Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

The Great Decline

Front Matter - Part 01

Од Петре Наковски · Дел 1 од 22 · Околу 23 минути

Читај на English

ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА Роман Петре Наковски ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА Роман Published by:

МАКАВЕЈ 2003 СКОПЈЕ

& Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

- Сите сме тука? - праша Вера. - Ако има некоја, која е помала од шеснаесет години, да си оди дома.

Ти, ти, таму во ќошот, колку години имаш?

- Па уште некој месец и ќе наполнам шеснаесет...

- Добро. Сега оди си дома и кога ќе наполниш шеснаесет, ќе те викнам. Оди си... Денес, чупи, нема да зборвам - продолжи Вера на својот костурски говор - за борбата шо јa воде наште братја против англоамериканцкио империјализам и нимнио домашен, атински лакеј. Ќе речам само дека планинте веќе се слабодни, Грамос е слабоден, направена е слабодна територија и победата секој ден е поблиска.

Живи, молскавични, повикувачки, полетни и заканувачки се движењата нa нејзините раце и тупаници; гласот сигyрен, решителен, гневен. Погледот горд и безмилосен, гневен и убиствен, огнен, суров прониклив, победнички, исполнет со вера и само што гром и оган не паѓа од небо за да го спепели непријателот. Таа има моќ на убедување и секое нејзино движење, секој нејзин збор, секој поглед паѓаат на плодна почва...

- Есен греј, чупи, по неа ќе дој зимата. Студој, дождој, снегој.

На нашите братја - борци им требаат фанели, чорапи, нараквици. Кој ќе му дај ако не ние, нимните сестри? Ние дење и ношја треба да плетиме. Така ести или не ести така?

- Така ести - се слушнаа гласови.

- Е, ако ести така, тогаш да плетиме за да му е на наште братја борци топло кога ќе трне за на бој...

- Така ести, ама немаме прендено, Веро!

- Знам. Знам дека немате ниту волна, ниту прендено. Ама јаска ќе ви кажа, а вие да не пренесвате, за да не знае шпиуните.

Таму, о Грамос, таму де има слабодна територцја, има многу крдари овци и купови волна. Куповите високи, на, до там горе.

Ама нема кој да влачи, кој да пренди и да плети... Вчера или некни, ношја, по туа поминае чупите од Д’мбенп; Косинец, Лабаница, Смрдеш и од многу села од Корештата и од Преспата. Не знам дали и видоте. Не? Штета. Требваше и виде келку беа весели, стреќни и полни со борбен елан. Тие веќе се таму о Грамос и почнае да влаче, да пренде и да плете. А порано почнае чупите од јановенските села. Ти беќе му и донесое парвите фанели и чорапи на наште братја борци...

Слушам дека само вие останате и не знам зошчо и вам не ви рекое за да ојте. Јaска кога слушна дека само вие останате, си реку: - ка не му е страмота на тие кои имаа задолжение да ви каже, а не ви казае. Нејсе. Да не и бараме кривите сега. Утре ќе и најме и за пример ќе ги казниме... Затоо јаска дојду туа лично да ви кажа и да ве опитам дали и вие сакате да ојте таму о Грамос за да јa влачите и да јa прендите волната и да плетите фанели, чорапи и нараквици? Јаскa знам дека вие, тувашните чупи и плетите најлепите фанели и најлепите чорапи со многу лепи шари. Така ести пли не ести така, а?

- Така ести!

- Шо велите, ќе ојте и вие таму о Грамос?

- Ќе ојмеее!!! - громко се согласи Собирот.

- Добро, многу добро. Штом сакате да ојте, ајде сега ојте дома да зевате фурки, вретена и игли за плетење... Зевајте и леб за ден-два... По недела ипи две ќе си дојте дома. За јадење да не берите гајле. Таму ќе јaјте погача, сирење, кашкавал и секој ден за обед варено, печено или пржено месо... Ојте и по еден сает сите да сте туа... Ајде ...

