Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Mincho Fotev and the National Liberation Movement of the Macedonian People from Greek Occupied Macedonia (1941-1949)

Дел II НОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941-1949) - Part 07

By Д-р Михајло Миноски · Part 9 of 21 · About 18 minutes

Read in English

Со обнародувањето и основањето на НОФ се вратил оптимизмот и вербата во успех на борбата за национално ослободување. (На истото место, 6.) Македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија се здобил со свое национално политичко раководство. (Hа истото место, 5.)

Грчкиот монархистички режим одговорил со засилено следење за откривање на активистите и разбивање на македонската национална организација. Уапсените активисти и симпатизери на НОФ биле жестоко измачувани и судени од воени судови.

Воениот суд во Ениџе-Вардар ги осудил на смрт, по што на 26 јули 1946 година биле егзекутирани: Мирка Гинова (Ирина Гинова-Мирка. од с. Русилово, Воденско. Родена 1916 година.

Основно образование завршила во родното место, завршила тригодишна домаќинска школа во Воден и Учителска школа во Костур. Учителствувала во с. Кутугери, Воденско, населено со грчко-маџирско население од Мала Азија, а потоа во македонското село Велкојанево, Воденско. Во 1941 година по окупацијата на Грција од фашистичките сили, се вратила во родното село и стапила во грчкото движење на отпорот и македонското националноослободително движење. Во 1943 година била член на Реонскиот одбор на младинската организација ЕПОН за Островската околија, а потоа и член на КП на Грција. Агитирала и организирала стапување на македонските младинци во партизанските единици на НОД.

Била борец на Воденскиот партизански одред во составот на ЕЛАС во 1944 година и учествувала во оружените борби против фашистичките сили, била член на Окружниот одбор на организација на НОФ и секретар на Окружниот одбор на АФЖ за Воденско (1945 год.). Во борбата со монархистичките сили била заробена, а воениот суд ја осудил на смрт. Смртната казна била извршена на 26 јули 1946 година.) - секретар на АФЖ, xеројот на македонскиот народ, Пандо Терповски (П. Трповски-Бундовски од с. Галишта, Костурско, комунист, борец во ЕЛАС, припадник на НОД на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, бил политички комесар на баталјон на Првата ударна егејска бригада, секретар на Околискиот одбор на НОФ, уапсен од полицијата на грчкиот монархистички режим, бил осуден на смрт и стрелан во Атина во 1948 година.)-секретар на Околискиот одбор на НОФ, Ташо Ивановски - раководител на НОМС, (Т. Ивановски од гр. Хрупишта, Костурско.) Ѓорѓи Проевски, (Ѓ. Проевски од гр. Воден, учесник во НОД, член на Градскиот одбор на НОФ на Воден, борец во Воденскиот македонски баталјон (во составот на ЕЛАС), осуден на смрт од Воениот суд на монархистичкиот режим на Грција, бил погубен на Ениџевардарските гробошта, на 26 јули 1946 година.) Димитар Лимбов, (Д. Лимбов од с.

Владово, Воденско. Учесник во НОД, член на Реонски одбор на НОФ, осуден на смрт од воениот суд на монархистичкиотот режим на Грција, бил стрелан на 26 јули 1946 година.) Ристо Стојанов, (Р. Стојанов од с. Месимер, Воденско, активист на НОФ, осуден на смрт од воениот суд на монархистичкиот режим на Грција и стрелан на 26 јули 1946 година, на гробиштата во Ениџевардарско.) Петро Попдимитров, (Петре Попдимитров од Воден, активист и член на Градскиот одбор на НОФ, осуден на смрт од воениот суд на монархистичкиот режим на Грција и стрелан, на 26 јули 1946 година.) Томо Михајлов, (Т. Михајлов од с. Бугово, Воденско. Учесник во НОД. Бил член на Реонскиот комитет на НОФ, осуден од воениот суд на монархистичкиот режим на Грција бил стрелан, на 26 јули 1946 година.) Мистикидис Ѓорѓис, Васил Делевски (В. Делевски, од с. Чука, Костурско.) и др. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 6.) Униформираната и тајната полиција биле овластени за откривање на организаторите и активистите на НОФ “на самото место да ги убиваат”. Така биле убиени:

Атанас Коровешовски (Атанас Коровешовски од с. Смрдеш, Костурско. Бил учесник во НОД, командант на Првиот македонски баталјон формиран на Караорман 1944 год., командант на баталјон на Првата ударна македонска (Егејска)

бригада. Загинал во борба на 3 септември 1945 година кај с.

