Ideological Activism: Macedonians Under Greece
3.0 ВРЕМЕ Е ДА СЕ РАСВЕТЛИ ГЕНОЦИДОТ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА (1945-1949) ВО - Part 02
Основната акција на пропагандата е насочена кон дејанијата на Комунистичката Партија и Андартите (ДАГ), кои наводно биле склони кон рушење на суверенитетот на Грција, односно кон целовитиот простор на дражавата. “Ставот по ова прашање за обединување на Македонија во овој момент”, продолжува Чернишов, “...Таквата пропаганда на владата Атина и дава повод да изврши регрутирање и пренесување на владините трупи со висока воена готовност кон овие делови што ги контролираат андартите (ДАГ). Грчкиот народ кон ова прашање за целовитоста на грчкиот просторен суверенитет има посебна чувствителност, но истата грижа се јавува и кај луѓето што сега живеат во градовите, а се симпатизери на комунистите и на андартите (ДАГ). Конкретно се очекува да се свика конгресот на Народно Ослободителниот Фронт на Македонците (НОФ), што е одреден да се одржи на 10 март во слободните територии кои се наоѓаат под ДАГ. По тој повод, државниот печат на англоамериканската лига и изјавува со провокативни намери дека Конгресот ќе се определи за припојување на грчка Македонија во една заедничка држава со бугарската и југословенската Македонија и дека Комунистичката партија на Грција “прави предавство на грчка Македонија”.
Согласно информациите што Чернишов ги доби од Москва, на организаторите на Конгресот им се укажува дека таквата намера е непромислена за да на Конгресот стане збор за такво прашање, па дури и за иднината на македонскиот народ во рамките на некаква Балканска Федерација. Но, им се препорачува дека делегатите на Конгресот треба да се свртат кон ориентацијата на населението во грчка Македонија да се ориентираат во борба против монархофашистичкото општество во Грција и да се борат за создавање на една слободна и демократска Грција”.
Што значи, по Втората светска војна, кога луѓето веруваа дека повеќе нема да се дозволи да се случи вакво крвопролевање ние, Македонците, ја доживеавме и со геноцид ја плативме високоризичната авантура преку разбеснетиот ритам на огнот, без македонска опција и без присутност за националните интереси, и бранејќи ја комунистичката идеологија го изгубивме идентитетот и дедовите огништа за навек. Тоа во свеста на Македонецот остана како трајно сведоштво; - за една потресна големомаченичка легенда, за едно етничко чистење, кое набрзо по ликвидацијата на ДАГ се претвори во уште една незапаметена наша трагедија во која самите сме и сведоци.
Се поставува прашањето: како можело овие политички стратези да замислат такви апсурдни творби, кога во тоа време и на тој простор беше акумулиран голем историски фанатизам, акумулирани разни смртоносни идеологии. Но, што е за чудо, во тоа време истите тие беа ангажирани со градење нови “цивилизации” во Сибир и на Голи Оток, а ние Македонците во овие 50 години, не оценивме дека овие политички водачи за нас сториле повеќе добро или зло? Не! Сите молчевме како неми!
СПАС ВО МОЛЧЕЊЕТО. Особено по Балканскиот договор во 1953 година, кога се создаде ЅИД НА МОЛЧЕЊЕ. Во февруари 1953 година се потпиша во Анкара тројниот Балкански пакт за пријателство и соработка помеѓу Грција, Југославија и Турција, а покасно во август 1954 година оваа спогодба се дополни и со потписот во Блед за воена соработка помеѓу погоре договорените држави. Со Балканскиот пакт од 1953 година на сите учесници во Граѓанската војна им беше гаранцијата само принудниот молк кои траеше 50 години што наполно и одговараше на грчката држава. Таквата југословенско грчка стратегија спрема нас Македонците, значеше намерно рассекување на македонскиот крвоток во полза на двете држави и затоа Грција, се до ден - денес, плачи по изгубената Југославија.
