Ideological Activism: Macedonians Under Greece
3.0 ВРЕМЕ Е ДА СЕ РАСВЕТЛИ ГЕНОЦИДОТ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА (1945-1949) ВО - Part 01
3.0 ВРЕМЕ Е ДА СЕ РАСВЕТЛИ ГЕНОЦИДОТ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА (1945-1949) ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА
“Немој да се смееш, не плачи немој ни да презираш, туку размислувај и сфаќај” СПИНОЗА И ако, по полувековен молк за почит се изнесените историски факти од Д-р Ристо Кирјазовски во Рубриката “Погледи и мислења” во Нова Македонија од 10 јануари 1995 година во написот: “Големите ги изневерија очекувањата на Македонците”, во својот фељтон: “Озаконување на насилството против Македонците во Грција по Втората светска војна”, до 18 јануари 1995. И во списанието “Денес” од петок 14 јануари 1999 година прочитав иако постериорен, прагматичен текст од историчарот д-р Ристо Киријазовски. Тој лаконски вели:
МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИОГРАФИЈА Е НА ВИСИНА НА СВОЈАТА ЗАДАЧА. И објаснува:
“...На пример, македонската историографија аргументирано ја обелодени големата одговорност на грчките и на југословенските комунисти за трагичната судбина на Македонците од егејскиот дел на Македонија по Втората светска војна. Затоа таа и констатира дека, ако се избегнеа страшните настани во петте повоени години, за што постоеја објективни услови, денес во егејскиот дел ма Македонија ќе имавме едно компактно македонско малцинство, во компактна територија и ќе ги немавме денешните проблеми со актуелната грчка власт.” Ова најдобро ќе го разбере, секој што си го изгуби огништето и кога бараше одговор беше анатемисан (Наклеветен дека го клевети југословенското раководство на КПЈ и на КПГ), а еден сум и јас за мојата книга: “(Само) жртвувањето на Македонците под Грција 1994”, со која барав одговор: Како и зошто беше изманипулиран и жртвуван македонскиот народ под Грција во Граѓанската војна 1945-1949 година. (види: Кирјазовски: СК.
ИВ-1118 од 8.04.94 година.)
Но, сега ќе добиеме одговор, ако ги изместиме зборовите и кажеме: ...Леле, колку зависела политиката од историчарот! Ке откриеме дека луѓето кои лесно даваат совети, се токму оние кои се најмалку квалификувани за тоа.
Но, овој историчар, со текстот во “Денес”, ме потсети на мислата од СПИНОЗА: “Немој да се смееш,не плачи немој ни да презираш, туку размислувај и сфаќај" Токму така. Познато е, дека историчарот Ристо Киријазовски има напишано доста трудови за Граѓанската војна во Грција и не би требало да биде засенчен и во ова иследување, но и да не биде сфатен спрема руската изрека: “Tak сказал начајБник! Молчат и нерасуждат!", да видеме како тој дошол до тоа дека: “... македонската историографија аргументирано ја обелодени големата одговорност на грчките и на југословенските комунисти за трагичната судбина на Македонците од егејскиот дел на Македонија по Втората светска војна." Се поставува и сега прашањето:
1. Каква одговорност би можела да им одреди македонската историографија на грчките и на југословенските комунисти???!
2. Тогаш каква историска улога изигра НОФ, која беше создадена од КИЈ и уништена од КШ???!
Во војните постојат некои норми - на пример да не бидат лични, да бидат сенародни, но за нас Македонците под Грција за кои преку НОФ е претставена Револуција (од истиот автор -историчарот Ристо Кирјазовски), па дури и аспирации за продолжување на традициите на Илинден значи досега беше бесмислено талкање низ историјата и потхранување на непотребните илузии. Повеќе од јасно е дека Македонците под Грција беа залог во таа војна и КИТ и КПЈ имаа монопол спроведуван преку НОФ.
Тој како историчар, дури сега, по полувек изнесе такви релевантни историски непобитни факти што недвосмислено говоре за настанувањето на геноцидот над Македонците под Грција и со тоа ги урна режимочуварските илузии на самоуверените идеологизирани “ лидери" и покажа дека, навистина, не постојат големи, непознати за историјата на “Егејците" и секој паталец од тоа време ќе може да оцени; дали за нас, Македонците, под Грција, Граѓанската војна беше неминовна или безумие!