Тргнаа пред зајдисонце. На чело е Вера. Чекорот достоинствен, сигурен, енергичен, замавлив, решителен и во секое нејзино движење – има нешто војничко, добро научено, извежбано за гледање и за пример... Зад неа, девојките со торби на рамо, по две, по три во кривиот строј, со ситен од дробат и јa мешаат прашината...

- Веро, моше ли песна? -се огласи некојa од девојките.

- Може, зошто да не.

Во борба, во борба, во борбааа...

Се разлеа ѕвонлив девојчински глас и веднаш го прифатија другите.

Македонски народе.

За света народна слобода Со песни и радост се мре - е - е...

Пред полноќ стигнаа во Калевишта. Вера праша каде е сместен селскиот одбор, кој истовремепо е некој вид штаб за прифаќање на девојките. Заедно со одговорниот таа ги распореди по куќи.

На гол под лежат и спијат непознати девојки, покриени со стари италијански излитени војнички ќебиња. Стуткани една додруга, со нозете до под градите и скрстени раце под брада. Мирис на мувласано сено, подгниено лисје и наводенет опинок.

Во сурите мугри ги разбудија и ги собраа на вигната. Со име и презиме ги построија, преброија и потоа ги наредија пред казан.

Во голем котел, од оние за топење свинско сало - врие планински чај. Над котелот се издига пареа и шири мирудија.

Црн, ‘ржен леб, парче мармелад со некаков чудникав сладуњаст и гнилест мирис. Јадат и пијат молчаливо, намуртено гледаат пред себе. Некои имаат натечени очи од неспиење и плачење.

- Строј се! - заори заповеднички глас. Се размрдаа, гледаат наоколу. Непознат е зборот, како и мажот кој викна. - Строј се!

- пак истиот глас, сега посилен и позаповеднички. Од некаде се појави Вера. Таа застана до мажот опашан со офицерски ремени, прекурамо префрлена кожена чанта и пиштол на колкот. Нешто зборуваа, ама од никоја од девојките не слушнаа збор.

- Девојки, слушајте ме. Соберете се така како што сте од вашите села. Еве, тука нека застанат девојките од Косинец, таму девојките од Лабаница и така редум. Кога другарот командант ќе рече “Строј се”, тогаш вие ќе застанете во ред една покрај друга. Ме разбравте? Ајде, направете така како што ви реков.

Брзо, брзо. Е, така... – Таа се насмевна задоволна, се сврте кон командантот и му рече: - Гледаш? Така треба. А не веднаш -строј се. Зарем ти мислиш дека тука дојдоа извежбани?

- Де, де... - врати тој. - Не бери гајле. Ќе ги извежбаме. Дојди по некојa недела и ќе видиш. - Строј се! - се разлеа неговиот глас. - Така. Една покрај друга... - Долг и крив е стројот. - А сега свртете се кон ридот и по мојата заповед “напред марш”, појдете зад момчињата со шмајзерите.

Појдоа. Стројот се размрда и се раздвижи напред. Кога излегоа во лединката, свртија лево. Тесна, карпеста патека ги вовлече в шума со високи борови. Мирис на гнилеж и смола. Виулесто се спушта прудолу. Главнината влезе во селото Јановени.

Предводникот нареди одмор. Се збира врвцата на колоната.

Девојките седнуваат на топлите камења, легнуваат на испржената земја. Пладне е и жешко. Бришат пот од чела и плеќи, тријат нозе и стапала. Изгор е жедта. Стари, вудвосани жени од селото приоѓаат со стомни и ѓумови. Носат вода. Една преку друга пијат, полеваат лица, гради, плеќи. Подмиваат мишки, вратови. Околу и далеку пред нив високи планини разделени со длабоки трапови. Лево Алевица. За неа имаат слушнато уште како деца, кога таму пред седум години со недели опстојувала грчката војскa пред налетот на Италијанците. Јa биеле со авиони и најмногу со топови, ама Италијанците не успеале да јa заземат. Се зборувало дека врвот се скусил, а бетонските бункери издржале. Далеку, право пред очи, висока иглеста плапина. Еден од партизаните кои јa водат колоната рече дека таа планина е Грамос и дека од неа се до Јанина во Епир, сите планински венци го носат нејзиното име.

