Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A Century of Silence (1913-2013)

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ ОД КОГА ДОJДЕ ГРКОТ. (1913 - - Part 03

Par Стојан Кочов · Partie 5 sur 24 · Environ 17 minutes

Lire en English

“Човекот е навистина обезумен, па тоj во туѓа земjа и наша власт прави што сака. Зарем е толку не пеан поп, да не знае дека Македониjа е под отоманска власт!? А знаете ли што прави тоj?” Аѓутантот, ме гледа во очи и вели: Господине команданте! Вие знаете што направил овоj бесен поп!? Овоj нее господово чедо, туку тоj е поопасен и од ѓаволот, коj сака да им копа по утробите на овие мирни рисjани луѓе. Тие си имаат православна црква и припаѓаат во Егзархиjата и е полна со нивни светци, а овоj Каравангелис, сака да ги натера во Елинската, а такви цркви тука нема. Сега во неколку цркви, решил да ги замени и светците, зарем нели е антихристовско.

Тоj одамна тука го шири бесот на Jужните христjани и агитира:

На Костурчани им вели, вие сте Грци уште од Александер Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земjата што jа газите е грчка. Затоа сведочат и спомените што се криjат во неа, и тие се грчки, и монетите што ги наоѓаме се Грчки, и потписите се грчки.

А погледните! Во рацете jа држи дебелата книга и jа распарчува, а во неа се АВТОГРАФСКИТЕ БЕЛЕШКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТИТЕЛИ - ИСИТЕ ХРИСТОВИ ВОJНИЦИ И СИНОВИ НА ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИJА.

Еве видете ги имињата: Св. Ангел Лерински. Преподобен Jаков Костурски, Преподобен Дионисиj Костурски Преподобен Ѓорги Костурски, па дури тука била и Злата Мегленска, Св. Никита Серски и многу други богоугодни македонски светители. Тие опстоjувале тука и тогаш кога им било наjтешко.

Значи вистината постои. Она што може да се измисли е само лагата!

Тоj сега дошол и одмна почна да ги поткопува чувствата на сиромашните луѓе и им пропагирал со давање златници кои ќе се декларира Грк. А тоа денес се гледа; на балконите и пенџерињата, како тие продадени души ги изнатопориjа грчките знамиња. Зарем тоа не значи дека овоj бесен поп, го повредеува и законот во оваа наше турско царство! ? Сето ова што го прави овоj поп, треба да се изгони од каде дошол.

Покраj нив стое и слуша Демирпеjко - беj, коj дошол дури од Jанина на гости каj Хусеин - беj. Охрабрен од аѓутантот му рече:

Аѓутанте, ти си во право. Овоj човек - поп, го следам, а одамна и сите костурчани велат дека тоj отстапува од христиjанската вера и jа носи сенката на алчноста и го злоупотребува нашето гостопримство.

Jас многу добро ги познавам Рисиjаните од овоj краj. Моjата баба Севда, на моjот прадедо Али - паша Jанински беше од овие горски села под планината Вичо. Таа била многу убава. Тоj jа украл и со неа роди три сина. А еден од нив е и татко ми Галипеjо - беj. Ние jа викавме баба Севда. Поради неизмерната почит, коjа ме порасна и ме воспита, jас нема дозволам овоj налудничав поп да го прави ова спрема овоj народ.

Овоj ѓавол поп, не заслужува да jа носи палка со сребрен оков коjа jа користеле македонските светители, маченици и предобни отци, кои се родиле и живееле во Костур и jа ширеле Христовата наука и вера. Све уништи, како да сакал, сè да почни од него. Ете, погледнете, тоj, jа уишти и дебелата книга со наjдрагоцените македонски записи со насловот;

АВТОБИОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТИТЕЛИ - И СИТЕ ХРИСТОВИ ВОJНИЦИ И СИНОВИ НА ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИJА, во коjа Тие опстуjувале тука и тогаш им било наjтешко, кога биле измачувани и обесправени, затворани, поробувани, рспнувани на крст, кога главите им ги отсекувале со меч, а телата на парчиња, кога кожите им ги дереле, кога насилно ги терале да се откажуваат од Христа и своjата татковина, тие му останале верни на Христа и на земjата македонска.

