History of Contemporary Greece
ПРЕГЛЕДАНА И КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
ПРЕГЛЕДАНА И КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
1. ИЗВОРИ Објавени извори:
Анкета на Балканите, Доклады на Каргнаевата комисия по воинит през 1912-1913, София, 1914.
Documente diplomatice din peninsula Balcanică, Acţiunea României 20 septembrie 1913-1 avgust 1913, Bucureşti 1913.
Documents relatives oux actions antibulgares des pouvoir Serbes et Grecs em Macedoine ou cours de 1 annee 1912-1913, Sofija, 1930.
Ministere des Affaires Etrangers, Archive diplomatique, Grece
1918-1919, Paris.
Statistika apotelezmata tis apografis tu plitizmu tis Elados tis 15-16 maju 1928, Topos genisios, Hriskia ke glosa, Ipokatis, Atena, 1935.
2. ЛИТЕРАТУРА Abecedar, Atena, 1925.
Ајановски Вангел-Оче, Егејски бури, Скопје, 1975.
Андоновски Христо, Ликвидирањето на Евреите од Егејска Македонија од германскиот окупатор, Гласник ИНИ, 1961, бр.
2, Скопје.
Андоновски Христо, ВМРО (Обединета) во Егејска Македонија, ИНИ, 1961, бр. 3, Скопје.
Андоновски Христо, Македонците под Грција во борба против Фашизмот, (1941-1944), Скопје, 1968.
Ancel Jacques, La Macedoine, son evolution contemporaine, Paris,
1930.
Vacalopoulos Apostolos, Histoire de la Grece moderne, 1975, s.l.
Gentizon Poul, Mustapha Kemal ou L’orient en Marche, Paris,
1929.
Dafni Grigori, I Elas metaksi deo polemon 1923-1940, Atina, 1955.
Devedji A. L’echange obligatoire des minorites greques et turques en vertu de la convention de Lausanne du 30 janvier 1923, Paris,
1930.
Димитров В. Георги, Настаняване и оземляване на българските бежанци (1919-1939), Благоевград, 1985.
Drauet F. L’heritier M. Historie diplomatique de la Grece de 1821 a nos jours, Paris, 1926.
Ekrem Mehmed Ali, Ataturc-făuritorul Turciei moderne, Bucureşti,
1969.
Иванов Йордан, Българите въ Македония, София, 1915.
Jonescu Eugen, Cauza romanească in Turcia europeană şi confflictul cu Grecia, Bucureşti, 1906.
Кастелан Жорж, История на Балканите 14-19 век, Пловдив,
2002 г.
Katsulis D. Giorghi, Istoria tu Komunstiku Komatos Elados, tomos 1, 2, 3, 4, Atina, 1976.
Capidan Th, Les Macedo-Roumains, Bucuresti, 1937.
Kitsikis Dimitri, Propagande et pression en politique international, la Grece et ses revendications a la conference de la paix 1919-1920, Paris, 1963.
Kirakides P. Stilipon, The Nothem ethnological boundaries of Hellenism, Thesaloniki, 1955.
Kiru A. Ahil, Sinomasia enasdion tis Makedonias, 1940-1949, Atina, 1950.
Киселиновски Стојан, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913-1940), Скопје, 1981.
Киселиновски Стојан, КПГ и македонското национално прашање 1918-1940, Скопје, 1985.
Киселиновски Стојан, Етничките промени во Македонија (1913-1995), Скопје, 2000.
Киселиновски Стојан, Ирена Ставови-Кавка, малцинствата на Балканот (20 век), Скопје, 2004.
Киселиновски Стојан, историскиот детерминизам и македонскиот јазик (20 век), Скопје, 2009.
Kofos Evanghelos, Nationalism and communism in Macedonia, Thesaloniki, 1964.
Kolokotronis V., La Macedoine et L’hellenisme, Etude historique et ethnographique, Paris, 1919.
Kontohianos P.M., Turkia ke Turki, Atina, 1924.
