A Century of Silence (1913-2013)
КАКО КОМУНИСТИТЕ ВО БУРЕЛИ ГО РЕШИJА И ГО ПОГРЕБАА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ
КАКО КОМУНИСТИТЕ ВО БУРЕЛИ ГО РЕШИJА И ГО ПОГРЕБАА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ:
Пред наjвисокото комунистичко раководство на КПГ, високиот преставник на СССР Григори Петров член на Информативното биро, Главниот штаб На ДАГ и сите борците (Грци и Македонци) кои крварваревме четири години во Граѓанската воjна,Нофитите и Афежитките и високи преставници на КП на Албаниjа.
Дали ова: СТРАТЕГИJАТА БЕШЕ ОДМАЗДА ЗА ПРОТЕРУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИJА!? -Крапов,- вели ДА!- но таа не заврши!
Хронологиjа на настаните:
Само два дена по логорувањето, македонските раководители на НОФ и АФЖ, од раководството КПГ, прогласени за банда на ТИТО И КОЛИШЕВСКИ. Сите ние борците на ДАГ,останавме вчудоневидени,но зошто во текот на воjната незнаевме ништо?
Крапов ми вели: Е,таков е комунистичкиот систем. Работи многу ЦОНСПИРАТИВУС (Таjно,строго поверливо!).
Конспиративно! Разбра,ми вели.
Му одговорив, со не. И му велам, ама тогаш зошто сите се прават наjивни!? Лажни херои и жртви. На Македонците не им е виновен никоj,тие сами прифатиjа да им бидат слуги на стратешката политика што jа спроведуваше Jугославиjа и сакаше да има влиjание и над Македонците во егеjска Македониjа.
Веднаш по логорувањето, органите за безбедност под раководство на генералот Димитриос Вландас и офицерот на разузнавачката деjност Периклис Мировлитис при ГШ на ДАГ во логорот Бурели, и останатите логори, стапиjа во акциjа по сите логори за фаќање на Титовите агенти Од 1 - 5 октомври 1949 година, беа арестовани:
1. Паскал Митревски, претседател на организациjа НОФ - формирана во седиштето на ЦК на КПМ, во Скопjе на 23 април 1945 година. Сите избрани членови во НОФ и АФЖ, беа избрани со кооптација (назначени од Митревски). Тоа го сторил по враќањето од Белград, каде престојувал повеке месеци и добивал инструкции од овластени лица Ha LIK КПЈ и токму тогаш беа изабрани следни членови.
Павле Раковски, Минчо Фотев, Вера - Евдокија Балева, Уранија Урукова, Ташко Хаџијанев, Лазар Поплазаров, Христо Колен-цев, Ламбро Чолаков и Михаил Мањов и Темистоклис Леократис.
Следниот ден на 3 октомври 1949 година уапсените се најдоа во заедничка просторија и се прашуваа: Но, зошто? Зарем ние сме воделе непријателска дејност против нашата партија КТ? Ние постапувме само по наредба на КИТ со задача 3a што по масовно да го орагнизираме Македонскиот народ во борбата за света слобода. Ние ги теравме македонските селани да дадат се за светата борба. Ние се сложивме да ги евакуираме и своите деца за да и жените влезат во борбрните редови Ha ДАТ.
КПГ- МАЌЕАТА ШТО ИСКРЕНО JA CAKABME Сега почнав да верувам дека сиот свет е тајна, нештетна тајна, која станува ужасна од нашите обиди да ja интерпретираме како тешко скриена вистина Рекол: Умберто Еко.
Крапов ми вели: Македонските комунисти Нофити и Афежити cera велат дека КИТ, ја сакаат како нивна, партија и така низ целиот тек на војната му ја проповедаа на македонскиот народ, политиката на КИТ, но таа се покажа; како маќеа што искрено ја сакаа.
Дали овие наши луѓе изигруваа наивни или навистина беа и останаа поданици на КИТ и KI1J!? Ако тоа него правеа, овие Македонци од НОФ и од АФЖ како што сега изјавуваат дека:
Ние постапувме само по наредба на КИТ за задача што по масовно да го орагнизираме Македонскиот народ во борбата, македонскиот народ ќе си останеше на својата вековна прадедова земја!
Нема лудило од кое човек не може да се извлече, освен од суетата Жан Жак Русо (Француски филозов).
Но, со овие изjави на Вера и другите, тоа на што покажува?
Покажува дека каj нашите Македонски- комунисти имало некоа жичка на САМОБИЧУВАЊЕ. Значи, НОФитите и Афежитите, попрво работеле за тугинците (Проектантите на воjната) кои планираа да не ископачат од нашите родни места и на сето тоа што беше против интересите на Македонскиот народ!
А сега, изигруваат наивни и стравот ги тера да размислуваат:
Што може да стане со нас?...
Страв и ужас, каj уапсените Нофити и Афежити.
Другиот ден на 4 октомври 1949 година, генералот Вландас луто ги погледнува и им вели: Пишуваj за бандата на Тито и Колишевски!.
Бара од сите нив изjава и на секого им вели: Пишуваj, пишуваj за твоите гнасни дела. Така, секои од уапсените, беше должен да даде изjава.
