Front Matter - Part 01
Солунските Атентати Крсте Битоски ЕЖЖЕЖЕЕЖЕЕЖ L10T ‘81 1sn3ny sk se sie sie sfe se se skoske skeosie sk uonIpo J00q-9 л0ј915 015Г 25 150111 21517 L107 @ 14911Ќ400 "MJIAJI © UI suonejonb раззиоштпоор pue Jorq Jo uorsnjoul ay) ТОЈ 1492хо ЛОШ AY) WOIJ JUISUOD UINLIM JNOYIIM WIISAS [BAILII рџе зд8р1015 џопешлојит Auk AQ ло Зитрлооо ‘FurAdosojoyd Surpnjour ‘[eoruRYOAW JO JTUOIIIJYI ‘SUBdW AUB AQ JO WLIO) AUB UI раитшвиел Jo раопролаал 24 Кеш J0oq 5011 JO Hed ON "PIAIISAI 511311 [[V epeue)) ‘0Ju0IO], шо? [IeW)OY®)A0JIISI suonedrqng A0JIS 0ISIy ќа paystqnd HLELHILY JLUMIHAI0))
СОДРЖИНА ПРЕДГОВОР ....................................................................................5 ДЕЛ ПРВИ ..............................................................................11 ОПШТЕСТВЕНО - ЕКОНОМСКИ ПРЕТПОСТАВКИ ЗА ПОЈАВАТА НА ГЕМИЏИСКИОТ КРУЖОК ........................11 ЕВРОПСКИОТ КАПИТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА........................11 СТОПАНСКИ ПРЕГЛЕД НА ВЕЛЕС .........................................18 ИДЕЈНОТО ОФОРМУВАЊЕ И ФОРМИРАЊЕ НА ГЕМИЏИСКИОТ КРУЖОК .........................................................21 ЛИКОВИ НА РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ .........................................33 Јордан Попјорданов-Орцето (1881-1903) ....................................33 Костадин Иванов Кирков (1882-1903) .........................................35 Димитар Мечев (1870-1903)..........................................................36 Илија Трчков (1884-1903)..............................................................38 Владимир Пингов (1883-1903)......................................................38 Георги Богданов (1879-1939) ........................................................39 Милан Арсов (1886-1908)..............................................................39 Павел Поцев Шатев, (1882-1951) .................................................40 Марко Бошнаков (1874-1903) .......................................................41 Цвеко Трајков (околу 1860-1903) .................................................41 ДЕЛ ВТОРИ............................................................................46 ГЕМИЏИИТЕ НА ДЕЛО ..........................................................46 ГЕМИЏИИТЕ - РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА -ВРХОВНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ................................46 НЕУСПЕШНА АКЦИЈА ВО ЦАРИГРАД - КОПАЊЕ НА КАНАЛ ВО СОЛУН ......................................................................58 ВО ПОТРАГА ПО ПАРИ И ДИНАМИТ - КОПАЊЕ НА НОВ КАНАЛ............................................................................................66 СУДИРИ СО ЦК НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ..........................................................................76 СОЛУНСКОТО РЕШЕНИЕ ЗА ВОСТАНИЕ - ОДНОСИТЕ СО ДЕЛЧЕВ ..........................................................................................84 ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ ЗА СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ -ОБИДИ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ ........................................................95 СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ ......................................................106 НЕПОСРЕДНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД АТЕНТАТИТЕ.................127 ДЕЛ ТРЕТИ ..........................................................................138 ПО АТЕНТАТИТЕ...................................................................138 МАСАКРИ....................................................................................138 НАСТАНИТЕ ВО БИТОЛА И ВО ДРУГИ ДЕЛОВИ НА МАКЕДОНИЈА ............................................................................149 ОДГЛАСИ НА СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ ВО СТРАНСТВО ........................................................................................................168 АПСЕЊЕ И СУДЕЊЕ НА АТЕНТАТОРИТЕ ..........................180 ДВЕ ПИСМА НА ЈОРДАН ПОПЈОРДАНОВ...........................211 СУДБИНАТА НА ГЕМИЏИИТЕ ОСУДЕНИ НА СМРТ........217 ЗАКЛУЧОК ..................................................................................224 ПРЕДГОВОР Предилинденскиот период е доста богат со настани што повеќе или помалку, на Европа и на светот им го откривале револуционерното движење на Македонија и ја претскажувале бурата што доаѓала во оваа заостаната, политичка обесправена и неконтролирано експлоатирана турска провинција. Виничката и бројните други провали, судирите на македонските чети со аскерот, теророт на турските власти против македонското население се јавувале како нормална појава на една длабоко револуционерна ситуација и предизвикувале различни ефекти во земјата и во странство. Меѓутоа, Солунските атентати, извршени неколку месеци пред Илинденско востание, претставувале најкрупен и најкрвав настан што предизвикал силен ефект во земјата, меѓу европската јабност и меѓу дипломатските кругови на Европа.
