Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A Century of Silence (1913-2013)

ФАКТИ И АРГУМЕНТИ - Part 02

Par Стојан Кочов · Partie 17 sur 24 · Environ 21 minutes

Lire en English

Баскакис, скокна како витез, со своjата светликава сабjа. Него, комитите го нарекуваа Витез на глутница. Тоj со своjата група џелати- пиокрвци, весели, распашани, послушни и пофалувани, кога jа прободуваа жртвата во задниот дел на вратот, а од ударот жртвата клекнуваше со испревртени очи и со размлитавени раце паѓаа пред нивните лустросани чижми.

Верзираните колачи си поигруваа со уште неколку удари со острата кама, зариваjќи му jа во срце, стомак или в грб. Така поучени од витезот Баскакис добиjа име глутница, а Баскакис Витез на глутницата.

Наседнати околу грлото на дулото и во оваа глутница со сите нас заробените комити, се слушаше само гласот на Витезот и прободот на камите, пискотниците стигнуваа и преку Костур.

Опстановката е како при ритуално поднесување на жртвата и точно под таквата церемониjа: се нанесуваа удари со нож во срцето на секоj осуден комита.

Во рацете на Баскакис светна двосечилната кама и ги принесе жртвите до работ на црното грло на дулото.

Прво му jа забоди камата во тилот и комитата клекна под неговите нозе, а потоа го турна во грлото на дулото како недозаклана живинка.тоа го стори многупати на неколку комити. Сега расмеан и задоволен му се приближи воjводата баj Кољо. Го одмери крвнички и болезливо, но посака да си поигра.

Си велам, ако ме праша за борбеноста на Комитите, има што да кажам, но ако почни да ме распрашува: Во колку Еласити имам пукано, за сè ќе му кажам, дури ќе му речам дека и дедо ми Илинденецот дедо ми Доро тоа го правеше спрема Андартите кога доишле во Костур и велеше: што маjка бараат тука тие Грчишта, да пљачкаат и убиваат Македонци.

Ова е пострашно и од гладиjаторските игри, му дошепнав на Пандо Корештански, а тоj ми jа стискаше раката да не писнам.

Сите напрегнато гледавме и во еден миг Баскакис со окрвавената кама му се обрати на воjводата баj Кољо:

Ние еласитите, во нашиот воен кодекс не ги убиваме воjводите на овоj начин. Ми прави чест да му се обратам на баj Кољо воjводата, да повели да си jа покаже голема храброст и сам да скокне во оваа црна дупка и ние сè ќе му простиме...

Завладеа молк.

Баj Кољо, стана и тргна кон окното на дулото од кое уште се слушаа овкања од фрлените комити.

Плекестиот воjвода, загледан во окното на дулото, во себеси:

“Секоj живот има своjа вреност, но наjмногу вреди животот што е положен за татковината Македониjа...” Зазеде став на неустрашив воjвода и jа крена раката кон туку што седнат командат Баскакис и го замоли:

“Сакам пред да умрам, да повели неговото величество;

командантот на ЕЛАС, господинот Баскакис, пред сите вас, да му бакнам рака и да му честитам за неговата победа, а потоа со мирна душа пред неговите очи ќе скокнам и ќе си го одземам животот…” Баскакис веднаш стана и тргна кон воjводата баj Кољо да jа прими честитката. Сета воjска што беше наседната, стана и ракоплескаа со викање: “Да живее ЕЛАС, да живее комндантот Баскакис, и сите Еласити. На краj комитаџиjата наjде храброст да се покае и да ни се извини, велеа!” Во еден миг Баскакис, застана отмено и му jа подаде раката на баj Кољо за да му jа бакне. Стариот воjвода со невидена брзина го зграпчи за миг и заедно со него го свлечка во црното грло на дулото. Сите не оглуши еден силен крик на ужас , а тоа беше гласот на Баскакис:

Ах, маjко моjа!, а понего се слушна и баритонот на воjводата баj Кољо: “За Македониjа!” Во тоj миг, сите неможевме да се соземеме од тоа што се случи;

а jас не можев да се приберам од помешаната радост и возбуда, раскажува Крапов.

