Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Macedonia Above All

Front Matter - Part 01

Par Стојан Георгиев Томовичин · Partie 1 sur 8 · Environ 20 minutes

Lire en English

Македонија над се Стојан Георгиев Томовичин МАКЕДОНИЈА НАД СЕ Published by:

Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

Приредил Здравко Божиновски Друштво за наука и уметност Битола 1990 МАКЕДОНИЈА НАД СЕ На безбројните познати и непознати патриоти, страдалници за Македонското дело, и на мојата животна сопатничка Марија, која сите тешкотии од времето на моите затворски години и потоа ги поднесуваше и сеуште ги поднесува достоинствено.

Афторот Стојан Георгиев - или високо достоинство Пред нас е ракопис документаристичка проза: сјаен придонес на авторот во ризницата на револуционерната борба на нашиот народ. Не само поради текстот што ни го понудува: сам за себе тој е само блед одблесок на животната драма на авторот. Суштината на овој ракопис се крие во единството природно создадено помеѓу животот и - зборот.

Ракописот е компониран од три дела, од три, навидум самостојни целини. Тие, всушност, се испреплетуваат и стануваат едно оној час кога читателот во висока возбуда ќе ги затвори кориците на книгата: внатре во таа книга се она што се случува меѓу себе и тој степен комплементарно за да со право се ставиме во сопствено искушение: до колку книгата беше и двојно поголема таа пак ке ни беше – малку; до колку пак се скратеше на половина

– дали, можеби, нашите страдања ќе беа по сносливи? Се разбира

– ниту едното ниту другото: ракописот е точно таков каков што е неопходен за да се насети веројатноста дека во најскоро време ке имаме уште по комлетиран документаристички увид во сите човечки голготи на тема: татковина!

Ракописот носи наслов “Македонија над се”. Имам впечаток дека точно обој наслов ги одразува сите суштини и сите пораки на животот на Стојан Георгиев: не е тоа неконтролиран младечки изблик, анархичен туку осмислено избран животен пат, осмислен поглед. Над сите младешки пориви, на сите достоинства – највисоко се издига поривот и достоинството на татковината! На сите искушенија – стој искушението на татковината! Домот си има своја смисла, детето во домот – уште по висока смисла, но што сето тоа значи без смислата на слободата? Човекот се раѓа слободен и живее за да биде слободен и надвор од овој контекст – се е прелага и заблуда. Братот и сестрата мајката и таткото, љубовта и младоста постојат само поради смислата на слободата.

Над сето тоа постој само смислата и – татковината. Затоа:

“Македонија над се!” Во таа “Македонија над се” заробена е една младост и дел од едно драматично детсво. Таа младост е престорена во постојана политичка присмотра, во задгробно полициско демнеење, во сурови пресметки, во анималистички изблици полициски бес и дрскост, младоста е престорена во карцери, во убиства, во најнепосредни допири со смртта. Никаде полициската истрага и контрола не беше усовршена толку колку во земјите на реалниот социјализам! Никаде и никогаш човеко не беше толку обесправен како во социјалистичките полициски монтажи! Така се ништеше духот на стотици и илијадници невини младичи, така изчезнуваа во концентрационите логори на илјади и милиони безимени и невини жртви! Стојан Георгиев, автот на овој ракопис, по некоја случајност е жив. Но што значи тоа? Само потврда дека недостасувало исклучително нешто незначајно за да тој живот биде претворен во прав и – заборав. Ракописот “Македонија над се” исклучително значаен документ, кој ќе си најде свое место во богатата мемоаристичка и историографска граѓа која ќе послужи за внимателни и сестрани анализи на револуционерната борба на Македонскиот народ во периодот од нејзината империјалистичка поделба година и се до наши дни.

