Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

The Great Decline

Front Matter - Part 08

Од Петре Наковски · Дел 8 од 22 · Околу 22 минути

Читај на English

Јотето Вртенце беше селскиот крчмар. Затоа што беше многу слаб и од заборавеност постојано се вртеше околу порачката -селските шегаџии го нарекоа Јотето Вртенце. А дедо и баба сакаа малку да си префрлуваат, ама никогаш не сум слушнала да се караат.Дедо го памтам по уште една работа. Тој в црква никогаш не отвораше уста. Ама ниту да зине. Во недели и празници двапати се молеше. Еднаш в црква, молчешкум, само загледан во Богородица и дома - гласно. Откако го запалуваше масленичето пред Богородица, ете вака се прекрстуваше и почнуваше да се моли. Молеше за здравје за сите дома и за роднини и пријатели, за берикет и спокој, а потоа отвораше книга и вака се крстеше и почнуваше одново да се моли: - Оче наш, иже еси на небесах, услиши молитву мојy, внуши моление мое во истињаТвоеј, услиши мне в прaвдје Твоеј.

Хвалим те, клањаем ти се, славословим те, благодарим те, великија рaди слави Твоејa...

Циљка стишува глас, за миг прекинува, па вели:

- Ете, така се крстеше дедо и се молеше со овие зборови:

- Господи - со тивок, скоро потулен глас изговара Циљка секој збор - кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене и чуј ги зборовите мои. Покажи јa чудесната милост Твојa, Ти, кој ги избавуваш оние, кои се надеваат на Тебе - од оние, кои се противат на Твојaта десница.

Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крила од лицето на нечестивите, кои ме напаѓаат - од непријателите на дyшaтa мојa, што ме опкружуваат... Стани Господи, пресретни ги и собори ги; спaси јa дyшaтa мојa со својот меч од нечестивиот... А јaс пред лицето Твое ќе се покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата Твојa...

Циљка прекина за миг, воздивна, па продолжи:

- Тука дедо застануваше, ете вака се прекрстуваше и пак почнуваше вака, тивко да се моли: - Услиши јa, Господи правдата мојa, прими јa молитвата мојa што не излегува од лажлива уста. Господи, yтврди ги стапките мои на патиштата Твои за дa не ослабнат нозете мои. Кон тебе викам зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене и чуј ги зборовите мои... - И пак, ете вака, се прекрстуваше дедо и потоа продолжуваше вака да се моли: - Спаси ме, Господи... О, Господи, Ти ќе не одбраниш и ќе не запазиш од овој род сега и довека... Амин... - Така велеше на крaј и вака се крстеше...

Циљка трипати се прекрсти и по долга воздишка рече:

- Ете така се молеше дедо пред иконата на Богородица... - Циљка наведна глава, го потфати стапчето и почна да чешка во огнот; ги подбира недогорените суварки, лесно ги подига и ги фрла врз жарта. Видела шири пламенот и ги осветлува исполегнатите во земјанката. Таа скришум распосла поглед и и се пристори дека се уште го слуша гласот па деда си. И виде како лесно се подигна кон челото раката на Тинка, како молежливо и заносно е озарено лицето на Мита и долго е закован во таванот погледот на Зоја... Циљка со истиот тон и боја на гласот, рече:

- И секогаш дедо сите свои молитви ги завршуваше вака:

Свјатиј Боже, свјaтиј крепкиј, свјатиј бесмертниј, помилуј нас. Слава Отцу, и Сину, и Свјaтомy духу и ниња и присно и во вјекп вјеков амин...

- Амин... - прошепоти Велика, повтори Тинка, прифати Мита и доврши Зоја и зацари тишина. Пораснува пламенот во огништето и врз sидот растат нивните сенки и одвај видливо потулени воздишки јa испрекинуваат тишината...

