Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Mincho Fotev and the National Liberation Movement of the Macedonian People from Greek Occupied Macedonia (1941-1949)

Дел II НОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941-1949) - Part 06

By Д-р Михајло Миноски · Part 8 of 21 · About 18 minutes

Read in English

Бугарија капитулирала на 9 септември 1944 година. Со нејзината капитулација и повлекувањето на нејзините армиски единици и германските сили од Грција настанала нова ситуација. И за КП на Грција како битен политички приоритет бил грчкиот големодржавен интерес - реставрирање на грчката држава во предвоените версајски граници. Раководството на партијата се определило за политичко дејствување во борбата за власт. Согласно со националистичката политика донело одлука да не ги толерира посебните македонски единици во составот на ЕЛАС, КПГ и ЕАМ, кои докажале дека не го признаваат македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, следствено и македонско национално-ослободително двжење (НОД). (Фотев: КП на Грција “му го оспори правото на македонскиот народ да создаде свое националло НОД, има историска одговорност за катастрофалните последици што ги претрпе македонскиот народ од Егејска Македонија во периодот на Втората светска војна.” (М. Фотев, За контрачетниците, 58.)) Претходното декларативно признавање на славомакедонското население било со единствена цел македонскиот народ да го мобилизираат во оружената борба против фашистичките окупатори во составот на единиците на ЕЛАС, во никој случај да не прифаќаат негова рамноправност со грчкиот народ. Докажале дека СНОФ за нив била само привремена потреба за ефикасна борба против окупаторските сили и пробугарското комитаџиско движење. (Фотев: “СНОФ им беше потребна само како инструмент во нивните раце во борбата против великобугарската политика и против комитаџиите”. (На истото место, 48.)) Со таквиот нивни став за суспендирање на веќе оствареното право на самостојното национално организирање, за кое македонскиот народ се изборил со оружје и со масовното учество во заедничката атифашистичка борба, (Фотев пишува дека 80% од македонскиот народ организирано и активно учествувал во борбата против окупаторите и домашните предавници. (На истото место, 60.)) КПГ и ЕАМ предизвикале силно незадоволство кај македонските комунисти во раководството на СНОФ и во партизанските единици. Одлуката за распуштање на организацијата на СНОФ и нетолерантниот однос кон македонскиот баталјон ги доживеале како груб “антимакедонски и контрареволуционерен акт”. (На истото место, 72.) На тоа раководството на КП на Грција одговорило со конструирано обвинување за Штабот на баталјонот за соработка со Англичаните, дека “преку аеродромот во гр.

Хрупишта баталјонот го снабдувале со оружје и муниција”, во време кога тој аеродром “се наоѓал под контрола на ЕЛАС”. (На истото место, 72.) Заострените односи попримил карактер на конфликт од пошироки размери со далекусежни последици.

Со жестоката реакција од Штабот на полкот на ЕЛАС било дадено до знаење дека ЕЛАС и КП на Грција не допуштаат самостојно преземање на борбени дејствија на македонскиот баталјон “Гоче”, ниту формирање на нови македонски единици:

баталјони, бригади итн., на што јавно се обврзале. Наредбата од Штабот на полкот на ЕЛАС била сфатена и прифатена како најава за расформирање на македонскиот баталјон со употреба на сила. Ситуацијата крајно се заострила. Командантот на Штабот на баталјонот Илија Димовски-Гоче и членовите на Штабот со другите раководители: Паскал Митревски, Атанас Коровешовски, Минчо Фотев и други, одлучиле да го информираат Главниот штаб на НОВ и ПОМ за натамошното постапување. (М. Фотев, Погледи и белешки, 20.) За тоа време додека го чекале враќањето на Паскал Митревски со инструкциите од ГШ на НОВ и ПОМ, единиците на ЕЛАС презеле напад на баталјонот “Гоче” за негово расформирање и апсење на 90-те негови борци прогласени за “бунтовници”. (Hа истото место.) Тие “не ја извршиле наредбата на IX-та дивизија, односно на ХХVIII полк на ЕЛАС, баталјонот да го напушти теренот на планината Вичо и да се префрли на подрачјето на Кожанската околија.” (М. Фотев, Погледи и белешки, 20.)

