Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

A Glorious Place Called Greece

СТВАРАЊЕ НА ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН МИТ

Од Risto Stefov · Дел 5 од 16 · Околу 12 минути

Аудио-снимките се достапни за членовите на друштвото. Најавете се или зачленете се за да ги слушнете.

СТВАРАЊЕ НА ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН МИТ:

Во 1832 та година, грчката кралска круна не беше нешто што се посакува како потреба, туку како нужда, наметната од надвор.После долгите немири и безмилосни уништувања, земјата немаше што добро да понуди. Многу поважно од самото стварање на некаква нова држава беше идеата, која би ја поврзала денешницата со старата грчка култура, која нестана од овие простори пред многу векови, но со тоа и од главите на сегашните луѓе.

Баварскиот монарх Лудвиг I , еден од најголемите хеленовљубеници, отиде најдалеку во реализација на тој проект. Неговата сестрана подршка на грчката Револуција за самостојност и стварање на кралството грчко на чело со својот се’ уште малолетен син Ото, не беше случаен чин.

Во времето кога англичаните ги крадеа мраморните оставштини од Партенон и ги пренесуваа во своите музеи или приватни збирки, при што најмногу се “истакнал” Лордот Хелгин, Лудвиг

I внимателно од нив правел копии и ги поставил на видни места во својата германска држава. Така, тој од Минхен направил нова Атина во срцето на Бавариа, чија убавина и денес е присутна, далеку од самата денешна Грција, како вечен спомен на неговата љубов кон Хеленизмот и неговите вредности.

За времето на Лудвиг I, во образовниот систем на оваа мала германска држава је воведен старогрчкиот јазик како обавезен наставен предмет, заедно со литералната и научна оставштина на учените луѓе од античка Грција. Така, Бавариа до 1830 тите години постана центар на вљубените во Хеленизмот, а Минхен изгледаше повеќе грчки од самата Атина. Многу баварски уметници, поддржани од самиот Лудвиг I , често патуваа низ грчките простори инспирирани од класичното минато на земјата и длабокиот романтизам на времето.

Петар Вон Несс, еден од тие баварски уметници доби и специјална задача. Имено, неговата задача беше да ја овековечи револуцијата од 1821 година, забележувајќи ги сите важни настани со портрети и цртежи. Тие портрети на истакнати херои и на поважни настани до ден денешен останаа најважни уметнички дела во грчката историја.

Спрема зборовите на Вилиам Сент Клер (William St. Clair) од центарот за историја при Универзитетот во Кембриџ, до 1830 тата година Грција била првата независна национална држава во Европа, благодарејќи и’ на “Ѕвездата”, односно на Античка Грција. Па спрема традиционалните погледи на монархистичките влади во тоа време се сметало, дека слободата на Грција значела препород на една стара цивилизација, која ја ценат и почитуваат сите во светот.

“И така по ред, сонот на големиот вљубеник во Хеленизмот, баварскиот монарх Лудвиг I, засилено почна да се остварува. Утрото на 6 ти февруари 1833 година, 17ет годишниот негов син Ото пристигна во Нафплиос, а наскоро по тоа, тој се скраси во Атина, новата престолнина на грчката држава. Се разбира, новиот крал не допатува сам. Со него пристигнаа повеќе од 3500 воени и административни инструктори со цел да воспостават административен модел по урнекот на онај во

Баварија. Покрај ова, тие имаа и други, поважни цели од наведените. Требаа одвоените делови од грчката територија да ги припојат и така да створат обединета нова грчка држава и на крајот да креираат нов национален идентитет.”

“Новата власт која беше наскоро формирана, се сретна со многу тешкотии и пречки во својата работа. Се сретна со поделено општество, уништено стопанство и т.н.т. Нејзините приоритети не беа само воспостава на мирот и редот во државата, туку пред се’ креирање на новиот грчки национален идентитет. Идентитет, кој би го обединил општеството и би го изменил традиционалното сваќање за идентитетот, во идентитет на модерна нација.”

Во своето излагање појасна Пашалис Китромилидис, професор по политички науки при универзитетот во Атина.

Во поглед изборот на Атина за престолнина на новото грчко кралство констатирано беше, дека тоа е направено од посебни и логични причини. Една од нив е истакната како клучна, а таа е поврзана со меѓународното признавање на Античка Грција, како појдовна база за признавање на новата државна творевина, како Грција. Впрочем оваа идеа беше оживотворена уште во самиот почеток на грчкиот проект од страна на Лудвиг I, кога тој одлучи на престолот на новата држава, која го носеше името Хелас а не Грција, да го постави својот уште не полнолетен син Ото.

Во своите проекти спрема новото грчко кралство, Баварците имаа и многу други изненадувања; – да избришат секоја трага и спомен од отоманското минато на Атина и пошироко, при тоа обновувајќи ги сите антички споменици во главниот град и тоа за чудо, по минхенскиот модел. Но, не сосема неочекувано, главен приоритет на новата држава и понатака остана, признавање на грчката оригиналност.

