Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Macedonia Above All

Front Matter - Part 02

Par Стојан Георгиев Томовичин · Partie 2 sur 8 · Environ 21 minutes

Lire en English

И покрај големите интелектуалци можности, човек сеуште не може да ја одгатне тајната на птичјиот говор, за да може да го опише волшебството на нивното чуруликање. А се знае дека тие имаат свој начин на комуницирање, но каков?

А пролетната арома на расцутените треви, дахот на свежото и зеленото го впиваа душите на илјадите пчели кои непрестано летаа од цветче на цветче, одлетуваа и долетуваа неуморно, водени од инстиктот дека треба да соберат нектар за својте поколенија, не сфаќајќи дека во тој луд натпревар после четириесетина дена живеење, заминуват без поврат од овој свет.

И во тој див кипеж на живата природа, среде ладот на свежиот Балкански воздух, јас и “мојата” Величка бавно се искачувавме по “Љубовните алеи” покрај ловечкиот дом. Најпосле по неколкумесечното бесплодно одење по “нашите” девојки, тие поверуваа дека и јас и Љупчо сме сериозни момчиња за да се поведе приближно следниот дијалог меѓу мене и Величка:

- Кажи Величке, зошто толку долго време одбегнуваше да застанеш и разговараш со мене?

- Па, затоа што мислам се уште сум малечка – рече таа.

Навистина, со своите четиринаесет години таа беше едно кревко, нежно девојче кое штотуку се беше оформило како девојка со среден раст, но мене многу ми се допадна и јас сакав да ја имам како идна пријателка, затоа и толку многу настојував да разговараме.

- Величе, не гледаш ли дека цела зима трчам по тебе? Цело време те барам да те видам на прозорецот, кога минувам покрај вас – реков јас сериозно.

Таа живееше на 400-500 метри далеку од нашата куќа и најкусиот пат за в гимназија кој го минував два пати дневно, беше нивната улица “Кирил и Методиј”. Секој пат кога минував крај нивната куќа, таа стоеше на прозорецот. Така, секој ден со погледот ме пресретнуваше и испраќаше, додека најпосле не дојде оној пролетен ден.

Јас и зборував, а таа со наведната глава молчеше и ровеше со врвот од обувката во меката влажна земја, до неколку грмушки на една од “Љубовните алеи”, до кој стоевме сами. Најпосле, охрабрен од нејзиното молчење и реков.

- Величке, по цели ноќи не можам да заспијам, само на тебе мислам!

На овие зборови таа ме погледна со срамежливите очи и тивко ми рече.

- И јас исто така.

Кога ги слушнав тие зборови како земјата да почна да се врти околу мене. Ја слушнав и истовремено не верував дека е вистина тоа што ми го рече. Ја гледав како замаен, како потонат во сон цели 20-30 секунди, додека најпосле инстиктивно не ја зграбив во прегратките, после што долго време страстно и ги целував жешките усни.

Тоа беше еден од најсреќните мигови што сум ги доживеал, зашто беше првиот бакнеж што го разменив со девојче во мојот живот.

Од тој ден започна една голема љубов, на која мнозина би завиделе. Почнавме секој ден да се среќаваме. Бевме си нашле едно тивко местенце покрај “Љубовните алеи”, кадешто секој ден одевме и се насладувавме на взаемната љубов. Во кино одевме секогаш заедно. Кога не носеа на “Трудов ден”, дали на берење костени во Беласица, или на берење памук во полето, независно што учевме во различни класови, јас и Величка секогаш бевме заедно. Се чуствувавме вистински среќни зашто љубовта ни беше взаемна, полна, без останок. Таа наполно веруваше во мојте чувства за да стане целосно моја. Се случуваше и двајцата да плачеме од љубов. Си велевме: “Само смртта може да не раздели”.

Но како што луѓето велат “Многу арно не е за арно!”.

Така и нашата љубов не заврши добро. Половина година по нашата прва средба ние принудно се разделивме за неопределено време, време, кое секој од нас го живееше по свое. Тоа беше времето кога истовремено се заљубив и во Величка и во мајка Македонија! Веке го бев направил печатот со зборот “Македонија” и илијади примероци од тој за мене најмил збор расфрлив во градот Петрич и околината.