Korizis S. Hariton, Makedonia qhi eliniki, Atina, 1950.
Cuşa Nikolae, Aromâni (macedonenii) in România, Constanta,
1996.
Кънчов Васил, Избрани произведения, София, том 2, 1970.
La Question Macedoine, Sofia, 1918.
La Mouche Leon-Colonel, La question des minorities, Paris, 1931.
La Mouche Leon, La Question Macedoine, Sofia, 1927.
Laveleye Emile, La peninsuke des Balkans, Paris, 1888.
Livieratu Dimitri, Pantelis Puliopulos, Atina, 1992.
Lonard Geordes, Les deux guerres et les atrocities balkaniques, Bruxelles, 1941.
Люоис Бърнард, Възникване на съвременна Турция, Пловдив,
2003.
Манчев Кръстьо, История на балканските народи (14-20 век), София, 2001.
Македония като природно и стопанско цяло, 1945.
Maravelaki M. Vakalopulu A. I Prosfigiki engatastasi en tin periohi Thesaloniki, Thesaloniki, 1955.
Mavrokordatu M.I. Hamudopulu A.X., I Makedonia meleti dimografiki ke ikonomiki, Thesaloniki, 1931.
Mbocari D. Noti, I Mikra Asia ke o elinismos, Atina, 1919.
Mbramu Kosta, Slavjano-makedonikes organosis en Macedonia, Thesaloniki, 1953.
Милетич Л. Гръцките жестокости въ Македония през гръцко-българската война, София, 1913.
Митрев А., Зографски Д., Абаџиев Ѓ., Керамитчиев М., Егејска Македонија во нашата национална историја, Скопје, 1951.
Montran Robert, Historie de la Tourquie, Paris, 1952.
Павловић Стефан, Историја Балкана, Београд, 2001.
Пејов Наум, Македонците и Граѓанската војна во Грција, Скопје, 1968.
Panutiadis A., Istoriki ke ethnologiki meleti ut Valkaniku zitimatos, Atina, 1947.
Ristelhueber Rene, Histoire des peuples balkaniques, Paris, 1950.
Руменов Владимир, Българите в Македония подъ гръцка властъ, Македонски преглед (МП), кн. 4, София, 1941.
Sarafis St., O Elas, 1958, s. 1.
Симовски Тодор, Балканските војни и нивните реперкусии врз етничката положба на Егејска македонија, ГИНИ, 1972, бр. 2, Скопје.
Симовски Тодор, Населените места во Егејска македонија, том.
1-2, Скопје, 1998.
Societe des Nations, L’etablissement des refugies en Grece, Geneve,
1926.
Svoronos Nikolas, Historie de la Grece moderne, Paris, 1968.
Ставови Кавка Ирена, Историја на Македонија, Скопје, 2002.
Statistiki epiteris tis Elados, Athina, 1958.
Трайков Н. Веселин, Населенитъ места въ Тракия и Македония, София, 1941.
Veritas, Македония подъ иго (1919-1929). Документи и свидителства, София, 1931.
Vilari Luigi, The Balkan question, London, 1905.
Weigand G., Ethnographie von Makedonien, Leipzig, 1924.
Wurbain A., L’echange greco-bulgare des minorities ethniques, Laussane, 1930.
3. СПИСАНИЈА Komunistiki epiteorisi, 1934.
Makedoniko imerologio, Thesaloniki, 1939.
Peninsula Balkanica, Bucuresti, 1925.
4. ВЕСНИЦИ Rizospatis (1927-1934)
Балканска федерация (1924-1926).
Македонско дело (1924-1926).
Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја http://mn.mk/istorija/15572-Germanski-istoricar-objasnuva-kako-e-falsifikuvana-grckata-istorija Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште, па така во книгата „Фалсификување на човечката историја” сосема отворено тврди дека сите „грчки” автори се всушност западноевропејци кои ги фалсификувале „изворите” во периодот меѓу 11 и 12-ти век.