Корнишор, Ениџевардарско.) - член на Главниот одбор на НОФ, Глигор Ќосев, (Од гр. Хрупишта.) Живко Поповски, (Ж.

Поповски од с. Попожани, Леринско. Учесник во НОД, борец во ЕЛАС. Бил член на Околискиот одбор на НОФ и член на Леринскиот комитет на КПГ. Загинал 1948 година.) Алеко Василев, (А. Василев од с. Гуменџе, Кукушко.) Кузма (К.

Калојановски од с. Нестрам, Костурско, револуционер-комунист од пред Втората светска војна, учесник во НОД на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, првоборец. Бил секретар на реонски комитет на НОФ, загинал во 1947 година.) Калојановски. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, стр. 6.) Во градовите од егејскиот дел на Македонија биле организирани да дејствуваат за протерување на македонскиот народ. (На демонстрациите биле извикувани пароли: “Бугарите да бегаат! Смрт на бугарокомунистите!”)

Фотев пишува дека по основањето на НОФ, британската и американската агентури во Грција презеле силна пропагандна активност за поддршка на Ванчо Михајлов во создавањето на автономистичкото движење под паролата за “обединета самостојна Македонија”. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 6-7.) Нивната вистинска цел била да создадат шпионски и диверзантски центри за борба против НОД на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија и против НР Македонија, за “шпионска и субверзивна дејност против балканските народнодемократски држави, а пред се против ФНРЈ”. (На истото место, 7.)

Организацијата на НОФ бележела брз подем. До средината на јуни биле формирани првите четири окружни одбори на НОФ, а до крајот на август и градски одбори во: Лерин, Воден, Ениџе-Вардар и во Хрупишта, осум околиски, неколку реонски одбори, секој од по 5 члена. Во тој период во околу половина од населените места со македонско население биле формирани организации на НОФ, НОМС и АФЖ со месни раководства и партиски ќелии. До октомври 1945 година, ја прошириле својата организација на целата територија од егејскиот дел на Македонија. (На истото место.) Само во источниот округ

(Серско и Драмско) каде условите биле потешки, ширењето на организациите одело бавно поради немањето доволно сопствен кадар. (На истото место.) За кусо време НОФ со неговото масовизирање од организација прераснал во сенародно движење за национална слобода и рамноправност со грчкиот народ, “за слобода, независност и мир во Грција”. (На истото место, 10.) Тоа според Фотев се должело на “два историски момента:

1. Славните револуционерни традиции и идеалите на Илинденското востание, заветите на илинденските револуционери за нивните потомци да ја продолжат нивната борба до нивното конечно реализирање.

2. Победоносниот исход на НОБ и револуцијата со збратимените народи и народности на Југославија и како плод на таа заедничка борба е создадената Македонска република од што се инспирираше ослободителното движење на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија”. (На истото место, 10.) Сето тоа било постигнато со “морално-политичка поддршка, материјална и практична помош од НРМ”, следствено од Југославија. (На истото место.)

Македонскиот народ се обединил во НОФ со убедување дека само “со револуционерна борба, со сопствена крв и жртви може да ја добие својата национална и социјална слобода”. (На истото место.)