Едвар Халет Кар, во својата книга “Што е историја” вели:
“фактите зборуваат само тогаш кога историчарот ќе ги повика:
тој е, оној што одлучува на кои факти ќе им даде збор и по кој ред и во кој контекст”.
Ете навистина, на еден концизен и сублимиран начин, тоа го стори и нашиот историчар Кирјазовски, изнесувајќи ги појдовните стратешки цели на Граѓанската војна, направи извесна деконтаминација на идеолошкиот активизам и нивните актери. Тој вели: “Во април 1946, Захаријадис (генерален секретар на КПГ) се сретна со Сталин и со Тито, кои ја одобрија (Граѓанската војна) таа одлука на КПГ и ветија сестрана помош.” Понатаму вели: “Во Егејскиот дел на Македонија, надвор и независно од КПГ, а под влијание на КПЈ-КПМ, дејствуваше силно македонско национално - ослободително движење предводено од НОф кое, во согласност со договорот меѓу Тито и Захаријадис, во октомври 1946, помина под непосредно раководство на КПГ.” Што значи, политичките и воените стратези на Граѓанската војна биле Захаријадис** , Тито и Сталин. Не треба да имаме никаква апорија во изнесеното на историчарот Кирјазовски. Тој, сигурно, со чувство на професионален порив, преку својата специфична функција на истражувањето, а тоа се гледа од сентенцата на текстот и, најверојатно, бил соочен со листа од релевантни причини но, воспоставувајќи хиерархија, го утврдил заемниот однос на причините и како фундаментална причина за Граѓанската војна (1945-1949) ги посочи овие личности на Комунистичкото движење.
Ние, во полувековното минато се носевме со некакво задоволство од изјавите на тогашните политичари (стратези) и се однесуваше на личниот став и промените на политичката сцена, за што дури и научните стандарди (институциите) им биле прилагодувани на тие потреби за да полесно манипулираат со нас, а можеби тоа се должеше на тоа што не сме имале (не сакаа да имаме) со нив никаков сојуз, туку само да им го прифаќаме статусот нивни, без да бараме исполнување на нашите национални интереси.
Со респект кон секој обид да се создаде амбиент за реално расветлување на сите темни дамки и за трезвено вреднување на историските факти и со тоа да се прекине со понатамошното потхранување на нашите историски несреќи, од голема корист се фактите што ни ги нуди и книгата: “Југословенскиот комунизам и македонското прашање”, од американските автори: СТИВ Е. ПАЛМЕР и РОБЕРТ Р. КИНГ. Во главата 7 -Континуиран интерес за Егејска и Пиринска Македонија на страница 125 се вели:
“КПЈ била претпазлива во своето дејствување за присоединување на Егејска Македонија. Меѓутоа, кога КПЈ цврсто застана на власт, прашањето за обединување на Егејска Македонија било оживеано. Во средината на 1945 година, во статиите што се печателе во југословенскиот печат се оплакувале “неиздржливата ситуација” на Македонците во Грција што стенкале под “теророт на грчките шовинисти” за кои што се велело дека подготвуваат “оргии во краен бес” (40)
(“Борба”, 19 јуни 1945).
Говорејќи во Скопје во октомври, Тито ја потврдил тезата дека Југославија никогаш нема да му го оспори правото на македонскиот народ да се обедини (41) (Јосип Броз Тито, “Изградња нове Југославије”, 1 стр. 158). Сосема природно, КПГ чинела се што било во нејзина моќ да го намали значењето на македонското прашање.
Подготвувајќи ја следната фаза на грчката Граѓанска војна, Никос Захаријадис, генералниот секретар на партијата, во почетокот на пролетта 1946 ги посетил Белград и Прага. Додека грчките комунисти се подготвиле, КПЈ придонела кон разјаснување на своите цели со тоа што “Борба” на својата прва страница објавила една карта на Егејска Македонија, на која што биле покажани “етничките граници” на Македонија, во коишто биле вклучени Солун и голем дел од северна Грција. Во статијата што била печатена заедно со картата се оплакувала судбината на “над 250.000 Македонци во Грција”. “Грчките реакционерни кругови имаа решено да ги уништат”. Грчките Македонци се бореле во грчките партизански единици за своето ослободување - продолжувала статијата - и тие го заслужиле правото на самоопределување и обединување со нивните браќа во НР Македонија. Статијата завршувала со заканата дека Југославија “не можела да остане рамнодушна спрема уништувањето на нашето население во Грција” (42) (“Борба”,
26 август, 1946).