На 7 октомври 1949 година беше свикан голем собир на сите борци на ДАГ, а ги имаше повеке од 3,000. На истиот собир присуствуваа членовите на Политбирото на КПГ, членовите на ГШ на ДАГ, Генералниот секретар на КПГ НИКОС ЗАХАРИJАДИС, министерот за надворешни работи на Привремената влада Петрос Росос, членовите на ГШ и Политбирото: Василис Брџиотас, Мичос Вландас, Георгиос Гусиjас Периклис Мировлитис (покасно во Полониjа издаде Книга: Предавството на Тито и неговата клика во Грциjа.
Жолчен говор одржа генералниот секретар на КПГ Никос Захариjадис, коj понеколку години покасно ќе се обеси во затворот во градот Сургун - Сибир.
Никос Захариjадис и за сите рече дека: Во нашата света воjна;
сите овие луѓе беа под големо Влиjание на КПJ и изиграа предавничка улога, а за предавници нема место во нашите редови.
Што тоа значи ви политичка смислат е по моќта на валканите туѓи политики над македонците и ги анализираме по длабоко ќе видиме дека:
Идеолошкиот активизам над Македонците под Грциjа во годините (1945 -1949) да се крени масовно македонскиот народ од страна на НОФ и АФЖ бил апологиjа на Jугословенството.
Впрочем, тоа го потврдува и лидерот на АФЖ- Вера пред Захариjадис вели: Комунистичката Партиjа (КПГ) на Грциjа е моjа партиjа!
Тогаш, каква беше идеолошката концепциjа на НОФ и АФЖ, за разлика од концепциjата на КПГ, па цело време се правеа компромиси со сопствените идеолошки концепти?
Ние воjниците (Макдеонци) на ДАГ, кои прв пат слушнавме за овие луѓе останавме со отворена уста дека се “Титови агенти” кои КПГ ги поставуваше како одговорни за нас Македонците и пред секоjа борба не убедуваа дека нашето загинување за оваа борба е свето, затоа што македонскиот народ ќе живее на слобода.
Значи, ако тргнеме во потрага по корените на злото се судруваме содве прашања, и тука треба да го бараме одговорт:
1. Како и зошто Тито (КПJ) го активира македонскиот синдром и ги турна Македонците во идеолошкото црвени губилиште
(1945 -1949)!?
2. Како Зхариjадис (КПГ) ги манипулираше Македонците низ пеколот на црвеното губилиште!?
* * * Заклучоците на обвинителниот акт. Веднаш органите на Државната безбедноост ги уапсиjа НОФитите и АФЖитките и ги затвориjа во Бурели и таму останаа сè до декември 1949 година.
На 15-16 декември 1949 година,со бродот Мичурин од Албаниjа заминаа за СССР. По пресудата од Врховниот суд на СССР, беа упатени во сибирските логори.
Во тоj период на време, во родните села беше направен пустош, а населението истерано по светот.
Сега размислувам: Колку е била детално разработена матрицата за геноцид над македонското население. Тоа дури се гледа и во осудените, дека и тие навистина не знаеа што ни се случува од деjаниjата на КПГ и КПJ.
Крапов ми вели: Е,таков е комунистичкиот систем. Работи многу ЦОНСПИРАТИВУС (Таjно,строго поверливо!).
Конспиративно! Разбра, ми вели. Ете, на овоj чин сите настапиjа со своето лидерство, наместо со ставот на лидерство и во аманет ни оставиjа, секоjа вистина да си има две верзии.
Крапов преокупиран со мислите за целиот тоj нивни однос продолжи: Каj нашата Вера лидер на македонската жена и Вождот - Захариjадис, беше следниот: Вера кон Захариjадис се однесуваше со внимање во кое имаше Идеолатриjа и претпазливост, а Захариjадис кон Вера исто така со внимање, но во него имаше доза на сожалување: ете, толку “добар и совесен другар”, а сега мора да jа осудува и да извршува такви сурови и неблагородни работи. Тоj секогаш при нивната разделба остануваше со иронична злоба. А тоа го правеше кон сите лидери на НОФ и АФЖ.
Му одговорив, и му велам, ама тогаш зошто сите се прават наjивни и лицемерни!?
Крапов, се замисли и ми вели: Значи,човек не треба да биде многу умен да свати дека Македонците Комунисти (жигосаните) изиграват многу НАИВНИ, но и во целиот овоj организиран геноцид. Како можат да бидат и виновни и храбри, сите заедно со Захариjадис изигруваа НАИВНИ, затоа што тоа го правеа сите и Обвинетите и обвинувачите на чело со Захариjадис, кои по неколку годни не издржа во затворот и се обеси, а овие нашите од НОФ и АФЖ во Алмата, пред Хрушчов барале виза за да севратат во Jугославиjа, и му Изjавиле дека “Товариш, Хрушчов, ми Jугосовенски Комунисти!” Каква перфидна играа сите, договорена помеѓу КПМ/КПJ Тито и КПГ Захариjадис, а сето ова добро го знаеле каква била ситуациjата по Втората светска воjна. Ете што зборуваат следните:
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/15 le 29 octobre 2026