Според проф. д-р Анатолиј Тимофеевич Фоменко, математичар од Московскиот универзитет и член на руската академија на науки, античка Грција е смислена од ренесансните писатели и уметници, а потоа нивните фантазии се претворени во „историски факти” врз кои се базира целокупната западноевропска цивилизација. Грчкиот претседател, пак, Прокопис Павлопулос од Каламата, иако не е историчар, насекаде и постојано тврди дека „грчкиот карактер на Македонија е неоспорлив и за него не се преговара”, односно „денот на прославата на светиот спомен на заштитникот на Солун, Свети Димитрија, е годишнина на славниот пат на Солун, од една страна, за историјата на нацијата и православието, и второ, за неговата улога како буден чувар за грчкиот карактер на нашата Македонија кој е неоспорлив и за кој не се преговара”.
Претходно, во Воден истиот „стручњак” самоуверено изјави дека „Македонија била и ќе остане грчка”, а од Солун дополнително порача дека неговата држава ќе направи се „за да го одбрани грчкиот карактер на Македонија” Но, фактите велат дека Македонија почнувајќи да речеме од времето на Каран, околу 800 година п.н.е, па се до таканаречените „Славјани” не само што не била грчка туку во никаква форма никогаш не влегувала во состав на Грција, односно Елада. И по поделбата на Македонија во 1913 година, односно по грчката окупација на Егејска Македонија, Грците воопшто не сакаа ниту да ја спомнуваат Македонија ниту како географски поим. Дури по осамостојувањето на Република Македонија, особено во времето на Костас Караманлис, големиот патрон на сегашниот претседател Павлопулос, Грците со поддршка на некои политичари и пријатели од Запад жестоко почнаа да се вртат кон античките Македонци, за кои „утврдија” дека биле Грци за да докажат дека и Македонија е грчка.
„Како може Грк да биде пријател на Грците?“ Во пишаните документи е забелажно дека и според старите поети, но и според тогашните историчари, Македонците и Грците отсекогаш биле два различни народа. Затоа, на пример, Хесиод во 700 година п.н.е пишува: „А таа, ќерката на Девкалион, од Зевс, молнољубецот, роди сина два: Магнит и Македон – коњаник, воин…
Хесоид Втората ќерка на Девкалион роди исто така сина два: Грејк и Латин…” Според тоа дури и за Хасиод, Македонците, Латините и Грците се во некоја сродност, но не се исти.
И не само поетите туку и историчарите низ историски факти потврдуваат дека Македонецот Александар I за услугата кон Хелените пред битката кај Платеа во 479 година п.н.е го добива прекарот – „филхелен”, што во превод значи – „пријател на Хелените”.
Притоа не треба никаква француска диплома, како онаа на Павлопулос, за да се постави едно и единствено логично прашањето: „Како може Грк да биде пријател на Грците?” Патем треба да се има предвид дека Хелените секогаш и секаде Македонците ги идентификуваат како варвари. Така, на пример, историчарот Кито е конкретен кога пишува:
„Кога ќе се рече Македонец, треба да се разбере варварин, кој не говори и кој не мисли грчки”.
Демостен пак и да не се спомнува. Фактите говорат дека највисоките заеднички тела на Хелените биле недостапни за Македонците токму заради тоа што Македонците биле сметани за варварски, не-хеленски народ. А дека терминот варвари не е употребуван само за да се навредат Македоците туку и за да се одвојат како народ говори и фактот што, колку и да војувале меѓу себе, Атина и Спарта, на пример, никогаш не се нарекувале варвари.
Исто така, во Ампфихтионскиот совет во Делфи, највисокото хеленско тело во тоа време, единствени нема само Македонци.
Дури откога Филип II ќе ги порази Фригијците со сила обезбедува два гласа во Советот но неговите представници биле претставувани според градовите од кои доаѓале и племенската припадност, за разлика од Хелените.
