ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА - 13 - Part 03
Застана на два чекора од него. Се гледаа в очи. Не им е првпат така ла се гледаат и да се разбираат без збор. Премногу долго се познаваат за да не можат меѓусебно да се разберат. Секогаш кога се појавуваа одлучувачки моменти, тие стоеја еден спроти друг. Напрегнато мислеа и расудуваа. Ретко грешеа. Се разбираа и најчесто другите, особено тие од политичкиот врв на партијата, не ги разбираа и се обидуваа да посеат раздор.
- Нема други наредби, генерале Кикицас - ја прекина тишината Маркос.
- Можам да одам? - замоли Кикицас.
На извршување... - рече Маркос со глас во кој повеќе прозвучи молба, отколку наредба.
Кикицас војнтички поздрави, се сврте и појде кон излезот.
Стражарот во став мирно, на само неколку чекори од влезот, гледаше во небото. Кикицас го прекори:
- Глепај долу и пред себе! Каде се куририте?
- Онаму - покажа стражарот со рака.
- Курири! - викна Кикицас и зачекори на кај нив.
Еден од нив притрча. Генералот му рече:
- Ти ќе дојдеш со мене. Викни ги личните курири на Маркос и веднаш подготви ги коњите.
Четворицата курири кои секогаш во чекор го следеа Маркос и никогаш на отворено не отстапуваа од него, внимателно го слушаа Кикицас:
- Ова што ќе ви го речам сега е и молба и најстрога наредба.
Маркос секогаш ќе го држите на око. Ниту за миг да не го оставите сам. Каде и да се најде, каде и да оди, па дури и по нужда. За неговата безбедност ќе ми одговарате со сопствените глави. Му се случи ли нешто на генералот, стрелање без суд...
Се до нова средба лично ќе ми одговарате!
Кикицас погледна на часовникот. Еден часот по полноќ. Под високите борови - мракот густ и непрониклив. Поддувна планински ветар - студен и влажен, лесно размрда гранки, певливо разшуме шума. Високо - се разиграа врвовите на боровите. Долу, десетина чекори од тука, шумолат водите на Бистрица, надојдени од некнежните дождови. Од време навреме допира остар заповеднички глас, коњско ‘ржење и шлапање.
Кикицас ја откопча батериската светилка. Три кратки светла се откинаа од испружената рака и од спротивната страна стигна едно - долго.
-Да одиме - рече генералот и одново им се обрати на куририте: -Bие да не заборавите што ви наредив! Чувајте го Маркос! - Им стегна рака. Зашлапаа во мракот и кога излегоа од кругот што беше строго чувана зона, Кикицас застана. Седна.
- Цел ден ме стега чизмата - се пожали курирот. - Морам да ја истријам малку ногата. Изгледа старата рана ме пече. - Тој по десетина минути ја обу чизмата, стана, удри со ногата неколкупати, небаре пробаше дали е земјата доволно цврста и одеднаш престана. Во тој миг ноќната тишина ја помати долг митралески рафал и потоа се одгласија други митралези.
- Од кај Алевица... - тивко рече Кикицас.
- Не. Поблиску... - несигурно промрморе курирот.
- Мора да се нашите. Имам впечаток дека противникот се обидува да се пробие до Пиљкати. Да побрзаме и немој повеќе со таа чизма. Толку време изгубивме! – остро прозвучи прекорот. - Во Слимница нема да влеземе. Стражите ќе ни одземат време. Ќе заобиколиме. А, ти, ги знаеш ли патеките што водат за Видехова?
- Како сопсвтениот џеб! - се пофали курирот.
- Тогаш врви ти напред.
По половина час пешачење наместо ги вкопа остар глас на стража. Наидоа на голема единица. Курирот го побара командантот. Низок, збиен маж се доближа во мракот и откако се претстави себе и бројот на единицата, посоветува:
- Не е препорачливо, генерале, да продолжите. Претстражи на непријателот душкаат наоколу...
- Велиш душкаат - остро го прекина - а зошто ти не преземеш нешто за да ги спречиш?
- Јас добив задача, до нова наредба, тука да се зацврстам и да ја бранам позицијата до последен човек... Ако вие мислите поинаку, молам, наредете, ама на писмено... - отсечно рече командантот и откако малку почека, праша: - Има наредби?
- На извршување! - нареди Кикицас и потоа праша: А истрелите, митралеските рафали?
- Наша единица се уште се брани на Гинова. Се чини дека непријателот има намера да ја затвори границата.