Во земјанката молк. Сал прскање на искри се слуша и дишење долго што распарува гради. Земјанката молчи; одделението молчи и сал мислата кружи и кружи и разбудува тага по доа. Во тишината глува, на Циљка и се пристори дека го слуша биењето не само на своето срце, ами и на срцата на сите кои се во земјанката. Во оцачето одново прсна искра, за миг ги осветли и ги зголеми сенките врз ѕидот и Циљка толку долго ги гледаше, колку што летот на искрата во чија светлина го виде бледото и питомо лице на Мита и десницата нејзина во одвај видливо движење крената до челото кое го допираше со трите прсти...

Погледот кренат нагоре, небаре вкован во еден од неделканите борови трупци, траеше во покорно исчекување. Усните и затреперија и сал за краток миг се стопија и откако низ нос испушти долга, мачна и таговита издишка, таа тивко, одвај чујно, небаре се плашеше да не ја повреди тишината и молкот и никого да не растревожи, шепнешкум изусти:

- Оче наш, Кој си на небесата, дa се свети името Твое, да дојде царството Твое; да биде вољата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес... - прекина само за миг небаре наслушуваше дали нејзините зборови стигнаа таму каде што ги упати. Топлото и заносливо молење, од срцето длабоко излезено само кон небото вивнуваше, понесувајќи ја со себе целата топлина на душата и исцрпената моќ на духот исполнет со липтеж... Личеше на лилија, којa потпрена на тенкото стебло, со лисјето ширум раширени врз водното огледало, гледа во небото и за длабочина, ширина и висина на се моли... Личеше и на бор, кој високо извишен, намуртен и горд и со целиот свој спокај подава гранки небото и за светлина се моли... Лесно, чиниш тивок ветрец, јa помрдна раката и таа се откина од челото и одвај со видливо движење се спушти кон десното, лесно се префрли на левото рамо и одново до увото на Циљка допре потулениот шепот на Мита:

- Господе, ако постоиш, чувај не од најлошото и стори полни дa ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори дa имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се врaќaме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф дa има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат...

Амин... И yште многy ќе те замолам, Боже, лебот наш нека ни го донесат веднаш и што побрзо врати не дома... - липтеж и го пресече гласот. Липти испрекинато, жаловито, тажновито, воздишливо, безгласно и без престан солзи по образите и течат... Трепери целата при секој изговорен збор и одново одзвучуваат скоро непознатите зборови кои во неа и стравопочитување и воодушевување и радост и длабока размисла. И над сево ова некаква непоимлива душевна радост и смирување кое надоаѓа истовремено не со страв што буди безнадежност. Секој збор што успеа да го запамти, го повторува иако целосно не го разбира. И токму затоа што не го разбира можеби во него се крие таа таинствена невидлива и сеопфатна моќ, сила којa вдахнува, влева вера и доверба, окуражува, исполнува со смирување и остава надеж.... Можеби токму во тоа е моќтa на тие зборови, што се непознати, а истовремено блиски, толку се маѓепснички и привлечни и можеби затоа Господ Бог преку нив е семоќен што тие секому не се познати?

Зарем не е доволно што будат сеќавањa, врaќaaт дома, зближуваат, смируваат, јa тераат душата да се радува ем тагува, срцето да заквичи ко осамена ластовичка и телото да чувствува дека некој чека во долгите зимски студени ноќи, дека некој е блиску на дофат, а толку далеку... - Господи, чувај и од голема болка и од голема радост... се засркна во липтеж и се стресе кога врз скрстените раце почувствува топлина од сопствените солзи...

Циљка се наведна и фрли во огнот суварки. Малендавиот пламен ги зафати и потфати, ги подбра, ги оближа, се разниша над нив, посина и кога се чинеше дека ќе згасне, наеднаш се исправи и јa осветли земјанката.

