Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

A Century of Silence (1913-2013)

ГРАЃАНСКАТА ВОJНА (1946- 1949)

Par Стојан Кочов · Partie 13 sur 24 · Environ 12 minutes

Lire en English

ГРАЃАНСКАТА ВОJНА (1946- 1949)

Требаше ли да се случи Граѓанската воjна во Грциjа? Што од неа добиjа Македонците и преживеаните борци? Одговорот би бил - освен во душата и прогонство; забрана да се вратат во родните огништа, ништо друго.

Дали оваа последна воjна беше планирана за конечно раселување на Македонците?

Историските факти велат: ДА!

Во Граѓанската воjна на комунистите Грци не им беше целта да гинат за нивната татковина (Грциjа), туку да не натерат нас Македонците да гинеме за Грциjа. И тие како и официjална Атина (кои ги нарекуваме фашисти) им беше целта :

Македониjа - без Македонците. Ние Македонците токму со оваа воjна го изгубивме своjот етнички историски статус во ова наша Македониjа.

Таквата остварена цел официjално jа кажа Генерал Маркос Вафиjадис: роден во село Тосиjе во 1906 година во Мала Азиjа.

Завршил четврто одделение и прогонет од турските власти се досели во Македониjа. Да го проследиме патот на Маркос Вафиjадис: тоj работаjќи како тутунски работник, стана член на КПГ од 28 година и се декларира како комунист. Набргу стана член на ЦК на КПГ од 1942 година, втор секретар на битото на КПГ за Македониjа и комесар на Групата дивизии на ЕЛАС во Македониjа под Грциjа. Воен командант и претседател на Привремената демократска влада на Грциjа за време на Граѓанската воjна. Во Резлуциjата на ПБ. На ЦК КПГ од 15. 09.

1948 година се велеи дека и Маркос Вафиjадис како комесар на Групата девизии на ЕЛАС во Македониjа следел шовенистичка политика спрема Словеномакедонците борци. (Сл. “Неос космос” август 1950. '”Десет години борба”' стр. 470.)

Маркос - генерал или злосторник?

Тоj по враќањето во Грциjа од СССР(Види грчкиот весник “Та Неа” и “Епикера” што се печати во Атина, беше обjавена информациjата за средбата во Атина на генералот Маркос со генералот на владината воjска на Грциjа Цакалотос во времето на Граѓанската воjна, Види: “Нова Македониjа”, од 25. 02. 1992.

Генеролот Цакалотос и како човек и како воин е по хуман; жали за жртвите во Граѓанската воjна, а генерал Маркос му одговара:

ние во Граѓанската воjна се боревме и ги убивавме Македонците за да не jа изгубиме Македониjа под Грциjа!!??

Значи, генерал Маркос, преставуваjќи ни се како комунист не лажеше!? Па произлегува дека ние во историjата се отепавме да пишуваме славопоики за генерал Маркос коj се покажа дека водеше наше истребување во самите редови на кои му служевме.

Значи, дваjцата средноазиjадци кои во КПГ станаа високи раководители; како Никос Захариjадис и Вафиjадис Маркос не поведоа во Граѓанската воjана, со мамката на КПJ/КПМ ( НОФ и АФЖ) дека со нашето масовно саможртвување ќе ни создат нов свест, а тоj свет го доживеавме како второ раселување на Македонците, сега извршено од колонистите кои беа донесени во Македониjа по Балканските воjни.

Време на големи промени:

Граѓанската воjна, и феноменот на нашата поданичка свест и петте погубни години на НОФ и АФЖ водени од мало-азиjатски колонистии и тоа во двата столба :политичкиот и воениот столб.

Првата бркотница од ФЕНОМЕНОТ НА НАШАТА ПОДАНИЧКА СВЕСТ (приклонување кон КПГ или КПJ)

интересен е и податокот дека токму во таквиот расцеп се одвиваа сите тогашни парадокси. И едните и другите тврдеа дека се големи патриоти. Анализираjќи го феноменот на нашата поданичка свест, беа наjдобри “патриоти”, за кои сите други беа предавници и такви во СНОФ, НОФ, АФЖ, НОМС, КОЕМ, Илинден (формиран во Ташкент) и цело-купното македонското движење ги имаше како плевел. Тие беа патриоти по професиjа, за секое ура очекуваа награда, сеедно дали од Главните штабови или од Партиjата, во спротивно тие би биле предавници.