Генералот се поздрави со командантот и го праша се додека му ја држеше раката:
- До границата колку е далеку?
Тој од офицерската торба извади карта и, осветлувајќи ја со батериската светилка, покажа со прст:
- Сега ние сме тука...
- А Видехова? - праша Кикицас.
Кругчето светлина се помести на север.
- Тука е... ете, отале границата. Во Албанија – појасни командантот. - Најблизок пат до Видехова е овој - пак покажа со прст. - Треба да свртите лево. На патот се уште има мои одреди. Ќе ви дадам двајца мои курири кои ќе ве одведат до границата.
-А колку е далеку?
- До границата половина час.
- Команданте - тивко рече Кикицас - јас одам на специјална задача...
- Разбирам...
- Половина час пешачење во случајот е многу. Имаш ли коњи?
- Ќе се најдат.
Командантот му се обрати на својот курир:
- Оди доведи два коња и нека дојдат уште двајца кои генералот ќе го пратат до... - сакаше да каже до границата, ама брзо се сети и доврши: - до одредиштето...
Курирот ги довеце коњите и му шепна на командантот:
- Јавија дека Гинова падна.
Командантот веста му ја пренесе на Кикицас.
- Го очекчвав ова - рече тој. - Држете се на наредбата, а ние мораме да побрзаме. Значи, предлагаш да се движиме по оваа патека, нели? - тој покажа на картата и му се обрати на својот курир: - Ги знаеш ли овие места?
- Како сопствениот џеб, генерале!
- Имам и јас еден тукашен од Јановени. Тој, генерале, со затворени очи...
- Викни го... Подобро не. И така изгубив многу време. Скоро дваесет минути. Ние да појдеме, а ти веднаш јави му на својот командант дека падна Гинова. И веднаш до Главниот штаб.
Адио!
Зашлапаа коњите по тесната шумска патека. Меѓу високите дрвја одвај се пробиваше светлината на многуте светлечки ракети што го параа небото над Алевица и редум се до самата граница. Свртија лево. По неполни дваесетина минути придодадените курири застанаа.
- Генерале, тука е границата - рече ецен од нив и во мракот покажа со рака.
- Добро. Вие вратете се. Ние продолжуваме.
Курирот лесно го бодна коњот. Во левата рака широко испружена настрана, држеше запалена батериска светилка. Ова беше предупредувачки знак за албанските граничари. Три кратки, две долги светла. Договорен знак за врската отаде границата. Коњските копита рамномерно во забрзан кас удираа на каменестата патека.
- Стој! - одекна во мракот младешки глас и се слушна репетирање на пушка.
Курирот ја сврте светилката кон местото од каде допре гласот и го повтори светлосниот сигнал.
- Врви - рече на албански истиот глас, сега веќе посмирен.
Одеа зад стражарот, кој со кратки одблесоци на батериската светилка го покажуваше патот. По стотина чекори, сега на албанска територија, им се придружи офицер на албанската војска, кој им рече на грчки:
- Другар генерал, џипот чека. Коњите ќе останат. Имам наредба да ве придружувам до излезот од земјата, до Смрдеш...
Пред командата во Видехова стоеше паркираниот џип. Моторот тивко работеше. Возачот, помагајќи си со батериска светилка, удираше со поткованата цокула по гумите. Коњите ги прифати војник, а тројцата, молчешкум се качија во џипот: албанскиот офицер, Кикицас на задните седишта, а курирот до возачот.
- Поаѓај! - нареди албанскиот,офицер.
Џипот полека се движеше низ замрачените улици на приграничното гратче, кое поради близината на фронтот целосно беше замрачено. На излез од градот, Кикицас му се обрати на офицерот:
- Јас, морам, знаете, неопходно да стигнам отаде што побрзо...
- Ве разбирам, генерале - рече офицерот. - дадени се сите неопходни наредби ниту една патрола да не го сопира нашето возило. До Ќутеза патот е лош. Ќе изгубиме доста време.
Последните дождови го излокаа патот, а и движењето на камиони беше доста големо. Само да излеземе на друмот Божиград - Билишта. Брзо ќе ги поминеме тие триесетина километри... Ако можете, повелете, одморете малку... - љубезно замоли офицерот.
Во мугрите стигнаа на граница. Кикицас побара да преминат без слегување.
- Кажете му на возачот да вози право до командата во Смрдеш.
Од спротивната страна се појави камион со изгаснити светла.