Атентатите биле дело на гемиџиите - мала група, составена главно од младинци што се надевале дека преку еден голем подвиг против европските претпријатија во Македонија ќе ги принудат големите европски сили да се погрижат за давањето автономија на Македонија, за што, по силата на Берлинскиот договор од 1878 година, биле морално задолжени.
Ослободителната идеја ги опфатила речиси сите средини од македонското општество. На чело на револуционерното движење стоела македонската интелигенција која, во своето огромно мнозинство, била свесна дека ослободувањето на Македонија можело да се постигне преку долгогодишни политички и материјални подготовки, т.е. преку свесна револуционерна акција на, барем, поголемиот дел од обесправениот и експлоатиран народ. Меѓутоа, се јавиле и млади луѓе, нестрпливи, што сметале дека индивидуалната револуционерна акција и саможртвата можеле дури да го заменат колективниот народен напор и на таков начин да го спасат народот од последиците на едно општо и крваво востание.
Гемиџискиот кружок во Солун бил рожба на епохата, на едно незаборавно време, кога нашиот народ тргнал во организирана и масовна борба против вековниот угнетувач за извојување национална и социјална слобода. И пошироко, тој бил рожба на едно време, кога анархизмот во Европа бил во “мода” и се обидувал да ја докаже исправноста на своето учење.
Иако дефинитивното идејно оформување го добиле под влијанието на анархистичките и нихилистичките идеи, гемиџиите, и по своите сфаќања и по своите револуционерни акции, се разликувале од анархистите во Европа. Биле крајно сочувствителни кон невиното и покорено население и секогаш воделе сметка тоа што помалку да страда од нивните акции.
Нивните атентати се разликувале од сите други по своите подготовки. Тие не ја дебнеле својата жртва за да ја нападнат, не влегувале од едната врата на вагонот за да ја остават некаде пекалната машина и од другата врата да исчезнат без трага.
Своите динамитни акции тие ги подготвувале со месеци, па и со години. И уште нешто, поважно, тие решиле по извршувањето на своето дело да одат свесно во смрт, сакајќи на таков начин да докажат дека не се обични терористи туку борци за слободата на својата татковина.
Гемициите ниту можеле ниту сакале да навлезат во суштината на анархистичката идеологија. Нив тоа не ги интересирало. Тие биле преокупирани со прашањето што “полесно”, што по “брзо” и што помалку жртви да го извојуваат ослободувањето на Македонија и затоа биле свртени кон оние и такви средства што, според нив, требало да го обезбедат тоа.
Гемиџиите биле (повеќето) интелектуалци, што доброволно се здружиле меѓу себе, формирајќи го кружокот. Тие не припаѓале ниту на една меѓународна организација или партија ниту на Македонската револуционерна организација. Сé што правеле, го правеле доброволно, свесно потчинувајќи се на дисциплинските норми што самите ги создале. Јордан Попјорданов-Орцето бил признат раководител на Кружокот, благодарејки на неговите карактерни, особини. Главна кохезиона сила што цврсто ги поврзувала гемиџиите била нивната фанатична преданост кон своето дело. Тие сметале дека се одговорни еден пред друг и сите заедно пред исто ријата на македонското ослободително дело.
Гемиџиите биле скромни, повлечени, полни со љубов кон својот народ, со неограничена омраза кон непријателот, безгранично храбри, младинци што не мислеле на живото, туку на смртта. Нивната саможртва требала да ја убеди Европа дека народ што е способен да раѓа такви херои е достоен за човечки живот.
Подготвувајќи се за едно така страшно дело, кое ќе ја возбуди и вознемири Европа, подготвувајќи се за оној, за човекот вообичаен страшен чин - докрајчување на животот - гемиџиите работеле крајн конспиративно, трудејќи се до кај да остнат анонимни. Никој, освен нив десетина, не знаел што точно тие подготвуваат и како ќе ја зведат својта акција. Многу малку се знаело за нивнота идејно определување, за нивниот став кон животот, кон слободата.
