Ideological Activism: Macedonians Under Greece
ЗАКЛЕТВА - Part 02
“...Политичкото и военото раководство на Македонија реално ја проценило, ја држеше и ја контролираше ситуацијата за време на јануарските настани, не дозволувајќи притоа да преовладаат емоциите над разумот и на тој начин штотуку формираната и кревка федерална Македонија да биде вовлечена во војна.
Последиците од таквата авантура би биле кастрофални.” Јас, исто, полувина век си ги поставувам прашањата:
- Зошто КПМ - меѓу КПЈ и КПГ- ги жртвуваше Македонците под Грција?
- Зошто КПМ дозволи НОФ да се најде во менгемето на КПЈ и КПГ и во положба да ја брани логиката на безумието и одеше по работ на бричот.
Зарем КПМ не знаеше дека НОФ на КПГ и направи не проценлива услуга, но не помалка на КПЈ.
- Зарем неможеше да согледа дека идеолошкиот активизам на туѓинците, се ширеше како малигно заболување на душата, кај Македонците под Грција во годините 1944-1950 година...
Зошто ја отфрливме алтернативата која не би била помала славата ако непријателот го победевме со ненапуштање на вековниот стремеж за зачувување на сопствениот исконски македонски простор - нашето прадедово парче земја и компактноста на македонското население во Македонија под Грција?
Чувството дека бевме народ во Грција, го имаше секој Македонец, а во историјата наша да станеме малцинство -неможе секој да го почувствуват како што тоа го почувствуваа Македонците под Грција и да бидат виновни за тоа што му припаѓаат на тој народ македонски. Кое сега со полна уста го нарекуваме малцинство (се служиме со неисториска дефиниција, бидејќи ние Македонците не сме доселени во Грција, па да не третираат како малцинство. Ние сме народ, дел од Македонија и Македонците), а историографијата наша е преполна со вековни стремежи за обединување на Македонците и Македонија. Но, за жал, значи од Обединета Македонија по Втората светска војна, беа само илузии или манипулации на туѓинците и не можеше да има такво нешто, а факт е дека тој порив за нас Македонците останува само како историска матрица. Но, сакам да наведам како мудро работеле и размислувале Германците: Тие велат: “Наивен и глуп е тој што зборува гласно за обединување на распарчената татковина, а страшливец и изрод е тој што не мисли за нејзиното обединување!”
2.1 ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА Е НАЈ ТРАГИЧНИОТ НАСТАН НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, БИДЕЈЌИ СИТЕ НАС ОД ТАМУ НЕ ПРАВИ ЛУЃЕ БЕЗ КОРЕН И КАЈ СИТЕ Е ВСАДЕНО ЧУВСТВОТО НА ОТТУЃЕНОСТ.
Фактите од Втората светска војна и од Граѓанската војна (1945-1949), зборуваат за длабочината на македонската трагедија и имаат големо влијание врз психата на Македонците и врз нивното политичко однесување. Новите генерации не се идеолошки слободни, зошто и тие живеат во сенката на минатото, па дури и авторот на оваа книга остава таков впечаток. Но, ние Македонците, не можеме да го отфрлиме минатото и да тргнеме во иднината и да гледаме рамнодушно на обезмакедончувањето на Македонија под Грција. Со исти респект ќе ги читам одговорите на моите прашања, кои произлегоа од овој заклучок дека: “Политичкото и военото раководство на Македонија реално ја оцени, ја држеше и ја контролираше ситуацијата”, како што вели Иисторичарот Ивановски.
Тоа е за почит, ако така се држеше, зашто факт е, дека паролата за обединета Македонија по Втората светска војна немаше никаква реалност. Сите ние Македонците под Грција ја доживеавме надвор од своите родни огништа за навек, зашто се покажа со таа идеа туѓинците ги искористија исконските желби на Македонците и беше подсилувана, бидејќи со моделот за нашето (само) жртвување се бараше масовност и со тоа се ствараа услови за реализирање на етничкото чистење.
Но, историчарите, сега во поново време изнесоа доста валидни аргументи и непобитни факти кои го побиваат заклучокот на Ивановски и точно укажуваат на една Историја со многу детаљи од дејствувањето на КПМ/КПЈ, односно на политичкото и военото раководство. Таквите сведоштва откриваат една сурова правда и коренита ревизија на свеста за интегрална македонска историја, значи македонецот сe уште неук и неосвестен човек, наместо да се обедини и сплоти, требало да се определува за Југословеснката комунистичка паратија КПЈ или за Грчката комунистичка партија КПГ.