А планините пред Грамос, вели тој, се викаат Краставец, Фламбуро, Чарно.

- Стaнyвaјте! Поаѓаме!

Долг, тесен, дрвен мост и по него врви живата редица. Под неа тече Бистрица. Бучи огромна, нескротена и разјарена и, удирајќи на карпестите брегови, ги влече распенетите и бистри води. Се прекршува во неа синото небо и сино јa обојува.

Ноќтa стигнаа во ливадите на Мирославица.

Вера јa нема меѓy нив...

Под високите борови - земјанки. Некои покриени со шаторски крила, други со ќебиња и черги. Внатре мрак. Тапчат на дебел слој лисја. Изморени и капнати од целодневното одење, легнуваат на влажните лисја и слама - една додруга, тело до тело, притиснати, гушнати; си дишат в лице, в чело, в грб, превиткани од студенилото и влагата што влегува под кожа. Со долги и тивки воздиви затоплуваат дланки, а со нив лица и чела. Гнил, мувлосан мирис на ќебињата. Се покриваат и не мрднуваат. Мрднаа ли – се откри рамото, плешката, грбот, нозете. А врз нив врз шаторските платна тупкаат јадри капки дожд. Туп - туп - туп, рамномерно удираат. Циљка не спие. Ги брои тупкањата и во мракот слуша долги воздишки и по некој пиптеж. Тропаат капките, небаре одмеруваат време и во тропотницата спушта клепки и полека јa совладува дремка. И наеднаш - истрел и по него долг автоматски рафал. Откинати од сонот, смрзнати од страв со писок и плач истрчуваат од земјанките, викаат...

Громок машки глас се огласи во мракот.

- Мир, мирно, девојки! Смирете се. Лажна тревога! Вратете се во земјанките. Нема опасност. Смирете се!

До утрото се тресеа од страв и колнеа.

По појадокот- фелка црн леб, парче сув мармелад за секојa и една порција планински чај на пет души - ги поделија по триесет во група. Им поставија старешини и заедно со нив ги почнаа првите часови на подготовките за тоа што од денес па натаму ќе ги чека.

- Девојки - почна старешината - од денес, па во наредните дваесетина дена, прво тука, потоа и по ридовите, ќе вежбаме...

Кога ќе го научиме тоа што треба да го научиме, тогаш ќе бидеме распоредени по единици...

- Какви вежби и единици, бре?! - Со писклив глас го прекина Мита. - Па нас тука не донесоа за да влачиме волна, да предиме и да плетиме фанели и чорапи за партизаните. - Од торбата извади вретено и игли за плетење. Се доближи до него. -Пулиш? Сите ние, Којa фурка, којa вретено и скоро сите имаме игли за плетење. Ајде да одиме таму каде што е волната и да си јa завршиме работата за којa сме дојдени тука. Така ни беше речено. Нели, девојки?

- Така е!

- Мир, мир! - викна старешината. - Фурките и вретената тука нема да ви требат. Затоа, сега и тоа веднаш, станете и ставете ги таму во еден куп. Јaсно? Тука не дојдовте на седенки. Јaсно?! -Неговиот глас прозвучи заповеднички и со тон на закана. -Фурките и вретената таму, во еден куп! На извршување! - Тој погледна горе во шумата. Од таму затрака автоматски рафал.

Над главите свиреж на куршуми. Девојките се вдадоа во бегство, но од другата страна ги пречека нов рафал.

- Мир! Вратете се тука. Ете, и ова е вежба. Деновиве ќе научите да не се плашите од истрели и од свирежи на куршуми. Дење и ноќе ќе слушате по некој истрел или рафал и ќе навикнете. Да.