Кога пак започна Граѓанската војна во Грција, КПЈ јавно не инсистирала до тој степен на македонското прашање за да ја комплицира внатрешната ситуација на КПГ. Меѓутоа, Југословените продолжиле тивко да работат за зголемувањето на своето влијание меѓу Словените во Грција. Тие користеле логори за обучување герилци организирани на југословенска територија, со цел меѓу грчките Словени да стимулираат поддршка за обединувањето на грчката Македонија со НР Македонија (43) (Баркер, “Македонија”, стр.118). Тито бил готов да се користи со сите средства, со исклучок на општа војна за да му помогне на агресивниот водач на грчките герилци Маркос Вафиадис Југославија била во многу подобра ситуација да дава материјална помош од колку Бугарија или Албанија, поради тоа што базите на грчките герилци се наоѓале во планинското подрачје на границата со Југославија. Маркос станал зависен од Тито и очевидно на КПЈ и дал право да испраќа свои организатори во Егејска Македонија. Во почетокот на 1947 година СНОФ, кој што сега го сменил името во НОФ влегол во акција. НОФ прокламирал дека неговата цел е да ги обезбеди националните права на Македонците во рамките на комунистичка Грција. Меѓутоа, силното југословенско влијание преку инструктори и “доброволци” од НР Македонија, а исто така и пропагирањето на македонскиот јазик, воспоставувањето школи и честите барања за поголема автономија на Славо - Македонците, индицираат дека НОФ бил користен за унапредување на југословенските експанзионистички амбиции (44) (Кофос, “Национализмот и комунизмот во Македонија”, стр.166-167; 170-173).
Исклучувањето на Југославија од Коминформот ставило крај на акцијата на Југославија што била насочена кон обединување на Егејска Македонија. Иако КПЈ продолжила да го поддржува Маркос во текот на повеќе од шест месеци нејзиниот прекин со Коминформот, сериозна борба избила во редовите на КПГ меѓу пројугословенската и прокоминформската фракција (45)
(Избит, стр. 175-177). Прокоминформската група конечно се наметнала на петтиот Пленум на ЦК КПГ, на крајот на јануари 1948 година. Маркос бил сменет од својата командантска функција и исклучен од Партијата. ЦК им ветила на грчките Македонци “Целосно самоопределување”, но истовремено ги предупредил против деструктивната акција што ја разбиваат “опортунистичките и реакционерските елементи, потикнати од странство, со цел да го разбијат единството на Македонците, Славомакедонскиот и грчкиот народ” (46) (Пијаде, цитиран во “КПЈ и македонското прашање”, стр.98). Реорганизираниот НОФ се обидел да поведе една македонска политика слична на политиката што ја применувале Бугарите и Коминформот, повикувајќи на создавање единствена Македонија како независен, рамноправен член на федерацијата на балканските народи. Грчката реакција на оваа изјава била толку единствена и енергично негативна, што НОФ бил принуден да го повлече овој свој балон за обединета Македонија (47) (Хамилтон Фиш Амстронг, “Тито и Голијат”, стр.192; Кофос, “национализмот и комунизмот во Македонија” стр. 179-183).
Кон крајот на јули 1949 година Југославија им ја затворила својата граница на грчките герилци и на тој начин мошне придонесла за нивниот конечен пораз. Но, Колишевски ги повикал егејските Македонци од НР Македонија да прават база за постигнување на своите национални цели (48) (“Нова Македонија”, 3 август 1949).
Инволвирањето на Југославија во грчката револуција било толку големо што КПЈ се почуствувала обврзана да изнесе подробна анализа за неуспехот на револуцијата. Општиот заклучок бил дека КПГ не успеала поради што недвосмислено не ја признала македонската нација и што била сосема претпазлива во преземање воени акции, особено од кога Маркос бил сменет “под лажен изговор” (49) (Вукмановиќ - Темпо, “Како и зошто народноослободителната борба во Грција доживеа пораз”, стр. 77).