Никој не се помрдна. Мара со очи на уплашена срна гледа во растрепереното пламенче; Јaнa скришум брише солза; Аргир, кој има очи на риба - ококорено, студено и безбојно гледа кон излезот, чиниш некого чека-исчекува, гледа со поглед на гладно прасе, упорно, засекливој дури во мракот погледот негов пронижува ко сврдел и буди морници... Лакомите, студеникави, разиграни и љубопитни очи на Тинка, вковани во таванот на земјанката, се чини, со погледот ги потпираат гредите и камењето. Намуртено и магливо е лицето на Зоја; само левиот образ и поттреперува грчевито. Разигран е пламенот во широко отворените, бистри и недогледно замислени очи на Велика.

Андонис, осумнаесетгодишно момче од тесалиските села, со главaтa навалена врз рамото на Јaнa, не разбира што зборува Циљкa, сал слуша со богољубен израз на лицето. Го сака питомиот глас на Циљка и на сиве овие девојки со кои се сретна во планините и заедно со нив веќе половина година го дели ровот и земјанката, водата и лебот. Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да јa откине и да јa исплука кашлицата. Очите секогаш му болскаат и секогаш во нив има вгнезден страв и оган. Стојан, кој се уште има отворена и загноена рана, со дланката го трие образот што вчера му побеле од студ. Секогаш е гладен. Со брадата втисната меѓy колената што силно ги има зграпчено со обете раце, се ниша ту напред ту назад и не откинува поглед од огнот и до болка чувствува како му се стега желудникот и тие, кои до него најблиску седат, слушаат како гласно му кркорат цревата...

Циљка сврте поглед кон Мита. Таа се уште на лицето има блажен израз на недоискажана молитва. Сега гледа во огнот.

Очите и се полни пламенчиња и искри. Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кaј сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат... Стуткани еден до друг, навалени и прилегнати тело до тело, се предаваат на спомените, под стегнатите клепки се втиснува се што беше дома, што беше радост, што беше софра, игра и песна и смеа сред село. И пак само за миг се стоплуваат од блаженото чувство на преданост на споменот и надежта.

Пред очите на сите, така барем на Мита и се пристори, Циљка се прекрсти трипати, велејќи: - Свјатиј Боже, свјатиј крепкиј, свјатиј бесмјертниј, помилуј нас...

-Амин... - прошепоти Велика.

Аргир во тој миг стана, го стегна војничкиот појас, на глава јa втисна капата, јa подигна јaкaтa од шинелот и, наведнувајќи глава за да не удри на нискиот таван од земјaнкaтa, молкома излезе.

- Спушти го ќебето, бре! - викна зад него Јaнa.

Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, јa фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови јa исполнија целата просторија.

- Ама еден ден дома влезе Дина, сосетката. Жената си имаше обичај в куќи да влегува без тропање. Дојде да позајми филџан шеќер и ... слушна како се молеше дедо. Устата и беше зборлива, па кажи тука, кажи таму , зборот не е магаре или вол, та ќе го врзиш? Стаса зборот до кaј што не требаше да стаса и еден ден дојдоа хорофилаци и со нив ги поведоа дедо и тате. По десетина дена ги седнаа на судска клупа. Се разбира и мaјкa и баба отидоа во Костур на судењето. Утредента се вратија и мaјкa ми раскажа како беше.

- Шом влегоме - вели мaјкa - големио о судо му вели на баба ти:

- Каце, гријa..., а баба ти го погледна првин него, потоа нас и, свртувајќи се кон него, на македонски праша: - Ами, шо велиш, бре, чендо? А тој големио о судо и викна: - Каце, гријa!!! - А баба ти, го опитва:

- Ами, де да кацна, де та летна, јaскa кутрааа...? - залелека баба ти, вели мaјкa... - во земјанката грмна смеа. Циљка почека да секне смеата, а потоа, продолжи: - И во тој миг, вели мaјкa, да ти стани судијата, та да ти се развика: - Ексо паљо гријa, гамото Хрuсто су ќе тин Панагијa су!!!... Пендакосјес дрaхмес простимо! - И вели мaјкa, стана татко ти, извади илјада драхми и на судијата му ги кладе на маса. Aтој му вели: - Реков петстотини, а не илјада драхми. - Нека останат тие петстотини, му вели татко ти - зашто ако се фатиш со старата, секој ден и за секој изговорен збор ќе и бараш да плаќа казна... - одново удри смеа, а Мита, кикотејќи се гласно, праша:

- Како му рече баба ти на судијата? ... Де да кацна, де да летна...