Застанаа на ширинката и чекаа да помине колоната камиони.
Продолжија. Остар, писклив глас:
- Стој!
На вратата од двокатната куќа се појави висок маж. На брзина ја закопчуваше офицерската блуза. Трчаница стигна до џипот.
Кикицас: полека слезе, се исправи прец офицерот, кој застана пред него. Тој се обиде да се претстави, дека е командир на командниот пункт и народната милиција.
- Нема потреба - Кикицас замавна со рака. - Води ме во командата.
Опширна одаја. Мирис на тукушто зовриен планински чај.
Лево, до прозорецот, железен, непослан кревет, осветлен од бледата светлина на полната месечина.
- Изгледа те разбудив? - намуртено погледна на командирот.
Тој се втурна на кај креветот.
- Оставете! - со тон на наредба просаска Кикицас.
Десно, до ѕидот, голема маса и на неа неколку телефонски апарати. Кикицас го раскопча појасот, ја одрами чантата и седна до масата. Покажа со очи на празниот стол и рече:
- Прости, момче, не ти се претставив. Јас сум...
- Генерал Кикицас. Јас ве познавам, генерале... Од офицерската школа. Трета класа... а и ми јавија од штабот дека доаѓате...
- Е, па тогаш да скратиме... Седни... и барај ми го главниот интендант, потоа командантот на магацините со оружје... Ајде, врти!
И додека командирот на командата во Смрдеш ја извршуваше наредбата, во Главниот штаб на ДАГ се уште траеше советувањето.
- Во мугрите - продолжи Барsотас - на 20 август единиците да бидат собрани на местата што се одредени со наредбата на Главниот штаб. Секој од вас ќе добие дел од наредбата што се однесува конкретно за секоја единица и тоа во детали. Јас сега само во општи црти ќе дообјаснам. Не морам да подвлекувам дека целата операција мора да биде спроведена со брзина и крајно строго доверливо. Значи во 23 часот ќе почне нашиот напад- јуриш на Гинова со единици на 16-та дивизија, кои во целосна тишина, со ползење се доближуваат до целта и во договореното време со изненадувачки скок и со употреба на рачни гранати, нож, штик и тупаници, а ако има потреба и со панцерфауст, се нафрлуваат врз противникот. Оваа акција не смее да трае повеќе од петнаесет минути. Подвлекувам - само петнаесет минути. Зад 16-та дивизија, тргнува 17-та дивизија.
Баталјон на 107-та бригада и една двочета на офицерската школа веднаш по преминот отвораат фронт на ридовите околу селото Ревани, штитејќи го на тој начин десното крило на фалангата. Останатите сили на 107-та бригада од кај селото Јановени во насока на Стеницка да извршат изненадувачки напад точно во 20 часот и 30 минути и да продолжат се до утринските часови. На овој начин ќе се создаде впечаток дека ДАГ ќе го почне нападот во насока на Нестрам - Костур, а со тоа ќе се сврти вниманието на непријателските единици кои држат позиција на Алевица - Гинова. Во нула-нула часот и триесет минути на 21 август, подвлекувам и запамтете добро, во нула-нула часот и триесет минути низ направениот отвор во одбранбената линија на противникот тргнува главнината на нашите единици. Во три часот и триесет минути по полноќ главнината мора да се најде на ридовите на селото Крчишта. Ја следат останатите единици. Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во поплалневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево. каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби... Сакам да го споделам уверувањето дека Грамос го напуштаме привремено и само заради стратешки цели. Затоа, тешкото оружје да се закопа. Да се затворат магацините со оружје и муниција. Секој борец и боркинка да понесат толку муниција, колку што налагаат потребите. Имам посебна молба до командантот на Главната болница. Сите ранети што е можно во најкус рок да се префрлат отаде границата. Префрлувањето да почне веднаш. Во текот на пробивот и натамошното движење на фалангата, на бојното поле не смее да остане ниту еден ранет. По можност да се пренесуваат и тие кои евентуално ќе загинат. Другари команданти, тоа би било се. Сега вратете се во своите единици и по изнесениот редослед започнете го прегрупирањето...
Три часот по полноќ. Деветнаесетти август. Учесниците на советувањето еден по еден ја напуштаат зачадената просторна земјанка. Надвор ги удира в лице студен планински ветар, градите им се полнат со утринска свежина и мирис на смола.