Еве зошто:
КОГА НОФ, АФЖ И НОМС БЕШЕ ОФОРМЕН И ОРГАНИЗИРАН ОД КПЈ/КПМ, СЕ ПОКАЖА ДЕКА ГОТОВА БЕШЕ ТЕАТАРСКАТА СЦЕНА ЗА ВОЈНА И ТОА СЕ ПОКАЖА ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СТАНАА ЖРТВИ ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ. ОДНОСНО, ТОЈ НЕ ПРОМИСЛЕН МАКЕДОНСКИ ЗАФАТ ПРЕСТАВУВАШЕ ФАТАЛНА ОПЦИЈА ШТО НИ ДОНЕСЕ ГЕНОЦИД Прво: Дека на 23 април 1945 година во Скопје во ЦК на КПМ, биле формирани организациите за Македонија под Грција НОФ, АФЖ и НОМС раководени од КПМ/КПЈ, се до ноември
1946 година. Програмската цел им беше за извојување на националните права и правото на самоопределување на Македонците под Грција. (Види: Кирјазовски Ристо 1966/181 и Раковски Павле 1990/199).
Но и историчарот Лазар Лазаров 1998/62, не упатува на извештаите испратени до француската влада на 26 септември 1945 од страна на францускиот генерален Конзул во Солун Жерар Раул Дувал, во кои вели: “...Седиштето на организацијата НОФ се наоѓа во Скопје, на југословенската територија... по се ми се чини дека пропагандата на НОФ на Славофоните е остварување на идејата за автономна Македонија, а југословенската влада ја контролира ова организација и ја гледа грчка Македонија како сопствен дел на југословенската територија...” (стр.62).
Ово е период кога овие организации дејствуваа надвор и независно од КПГ и беа исклучиво раководени од КПМ/КПЈ (види: Киразовски 1995/10).
Нема сомнение, дека оптималната цел на НОФ (КПМ/КПЈ) и беше да ги опфати тотално сите Македонци под Грција и да ги стави во функција на сенароден фронт за реализација на програмската цел. Но, се поставува прашањето: Ако таквата стратешка цел беше прифатена како грижа од КПМ/КПЈ, тогаш, зошто само пред неполни три месеци овие највисоки тела на Југославија беа против паролата: “Да го свртиме оружјето кон Солун!”, односно: “ На Солун, не на Сремскиот фронт?!” Од таквата стратешка цел на КПМ/КПЈ, организацијата НОФ и АФЖ, беа создадени 5 окружни, 10 околиски, 3 градски и 32 реонски раководства со 120 професионални кадри на НОФ, АФЖ и НОМС и беа организирани 220 села (половина од овие села се унуштени во времето на Граѓанската војна м.з ), функционираа 170 селски и градски организации. Во тој период биле создадени и воени формации - до батаљони. (види:
Кирјазовски 1985/143).
Од историски аспект, самите слогани (НОФ и АФЖ) си ја имаа завршено функцијата уште кога се прогласи пред светот победата над фашизамот, но за нас Македонците изгледа тоа не важеше. Но, со тоа грчката влада го озакони (донесе специјални закони, кои исклучиво важеа само за нас Македонците)
насилството против таквите организации (НОФ и АФЖ) во Грција и власта се оѕва со невиден терор до Втората светска војна. Ова, се правеше, уште пред да почне Граѓанската војна, бидејќи официјално е дека Граѓанската војна е прогласена на 31 март 1946 година со решение на Вториот пленум на КПГ, одржан на 12 февруари 1946 година.
СТАВОТ НА ЗАПАДНИТЕ СИЛИ БЕШЕ ЈАСЕН, НО РУСКИОТ - СТАЛИНОВИОТ Е ЧУДЕН: “НЕКА СЕ БУРИЧКА ВО КАПИТАЛИЗАМОТ” И ПОДРШКА - САМО НА ЗБОРОВИ, А ЈУГОСЛАВИЈА ИМАШЕ ДВОСТРАНА ПОЛИТИКА – ЈАВНА, СО КОЈА ГО ПОЧИТУВАШЕ ИНТЕГРИТЕТОТ НА ГРЦИЈА И ТАЈНА - СО КОЈА ГИ ПОТИКНУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ВООРУЖЕНА БОРБА Значи, потврдени се фактите дека; 1945 година, на 23 април, во Скопје, независно од КПГ, се формира НОФ и стратешката национална грешка беше исправена со без (С-Славомакедонци), бидејќи во одлуките на АСНОМ немаше место за такви туѓи манипулации со нас Македонците. Но што стана понатаму со НОФ низ текот на Граѓанската војна е објаснето во книгата “(Само)жртвувањето на Македонците под Грција”.
