VII ДЕЛ - Part 02
1. Ксантина и Алики ја товарија запрежната кола со кошници и кошеви. Се качија на колата. Ксантина ги зеде дизгините в рака и ги потера магарињата. Застанаа пред куќата на Томазос Карајанопулос. Во дворот ги дочека Томазос со својот син. Алики му мавна весело со раката на момчето и тоа се качи на колата. Седна покрај неа. Го погледна мило татка си и ги зеде дизгините од рацете на Ксантина.
“Довидување, татко!”, му рече момчето весело.
“Среќен пат”, им рече Томазос.
“Ќе се вратиме брзо”, му рече Ксантина. “Не грижи се, Томазос!”
“Ќе го чуваме како свој Димитри, кир Томазос. Довидување!”, му рече Алики низ насмевка.
Димитри ги потера магарињата. Алики се сврти и му мавна со раката на Томазос. Колата се загуби зад аголот и набрзо излегоа од селската улица.
“Убав ден за патување”, им рече Димитри. “Ќе можеме да се капеме во Пилос”.
Ксантина се насмеа гласно. Ја заврте главата сомничаво.
“Ако сакате да се искапете во Пилос, тогаш да одиме во Каламата. Тоа е поголем град и побрзо ќе ги продадеме кошниците и кошовите. Од таму ќе се вратиме во Пилос и капете се колку сакате”.
Димитри се насмевна. Алики кимна потврдно со главата. Предното тркало на запрежната кола пропадна во една дупка и
тие се навалија и запаѓаа. Успеја да се додржат да не паднат. Тркалото излезе од дупката и колата повторно заоди по џомбастиот пат. Молчеа тројцата. Сонцето се појави на хоризонтот. Колата, влечена од двете магариња, бревташе по нерамниот пат. Се оддалечија од морската ширина и навлегоа во еден честак. По пет часа стигнаа во Пилос. Местото беше малку поголемо од Периклисис. Ги растоварија кошниците и кошовите од колата. Се собра народ околу нив. Ксантина продаде неколку кошници. Народот се разотиде. Се стемни. Влегоа во еден пансион. Се сместија во една соба со пет кревети и уморни легнаа. Уртото стана порано. Ксантина се изми и излезе. Димитри се пикна во креветот на Алики.
“Немој, Димитри, може да се врати мама!”
“Само малку, Алики.”
“Не!”, викна Алики и скокна од креветот.
Димитри удри со тупаницата во постелината. Гледаше во нејзините бујни гради и заоблена задница. Алики го облече фустанот. Се изми. Димитри стана од креветот. Излегоа. И се придружија на Ксантина.
“Да одиме во Каламата! Овде нема многу купувачи”.
“Како ќе кажеш, мајко”, и рече Алики. Го погледна откосо Димитри и се насмевна.
2. Следниот ден околу пладне стигнаа во Каламата. Малото гратче ги плени со својата убавина. Ксантина им се восхитуваше на ниските шарени куќарки. Пазарот беше во центарот на градот и појдоа таму. Се сместија на една од последните тезги и чекаа. Луѓето од гратчето купуваа се само не кошници и кошеви. Ксантина почна да очајува. Алики и Димитри гледаа еден во друг се почесто. Пазаришното ѕвонче отчука два часот. Продавачите по тезгите ја собраа стоката. Неколкумина и пријдоа на Ксантина. Купија дваесетина кошници. Ксантина си ги протри дланките задоволно. Потоа не и пријде никој.
Пазариштето се испразни и останаа сами. Ги спакуваа кошовите и кошниците. Влегоа во еден пансион и капарисаа соба. Ксантина легна на едниот од четирите кревети и уморна заспа. Алики и Димитри излегоа да го разгледаат градот. Ги поминаа тесните улички и излегоа од градот. Се спуштија до морскиот брег. Седнаа на карпите. Молчеа и гледаа во синилото што се ширеше пред нивните очи. Алики се соблече гола и скокна во водата. Димитри изненаден се двоумеше.
“Дојди, водата е прекрасна! Иста е како кај нас во Периклисис”, му викна Алики и се нурна под вода.
Димитар ги соблече панталоните и кошулата. Зазеде поза да скокне во водата.
“Соблечи ги и гаќите! Кој ќе ти ги пере?”
Димитар скокна во водата.
“Зошто не ги соблече гаќите? Мокар не можеш во пансионот. Ќе помине цела вечност додека се исушат”.
“Се срамам да се капам гол”, рече Димитри и заплива по синилото.
Алики го стигна и му се фрли на грбот. Димитри пропадна во водата. Успеа да ја отфрли од грбот Алики и да земе воздух. Алики повторно го нурна во водата. Тој повторно успеа да излезе на површината на водата. Алики тргна по трет пат по него. Димитри заплива силно и набргу се најде на брегот. Легна на карпите.
Алики се брчкаше во водата весело. Излезе од водата и легна покрај Димитри.