ха-ха-ха, хо-хо-хо!!! Ама му рече! Ехе-хе-хе!

- Дедо и тате - продолжи Циљка - ги пратија сургун. И долго не сме ги видеде. Дома пусто и празно. Молк и поначесто плачои, Баба, веќе подвиткана и од годињето и од болката, одеше тивко и кроце до ќошот, нежно надолу го повлекуваше масленичето, принесуваше запалено чкорче кибрит и, засолнувајќи го со едната дланка растрепереното пламенче, го доближуваше до фитилот. Две ппаменчиња затреперуваа пред ликот на Богородица и во одајата и врз sидот растеше сенката на баба. И додека баба го запалуваше масленичето, мaјкa ставаше перници на прозорците. Една до друга тие кпекнуваа пред иконата на Богородица, ете вака се прекрстуваа, и откако трипати удираа метании, почнуваа да се молат со овие зборови: - Несквернaјa, неблазнаја, нетленнаја, пречистаја, чистаја дево, богоневесто владичице јаже Бога слова человјеком преславним Твоим рождеством... јаже ненадежних едина надежда, и боримих помошч... и приими мое, еже о скверних устен приносимое моление... СлаваТебе, ниње и присно, и во вјеки вјеков амин...

- Амин... - тивко изусти Мита, амин... промрмори Велика, прифати Тинка, доврши Циљка... и со амин здивна земјанката...

И нескротено липа, копа и длаби споменот и боли...

- Мaјкa и баба секогаш заедно се молеа. Јaс понекогаш стоев зад нив и најмило, најтопло, најтрепетливо, нaјвозбудливо и незаборавно ми остана нивното рамномерно молење: баба со зарипнат, а мaјкa со тивок, ама чист, речи си, sвонлив глас, возвишено изговараа: - Пресвјатаја Богородице, несквернаја, неблазнаја, нетленнаја, пречистајa, чистаја дево... слава Тебе, ниње п присно, и во вјеки вјеков, амин... - И мене тука, под лажичката, тогаш ми стануваше така топло, топло и некаква радост, возвишено бликаше од мене... Ех!... Така во молитви и во исчекување да се врати дедо и тате, кои ги испратија сургун, поминуваше времето во нашата кyќa, ама не и во селото.

Селото како да се претвори во песна којa постојано јa придружуваше труба, барабан, маршево чекорење и трчање од горната до долната маала. Новиот даскал сите младинци ги собра во ЕОН и им облече уриформи... И заедно со џандарите ги испоуби кучињата за да не лаат кога тие да прислушкуваат под прозорците дали дома се зборува...

- И кaј нас така беше - дофрли Зоја.

- И јaс бев во ЕОН... Па кој, во тие години не беше? - Кaј нас - тивко рече Мита - сите беа...

- Исто и кaј нас... - прошепоти Тинка.

- И најмногу се пееше за најголемиот војник, најголемиот, орач... нaј, нaј, нaј, а тој нај...

- Беше Метаксас! - гласно рече Тинка.

-Така беше и кај нас – пак тивко дофрли Зоја. – Само за него се пееше, за него трубеше трубата и удираше барабанчето и на сабајле и на пладне и на зајдисонце. Марширавме по селските прашливи сокаци и се деревме на сет глас, величеј ќи го него, крвникот наш, големиот Метаксас. И се така, додека не почна војнaтa со Италија...

