Г. УЛОГАТА НА САД ВО ПОТПИШУВАЊЕТО НА ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР - Part 02
„Сведоштва”, пишува: „Познато ни беше дека во непосредна близина на Кривеник (во Косово, на 1 километар од границата) т.н. ОНА имаше камп за обука на регрути” и продолжува – „...на терористите кои отпочнаа напад од косовската страна, а истовремено и од самото село Радуша...
им беше овозможено слободно комуницирање со Кривеник, иако од другата страна на границата беа силите на КФОР”.
Во Радуша имаше и порано судири, но овој пат беше најжестоко. Нападот започнал ноќта на 10 август 2001 година со офанзива од Кривеник и траел три дена. Според разузнавачки извори, имало 600 терористи потпомогнати со волонтери од КЗК. Целта била да се заземат изворите во Рашче, од каде Скопје се снабдува со вода.
43. 4. На 10 август, од поставени мини на влезот во селото Љуботен, беа убиени осум војници на АРМ. Шест беа ранети.
43. 5. Деновите пред договорот во Охрид, се лансира и веста дека на 13 август претстои напад на ОНА на Сарај (исто, стр.
201/202). Психолошката војна против Македонија постојано се водеше со фабрикување вести за бројноста на ОНА, за акциите кои претстојат...
43. 6. Ако некој верува дека целата оваа ескалација, пред потпишувањето на договорот, беше ‘масло’ на Албанците, силно се лаже. Зошто, инаку, над зоната Карпалак, во точно време на заседата би надлетувал хеликоптер на КФОР, а џиповите крстосувале во близина? Тоа можеше да го организира и го направи некој многу пософистициран од нив. Некој, кој од далечина го набљудува и режира случајот и влече далекусежни потези. Кој може да биде тоа, ценете сами.
43. 7. Договорот во Охрид беше потпишан на 13 август 2001.
Додатниот притисок го стори своето. Во дадените услови, веројатно и многу покадарни преговарачи од македонските би се нашле во тесно.
А какви беа нашите... веќе рековме.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ulogata-na-sad-2/15 on October 29, 2026