“Зошто си лош? Водата е прекрасна за капење”.
Димитри молчеше. Алики се насмеа. Се доближи до него. Го допре со голото тело. Димитри почувствува како му лазат морници. Алики почна да го мазни по косата полека се префрли
со целото тело врз него. Димитри нежно го допре нејзиното тело. Рацете му трепереа. Алики го бакна. Димитри се згрчи. Алики му ја подигна главата од карпата и го гушна околу вратот. Го бакна уште еднаш. Потоа го пушти и почна да го милува по телото. Димитри почна да и возвраќа. Со десната рака си ги соблече гаќите. Алики стана од врз него. Беше возбудена.
“Немој ќе останам трудна! Првин да се венчаме”.
“Тогаш, зошто се задеваш?”
“Ми се сака, ете тоа”, му рече Алики и си ги истри градите и пупулките на нив предизвикувачки.
“Кога ќе се вратиме ќе му кажам на татко. Вака неможам повеќе”.
Алики се насмеа гласно. Легна до него.
“Соблечи ги гаќите и стави ги да ти се сушат на оној камен! Инаку ќе седиме на камењава до доцна. Ќе не чека мајка”.
Димитри ги соблече гаќите. Ги стави на каменот крај себе. Потоа ги подаде рацете да ја фати Алики. Таа се истргна и стана. Потрча по карпите.
“Ако ме фатиш, твоја сум”, викна весело.
Димитри стана од карпата и потрча по неа. Ја стигна и ја собори во песокот. Ја бакна. Почна да ја мазни со раката по телото. Ја бакнуваше нежно и долго. Алики му одвраќеше. Почна да црвенее по лицето. Издиши задоволоно. Потоа почувствуа топлина како и влегува во телото. Ги отвори широко очите, најнапред од изненадување а подоцна од сладотија. Беше задоволна. Димитри исто така. Станаа од песокот и се фрлија во бистрата вода. Долго се брчкаа во водата. Излегоа и повторно се најдоа на песокот. Доцна вечерта појдоа во пансионот. Алики влезе прва во собата. Ја забележа Ксантина на креветот. Ксантина спиеше. Алики се насмевна. Легна несоблечена на
другиот кревет покрај пенџерето. Молчеа. Алики беше замислена. Димитри размислуваше до доцна.
3. Ксантина стана порано. Се облече и се изми. Ги погледна нежно Алики и Димитри и излезе од собата. Со трчање отиде до пазарот. Ги изнесе кошниците и кошовите на тезгата и седна на еден кош. Набргу се појавија и други продавачи. Еден постар човек, продаваше портокали наспроти неа. Ја остави тезгата и и пријде.
“Ќе земам дваесет кошови и десет кошници, ако ми ги продадеш по поволна цена”, и рече испитувачки.
“Договорено!”, му одврати Ксантина низ насмевка.
“Ќе земам триесет кошови”, рече човекот и и ја подаде раката да склучат договор.
“Земи и триесет кошници!”, му рече Ксантина. Не му ја подаде раката.
Човекот размислуваше.
“Ќе земам”, и рече. “Договорено!”
Ксантина му ја стегна раката. Беше задоволна. Човекот и даде пари и таа замина во пансионот. Влезе во собата насмеана. Алики и Димитри уште спиеја.
“Станувајте!”, викна гласно.
Алики мрзоволно се протегна во креветот. Димитри скокна изненадно.
“Што е мајко? Што се случува?”, рече буновно Алики.
“Си одиме, деца!”
“Како си одиме? А кошовите и кошниците?”, се збуни Димитри.
“Ги продадов. Сите ги продадов утринава. Станувајте и да тргнеме!”
Алики и Димитри станаа од креветите. Се измија на малата чешма во ходникот. Ксантина слезе во приземјето на пансионот и му плати на газдата за ноќевањето. И се придружија Алики и Димитри. Излегоа на улицата и свртеа зад пансионот. Колата и магарињата беа во дворот. Димитри ги впрегна магарињата. Се качија сите во колата и тој ги збодна двете животни. Тие ја повлекоа колата и со трчање ја напуштија градската улица.
Ксантина беше задоволна. Алики постојано го погледнуваше Димитри и насмевка го мамеше да ја бакне. Димитри молчеше и ги удираше со прачката магарињата.
“Кога ќе стигнеме дома ќе направиме голема гозба”, им рече Ксантина. Запеа. Мелодијато се пренесе низ пустиот предел.
“Кога ќе стигнеме дома, мајко?”
Ксантина престана да пее.
“Утре околу пладне”.
VII
1. Ставре Наковски седеше во старата куќа и плетеше кошници. Беше замислен. Рацете му трепереа. Пот му се сливаше по мазното високо чело. Вешто ги вплетуваше една во друга трските и се трудеше да го смири треперењето на рацете. На вратата слушна тропање. Стана од подот и широко ја отвори вратата. Пред него стоеше Томазос Карајанопулос. Лицето му беше мирно.