Таа империјалистичка поделба на Македонија, 1913 или поточно: окупацијата на Македонија од страна на Бугарија, Грција и Србија, во поголемиот дел од Македонската територија се уште трае, и примоскиот, Егејски дел, и Пирискиот дел на Македонија се уште живеат под окупација и не зависно од сите фарси и флоскули на Југословенската дипломатија, окупацијата и ден денес е апсолутен факт. Овој ракопис на Стојан Георгиев тоа одлично го документира па во обој факт, меѓу другото треба да се побара додатното значење на ракописот. Дека таа вистина била маскирана со лажни изјави за некакво “традиционално пријателство” на место таа дa се пресентира во нејзината реална светлина пред светот и да се интернационализира решавањето на ова најургентно прашање на мирот во Европа – тоа беше маскирано и замрзнато, се со цел да се овозможи натамошната непречна асимилација на Македонскиот народ и ништење на неговата самостојност низ изблици на чист геноцид! Во оваа смисла ракопис на Георгиев има тежина на апсолутен историски документ зашто во дел од таа интернационализација на Македонското прашање и самиот зема учество во својство на делегат пред правните меѓународни институции во Копенхаген, годинава.

Стојан Георгиев е само една меѓу илјадиниците Македонски жртви од поделбата на Македонија до денес. На илијадници Македонци останаа за некогаш заборавени во студот на историјата, војувајќи брат против брат насилно мобилизирани во армиите на окупаторите на Македонија: Бугарите, Грците и Србите! На илјадици Македонци лежат заборавени долу, во студот на историјата, покриени со туѓи знамиња и гробови на туѓи царства и кралства. И не само тие од Балканските војни туку и оние по нив кои изчезнаа по занданите и казаматите на Софија, Атина и Белград, оние заборавени по Грчките острови и Бугарските концлагери. Да не потсетуваме на фактот дека првата партизанска Македонска единица во Втората Војна е формирана во Пиринска Македонија, да не говориме за фактот дека цели пет години во Приморскиот, Егејски дел на Македонија се водеше националната револуција на Македонскиот народ од овој дел кои заврши со огромно предавство: со политички и економски егзил од драматични размери. Книгата на Стојан Георгиев е одличен потсетник на дел од оваа судбина.

Во државните и усовршени мачилишта на Софија над Македонците беа применувани методи позајмени од стредновековната инквизиција. Не е никаква тајна дека над Македонците се употребени и вжежени, усвитени железа со цел тие да бидат онеспособувани за полна репродукција! Тој анимализам во наше време допрва ке дојде на дневен ред пред меѓународната јавност и суд. Но ова јад го споменувам со цел да ја истакнам скромноста на Стојан Георгиев кој во својот ракопис бега од описи на овие мачења! Тој тоа не го прави случајно.

Георгиев, едноставно, не сака да го сврти вниманието кон маргините, кон она што останува сепак поефемерно наспроти идеалот. А неговиот основен идеал е – слободата на Македонија, нејзиното национално и природно, територијално единство.

Тоа единство денес најмногу зависи од Македонскиот народ.

Мирот на Балканот па според тоа и мирот во Европа зависат во многу од решавањето на Македонското национално прашање, под што треба да се подразбере – апсолутни слободи на Македонскиот народ во двата окупирани дела: и во Приморскиот и во Пиринскиот. Новиот Европски идентитет ќе претставува само економско и политичка анонимна толпа народ чија нумерација нема да се разликува од нумерацијата на предметите до колку во тој идентитет не бидат вградени автентичните национални култури па во таа смисла е слободата на сите народи на Европа.

Слобода на Македонскиот народ – пред се. Европска култура и слобода во Европа нема да има до колку некој земји се изолираат од други: до колку тие земји се сведат на нешто според што нема да се разликуваат. Ни треба различноста во единството но наспроти се – ни треба Слободата и националната рамноправност на сите. Земјата која доброволно се изолира од другите и која ни ги спречува правата на Македонците – значи свесно се става во фактор против мирот во Европа. Повеќе сигурно е дека времето кое надоаѓа - нема да им оди на раце на оние кој ги затвораат очите пред историските и актуелните факти. Стојан Георгиев е сјаен сведок на еден ампутиран живот, со жестоки фантомски болки кој произлегуваат од отстранетиот дел. Тој остранет дел не е нешто што може да се изуми и фрли: тој дел е самиот живот.

Од ден на ден станува се појасно: процесот на Македонското духовно обединување денес со ништо не може да се спречи. Тој процес веќе не може да згасне. Ракописот “Македонија над се” е апсолутна потврда за тоа и сјаен пример на еден херојски син и чин на високо национално достоинство. Она што е заробено меѓу ѕидиштата на затворите и мачилиштата – никој – пат не престанува да повикува на разум! Тоа е жесток крик кој повикува на помош и здружување! Смислата на достоинството и правото на избор на свој животен пат – ете, тие две нешта го потврдуваат човекот. Стојан Геoргиев пластично ни прераскажа лекција од Македонскиот родопис и љубопис.