Сите останавме смраморени, небаре во жилите ни замрзна крвта, од страв и ужас. Филип Паскалевски, со неjасно чувство на вина, го тргна погледот оттаму и jа наведна главата. Заплака за воjводата, ама и се почувствува задоволен со итрината на воjвота, а зборовите како да му останаа во уста што сакаше да каже: ...дека треба да го следиме воjводата, оти тоj и пред смртта ни покажа, како се умира за Македониjа.

Носталгично се погледнавме со насмевка што качуваше многу...

Ужасно! Како да видов една големо човечко умирање на денот.

Тоа ме фрли во очаj, ми се стори како сета македонска земjа да е намачкана со крва од нечовечност, ама и голема македонска отважност; моjот воjвода што велеше дедо ми: убаво е да умреш машки, а токму така умре баj Кољо…

Тоj велеше пред нас Комитите: Размисли пред да се заколниш во нешто, оти ако не веруваш во тоа е предавство!

Потоа, Еласитите, за одмазда, го зедоа и го доведоа до црното грло на дулото, аѓутантот на баj Кољо, младиот Васил (Циле)

Шилегов. Тоа беше дете и срцето сè уште никоj не му оставил омраза, а беше единец на маjка. Го турнаа во црното грло, а од него се слушна; само “За маjка Македониjа!” Боже. Боже моj, погледот ни се прикова на сите во тоа црно грло. Леле, страв ме фаќа, ќе ми излета срцето, му валам на Пандо Главинов и го прашувам:

Зарем сите така ќе завршиме. Тоj ме опули тагосливо и се загледа во филипа.

Таа вечер, беа збеснети и збунети Елласитите и со денови се прераскажуваше за Д’мбенското дулото.

Така умре баj Кољо. Така умре Циле Шилегов.

Кратко време го по знавав, ама никогаш нема да го заборавам.

Дедо ми велеше: карактерот на некоj човек, можеш да го запознаеш, само кога ќе ти стане претпоставен, а Jас таа чест jа имав кога извесно време, служев во неговата чета и со задоволство под неговата команда воjував за Македониjа.

На краj, Крсто Крапов ми вели:

“Судбината беше сурова кон многу македонски револуционери, но кон Баj Кољо посебно но тоj умре како хероj. Тоj, беше зрел и умен човек, навикнат да владее со себе, а владењето му прилегаше.” Тоj, велеше; Грците, како окупатори, за нас комитите кажуваат дека сме неучени. Да, но незнаењето наше е поблиску до вистината, отколку предрасудите на македонските гркомани или сега модерно Еласити - комунисти.

Нашите што се декларираа за комунисти и заедно со грците сакаат да не унуиштат нас комитите, за жал, како што наjчесто се случува со нас Македонците, вистината ги скрши идеалите.” Крсто Крапов, ме загледа внимателно и ми рече: Сакам да ти кажам нешто за покорноста и отпорот: Ете зошто баj Кољо беше во право. Но, сакам и ти да разбереш преку овие факти дека и ти и jас како сведоци го доживеавме следното:

Ни еден од тие наши Македонци; комунисти- Еласити, не остана тука со народот, туку избегаа - таму каj Тито од каде беа наjмногу манипулирани. Интересно е: тие наши еласити дека во 1944 година заедно со грчките команданти Химарос и Ариjанос ги уништиjа комитите, а во Граѓанската воjна, пак тие раководеа со Македонците, но сега и со помош на организациите формирани од Тито, пак од тие наши луѓе.

Ваквите идеолошки активисти слепо служеjќи му на авторитетот на Водачот се намножуваа и го турка Македонецот бесцелно да крвари и умира за туѓи интереси. Сите ние, обичните луѓе, бевме злоупотребени, и станавме жртви или губитници, а jас сум еден од наjголемите губитници, зашто имав семество, а останав без ништо. Ете со оваа свирка, катаден живеам со надеж дека еден ден ќе ме прегрни синот што ми го зеде кралицата Фридерика.