“Критичарите” меѓутоа што се јавуваа на страниците на “Нова Македонија”, опфатени со кулминацијата на цинизмот, дека:
“Народот конечно ќе заборави!” и раните ќе ги лечи со Панихиди (оваа година се направи во Штип за 150 млади, кои беа насилно земени од суверената Југославија и испратени во суверена Грција, во прегратките на смртта во Граѓанската војна, само затоа што тие беа родени таму...) овие “критичари” нешто сепак обелоденија. На страниците на “Н.М” од 29 мај 1994 година веќе и отворено се идентификува кој го правел таквиот “национален долг” и им го покажал патот до “слободата”, на овие млади луѓе, кои што ги оставија коските на Грамос. Тоа е синдрофос Мичос (како што се претстави: политичар, револуционер и мобилизатор). Тој вели: “...Дојдов во Скопје и за четири месеци испратив стотина борци во редовите на ДАГ”
* (Во заклетвата на борецот во редовите на ДАГ во основа се вели: Ο ΟΡΚΟΣ ΤΟΥ ΜΑΧΙΤΗΤΟΥ ∆ΣΕ во основа се вели: Јас син на грчкиот народ борец на ДАГ (Демократската армија на Грција) ќе се борам за да го одбранам интегритетот и базбедноста на државните граници на татковината-Грција. . .
и.т.н.).
Не знам дали овој човек, гледајќи ја Панихидата, го гребна совеста, кога плачеа тие мајки за своите чеда, што тој им ги зеде од рацете. Овој синдрофос Мичос исто така не осведочи и со тоа, дека Захаријадис, на Вториот конгрес на НОФ од 25 март 1949 година (пред ликвидацијата на ДАГ) за нас Македонците рекол: “Вие Македонците имате право на отцепување, во рамките на балканска федерација. Но да видиме каква заклетва претходно дал борецот на ДАГ.
(Авт. Превел): ЗАКЛЕТВАТА НА БОРЕЦОТ НА ДАГ: “ Јас син на народот на Грција и борец на ДАГ, се колнам дека ќе се борам со пушка во рака и ќе ја пролеам мојата крв и спремен сум да го дадам и својот живот за да го истераме од земјата на татковината Грција и последниот надворешен окупатор. За да се ликвидира секакво присуство на фашизам. За да ја обезбедам и да ја воспоставам националната слобода и територијалниот неповредлив интегритет на татковината Грција. За да се обезбеди демократијата и добрто на народот.
Се колнам дека ќе бидам добар и истакнат, дисциплиниран војник, и ќе ги извршувам сите наредби и канони и ќе ги чувам сите тајни на ДАГ.
Се колнам дека ќе бидам пример и ќе имам најдобар однос кон народот со цел за трајно помирување и ќе го одбегнувам секој обид што ќе ме компромитира и ќе ме понижува како личност и како борец. Основните интереси ќе ми бидат: слободата и трајната демократија во Грција. За сите овие интереси на народот на Грција, спремен сум со пушка во рака да го положам и животот.” Инаку, се друго, што исцеди еласитинот Димитар Угриновски -Мичо, (Во ЕЛАС и ДАГ, Грците му дале конспиративно име - ВОРЈАС), ако е од неговиот ум, не заслужува коментар.
Бидејќи од мојата книга тој не разбрал ништо. И подобро.
Синдрофос Мичос се расфрли со конференциски јазик и набројува борци, кои не се ни спомнати во мојата книга. Таму е обратно. Таму на сите заслужни луѓе и на борците им е дадена заслужена почит уште на првата страница. Ме обвинува дека мојата книга е ненаучен памфлет. И дека сум препишувал историски факти од авторите што ги наведува. Но, обвинувајќи ме на овој начин мене при овој тотален пораз на логиката - тој најверојатно и нив ги смета за памфлетичари. Но, сакам да го потсетам овој само наречен голем борец на ЕЛАС што правеле неговите соборци ЕЛАСИТИ спрема Македонците (Види:
книгата на Д-р Р. Кирјазовски: “Егејска Македонија во НОВ” Том 7, книга 3, страница 220, документ бр.76, од 18 октомври 1944 година.): Меморандум (фотокопија АЦКСЈ-К 1/40) на група македонски активисти од костурско за неправилниот однос и политиката на раководството на грчкото движење на отпорот (ЕЛАС) спрема Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Од писмото на Воријас, очевидна е умствената кадарштина на овој псевдо борец и комунист, и многу е јасно дека некој друг му го ангажира органот за омраза; за да на бизарен и со крајно вулгарна тенденциозност, без основна на елементарно културно општење (бидејќи нема елементи да се зборува за научно) или полемизирање. Употребил зборови чие значење е далаку од неговите можности и потенцијали на поимање, кои сега тој лично ги употребил.