Анте Поповски ПОЧЕТОК Кога во 18.V.1990 година, попладнето околу 18 часот, се вратив од работа, под влезната врата најдов еден малечок плик со писмо адресирано до мене, без податоци на испраќачот. Го отворив и – што ќе видам: пријава со покана од окружниот обвинител во Благоевград. Требаше на 21.V.1990 г., во 9,00 часот утрото да се јавам во кабинетот на неговото “големство” Обвинителот. Си реков “Еве, се сетиа и на мене!” Еден ден пред тоа, преку Бугарската телевизија беше соопштено следното: “Главниот Обвинител на НР Бугарија, од како ги прегледа доставените документи од Комитетот за заштита на Уставот на НР Бугарија во кој беше нагласено дека БМРО (независна) “Илинден” организација чии дејства се насочени против безбедноста и територијалниот интегритет на Бугарија, на претседателот на Организацијата, Георги Солунски, му упати предлог, во рок од еден месец Организацијата да се регистира како политичка партија или да се растури, што во крајна линија значеше исто. Велам ИСТО, зашто со новиот закон за политичките партии во НР Бугарија, објавен во “Државен весник,” не може да биде регистрирана политичка партија на малцинска (национална)

основа, каква што беше нашата Организација.

Обединетата Македонска Организација (ОМО) “Илинден” ја создадовме на 14 Април 1990 година во градот Сандански, на состанокот на кој присуствуваа раководителите на четирите организации: - ВМРО (независна) “Илинден,” – Комитет за заштита на правата на Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, - Културно – просветното друштво “Јане Сандански” од село Микрево, и Комитетот на репресираните Македонци во Пиринскиот дел на Македонија.

Обединетата Македонска организација си постави цел – да ги сплоти сите Македонци на кој им се свети идеалите на Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓиорче Петров, Јане Сандански и др.

Според Уставот на Организацијата нејзин член може да стане секој граѓанин на НР Бугарија, независно од неговите политички погледи, неговата социјална и материјална положба, неговата верска припадност, доволно е да не е компромитиран пред народот Македонски со нечесни и неморални дела.

Според програмата, Организацијата ке се бори за духовно обединување на Македонците не само во Бугарија туку и на оние кој живеа надвор од неа, во сите краишта на светот. Особено е подвлечено дека ние не сме за нарушување на територијалниот интегритет на НР Бугарија, спротивно на она што се зборува и пишува во весниците, радиото и телевизијата во Бугарија, кои не нарекуваат “родопредавници”, “сепаратисти”, “Слуги на Скопје” и уште како не, со цел да го уништата нашиот авторитет и достоинство. Некој не нарекуваат “Политички и криминални престапници”, “Ситни луѓе”. Пишуваат “Внимание – сепаратисти!” – Небаре од спротивната страна доаѓа воз кој може секој момент да те згазне!

Ваквото секојдневно а понекогаш и секојчасовно гонење, преку етерот и печатаот, обескуражи многу луѓе ги исплаши. Јавно се зборува дека после изборите, најактивните членови на ОМО “Илинден” ќе бидат осудени и ќе скапуваат со децении во затворите.

Точно во таква смисла беше и поканата што ја добив од Окружниот обвинител за да се јавам кај него денес, на 21.V.1990 год., кога го пишувам сето ова – во Скопје. За среќа, неколку дена пред тоа, јас бев добил телефонска покана од Мирослав Спировски за да ги присуствувам на “Фолкфестивалот Валандово 90” и на митингот на граничниот премин кон Грција, кај Гевгелија.

И покрај крајно напрегнатата и критична ситуација, заедно со мојата сопруга јас тргнав кон граничниот премин “Златарево”. Со себе не носев никакви документи зашто знаев дека Бугарските царински органи ќе бидат многу строги кон мене. Независно од краткиот преглед на мојот багаж, јас бев задржан на границата цели четириесетина минути, се додека не се исконсултираа со органите за безбедност во Петрич, Благоевград, а можеби и со Софија. Најпосле ме рекоа: “можеш да заминеш”. Само со кревање на раката јас се збогував со жена ми и тргнав кон Македонија.