Ајде, на куп фурките и вретената!... - Тој собра сува трева, накрши суварки, ги пикна под купот и ги запали. -Така... Значи од денес почнуваме да учиме. Погпеднете, сите веќе учат. Јaс, вашиот старешина, ќе ве будам, ќе ве постројувам пред казан, а други, кои ние тука ги викаме инструктори, ќе ве научат војнички да се постројувате, да ракувате со оружје... Тишина таму!” Сега малку одмор и потоа ќе дојди инструкторот кој ќе ве научи да ракувате со пушка...

Маж со среден раст, облечен во стара предвоена грчка офицерска униформа без ознаки. Стои загледан во девојките и момчињата кои пред малку ги донесоа тука. Се искашла со валканата чизма јa згмечи цигарата и рече:

- Ние денес до пладне ќе бидеме заедно и заедно ќе учиме. Ако добро внимавате, брзо ќе научите. Треба да внимавате зашто ќе ви треба. Да. Треба да внимавате. Внимaвaте дури и тогаш кога сакате да мислите. Мислите за што ќе мислите и како ќе мислите. Денес - продолжи тој - ќе зборуваме за пушката. А што значи пушка? Што е пушка? Поимот пушка, со голема или со мала буква, има многу значења, многу намени и служи за многу работи. И се заедно се сведува на едно: стрелање или убивање. Исто е. А тоа, значи, стрелањето или убивањето е занает. Занает е да знаеш да јa употребиш пушката. Употребата на пушката не е ништо друго туку само - што? – неочекувано падна прашањето и никој дури не се обиде да одговори. - Не знаете? Ако, ќе научите. Е, мои мили, вие треба да научите и тоа задолжително ќе го научите, како да јa употребувате пушката, што речено со други зборови, како да стрелате и како да убивате... Реков стрелањето е занает, а занаетот се учи. Е, тој занает, почнувајќи од сега и наредните три-четири дена јaс ќе ви го научам. Вие научете го, изучето го, усовршете го... пред борба, а потоа во борба сами ќе се убедите дали добро сте го научиле. Со еден збор, молам да не се плашите од зборовите, значи денес, со еден збор, денес почнуваме да стреламе или да убиваме, значи вие ќе почнете да учите да убивате... ха-ха-ха, хе-хе-хе – се смее тој весело и гавресто му се тресат дебелите фаши месо под брадата, му потскокнува мевот врзан со стар, дебел офицерски појас. - И сакам да знаете, а тоа значи добро да запамтите, дека со еден истрел, тоа е најдобро... со еден истрел да погодиш, зашто во спротивно ќе те погодат тебе од ова за кое рековме дека се вика пушка. Како што секојa од вас има глава, очи, раце, нозе и... да, така и пушката си има својa намена и делови. А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече се што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да јa ... да јa уништите. - Прекина, запали цигара, испушти сивкаст чад низ нос и продолжи: - Значи живи цели кои можат да бидат откриени, цели кои можат да бидат покриени, значи лажно скриени, подвижни или одеднаш ќе се појават. Најдобри резултати... го разбирате ли зборот резултат? Не? Па се разбира дека не... Не оти вие завршивте гимназии и универзитети? Како ли да ви го објаснам зборот резултати?...

- Да не му доаѓа од зборот резил?... - општа смеа којa помина во џагор.

- Кој го рече тоа? Да видам којa го рече тоа!

Тишина... мир...

- Јaс... - тивко рече девојката со тркалезно румено лице, светликави црни големи очи и долга дебела претенка, зафрлена над левата града.

- Како е викаш?

- Василка, а дома ме викаат Циљка...

- Да не е Василики? - праша инструкторот.

- Така е на грчки...

- Внимавајте, девојки, сите да внимавате и на своите зборови...

Запамтете. А ти, како рече дека те викаат дома?

- Циљка...

- Да запамтиш, Циљка, дека ти си борец...

- Во малина... - рече некојa и сите удрија во смеа.

- Тишина! Што е тоа малина?