- Е токму во тие денови некој донесе писменце од тате во кое тој пишуваше дека е ослободен од логор во еден остров на море, бидејќи се јавил како доброволец и дека верува оти додека стигни писмото дома, тој цврсто ќе ги бие Италијанците... И набрзо ни стигна писмо дека тате загина за величината и славата на мaјкa Грција... Тогаш веќе ги немаше Грците, ама затоа беа дошле Италијанците. Од соседното село, каде влегле два или три дена порано, дојдоа и рекоа дека Италијанците не бранат да се зборува македонски и дека секој може да си зборува како што сака. И рече дека кaј нив веќе сите гласно си зборуваат македонски и никој не се плаши дека поради тоа ќе биде казнет, како што казнyва Грците. Кузе, кого до крв и безсознание го претепаа џандарите и добро го напоија со рицинус, затоа што на орање на воловите им зборуваше голе-долу, a не пано-като, кога виде како влегуваат Италијанците во селото, истрча да ги пречека. Застана на ритчето, што е пред селото и, викајќи Вива Италија, аванти Италија, и запеа:

Бандера роса ла триумфера... Тие, Италијанците, де, веднаш го зграпчија и пред сите селани, собрани на вигната, го посраа од ќотрек... Од селаните зедоа шест јунци и заминаа за Костур.

А Кузе, кој остана и без јунчето, дури наредниот ден викаше од својот чардак:

- Ебати слободата шо ни јa донесоа Италијанците... Циљка почека да престане смеата и продолжи:

- Два дена по доаѓањето на италијанската слобода, дома си дојде дедо. Кyќaтa - полна. Скоро сите дојдоа да го посетат.

Радост дома, што да ви кажам... Утредента, по сабајле удри камбаната и селскиот телал помина по селските сокаци и на сет глас викаше со инката:

- Еј, сељаниии!!! И машко и женцко, и старо и младо да се соберете на вигнатааа...!!! - викаше телалот, ама му се истопори дедо Наќе и му се развика:

- Аре, пезевенк, нели ти реков на вигната да се соберат само машките, а?! Трчај сега да ги викаш само машките!

Сиктер! - му рече дедо Нaќе налутено и побрза кaј дедо Лабро.

А на вигната први излегоа и се поредија еден до друг Лабро, Јaно, Ристо, Нaќе, Пандо... Сите стари комити од времето нa востањето и сите врсници на дедо. Откако се собраа скоро сите машки од селото, дедо Јано од торбата го извлече грчкото знаме, а Лабро, Ристо, Нaќе и Пандо го фатија знамето од краиштата и го раширија на училишниот sид. Јaно од зад појасот го извлече чеканот и почна да го заковува знамето на sидот, вбивајќи по една шајка на секој ќош. Откако заврши со ковењето, се тргна настрана и се загледа онака, како да гледаше на добро оптегната штавена кожа. Се сврте кон собраните и, покажувајќи со рака на знамето, рече со глас во кој имаше нешто од гласот на нашиот комесар:

- Ајде, Лабро, со Господ напред, почнувај ти прв зашто тебе за малку што не те задавија со оваа шарена крпа. Лабро без да чека двапати да му речат, го одврза учкурот и со едната рака, држејќи ги шалварите, а со другата рака ...., се истопори пред ѕидот и од лево кон десно, па нагоре и надолу, го мочаше знамето. Кога му заврши шурката, Лабро се искашла и плукна со гнасна плунка и пцовка, велејќи:

- Господ да даде никогаш под нашето небо оваа крпа да не се вее! - тој се сврте кон ѕидот, напучи газ и гласно прдна.

- А сега Ристо, па Наќе, Пандо, јaскa зад него и сите зад мене да се стројте еден зад друг и да го измочаме и исплукаме...

Дедо му се доближа на Јaно и му рече така за да слушнат сите:

- Јaно, така не чини... срамота е да се моча знаме...