Помпеј Трог пишува:
„На Ономарк, Тиванците и Тесалците како свој водач не му спротивставија некој од своите сограѓани, туку македонскиот цар Филип, и така доброволно му ја отстапија на еден старец власта”.
И не само ваквите политички тела но и културните институции и настани биле забранети за Македонците како не-хелени. Така познато е дека ним им е забранет пристапот на хеленските олимписки игри па Македонците организираат свои – македонски игри. Првпат му е дозволено само на Александар Филхелен, но и тоа е политички пресметан потег. Во тој контекст факт е дека Александар Македонски во својата војска на походот кон исток имал одреден број Хелени, но само како платеници, а не како македонска војска.
Европа ја прифатила грчката пропаганда заради силниот антагонизам кон Османлиската Империја!
Според историчарите, по доселувањето на Грците, односно Хелените од Африка, тие отпрвин окупирале само дел од денешните јужни грчки острови, но со текот на времето почнале да го наметнуваат својот говорен јазик на домородното население. Сепак уште тогаш наишле на отпор од страна на староседелците; познати се судирите помеѓу Хелените и Пелазгите, за кои пишува и Херодот. Иако во античкиот период не постоела единствена држава под името Грција, мнозина во светот и денес го користат погрешниот термин „античка Грција”.
Освен тоа се знае дека Грците, односно Хелените го користеле феникиското а не некакво грчко писмо. Во тој контекст западната историографија е преполна со грешки и фалсификати, кои главно се однесуваат на прикажување на многу вредности во антиката како „грчки”, иако тоа не било така. Всушност голем дел од овие вредности биле создавани не само од Грците, туку и од Македонците, Тракијците, Илирите, Пелазгите и другите антички народи, но од создавањето на модерната грчка држава во дваесеттите години на 19 век, со помош на Големите сили, а пред се со помош на Русија, „создадена е една силна државна грчка пропаганда, која била прифатена и од европските држави заради нивниот антагонизам кон Отоманската империја”.
На европските држави им одговарало да ги прифатат грчките фалсификати за наводните „историски права” на Грција да поседува голем дел од Балканот, токму како причина за да се избрка Турција од Балканот. Затоа во Европа беа прифатени грчките лаги и фалсификати, и до денес истите по инерција се препишуваат.
Инаку, историски податок е дека Грците ни во 1830 година не знаеле дека се Грци, и немале никаков удел во проектот за создавање свест за грчки идентитет. Факт е дека тие воопшто не биле потписници на спогодбата потпишана во мај 1832-та година помеѓу Британија, Франција, Русија и Баварска со која се одредени условите под кои кралот Отон стапува на престолот, а со која територијата што ја кралство е ставена под „гаранција на трите сили заштитнички”.
Првиот грчки крал, Отон Младиот баварски крал стигнал во февруари 1833 година во привремената престолнина Нафплион, а проблемите со кој се соочил тој и бројната свита биле многубројни. Покрај неизбежните проблеми околу изградбата на инфраструктурата на една сосема нова држава, постоела и итна потреба да се создаде заедничка свест за грчки идентитет, односно од затеченoтo население да се создадат Грци.
Затоа Баварците и кралот се соочиле не само со проблеми во изградбата на државата туку и со проблемот на изградба на нацијата. Дури потоа, во последните две децении од 19-от век, како и во првата деценија од 20-от век, Македонија станува средиште на вниманието на грчкиот, бугарскиот и српскиот национализам за приграбување на што поголем дел од територијата.
Според истражувањата за грчката политика на Балканот на проф. д-р Далибор Јовановски од Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје, со договор меѓу Големите сили во 1830 година за грчки крал требало да биде избран Леополд Саксенкобурски, но тој набрзо се откажал од тронот на кој воопшто и не седнал. По две години, во 1832-та година, Големите сили го решиле проблемот со избор на крал па со нов договор меѓу Англија, Франција, Русија и Баварија од 7 мај 1832 година за грчки крал бил поставен Фридрих Отон, вториот син на баварскиот крал.