Можат слободно да се запрашаат овие Ворјасовци и сите југоносталгичари. Зошто се уште ја играат улогата на слепи свидетели за животната трагедија на сопствениот народ?
Можеби се сметаат за “професионални револуционери” со интернационалистички погледи. Космополити. Идеолози. Но, сите тие, свесно или не, покренуваат едно етичко прашање. Се уште под опсесијата на замислената моќ: Можам да те навредувам, да те клеветам итн, но ти не ми можеш ништо. И штом мислиш поинаку, немаш право на одговор! и велат уште:
“вас (се мисли на Комитите) ве убиваа на патиштата по завршетокот на Втората светска војна сојузниците...” Но, зошто не го поставуваат прашањето: што воопшто стана по завршетокот на Граѓанската војна? Зошто Комунистите, македонските лидери, беа испратени во логорите на Сибир?
Секако, не на летување... Но, еден паметен човек од цивилизираниот свет рекол: “Псостите се аргумент на оние кои не се во право.” Сето ова, еднаш се потврдува, дека во нашата блиска историја, сите поделби и пропаганди оставиле длабоки лузни во нашето живеење. Таква беше нашата судбина, кога дозволивме судот за нашето ПРОСТУМ да го одредува друг па дури и сега, по 50 години. Тоа покажува колку длабоко не разделија и уште нешто остава апорија. Дали навистина овие луѓе со нивната лична ерудиција ги заобиколија докрај виталните национални прашања, што ги покренувам пред македонската историографија и пред нашите институции; или би можело да се заклучи, дека намерите им се состојат всушност во испроектираните налози за “екзекуција”, заполна дисквалификација на луѓето, што би посакале нешто повеќе за сопствениот геноцид да знаат? Зошто се уште се ежавиме пред отворањето на “белите страници” од нашето минато? Постои ли опасност од злоупотреба на историската вистина; или од проникнувањето во политичките комбинаторики на историјата?
И зошто нашето македонско Простум се уште се мери со шуплината на историските фрази и недореченост?
Но, да заборавиме, дека во наследството ни се оставени длабоки трауми, кои што постојано ќе го возбудуваат самочувството.
Оти и тоа потсетување е дел од македонската историја. По краткиот преглед на настаните во прилог на идентификација се поставува суштината на историско - судбинското прашање:
КОЈ ГО АКТИВИРА КОНЕЧНО “МАКЕДОНСКИОТ СИНДРОМ” ЗА НАШЕТО (САМО) ЖРТВУВАЊЕ ВО ГОДИНИТЕ (1945-1949) НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА?
а) Дали ние Македонците не дадовме директен повод за речиси тогашната неподнослива тензија на ова подрачје;
б) Дали ние Македонците се најдовме случајно под воениот тајфун, што корнеше се, што беше македонско, или некој него прецизно го лоцира - географски и временски, воено и политички - и не турна, потпалувајќи ни го она судбинското “Или сега или никогаш!” Во книгата “Генерал Маркос”, Д.
Кљаиќ пишува: “На 15 септември 1947 година, од 15-17, се одржа пленум на ЦК на КПГ, на кој се расправаше за воените прашања и на пленумот се истакна паролата: “Сите на оружје, се за слободата!” Се донесе решение да се лоцира, односно да се направи слободна територија на: Кожанската висорамнина, Каракамен, Кајмакчалан и Вичо”. (Точно во срцето на Македонија под Грција; а на пленумот не присуствува ниту еден Македонец, како преставник на еден народ, кој партиципирал воени ресурси дури до 50%, односно ниеден преставник на НОФ, а нашата историографија тврди дека оваа организација била военополитички фактор во таа војна-м.з.).
