Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Greek Occupied Macedonia (1913-1989)

3. ЛОЗАНСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР И ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА РАЗМЕНА НА НАСЕЛЕНИЕТО МЕЃУ ГРЦ

Par Стојан Киселиновски · Partie 8 sur 33 · Environ 7 minutes

Lire en English

3. ЛОЗАНСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР И ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА РАЗМЕНА НА НАСЕЛЕНИЕТО МЕЃУ ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА

Грчко-турската војна (1920-1922) бил последниот историски обид на малото, но амбициозно грчко кралство да наметне и реализира една дамнешна великодржавна византиска политика. (Турција, на чело со Кемал Мустафа, одбила да ги прифати одредбите што произлегле од Северскиот мировен договор, и Грција во 1920 година, преку војна, се стремела да ја наметне својата антанска воља.) Со битката кај реката Сакарија и со победата на Кемал Мустафа, Турција историски дефинитивно им ставила крај на овие великодржавни грчки амбиции во однос на Турција. (Станува збор за историската битка кај реката Сакарија кој завршува со победата на Кемалова Турција (23. 8 – 13. 9. 1921 година).)

По поразот кај реката Сакарија грчката држава била принудена да го прифати примирјето што беше склучено во Муданија. (Примирјето беше склучено во Муданија на 11 октомври 1922 година.) Разговорите за мир меѓу двете држави за решавањето на спорните прашања се воделе во 1923 во Лозана (Швајцарија). Во Лозана, покрај територијалните прашања, и прашањето за заробениците, посебно место добил и проблемот за статусот на малцинствата што живееле во двете држави. (Договорот во Лозана не само што има посебни важности за Грција и Турција, тој има и пошироко меѓународно значение. Со Лозанскиот мировен договор, всушност, се прави прва ревизија на штотуку потпишаниот Париски мировен договор.)

Во Лозана општо признатиот принцип на почитување на правата на малцинствата во рамките на Грција и Турција, бил отфрлен како неприфатлив и се прифатил принципот за задолжителното иселување на малцинствата, т.е. протерувањето на муслиманите од Грција и христијаните од Турција. “Претпочитаме да бидеме оштетени 30% или 50% ако е потребно, велел во Лозана еден турски претставник, од колку да имаме кај нас странци и непријатели”. (Grigori Dafni, Elas metaksi dio polemon, 1923-1940, Athina, 1955, tomos protos, p. 34.) И така “врз основа на присилна и тотална размена”, (Societé, de Nations, Conseilet etats members, dc 736-m. 477, Genéve.) почнал процесот на иселување на муслиманите од Грција (Турци по националност – муслимани по вера, Македонци по националност – муслимани по вера, Албанци по

националност – муслимани по вера, Евреи по националност – муслимани по вера) и христијаните од Турција (Грци по националност – христијани по вера, Караманли (Турци) -муслимани по вера, Ерменци по националност - христијани по вера ... итн).

По силата на Лозанскиот мировен договор од егејскиот дел на Македонија биле протерани 350.000 муслимани, различно население по своето потекло, јазик и културни традиции. (Од задолжителната размена на населението исклучено било турското населението што живеело во Западна Тракија и грчкото население што живеело во Истанбул пред месец октомври 1918 година.) Врз основа на муслиманска црковна припадност од егејскиот дел на Македонија, покрај турското население по потекло и јазик, се иселиле и 40.802 Македонци со муслиманска вероисповест, 6.014 Албанци и мал број муслимански Евреи.

На местото на иселеното население (Македонци и Турци), Грција го прифатиле христијанското население дојдено од Мала Азија и ширум од светот. Грчката држава, со желба за дефинитивно елинизирање на егејскиот дел на Македонија, развиле една широка политичка активност за враќање на Грците во татковината. Голем број Грци, врз основа на правото на ius sanquinis (од грчко потекло) се вратиле во Грција. На таа основа во Грција дојдоа 1.159.311 лица. Грчките влади, со несебичната финансиска и морална подршка на Друштвото на народите, вака го распоредиле огромното бегалско население низ територијата на Грција:

Колонизирање на бегалското население во Грција (1923-1928) (Statistika apotelezmata…, Athina, 1935.)