Ете, тоа се фактите од таа блиска наша кобна трагедија, што ни покажуваат дека никогаш не бил присутен македонскиот фактор во темата националната стратегија и дека немавме принципиелно единство, туку имавме луѓе кои лично се калемеа кон КПГ и КПЈ, и од тука произлегува таквата свирепост на идеолошката активистичка бруталност кон Македонците под Грција.
Таа злокобна игра на туѓите пропаганди, која прво постапи со лаги за да потоа проговори смртоносното оружје - ни го донесе геноцидот. Тоа се факти што треба да се уважат и со тоа да се создаде здраво македонско чувство. Всушност, што се случи:
што ни беше ветено и што сме добиле?
Пред се се покажа, дека во Граѓанската војна рољите на НОФИТИТЕ биле често изигрувани, а не играни. Од друга страна на НОФИТИТЕ им се чинеше дека играат јуначки рољи и со тоа исконската желба - за обединување на Македонија ја подгреваа и пренесуваа на обичниот наш човек, кој навистина се оѕва и се покажа херој во таа војна и тука е успехот на стратезите за нашиот геноцид.
Но, од сето тоа на македонскиот народ под Грција му остана да ја запамти како епоха на брутална пропаганда и полувековен страв, а практично тоа им било и крајна цел на стратезите -жртвата да остане во карантин, за да неможе да си ја види цената на грешките ни во сопствената историја. И, ете, под таквите полувековни услови, геноцидот над нас не го осудивме и не ја запознавме меѓународната јавност што е сторено со нас Македонците под Грција, туку сите тие дејствија ги одредивме како историска категорија на изгубена револуција.
Но, што значи сево ова за нас Македонците? Трагедија на незнаење или на поданичка свест кон Југословенството? Дали ние, Македонците, во историографијата за Македонците под Грција - “Егејците” - досега браневме Револуција (со која се надоврзувавме на идеите на Илинден) или нашето (само)
жртвување? Дали овие комунистички лидери од висок ранг имаа оценето дека Граѓанската војна во Грција е историски неизбежна? Или сето тоа беа нивни апсурдни творби за колективни халуцинации: “Советизација на Балканот”, “Балканска федерација”, “Обединета Македонија” итн. Но, од таквата конфузија на целите, ние Македонците, не треба да го исклучиме и прашањето што во тоа време го имаше покрената грчката буржоазија (Види: “Етникос Кирикас” во својот бр. од 21 мај 1946, каде што вели: Наместо иселување, треба да се бара протерување: “Од Грција треба што набргу да се протераат 80.000 Славомакедонци”), Граѓанската војна тоа го потврдува, можеби, се сакало да се разрешат малцинските прашања меѓу Грција и Југославија , како што тоа го сторила Грција по Првата светска војна со Бугарија и Турција и тогаш доведе во Македонија под Грција повеќе од 600.000 Маџири.
Несомнено е дека Граѓанската војна (1945-1949) во Грција од овие лидери беше дефинирана како класна револуција и со крајна цел: да се воспостави социјалистички систем. Тоа го потврди и Захаријадис во својата книга: “Проблеми на раководењето” од 1950 година стр. 81, каде што објаснува:
“Постоењето на Советскиот Сојуз и Народните Републики на Балканот и во Источна Европа, претставуваат грандиозен, уверлив и решавачки фактор за нашето влегување во Социјалистичка револуција” што значи, Граѓанската војна и за нас, Македонците под Грција, беше револуција за социјализам во Грција. Ова е мошне битно за натамошната анализа, бидејќи во досегашната наша историографија, толкувањето на историските факти профункционира според познатите југословенски модели на владејачките клишеа и со тоа настана слепилото “судбински” како историска традиција.
На познавачите на историјата, преку грчките и другите историчари, одамна им се познати сите консултации и разговори што ги имал Захаријадис со највисоките комунистички лидери за почнувањето на Граѓанската војна или не. Тоа се Сталин, Молотов, Торез, Тољати, Тито и други. Сето тоа е добро објаснето. Види:
“Ксенократија”, изд. 1975, познато дело на екипа стручњаци.