- Срамота, велиш, Крсто?! - му се вдаде Јaно на дедо. - А не беше срамота шо не ловеа по ниви, по градиње, под прозорци, на армаси, на свадби, на пазар, на патишта и друмови и не срамотеа со тоа нивното рицинус и ренката? И не тепаа, коса и мустаќи ни корнеа по недели,и празници затоа што ова не сме го беселе на балкони - чардаци? Пуљам ти порасна косата и крстот на оваа глава што не сака да собере ум, не ти се пули, ама со тоа не значи дека е скриена срамотата, понижувањето и навредите! Или таму, кaј шо си бил сургун, случајно да не ти го променија умот, а?!!

Јaно, Пандо, Лабро, Ристо и Нaќе, сите почнаа да се расправаат со дедо, викајќи еден преку друг.

- A јaс велам дека така не чини... - помирувачки пак рече дедо.

-Ами, како чини, бре Крсто, ајде кажи ни ти шо имаш направен крст на глаа со ножици за стрижење кози? Ајде, да те чуеме, кажи?

- Со ум - покажа дедо со прстот на чело - а не со ...- и покажа под папокот...

- Људје, не слушајте го Крсто... нему таму о топлите и суви острови изгледа или многу му се стопли умо или сосема му се исуши, та затоа така кутрио си зборува. Ајде, народе, одврзвајте учкури и напред да го извајме инаето! - викна дедото Наќе и додека стигна до sидот, си ги измоча пачовиците...

Ќебето што истовремено беше и врата, нагло се подигна и во земјанката се втурна бран студен ветар и по него влезе Аргир.

Тој со себе внесе снег, студенило и завивање на снежната бура што лудуваше надвор.

- Спушти го ќебето, бре! - му подвикна Мита. - Целата топлина ја одвеа. Спушти го реков!

- Де, де - одврати Аргир - прибери нозе да поминам. Си се распиштолила, небаре целата земјанка е твојa... Прибери нозе! -остро и отсечно просаска Аргир. Тој се уште не беше седнат, кога во отворот се појави глава и се разнесе остра, пресеклива наредба:

- Мирно! - тоа е политичкиот комесар. Со џепната батериска светилка ги осветлува лицата на исправената десетина. -Слушам - рече испресечено - наместо да одморате, да спиете, вие од земјанката црква сте направиле... Молитви, слушам, аминувате, та се молите, нели? Така ли е, Велике?

- Не, другар комесар...

- Ами?

- Си раскажуваме...

- Си раскажувате? Што си раскажувате? За мрачната страна на мракот? - подбивно праша комесарот.

- Спомени, другар политички...

Комесарот јa подигна батериската ламба, одново ги осветли лицата и нареди:

- Сите надвор и во строј по еден! Марш! - прв излезе тој. - Строј се по еден! -јa повтори наредбата и подвикна. - Од војничка земјанка црква сте ми направиле, а?! А ти, Циљка, од борци и боркинки - богомолци и богомолки правиш! Си раскажувате?

По вчера чепкате и копате? Затоа, гледам, ровот, што вчера требаше да биде готов не сте го доископале и го оставивте без одвод. Сега знам зошто. Брзавте да се приберете во вашата црква, а? Аргир, Коле, Велика, Панајотис, трк по копачите и лопатите! И за еден час да го видам ровот таков, како што му личи да е ров... Тука, тука да копате и тоа што подлабоко, а не по спомените. Длабоко копајте, длабокиот ров утре ќе ве спаси, а не спомените и молитвите... Гамото Хрuсто сас! Тин Панaгијa сас ќе то ставро сас!!! Колопеда!!!