- Па гледаш, фустан, плетен фустан.... Со една игла се плетат таквите фустани како на Циљка. - дофрли една друга, којa почепка во торбата и од неа извади долга, жичана игла. - Ете, со ваква...

И пак смеа.

- А што уште имаш во торбата?

- Па... имам предено и... недоплетени чорапи и ништо повеќе.

Инструкторот за миг како да онеме и налутено праша:

- А којa ли беше таа будала што ве донесе тука со игли за плетење, а? Ќе ми одговори ли некојa?

- Јaс - дигна рака Циљка. - Јaс мислам дека беше таа на којa и било наредено. Така таа ни рече: - Земете игли, па таму каде што ќе одите ќе има волна за влачење и предено за плетење.

Речено сторено... Така и дојдовме...

- Слушајте сите и добро запамтете! Од денот кога стигнавте тука вие сте борци на Демократската армија на Грција. Иглите за плетење и преденото и многу други работи што ги правевте во вашите села и по дома, тука да ги заборавите. Тука, јaс се надевам, дека наскоро и мајчиното млеко ќе го проплачите...

Bојскa сте! Мирно и не зборувaј таму! Мирно! Не знаете да застанете мирно? Ќе научите, наскоро ќе научите!... Тишина!

Тишина таму и внимавaј. Продолжуваме. Каде прекинавме?

- Прашавте дали некојa од нас знае што е... Не...

Прашавте дали некојa од нас го разбира зборот... Како ли беше?

Аха, ми текна - резил...тати...

Резултати... - дофрли некојa, којa седи до неа.

- Така... И никој да не ме прекинува. Јaсно? Значи, најдобри резултати или ако сакате, со подруги зборови, најдобро дејство или поспедици со пушката се постигнуваат на четиристотини метри. Со оган од повеќе стрелци се бијат групни цели на оддалеченост од осумстотини до илјада метри, а тоа зависи од видот на пушката. Вие најчесто ќе биете од блиско растојание, а можно е да биете и авиони кои летаат ниско, на височила од петстотини метри. Пушката е основно оружје на пешадијата, меѓутоа, јa употребуваат и други родови војскa. Треба да го знаете и ова дека пушката се употребува и за борби гради в гради со штик и кундак. Затоа, кога ќе јa имате в раце немојте да мислите нa игли за плетење и плетиво, а воопшто да заборавите да мислите на љубов. Ќе љубите и ќе бидете љубени по војнaтa. А јaс ви велам дека ова ќе потрае... - Прекина.

Забележа дека никоја не го слуша, ами гледаат некаде зад него.

Тој се сврте. На педесетина метри поминува долга колона. На носилки и товарени нa коњи. Носат ранети. -Тука гледај и внимавај ! - викна. - Јaс сум за вас најинтерсениот. А знаете ли зошто? Затоа што сакам да ве научам нешто. - Тој пак се сврти.

Само за миг погледна на колоната и рече: - Ете, гледате нешто од... како да ви кажам... од реалноста, ама овој збор не знам да ви го објаснам попростачки, Запамтете го - зборот реалност тоа е тоа што гледате сега... Носат... Да, тоа е реалност... Да, токму така! Можеби утре некојa од вас така ќе јa носат и да не мислите дека некој многу ќе жали поради тоа. Ако добро научите да работите со пушката, со автоматот, со митралезот, за што ќе учиме во наредните неколку дена, тогаш така вас нема да ве носат, туку тие ќе бидат носени во кои ќе пукате. Девојки!

Запамтете... Ако вие не го убиете него, против кого сте јa впериле пушкта, тогаш бидете сигурни дека тој вас ќе ве убие.

Само едно може да се одбере: ипи ти или тој од другата страна.

Еден треба, мора да гризе земја или да биде осакатен, зашто пушката не само убива, туку и осакатува. А најдобро е да убие.