Прва работа по стапувањето на грчко тло што Ото ја направи беше средување на државните финансии и враќање на старата Драхма од пред 2000 години, укинувајќи го Фениксот, што го избра убиениот прв претседател Јоанис Каподистријас во 1831

година. Потоа, новиот монарх ги преименува сите улици во Атина со имињата на античките филозофи, античките драмски писатели, како и со имињата на хероите од востанието од 1821 та година. И така, се што беше поврзано со античка Грција, преку ноќ постана симбол на новата држава.

Користењето на официјалниот грчки јазик од тоа време, Баварците го правеа со особена чувствителност и љубов, уверени, дека зборуваат на старо грчки. И така, ова идеализирање на старогрчкиот јазик постана темел во одгојот на грчката интелигенција, за среќа или можеби несреќа. До колку тоа не се случеше, највероватно денес Грците се’ уште би зборувале Арванитика, односно Албански.

Но, соработката во грчкото кралство не беше лесна работа. Грците постојано се во меѓусебни судири и никако да најдат заеднички јазик ни за најелементарните потреби на своето општество. Нивната политичка сцена е толку разединета, да е напросто невозможен заеднички соживот на нивните политички субјекти. Национално единство Грците можат да постигнат само со мешање на фантазијата и историјата, при што успеваат да си створат митови, од кои ја црпат потребната им енергија за преживување. Ништо чудно! Нели?

Во една ваква, скоро хаотична состојба во ново компонираното грчко општество потребно е да се повикаат легендите во помош, како би се тргнало напред во некаков соживот. Да се створи некој нов идентитет, што ќе ги обедини сите субјекти на кралството. Но, од каде да се започне во случајов со новиве “Грци”? Секако, прво со редукција на Историјата и со бришење на некои факти кои не држат вода.

Можеби е малку чудно кога се зборува за редукција на историските “факти”, зошто тоа не почна да се практикува прво во Грција, туку во Минхен, новата Атина, за времето на неоклсичното кралство на Лудвига I. Тој, впрочем, наместо да ја редуцира грчката историја, со градење неокласични монументи и споменици во својата престолнина Минхен, заправо ја редуцира својата сопствена историја. Една од таквите градби која Лудвиг I ја издигна во својата престолнина е и

Пропилаја. Исто така, тој во чест на грчката Револуција од 1821 година, во центарот на Минхен изгради велелепен споменик на кои со големи грчки букви се исписани имињата на сите оние учесници во неа, кои одиграа значајна улога во стварањето на новата грчка држава. Покрај веќе спомнатите, тука се и имињата на сите оние кои одиграа важна улога од политички, општествен, идеолошки, црковен и други значај за ослободување на Грција. Еден до друг со своите имиња можат да се видат и Рига Фереоу и патријархот Грегори и ако биле идеолошки противници. Не е занемарено ни името на Јоанис Каподистријас, како и името на Адамантиоу Кора и многу други “херои” на Револуцијата и ако биле повеќе пати на овај или онај начин меѓусебно спротиставени и дури пукале еден врз друг. Но, сепак биле историски личности и придонеле за ослободување на новата грчка држава и како такви биле почитувани.

Баварскиот монумент јасно ја прикажува логичноста, патот и начинот на кој и како историјата на Револуцијата од 1821 би требала да биде напишана. Ово е, како е наречен, мит од 1821. Тој исто така докажува, на свој начин, дека нацијата може да се препороди, обнови и покрај доживеаните трагедии од секакви врсти и величини, па дури и од разни криминални или злосторнички настани во чие организирање или извршување учествувале високи функционери од државните институции, војската или црквата. Така е створена легендата од 1821, која се темели негде и врз нешто, со цел да го оправда злото како пожелно, во стварањето на “доброто” како нужно. Меѓутоа, сите легенди имаат свој почеток и не се појавуваат само така, како некој случаен настан. Ова беше патот и начинот да се конструира платформата за унификација на новата грчка држава и нејзината идеологија, која од една страна ги збунуваше некои историчари, а од друга страна пак , ширеше чувство на заедништво и некоја сигурност на луѓето за да преживеат.

Покрај се’ горе реченото, а да би се избегале некои идни потреси и незадоволства во кралството, нужно било да се изнајде некој силен амалгам кој на адекватен начин би ги држел во мир и спокој широките народни маси. Тука дошла во помош

грчката православна црква, која, меѓу другото, одиграла голема улога и во обединувањето на Румелија и Пелопонез, дури и многу повеќе од Богослуженијата, во античките времиња.

Увидувајќи ја моќта на Црквата, Баварците во 1833 та година и’ овозможиле автокефалност (самостојност) и потоа ја ставиле во служба на кралската круна.

Бидејќи за време на Револуцијата Црквата стоеше настрана и неодлучна кон кого да се приклони, а при тоа да не ги изгуби стечените привилегии, сега требаше да и’ се даде некое признание. Така се започна со симплификација на приказната за нејзината тогашна улога, како небаре и ако не ја подржувала Револуцијата и нејзините цели, таа тоа го правела од некој си “тактички” причини. Инаку, нејзините великодостојници од почетокот биле истомисленици и подржувачи на идејата за борба против Османлиите, што в’сушност не е вистина.

