Greek Occupied Macedonia (1913-1989)
ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1913-1989)
ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1913-1989)
Стојан Киселиновски
ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1913-1989)
January 24, 2018
ПРЕДГОВОР
Историскиот детерминизам влијае негативно или позитивно врз историската судбина на народите. Балканскиот историски детерминизам, детерминиран од европскиот, сериозно влијаеше врз историската судбина на македонскиот народ.
Со Букурешкиот мировен договор од 1913 година, во историјата на македонскиот народ завршува “историскиот” и почнува “праисторискиот” период. Негативниот грчки историски детерминизам крајно негативно влијаеше врз историската судбина на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Со своето појавување на историскиот терен во егејскиот дел на Македонија, грчкиот политички историски детерминизам, со својот екслузивен грчки национализам, ја стави под прашање и биолошката егзистенција на македонскиот народ.
Со желба да создаде “една држава, со една нација”, грчкиот историски политички фактор ја почна својата геноцидна политика против македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Протерувањето, угнетувањето и асимилацијата на македонското население, колонизацијата на немакедонското население (грчко и негрчко), отпорот на македонскиот народ, афирмацијата на македонските национално-културни вредности во егејскиот дел на Македонија, политичкото третирање на македонското национално прашање од страна на КПГ, е всушност предмет на овој труд.
При обработката на темата “Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)” на самиот почеток треба да се истакне дека имаше објективни тешкотии. Архивите на соседните земји (особено грчките), кој несомнено кријат драгоцени историски податоци, што би овозможиле посестрано, поаргументирано и пообјективно презентирање на дадената проблематика, беа недостапни.
Во отсуството на архивските материјали од соседните земји, поголемо внимание се обрна на публикуваните архивски
извори, на архивот на Македонија и на соодветната историска литература.
Се стремевме, во рамките на постоечките можности, да го објективизираме историското минато на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, народ кој, како никој друг, страдаше како во услови на мир, така и во услови на војна...
АВТОРОТ
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/egeiskiot-del-na-makedonija/1 le 29 octobre 2026