Околии

Егејскиот дел на Македонија Стереа Елада и Еубеа Западна Тракија Егејските острови Тесалија

Бројност %

565.143 48,75 317.188 27,36 100.485 8,67 51.550 4,45 36.427 3,14

Пелопонез Крит Кипар Кикладите Јонските острови

Вкупно

32.873 2,84 32.411 2,80 10.348 0,89 6.697 0,58 6.189 0,53

1.159.311 100%

Колонизацијата била помасовна кон новите територии (егејскиот дел на Македонија и западна Тракија) и со помал интензитет во Грција, каде што во некој реони не само што не се извршила никаква колонизација, туку биле непресушен извор за етничка миграција кон егејскиот дел на Македонија и Западна Тракија. Во егејскиот дел на Македонија биле колонизирани 565.143 лица или 48,75% од целокупното бегалско население и тие биле дојдени од Европа (210.425) (Ова население дошло од следните европски држави или региони: Источна Тракија 140.915, Бугарија 29.439, Истамбул 14.138, Југославија 13.038, Албанија 5.168, Русија 5.083, Романија 1.077, Италија 438, Германија 298, Франција 293, Австрија 133, Англија 109, Чехословачка 63, Швајцарија 44, Унгарија 44, Белгија 40, Полска 34, Естонија 3, Литванија 3, Летонија 2, Норвешка 2, Холандија 2, Финска 2 и од Ирска 1.), Азија (353.652) (Ова население е дојдено од: Мала Азија (Турција) 201.173, Понт (Турција) 122.180, СССР (Кавказ) 29.313, Додеканезите 394, Кипар 324, Сирија 100, Ирак 89, Иран 31, Палестина 29, Емен (Аден) 10, Индија 4, Филипините 3 и Кина 2.), Америка (567) (Ова население било дојдено од САД 537, Аргентина 12, Канада 11, Бразилија 2, Уругвај 2, Куба 1, Мексико 1 и Чиле 1.), Африка (486) (Ова население дошло од Египет 446, Етиопија 10, Јужно-Африканската република 10, Алжир 5, Тунис 5, Либија 4, Судан 3, Танганика 2 и Мароко 1.), Океанија (3) (Ова население било дојдено од Австралија.), или вкупно 565.143 лица. Ова целокупно бегалско население на следниот начин беше колонизирано низ македонската земја:

Колонизирано бегалско население во егејскиот дел на Македонија (1923-1928) (Statistika apotelezmata…, Athina, 1935 godina.)

Околии

Солунска Серска Кавалска Драмска Пела Кожанска Леринска Халкидиска Света Гора

Вкупно

Бројност %

234.203 41,44 71.694 12,69 66.299 11,73 66.104 11,70 45.683 8,08 42.504 7,52 19.154 3,39 16.848 2,98 2.654 0,47

565.143 100%

Големото мнозинство на бегалското христијанско население било колонизирано по селата во цела Егејска Македонија, создавајќи ја таканаречената селска или земјоделска колонизација, а помал број од бегалците бил колонизиран по градовите, создавајќи т.н. градска колонизација.

Селската колонизација била најмасовна и го опфатила поголемиот дел од христијанското население. Во егејскиот дел на Македонија, во периодот од 1924 до 1918 година биле колонизирани 116.403 земјоделски семејства со 427.297 лица. (Megali eliniki enkiklopedia (Pirsos), Athina, 1931, tomos 16, p. 503.) Тие, од страна на грчката држава ја добиле земјата со најдобриот бонитет, инвентар и стручни совети за побрзо економско оспособување (Според женевскиот протокол, Грција се обврзувала дека за колонизирањето на земјоделското население ќе обезбеди 500.000 хектари земја.) и главно биле колонизирани по македонските и турските села или за нив се создале нови селски населби. (Во 1927 година меѓу Грција и Бугарија се потпишал договорот Молов-Кафандарис за регулирање на имотните прашања што се појавиле со заминување на Македонците во Бугарија и Грците во Грција.)

Градската колонизација во егејскиот дел на Македонија не зела толку големи размери. По градовите на егејскиот дел на Македонија биле колонизирани 41.296 семејства со 152.989 лица. (Pirsos p. 503. Градското население било колонизирано во

Солунско (99.937 лица), Кавалско (22.446), Драмско 14.374, Серско 7.627, Пела 7.556, Леринско 1.307 и Кожанско 752.)

Со политиката на колонизација (со население дојдено од Грција и од странство), грчката држава успеала во периодот од 1913 до 1928 година да го колонизира следното население во егејскиот дел на Македонија:

Колонизирано население во егејскиот дел на Македонија (1913-1928)

Околии

Солунска Серска Кавалска Драмска Пела Кожанска Леринска Халкидик Света Гора

Вкупно

население дојдено од странство

234.203 71.694 66.199 66.104 45.683 45.504 19.154 16.848 2.654

565.143

население дојдено од Грција

26.324 4.178 7.610 4.830 1.554 3.877 1.775 1.611 1.245

53.056

Вкупно

260.527 75.872 73.929 70.934 47.237 46.381 20.929 18.459 3.949

618.199

Големата грчка христијанска колонизација имала тешки етнички, политички и економски последици за македонскиот народ. (Македонското население го крстило новодојденото население со името маџири, т.е. странци, туѓинци, новодојденци.)