Верував, сега има смисла човек за што да живее. Бев посветил на моите тајни работи еден друг пријател, Томата. Веќе бевме ученици од XI клас, а тоа беше есента 1956 година. Освен Томата Иванов и други тројца ученици од нашиот клас се зачленија во нашата организација: Живко Донќев и Васил Кантарџиев, двајцата од Петрич и Веселин Палушев од с. Капотово, кој и до ден денешен не престана да ја сака мајка Македонија.

Природно, во мојте тајни дела ја бев посветил и мојата прва љубов - Величка, која требаше да го навезе знамето на идната Македонска револуција. Такви ни беа тогаш младешката полет и дрскост. Се заколнавме во името не нешто свето, кое се уште не знаевме што ќе биде, но кое многу силно го сакавме. Мислевме дека само за неколку ноќи ќе подготвиме илјадици Македонци и со еден секавичен удар ќе ги обединиме трите дела на Македонија

– Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот!

Почнавме да наоѓаме истомисленице и од гимназијата “Гоце Делчецв”, со цел да направиме Македонска младинска организација на територијата на градот Петрич, додека еден ден не се случи она, кое, како и првата моја љубов, никогаш нема да го заборавам.

Оној 26-ти Ноември 1956 година, кога за прв пат паднав во шепите на Државната безбедност.

Одкако не задржаа пред влезот на гимназијата “П.К. Јаворов”, не одведоа во Реонската управа на МВР (Министрерство за Бнатрежни Работи) во Петрич. Началник на управата тогаш беше капетан Шакин – еден исклучително див и одвратен тил. Дали затоа што службата му беше таква, дали дека физиономијата му беше грозна, одвратна, но тој изрод, толку пати да го сретнев по тоа, никогаш не мислев убаво за него. А со прст не ме допре!

Сум среќавал и други началници како него, со повисок и понизок чин, но во погледот ќе им сретнев некаква топлина, а на уште ќе забележев дури и насмевка. Но кај овој тил ниту едното ниту другото не можеше да се види. Кога му си на располагање, чувствуваш дека те гледа како змија, готов со очите да те испиев.

По негова наредба ме одведоа во една соба во која ме чекаше еден крупен и висок агент.

Ме праша како се викам, од каде сум и зошто ме водат кај него.

Јас одговорив дека ништо не знам за случајот. Тогаш тој почна да ми ги пребарува џеповите и кога најде едно изгужвано ливче со името “Македонија”, радосно ме праша:

- А од каде го имаш ова нешто?

- Го најдов ви улицата – одговорив спокојно.

Продолжи со пребарување на џеповите од мојата ученичка блуза и од внатрежниот џеп извади неколу лисја исполнети со зборот “Македонија”. Ме погледна победнички со светнати од задоволство очи и со полусвисните усни ме запраша строго:

- А чии се овие лисја?

Само 10-15 секунди размислував каков одговор да дадам. Дали да излажам или не? Ако речам дека не се мој, тогаш, кој ми ги стави во џепот? Мислете молњевито ми работеа барајќи најдобра и најубедлива варијанта за да доказам дека лисјата кои иследникот ги држеше во својте раце, не се мои. Но иследникот завреска:

- Чии се овие лисја?

- Мој - одговорив јас и погледнав во подот од собата.

Во тој миг врз мојот лев образ се спушти страшен удар. Сред бел ден пред моите очи засветкаа искри, ни јас ја зачував самоконтролата. Ниту офиав, ниту застенкав, како ништо да не се случи.

Од скаменетоста во која бев попаднал, ме штрекна неговиот силен глас:

- Со кого си ги печател овие работи?

- Сам – одговорив јас.

- А Каде?

- Дома

- Тргнувај! Ми свика тој со силен заповеднички глас и ме истурка низ вратата надвор.

Кога излеговме во творот, таму веќе не чекаше готов за пат еден џип со двајца цивилни агенти. Седнавме во џипот и за 5-6 минути бевме пред влезот од нашата куќа.

Се качивме горе, влеговме во кујната и пред стаписаните погледи на моите родители јас им го покажав печатот, тампонот и неколку бели карирани листови кој веднаш ги прибраа. Пребараа уште на неколку места во собата со надеш дека ќе откријата нешто многу поважно, позначајно, но откако не открија ништо друго, ме извлекоа надвор.

А кутрата ми мајка, скаменето од страв безгласно ронејќи солзи жалосно ме испрати.

Се качивме во џипот и тргнавме во непознат правец. Час и половина по нашето тргнување од градот Петрич, џипот запре запре пред влезот од Окружната управа на МВР во градот Благоевград.