Раководството на КП на Грција “со посебна острина” ја напаѓала македонската организација (М. Фотев, Односот на КПГ кон организацијата на НОФ од нејзиното формирање до Првиот конгрес на НОФ, стр. 2 (ФА - Фотеви, машиноспис, авторизиран текст.)) како “националистичка, автономистичка итн.” (Минчо Фотев, Односот на КПГ кон организацијата на НОФ, 2.) Протестирало и раководството на ЕАМ. Двете грчки организации КПГ и ЕАМ македонската национална организација ја прогласиле за агентура на Иван Михајлов основана за разбивање на единството на демократското движење на Грција. КПГ и ЕАМ не го признале НОФ, ако го признаеле (според Фотев) ќе морале да го изменат нивниот “шовинистички и големогрчки став спрема македонското национално прашање како актуелно општествено-политичко прашање во Грција, да се застапат пред грчкото општество и државата за признавање на македонската нација и да му овозможат слободен живот” на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 7; Односот на КПГ кон организацијата НОФ, 3.)

КП на Грција се соочила со новата реалност создадена со основањето и дејствувањето на македонската национално револуционерна организација која го претставувала организираното самостојно македонско националноослободително движење. Поддржувана од НР Македонија организацијата на НОФ се појавила како политички фактор во Грција. КПГ понатаму не можела да тврди како што тврдела доттогаш дека во Грција, односно во егејскиот дел на Македонија, имало само минорна изолирана јазична “славофонска група”. На политичката арена во Грција се појавил македонскиот народ како “дел на македонската нација кој живеел на своја национална територија” (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 12.), решен да се бори со оружје за своето ослободување предводен од свое политичко раководство. Народ кој “не сакал да остане разделен од своите слободни браќа” (На истото место, 12.) во македонската национална држава НР Македонија. Затоа КПГ продолжувала да “ја напаѓа и клевети македонската револуционерна организација осудувајќи ги акциите на НОФ против монархофашистичкиот терор” (На истото место.) од егејскиот дел на Македонија. НОФ и другите македонски национални организации (НОМС и АФЖ) дошле во остар вербален судир со КПГ по прашањето на регрутирање во грчката армија.

Раководствата на македонските организации повикале “ниту еден младинец да не прифаќа да служи воен рок” во грчката армија на монархистичкиот режим, употребувана во спроведувањето на терор против македонскиот народ. КПГ обвинила за “субверзија против грчката армија”. (На истото место, 14)

Монархистичкиот режим на Грција уште повеќе ја засилил репресијата со полицијата, а терористичките формации со насилствата за протерување што поголем дел од македонското население од егејскиот дел на Македонија, што достигнал кулминација по враќањето на кралот на 28 октомври 1946 година. (На истото место, 15.) Десничарскиот печат (весниците:

“Елиникос Ворас”, “Неа Алитија” и др.), повикувал на протерување на “Судетите од Грција” (На истото место, 15.)

Поради жестокоста на теророт “секојдневно старци, мажи, жени и деца голи и боси бегале преку границата во НР Македонија за да го спасат голиот живот”. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 15.) Според податоците на Главниот одбор на НОФ само за првите 6 месеци во 1945 година, од егејскиот дел на Македонија биле протерани околу 25.000 Македонци. (На истото место, 15;

М. Фотев , За контрачетниците, 70.) Македонците борци во ЕЛАС биле постојано прогонувани и апсени. Бројот на уапсените македонски патриоти и борци во ЕЛАС нараснал на неколку илјади. (Фотев изнесува податок дека само во често споменуваното малото гратче Хрупишта биле уапсени околу 300 Македонци, тројца грозоморно убиени, а околу 100 биле гонети и присилени да преминат во НР Македонија. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 12-13.)) Уапсените биле спроведувани во злогласните концентрациони логори: “Макронисо”,”Јура”, “Павлос Мелас”, и во затворите; “Авероф”, “Едикуле” и други во кои многу од нив биле убиени од грчката полиција со примена на “средновековни инквизиторски методи”. (М. Фотев, За контрачетниците, 70; Развојниот пат на НОФ, 13.)

За заштита на населението НОФ организирала народна одбрана.

Од поранешните борци на ЕЛАС и младинци биле формирани вооружени групи “со противмерки за спречување на злото”. (М.

Фотев, Развојниот пат на НОФ, 13.) Вооружените групи од кои биле формирани и првите македонски партизански одреди кои на секој напад од грчките терористи одговарале со иста мерка.

(Фотев: “Ниту еден напад не минуваше без соодветна казна” (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 13.)) Народот “се охрабрил и револуционаризирал”, (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 13.)