По ова решение, кога уште не е прогласена ни “Привремената демократска влада” како преставник на ДАГ, почнуваат незаконски мобилизации и тоа:
1. “На 27 септември 1947 година, Главниот штаб на ДАГ во реонот на Вичо издава наредба за мобилизација на сите машки од 17 до 35 години во реонот на Вичо, Преспа и Костурско.” Што кажа генерал Маркос Вафијадис во изјавата што ја даде во март 1947 година на францускиот дневник “Иманите”, меѓу другото се вели: “Ние бараме полна рамноправност на Македонците и другите националности со Грците. Првите немаат ништо запаметено освен обврски, прогонства, мачења и убиства. Грчките влади настојуваа да ги денационализираат, не признавајќи им ги најосновните права, дури и ни право да зборуваат на мајчин јазик…” (Архив на Македонија бб 1947, превод од грчки). Но да видиме како се развиваа работите на дело од самиот генерал Маркос: По формирањето на Привремената демократска влада за потребите на ДАГ со декрет за високи офицери на ДАГ ги назначува сите кои биле создавачи на партизанското движење во разни штабови (т.н Архигија) на територијата на Грција и ги унапредува во полковници на ДАГ: 1. Александрос Иоанидис, 2. Георгијадис Георгиос, 3. Гкукулу Николаос, 4. Гианулис Георгиос, 5.
Зигурас Димитриос - Палеологу, 6. Иљадис Софијанос, 7.
Какулидис Геогиос, 8. Калинос Теодорос - Амарбеис, 9.
Канелопулос Констандинос, 10. Кариофилис Гианис, 11.
Конталонис Гиоргиос, 12. Кираѕопулос Димитриос - Фотинос, 13 Пападимитриу Илијас - Лиакос, 14. Папастергиу Алекос, 15.
Паркезес Георгиос, 16. Рафтис Констандинос - Демрџикас, 17.
Росос Александрос - Ипсилантис, 18. Спанос Козмас - Аминдас,
19. Статакис Манолис, 20. Сфаѓанос Георгиос, 21. Терзоглу Никос - Пиравлос, 22. Џелефис Томас, 23. Томбулидис Павлос,
24. Тријадафилу Никос, 25. Фларакис Харилаос - Гиотис. Тоа е факт, дека ни во владата, ни во овие офицери кои го претставуваа военополитичкиот фактор на ДАГ, нема ниту еден Македонец. ЗОШТО?
“На 23 ноември 1948 година, Главниот штаб на ДАГ нареди да се изврши мобилизација во истите реони и да се:
“Мобилизираат сите мажи и жени од 17 до 35 години, тие што биле пред тоа немобилизирани, односно оставени за изградба на утврдувањата, или беа оставени поради болест”. Со таа наредба пректично беа мобилизирани сите жители од Костурско и Леринско, а децата и старците беа префрлени низ логорите на Албанија, Југославија и по народните републики низ Европа и така во земјата настана пустош. Паралелно со таквата акција, мобилизација се вршеше и во Скопје и по другите градови на денешна Р. Македонија, пак по налог на некои си Минелаос и Ираклис. Но, интересно е следното: Во книгата “НОФ и другите организации од Егејска Македонија (1945-1949)”, страница 279, Д-р Ристо Киријазовски пишува:
“Раководителите на КПГ-ДАГ не само што ги потценуваа македонските раководители и борци, туку дека и неоправдано ги стрелаа”, - наведувајќи го примерот од Кајмакчалан, каде што од Ираклис Милтијадис - Кирјакос невино беа стрелани 10
- мина Македонци. Освен овој документиран настан (во изворниот документ се посочени и имињата на стреланите), во четвртата глава од својата книга, Д-р Ристо Кирјазовски има изнесено бројни настани со навистина примерна фактографска аргументација, кои што настани беа во функција на обезбедувањето на воените резерви на ДАГ, дури и вон границите на Македонија под Грција (Е.М). Што значи дека за досотрување на Македонците одамна не важеше меѓународното право (за кривични дела против човечноста), и тие можеа слободно од суверена Југославија да се праќаат во суверена Грција за да умрат во герилата на Грамос. Заради реализацијата на овие цели, Д-р Ристо Кирјазовски пишува дека се направени неколку официјални средби со грчката делегација, на чело со Профирогенис, и тоа:
ПРВАТА. Средба во Скопје на 9 февруари 1949 година со највисоката раководна личност на македонската држава Колишевски; а тоа се случи само неколку месеци пред ликвидацијата на ДАГ. На средбата допатува делегација на КПГ на чело со Профирогенис (сите други членови се Македонци) да бара уште една насилна мобилизација на уште 5.000 Македонци, бидејќи мислеле дека тие биле грчки државјани.