“Разговори со Захаријадис” изд. Атина, 1986, од Лефтерис Елефтерију.
“Саранда хронија агонес ту ККЕ”, 1948 година.
“Еписима кимена ту ККЕ” (1940-1945) и други.
Во куси црти, еве како се развиваа тие средби: На 20 март 1946 во Прага пристигна Захаријадис и таму имаше можност да се сретне со европските лидери на комунистичките партии. Тој се среќава и со еден од најавторитетните личности, како што беа Торез од Франција и Тољати од Италија, кои го предупредија да не прибегне кон воен оружен судир. Но Захаријадис остана непоколеблив. На 31 март Захаријадис допатува во Белград, на средба со Тито. На таа средба е одредена стратегијата на оружената борба (според југословенскиот модел) и за таквата оружена борба на Захаријадис му била ветена материјална и морална помош (види: списанието “Данас” од 6.03.1990 б.418;
419 и 420 пишува: “Балкан на потезу” и “Корак у грчку трагедију” (непромисленим потезима свих актера, сукоб у Грчкој доведен је до тачке са које није могло бити мирног повратка), на стр. 64 пишува дека организираната мрежа под Раководство на Александар Ранковиќ (човек бр. три во политиката на КПЈ) ги снабдуваше грчките партизани од почетокот на војната се до 1948 година со 35.000 пушки 2.000 минофрлачи (германски), 7.000 противтенковски пушки, 10.000 нагазни мини, 12.000 комплетна војничка облека и 30 вагони храна. Потоа пишува за испратени 8.000, луѓе избегани од Грција (луѓето беа прибрани по скопските улици и испраќани на најдолен начин) и како најважно што тоа го потврдил самиот прв човек на новоформираниот Главен штаб на 28 октомври 1946 година, генерал Маркос. Но, не треба да се заборави дека учеството на Македонците во ДАГ беше повеќе од 50 отсто, а Грците учествуваа со 3-4 отсто во целокупниот период на Граѓанската војна, и тоа со сите партиски и воени функции раководеа и командуваа најчесто Грците. Се поставува прашањето: ако таа револуција беше за социјализам, значи ли тоа дека ние, Македонците, требаше да го решиме тоа прашање па потоа да ги добиеме сите национални права?
За средбата и ставовите на Сталин познати се од многу историографи. Еве како ја опишува Петре Галабов во “Пулс” од
27 октомври 1994 во својот напис “Граѓанската војна во Грција (1945-1949: “По Белград, Захаријадис отпатува за Москва, каде што се сретна со Сталин, Жданов и Молотов. На оваа средба Молотов ја потврди критиката за неучеството на изборите.
Захаријадис им одговори со познатите аргументи дека и тие биле однапред фалсификувани за да се легитимира власта на странците и на десницата, кои ни наметнаа Граѓанска војна”. За формите на Граѓанската војна и методите се дискутираше на посебен состанок меѓу Сталин и Захаријадис. Според грчкиот водач, Сталин ја одредил и тактиката на борбата: “ќе почнете постепено од село спрема град за да се избегне непотребната воена интервенција на Англичаните, а со насока на изнаоѓање компромис”. Но да ги проследиме другите факти што говорат за ставовите на Сталин спрема Грција и спрема КПГ, и како Сталин го гледа политичкиот интерес на СССР. (Види:
стр.288/289. Но, исто така од голем интерес е ставот на историчарот Рој Медведев изнесен во својата книга: “Нека оцени историјата” Роѕ Медведев (Лет Хисторѕ јудге), Спокесман Боокс, 1976, /473.” Но, исто така од голем интерес е ставот на историчарот РОЈ Медведев, изнасен во својата книга кога вели: “Нека отцени историјата” “Роѕ Медведев (Лет Хисторѕ јудге) Спокесман Боокс, 1976, 473”.
(Авт.превод - СТАВОТ НА СТАЛИН: “Ставот на Сталин спрема Грција и КПГ во периодот на војната, беше недвосмислен, дури сомнителен. Расположливите доказателства, во главно покажуваат дека ставот на Сталин е негативен спрема Грција. Сталин мислеше дека Грција е мала земја и можеби место положајот и микро - стратешката положбата за политичките интереси на Советскиот Сојуз е неинтересен.