организацијата на НОФ се масовизирала и прераснала во моќно националноослободително движење. Македонските комунисти масовно ја напуштале КП на Грција. Според податоците на партиското поверенство на КПГ од егејскиот дел на Македонија, партијата ја напуштиле 80% од македонските комунисти и стапиле во македонските национални организации:

НОФ, НОМС и АФЖ. (На истото место, 13.)

КП на Грција продолжувала со непријателскиот однос спрема македонската национална организација на НОФ, прогласена за автономистичка организација. Најостро ги осудила мерките за самоодбрана квалификувани како тероризам. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, стр 13.) Колку било силно непријателството се потврдува со фактот дека КПГ соработувала со монархистичкиот режим против НОФ.

Обласните раководствта на КПГ од егејскиот дел на Македонија ги повикувале полицијата и другите органи на прогонот за ликвидирање на активистите и приврзаниците на НОФ. КПГ презела и организирана јавна пропаганда за мобилизирање на грчкото население против НОФ. Во јуни 1945 година, Околискиот комитет на КП на Грција во Костур растурил летоци со повик до властите да преземат мерки за ликвидирање на “автономистичката НОФ”. На 28 јуни ОК на КПГ во Воден растурил проглас со повик, до членовите на партијата и грчкиот народ за мобилизирање против “автономистичката”, “сепаратистичка” и “комитаџиска” организација на НОФ. (На истото место.) Сето тоа довело до заострување на односите.

Раководството на НОФ на жестоките напади од КПГ одговорило со воздржаност да не дојде до ескалирање на ситуацијата, барало начин да ги нормализира односите со КПГ.

И раководството на КП на НР Македонија инсистирало за нормализирање на односите со КП на Грција. (М. Фотев, Односот на КПГ кон организацијата на НОФ, 4.)

На македонското НОД му било потребно сојузништвото на грчкото антимонархистичко движење против монархистичкиот режим. Затоа организацијата на НОФ ги поддржала акциите организирани од КПГ и ЕАМ; штрајковите, протестите и другите форми на отпор. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 15.) Мнозинството од раководството на НОФ било со убедување дека македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија “без братство и единство и без заедничка борба со грчките прогресивни сили, без нивна победа, не ќе може да ги добие своите национални права и слобода”. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 19.) Затоа раководството на НОФ, иако за тоа немало целосно единство, настојувало за нормализирање на односите со КПГ и ЕАМ. (Фотев: “Тргнувајќи од таа трајна определба, НОФ (раководството - ММ) секогаш се стремеше и упорно настојуваше да ги отстрани сите недоразбирања и да ги нормализира односите со КПГ и ЕАМ, иако имаше група сепаратисти кои тоа не го сакаа”, (курзив -ММ) (На истото место, 19.)) Нормализирањето на односите и заедничкото дејствување на НОФ и КП на Грција не можело да се постигне поради погрешниот став. (Не беше во прашање погрешен став туку тоа што раководството на КПГ не признаваше и не сакаше да го признае македонското национално прашање во Грција, Тоа се потврдува и од претходните негови искажувања, што е уште една неусогласеност односно контрадикторност во гледањата на Фотев за фундаменталните прашања.) на раководството на КП на Грција спрема македонското национално прашање. (Главната пречка било раководството на КПГ кое според Фотев “никогаш не се осмели отворено и јасно да му ја каже вистината на грчкиот народ, на работничката класа, дури и на своето членство, за македонскиот народ и неговата долгогодишна борба за сопствено национално ослободување.” (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 19.) Но, дали се работеше за немање храброст или за тоа дека КП на Грција немаше намера да го признае македонскиот народ?)

Во почетокот на јануари 1946 година, Главниот одбор на НОФ презел еднострана иницијатива за воспоставување односи на соработка. Со директива ги задолжил окружните, околиските, градските и реонските раководства на НОФ, НОМС и АФЖ тие да воспостават врски со организациите на КПГ, ЕАМ, АКЕ и ЕПОН, да покажат флексибилност при решавањето на спорните прашања, меѓусебните обвинувања и напади “да ги одбегнуваат по секоја цена” за да се постигне единство на активностите и акциите против монархистичкиот режим. (На истото место. 20.)