Новиот грчки крал, според договорот, ја носел титулата крал на Грција, а не на Грците. Истите земји потпишале и договор со османлиските власти со кој се утврдила северната граница на Грција, така што таа се движела по линијата Арта-Волос, а со тоа Грција конечно можела да функционира како некаква независна држава.
Со декрет од 4 август 1833 гдина било прогласено создавањето на Грчката автокефална православна црква, а тоа е сторено без одобрување на Цариградската патријаршија. Кој и кога ја признал грчката црква е прашање што заслужува посебна анализа. Во секој случај, Синодот на новосоздадената расколничка црква му бил потчинет на германскиот крал Отон.
Со декрет било создадено и посебно министерство за вера а биле направени и реформи во манастирите. Зад создавањето на Грчката автокефална црква стоеле круговите што биле под англиско и француско влијание. Русија не сакала да се согласи со самостојноста на Грчката црква, сметајќи дека тоа не е во склад со нејзините интереси а за тоа имала поддршка и од Цариградската патријаршија но и од многу Грци во самото кралство, кои биле преврзаници на Цариградската патријаршија. Паралелно со „изградбата на грчка свест на населението” кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат почнал да ги акредитира своите први дипломатски претставници. Притоа, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места, Портата во Стамбол дала дозвола само за седум. Со оваа дозвола, Грција почнала да ги испраќа своите први конзули во османлиската држава, па така на 6 декември 1834 пристигнал и првиот грчки конзул во Солун, а со тоа и официјално почнува дејствувањето на грчката дипломатија на територијата на Македонија, односно доаѓа до некаква грчка присутност во Македонија. Конзулот Валијанос бил назначен од својата влада за прв грчки конзул во Македонија со седиште во Солун. Оттука почнува засиленото измислување на историјата смислена во кабинетите на западните историчари во служба на новата таканаречена западно-европска цивилизација. Или, според Уве Топер, вистинската историја нема ништо заедничко со она што го пишуваат западните историчари, особено не со нивната измислена античка историја, односно историјата поврзана со Грција.
Извор: Денешен весник Грчкиот идентитет и грчката нација се вештачки проект на Германија http://www.mn.mk/aktuelno/15557-Grckiot-identitet-i-grckata-nacija-se-vestacki-proekt-na-Germanija За нештата да бидат појасни. Бараме признание на нашето име и идентитет, од држави, кои ја формирале грчката нација и идентитет, кои ја одобриле поделбата на Македонија во 1913 година, а сега сакаат по секоја цена да не ‘пикнат’ во нивната Алијанса, како безимени и апатриди. На чело на оваа анти-македонска алијанса е Германија, која својата цел сака да ја оствари перфидно преку Велика Британија, а Америка, како нова држава (постои едвај двеста и нешто години) и е една од воените велесили на светов, е само инструмент кој во овој момент е способен да им ја реализира нивната желба.
А секако тука е и фактот дека во целата оваа конструкција има учество и на Русија, која за разлика од минатото, сепак има свој позитивен контекст, барем од осамостојувањето на Македонија.
Подолу наведениот текст е само фактографско наведување на случувањата, без некоја поширока анализа за тогашните случувања, кои, се разбира, треба да ги гледаме од поинаков аспект. Со Договор меѓу Големите сили, Франција, Велика Британија и Русија, во 1830 година, за Крал на Грција, требало да биде избран Леополд Саксонкобурски, но тој се откажал од престолот.
Две години подоцна, со нов Договор (Конвенцијата од Лондон), помеѓу Франција, Велика Британија и Русија, како и Баварска, Грција на 7 мај 1832 година добива државност. Со овој Договор утврдени се условите и начинот на управување на младиот крал Ото Фридрих Лудвиг фон Вителсбах (Otto Friedrich Ludwig von Wittelsbach), од Баварија, вториот син на баварскиот крал Лудвиг Први.