Од како слеговме од џипот агентите ме предадоа на дежурниот старешина кој ме втера во една тесна соба, ме превара одново, а потоа ме поведе по коридор во правец на една врата обложена со кафеана кожа. Запре пред вратата, чукна по дршката и откако и кога слушна едно отсечно “да”, ја отвори. Поздрави пред еден млад офицер со зборовите:

- Допуштете, другар поручник!

- Да – рече иследникот и старешината ја напушти собата.

- Седи! Ми нареди иследникот покажувајќи ми го со рака единствениот стол кој се наоѓаше близу до вратата.

Седнав и околу минута двајцата се гледавме без да проговориме збор. Одкако почука лесно со прстите по машината за пишување која стоеше на неговото биро, иследникот ме праша:

- Како се викаш?

- Стојан Николов Георгиев.

- Каде и кога си роден?

- На 18-ти Март 1938 година во град Петрич.

- Раскажувај сега се што си направил за отпечатувањето на

“ливчињата”: кога, со кого и колку време ги печатите тие глупости?

- Сето го сторив сам: и печатот и отпечатените ливчиња, и сам ги расфтлував.

- Лажеш! – свика поручникот.

- Не – одвратив остро јас.

- Знаеш ли со кого си имаш работа, бре, синко мајчин? – завреска иследникот и во два скока се најде до мене. Ме зграпчи силно со десната рака за брадата, викајќи:

- Копиле едно! Ќе те претепам овде, ако нема да ми трепне!

Јас продолжив да молчам, а поручникот неможејќи да си ги контролира нервите, почна да ми ја удира главата во ѕидот.

Јас продолжив да молчам. Откако свати дека со сила не може да ме натера да проговорам, притисна едно копче, монтирано на бирото, и само по 5-6 секунди вратата се отвори и старешината поздрави.

- Допуштете, другар поручник.

-Води го во ќелијата! – нареди иследникот.

Штарешината ме поведе до едни мозаични скали кои водеа во темна визба, деноноќно осветлена со електрична светлост. На крајот од визбата видов неколку врати, поставени на околу две метри од една до друга. На околу 150см. од подот, на средината од секоја врата беа закачени ламаринчиња во форма на пресечена преку средината (по должина) круша. До тој момент не бев видел такво чудо и требаше да размислам некое време па да се досетам за намената на тие ламаринчиња. Покасно разбрав дека ги викаат

“шпионки”.

Над секоја врата беше поставено сино ламаринче со соодветниот број, напишано со бела мрсна боја. Ние застанавме пред бројот 12. Старешината ја отвори вратата, ми даде знак да влезам, после што два пати од надворешната страна го заврте тешкиот железен клуч.

Кога влегов видов дека тесната ќелија беше послана со сламарник покриен со едно тенко излижено од употреба, сино војничко ќебе. Врз него беше поставена перница со навлечена бела навлака. Во аголот на ќелијата, зад вратата, беше ставена една железна кофа, дополовина наполнета со вода. Во неа, при случај на нужда, затворениот субјект можеше да уринира (да моча).

Ќелијата беше осветлена деноноќно од електрична ламба чија светлост минуваше низ една темна мрежа, која се наоѓаше од внатрешната страна на прозорчето, над самата врата. Природна светлина ва ќелијата не допираше.

По наредба на иследникот, дежурниот старешина секој ден по еднаш, а некогаш и по два пати, ме водеше на распрашување.

Многу ме мачеше, но јас се бев зарекол дека по цена на сето, нема да ги издадам другите ученици во нашата конспирација. Длабоко бев убеден дека и мојот пријател Томата нема провалено ништо.

Така, со постојано мачење, издржав цели 15 дена. И колку помачително минуваа деновите во ќелијата толку по аронгантен стануваше мојот иследник. Но, на шеснаесетиот ден од моето затворање, кога во 6 часот утрото старешнината ме одведе до тоалетите, горе на ѕидот од коридорчето, над мијалникот, ги прочитав напишани со тврд предмет, следните зборови: “Шан, признај ја вистината.” Кога на 26 Ноември 1956 година во Реонската управа на МВР во Петрич, не разделија со Томата, јас помислив дека него го ослободија. Но сум се излагал. Напишаното на ѕитчето јасно ми кажуваше дека и тој, исто така е тука во некоја од ќелиите, на испрашување.