Но, како што двапати не може човек да влезе во иста длабочина во река; да не процени и не се убеди дека ќе се удави, тоа значи да останиме убедени дека сме ментално здрави, дека не има и такви кои размислуваме за овоj македонски народ и за оваа Македониjа коjа се до сега народот крвари и да се прогонува токму од истите команданти, а тоа може да се каже дека нашата покорност не уништи и го изгубивме родниот костурски татков краj за навек.

Што всушнос се случи со нас Македоници под Грциjа:

Додека ние комитите мислевме како да jа лободиме и jа сочуваме македонската куќа, имотот и со семеjството да си останеме на татковата земjа, Македонците во ЕЛАС (изигруваjќи интернационалисти), заедно со Грците се бореа како побрзо да не ликвидираат.

Токму во тоj период на време ние како народ го покажавме менталното робство на Македонецот.

Ние комитите него прифативме робоството, како судбинска предодреденост и не поткленавме пред било кои окупатро, туку посакувавме во тоj пекол на Балканот да го сочуваме нашето постоење: свои на своето. Но, што се случи со нас Македонците? Се случи, тоа, ако некоj пред Гркот крени главаа и посакува да се одбрани од Пауџиите и Еласитите, ќе биде уништен. И, накраj не уништиjа.

ТОА БЕШЕ ВРЕМЕ КОГА ИДЕОЛОГИJАТА НА БАЛКАНОТ ГО ДВИЖЕШЕ СВЕТОТ И, од како тоа го сториjа, македонците Еласити (комунисти) jа напуштиjа своjата татковина и сето тоа во своjата напишана секторска историjа, историjа за Егеjците го прикажаа како позитивно, а нас во таа историjата не нарекуваат фашисти...

Сето ова ме потсетува на нашиот поет Петре М. Андреевски кога ги читам неговите напишани стихови:

Беа браќа и први братучеди, убави сестри, тетки и стрини некои вуjчеви и светиjонии, бореjќи се сите за истата таткоина, се поделиjа, се замразиjа, се закрвиjа, под туѓи капи главите си ги ставиjа. А кога ги побараа капите на глава веќе немаа ни капи ни глави...

Видно растреперен, кога ќе се замореше Крсто Крапов од набликнатото минато, вдишуваме свеж воздух и продолжуваше да се доискаже:

Ние Македонците незнаевме да си ги заштитиме историските и сите културни драгоцености од нашите родни краеви…

Туку jас отворено да кажам дека ние Македонците сме некоjа чудна сорта. Во сиот овоj период во балканските магли, свесни или несвесни, како самите да се развенчуваме од драгоценостите на сопствената историjа. Долги години меѓу нас е присутен нашиот глас за извршени злосторстава над нашиот македонски народ, на сите му се познати зафатите на окупаторите по поделата на Македониjа над Македонците кои имаат во основа геноцидна основа: Македониjа да е нивна - без Македонци.

Ние Комитите, останавме достоjни и тие што останавме живи, не однесоа по голите острови, но сме го изгубиле моралниот и вредносниот компас и одбивме да влеземе во ЕЛАС (Во измислената колективистичка матрица, коjа ни се продаваша како судбина и балканска итровчина од Темпо и Сjантос).

Тогаш, во времето на идеологиjата, Темпо пропагираше дека се договорил со врвот на КПГ; поред единиците на Елас ќе сме образовале и ние Македонска воjска.

Од таквата наша недораснатост, низ историjата си ги навредуваме дури и Илинденските револуционери. Си jа навредуваме своjата историjа, некоj ќе каже. Но добро. Досега, сите измами што што ги доживеавме биле канализирани низ идеологиjата како што се случи и во Граѓанската воjна (1945 -1949), со измамата од КПJ и КПГ кога не можат да го постигнат со наjсуровите мерки, прибегнуваат со идеолошка измама. Тоа не треба да ни биде сеедно. Сè уште нас треба да не држи Илинденскиот дух, ...Тоа што се случи во Граѓанската воjна со нас Македонците е ИЗМАМА НА ВЕКОТ. И така треба во историjата наша треба да биде одбележано.