Во тоа време се влошила и положбата на КПГ. Под ударот на атинскиот монархистички режим се нашле грчките комунисти и борците на ЕЛАС. Според податоците кои Фотев ги добил лично од генералот Маркос Вафијадис, до јуни 1946 година, околу 80.000 Грци и Македонци членови и симпатизери на КПГ и на ЕАМ, борци на ЕЛАС биле затворани и без судење биле интернирани. Околу 8.000 партизани, офицери и комесари на ЕЛАС протерани од Грција преминале во Југославија. (М.

Фотев, Развојниот пат на НОФ, 16.) Во таква ситуација КП на Грција одлучила одново да формира партизанско движење за борба против монархистичкиот режим. Од борците на ЕЛАС биле формирани првите одреди. Нивниот број постојано се зголемувал. До јули 1946 година, грчки партизански одреди имало во планинските региони на Тесалија, Епир и егејскиот дел на Македонија и др. области. Со решение на Политбирото на ЦК на КПГ за врховен командант бил поставен Вафијадис.

(На истото место.) Грчките партизански одреди од егејскиот дел на Македонија биле малубројни и во тешка положба бидејќи КПГ и ЕАМ, по заострувањето на односите со НОФ, немале поддршка кај народот. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 17.)

Главниот одбор на НОФ, се состанал да ја разгледа ситуацијата со појавувањето на грчките партизански одреди од егејскиот дел на Македонија формирани од КПГ. Било одлучено да се зголеми бројот на македонските партизански одреди и да се засилат герилските акции.” (На истото место, 16.) Постоечките и новите одреди биле формирани од Македонци, “исклучително од доброволци”, поранешни партизани на ЕЛАС и од борците на Првата македонска (Егејска) ударна бригада. (На истото место. 17.)

Со директива на Главниот одбор, раководните тела и активистите на НОФ, НОМС и АФЖ биле задолжени да ја интензивираат дејноста за подготвување на народот за масовна оружена борба проти грчкиот монархистички режим. Главниот одбор одредил и лица за спроведување на директивата. За централниот егејски дел на Македонија: Воденско, Ениџе-Вардарско и Гуменџиско бил задолжен Ѓорѓи Урдов-Џоџо, а за западниот дел: Костурско, Леринско и подрачјата на Вичо и Грамос бил задолжен Минчо Фотев. Со одлука на Главниот одбор биле формирани четири регионални оперативни зони:

“Грамос”, “Вичо”, “Кајмакчалан” и “Пајак Планина” со штабови. За штабовите на оперативните зони биле одредени командантите и политичките комесари: за командант на оперативната зона “Вичо” бил одреден Пандо Шиперков, (П.

Шиперков од с. Смрдеш, Костурско. Бил борец во ЕЛАС, политички комесар на чета на првиот македонски баталјон формиран на пл. Кајмакчалан, полит. Комесар на баталјон на Првата македонска (Егејска) ударна бригада, капетан на ЈHА, командант на штаб на македонските партизански единици на оперативната зона “Вичо”, член на Главниот одбор на НОФ, командант на баталјон на ДАГ, потполковник па ДАГ. Загинал кај с. Папретско, Костурско, во 1948 година.) а политички комесар бил Михаил Апостоловски-Гранити; на оперативната зона “Грамос” за командантот бил одреден Васил Христовски

(В. Христовски од с. Добролишта, Костурско. Бил борец на ЕЛАС, командир на македонски партизански одред, командир на чета на ДАГ. Загинал во 1948 година.), а за политички комесар Сотир Костовски-Дирекот (С. Костовски-Дирекот од с.