Во гимназијата ме викаа “Шан”, и кој друг би бил заинтересиран да ја кажам вистината освен Томата? А тој веќе признал се што знаеме за ливчињиата. Иследникот подбидвно му кажал дека јас се инаетам како магаре на мост и не сакам да ја кажам целата вистина. Имено, за да го прекина натамошното малтретирање врс мене, Томата напишал во тоалето да ја кажам вистината...

Доста размислував околу тие два збора напишани на џидот. Се до ручек се мислев што да правам: дали да продолжам со молчењето пред иследникот, и по кај големите измачувања или да ја признам вистината, како што ме советуваше од џидот мојот пријател. Најпосле, решив да признам дека и други учествуваат во нашата конспиративна дејност.

Кога по ручекот иследникот ме повика на распрашување, јас ја кажав целата вистина.

- Е, најпосле се вразуми! – рече иследникот Никола Митев.

- Зошто требаше толку време да молчиш? Или мислеше дека ние не знаеме што си направил, со кого, кога и каде?

Јас слушав со наведната глава без да реагирам на тоа што ми зборуваше. Очигледно, задоволен од моето задоцнето

“самопризнание” го притисна сигналното копче на бирото, на што веднаш влезе рапортирајќи, дежурниот старешина.

- Води го во ќелијата! – и само по 50-60 секунди јас одново бев во мојот привремен дом.

Два дена потоа, дежурниот ме поведе од ќелијата некаде по скалите. Наместо да запреме на првиот кат, каде што, како обично, ме водеше на распрашување, старешината ми нареди да продолжам нагоре по скалите, на вториот кат.

Тука сите врати беа обложени во кафејва кожа. Старешината ме доведе кон една од нив и чукна по дршката од вратата.

Одвнатре се слушна едно “да” после кое старешината ја отвори вратата и израпортира.

- Допуштете, другар полковник!

- Да!, - рече домаќиниот и старешината ја напушти собата.

Јас поздравив со “Добар ден”, после што седнав на столицата што ми ја показа полковникот.

Собата во која се наоѓав беше доста пространа, околу 35-36 м2.

Еден од џидовите беше целиот застаклен а другите беа без прозорци. Оној зад грбот на началникот на државната безбедност, беше декориран со убав гоблен, над кој беше закачен портретот на Тодор Живков, а другиот џид спроти застаклениот, целиот беше обложен со фототапет, на кој беше прикажан еден морски залив во чија далечина са црнееше мал морски кораб, а во преден план, на брегот, едно убаво девојче беше фрлило јадица да лови риби. Не смее да се завртам да видам дали џидот зад мојот грб декориран со нешто.

Во средината на собата, по должината, беа постелени, една до друга, две правоаголни маси, покриени со исти убави тешки покривки, а околу масите беа наредени десетина столови, на еден од кој бев седнал, после молчеливата наредба на полковникот.

Човекот зад бирото имаше убава фигура. Изгледаше ако се суди по неговата лесно прошарена коса на возраст околу 55 години, со пријатна за окото физономија.

- Е, младо момче, - рече полковникот после пауза од околу минита, две, во кое време прегледуваше некаква папка во која, претпоставував, се наоѓаше моето мало доцие.

- Што мислиш, не е ли многу рано да се занимаваш со такви големи прашања на кои веѓе стотина години никој не може да даде одговор?

Тој прашуваше а јас молчев. Не знае што да му одговорам.

Можеби имаше право да зборува така. Веројатно во неговата долгогодишна практика се беше судрил со стотоци како мене.

Сигурно беше прочитал многу историски и правни документи за да прави соодветни заклучоци.

- Сега – рече полковникот, - имајќи jа предвид твојата младост, фактор деке прв пат се занимаваш со ова комплицирано Македонско прашање, а тоа дека произлегуваш од бесно семејство, решивме да не те праќаме на суд. Но, ако започнеш пак да говоркаш за тоа прашање, а не сигурно ќе познаеме за тоа, знај дека вака нема да поминеш! Биди сигурен дека ќе паднеш в затвор!

После уште неколку приказни со слична смисла, полковникот притисна едно копче на неговото биро и веднаш на вратата се слушна чукање.

- Влези! – рече мојот домакин и вратата се отвори. Се појави дежурниот старешина којшто ме беше довел тука пред триесетина минути, кому полковникот му нареди:

- Води го!