Ова што ни се случуваше со Еласити - Комунисти и Комити, беше уште еден национален срам, но тоа не верувам дека од нив ќе биде и последно. Грците се активни и настоjуваат што повеќе сакаат да не обезличат со името и протераат од нашите прадедови огништа и со тоа полесно да jа освоjат за навек Македониjа.

Ние молчиме и молчиме за: колежите, прогонствата и разнебитување на македонското семеjство и уништувањето на македонското семе, и нашето искоренување...

СИТЕ ОВИЕ СЕЌАВАЊА БОЛАТ!

Шестта глава Една од наjболните приказни; за љубовта и пеколот по одземените деца од кралицата Фредирика, маjките на одземените деца велеа:разделбата е пострашна од смртта ДА!

Крапов вели: Сеќавањата вечно ќе болат.

Ова поглавjе го посветувам на сите оние кои наjболно го доживееа наjсвирепото и нечовечко геноцидно чедособирство -родители: маjки и татковци, баби и дедовци кои не ги израдуваа своите внуци, на своите браќа и сестри кои не израснаа заедно и посебно на оние, кои не можеа да се вратат во родното место, барем за да умрат.

“Ништо не боли повеќе од солзите на едно дете, а шчо да ти кажам бре Крсто. Кога го слушав како плачеше моjот Дончо, зарем кралицата Фредирика како маjка, тоа не го разбира...

скршена и насолзена, ми рече Кираца, по домашно име на Костурски - Лаца”.

Такви беа спомените на Крапов, при секое доаѓање на посета на гробот. Тоj, со сета тежина на душата, стое пред гробот на своjата љубена, расплакан и со свеќа в раце. Погледна во мене и Крапов ми вели:

Што ќе рече историjата?

Што ќе рече, за нас Македонците, нема да рече ништо. За случаjот што го направиjа намерно, а не уверуваа дека ги спасиле децата.

Нема да споменат никогаш, како што полавек досега не зборуваат ниту за илjадниците жртви што ги оставиjа коските на боjштата, а тие беа нивните татковци или нивви браќа.

Ех, моj приjателе, не знае човек што преставува надежта додека не jа изгуби. Сега во одминати години, кога доаѓам на гробот на моjата покоjна Кираца - Лаца и jас сакам што побрго да си заминам од овоj неправичен свет...

Го придружувам Крапов и заедно одиме на гробиштата. Се посрамив, само jас од сите присутни не запалив свеќа. Незнам зошто сум таков. Можеби, така сум воспитан, долго го минав животот со комунистичките идеали - атеист; не се крстам, не палам свеќа, но ги почитувам обичаjте со почит и љубов кон моите покоjни предци. Паметам; кога jа погребавме моjата баба во Ташкент, беше по протоколот на Комунистичката Партиjа,како за сите наши борци; со краток револуционерен говор.

За миг Крапов ме погледна и сватив дека сака да ми каже “Недоветен” и дека сум тешко заблуден, но тоj, тоа го одмина и уште ме мачи... а ми вели:

Си се променил? Останав без одговор... А мене денот во сабота, ми започнува невообичаено рано. Уште пред седум часот; одам да положам цвеќе на гробовите на моите наjблиски. По навика, секогаш наjдолго се задржувам каj гробот на моjата прерано починатата љубена Кираца и имам чувство дека постоела некоjа невидлива сила и поврзаност, меѓу нас како млади. Таа беше една од лепите Костурски чупи; со нежности и чувстава. Си дадовме збор за верноста и радоста jа дочекавме; наjмногу кога се роди синот Дончо, коj го носеше името на моjот татко. Jас како родител, немав можност да го видам; радувам и растам, бев интерниран на голите острови и не му го видов ликот.

Вистината е сурова, вели.

На островот се трудев да се излажам самиот себе; дека со моето враќање се залажував дека ќе свртам нова страница; Ќе се собериме семеjството.

