Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

A Glorious Place Called Greece

ДОКУМЕНТАРЕЦ КОЈ ЈА ШОКИРА ГРЦИЈА

Од Risto Stefov · Дел 4 од 16 · Околу 4 минути

Аудио-снимките се достапни за членовите на друштвото. Најавете се или зачленете се за да ги слушнете.

ДОКУМЕНТАРЕЦ КОЈ ЈА ШОКИРА ГРЦИЈА

Posted on Октомври 15, 2015Ноември 1, 2015 by sotir

СКАЈ ТВ – 1821

“Секоја нација треба да ја смета за своја онаа Историја, која е втемелена врз вистината”. Дионисос Соломос 1847.

https://macedoniannewssite.wordpress.com/2015/10/15/%D0%B4% D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%8 2%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%86-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D1%98%D0%B0-%D1%88%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/

Неодамна, на интернетската мрежа Фејсбук ( Facebook ) изненадно се појави Видео со неочекувана содржина, барем за нас Македонците, но шокантна за цела Грција. Се работи за создавањето на современата грчка држава, како резултат на нивната Револуција од 1821 година. Ништо неби било необично, кога би се темелила врз вистинската античка историја и врз вистинските историски процеси од тие времиња, но пошто тоа не е така, шокот на грчката јавност е катастрофален. Катастрофален, зошто овај Видео ги открива сите лаги и невистини за гнилите темели на денешнава “демократска” Грција, која нема никаква врска со античките државички и со центарот на културата и науката во Атина, врз која се темели денешната западна цивилизација.

Овој документарец ги открива сите ѕверства и на грчкиот клер од тие времиња, а кои се протегаат до денес, а нарочито врз националните малцинства, меѓу кои се и Македонците. Тежината на фактите со кои врие ова Видео му ја даваат многубројните учесници во разговорите, а кои доаѓаат од многу високообразовни светски институции, меѓу кои и од самата грчка научна елита.

Видеото, за кој е збор во овој мој текст е делумно на грчки, а повеќето на англиски јазик. Верувам, дека многу од нашите иселеници во странските земји кои имаа можност да го видат овој важен документ, без потешкотии ја следеа неговата содржина, но исто така, многу имаа извесни потешкотии со енглескиот јазик. За оние кои имаа потешкотии со јазикот, се потрудив да им помогнам – им ги преведов текстовите на македонски, најдобро што можев.

А сега, да ја започнеме прикаската за стварањето и развојот на денешната современа грчка држава, една од нашите не’ баш најдобри соседи, за која би се можело нешто добро или пофално да се рече од наша, македонска страна. Но сепак, нема чаре од поплаки или враќање лошо за лошо, од што нема никој ќар, туку само штета. И ако доцна, но сепак, вистината и правдата пополека но сигурно излегува на виделина.

Совеста кај чесните луѓе не е за потценување, што се гледа и од исповеста на самите претставници од грчката научна средина, важна за идниот развој на добрососедските односи по меѓу грчкиот и македонскиот народ.

Еве, вака да започнеме:

“На 27 септември 1831 година, на главниот пат за Нафплиос, беше убиен Јоанис Каподистрија, првиот претседател на новата грчка држава. Со неговото убиство, земјата ја зафати нов циклус на граѓански воини. Наскоро потоа постана јасно, дека сите напори на грчкиот претседател да створи нова функционално независна и при тоа снажна држава, останаа безплодни. Излезе на виделина, дека Грците не се кадри да имаат држава, а камоли со неа успешно да владеат. ”

Овие беа зборовите на водителот на грчката ТВ Скај, поведувајќи не низ историските настани, кои доведоа до стварање на денешната грчка држава по прв пат со името Грција и продолжи:

“Заглавени во времето на Отоманската империја, не беа способни да и’ погледаат в’ очи на иднината. Правејќи огромни напори да си ги задржат привилегиите кои ги уживаа до тогаш, упорно се противеа на секакви измени во нивниот статус, кои неспорно би дошле со новата грчка држава, во која би владеел редот, правото и правдата. ”

“Гледајќи од страна што се случува на овие простори, европските сили веќе им најдоа лек на несложните Грци. Само требаше да се изнајде лидер и идеологија, кои би ги обединиле. И така и’ дојде времето на монархијата: – формирање на првото грчко кралство. Картите беа фрлени на маса и потоа отпочна играта, како следи.”