Стенско, Костурско. Бил борец на ЕЛАС, полит. Комесар на македонски партизански одред на НОФ, политички комесар на чета на ДАГ. Загинал во 1948 година.); на оперативната зона “Пајак” за командант бил одреден Киро Кочко, а за политички комесар Иван Ковачев (И. Ковачев-Орфеј, од Гуменџи. Бил борец во ЕЛАС, член на Окружниот одбор на НОФ и секретар на Окружниот одбор на младинската организација на НОМС за Ениџевардарско и Гуменџиско, кандидат за член на Централниот совет на НОФ, командир на чета на ДАГ. Загинал во борбата на планината Грамос, во август 1949 година.)-Орфеј.

(На истото место, 16-17. Фотев не дава податоци за штабот на О.З. “Кајмакчалан”.) Штабовите на оперативната зона биле подредени на Главниот одбор, задолжени да соработуваат со окружните раководства на НОФ. Главниот одбор расправал и за формирање на централно воено раководство - Главен штаб.

Формирањето на раководството било одложено, со заклучок да се изврши доколку развојот на оружената борба го наложи тоа.

(На истото место, 17.) На истиот состанок било расправано за снабдување на партизанските одреди со оружје, муниција, облека, храна, санитетски материјали и др., со заклучок дека тоа може да го спроведе единствено населението, односно народот. (На истото место, 16.)

Штабовите на оперативните зони “Грамос” и “Вичо” биле комплетирани до крајот на јули 1946 година. На подрачјата на тие зони дејствувале 5 партизански одреди и 12 оружени групи на македонското НОД, со вкупна бројна состојба од 736 борци.

На истите подрачја двата грчки партизански одреда под команда на Георгис и Стратос имале вкупно 120 борци од кои 30 биле Македонци членови на КПГ. (На истото место, 17.)

КП на Грција и по формирањето на првите партизански одреди (во пролетта 1946 година) останала легална политичка партија, неопределена против монархистичкиот режим дали да преземе или не оружена борба. (На истото место.) Поради тоа одржувале мал број на грчки партизански одреди. Приливот на нови борци бил многу мал, и покрај жестокоста на режимот.

Раководството на КПГ го ограничувал развојот на грчкото партизанско движење (Тоа, според Фотев, било “фатално за ослободителното дело на ДАГ”. (М. Фотев, Развојниот пат НОФ, 18.)) се до есента 1946 година. (Фотев го пренесува доверливото искажување на генералот Маркос, за тоа рекол:

“ЦК на КПГ на чело со Никос вршеше експерименти со партизакското движење. Според инструкциите што ги добив од Политбирото и лично од генерапниот секретар, во јули 1946 година, строго ми беше речено: 1. Во партизанските одреди може да се примаат само прогонети антифашисти, комунисти и патриоти, на доброволна основа; 2. Во редовите на партизанските одреди во никој случај не треба да се примаат групи војници кои ја напуштаат владината армија; 3. Да се применува дефанзивна тактика. Во никој случај да не се напаѓаат градовите и центрите во кои се стационирани единиците на владината регуларна армија. Категорично ми беше забрането да формирам партиски организации во партизанските одреди.” (М, Фотев, Розвојниот пат на НОФ, 18.)) Поради нерешителноста на КПГ за преземање на оружена борба, раководството на партијата не покажало интерес за нормализирање на односите со македонската национална организација на НОФ, а со тоа и за координирање на оружените акции на партизанските одреди. (Фотев пишува дека односите меѓу НОФ и КПГ не биле нормализирани исклучиво по вина на КПГ, а “отсуството на заедничка координирана дејност значително го намалила борбениот ефект и успесите против монархофашистите.” (На истото место, 18.))

Раководството на македонската национална организација продолжило со настојувањето да се постигне согласност со КПГ за заедничко дејствување. Договорањето било “тешко и макотрпно”, пречките доаѓале “главно од страната на раководството на КПГ”. (На истото место, 19.)

Во почетокот на јуни 1946 година, секретарот на Главниот одбор Паскал Митревски “под најтешки илегални услови” отпатувал во Солун на преговори со генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис и со секретарот на ПК на КПГ од егејскиот дел на Македонија и Тракија Леонидас Стрингос.

Митревски ги запознал високите претставници на КПГ со програмските начела и положбата на НОФ. (На истото место.)

Преговорите завршиле со признавање на македонската организација.