Тие се подготвувале да се жртвуваат за Македонија и, освен своето дело, не сакале да остават никаква трага за себеси во историјата. Нашите комити, на пример, сакале да се фотографираат добро облечени и добро вооружени, со големи бради, сакајќи така да докажат колку биле “страшни”.
Гемиџиите, поточно некои од нив, случајно оставиле по една фотографија. Додека за карактерот на Орцета да се знае, неговиот лик ни остана сосем непознат. Немало сила што можела да го натера Орцета да се фотографира. Тој сакал по неговата смрт да не остане било каков портрет или спомен за него. “Нека за нас раскажуваат нашите дела” - зборувал Орце.
Слично било и со Кирков, со Мече...
Гемициите обично лично ги решавале проблемите што воскреснувале во нивните подготовки за акција. Тие не воделе записници и ретко кореспондирале. Раководсгвото на целиот “заговор” се наоѓало во рацете на Орце. Тој, главно ги одржувал надворешните врски со Цариград и со Софија. Тој ги добивал парите и ги делел меѓу другарите. При сето тоа не се воделе никакви документи, никакви формалности. Гемиџиите биле верни до фанатизам еден кон друг и не чувствувале никаква потреба за контрола. Од нив не е зачувана никаква документација. Тие не објавиле ниту една брошурка, ниту еден весник, ниту еден проглас, или нешто слично преку кои на јавноста би им ја соопштиле својата програма и средствата на нивната борба. Затоа е мошне тешко да се пишува за нивната дејноег, за нивната борба.
Со оглед на строго конспиративното подготвување на динамитните акции и изолираноста на самите гемиџии, за нив податоци можел да остави само човек од нивната средина. Тоа го направиле двајца од останатите живи гемиџии - Павел Шатев и Тодор Органџиев.
Прв обид гемиџиите да ги оттргне од заборавот направил Ст.
Симеонов со својата брошурка “Солунското съзаклятие” (София, 1921). Авторот за првпат дава краток систематски преглед за динамитната акција во Солун и за првпат, врз основа на податоци добиени од преживеаните гемиџии Павел Шатев и Тодор Органџиев, дава кратка лична карактеристика за повеќе гемиџии.
Спомените на Павел Шатев, запишани во 1908 година од Љубомир Милетич, се појавиле во 1927 година како книга VI од познатата серија , “Материяли за историяата на македонското освободително движение”, издадена од Македонскиот научен институт во Софија. Во оваа книга, всушност, се објавени кратки спомени за самите атентати и опширни извадоци од книгата на П. Шатев објавена во 1910 година под наслов , “Заточението въ Сахара-Фезанъ”. По пресудата донесена од Вонредниот суд, Шатев започнал да води дневник и, врз основа на нега, на 250 страници, дава потресна слика за животот на осудените гемиџии и на педесетина други македонски револуционери испратени на заточение во Фезан-Сахара.
Христо Силјанов во својата книга , “Освободителнит борби на Македония” (том I, София 1933) им дава достојно место на гемиџиите и на нивната акција и за првпат одделно се задржува на последиците од Солунските атентати.
Во 1934 година се појавиле спомените на Павел Шатев напишани лично од него под наслов “Въ Македония подъ рабство – Со пунско съзаклятие (1903)”.
П. Шатев се сеќава и изнесува многу детали од дејноста на гемиџиите. Тој се труди да биде објективен при опишувањето на настаните и давањето оценка за Гемиџискиот кружок и за сите други бурни настани од тој период. П. Шатев не е од оние автори што нескромно го истакнуваат своето “јас”. Тоа тој го прави единствено кога го опишува судирот меѓу него и Иван Гарванов.
Спомените на П. Шатев, впрочем како и секоја историска литература од ваков род, имаат недостатоци. Но, и покрај тоа, тие се најважен и основен извор за проучуње на ова важно прашање од нашата историја. Доскоро, до Втората светска војна, тие, покрај книшката на Ст. Симеонов, биле речиси единствен извор за проучувањето на овој проблем.