Организаторите за да го релаксираат политичкиот набој што доаѓаше од злоупотребата спрема страдалникот, криејќи се зад сожалувањето, ја применија филозофијата и политиката што се крие зад хуманитарната помош и важеше тезата: по војната -сите се заслужни, никој не е виновен! Но сепак, сожалувањето спрема “Егејците” за историјата ќе остане како трагедија на незнаење и на поданичка свест на денешната политика на посилните. Таа “желба” на Македонците да ги затвораа очите пред вистината, стигна дотаму што самите застанавме на позицијата како да бевме грешка на минатото и дозволивме со доминацијата на молкот, да не можеме да преземеме иницијатива по нашите национални теми.
Второто прашање што го потврди историчарот Кирјазовски е:
“Во Егејскиот дел на Македонија надвор и независно од КПГ, а под влијание на КПЈ-КПМ, дејствуваше силно Македонско национално - ослободително движење, предводено од НОФ...” Истото ова одамна го имаше потврдено еден од ветераните на НОФ, Павле Раковски во својата книга “КП на Грција и Македонците” од 1990 година види 107 стр.). Но затоа беше анатемисан и најнехумано подложен, се до неговата смрт, со методите на Берија. Еве што пишува Раковски: “Уште на почетокот на април 1945 престана да постои Политичката комисија. Наместо неа, при ЦК на КПМ, на 23 април се конституира Основачко биро на НОФ за Егејска Македонија од пет членови, без конференција и избори, по пат на кооптација.
Бев еден од нив. Со нашата активност, се до преминувањето на организацијата на НОФ, под раководство на КПГ, во ноември 1946 година, раководеше ЦК на КПМ/КПЈ преку свој претставник...” По два месеца по формирањето на НОФ раководителите на КПГ, преку 12-от Пленум на ЦК на КПГ (јуни, 1945) во Резолуцијата грчките позиции ги прогласуваат несигурни и загрозени, односно границите на север. “Зачувувањето на територијалниот интегритет на државата е првостепена задача на секој грчки патриот” (види: То ККЕ апто 1931-1952, стр.
210). Понатаму се вели дека Англија како “голем пријател” на Грција, односно воено - политичкото присуство на Британците го прогласуваат како неопходно нужно за да бидат осигурени нашите позиции и нашите граници на север.” Ете, сега сосема е јасно како го прифативме ритамот на глобалното индоктринирање и со тоа немаше назад. И тогаш ја изгубивме историската шанса за остварување на националните права во Грција, кои беа утврдени со меѓународните критериуми во рамките на меѓународното право. Нели сето, ова беше туѓински аршин за Македонците под Грција? Дали сега ќе можеме да го растајниме прашањето: Кој го активира “македонскиот синдром” за нашето (само) уништување? Дали сега ќе можеме да најдеме одговор на прашањето: Како и зошто беше изманипулиран и жртвуван македонскиот народ под Грција во Граѓанската војна (1945-1949)? Дали периодот од формирањето на НОФ (23.4.1945) се до октомври 1946 година, кога, како што вели историчарот Кирјазовски: “Во согласност според договорот меѓу Тито и Захаријадис во октомври 1946, НОФ помина под непосредно раководство на КПГ”, беше потикнат од КПЈ и КПМ за локална сцена и, со тоа Грчката влада да го ОЗАКОНИ НАСИЛСТВОТО ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА?
Зарем тоа не е институционален расизам!?
Зарем ова не претставува триумф на една вистина за Македонците - не имаа научено прво да гледаме со стравопочит кон туѓинците, а потоа кон интересите на сопствениот народ.
Тоа беше подмолно поткопување на македонското национално ткиво и, како крајна цел, не треба да ја отфрламе хипотезата дека со тоа се посакуваше да се остварат нечии долгосонувани цели: да се разрешат малцинските прашања со Грција и Југославија. (м.з. - Кој ни го намести името “малцинство”, тоа е сериозно прашање и се до денес никој не сака да се придржува на АСНОМ - ските определби, каде што се вели: Поради тоа што македонскиот народ не е малцинство, туку нација, затоа што Егејска Македонија претставува економска и историска целина со сите други делови на Македонија) таквата корекција во историјата за “Егејците” од историчарот Кирјазовски е за почит бидејќи, во суштина, до - сега ќе беше поинаку толкувањето во историографијата и за цели 50 години не сме добиле толку обемни сознанија за нашите македонски работи.