На 1 ноември 1832 година во Минхен бил потпишан Договор за Сојуз и Пријателство меѓу Баварија и Грција, со кој бил регулиран престојот на 3.500 баварски војници на грчка територија на три години. Откако биле регулирани односите, Ото можел да пристигне во неговата нова татковина, и тој доаѓа на престолот на ова кралство на 6 февруари 1933 година, во Нафплион, Пелопонез. Со ова, територијата на кралството Грција станува протекторат на трите најмоќни држави во тоа време, Франција, В. Британија и Русија.
Овие држави потпишале и Договор со Отоманската Империја, со кој се утврдила северната граница на Грција, така што таа се движела по линијата Арта-Волос. Со тоа Грција почнала да функционира како некаква независна држава.
Фридрих Ото, ја носел титулата Крал на Грција, но Големите сили не дозволиле да се нарече и Крал на грците. Дека до тогаш, грците не постоеле како нација, ниту како држава, кажува фактот дека тие ниту се спомнуваат во Договорот, ниту се потписнички на истиот.
Во тоа време, 1833 година, кралот Ото бил малолетен, па со Кралството Грција, до 1835 година, управува Совет од тројца ‘намесници’ од Баварија, Јозеф фон Араманшперт, Лудвиг Маурер и генерал Kарл Вилхелм фон Хајдем.
Тогаш е отпочнато со ‘изградба на свеста’ на месното население, за создавање ‘грчка нација’. Во Кралството функционирале три политички партии: Француска, Британска и Руска, од кои само Француската партија била за ‘мегали идејата’.
За да биде се, како во права држава, на 4 август 1833 година, со Декрет на ‘намесниците’, било прогласено создавањето на Грчката автокефална православна црква. Цариградската патријаршија, не дала согласност за формирањето на црквата.
Kој и кога ја признал грчката црква е прашање што треба да се истражува и анализира.
Синодот на новосоздадената расколничка православна црква, бил потчинет на баварскиот крал Ото, кој бил католик. За таа цел, исто така, со декрет, било создадено и посебно Министерство за Вера, по што се прават реформи во манастирите. Зад создавањето на Грчката автокефална црква, стоеле англиската и француската партија. Русија не сакала да се согласи со самостојноста на Грчката црква, бидејќи тоа не било во согласност со нејзините интереси. За тоа, имала поддршка и од Цариградската патријаршија, како и од некои видни Грци во самото кралство, приврзаници на Цариградската патријаршија.
Како се одвивала „изградбата на грчка свест на населението“, кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат бил спремен, да ги акредитира своите први дипломатски претставници во поголемите европски држави.
Иако, не се постигнала согласност за трговска соработка, помеѓу Кралството Грција и Отоманската Империја, сепак со помош на Рускиот пратеник Бутењев, Кралството Грција успеало да издејствува седум, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места. Така на 6 декември 1834 пристигнал и првиот грчки конзул, Валијанос, во Македонија со седиште во Солун. Со тоа и официјално почнува дејствувањето на грчката дипломатија на територијата на Македонија.
Следната година, во јуни 1835 година, во чест на роденденот и полнолетството на кралот Фридрих Ото, престолнината на Грција, од Нафплион, Пелопонез, била преселена во Атина, која полека почнала да се издигнува.
Тогаш се започнува и со измислување или ‘настанување’ на грчката историја, во кабинетите на француските, британските, руските и баварските историчари и политичари, на што се приклучиле и историчари од тогашна Австро-Унгарија.
И на крајот, интересно откритие за фејк историските споменици во Грција од Рускиот инженер Алексеј Кунгуров кој тврди дека не само грчката историја туку и нивните историски споменици не се тоа зашто се представуваат. Правејќи анализа и споредба со спомениците направени во тоа време во Ст. Петерсбург, Кунгуров заклучува дека Партенон е лажен споменик изработен многу подоцна со цел привлекување на туристи и дека Партенон воопшто нема темели!
Од блогот Република Македонија
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/istoria-na-sovremena-grtsija/9 на 29 октомври 2026