Кикицас, чекајќи врска со интендантот, задрема, ама беше на штрек. Со рацете налактени на масата и главата врз нив, тој дремеше, спиеше војнички. Наеднаш се стресе. Подигна глава.
Се вчудовиде од големата тишина - немаше никакво пукање...
- Командантот на магацините - почувствува лесен допир по рамо и прво ја виде телефонската слушалка исправена пред лице.
- Тука генерал Кикицас - не поднесуваше така да се претставува, но важноста на мигот тоа го налагаше и изнудуваше побрзо извршување на наредбите. Самиот во тој миг ја почувствува острината на својот глас во кој имаше неограничена строгост. И пред тоа, додека чекаше на врската, размислуваше како да се претстави: дали само со името или со името и чинот? Не го познаваше човекот отаде жицата, а тој, позадинец, навикнат на крепко спиење далеку од фронтот, со врски до самоти врв и со клучот од лебот, месото, шеќерот, брашното и што ли не друго, дали сериозно ќе го разбере ако му се претстави само со името? Не беше сигурен дали тука не попуштила војничката дисциплина. Затоа одлучно му се претстави со името и чинот и со строг тон на гласот. - Тука генерал Кикицас - повторно викна во слушалката. - Слушајте ме добро и внимателно...
- На линија командантот на магацините... - не стигна да го каже името и чинот. Кикицас го прекина:
- По овластување на Главниот штаб наредувам веднаш да почнеш со пренесување оружје и да го распоредиш долж џадето меѓу селата Брезница и Смрдеш. Што значи се?! Ете што значи:
митралези, автомати, пушки, минофрлачи големи и мали и тоа со многу муниција. Имаш?
Од другата страна стигна уверување:
- Магацините се полни. Дури и преполни...
- Добро. Почни веднаш да ги празниш! Собери се што може да носи. Испрати твои луѓе со задача да ги мобилизираат селаните од околните села! Имаш ли камиони на располагање?
- Имам само десет.
- Се подготви и штом падне мракот, со камиони, со мазги, коњи, магариња, волови, на рамо, на плеќи да почнеш да пренесуваш оружје. На извршување!!!
Не чекаше потврда. Ја спушти слушалката и побара:
- Побарај ми го главниот интендант! - рече отсечно. Застана крај прозорецот. Ридот пред селото В’мбел беше облеан од сончева светлина.
- На линија главниот интендант.
Се сврте и со испружена рака и брз чекор дојде до масата со телефоните. Викна во слушалката:
- Тука е генерал Кикицас! Што?! Како бре не разбираш!? Не разбираш кога ти зборува еден генерал? Што? Велиш те разбудија од сон? Доцна си легнал, а? А ако те пратам на прва линија! Расони се и слушај ја наредбата. Ме слушаш?! Слушај и запамти: до зајдисонце долж џадето Брезница - Смрдеш и натаму се до Лабаница... Ме слушаш или и натаму дремиш? -налутено викна во слушалката. - Повторувам: до вечер... Да!
Денес, денес реков!
Од другата страна допираше зарипнат глас:
- Генерале лошо ве слушам... Да, разбрав, денес, до вечер да обезбедам за два дена за десет - дванаесет илјади усти леб и се што оди со лебот. Така. Да. Разбирам... посебно леб и конзерви... Се разбира, генерале, имам, се разбира дека имам доволно. Да, генерале, фурните, разбрав, фурните веднаш да почнат да работат. Ќе издадам наредба веднаш да почнат да месат и да печат, па ако треба ќе довезам од магацините во Корча... Дали ќе стигне? Се разбира дека ќе стигне. Ве уверувам. Разбрав...
- Долж џадето - повторувам - И немој да ме прекинуваш, да, долж џадето Желево - Брезница - Смрдеш, реков, па се до Лабаница да ја распоредиш храната и да има и варено месо, сирење, кашкавал.... Ти реков немој да ме прекинуваш....
линијата? Што линијата? Не чини? Чекај. – Му се обрати на телефонистот: - Каде е, бре, командирот?Викни го! А ти си?
Веднаш да провериш што е со линијата. – Ја премести слушалката на левото рамо. - Таму си? Ама, реков, не ме прекинувај! Да, како што реков! Да! Тоа е наредба! На писмено? Сакаш наредба на писмено? Слушај ти таму! Јас имам вонредни овластувања денес и утре? Разбра? Добро. И слушај уште: откако ќе ги дадеш сооддветните наредби, веднаш да дојдеш тука. На извршување! - Нервозно, налутено и инаетливо ја спушти слушалката и ја избриша потта од чело. Колку за себе рече: - Тешки мозоци ставивме во позадината... Поврзи ме со командантот на 18-та бригада.