Но, ако си припомниме на изјавата на Кирјазовски во “Вечер” од 1 јули 1989 година, каде што вели: “Еден ден, сакал некој или не, овој народ ќе мора да ја дознае целата вистина за сопствената историја”. Ете, тоа го стори сега што, расветли некои релевантни фактори, да останеме со уверување дека ќе проговори за сета вистина за Македонците под Грција и со тоа ќе се отворат сите “бели страници” од нашето минато.
Она што го нарекува “идентитетот на човекот и на народот”, таа исконска сила - македонска, ја открил токму НОФ (бидејќи таа вековна желба за обединета Македонија беше во свеста на Македонецот) ја мобилизира за наводно да ја носи својата историја, онаква, кава што и прилега на националните интереси, но тоа, по налог на Тито и Захаријадис, во октомври 1946 година. Сите тие ингеренции му се предадоа на КПГ и со тоа сите наши максимални национални програми што ни ги нудеше КПЈ и КПМ (за обединета Македонија) се најдоа во пат позиција. Практично - пропаднаа, само што тоа идеолозите и лидерите на НОФ не смееја отворено да му го соопштат на сопствениот народ. Но, што е најважно тоа го потврдува и дневникот на ОК на КПГ за Македонија “Лаики фони”
(Народен глас) во својата статија под наслов “Повторно за Судетите”, меѓу другото пишува: “...Група пратеници поставија прашања во парламентот во врска со Славомакедонците и бараат, ни помалку, ни повеќе, да се донесе решение за нивното прогонување од Грција”. Потоа, сите тие лидери кон новиот стопан КПГ, се јавија со друго пропагандно мерило:
македонскиот народ ќе ја добие слободата, па дури и самоопределувањето по остварената Социјалистичка револуција во Грција.
Во “Нова Македонија” од 22 октомври 1985 година во 12 часот во Институтот за национална историја во Скопје, беше промовиран трудот на Д-р Ристо Кирјазовски:
“Народноослободителниот фронт (НОФ) и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949)”. Статијата е озаглавена со наслов: “На традициите од претходните Национално-револуционерни борби”. Во статијата се вели: “Без организираната борба на Македонците од Егејска Македонија преку НОФ не би можело да се објасни постоењето на посебни организми за македонската проблематика...” Тој, во својот труд, зборува за целокупната дејност на НОФ, но во овој компаративен преглед да се задржиме само на НОФ - развојот и политичките цели. Д-р Ристо Кирјазовски зборува за два периоди на развојот и тоа:
Првиот период (23.4.1945 - 21.11.1946) кога дејствуваше, организацијата на НОВ самостојна и независна (тука не станува збор дека била раководена од КПЈ/КПМ) од КПГ.
Вториот период (21.11.1946 до 2.4.1952) кога дејствуваше под раководство на КПГ и формално кога беше расформирана од КПГ. Тој за првиот период вели: “Според непотполни податоци, во почетокот на 1946 година Организацијата НОФ, покрај главното, имаше 5 окружни, 10 околиски, 3 градски и 32 реонски раководства со 120 професионални кадри на НОФ, НОМС и АФЖ. На територијата на Егејска Македонија беа организирани 220 села (половина од овие се уништени во времето на Граѓанската војна - м.з.) функционираа над 170 селски и градски организации, во кои членуваа 4.784 Македонци и Власи во НОФ, 4.823 младинци и младинки во НОМС и 2.201 Македонки и Влаинки во АФЖ” Види стр.129.
Во тој период за оружените состави вели: “Во подрачјето на Вичо, во август дејствуваа над 100 борци; Во Централна и западна Егејска Македонија, дејствуваа околу 500 македонски партизани на НОФ. Тие беа распоредени: Кајмакчалан 200, на Пајко 80 на Вичо 130 и на Грамос 80. Македонските партизани беа организирани во групи и од 10-15 и во одреди од по 40-50 борци. Поголема воена формација беше формирана само во Воденско - до батаљон. (Види: стр. 143.)