Во последните децении, на науката й станаа достапни многубројни дипломатски извештаи на солунските, на битојлските и на скопските конзули и на католичката мисионерка Писи, Кои, поради тоа што произлегуваат од очевидци и компетентни лица, се мошне драгоцени за обработувањето на нашата тема. За првпат ни е дадена можносг и од друго место да ја констатираме вистината за многу настани досега посочувани само од Шатев. Од професорот Данчо Зографски се објавени документите на Македонскиот таен револуционерен комитет, потоа објавени се кратки спомени,од Тодор Органџиев и неколку писма од П. Манџуков и Орцето кои исто така, придонесуваат за проширување и дополнување на познатото и за стекнување на нови сознанија за гемиџиите и за нивната динамитна акција.
Интересот за Солунските атентати и за атентаторите меѓу сите македонски генерации е голем. Оваа монографија е втор обид тој интерес да биде задоволен. (Јован Павловски објави во “Нова Македонија” опширен текст по наслов “Гемиџиите”, почнуваиќи од 25 јануари 1980 година во продолженија.) Ние сме свесни дека, поради недостиг на доволно архивски и друг материјал, не бевме во можност да одговориме на повеќе прашања што во темава ни се наметнуваа и да ги пополниме сите празнини што се појавуваа. Но, толку можевме. Останува и идните истражувачи да го дадат својот прилог.
Мислиме дека изразот “атентати” за гемиџиската акцпја не е адекватен. Меѓутоа, тој е прифатен од нашиот народ и сметаме дека не би требало да се менува.
ДЕЛ ПРВИ ОПШТЕСТВЕНО - ЕКОНОМСКИ ПРЕТПОСТАВКИ ЗА ПОЈАВАТА НА ГЕМИЏИСКИОТ КРУЖОК ЕВРОПСКИОТ КАПИТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА Непосредно пред Руско-турската војна од 1877 година, турската држава се наоѓала пред финансиски банкрот. Буџетските дефицити, неспособноста на државната каса да ги исплаќа ануитетите и каматите на долговите, пасивниот трговски биланс, зголемените трошоци за армијата и администрацијата, сето тоа довело веднаш по Берлинскиот конгрес во 1878 година до полн банкрот на државата. Европските капиталисти што ја кредитирале турската држава биле силно вознемирени. Требало да се најде начин за враќање на дадените капитали, а и за заздравување на турското стопанство што било услов за натамошно вложување и рентирање на капиталот.
Во септември 1881 година во Цариград бил свикан состанок од претставници на европските кредитори, на кој требало да се пронајдат форми и средства за враќање на дадените кредити.
Решенијата на овој состанок (декември 1881 година), биле санкционирани со султански декрет, познат како Мухаремски декрет. Според овој декрет, долговите на Турција кои европските капиталисти, склучени заклучно до 1873 година, изнесувале 117.081.000 златни турски лири. Во Цариград се создал наполно независен од турската влада “Совет за државни долгови” што имал за задача да најде средства за наплатување на кредитите. Тие средства бсушност биле приходите од монополот на солта и тутунот и десетокот од повеќе важни производи.
Мухаремскиот декрет означувал полна победа на европскиот финансиски капитал и полна потчинетост на турските финансии и стопанство под туѓите банкари. Под формата на “Совет на државните долгови”, во Османската импперија била воведена туѓа финансиска контрола. Советот фактички ги раководел држабните финансии и стопанскиот живот во Турција.
Советот; меѓутоа, ставил извесен ред во турските финансии. До 1880 година не се знаеле точно приходите и расходите во државата. Буџетските бројки повеќе или помалку биле фиктивни. Султаните и владите знаеле само дека има или нема пари во државната каса. Од 1881 година започнал да се подготвува горе-долу урамнотежен буџет и се појавил стремеж за негово реализирање. отсега, значи, се планирало какви ќе бидат приходите и расходите во државата. Во 1895 година, на пример, планираните приходи било предвидено да се птрошат:
за воените потреби 7.756.000 турски лири, за отплатување на државните долгови 6.483.000 лири, за административната управа 3.828.000 лири, за султанското семејство 933.000 лири, за религиозните институции 796.000 лири. од сумата предвидена за административната управа за училиштата се одвојувале 50.000 лири, а за здравствената заштита 94.000 турски лири.