- Резбирам другар полковник!

- Догледање! – му реков на љубезниот домаќин и заедно со старешината го напуштивме неговиот кабинет.

Два часа по мојот разговор со полковникот, дежурниот одново се појави пред мојата ќелија.

- Надвор! – ми нареди тој. – Земи си ги личните работи.

Си го зедов шинелот што ми го беше донел татко ми два дена по моето затворање, и излеговме во дворот. Таму веќе чекаше мојот пријател Томата. Уште штом се погледнавме почнавме да се смееме како откачени. И самите не знаеме зашто се смееме. Се смеевме така, можеби за ништо. Можеби од радост дека пак сме заедно, слободни. Можеби. Бевме слободни но не не оставаа сами.

Дежурниот стоеше до нас и ни рече да чекаме. По малу време, еден вооружен со автомат милиционер дојде кај нас и ние тројцата тргнавме кон железничката станица во Благоевград.

Немаше потреба да го чекаме возот долго бреме. Додека Томата испушти една цигара, возот веќе пристигна. Се качивме во првиот вагон, во првото купе, кое, како што разбра подоцна од сопствениот пример, се чуваше само за затвореници.

Два часа монотоно тракање со десет минутен престој на станицата “Генерал Тодоров”, каде што се префрливме од нормалните вагони на такви за теснолинејка, беа доволни за да стигнеме среќно на станицата во Петрич. Оттука, тројцата пешки тргнавме за Реонската управа на МВР – Петрич, која се наоѓаше во Стамчевата зграда.

Во управата бевме воведени со Томата во две различни соби.

Во собата во која бев воведен, ме чекаше еден непознат маж со слабо тело, не многу висок. Имаше бледо, долгунесто лице, а главата му беше покриена со кафеава проретчена коса. Имаше вид на педесетогодишник.

- Повели, седни, – рече непознатиот кого не го бев воопшто до тој момент во нашиот не голем град.

Рече “повели” а една тенка зајадлива насмевка му се јави на аглите на устата. Забележав дека има неверојатно циничен поглед.

Неговите средби со стотици, а можеби илијади како мене, беа оформиле високо самочувство кој овој, како што подоцна разбрав, не особено интелигентен човек.

Се престави со презимето Иванов. Рече дека Партијата била великодушна кон мене и решиле да не ме судат, зашто тоа што го бев направил ви изминатите два месеца било оценето како анти – државно дело, за кое можеле да ме осудат до пет години лишување од слобода, според законите на НР Бугарија. Како реванш за великодушноста на партијата, јас требало да се среќавам со него.

Се договоривме секоја среда во деветнаесет часот да се среќаваме на место кое ќе се определува на секоја наша претходна средба.

Тоа беше на 14 Декември 1956 година. Се разделивме со “другарот” Иванов и јас тргнав кон мојата родна куќа што ја бев напуштил на 26 Ноември 1956 година. Кога излегов на улицата, некаков товар ми падна од плеќите. Многу специфично се чувствува човек првите часови по излегувањето од такваа тешка положба. Додека бев затворен очекував да ме осудат, но

“другарите”, изгледа, оцениле дека е позгодно, поумесно, да не ме исправат пред суд, да не се дава гласност на случајот. Тоа беа моите претпоставки. Не сум сигурен дека тоа беа мотивите за да ме ослободат, но факт беше, дека веќе бев на слобода и непречено можев да си одам дома.

Кога стигнав кај нас, настана голема радост. И мајка ми и татко ми, Бог да ги прости (починат пред девет години), и моите сестри, сите бликаа од радост. Ем плачеа ем се смееа. Соседите се насобраа. Сите ми го честитаа среќното враќање.

Наредниот ден јас пак бев меѓу моите соученици во гимназијата, кој исто така многу се израдуваа што одново сум меѓу нив. Пак го почнав мојот дотогашен начин на живеење – подготовката за на училиште, средбите со пријателите и пријателките и.т.н.

Трогателна беше средбата со мојата приателка Величка. Кога се вратив дома мојата прва работа беше да ја известам дека пак сум на слобода. Се сретнав со нејзината пријателка Васка и договоривме средба за деветнаесет часот уште истиот ден. Во договорениот час веќе бевме пред читалиштето, јас Љупчо, Васка и Величка. Силните стегања на рацете го навестуваа почетокот на уште побурни прегратки, кој ги очекував цели осумнаесет дена.