Во “Борба” од 3.9.1946 година во својот напис Вања Кралевиќ, под наслов: Положбата во Егејска Македонија” изнесува податоци за резултатите од теророт на грчките власти по војната кои имаат за цел искоренување на македонскиот народ во Егејска Македонија: Од Варкиза (12.02.1945) до јули 1946 година 20.000 Македонци и Македонки биле принудени засолништа да побараат преку границата, 22.458 се затворени, 21.202 се осудени, 225 се убиени, 1.309 најдоа прибежиште во планините и.тн.
Врз основа на законот за вонредни мерки од 6 јули 1947 година беа обвинети 200 иљади демократски граѓани, од кои 80.000 беа Македонци.
3.1 СЈАЈОТ И БЕДАТА НА “ВОЗВИШЕНИТЕ” ЦЕЛИ Дали сето ова покажува дека ние, Македонците, бевме готови како народ за таков степен на револуција (војна) и да покажеме гордост со оган и меч?
За сето ова што се случуваше, пред да се објави Граѓанската војна, грчката држава за да ги спречи овие дејствија на НОФ -организирана од КПЈ - КПМ донесува најригорозни закони против Македонците и со тоа прави озаконување на насилствата против Македонците во Грција.
Ги донесува следните закони:
Закон 543/45 “Против организации и лица што дејствуваат за отцепување на грчки територии”.
Закон бр. 453 и Законот ТОД од јули 1945 “За обезбедување на јавната безбедност”.
Декретот “Г” од 18 јуни 1946 “За вонредни мерки за јавната безбедност”.
Принудниот Закон (КЗ) 4124/1945 “За кривично гонење на сомнителни лица”.
Законот ПЗ 453 од 17 јули 1945 “Против автономистичка дејност” и со кој македонските организации НОФ, НОМС и АФЖ се прогласени автономистички, се ставија надвор од Законот и нивните членови се прогласени за бандити и им се судеше за велепредавство. И други закони. Но, тука треба да напоменеме дека тоа го сторија и комунистите кога, Резолуцијата на ИБ, сите членови на овие организации беа прогласени за “Титови агенти” и беа безмилосно прогонувани до без милост. Дали со сево ова се оствари целта што ја изнесе “Етникос Кирикас” дека “Од Грција треба што побргу да се протераат Славомакедонците”?
Во тој втор период на НОФ е период кога дејствуваше под раководство на КПГ (21.11.1946 година до 2.4.1952 кога и формално беше расформирана). Во својот напис Д-р Ристо Кирјазовски пишува: “На 31 март 1946 година една поголема група герилци нападнаа жандармериска станица во Летихоро -Катеринско, со што беше означен почетокот на Граѓанската војна во Грција”. Во својата книга “НОФ и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945-1949”, на стр. 173 пишува: “На 28 октомври 1946 сите партизани, кој број изнесуваше околу 1.800 борци, беа обединети во Демократска армија на Грција (ДАГ), на чело со Главен штаб, составен од:
Маркос Вафијадис, командант, Георгиос Протопапас - Кикицас, заменик на командантот, Ламброс Каникаридис - Ласанис, Ѓоргис Бланас - Кишавост и Панос Капетењос, членови на штабот. Основни задачи што ги постави ГШ на ДАГ, по конструирањето, беа зајакнување на регрутацијата на нови борци и склучување спогодба со НОФ за обединување, врз основа на принципиелната согласност, постигната меѓу преставниците на КПГ и НОФ на 14 октомври 1946”.
Така пишува во книгата Д-р Ристо Кирјазовски, а сега вели:
“...Во согласност со договорот Тито - Захаријадис, во октомври 1946, помина НОФ под непосредно раководство на КПГ”.
Врз основа на одлуката помеѓу Тито - Захаријадис од 14 октовмри 1946 година, на КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис (пак без Македонци) ја остварија следната спогодба: “Македонските организации НОФ и АФЖ и НОМС и нивните раководства да поминат во целост под КПГ, а вооружените единици под раководството на генерал Маркос.
