голема почит и благодарност, М-р по еколошки науки, Дипл. инж. Технолог, И. Поповски КРАТКА АНАЛИЗА ЗА ИМЕТО Со било каква промена на името, грците си осигуруват историско, територијално и духовно наследство на стара и нова Македонија.
Зашто?
Со било која промена ситуацијата постанува оваква:
1. Грција ќе го задржи името на Егејска Македонија како МАКЕДОНИЈА
2. А името Македонија е поврзано со сите духовни, историски и територијални права на Античка и понова Македонија. Сето тоа ќе остане на Грција! Ова е задната суштина на барањата на грците за промена на нашето име.
Зар тоа Грција не го практикува последните два века?
3. Исто така, Грција ќе ги задржи сите права што произлегуват од Букурештанскиот договор од 1913 година.
4. Не е чудо и после некоја година да има територијални претензии врз Република Македонија. Зар нема да биде во право?
Кој беше и кој е до денденес со скриени територијални намери?
Тоа е Грција и само Грција а не Република Македонија!
Уште една причина зашто Грција сака да го смениме името и со тоа да се откажеме од нашата историја леже во грчкиот бизнис со туризмот. На странските туристи им се досадија да ги слушат стално истите „грчки” приказни за нивното… боговско потекло. Почнаа и они да го читаат тоа што и другите го пишуваат за грците (види историчарот Борза, Ханс Лотар Штепан и многу други) и така стигнаа на закључок дека грците многу се фалат и се големи лажговци. Така се намали туристичкиот интерес на западњаците.
Е, за да се привлечат повторно западните туристи, грците сакат, покрај сиртаки, да им ја сервират македонската историја а дури и Александар Македонски!
Нели све ќе биде грчко ако Македонија е грчка?
За да не дојде до тоа, дури иако ние прифатиме било кое име би требало да се бара промена на името на окупираната грчка Македонија во:
- “Егејска или Беломорска Македонија” име вдомено кај нас Македонците.
Ако не се примени една таква конструкција, ние ќе бидеме за грците и светот тоа што ги сметат македонците во Грција:
славомакедонци или славофони кои сме дојдени во 6-7 век и останавме зад границите на Македонија или, нација создадена од Коминтерната.
Нај интересно е дека грците си нашле свои луѓе тука во Република Македонија да им ја насочуват водата на нивната воденица. Така, прв се јави, Бог да го прости, првиот македонски претседател кој бил добар слушател во Белград на „славната” српска историја која кажува дека македонците поминаа преку српските територии, собраа доста работи од нивната култура и јазик и на 6-7 век дојдоа во Македонија кај што имаше грци по кажувањата на друга светла „македонска” личност, Љупчо Георгиевски. Но, он не заборава дека тука имаше и по некои влав и повеќе римјани кои биле дојдени како “туристи” на Балканот а заборавиле да се вратат назад затоа што им се допаднало тука.
Не можеме да ги заборавиме подржувачите на тезата на Љупчо, некои видни наши академици кои многу добро ја знаат нашата историја но, само од 1941 год. наваму и нешто од средновековието. Овие „видни” македонски имиња дури и грците и бугарите ги обожаваат иако не не признаваат ниту едните ниту другите.
Жал ми е дека овие луѓе немаа прилика да се сретнат сите заедно за да ја одредат прататковината на македонците од зад Карпатите. До сега никој не ја знае. Сите тие места имат имотни листови за нивните прататковини дури до скандинавските земји.
Но, едно не ми јасно, како можеа да си ја запамтат прататковината бугарите кои дошле и они од зад Карпатите а со сигурност знаат дека тоа се татарските земји а ние македонците уште ништо не занаеме за нашата прататковина?
Многу треба да се внимава да не се чепне патот по кој дојдоа турко татарите, нашите „добри” комшии – бугарите.
Ама, ние сме секогаш со верба дека такви личности ќе ја откријат прататковината на словените само да не одат кај Хунзите зашто ќе имат сериозни проблеми со нив во врска со македонскиот идентитет.
Колку за античките македонци останати на нивната територија и за решавањето на овој проблем ѕврсто стојат двојца македонски академици кои тврдат дека тие луѓе биле удавени во Егејското море а доказ за тоа се тие две - три капки крв кои останале во сегашните македонци.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/kratki-vistini/1 на 29 октомври 2026