Тука на Македонската царина, без пречекан од пријатели од Скопје. Во Гевгелија се запознав со организаторите на митингот, се напивме по едно кафе, а вечерта заминавме за вечера и спиење крај Дојранското Езеро.

Јас не бев ни сонувал во мојот досегашен живот, и имам за себе цели 52 години, дека некогаш ќе имам можност да го посетам ова прекрасно Македонско езеро, во чии кафани секоја вечер се коцкаат богатите Грци и плаќаат сметки за илијади долари. Нели пред многу години шефот на милицијата во Петрич, Коста Михалчев, постојано ми велеше: “Стојане, ти ќе ја гледаш Македонија само на картата!” Природно беше што после долгогодишната тортура, од 1956 година па до ден денешен, јас бев изгубил секаква надеш дека некој ден, и јас, како и другите луѓе, ќе имам можност да се порадувам на прекрасната природа на мајка Македонија. Можеби не ќе бев во таква состојба ако не бев се родил во градот Петрич, каде што во педесетите и шеесетите години, додека бев момче, постојано и на секаде се пееја Македонски револуционерни маршеви и песни, кој што ги слушавме преку Радио – Скопје, наспроти забраната од Бугарските власти.

Можеби немаше да се оформам како Македонец ако мајками не ми ја раскажуваше историјата на нејзиниот татко Иван Наков, кој поминал цели пет години во Солунскиот затвор “Еди куле” како борец за ослободување на Македонија од Турското робство.

Дедо ми Иван се родил во село Матница, на јужните падини од планината Беласица, кое денес се наоѓа во Егејскиот дел на Македонија, во Грција. Бил учесник во национално-ослободителната борба на Македонците и после една провала поради предавство, бил уапсен и осуден од Турскиот суд на пет години строг темничен затвор.

Дедото, пак, на татко ми, кој се родил во Македонското село Богоројца (денешното село Сестрино, на планината Огражден, во Пиринкиот дел на Македонија), се викал Георги Јанкулски. Додека бил млад бил многу буен, па селаните го викале Дели Георги (јунак Георги). Еден неделен ден Дели Георги со магарето на татко му пошол во шумата да набере дрва за греење. Истиот ден требало да се жени неговиот прв приател чие име денес никој не о помни.

Враќајќи се со дрвата од шумата, Дели Георги се зачудил што не се слуша думкањето од тапаните на свадбата. Ја прашал мајка си зашто нема музика, а таа му рекла дека циганите – музичари им играат “Маане” на Турците во селското кафанче.

Дели Георги ги ставил двата пиштоли во појасот и отишол во кафаната. На неговото прашање кон циганите, зошто не свират на свадбата, тие безгласно му климнале со главата кон Турците кој доста задоволни си ја пиеле ракијата. А Турците штом сфатиле во што е работата му рекле на дедо ми: “Бак ишене бе Ѓаур”! (Гледај си ја работата бе неверник.)

Уште не ги беа изрекле последните зборови, а Дели Георги ги извадил пиштолите и во истата минута ги ничкосал Турците.

Потоа сосема спокојно ги спотерал циганите на свадбата.

Мајкаму, штом разбрала што направи најзиниот син, жално заплакала и му рекла: “Синко, за тебе нема повеке место во ова село. Бегај сине каде што ти гледаат очите, додека сеуште не дошле другите Турци.” Така, прадедо ми Георги го напуштил село Богородица и се главил како козарче во тогаш неголемата населба Петрич. Тоа било некаде околу 1880 година. Тука, по некоја година, дедо Георги, веќе стројно момче се оженил за убавата девојка Стујца од неговото село која ќе го продолжи нашиот “Богоројчин сој” во денешниот убав глад Петрич.

И денес, на северните падини на легендарната Беласица има една месност од околу 40-50 декари наречена “Богоројчини ниви”, во спомен на доселувањето на Дели Георги од село Богоројца.