По ова, зачудува фактот: Како ќе можеше НОФ да ја реши рамнотежата на моќта? Нели по овој чин на КПМ/КПЈ, НОФ го оставија овчар без стадо? Повеќе од очигледно е дека, алката што не достига за да се откријат овие факти е поради прикривањето и прилагодувањето на фактите.
Значи, се поставува прашањето: Зарем со тоа нели на НОФ (Македонскиот народ) му се уништи секоја македонска иницијатива која се стремеше (требаше да се стреми) да го сочува самостојниот карактер на македонската борба, односно нели со тоа главниот удар беше насочен: ДА СЕ УБИЕ, ПРЕД СЕ, МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА БОРБАТА, КОЈА ЈА ПРОКЛАМИРАШЕ НОФ ПРЕД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД?
А ШТО ДА СЕ РЕЧЕ, ЗА УБЕДУВАЊАТА НА КОЛИШЕВСКИ, ДЕКА СЕГА КПГ Е ДОБРА, НЕМА ЛОШИ КОМУНИСТИ, СЕ ПОКАЖА САМО КАКО НАМАМУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ДА ГИ ОБЛЕЧАТ УНИФОРМИТЕ НА ДАГ.
По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесно време денови, членовите на Главниот одбор на НОФ беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски на кои им го рече следното: “Вие сега одете долу (Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба (значи, најверојатно, сега не на Македонците за обединета Македонија) ќе ви биде КПГ.
Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа... Борете се со сите расположливи сили против шовинистите, сепаратизмот и локалните тенденции” (исто: Кирјазовски).
Се поставува прашањето: Со какви шанси влеговме во Граѓанската војна и зошто?
1. Ако се знае дека: учесниците на ДАГ беа 50-60% Македонци од вкупните ефекти на ДАГ и целокупните воени ресурси на ДАГ беа околу 25.000 борци од 17 до 55 годишна возраст, а владината армија на Грција броеше околу 270.000 војници од сите родови и наоружани со најмодерно оружје.
2. Политичките леви сили во Грција во однос на ЕЛАС, беа намелени за три пати и имаа политички рејтинг не поголем од 5-6% од вкупното население во Грција и во Граѓанската војна учествуваа не повеќе од 03-1, 5%.
Но, не треба да заборавиме, дека во тоа време и на Трумановата доктрина (види: Тодор Чепреганов 1997/178) што вели:
“...Непосредно по прокламирањето на Трумановата доктрина во Грција е формирана известителна служба од агенти на ФБИ и ОСС. Била испратена и воена мисија. Преставниците на САД пристигнале во Грција на повик од грчката влада за давање помош во зачувувањето на суверенитетот на Грција како нација. Нивното присуство било со цел регулирање на материјалната помош, имале советодавна функција и биле невооружени. По пристигнувањето во Грција членовите на мисиите ги презеле најважните раководни функции во штабовите на армијата, морнарницата, воздухопловството и поставиле свои преставници во сите армиски единици и, ја презеле организацијата и раководењето со воените операции против востаниците...” Ние Македонците се најдовме во средина на еден најголем акумулиран фанатизам, па дури и недоверие од КПГ, поради тоа што до вчера, цела година НОФ и АФЖ, не само што беше создадено, туку и раководено од КПМ/КПЈ.
По ова, па се до ликвидацијата на ДАГ, дури и во емиграцијата, познато е како КПГ ни ја напиша црната страница на црвената книшка и не остави по светот со колективен статус на “грчки политемигранти” во разни логори исчекувајќи го крајот на животот. Но, мошне интересно е и авторовото забележување за Париската Мировна Конференција. Историчарот Лазаров сосема искрено ќе забележи:
“...Југословенското раководство и на Париската Мировна Конференција и потоа не само што не го постави Македонското национално прашање, туку и во годините што следеа избегнуваше во општо да го иницира и поставува се со цел да не се нарушат добрите југословенски односно српско - грчките односи.” ЗНАЧИ, СО ПРАВО СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ - СТРАДАЛНИК ЌЕ СИ ГО ПОСТАВИ ПРАШАЊЕТО: КАКО, СО КОГО И ЗОШТО ТРГНАВМЕ ВО НОВ СМРТОНОСЕН ПОХОД?