Сега, од кога се вратив од сувиот остров во моjот роден Костур меѓу моjот народ, а jас велам меѓу моите Костурчани; со години исти пат го правам:од дома до гробиштата и назад. Таму на островот; пренесував камење, а тука носам цвеќе трендафил и свеќи, тоа го правам - зима лето...

Трендафилот на љубената Кираца ѝ беше омиленото цвеќе...

Многу е болно да погледнеш на судбината, вели.

Да, си велам: Каква немилосрдна игра на судбината? Сега Крапов, како рането животно, повеќе без причина; шета премален од умор.Никоj не го очекува, само го следи потсмевот на луѓето кои му ги забележуваат неговите телесни недостатоци, а не можат ни да насетат со какви умствени и национални способнссти е надарен и оддан борец за Македониjа, градот Костур и прочуjените комитски воjводи.

За чудо; целиот живот зад себе, го слуша посмевот како тивко душоподгризување. “За човека тешко било, ако си од грчка власт оцрнет...”, вели.

А чита, jа љуби книгата, посебно задоволство наоѓа во историjата на Костур и Македониjа.

По на многупати, се задумува: Колку смисла губат македонските жртвти со текот на времето од Илинденското до сега и колку долго стоиме зад нив; вредат ли уште кога ќе ги заборавиме, или тогаш стануваат неотуѓива сопственост на оние кои, за разлика од нас, се уште ги помнат и им придаваат секакви значења, им препишуваат незаслужени, само ним поимливи вредности.

Денес, грчките окупатори пред нашите очи; гробниците на нашите предци, им ги откопуваат и им ги фрлаат коските по дивиот мегдан. Има ли смисла да се надеваме дека во иднина некоj од интернационалистите дека размислува за нас Комитите и за оние Маркосовите од ДАГ- да им ги врати коските оставени низ Европа, сè до Ташкент, вели Крапов.

Има ли некои кои ќе каже зошто дозволивме да jа отселиме Македониjа со Македонците, а да jа населивме со не Македонци!?

И навистина, гледаjќи го како очите му се полнат со солзи, нешто те тера - како што велат старите: “Да заплачеш од немила горчина!” Ете тоа нема да го премолчам, нема да остане во мене. Само, сакам на сите да им кажам, jас таа таjна нема да jа носам цел живот во мене. Верувам, тоа го посакува секое човечко суштество; коските на родот да му мируваат во своjата земjа, покраj предците, вели.

* * * Беше осми април 1988 година. Крапов, раскажува, и убаво се сеќавам на датумот кога беше ослободен и се вратил од островот по 40 години.

Патував за дома, утрото беше чисто, но во Костур пристигнав на залезот на денот и ме дочека небото прекриено со темни облаци. Ветерот со себе носеше мирис на дожд, а камбаните повикуваа на молитва. Бев необично расположен; на љубената Кираца во оваа квечерина пристигнав токму на неjзиниот шеесет и втори раденден. Сретнав еден изурнат живот, а оставив жена; красота, севдалиjа...

Во тоj миг ми се пристори дека чув како Кираца го прошепотува моето име, никогаш нема да знам дали навистина ги чув тие два слога или само посакував да ги чуjам, знам дека jа покренав главата и видув како усните на Кираца во своjата згрченост, а неjзините очи правеа обид да се отворат. Но, уплав ме пресече кога однеднадеж, во дворот, слушнав неочекуван врисок. Доаѓаше од приземниот дел на куќата.

“Женски врисок. Што треба да значи?” Студено гледав. Збунет и загрижен, тргнав кон влезот на куќата, а во моите очи, небаре вриjат водовртежи, се стркалуваат и ништо, пред мене не гледам. Со години ги броев деновите и намерата ми беше, точно да стинам на шеесет и вториот роденден.

Самракот се спушташе се побрзо, како дожд што истура. Ноќта се спушта ненадеjно, одеднаш, како тапа секира на вратот од жртвата. Мракот веднаш стана густ и непроѕирен. Од прозорецот извира слаба светлина од некаков петролеjски фенер што се потпалува со кибрид.