“Добар ден!”
“Умре стариот Дионис. Бевте пријатели. Ќе дојдеш ли да го закопаме?”
“Веднаш, само да се подготвам”, му рече возбудено Ставре. “Повелете во куќата!”
Слегоа по скалилата. Влегоа во другата куќа. Ставре Наковски се облече во други алишта. Потоа излегоа заедно со Томазос. Со брзи чекори стигнаа до колибата на Дионис. Внатре имаше многу народ. Ставре се изненади. Имаше и поп. Телото на Дионис лежеше во сандак. По кратко време го подигнаа и го понесоа на селските гробишта. Ставре и Томазос одеа најодзади на поворката. Се погледнуваа испитувачки. Томазос беше побогат од Ставре. Имаше два дуќани.
“Децата се сакаат, кир Ставро”.
“Големи се. Ксантина ми кажа дека се љубат. Нека им е со среќа!”
“Што мислиш, да направиме веридба сега, по бербата на грозјето и свадба?”
Ставре Наковски му ја подаде раката. Томазос ја прифати.
“Договорено!”, му рече отсечно Ставре. “Алики има се што е потребно. Ќе и дадеме и пари.”
“Договорено, кир Ставро! Нека им е со среќа!”
Чекореа полека. Стигнаа на селските гробишта. Четворица луѓе го спуштија сандакот покрај ископаниот гроб. Попот застана до сандакот и кажа неколку редови од црната стара книга. Потоа четворицата го спуштија сандакот во гробот. Двајца гробари, селани, го покрија ковчегот со земја.
“Да одиме, кир Ставро! Покојникот, нека му е лесна земјата, ми раскажуваше многу за тебе”.
Ставре Наковски се вознемири. Не рече ништо. Зачекори по нерамната каменеста земја. Томазос тргна по него. Молкум се спуштија до селото.
Томазос го фати под рака.
“Да се напиеме по една лута во кафеаната”.
Ставре Наковски молчеше.
“Одамна си во селово и не си влегол во кафеаната. Поминаа старите лоши времиња. Хунтата на чело на владата не е така лоша. Има и добри страни. Нашето помина. Животот останува на младите. Сами нека си го средат и по своја желба”, му рече Томазос и го завлече по уличката што водеше до селската кафеана.
Влегоа во кафеаната. Седнаа на една од петте маси. Газдата беше мрзоволен човек. Им донесе две чаши полни со ракија. Томазос ја подигна чашата.
“За здравје на децата, кир Ставро!”
“За иднината на нашите деца!”, му одврати Ставре. Очите му се наоблачија. Лицето му поцрвене. “Зошто не ми испратија писма од амбасадата и Црвениот крст?”, помисли. “Господ знае каде се моите деца? Можеби Евангелија некаде со некој човек разговара за нивната иднина исто како и јас и Томазос”, помисли Ставре. Се напи од ракијата и ја врати чашата на масата.
“Какви ти се плановите за иднината?”
Ставре Наковски се накашла. Го погледна Томазос во очите.
“Да си ја почекам умирачката, кир Томазос. Изградив куќа. Децата пораснаа. Ми преостана мирно да ги проживеам годините што ми ги даде господ да ги поминам на земјата”.
“Ќе изградам нова куќа. За Алики и Димитри. Млади се и нека се радуваат”.
“Ако ти требаат пари кажи ми! Имам”.
“Не е потребно, кир Ставро. Тоа ќе им биде мој подарок за свадбата”.
“Тогаш, да таксам и јас. Мебелот нека биде од мене”.
“Ако е тоа твоја желба, нека биде!”
Ставре Наковски си ја допи ракијата.
“Да одиме, кир Томазос. Имам уште троа работа”.
Томазос ја испи ракијата од неговата чашка. Стана од столот.
“Пиши на моја сметка, кир Телиос!”, му викна Томазос на газдата на селската кафеана.
“Биди здрав и жив, кир Томазос! Има време за плаќање”, му одврати газдата.
Ставре излезе од селската кафеана. Се поздрави со Томазос и по угорнинката се врати дома. Легна на креветот несоблечен и задрема.
2. Во дворот се слушна тропање на запрежна кола. Ставре ја истави дремката од очите. Се протегна мрзоволно на креветот. Наслушнуваше, Ксантина влета во собата весело.
“Се продадовме”, викна.
“Умре кир Дионис. Денес го закопавме”.
“Како?”, се натажи Ксантина.
“Сега се вративме со Томазос од закопот”.
Ксантина седна на креветот крај него. Го помилува по косата.
“Нека му е лесна земјата! Беше добар човек”.
Ставре ја гушна. Полека ја доближи до себе. Му надојде силна желба да ја преврти. Пушти рака по нејзините гради. Потоа легна врз неа.
“Полека, Ставре. Трудна сум, можеме да го повредиме бебето”.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/smrt-vo-solun-macedonian/24 on October 29, 2026