- За туѓи политички цели - наша исторска бесмисленост - со наша крв да си испшуваат големи истории.
- Кои и како не водеа во Граѓанската војна?
- Војна со силен интензитет на исцрпување и опустошување на населението.
- Македонскиот воин низ историјата на ДАГ и невиденото херојство на Македонците не е регистрирано ниту во матичната историја на Македонскиот народ. ЗОШТО?
Настаните што уследија по Конференцијата, а посебно по сплетот на меѓународните околност со Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 година и потоа, мошне негативно се одразија во остварувањето на македонските национални права и обединувањето на Македонците во една самостојна држава.” СТРАТЕГИЈАТА НА КПГ ПРЕКУ НОФ И АФЖ, СО ДЕЈСТВУВАЊЕТО БЕШЕ (ДА СЕ ИЗМЕСТИ МАКЕДОНСКАТА СВЕСТ) ИНДИВИДУАЛНА ПРОМЕНА НА ЛИЧНОСТА. БОРБА ЗА ДУШАТА НА ИДНИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ.
По договореното меѓу Тито и Захаријадис: Дел од составот на Политбирото на ЦК на КПГ на чело со Јанис Јоанидис да се префрли во Белград со задача да раководи со оружената борба, да ја претставува во странство, да се грижи за снабдувањето со оружје, облекла и храна. (Види: Кирјазовски “Мамакедонците и односите на КПЈ и КПГ, 1945-1949” стр.263), список на комплетна опрема за единиците на ДАГ, истото го потврдува и списанието “Данас” од 6.3.1990 година, број. 418, 419, и 420 пишува: “Балкан на потезу” и “Корак у грчку трагедију” (Непромишљеним потезима свих актера, сукоб у Грчкој доведен је до тачке са кое ние могло бити мирног повратка ), стр. 64. Значи, по овоа готова беше театарската сцена за војна.
На крај од овие договори помеѓу Тито-Захаријадис, се вели дека било дозволено да се вршат мобилизации над Македонците кои биле политички бегалци во Југославија. Над сите тие луѓе, кои штотуку си го имаа спасено животот се, уште полни со страв од невољи. Под какви услови беа мобилизирани низ градовите Скопје, Штип, Велес, Битола и др. и носени до грчката граница во камиони покриени со цирада. Што значи, огромното мнозинство од пребегнатите Македонци биквално беа депортирани на боиштата во Граѓанската војна.
Во македонската историја не се памети, дека секоја преземена акција од туѓинците (Бугари, Грци или Југословени) да не ја реализирале преку Македонците - манипулирајќи или поткупувајќи ги таквите идеолошки поданици, а денеска тие и по полувек изигруваат војска на очајници. (Види: Ворјас: ФМ.
во ИНИ СК.4.271/60 (стр. 73-76). Кога човек, ќе прочита како се вршеле овие мобилизации на околу 10.000 луѓе и по чии налог и критериуми (“…Јас, се разбира во почетокот, воопшто не испраќав другари се додека не дознам за нив и нивното минато, како и моменталниот став спрема денешницата во СФРЈ, па и покретот”) - пишува мобилизаторот Ворјас), ќе се вџаши, и ќе се изреволтира од тоа дека се пропагира за одење во револуција, а мобилизираните револуционери ги кријат под циради и тоа од сопствениот народ. Такво нешто, досега нема забележано ни светската историја.
Со непомала кобна ароганција беше и чинот на овземањето на децата, кои денес се нарекуваат “Деца бегалци" ** | а беа земени со умисла, за да нивните мајки бидат испратени на фронтот, а не за да се спасат децата. Тоа преставуваше сечење на семејните корени. (Поговорката вели: “на лиотот земи му ги младенчињата, тој повеќе не навраќа на (леглото -седелото)..."). Ho, за сите овие брутални ароганции над Македонците под Грција, да се надеваме дека судот на историјата нема да признае застареност, ниту одбрана со молк.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/15 le 29 octobre 2026