Чекорев возбуден со поматен поглед и ми се пристори како Кираца ми доаѓа во пресрет; со блага насмевка, и со некаков изблик на среќа, од неjзините кротки очи; како во младешките наши не заборавни средби.

Кога се доближив, го кренав погледот и jа видов Кираца како неjзините благи и немирни очи зjапаа кон мене од прозорецот, на долниот кат. А незнам дали ме позна. Jас ѝ се насмевнав кога влегов во собата, очигледно таа не беше свесна за моето враќање и за конечната наша средба.

За миг стоевме стаписани, гледаjќи еден во друг.

Ужасно! Како ужас! Си помислив дека веќе нема да те видам!

Ми вели налутено Кираца, и продолжи: - Jас сиот живот го вложив во тебе, а ти не си ми благодарен.

Ми се пристори предолго времето да гледа во мене и за цело време и дваjцата молчевме со навирени очи…

Jа прегрнав ѝ велам: Бог да чува, тоа не е вистина. Jас секогаш копнев по тебе.

* * * Кираца беше уморна од зборување за неправдите на моќните.

Тие се такви какви што се, точка.

Времето и поминало бавно преку лицето и ѝ оставило неизбришливи траги врз убавината.

Беше облечена во зелено-кадифен фустан, а косите собрани во бунџа, но доста складно и витко. Наjвпечатливо од сè ѝ беше погледот со навирените очи, кои небаре и немаа повеќе солзи.

Кога добро jа загледав в лице, ме обзеде немир. Лицето ѝ беше начичкано од испреплетени бразди, jа гледа и во себеси си велам: Овие црти, се таjни болки на животот; минат во исчекување, во бесоници, во страв, камо да можев да ѝ ги отгатнам, да ги прочитам на глас… Сите идеали на светот не вредат колку солзите на моето одземено дете. Ми jа уништиjа надежда. Неможам никого да љубам. Не си го сакам и животот без моето дете. Не ги мразам луѓето, само се чувствувам подобро кога ги нема околу мене.

Стоеше до сандукот во кои грижливо jа чуваше облеката од синчето Дончо. Ги чуваше сите негови шеи; како што растеше, сè до четвртата година. Кошули, чевли, фанели, чорапчиња и капчиња. Но, jа забележав и моjата комитска капа. Ги милуваше и се надеваше дека еден ден ќе ѝ го вратат луѓето кои по наредба на кралицата ги собираа децата во специjални логори...

Забележав дека по неjзините образи ѝ се спуштени две големи како бразди - брчки; како изодени патеки. Не зборуваше само ме набљудуваше.

Во очите ѝ забележав некаква необjаснета молба.

Нема збор. Молчи. Болештините ѝ празнотиjата во мугрите црни ѝ го убиле зборот...

Се присетив на нашата младост и кога љубовта во нас невлезе од големата врата, а сега каj Кираца тагата влегла од споредната врата и ѝ направила експлозиjа на наjосетливите чувства. Си велем: Какви маки и црнила наседнале во неjзината душа!?

Jа прегрнав и по навика: “Кирацо, љубов моjа. Се вратив во нашето гнездо.” Не ми рече ништо, ама jа стискам во прегратка и си намнисувам на фустанот со цветови, што го носеше.

Си велам Зарем ме заборавила?... Леле ние ленди, шчо катара не наjде?... “и ме удри умот на наjлошото: Сигурно Кираца го има изгубено сеќавањето.” На неjзиното лице речиси и да немаше шминка, но така беше уште поубава. Посилно jа стиснав во прегратката, но се подизгубив како си го намнисував минатото, на неjзиното убаво пеење со убавиот глас што и се разлеваше по нивите, а тоа се повеќе болеше оти жената го планира и прави гнездото...

“Што ти е?”, jа прашав со пригушен здив. И откако Кираца и понатаму ме гледаше вкочането, посакав да jа успокоjам: “Jас сум Крсто. Се вратив! Зошто ме гледаш така?” Таа на слепо посегна по моjата рака, а jас со чудна возбуда и радост и jа стегнав неjзината. Почувствував како да се враќа во минатото.