Од ова се гледа дека огромниот дел од буцетот се трошел за армијата и за плаќањето на долговите - 14.239.000 од вкупно 19.796.000 лири. При тоа поголемиот дел од средствата предвидени за администрацијата (84%) се трошеле за непроизводствени цели и само мал дел (16%, односно 3% ) од општот државен буџет се трошел за социјални и производствени цели. За градењето на разни државни згради, мостови, касарни итн. средства се обезбедувале од дополнително експлоатирање на населението.
Основна задача на Мухаремскиот декрет и на Советот за државните долгови била да обезбеди средства за плаќиање на ануитетите и каматите по кредитите склучени од 1857 до 1873 година. Меѓутоа, турската држава плаќала камати и амортизации и за заеми склучени од 1874 до 1896 година, како и за други тековни заеми склучени кај Вапк Отоман и други банки. За плаќање на сите долгови гурската влада во годишните буџети определувала сума од околу 6 400.000 турски лири.
Според тоа, во последните две децении од минатиот век на европските капиталисти им биле исплатени околу 125.000.000 турски лири.
Европскиот капитал ги ограбувал работните маси на турција не само преку редовното наплатување на каматите и, на кредитите, туку и директно, преку разни акционерски друштва и претпријатија. Кон крајот на XIX век во рацете на европските капиталисти во Турција се наоѓале 7 банки, 10 друштва за експлоатација на железници, 10 друштва за експлоатација на пристаништа, 5 друштва за рудници, 4 -за трамваи, 5 - за производство на електроенергија и газија за осветлување и 17 другп друштва. Вкупно 54 друштва со капитал од 2 милијарди златни франци (1 турска лира = околу 22,5 француски, златши франци). Тој капитал давал годишен доход мегу 250 и 300 милиони златни франци.
Големи печалби европските капиталисти имале и од трговијата со Турција. Турската империја била погодна база за снабдувањето на европската индустрија со суровини ,и била простран пазар за пласирање на индустриска стока. Европскиот капитал грижливо работел на тоа ваквиот сооднос да не биде нарушен. Тој не бил заинтересиран за индустријализирањето на Турција. Колку била голема печалбата што странските капиталисти ја имале од трговијата со Турција покажува редовниот пасивен биланс на турската држава. Од 1884 до 1903 година тој пасив изнесувал 176.230.000 турски лири.
Стопанскиот живот во Македонија бил потчинет на сите закономерности што владееле и во другите делови, на Империјата. А тоа значело полно господство на туѓиот капитал, кој го насочувал развитокот на народното стопанство така што земјата да дава селскостопански и други суровинни за европската индустрија а да купува неопходни готови производи однадвор. Таквото насочување на народното стопанство ја исклучувало можноста за создавање на месна индустрија што би ги апсорбирала домашните суровини и во исто време би произведувала за домашниот пазар.
Настанатата ситуација по донесувањето на Мухаремскиот декрет, кога европскиот капитал започнал да игра доминитна улога во стопанството, се одразила разорно и врз развитокот на народното стопанство во Македонија. Благодаренјќи на постабилниот развиток на стопанството во претходниот период, трговскиот биланс во Македонија бил или активен или урамнотежен. Тоа може да се види и од многубројните податоци што ги оставиле разните европски конзуларни претставници во Солун. На пример, во 1864 година увозот во Македонија изнесувал 21.254.475 франци, а извозот -27.777.825; во 1865 - 18.824.375 спрема 29.832.775; во 1880 -26.528.894 спрема 34.271.625; во 1881 - 30.851.850 спрема 39.323 983. Од 1864 до 1881 година, со исклучок на неколку години, извозот од Македонија редовно бил значително поголем од увозот. Од донесувањето на Мухаремскиот декрет во 1881 година започнал обратен процес. Веќе во 1883 година увозот бил поголем од извозот - 31.005.432 спрема 29.763.800 франци, следната, 1884 година - 45.761.600 спрема 18.516.856.
Просечно во дваесетте години (1864-1884) увозот изнесувал близу 29.000.000 франци, извозот – околу 33.111.000 франци.
Во 1901 година пасивниот трговски биланс на Македонија изнесувал 1.500.000 турски лири. (Дино Къосев, История на Македонското национално революционно движение, София 1954, 73-81; Александар Матковски и Поликсена Ангелакова, Извештај на францускиот конзул во Солун за економската положба на Македонија од 1882 до 1885 - Гласник на ИНИ, XVI, 2, Скопје 1972, 201.)