Во 1944, преку англоамериканските средби во периодот време на година април -октомври, Сталин не донесе ниту едно суштинско спротивстваување на британските претензии за владењето со интересите во Грција. Кога Черчил и Иден ја посетија Москва во октомври, Молотов едноставно се пазареше со Иден за процентуалната поделба за влијание на поделба на сфери. Тоа беше основа за да така грубо да се сложат Черчил и Сталин на 19 октомври. Но штом се однесуваше за интересите кон Бугарија, Југославија и Унгарија беа сосема други, а за Грција ниту Сталин, ниту Молотов не помислија за некаква поголема промена на влијание од веќе одредените 10% за Грција.
Рој Медведев, во книгата: “Нека оцени историјата”, пишува за првиот круг на Ѓраѓанската војна во 1944 година. Тој вели: “Во судирот што продолжи, Грците комунисти не добија никаква реална помош од Советскиот Сојуз. Советскиот Сојуз се откажа дури и морално да ги поддржи грчките антифашисти. Силите на ЕАМ-ЕЛАС без никаква помош и надеж се принудија да ја прекината воената борба за власта. Потоа се образува Влада без учеството на ЕАМ. Политиката на владата по неке време придонесе да се создадат услови за Ѓраѓанската војна. Еве тоа е доказ дека уште еднаш пат грчките комунисти не добија морална и материјална поддршка која се бараше од Сталин и од СССР...” Уште еден интересен податок што го дава Спиридон Благоев, (види: “Н.М.- фељтон од 17.05.1997, под насловов:” Третата и последна средба Тито - Сталин, мај 1946 година”, пишува.
Сталин: “A Грција покренува ли барања во однос на Југославија?” Тито: “A во однос кон нас имаме провокации, меѓутоа во последно време нема”.
Сталин: “Англичаните таму држат армија, со цел да ја зајакнат реакцијата, возможно, и за други цели.” Тито: “(со насмвка): Ние кон нив имаме барање: Егејска Македонија и Солун”.
Молотов: “Да, Солун, стар словенски град. Нужен е излез на Егејско Море”.
Еден од најистакнатите грчки историографи - Тасос Вурнас, во својата книга “Историјата на денешна Грција - Граѓанската војна” на стр. 176 вели дека Сталин на 10 февруари 1948 година на Југословенската делегација во Москва им рекол, буквално:
“Не се согласувам со југословенските другари дека треба да продолжи револуцијата во Грција. Таа борба нема никаква надеж на успех. Што мислите, Велика Британија и Американците, најсилните држави на светот, ќе ви дозволат да ја урнете линијата на комуникација со Средоземното море?
Глупости! А и немаме речиси ништо од морски сили! Не!
Револуцијата во Грција треба да ја прекинете, што е можно побрзо. Тоа го потврдува и Владимир Дедиер во својата книга
“Тито” (1953), но истото го вели и Милован Ѓилас во книгата “Разговори со Сталин” (1962). Тоа им го препорачуваше Сталин на Југословените, најверојатно базирајќи се на договореното, меѓу Сталин и Черчил, на Јалта и во Москва (Од 5-20 октомври 1944 за победа на балканот под влијание на сфери меѓу големите сили). И уште еден Сталинов став јасен и непобитен дека СССР беше против исфрлената парола на Захаријадис која беше изгласана одлука на 5-0т Пленум на ЦК на КПГ за “Независна и обединета Македонска држава во рамките на балканска федерација”. Тоа добро се гледа од преписките на советскиот амбасадор во Атина Чернишов со раководството на СССР и КПГ за таквото решение дека се против.
(Авт. Превод - СТАВОТ НА СССР ЗА ПРАШАЊЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ВО МАРТ 1949 ГОДИНА: “На 8 март 1949, Советскиот ополномоштен во Грција Чернишов телефонира во Москва, дека грчката реакција употребува невидена агресивна и активна пропаганда против Комунистичката Партија и андартското движење (ДАГ) за “македонското прашаније” за кое станува збор, односно за донесените решења на 5 -от Пленум на ЦК на КПГ и на 2 Конгрес на Народниот Ослободителен Фронт на Македонците.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/14 le 29 octobre 2026