Кираца воздивна длабоко и се обиде да се насмевне, ги спушти рацете врз здиплената облека на синчето Дончо. Таа кимна со главата, но се чинеше дека одваj го слушнав. Jас се наведнав и го допрев неjзиното чело. Таа затрепери.

Обвиени сме во црна мугра ѝ велам:

“Што ти е? Мене не ме умиш?”, одново jа прашав и ги чувствувам морниците под кожата и треперењето на прстите.

Таа само полека одмавна со глава, а jас jа погалив по косата ѝ и реков: “Кирацо, љубена моjа, што ти е?” Сè се повторував и по долго набљудување ме загрли со очите полни солзи и ми рече: “Ела (Доjди), Сени (седни) до мене.” Плачиш?

Првата реченица коjа jа изговори беше:

“Да, Плачам!” Се поттргна од мене за да ме гледа и ми рече:

“Не верував дека ова е вистина и дека еден ден ќе те видам...”, ми зборуваше забележително охрабрена и уверена во себе ми вели:

Ќе ти раскажам сè за нашиот единец син… Ме jади jанџа. Jас родив дете, а тоа ми го одзедоа, а за една маjка, тоа значи, дека ѝ е одземена душата...

Со години чекам вест од синчето Дончо, и нема, а од срцето катаден си лачам отров и колнам по:

СКРИЕНАТА РАКА НА КРАЛИЦАТА ФРЕДИРИКА.

Кралицата Фредирика не знам дали знаеше до каде ѝ беа границите на неjзината сила!?

Раскажуваше со болка и немирниот поглед, ме убиваше со своjот тагослив здив, и загубената душевна родост. Кога jа забележав добро, таа срона неколку солзи, ме прегрна со некаква голема вина. Ме трогна. Jа стискав во прегратката и jа уверував: - Те сакам. Секогаш ќе те сакам. Колку сум среќен што те гледам со мене. Веруваjми, ќе го наjдеме синчето наше!

Сериозно?

Насмевката на Кираца ѝ стана ведра, блескава и искрена.

Се израдува и крепка jа прегрнав.

“И jас те сакам”, прошепоти Кираца, со набликнати солзи и се сврти кон мене. Таа сега не бегаше од стравот, од минатото, од товарот на таjнините сокриени во своите пазуви.

Ох, каква тежина? Тежина од коjа може и каменот да распука...

Кога почна да раскажува:

Со години во нашата кшча нема место ни за радост, ни за молчење. Сега е време за гласно липање. Нема да протрча дете, нема глас, нема смеа, нема радост. Ни ги звеа дечките и каj сите ни jа пресекоjа радоста и на сите маjки ни отвориjа рана, болна, сечена, тешка, отворена рана... рана на срцето и рана на срцето и рана на душата, рана што здрави, присеќањето на рожбата боли и се отвара, се обновув и крвари, гори и пече. Ничие срце не може да помогне за да се намали таквата болка, зашто е длабокавгнездена во срцето и водушата. Доjде такво време да се плашиш и да се разбудиш. Да не знаеш ни на коjа старан ќе излезиш, ни коj таму ќе те чека...

Болките ѝ крвареа и не беше можно да разговара, но посака полека да ми раскаже сè, и да ми ги опише сите нечовечности што се правеле кон маjките на одземените деца. Гласот ѝ беше полн со сочувство. Почувствував како ѝ се стегаше грлото додека ги изговараше зборовите со расплаканите очи, а очите ѝ беа големите порти низ кои ме водеа до неjзината настрадана душа, а таму можев да ги почувствувам сите страдања.

Кираца, на сè памтеше. Ми jа стискаше раката и ми вели:

“Крсто, ти напишав за детето што насила ми го одзедоа. Но, не само мене на сите маjки и тоа било по наредба на кралицата фредерика”.

Се исправи пред светичката “Богородица” и колнеше: Кралице!