На дедо Георги и баба Стујца им се родиле два сина и една ќерка. Поголемиот од синовите Томо, се ожена за баба ми Елена и им се родиле трите синови: Иван во 1906 година, Никола, татко ми, во 1908 г., и Васил во 1910 год. Тие ќе го продолжат Дели Георгиовото Македонско стебло, чи исто корени се длабоко зариени со години наназад, по ридовите на планината Огражден:

ридови посеани со коските на илијади Македонски борци, ридови напоени со многу горчливи солзи од навредената моминска чест, ридови кои ги помнат лутите битки на Македонските револуционери од крајот на минатиот и почетокот на овој дваесетти век. Ридовите коишто и 130 години по раѓањето на Дели Георги сеуште раскажуваат за неговиот подвиг и на неговите достојни потомци: достојни зашто неговиот син Томо загина во 1912 година за слободата на Македонија.

По смртта на дедо ми Томо, неговата жена Елена, со три сеуште неизразнати дечиња, го доби прекарот Елена Томовичина, а и децата Бог да ги прости, додека умреа беа нарекувани Иван Томовичин, Васил Томовичин и Кољо Томовичин.

Достојни потомци, зашто и Томчо, синот на Васил Томовичин, и тој беше убиен од Бугарските граничари кога имаше само 24 години, под изговор дека сакал илегално да ја премине границата со Грција: достојни велам, зашто и правнуците на дедо Георги, синовите на Никола Томовичин – Стојан и Иван, цел живот се борат за националните права на Македонците од Пиринкиот дел на Македонија.

На 18.III.1938 година во малечкото погранично гратче Петрич, сместено во подножјето на Беласица, во семејство на Никола Томовичин и Митра Иванова Накова се роди машко дете кое го крстија Стојан. Можеби и името го одбраа според идниот тврд карактер на тоа жилаво дете. Стојан, за да стои и одстои пред бурите на времето, на тоа превртливо време, кога многу по лесно и поненавредливо во Бугарија беше да се наречеш Бугарин од колку Македонец.

Денес во Бугарија, еден Македонец да се нарече Бугарин, значи да добие се: и добра работа, и предност при преминувањето во високите школски установи, и уважение од органите на власта, и спокојство - и се. А тој којшто има храброст да изјави дека е Македонец, тешко нему! Особено тешко беше тоа во годините на тоталитарниот режим во Бугарија. Да изјавиш на цел глас оти си Македонец, значи дека си подготвен да преземеш морална, физичка и накаква друга одговорност.

Есента 1956 година бев веќе ученик во единаесетти клас на I-то средно училиште “Пејо К. Јаворов”. Во почетокот на месецот Октомври, во салата на читалиштето “Браќа Миладиновци”, беше дошол да одржи предавање по Македонското прашање првиот секретар на Окружниот комитет на БКП во Благоевград. Борис Вапчаров, брат на Македонскиот поет Никола Вапчаров. Темата на предавањето гласеше “Македонија – географски поим”.

Човекот си го прочита рефератот од кој јас многу се налутив, бидејќи се до тој момент многу малку бев прочитал за Македонија и за Македонскиот народ. Но средината во која бев израснал ме беше залоила со такво млеко (со таква маја) што и покај многуте пресврти и перипетии во животот, јас си останал за цел живот Македонец.

Тогаш на Вапчаров му постави две прашања:

1. Каде отидоа древните Македонци по доаѓањето на Римјаните на Балканскиот Полуостров?

2. За што се бореа Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и нивните истомисленици?

Одговорите на Борис Вапчаров беа многу површни, неубедливи. На прво прашање одговори вака: “Македонците беа Грци” а на второто: “Гоце Делчев и неговите истомисленици беа Бугари и се бореа за ослободување на Македонија и присоединување кон Бугарија”.

Јас, природно, не бев задоволен од двата одговора, ја напуштив салата и веднаш се зафатив да правам од друго клише со натпис “Македонија”. За три ноќи, со нож, игла и друг прибор го изработив клишето, подготвив во кутија за обувки тампон од попивателна хартија, наквасена со мастило и започнав да отпечатувам илијади примероци со тој единствен збор

“Македонија”.

Еден збор и еден малечок конспиратор во текот на наредните два месеци ја држеа во напрегнатост целата милиција ба Благоевградскиот округ, додека не дојде оној ноемвриски ден, Среда, 26 Ноември 1956 година, кога пред влезот на нашата гимназија, мене и мојот пријател Томата, не задржаа двајца агенти од државната безбедност. Но, за тоа покасно.