Тоа, ми го раскажуваше моjата многу почитуваната и незаборавна баба Севда ми велеше: Ние Македонците сме многу трпелив народ, но тоа не доведе да jа изгубиме своjата света црква и нашите светци… Ние такво зло од турската власт не видовме, туку сега се наjде еден заскитан Каравангелис да го поткупува и подлажува народот…

Ех попе, попе, незнам како можеш да се нарекуваш “господово чедо”? Како можеш, лебот да го jадеш од овоj народ; кога сите твои злодела се одвиваа по отворената спирала на злото? А си дошол тука дури од џенемот, да проповедаш христиjанска вера!

А, ете, напрсти се броjат неколку од наjнечовечките злодела што си му ги сторил на овоj македонски народ, коj никогаш македонското поколението нема да ги заборави:

Си потплатил да ти jа донесат главата на директорот на оваа гимназиjа на Лазар Поп - Траjков (3)

Џелатот Коте, си го пречекал со зборовите, кои не му доликуваат на еден христиjан и уште како што се преставуваш како господово чедо, а под кое име jа играш валканата игра на еден крвник на македонскиот народ. На Коте си му рекол: Сега ми олеснаа обврските и грижите. Тоj беше моторната сила на овие комитаџии. Сега нема да пишува поеми, нема да ги учи комитските деца.

Верувам, дека македонските поколениjа со восхит ќе jа пеjат песна за воjводата и поетот Лазар поп Траjков:

Зашчо плачиш, зошчо жалиш, ти висока лисец планино, Зашчо с’ магла се покриваш од горе до долу?

Jас ќе плачам и ќе жалам, дур до век века, зашчо виду как заклаjа Лазо Попо Траjков.

Отсекоа горда глава за пендесет лири, однекоа во Костура, бакшиш на деспото Каравангелис.

Срамно ести срамно, да се збора за деспото, шчо го плате ѕверот Коте да заколи Лазо.

Аj да кажеме: Бог да прости, Лазо Поп траjков!

Првиот и наjголем костурски воjвода и поет!

* * * Демирпеjко - беj, стоj разлутен, и со десната рака jа држи рачката од сабjата, коjа му е скопчана за широкопоjасен ремен и му вели:

Срамно е за еден владика! По ова си се погрижил преку турските власти главата да биде закачена на уќуматската порта во Костур и таа си jа оставил да виси, сè до последните денови на октомври.

Демирпеjко - беj, на Каравангелис, му вели:

Те прашувам, дали веруваш во христиjанската вера и правда или под твоjата црна мантиjа се крие некоj мрачен џелат.

Ваквиот вида разбоjници му припаѓаат на тие таканаречени;

психопатци и луѓе социопати, а не господови чеда.

Демирпеjко - беj, гледаjќи во обесената глава што се нишаше од октомрискиот jужен ветар, без никаков одреден израз на хероjство и доблест, страдање или страв од смрта, рече: Мрачни случки доживува македонскиот народ, од овоj разуван поп.

Туртура, насилство, обезглавување на голем броj деjци. Тие диви и нецивилизировани доjденци, не треба нашата империjа да ги толерира!

Во еден миг се загледа, во луѓето кои минуваа и за миг застануваа, сепнати од несекоjдневната глетка. Крвта од главата и беше докапчена и буjната коса му се развеjуваше, очите замижани од болката на ножот.

Налутено, погледна кон Каравангелис и му вели: Срамота! Си ги организирал и следните колежи, што човекот од таквите зло се вџашува: Ете што напишал преставникот на руската амбасада во Битола за овооj гнасен и нечовечки колеж што го направивте во с. Загоричани:

“О, Боже!!! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злоделата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до пети. Тие извршиjа ужаси нечуени досега во светската историjа на човештвото.” За колежот во село Загоричани е запишано: На 25 Март 1905 во селото Загоричани во текот на т.н. од Грците Македонската борба, е извршен наjголем крволочн напад од околу 200 избрани платени воjници кои беа под водство на грчкиот офицерски штаб. Убиjа повеќе од педесет невини селани (меѓу нив имало старци,жени и деца) и ги изгореа останатите куќи и плевни кои имаа останато по востанието на Илинден. Колачите воjници го напуштиjа селото по пристигн увањето на турската регуларна воjска. Колежот во Загоричени фрли ужасен страв и кошмар во цела Европа,пишуваа весниците.

А што да се каже за ужасот во Зеленич!?

Крвавата свадба во селото Зеленич и да ги наброjувам.

Ех, човеку, човеку; како може да дозволува оваа наша Империjа, пред нашиве очи тоа да го прави еден таков човек, кои итро се прикрива како владика костурски?!

Концептот на “една црква” е одраз на неjзиното име “Црква на Грциjа”, позната како Грчка православна црква. Името е по западен калап и асоцира дека постои само една црква.

Автокефалноста на црквата е признаена од Костандинопол, во 1850 година, 20 години по независноста на Грциjа. Црквата на Грциjа се однесува на “стара Грциjа” како Македониjа или Крит сè уште се под фармална или суштинска управа на патриjархот од Костандинопол.

Чуваj боже!... Сега е jасно, ама ќе пукнам од мака, зошто дозволува почитуваниот Хусеин Хусни - паша, кога цел свет знае што рекол кога си го гледал селото Загоричени да горело како факел а ти си славел и си jа нерекувал 25 мартовска епопеjа и наjголем удар врз верниците на егзархиската црква, а не на грчката црква, а и самиот раскажауваш за големото андарско зло и велиш:

“Додека гореше Загоричени, jас намерно го посетив и се радував како некоjси втор Нерон”.

Незнам, од каj те донесе господ Бог. Дали на овие господови чеда и на сите христиjани во светот, кога ќе слушнат за поп и уште владика, како тебе да се радува затоа што ги убиваат обичните селани - македонски луѓе кои се молат во своjата Егзархиска црква.

Сега тоа да го прави токму тоj Каравнгелис толку злосторници и уште се радува…?

Ти, владико Каравангелис, тука во Костур треба да сватиш дека не си во Грциjа, туку си во Отоманската империjа, и да престаниш да се понашаш како разгалено дете во слаткарница!

Не знам да ли ме разбираш…?

Лукавиот владиката, гледаjќи намќорски, веднаш скокна од местото, го облече расот и со раширени раце му рече:

- Убаво зборуваш, ДЕМИРПЕJКО - беj, но да ги оставиш настрана таквите грижи и љубезност. Ти знаеш кои се тие комити. Тие посакуваат да ве истерат вас Турците и тие не сакаат да jа примат и да се молат во грчката црква и бараат 'Македониjа да биде на Македонците.

Хусни - паша, зауден вели:

- Стоjам и гледам и не ми се верува. Аѓутантите и ДЕМИРПЕJКО - беj се многу вознемирени. Мислам и не можам да помислам од каде толку гнев и негативост кон Македонците каj овоj поп? Каj владиката од поодамна се забележуваше потреба од едно такво катарзично празнење, набиено со измешани емоции и дека чекал некаков момент да изврши толкава катарза, да jа прочисти своjата душа и да изврши духовно и психолошко исполнување, емоционално празнење.

Неговите нерви не можеле да поднесуваат искрен стрес, тоj живееше во состоjба на паника и небаре jа посакуваше таквата судбина на Македонците по овоj неуспех на Илинденското востание и помислил дека тоа за Македониjа е краj.

Хусни - паша, застана гордо и вели: - Jас сум со години тука со овие луѓе (посебно Костурчани), сакам да потврдам дека:

Македонците, покраj нивната историjа, културата кои се еден од фундаменталните аспекти на секоjдневниот живот, каj нив, тоа ни дава чувство за почит на нивниот идентитет и кажува;

кои се и затоа се борат.

Уверен сум, дека Владиката е човек коj не се сака и самиот себе. Тоjа е удавен во грешките на своjот живот. Тоj допрва треба да почне вистински да живее. Но, jас мислам дека тоj е човек коj никогаш нема да го пронаjди спокоjот во своjата душа и ни Господ Бога нема да му помогне…

Каравангелис, по некое време си доjде на себе. Тоj ме гледаше.

Очите му се испакнаа како на крвник. Лицето веднаш му остаре. Ги затвори очите и ми рече:

Господине Хусни - паша, ти имаш моќ, а не верувам дека ти би го направил ова. Ти знаеш дека ако останат овие книги во Костур, тие имаат магична моќ.

Владиката, стоеше пред пашата, како пеплосан и намрштен што не jа данаjде и не jа уништи книгата “Македонската воена доктрина и обука” напишана од Гоце Делчев и Ѓорче Петров, односно таа книга била: “Правилникот за четите” што во него 1900 година биле напишани автентичноста на македонското воено образование. Во тоj правилник биле дадени насоките за поучување на македонскиот народ во основната на револуционота идеjа, за воспитување то на членството какви треба да бидат “сериозните првоборци на нациjата” Му реков:

Владико, ова е злодело и си покажал дека си можел да ги прекршуваш сите божjи и човечки закони, но не си го предвидел падот твоj, твоето спуштање на земjа; од божjо чедо си се паjавил како злосторник со сите твои акции кои дури сега ми се jасни. Глупоста е наjнеобична од сите болести, но не се надевав дека таа ги фаќа и проповедниците на верата...

Ти си jа изгубил вистината и христиjанското обожување и си направил од немоќните луѓе да му станат слуги на посилниот.

Но, ти треба да знаеш дека во Македониjа, ние Турците сме власт, а не вие Грците. Ти многу брзо jа посакуваш Македониjа да стане грчка. Ти треба да знаеш дека ние одговараме пред меѓународната jавност и пред цивилизираниот свет, а не вие. Ти треба да знаеш и тоа дека твоите андарти ние од секогаш ги сметаме за опасни банди кои вешто jа користат нашата попусливост.

Ете, сакав да ви кажам за човекот коj се поjави во почетокот на 20 век како феномен, да потплатува за сечење глави на видни Македонци, како што е воjводата и професорот Лазар Поп - Траjков.

Каj овоj владика, особено моќно средство што го користеше било комбинациjата на религиjата и политиката, додека се молеше за божjи благослов за неговоте андарти, тоj беше маjстор за психологиjата на масите и голем демагошки говорник. Со еден збор совршен глупав демагог. Беше уверен дека со масите не управува мозокот, туку нивните емоции. Тоj, во мигот на времето jа искористи оваа човечка слабост со тоа што jа применувал старовековната техника на насочување на омразата на луѓето против заедничкиот неприjател и егзархиската црква.

Каравангелис, од млади години живеел христjански живот, но откако станал владика во градот Костур, многу идолопоклоници изневерил кон христjанската вера. Можеби затоа Господ слушаjќи ги долгите молитви на народот за злосторствата направени над македонците, му испратил видение дека е доjдено времето да си оди не само од Костур, туку и од овоземниот живот, оти тоj заборавил дека му припаѓал на господ Бог.

Четврта глава

“Злосторниците никогаш не можат да бидат револуционери, секогаш се реакционери.” Владимир Нобаков Од црната македонска - костурска хроника - спомените болат Со балкансите воjни (1912 - 1913) и со Букурешкиот мировен договор потпишан на 10 август 1913 година, Македониjа и Македонците беа физички и политички поделени меѓу Грциjа, Србиjа, Бугариjа и подоцна Албаниjа ги доби Долна Преспа и Голо Брдо.

Вистината е само една, вели Крапов: Грциjа прв пат официjално стапна на териториjата на Егеjска Македониjа и во Костур пред 100 години, кога грчкиот крал потпишал декрет за окупациjа. А окупациjа е освоjување туѓа териториjа. Потоа доаѓаат децении на прогонување и асимилирање на Македонците, во кои и прифатното зборување македонски било казниво. Имаме работа со организиран систем за асимилациjа, коj реагира на постоењето на Македонците како посебен ентитет.

Старите нашчи велеа: “Откога доjде Гркот”, ни донесе опасни националистички закони; кои со нив ни ги корнеа корените, а ете до денденес уште ни го корнат коренот Македонски.

Отогаш настапиjа години на опсано живеење: измами, валкани пропаганди, херои и гробови, прогонства и исчезнати генерации - без младост”, раскажува Крапов.

На Париската конференциjа на 15 jули 1919 година, кога се третираше проблемот за правата на Македонците во комитетот за нови држави на Париската мировна конференциjа, многу беше актуелно прашањето за поделбата на Македониjа и барањето да се наjде решение. Во тие околности, англиската политика настапи со следната теза: ако се зафатиме со решавањето на граничните проблеми наложени со Букорешкиот договор, ќе се соочиме со многуброjни проблеми од кои тешко ќе се извлечеме. Тоj проблем на границите под притисок на Бугариjа меѓу 1925 и 1930 година честопати беше присутен во Друштвото на народите, често се размислуваше како да се направи таканареченото поправилно разграничување на Балканот. Меѓутоа, секоjпат се избегнуваше да се решава проблемот за ново разграничување, односно за проблемот на границите. И од тие причини во комитетот за нови држави на париската конференциjа се разгледуваше проблемот.

За доделување автономни права на Македонците во Вардарскиот дел во рамките на Jугославиjа, и исто така културните права на Македонците од Егеjскиот дел на Македониjа. Таа идеjа беше поддржана од Италиjаните и особено од Англиjа. Меѓутоа, поради спротивставувањето на Франциjа и на Србиjа, тие проекти не поминаа.

Костурска хроника низ времето на вистините (расветлување на историските вистини).

Веќе неколку часа одев по калдрмата на зелените улици на Костур. Трогнат од убавината на природата и архитектурата на градот, помислив дека историjата на овоj моj роден краj е волшебна, единствена и загадочна преставува вистинската малодушност ако човек не се интересира за неа.

Се вратив во хотелот и цела ноќ jа читав историjата на балканските воjни и jа дознав трагичната беда на духот.

Македониjа во минатото личела на театар во коj народот дури по претставата сфати дека бил нем сведок на големата национална човечка драма. Ние прогонети живееме тонеjќи половина век во еден огромен заборав и одбиваме да дознаеме што било за нас самите, за нашето минато.

Пред мене, како да се отвори уште еден кобен заканувачки пат, едно поново враќање во одамна изгубената воjна.

Во умот си реков: “Ќе наjдам ли храброст да jа кажам вистината?” Крапов, во еден момент ме гледаше, како да ме сожалува и ми вели:

“Живеам тука преку… а ти?” - ме праша љубопитно.

Jас? Jас сум гостин во моjот роден град и се чувствам како ТУГИНЕЦ ВО СВОJТА ЗЕМJА. Имам право да останам во него само некоку дена, а цел живот jа чекав оваа милос од грчката власт.

“Сурова судбина приjателе”… ми рече и се прегрнавме евоцираjќи си спомени.

Со години сме се криеле зад привидот на историjата, зад привидот на хуманоста, зад привидот на добрината, а всушност пред нас цело време се егзекуторите:

Првото етничко чистење:

Грциjа, наместо почитување на правата на Македонците, се потпиша договор за етничко чистење. Тоа се постигна со конвенциите;

А/ Неjскиот мировен договор потпишан на 27 ноември 1919 година за “доброволно” размана на населението меѓу Грциjа и Бугариjа. По силата на конвенциjата Калфов - Политис, за

“доброволното” иселување.

Но, во реалноста што се случи? Грчките власти веднаш jа претвориjа во конвенциjа за задолжително иселување и до 1925 година македонското население масовно го иселуваваа од своите родни огништа.

Б/ Лозанскиот мировен договор потпишан во 1923 година за задолжителната размена на населението меѓу Грциjа и Турциjа.

Турско - Грчката воjна (1919 - 1922) беше последен историски обид на малото, но амбициозно грчко кралство да наметне и да реализира една дамнешна великодржавничка политика за Мегали и чиста национална Елада.

Македонците - по оваа воjна, беа со наjголеми жртвите, но грчката држава не само што не покажа никаква грижа, туку ги претрпеа и пооследиците на тие “легални” договори со коj е направен невиден геноцид и сето падна на грбот на Македонците, бидеjќи од Македониjа под Грциjа беа протерани околу 70 - 80 илjади Македонци, а на нивно место беа донесени колонисти повеќе од 560,000 т.н. Маџири од Средна Азиjа.

Тоа беше првиот геноциден зафат од стратегиjа на грчката власт: Македонците да го изгубат своjот етнички историски статус во окупираниот дел ма Македониjа.

И покраj сè, Грциjа во 20 век влегла како мултикултурна држава. Во 1909 година, во стара Грциjа, оклу една третина од имињата на населените места биле негрчки. Таа мултикултурност се зголемува со “новите територии” стекнати во 1913 година мултикутурноста повторно е потисната во дваесеттите години од минатиот век со договорите за размена на населението со Турциjа и Грциjа и со преименувањето на населените места. Само со разменатаа со Турциjа,од грциjа се иселени 500,000 муслемани, а се доселени 1.5 милион Грци и христjани. Населнието во Грциjа во 1923 година се зголемило од 5 на 6 милиони, а новонаселените бегалци (“маџирите”) од Турциjа сочинуваат околу 25 отсто од вкупната популациjа.

Овие договори за размена на населението се со благослов оа големите сили.

Тоа го стори и српското кралство; по целата граница со Грциjа, од Доjран до тромеѓето досели инородно население. Таква створена зона долж границата, беше вештачка, но со умисла:

Македоннец со Македонец да нема директен контакт.

Ноември 1926 година - тмура Костурска есен.

Од грчката окупациона власт, човек дури и такви работи ќе прочита во службениот весник на грчката влада. “Ефимерис тис кивернисеос” бр. 332 од 1. 11. 1926 година. Закон за задолжително заменување на Македонските со грчки имиња на сите населени места во окупираниот дел на Македониjа, а во истиот весник бр. 360, се обjавени долги списоци и на градовите со негрчки имиња, напоредно, новото име што им го клаваат на 900 села и градови. Ете како се правела голема Грциjа!