Бам и...готово... Затоа јaс денес и утре и некој ден повеќе, ќе ве научам да стрелате или ако сакате да убивате, а други ќе ве научат да се криете, да фрлате рачни гранати, да трчате, да поздравувате и отпоздравувате војнички, да копате ровови, да преврзувате рани. Да. Сакам да запамтите: не убивте - ќе бидете убиени. Да. Запамтете дека и пушката е орудие како што е иглата за плетење, фурката, разбојот... ха-ха-ха- хе-хе-хе... А сега да повториме. Значи ова е пушка и е составена од: мушица, заштитник на мушицата... внимавај и не зборувај... отаде натаму. Ова е уста на цевката, па прстен. И ова од тука до тука е цевка. Низ нејзиниот внатрешен дел поминува куршумот. Тука е нишанот, а ова е преклопник на нишанот. Тука, гледај, ти таму којa седиш на крaјот. Остави ги облаците. Ова е лежиште за фишекот, а ова се вика главен отворач, кој е составен од игла и ударна пружина. Ова е јазиче или чкрапец, Кога ќе го повлечеш, тогаш иглата удира па капсулот од фишекот и, ако добро нишаниш, ѓавол ќе го земе тој во кого нишаниш. И пушката завршува со...

- Кундак! - громко се слушна гласот на Циљка.

- Браво! Браво! А од каде знаеш дека овој дел од пушката е кундак? - праша инструкторот.

- Кога доаѓаа џандарите и војниците со тоа не тепаа...

- Да, точно е. И нас во нашето село најмногу не удираа со кундак - се слушнаа гласови.

- Исто и кaј нас... - дофрлија некои од другата страна.

- Нас со кундаци не тепаа само затоа што си пеевме наши песни, научени од бабите и мајките. Ле-ле, мaјко, како не удираа и по плеќи и по глава и по лице... Удираа со затворени очи...

-Море нас не удираа и со кундаци и не маваа ем со стапови, ем со тупаници и клоци... По кaј ќе стигнеа...

- Добро, добро, де... За тоа ќе му кажувате на политичкиот комесар... И да не заборавам. Секогаш и тоа задолжително мора да се проверува, случајно или од невнимание, да не остани во лежиштето фишек. Тоа можеме да го провериме на два начина.

Или да погледнете низ цевката или пак - тој го исправи малиот прст и, пикајќи го полека во цевката, доврши - со овој прст...

- А не може ли со овој? -праша едно од момчињата кое седи настрана и на кое досега за првпат му се слушна гласот. Сите се свртеа да видат и одеднаш избувна громко смеење. Во воздухот виси неговата десна рака во чија дланка беа исправени сите прсти освен средниот кој покажува право во лицето па инструкторот.

- Може, момче, може, ама... - И од громкото и продолжително смеење никој не ги слушна неговите неколку зборови. Само тие, кои се сосема близу до него, во неговите очи забележаа отсјaј на пцости.

- Доволно е, доволно е со смеење. Да заклучиме: значи, се на се пушката е составена од триесетина делови кои заедно прават само една работа. Којa?

- Убива - одговорија неколку гласови.

- Точно - рече инструкторот. - Ќе направиме сега една мала пауза за да испушиме по една цигара и потоа ќе продолжиме.

Само немојте да се растурате далеку и да не се испомешате со другите групи.

По паузата, инструкторот ја расклопи и ја склопи пушката, а посебно а внимание обрна на отворачот, притоа велејќи:

- Сите треба да запамтите дека ако не знаеш сам да јa растуриш и да јa наместиш пушката и нејзините делови, особено отворачот, тогаш некој друг, а тој може да биде само непријателот, ќе те растури, ќе те намести. Разбра? И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да јa растуриш и да јa наместиш пушката... Да... И уште ова, што многу, многу е вaжно. Пушката треба да е чиста секогаш...

душата - вели гласно инструкторот - може да ти е нечиста, ама пушката, мора да е чиста? Зошто? - прашува тој и наоколу коси со погледот. И како да не е доволно веќе поставеното прашање, тој повторува: - каква треба да е пушката?

- Чиста... - одговорија неколку гласови.

- А зошто?