Крапов вели: “Ако ги проследиме непобитните докази и факти, за отсуството на македонската свест за нашето коленичење, ќе видеме дека извршениот геноцид над нас Македонците бил обмислен”.

Во тоj период на време дури и “Братските и комунистички партии” на чело со СССР не сакаа да jа погледат вистината дека на нас Македонците ни се спремаше геноцид.

Но конкретно: зошто им верувавме на идеолошките активисти (на НОФ и АФЖ), кои уште во април 1945 година пристигнаа во македонските села и по директивите на Тито, Темпо, Колишевки и Узуновски - Абас, проповедаа дека ни треба духовно обединување и токму е моментот сега, кога Jугосалвиjа стое зад нашата идна борба. Нофитите и Афежитите агитираа:

Овоа што КПМ и КПJ, можеме да го гледаме само како духовно обединување, не како некоj политички проект во заднина. Ова е голем и убав момент за сите Македонци во светот и треба да им веруваме на грчките комунисти, велеа овие наши Македонци - идеолошки активисти.

Потоа низ целиот тек на воjната, спрема таквата идеолошка пропаганда, се поведувавме како полтрони, пред Захариjадис и Маркос изигрувавме сервилни итромани, дури сами сме се заборавиле. Намамени, заитавме кон ветената “иднина”, а сме си jа заборавиле сегашноста. Едно е сигурно точно. Сме си оставиле темно досие на “Здодевната Историjа”. Ете така со години и децении, и во емиграциjата но и во сегашноста живееме со страв да не ги невредиме тие кои ни го нанесоа злото. А ние Македонците великодушно и искрено jа прифативме нивната парола и со години крваревме.

Голема беше заблудата наша Македонска, да се бориме во редовите на КПГ за ослободување на Егеjска Македониjа и обединување на цела Македониjа. Така бевме лажени од двете страни: КПГ, од КПJ (КПМ)... Тоа е страшна работа..., а сите jасно го знаевме наjвисокиот плафон што го гарантираше КПГ беше: “Полна рамноправност на Македонците во рамките на Грциjа”- и ништо повеќе! Други настоjувања се покажаа дека биле jалои и БЕСМИСЛЕНИ ИЛУЗИИ за влегувања во било каква заедничка борба (посебно во Граѓанскта воjна се покажа дека е една голема измама).

Да се бара логика во “братска”, подршка, по поделата на Македониjа (1913) и да се намамува Македонецот за “Обединета Македониjа”, по Втотарата светска воjна, со нашите горди идеолошки активисти, е триумф на “танцување во мрак”.

Зарем можеше некоj да смета дека (бугарската, jугословенска или грчката) власт била толку ступидна што би го вооружувала НОФ или кое било македонско ослободително движење, само и само да одвои дел од неjзината државна териториjа?

Знам, дека, секоj разумен, ќе рече: Не! А тоа, се виде дека “братските, комунистички партии”: (jугословенската - КПJ и грчката- КПГ) не биле толку недоветни, да не подржуваат за да одделат дел од своjата проширена државна териториjа, со македонски дел.

Напротив, во таков случаj коjа било партиjа од наведените, а конкретно во Граѓанската воjна: НОФ и КПГ би биле прогласени за предавници, и како такви, осудени.

Пример: ете што вели Гркот Ставрос Каркалецос, претседател на грчкиот центар за европски и меѓународни анализи: Jас како Грк, но и многу други овде, сметаме дека комунистичката партиjа на Грциjа тогаш, одигра антигрчка улога, имаше изjава од воениот водач на партиjата во Втората светска воjна, Арис Велухjотис дке границите на Грциjа завршуваат каj Олимп.