ВТОРАТА. Средба на делегацијата на КПГ со членовите на Главниот одбор на НОФ, кои, по налог на КПГ, есента 1948 година беа дојдени во Југославија со задача од редовите на македонската емиграција да регрутираат борци за ДАГ.
ТРЕТАТА. Средба во Белград на 16 февруари на рамниште на КПЈ со преставникот - Попивода. Откога ќе се осознаат овие работи ќе се види, дека нашите заблуди претставуваа една голема трагична иронија. Сe беше во една потресна големомаченичка легенда, која набргу по ликвидацијата на ДАГ се престори во уште една незапаметна наша трагедија, на која сме и свидетели, кога за првпат во историјата Македонецот е против Македонец, при што сите се однесуваме како идеологизирани примитивци во интерес на нацијата. Тогашните пропаганди настојуваа се да се претвори во сурово сознание, дека од “историските раскрсници” можело на чело со НОФ, да се тргне и во “посветла иднина”; но, се покажа дека ние многу полесно влеговме во самиот пекол. Бидејќи воениот фактор во таквата стратегија на заплашување ја манифестираше својата политичка моќ; а таа поседуваше и психолошко-пропагандна компонента.
Што значи дека ние како народ во таа земја, не можејќи да ги предвидиме и да ги очекуваме сите овие изнудени и наметнати ситуации од туѓинци, ништо друго не можевме ни да очекуваме, освен да го доживееме катастрофалното изненадување, и сето тоа да го платиме со данок во крв со највисоката можна цена на нашите иљадагодишни огништа.
Но, да видиме како беше употребен во овој контекст мобилизираниот човечки потенцијал (Македонецот)? И како се одвиваа операциите во Соботско, Воден, Негуш и Лерин, според планот за освојување на нови слободни територии, и кој раководеше, па и како беа сотрени мобилизираните нови луѓе?
Во книгата “ДАГ (Стратешките и политичките прашања на раководството), од Герасимос Малтезос - Џумеркиотис, началник при штабот на ДАГ, пишува: “На 28 декември 1948 година, под раководство на генерал-потполковникот на ДАГ Гусјас (по занимање чевлар), тргнува огромен човечки потенцијал од единиците на ДАГ, со бригадите, во кои повеќе од 70% беа Македонци, во бригадите 18; 103 и 14, согласно зацртаниот план за освојување на слободни територии на пленум на ЦК на КПГ, да ги нападнат владините трупи, што беа стационирани во Соботско, и да го ослободат. Со операцијата раководеше самиот Гусјас, а резултатите беа катастрофални и во воените анали можеби ќе останат забележани како “Одење во поход со отворени очи кон смртта!” Но, од сите тие “воени походи” најтешко се опишува пеколот на борбата за освојување на Лерин од 12 февруари 1949 година.
Односот на силите беше следниот: ДАГ, во својот состав ги имаше 13; 103; 14 и 107 бригади, школата за офицери, еден батаљон за минирање, еден батаљон за санитет и еден батаљон за пренесување на ранети. Се на се околу 5354 војници.
Стационираните владини сили во Лерин броеја околу 4000 војници.
Загубите на ДАГ за неполни 8 часа беа катастрофални: 334 мртви, 1500 тешко ранети и 199 исчезнати. Денес во Лерин има уредени гробници само за војниците од владината војска. Од сите тие наши луѓе нема ни трага, ни спомен, бидејќи сите тие беа затрупани во еден ендек. Ова е само еден исечок од целокупната трагедија; но, ние за целиот тој период на Граѓанската војна насекаде ги закопувавме Македонските жртви и интереси. Проблемот изгледа многу компликуван; но тоа е реалноста, и на неа гледаме чесно и непристрасно. Друго е тоа како историографијата ги прикажуваше фактите, за да го релаксира политичкиот набој... Ние не бевме спремни како народ, кој се одважил правдата да ја бара со оган и со меч, а на чело со генерали како Гусјас. Ние бевме постојано под контролата или во режија на црногледи антимакедонски концепции. Ако беше поинаку, барем ќе имавме еден наш генерал, кому не ќе му даваше совеста да не води во гибел.
Значи, историјата, ако и во нашиов случај претендира да биде наука, ќе мора барем тоа да им го соопшти на генерациите.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/9 le 29 octobre 2026