Телефонистот неколкупати ја заврте рачката од телефонскиот апарат. Во слушалката ја извикуваше договорената парола.
Најпосле рече:
- На линија 18-та бригада.
- Пандели - тивко и скоро нежно му се обрати на командантот на бригадата. - Тука Кикицас. Да, да.Во Смрдеш, во командниот пункт. Подоцна ќе ти раскажам, а сега слушај ме внимателно.
Ова што ќе ти го кажам е наредба. Да одделиш единици од составот на твојата бригада и со забрзан марш, веднаш, да заземат позиција на ридовите источно и западно од селото Косинец. Исто така зајакнат одред да ја дополни одбраната на Фалцата што сега ја држи само една наша чета. Одред од составот на нашите сили на Фалцата да се префрли на позиција кај селото Трстика, а чета од составот на 18-та бригада да фати позиција на ридовите над селото Крчишта. Сите позиции да се држат без оглед на жртвите се додека не стигне колоната од Грамос. Нема промена до нова наредба. На извршување!
Воздивна, небаре му олесна. Ја избриша потта од чело и му се обрати на офицерот за врска:
- Земи одделение за врска и веднаш да воспоставиш команден и телефонски пункт на ритчето надвор од шумата во Лобаницко со директна телефонска линија со Фалцата и Косинец. Поврзи ме уште еднаш со 18-та бригада.
- На линија 18-та бригада, генерале.
- Пак јас сум, Пандели. Веднаш да формираш резерва и да ја сместиш во Косинец. Во случај на потреба резервата да дејствува со цел да го одврати противникот кој би се појавил од насока на селото Света Недела. Толку. - Спушти слушалка. Ја отвори воената карта и долго гледаше. Се исправи и рече: -Повикај ми го командантот на милицијата.
- Имате врска, генерале.
- Слушај ја наредбата. Собери ги сите расположиви сили на милицијата. Позиција: ридови на село Блаца. Одбрана до последен. Противникот не смее да излезе зад наш грб.
Наредувам: одбрана до последен. На извршување!
Откако уште еднаш се поврза со 18-та бригада и провери дали се обезбедени позициите од насоката Костур - Поздивишта, го праша својот курир:
- Има ли нешто за јадење? - дури сега почувствува глад.
Последен пат кога нешто имаше в уста, беше вчера, пред да почне советувањето. Пексимид и планински чај.
- Леб и конзерви, генерале - рече курирот и веќе в раце држеше конзерва и нож. - Да отворам?
-А колку е часот?
- Ближи седум.
- Уште малку и ќе се свечери. Брзо помина денот...- замислено рече генералот. - Што чекаш? Отворај ја таа проклета конзерва!
Со лебот и со парчето конзервирано месо в раце излезе надвор.
Стоеше на скалите и гледаше на процепот што го создаваат Каранџова Глава и Присојот. Јадеше стоејќи. Ги истресе трошките од рацете и му се обрати на командирот на командниот центар кој стоеше настрана:
- Ќе може ли со џип да се оди до Лабаница?
- Тешко... Падната е карпа...
Кикицас налутено праша:
- Зарем чекаш карпата сама да се тргни од патот? Подгответе ги коњите! А карпата да се тргне. Лично да ми рапортираш.
Јасно?!
- Разбирам!
ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА - 16 Долги митралески рафали и трештење на рачни гранати. Десно, под Аљавица и на самоти врв, вивнаа светлечки ракети. Се чини небото гори и под него планината.
- Тргнаа! - гласно рече дежyрниот офицер и погледна часовникот. - Еден по полноќ. Задоцнија цел час. Само да брзаат, да брзаат додека не се раздени. Се раздени ли, на голо ќе ги најдат авионите. Да ја претрчаат рамнината на Ревани и Шак и штом се спуштат во Новоселската река - за нив нема да има опасност вели, дежурниот офицер и од очи не го спушта двогледот во кој постојано има отсјај на ракетие што го горат небото. Светлината на ракетите не ослабнува. Го следи движењето на големата колона која по беспримерниот и налудничав јуриш со кој е скршен обрачот на противникот, во трчање се растури кон селото Ревани. Од блиските ридови - со долги митралески рафали и минофрлачки оган противникот ја бие колоната.