Тоа е чиста пропаганда, но од кои причини?

За да привлече Славомакедонци во Граѓанската воjна против грчката воjска на страна на комунистите. И тоа се случи. Им беше ветено етничка замена на Славомакедонците кои живееа во Грциjа, но бргу го заборавиjа тоа грчките комунисти. Тоа беше ТРИК за даги придобиjат на своjа страна против владата на Атина. (Види: “Еден век прогонство”.)

Таквите ТРИКОВИ доживеавме и од многу Грци; Захариjадис, Маркос, но и од многу членови на КПМ/КПJ, од 1943- 1949 година, но посебно од Темпо, Колишевски, Узунов и многу други Македонци - викани “Егеjци”- со слава стекната (од КПМ/КПJ и КПГ) од jавањето на бесен коњ.Кои, сите тие преку Идеолошка офанзива со своjот космополитизам или поданство (против македонската национална свест) страшно го разниша македонскиот староседелски корен.

Крапов се крена и со дланката си jа прочешла белата коса и ми вели:

Чудна логика завладеа во Костурско: од грчките и jугословенските комунисти; ако си против нив ни реката Белица не те пере, и ги штитиш Комитите кои умираа за родна Костурска грутка. И обратно, ако си безрезервно за комунистите, тогаш си не само напреден и си со идеjте на комунистите, добиваш и име на интернационале интелектуалец и интернационалист.

Со таквата интернационалистичка ориентираност на Костурчанецот по сто години се игради нов човек, апатичен спрема тоа што му припаѓа, ама надвор од Костур. Сега раштркан по светот, духовно осиромашен и свесен замижува на се како космополит живее со сеќавањата...

Несфатливо е и ден-денес, како сме могле и самите (учесниците во редовите на ЕЛАС) да учествуваме во уништувањето на една компактна целина организирана од 64 костурски села, со повеќе од 9.800 вооружени македонски комити кои застанаа храбро и достоинствено против грцизмот и не сакаа да jа прифатат елинизациjата и да се откажат од националниот идентитет. Наместо да го валоризираме како национален отпор, во нашата историjа го оцрнавме преку сите можни идеолошки етикетирања. Но, што е за чудо, во новиот поход, пак масовно ги ангажираме (од сите тие што останаа живи или нивните синови. ), но сега пикнати во стапицата; како добри синови на комунистичката партиjа на Грциjа...

Поjавата на комитите е невероjатен миг на македонската стварност, на место да имаме почит и достоинство спрема сопствениот народ, ние поново влегуваме во политички игри со тие, кои наjмногу го носеа гревот за уништување на костурските комити.

Ако земеме предвид, дека во светот, нема нациjа коjа срушила нешто што е било создадено (автоктоно) од сопствениот народ, тогаш ние Македонците сме први. Токму за гревот на уништените и прогонетите, но посебно за македонските костурски комити.

Се покажа дека секоjа идеологиjа без исклучок води до насилие на мислата и сега таквата идеолшка интимност и двоjните стандарди на душогризниците, Македонците ги правеа со различни визии, со различни копнежи за заземање на некаков положаj. Се разбира дека ги очекуваше; во секоjа нова партиjа – нов свет, помалку ред и доверба. Но, тоа преставуваше голема работа да се пренасочи и да се доведе своjот народ во заблуда и да jа очекува од туѓинците националната слобода.

Низ целиот период на воjните, за нас Македонците илузиjата што jа проповедаа КПJ/КПМ и КПГ беше “Како поjава и болест”.

Посебно; Македонците членови воа овие партии со своето прекумерното пропагирање на сопствените илузии и мижење пред вистината, создадовме атмосфера во коjа повеќе од полавек се горедевме наместо да се срамиме од сопствените неуспеси што ги уништивме комитите, го растуривме македонскотго семеjство, го изгубивме Костур и прадедовите огништа и над нас, токму од таа наша поданост извршен е и невиден геноцид.

ДЕЗОРГАНИЗИРАНОСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЗИЦИИ ОД НЕВИДЕНОТО ПОДАНСТВО КОН ТУГИТЕ СТРАТЕШКИ ИДЕОЛОГИИ Крапов ми вели: Кажими нешто за Граѓанската воjна, во коjа повеќе од 60% , бевте Македонци? И коjа ви беше целта на таа воjна? Дали навистина целта ви беше да jа обедините Македоиjа?

Не! Тоа беше мамка поставена од КПМ/КПJ и КПГ, му одговорив кратко.

Крапов,остана збунет и како да сакаше да ми рече: Само толку?

Се принудив да кажам сè што знам:

-Историјата на Граѓанската војна е исполнета со многу суровост кон Македонците под Грција и дека тие игри ги проектирале и воделе тогашните лидери на левите сили, посебно - КПЈ на чело со Тито и КПГ (во корист на нивните држави).

Од денешна историска дистанца (откако минаа херојските времиња и сме како полувековни заробеници), Граѓанската војна за нас Македонците главно може да се оцени обејктивно, само ако од неутрално стојалиште ги анализираме целите и резултатите на НОФ и АФЖ, кои ни покажуваат дека тоа беше трагедија на затворен круг. Ете,зошто!

ФЕНОМЕНОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОJНА И ЧЕДОДОБИРСТВОТО БЕШЕ ГЕНОЦИДЕН ЗАФАТ (ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ) ЗА ШТО МОЛЧЕВМЕ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА ВЕК.

Целите на НОФ и АФЖ (кои беа поврзани со глобализацијата на светската идеологија) беа менувани во зависност под кој налогодавец припаѓаше НОФ и АФЖ, а нашата судбина беше во рацете на КПМ/КПЈ и КПГ. Резултатите на НОФ и АФЖ се крајно поразителни, рамни на национален пораз - геноцид. Го изгубивме народот, македонската исконска прадедова земја за навек. Уништен е националниот потенцијал со умислениот зафат “Педомазома” кој беше рамен на политички терор само над македонските деца. Како награда за нашето (само)

жртвување во Граѓанската војна, ни беше доделен билет само за еден правец.

ВИНАТА НАША По Втората светска војна, повеќе од јасно е дека Граѓанската војна се изроди од комунистичкиот режим, односно лидерите (Захаријадис, Тито и Сталин). Но, многу интересна комбинација е кога демагогијата и дневнополитичката пишувана историографија ќе се спојат. Тогаш настапува двојна изобличена историска стварност и не прави лекомислени во верувањето дека Граѓанската војна (1945 - 1949) била епопеја (историски период и епохален настан) за нас Македонците. Но, ако пристапиме кон анализа на фактите, ќе видиме дека на политички план преокупацијата на НОФ иАФЖ, им била со систематска пропаганда да го мобилизираат народот, на лажен начин да им внесат порив за војна и да не го прашаат дали сака или не сака да војува, туку го водеа во чудни конфликт. Ние Македонците, треба да носиме историска вина, зашто дозволивме туѓинците да ни ги земат децата, оти со тој чин, дефинитивно засекогаш се запечати судбината, развојот на македонското семејство и куќата на Македонците под Грција.

Има ли некој член од овие организации (НОФ или АФЖ) кој рекол:

Зошто војна?

Во текстовите на нашата историографија вештачки се уфрлуваат грчки или туѓи идеолошки детерминирања: еласити, еамити, четници, боречки институции во егејска Македонија.

Според него, на македонските читатели дрско им се подметнувани фалсификуваните историски факти, со цел да бидат држани во заблуда во однос на македонската историја и реалност. Ние бевме мал народ во Грција, но и немаше никаков начин да ни помогнат нашите Македонци кои живееја во другите држави, бидејќи тоа беше и бесцелно. На светот не можевме да му се покажуваме и докажуваме со силата на оружје, нашата сила требаше да ни биде умот, вредноста - да си го задржиме огништето. Немавме интелектуален квантум, но имавме Македонци кои неизмерно си ја сакаа својата земја, а идеологијата преку идеолошките активисти успеа да не насочи во самоуништување. Се случи она антитрадиционалното - македонско.