Голема ми беше радоста мене и на Величка кога останавме сами покај Ловечкиот дом. Не можеме да се наситиме на бакнежите. Кога се поуспокоивме од опојноста, дека пак бевме заедно, дека сме одново сами, само таа и јас, Величка ми раскажа како тешко ги преживеала тие осумнаесет денови на разделба. Ми кажа тогаш беше во мода преку Радио – Скопје да ја пуштаат песната “Болен ми лежи млад Стојан”, дека дури траела песната таа секогаш плачела за мене. А сега плачеше од радост, чувствувајќи се на врвот од среќата. Јас, исто така, ја признав радоста и мојата среќа што одново сме заедно, зашто ние на вистина силно се сакавме.

Заедно со големата радост да бидам пак дома, да бидам пак со саканото девојче, јас требаше секоја среда да одам на средба со “другарот” Иванов кое многу ме вознемируваше и не ми даваше мир дење и ноќе. Редовно одев на средбите со тајниот агент како што се бевме договориле и покрај моето немање желба. Но за тоа не зборував со никого, ниту со моите родители, ниту со Томата, ниту со Величка. Маката ја преживував сам, како што и сам непромислено ги прифатив условите да се среќавам тајно со агентот.

Големо преживување е да те мачи нешто, а да не смееш со никого да го поделиш.

По цели ноќи не можев да заспијам. Се велев: “Како така, Стојане, беше тргнал да се бориш за правдата на своите браќа Македонци, а сега треба да ги предаваш на противникот?” А тие од мене само тоа го очекуваат. Ме советуваат да се движам во различни средини, да разговарам за Македонија, да ги провоцирам моите соговорници дека Македонците немаат права, а тоа што некој ќе го каже во заштита на Македонија и Македонскиот народ, требаше да го пренесам до најмалата подробност.

Редовно одев на средбите со Иванов, но ништо конкретно не преземав за провоцирање на Македонците. Бидејќи во текот на два месеци јас ништо не му предадов, изгледа за да ја провери мојата лојалност кон него, Иванов ме натера да се среднам со едно девојче – Лилето Турнова. Од неа требаше да разберам дали повива писма од вујка си Даната, кој илегално беше избегал во Германската Федеративна Република.

Изминаа петнаесетина дена од како ми ја беше поставил конкретната задача, ни јас се уште не се решавав да се сретнам со девојчето за да го спроведам таквиот баран од иследникот, разговор. Си велев вака: “Ако е таа човек на Државната безбедност со задоволство би разговарал со неа. Но, ако девојчето е чисто, не замешано во играта на агентите, како можам да го предадам, тоа кревко сустество во нивните извалкани раце?” Беше ли можно тоа да го сторам јас со моето некомпромитирано име и биографија? Та нели луѓето одкако се вратив од затвор, кога ме среќаваа на улица постојано ме поздравуваа. Се чудеа од смелоста на тоа 18 годишно момче, да работи за националните права на Македонскиот народ. Нели и јас самиот секогаш сум се восхитувал од делото на великаните, Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Никола Карев, Јане Сандански и плејадата Македонски синови и ќерки загинати за ослободувањето на Македнскиот народ од Турското робство. Сум се восхитувал од беспримерниот подвиг на Орце во Солунските атентати, на оние кој седнуваа врз бомбите и умираа ви името на ВМРО и Македонскиот народ, и луто сум ги мразел предавниците на народот. Како можев тогаш јас самиот да станам предавник?

По цели ноќи не можев да заспијам од грижење на совеста што се согласив тајно да се среќавам со Иванов, и се зареков на себеси дека утрото ќе му речам оти од мене не станува предавник. Но, на следните средби сепак не смеев да му го речам тоа, се додека не дојде оној ден кога се сретнавме во кабинетот на началникот на Одделението за просвета во Петрич.

При поставувањето на задачата да се сретнам со Лилето Турнова, Иванов ми даде да прочитам една книга напишана од двајца советски полковници, чии имиње не ги познам, Заглавието на книгата беше “Таинствениот патник”.

Кога влеговме во кабинетот, тамо веќе не чекаше уште еден “другар” од Државната безбедност во Петрич, кого го познавав како наш сограѓанин. Се викаше Тома Шопов. Откако седнавме Иванов ме праша дали ја прочитав книгата и дали сум се стретнал со девојчето. За книгата му реков дека ја прочитал, но за девојчето