Овој краток преглед за значењето на европскиот капитал во стопанскиот живот во Македонија има за цел да го олесни одговорот на прашањето: Зошто гемиџиите Решиле да ги насочат своите бомби кон интересите на Европа? А зошто во Солун?
Солун, во времто на османското владеење, постојано бил важен економски и административен центар на Турција и на Македонија. Преку него се вршела речиси сета извозно-увозна трговија на Македонија. Во него биле сместени, покрај генералните конзулати на големите сили и на балканските држави, и повеќе трговски претставништва и агенции на западните земји. Тука имало повеќе претпријатија и установи што им припаѓале на европските земји . Имало и разни религиозно-пропагандни институции, училишта, здруженија раководени и финансирани од запад ; и од балканските држави.
Имало еврејски, турски, грчки, бугарски, италијански, француски и други училишта. Солун бил космополитски град.
Населението во Солун било разнородно. Точниот број на жителите тешко може да се определи. Турските статистики, како за цела Македонија така и за Солун, не се сигурни. Не се сигурни и другите статистики. Најнеобјективни се грчките статистики. Според турската статистика, во 1890 година градот имал 88.000 жители, а во 1898 – пак толку. Меѓутоа, последните две децении од минатиот век, Солун доста брзо растел, така што горнатабријка не може да биде реална. Според статистиката на францускиот генерален конзул во Солун Стег, градот на преминот во ХХ век броел околу 120.000 жители, од кои околу 70.000 Евреи.
Оваа бројка се совпаѓа со познатата статистика на В. К'нчов, според која Солун јимал 118.000 жители, од кои Евреи 55.000, Турци, 26.000, патријаршисти 16.000 (повеќето Грци), егзархисти 10.000, разни - 8.500. Најголем дел од последниве биле Французи, Италијанци и други западноевропејци.
Солун бил предимно еврејски град, но неговата заднина била главно македонска. “Има - пишува Стег – во Солунскиот вилает околу 350.000 христијани, од кои 220.000 егзархисти и 130.000 патријаршисти, коишто употребуваат еден словенски идиом во својот семеен живот. Ако го слушаме мнозинството српски публицисти, сите овие Словени се приврзани на српската националност... За Бугарите нема никакво сомневање за националноста и јазикот на Словените од Солунскиот вилает сите ги поврзуваат со истото семејство како оние од Кнежевството. Конечно, од неколку години наваму, се појавило главно во Русија, трето мислење... вистина е, според него, дека последниве (Словените) несомнено им се сродни на обеве националности (бугарската и српската) и претставуваат одделна гранка на големото словенско семејство... Ако се слушаат Грците, елините-бугарофони денес се комплетно елинизирани...” И дипломатите и многумина други, во повеќето случаи Македонците ги именувале според нивната црковна припадност. Тие Македонци што ја признавале Патријаршијата често ги нарекувале “Грци”, тие што ја признавале Егзархијата “Бугари”, а приврзаниците на српската црковно-училишна пропаганда “Срби”. Многумина од нив си го поставувале прашањето: Како можело едно исто население да му припаѓа на повеќе нации? На ова прашање некои се труделе да дадат одговор. Тие биле сведоци на дивата пропаганда што ја воделе соседните држави за придобивање на душата на македонскиот човек, но се задоволувале главно со тоа што го констатирале тој факт и што припадноста на Македонцјите кон црковните пропаганди ја сметале како припадност кон “партии”. А припадноста кон таквите партии не значело и припадност кон одделна нација. “Сметам во секој случај - пишува Стег - би им се направила на грчките ревандикации максимална отстапка проценувајќи ја на околу 20.000 (од 130.000 Македонци- патријаршисти) бројката на погрченото словенско население или придобиено за грчката партија”.
Македонското население, не само во Солунскиот вилает, туку од цела Македонија, во последните децении од минатиот век доста побрзо од порано се населувале во Солун. Тој процес не бил лесен. Во градот еврејската заедница давала доста голем вишок на обична работна рака, така што за предимно неквалификуваната македонска работна сила просторот во градот бил многу стеснет. И покрај тоа, трудољубивите Македонци од поблиската и подалечната околина, како ситни занаетчии и ситни трговци, како земјоделци и обични работници, се населувале во градот создавајќи компактни македонски квартови. Се населувале и доста богати трговци што се поврзувале со европската трговија.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/solunskite-atentati/1 on October 29, 2026