- За да прави валканата работа... - рече Циљка.

- Така е - се спушнаа гласови на одобрување.

- Валкана работа не прави пушката, туку главата во којa се ројaт валкани мисли. Пушката е алат, повторувам, како што е мистријата, чеканот, лопатата... Ќе речеш чекан и ќе помислиш... што ќе помислиш?

- Дека со него треба да удриш по нешто или некого...

- Ќе речеш лопата и што ќе помислиш?

- Дека треба да копаш ров или да закопаш некого...

- Ќе речеш мистрија и што ќе помислиш?

- Дека со неа треба да го израмниш ипи да го измазниш, да речеме, тоа што не сакаш да се гледа...

- Ќе речеш пушка и што ќе помислиш? - инструкторот не слушна одговор. Се загледа во лицата на слушателите и во себеси рече: - Кaј оваа селска збирштина којa мириса на буниште, нема ништо, ама ништо револуционерно. - Што ќе помислиш кога ќе речеш пушка? Кажи, ти.

- Не знам...

- Не знам, не знам... Постојано го слушам тој ваш простачки збор. Не знам! И ти ли не знаеш?

- Знам.

- Па тогаш кажи!

-Ќе помислиш дека пушката треба да е подмачкана и чиста и секогаш готова за стрелање... во човек, нели, готова за убивање... Неа, пустата, во раце или на рамо јa носиш или преку рамо, па дури и како стап ако јa носиш, таа секогаш јa прави истата валкана работа: убива и толку. И уште - во раце ли јa држиш - смрт држиш, на скут ли јa држиш - смрт на скут држиш, на колена ли ја држиш - смрт на колена држиш, низ нејзината цевка ли ќе погледнеш - смрт ќе видиш. Низ нишан ќе sирнеш - смрт ѕиркаш. Чиста или нечисга пушка секогаш е рамна на нечиста работа, валкана мисла, валкан видик, валкана совест, валкана душа...

- Ти така мислиш! - му се вдаде инструкторот. – Ама секогаш да знаеш дека пушката треба да јa чистиш ... да болска од чистота.

Ниту прашинка, ниту влакно врз неа да нема. Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста. Таа, значи, пушката мора да е твое лице, твое огледало. Во неа да си го гледаш валканото лице, во неа да си ја гледаш муцката валкана, сурлата да си јa гледаш во неа, разбра или не разбра, а?! А можеш да бидеш толку нечист и валкан, што околу тебе ројови муви да се збираат, ама пушката да ти е чиста! Разбра или не? -Во деновите кога се пука првпат слушнаа такво викање. Тие, кои беа поблиску, тој ги испрска со плунка. -Ајде, кажи ти - тој покажа на Циљка. - Кажи.

- Јaс ли? - таа стави рака на гради.

- Да, да, ти... дојди.

Циљка застана покрај него.

- Кога ќе речеш пушка, што ќе помислиш? - Тој со стапчето што го држи во левата рака покажа на пушката.

- Не знам... - подигна раменици.

- Не знаеш?

- Не знам...

- А зошто не знаеш?

- Па - живна Циљка - јaс знам да плетам, да готвам, да предам, да молзам и да правам урда и сирење... па, знам скоро се што се прави на село...

- Одлично... - рече тој развлечено, а Циљка се почувствува како да е пофалена пред сите. -Ајде - И се обрати инструкторот- земи јa пушката...

Таа се поттргна настрана, а во очите и се појави страв

- Не, не можам...

- Што?! - вчудовидено подвикна инструкторот. Тој се загледа во нејзините очи полни со страв. - Зарем ти се плашиш.? Страв ти е?

Долната усна и трепери. Таа закова очи во стапчето кое тој ту го подига ту го спушта. Пред себе, до мевот, таа стегна скрстени дланки, наеднаш отстапи за чекор и рацете ги сокри зад половината. Во очите и завирија солзи. За миг и се пристори дека во маглината го гледа даскалот...

Старешината јa повика Циљка и со остар тон и рече: