A Century of Silence (1913-2013)
ГРЕВОВИТЕ НАШИ
ГРЕВОВИТЕ НАШИ:
ДАЛИ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ САМИТЕ ПОМОГНАВМЕ ВО ОВАА ВОJНА ДА СИ ИЗГУБИВМЕ СВОJОТ ЕТНИЧКИ ИСТОРИСКИ СТАТУС ВО МАКЕДОНИJА ПОД ГРЦИJА И СО ТОА ИМ СЕ ОСТВАРИ ЦЕЛТА НА ГРЧКАТА СТРАТЕГИJА!?
Резултатите на НОФ и АФЖ се крајно поразителни, рамни на национален пораз - геноцид.
НОФ и АФЖ минувајќи низ фазите на времето кога припаѓале под налогодавците КПМ/КПЈ и КПГ, грешеле и правеле големи гревови кон сопствениот народ. Свесно или несвесно сите нивни постапки, целокупното однесување и сите преземени (или непреземени) дејствија, не доведоа кон национален пораз, односно кон самоуништување како краен резултат. НОФ и АФЖ (КПМ), се покажа дека беа без јасна изградена политичка филозофија за тоа кои беа виталните интереси на Македонците под Грција. Тоа ни го потврди исходот на настаните, бидејќи ние Македонците не ги афирмиравме најсветлите вредности на нацијата: од Македонци - во целата војна се изборивме како Славомакедонци, од национални симболи ни трага, просто македонскиот народ се најде фатен, спротивно на својата волја, а сето тоа остави длабоки психолошки рани во колективната свест и душа на македонскиот народ под Грција. Но, најболното е што до ден - денес тие кои не поведоа (НОФ, АФЖ, КПМ и КПГ) во Граѓанската војна велат и жестоко се бранат дека било оправдано. По војната многумина сметале дека правдата на овој свет ја нема.
Стоjан Кочов во годините на Граѓанската воjна (маj 1949 г. на фронтофската линиjа на планината Грамос)
ВОЕНИ ВЕСТИ СЛОБОДНА ГРЦИJА:
ГРАЃАНСКАТА ВОJНА НА 29 - 30 АВГУСТ 1949 Г. ВО ГРЦИJА ЗАВРШИ!
ЕДИНИЦИТЕ НА ДАГ ПРЕМИНАА ВО АЛБАНИJА.
РАЗОРУЖАНИ СЕ ОД АЛБАНСКИТЕ ВЛАСТИ И СМЕСТЕНИ ВО ЛОГОРИТЕ БУРЕЛИ и ЕЛБАСАН, А ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОВДСТВА НА НОФ И АФЖ ПО НАЛОГ НА КПГ И ГЛАВНИОТ ШТАБ НА ДАГ ОД 1- 5 ОКТОМВРИ 1949 ГОД. УАПСЕНИ СЕ И ОСУДЕНИ ОД КПГ КАКО ТИТОВИ АГЕНТИ Граѓанската воjна на Македонците им донесе безброjни семеjни трагедии По пет години,се размрачува, македонските семеjствата се растуриjа, куќи се обездетиjа,селата останаа уништени и опожарени, само црквите останаа неми сведоци..., но дали ние Македонците знаеме нешто повеќе за судбината наша. Времето на вистините запрело, нашето робување во поданството и црвената бура се стишува, валканите пароли престанаа, повикот за бекство се засилува, мрачните мисли на идеолошките активисти извршиjа геноцид и се чудиме;како и од гого го изгубивме родното огниште!? Зарем могле ова да ни го направиле КОМУНИСТИТЕ!?
Ако, тогаш постоеше како правда на моќникот (КПГ). Значи, правдата не е во правилноста, туку во моќта. Кој е моќен, тој е праведен (тоа многу важело и за комунистите). И денес обратното не важи... Зарем толку не беа упатени овие наши стратези (КПМ, НОФ и АФЖ) дека Големите сили и нашите соседи однапред имале алтернативно решение за нас Македонците!!? Ние Македонците (преку организацијата НОФ, АФЖ и НОМС) не ја креиравме и не ја создававме иднината, туку ја чекавме. Зошто? Затоа што владееше фатална дезорганизираност на македонските позиции и така Македонците под Грција станаа невини жртви на КПГ. По Граѓанската војна дозволивме да ни биде избришано минатото, обезличена сегашноста и да не бидеме присутни во иднината.
Во овој полувековен период, токму од такви таканаречени ангажирани интелектуалци (ако може така да се наречат) кои не само што учествувале (или се уште учествуваат) во политичкиот живот и во поделбата на политичката моќ, туку и како апологети (има и такви) го ставаат на коцка и сопственото интелектуално кредо. Некои од нив толку многу се губат во политичките води (на дневната политика) што интелектуалната доблест ја користат само како демагошка вештина. Но, има и една друга група која работи зависно од потребата на нарачателот и сопствените лукративни цели и потреби можеа (можат) во еден период да афирмираат и да фалат едни идеи и факти, за во друга ситуација да бидат најжестоки нејзини критичари. Оваа група (лажни херо ии жртви) западна во ќорсокакот на своите неостварени амбиции да учествува активно во делбата на политичката моќ, но поради сопствениот неуспех, константно се исполнети со гнев, завидливост и нихилизам.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/14 le 29 octobre 2026