Кога бев во IX клас на гимназијата, се запознав со едно црнооко девојче, не многу симпатично, но зборуваше толку слатко, небаре мед се лееше од нејзината уста. Не, нешто кој знае што зборуваше, туку во мене под напонот на 15-16 годишната возраст, разбуди едно чуство за совршенство, за кое што се би дал.

Но, девојчето веќе си беше нашло пријател и јас останав разочаран од неподелената љубов.

Во 1954, во IX клас, учевме во една паралелка јас и едно момче од нашето маало. Се викаше Љупчо Рупанов, беше многу слаб ученик по математика.

Било како било, Љупчо го заврши IX клас, а јас кој имав само три оценки среден (3), а останатите беа четворки и петки, зацапав и тоа зошто? За тоа што бев Македонец! Тука за прв пат се удрив со Бугарштината и од тогаш почна мојот трилив пат кон Македонија.

Во IX клас Бугарски јазик ни придаваше софианка која се презиваше Георгиева. Незнам зашто, но ние учениците меѓу себе ја викавме “козата”. Таа госпоѓица многу се јадосуваше на мене зашто јас воопшто не се трудев да зборувам литературен Бугарски јазик. Кога раскажував урок, јас зборував како што си зборуваме дома. Редовно КЕ-КАВ, никогаш не ги употребував частиците

“ШТЕ” и “ШЕ” за да изразам некоја глаголска форма за идно време.

Употребував типични петрички изрази: бегајте, елајте, немојте, неќу, сакам, бендисувам, ујдисувам, ќе дом, ќе терам, ќе пишам и уште многу други изрази кои таа не можеше да ги разбере. А кога ќе и речев “Максус скапах муцката на брдако” таа просто побеснуваше.

- Е другарке – и велев тогаш максус (намерно) - тоа е Македонски јазик.

За тој Македонски јазик што го демонстрирав пред неа, јас ја изгубив целата година. Многу се јадосував за ради тоа, а особено што бев меѓу најдобрите ученици во класот, а по математика никој не можеше да ги решава задачите подобро и побрзо од мене.

Соучениците ме зафркаваа: “Ученикот премина на X клас и учителот остана да го повтори IX клас”. “Учителот” бев јас зашто му помагав на Љупчо по математика.

Загубив една година и толку многу тагував по неа, што следната године, кога го повторував IX – клас, одев на училиште без интерес, очаен и со спласнато настроение.

Сега сфаќам дека напразно сум се јадосувал за таа загубена година, зашто она што потоа го загубив зареди докажувањето на нашата Македонска самобитност е десет пати поголемо, позначајно и пострашно!

Во X клас одново се стигнавме со Љупчо и пак заедно одевме и се враќавме од училиште. Тоа беше во 1955 година. Веќе ергенчиња, скоро секоја вечер со Љупчо излегувавме на прошетка.

Во тие години традиција беше шетањето по двајце или тројца. Од ресторанот “Јаворите” кого тогаш го викавме “Паркот” до плоштадот на градот Петрич, течеше непрекината редица од луѓе во двата правци, и ако сакаше некого да го сретниш, задолжитело бе го нашол тука, се разбира доколку тој беше излезен на прошетка.

Двајцата со Љупчо почнавме да се интересираме за две ученички од осми клас на гимназијата во која и ние учевме. Се викаа Величка и Васка. И двете живееја во нашиот кварт. Во текот на наредните 3-4 месеци постојано баравме начин да ги сретниме и разговараме со нив. А зимата беше доста мразовита, и ние собравме доста студ додека најпосле успеавме да ги наговориме за разговор.

Беше веќе Мај 1956 година, а природата целата се беше накитила со својата шарена цветна промена. Петричка планина се огласуваше од оној неповторлив птичиј хор, од оној прекрасен натревар, која птичка поубаво, по мелодично да го исполни својот утрешен репертоар, да ја докаже љубовта кон љубењиот или љубената. Среде многузвучното чурликање, ефектно се издвојуваше песната на славејот со она мило растегнато “пиу-пиу- пии-пиу-пиу-пии”.