- Од командот пункт на Тумбите - вели телефонистот - јавyваат дека челото на колоната веќе е во селото Новоселени.
- Да го разбудам генералот?
- Нека поспие. Ова му е трета непроспиена ноќ.
Два часот по полноќ. Остро sвонење на телефонот.
- Е сега морам да го разбудам. Лично го бараат од Главниот штаб.
Генералот се стресе, праша:
- Долго ли спиев?
- Само дваесетина минути...
- Зарем толку долго? Колку е часот?
- Ближи два и триесет по полноќ...
- Кажувај!
- Ве бараат од Главниот штаб.
Ја зеде слушалката. Од другата страна гласот на Барѕотас.
- Тука вториот. Колоната тргна. Ние веќе сме на нашето одредиште. Следи ја ситуацијата и јавyвај. Толку.
- Бараат од Фалцата - рече телефонистот, подавајќи ја слушалката.
- Кажувај! - викна Кикицас. Се уште не му згасна прашањето кога тие толку брзо успеаја да стигнат во седиштето во Преспа?
- Колона камиони со запалени светла се движи кон селото Света Недела. Што да правам?
- Веднаш отвори минофрлачки оган!
Се разденува. Пет часот. Курир, кој стигна од Крчишта јавп дека опашката на колоната веќе излезе од селото Калевишта и дека се тече без паника и има големи загуби.
- Што?! - викна Кикицас. - Има големи загуби, а се тече без паника? Кој ти го рече тоа, а?
- Генерале од Фалцата јавyваат дека камионите стигнаа на Беј Бунар...
- Поправете ја телефонската линија, а ти земи го мојот коњ - нареди Кикицас - и трчај наврат-наноц и пренеси му на командантот на 103 бригада веднаш да испрати еден баталјон на помош, да и го пресече патот на колоната камиони и да ја уништи. Останатите единици да ги напуштат ридовите над селото Лабаница и да заземат позиција источно од Косинец.
Седум часот. Челото на колоната ја претрча Шекарица, се спушти во широкиот трап, ја прегази рекичката и се втурна во полето на Лабаница. Отворен, бришан простор.
- На телефон командантот на 103 – та.
- Слушам, Кикицас.
- Пешадија, со до сега неодреден број и сила, со поддршка на тенкови, ги напаѓа моите позиции. Имам многу ранети и убиени...
- Брани се! Држи се до последниот. Челото на колоната веќе е на пат за селото Смрдеш. Во текот на еден час ќе формирам една чета од борци кои ќе ги земам од колоната и ќе ти ја пратат, на помош. Каде е офицерската школа?
- Веќе води борба на Фалцата...
Тоа утро во многу очи светлината згасна...
Утредента и наредните денови над нивите, полјаните, траповите и патеките по кои протече колоната, во кругови летаа стрвници...
ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА - 17 Реонот на Вичо е последното упориште и единствената надеж.
Со месеци градените бункери и ровови, се чини, дека ќе ја оправдаат паролата “Непријателот на Вичо нема да помине”.
Главните упоришта во првата одбранбена линија се потпираат на Јамата, Баро, Рото, Плати, Кулкутурија на исток; Бела Вода на север и на југ Малимади и ридовите меѓy селата Косинец и Лабаница. Втората одбранбена линија: Лисец, Чука, Голината.
Во длабочината, најблизу до езерото Мала Преспа - Превалот и малите ридови на селата Медово и со посебно внимание на селото Раби, последното упориште пред влезот во Пероо, преминот меѓy двете преспански езера.
На 10 август 1949, в зори, над Вичо се отвори небото и пеколот слезе на земја. Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи. Се уште густиот чад висеше ниско, кога во напад тргнаа осум дивизии, повеќе независни баталјони, тенкови и борни коли. Во првите два дена и покрај жестоката одбрана и обидите за противнапад, паднаа позициите на ДАГ од првата одбранбена линија. Во меѓувреме владината војска својот главен удар го насочи на Лисец, но пред тоа се водеа тешки борби за ридот Чука каде не е утврдено дали некој од бранителите остана жив. Командата на ДАГ која соодбраната на Вичо, раководи од седиштето во селото Винени отаде езерото Мала Преспа, дури сега го сфати стратешкото значење на голиот врв на Лисец. Тој, кој го дрхи Лисец, ја има контролата на околните ридови и што е најважно, го отвора патот кон Превал и од тyка долж џадето, се вклинува во Преспа.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/golemata-udolnitsa/19 на 29 октомври 2026