Кога патријархот Грегориј V се повлече од Револуцијата, при тоа проколнувајќи го водачот Александар Ипсилантис, тој не го направил тоа од никакви тактички причини, како што некои го тврделе тоа. Не, ни пошто! Тоа го направил од интересни причини, истакнувајќи ги божемните принципи на Црквата да се бори против сите насилства и неправди, што заправо такво нешто никогаш не било во мислите на мнозинството клерици.

Со проколнување на Револуцијата, продолжуваа соговорниците во документарецот на ТВ Скај, тие неги спасија животите на Османлиите.Тоа беше фатална грешка, која црковните великодостојници никогаш не успеа да ја разберат. Нивниот потег беше само инспирација на другите да земат масовно учество во воените дејствија на Револуцијата и да излезат како победници, по цена на огромни штети по земјата, но особено со злосторства врз невооруженото и недолжно турско население.

Како производ од симплификацијата на улогата која грчката православна црква ја изигра во најклучните времиња за стварање на новата држава, се изроди и нејзината глорификација како, божем, ” нашата Црква беше прави чувар на националната ризница и заштитница уште од времињата на

робовласништвото, кога хероите го запалиле оганот на националните идеали и ги покренале масите за обнова на Татковината.”

Поврзувањето на Црквата со националноста, изроди модерен национализам, а со него пак и митовите, од кои најпознат беше митот за тајното училиште. Важноста на овој мит се состоеше во “големите жртви” кои свештениците ги претрпиле при ширењето на грчкио јазик меѓу народот, а особено меѓу децата и покрај забраната од страна на турските власти. Овој мит е овековечен во делото на сликарот Николаус Гисис под името : “Тајно училиште” од 1886 г. Инаку сликарот Гисис и’ припаѓа на минхенската школа која ги продолжува баварските традиции на љубителите на Хеленизмот и на хеленистичките сликари, проектирајќи настани од грчката револуција 1821.

“Тајно училиште” , од историско гледиште е потполно лажна проекција на настани од тие времиња, и ако пленува со својата реализација и угодна атмосфера. Нејзината силна порака гласи : “Така деца мои! Дури и вие, во вашата рана младост, треба да сторите се’, како би нашата татковина била пак слободна.”

“Тајно училиште” е подоцнешна креација на државата, во 1886 та година, од посебни причини;- Религијата да се зацврсти уште повеќе и да и’ се даде важно место и во образованието на земјата, поред другото и како еден од одбранбените механизми на Државата.

Митот за улогата на грчката православна црква во новото грчко општество не престанува тука. Тој продолжува дури и во денови денешни, со нејзината арогантност и бруталност.

“Со зацврстувањето на новокомпонираната грчка држава врз темелите на Револуцијата од 1821 та година, одлучено е и Црквата да си го најде своето место во неа, како нејзин активен актер. Се разбира дека во Револуцијата, како и во секое народно востание, зедоа учество и некои свештени лица, но тоа не и’ дава за право на официјалната црквена хиерархија да ја присвојува нивната храброст и патриотизам и да ги прикажува како своје дело, зошто тоа не е вистина. Грчката православна

црква во тие времиња не беше дел од таа Револуција ни најмалку, туку против неа и духовно и фактички. Нејзините материјални интереси беа изнад интересите на народот.” Истакнува еден од учесниците и продолжува.

“Јас не мислам дека Турците беа загрижени со кои јазик се служат поданиците на Империјата. Дали со грчкиот или со славјанскиот. Тие се грижеа за своите луѓе да се служат со јазикот на Исламот. Што и да зборувале Христијаните, на Турците им било се’ едно. Со тоа не се занимавале се’ дури мирот во Империјата бил сочуван. Јас сум уверен, дека јазикот не ги загрижувал ни малку. Се’ друго се бајки за деца.”

Кога се зборува за јазикот, вистина е дека за времето на владеењето на Турците грчката црква играше важна улога во ширењето на грчкио јазик меѓу народот, како и во генерациското културно преживување во тие времиња. Меѓутоа, 100 години пред Револуцијата, граѓанското движение на средната класа веќе се избори за своето право да се школува на својот мајчин јазик. Во градовите со мнозинство на грчко становништво се отвараа училишта во кои предавањата се изведуваа на грчки јазик, а материјата беше претежно од старогрчката наука. Малку по малку, Ренесансата почна да допира на секаде, па и во градовите на мнозинската отоманска територија, каде традиционално беа сместени и грчките училишта. Меѓу таквите центри беа Јанина, Смирна (Измир), Кидонис и по доцна во Истанбул . Исто така, постоеја и образовно воспитни центри на Пелопонез во кои се воспитуваа деца и други кадри, кои после се вработуваа ширум градовите со грчки училишта. Со ваквата преродба дојдоа и сите други општествени и интелектуални промени, кои ја водеа земјата во Револуција.