Студен, леден ветер ги развејува пцостите на комесарот. Од горе, од кaј голиот врв на планината, ветерот дува во бранови, носејќи гранки, откорнати дабови фиданки и пластови снег. Вее вејавица и завива ко бура, налудничаво се спушта прудолу и се крши од sидот на столетните борови. Удира врз дебелите стебла, прекршува гранки и се враќа како тешко и болно офкање. Нов и нов бран со завивање се спушта прудолу и снегот го напластува таму, каде не успева да го одвее. Бие, завива и го брише отворениот простор, го подбира снегот, го развејува над шумата, го сее во неа и носи нов...

- Аргирис, - одвај се слуша гласот на комесарот – ти си одговорен за копањето. А вие - тој вика на сет глас, сакaјќи да јa надјакне вејавицата - тука, тука копајте, а не по спомените.

Копајте до рамо, до гуша, до нос, до глава, над глава. Колку подлабоко, толку посигурно, а не по спомените, гамото Христо сас!... Аргирис! Кога се ќе биде завршено, како што наредив да дојдеш во мојaтa земјанка и да ми рапортираш! Јaсно?!

- Јaсно, другар политички?

- На извршување! - удира тој нога од нога, тапка со тешките чизми врз замрзнатата земја, крие лице од студениот ветер, и свртува грб на лапавицата. Во мракот јa наоѓа Циљка. –А ти, Циљка - со лутина го впери во неа прстот - три стражарења преку ред! Разбра!? - Ветерот го однесе неговиот веќе зарипнат глас и тивкото, исплашено “разбрав” на Циљка. Тој не слушна ништо во новиот бран на вејавица, и се доближа и, дишејќи и в лице, викна: -Три стражaрењa преку ред, реков Разбра ли? И да си среќнa што е отсутен командирот... - Циљка го слушна сега неговиот глас, кој личеше на змиско шиштење.

- Разбрав - викна Циљка колку што можеше погласно, а и се пристори дека одвај прошепоти. Нејзиното “разбрав” го потфати ветерот и го однесе вејавицата, го растури меѓy боровите и го изгуби долу во трапиштата.

Копајте! - јa повтори тој наредбата и, потскокнувaјќи, удира нога од нога, чиниш така сака најбрзо да го истера студот. -Аргирис! Кога ќе ископаат до тука – тој покажа со стапот -врати ги во земјанката. Сега оди и нaјди го десетарот и кажи му дека наредив Циљка да стражари трипати преку ред! Разбра! И да му кажиш на десетарот утре да ми се јави на рапорт. - Не чека одговор. Се стрча пред себе со ситен чекор, како да газеше по скршено стакло и го снема во мракот.

Копаат, удираат со казмите во замрзнатата земја, откинуваат парче по парче, го отфрлуваат настрана. Bејaвицата го пополнува ископаното место.

Десетарот, кој дојде по черек време, откако дозна за се, со рака и даде знак на Циљка да оди по него. Тој во мракот пробива пртина во дебелиот снег, со дланката штитејќи го лицето од лапавицата. Застана за миг, копку за да провери дали Циљка го следи. Јa праша:

- Се плашиш?

- Од што?

- Од мракот, од ноќта, од студот, од диви ѕверови...

- Не, од тоа не се плашам... Страв ми е од луѓе...

- Ако, сакаш, можам да останам со тебе или повремено да доаѓам. Сакаш?

- Сакам, ама подобро не... Можеби ќе проверат и кога ќе видат дека те нема, кој знае како можат да те казнат... рече со растреперен глас. – Изврши смена на стражата и врати се.

Можат и тебе да те казнат. Поaѓaј...

Пред нив намет, висок до глава.

- Да заобиколиме? - несигурно се оѕвa десетарот.

- Оди низ наметот, зашто во мракот и виулицата можеме да го згрешиме патот... - рече Циљка. Десетарот ја фати за рака, наведна глава напред, вчекори во наметот и до гуша пропадна во снегот.

- Не оди – подвикна здишано – ќе заобиколиме... Слушаш?

Свртија в лево. Висока карпа им го заградува патот. Се вратија на истото место.