Преминувањето на баталјонот “Гоче” на територијата на ДФ Македонија За “да го одбегне крвопролевањето” со единиците на ЕЛАС баталјонот се повлекол од реонот на планината Вичо и во комплетен состав, “до последен борец” (освен политичкиот комесар), на граничниот пункт “Маркова нога” кај с. Љубојно, преминал на територијата на ДФ Македонија. Бил стациониран кај с. Граешница, Битолско. (Hа истото место.) Тука на баталјонот му пристапиле нови борци кои поединечно и групно ги напуштале единиците на ЕЛАС. На баталјонот му пристапиле и преку 200 борци од Леринско и Костурско од резервниот состав на ЕЛАС. (Hа истото место, 20-21.) На партизанските капи на борците на баталјонот значките на ЕЛАС биле заменети со ѕвезди петокраки. (Hа истото место,

21.)

Во с. Граешница каде бил стациониран баталјонот “Гоче” пристигнале Паскал Митревски, Ламбро Чолаков и комесарот на IX дивизија на ЕЛАС Ренос Михаелас кои доаѓале од ГШ на НОВ и ПОМ. Во Штабот на баталјонот пристигнале инструктори на ГШ за разрешување на политичките и организациските проблеми. (На истото место.)

Положбата на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија под власта на повоениот грчки монарxистички режим По воспоставувањето на монархистичкиот режим во Грција, на кој раководството на КПГ му дал легитимитет со потпишувањето на Договорот во Варкизе, (На 12 февруари 1945 година.) македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија бил поставен во положба како пред војната, за време на диктатурата на режимот на Метаксас, систематски тероризиран од грчката полиција и жандармерија. Уште пожесток бил теророт со грозоморните насилства од грчките паравоени терористички вооружените банди. Биле “составени од фашистички крволочни елементи” (кои пред тоа содејствувале со окупаторите) предводени од: Францискос Коларас-Цезос, (Маџир од Мала Азија, населен во с. Горенци, а потоа во гр.

Хрупишта, Костурско. За време на окупацијата го тероризирал населението во Костурско. По повлекувањето на окупаторските сили бил уапсен и затворен. Во почетокот на 1945 година (по договорот во Варкизе) бил ослободен и со вооружена банда, заедно со другите водачи на паравоени оружени банди, продолжиле со тероризирање на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија.) Георгиос Митрушис-Гифас, Андреас Пападопулос, Аристотелис Кендрос, Теодорос Скотидас, Георгиос Сарис, Симос Зупас, Јорданис Спирополос, Пападинас (Поп од с. Бела Црква.) и др. (М. Фотев, За контрачетниците, 69; Развојниот пат на Народноослободителниот фронт (НОФ) од егејскиот дел на Македонија (автороризиран машинопис, според компјутерски текст), 3.) Тие “на најсвиреп начин” се пресметувале со македонскиот народ; грозоморно убивале невини Македонци, (Фотев: “Често пати на убиените или закланите Македонци им ги сечеа главите, ги набиваа на копја и ги носеа низ населените места за да го плашат народот”. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 3.)) силувале и убивале девојки, (Како потврда Фотев ги наведува следниве настани: “Монархофашистичките банди ноќе од с. Загоричани грабнаа 17 жени, ги одведоа во месноста Ѓолее крај Костурското Езеро и сите ѕверски ги убија”. Тројца бандити предводени од Ставрос Харалампидис ноќе ја грабнале девојката Анастасија Стерјовска од нејзиниот дом во гр.

Хрупишта и откако ја силувале ја заклале, а мртвото тело го оставиле во дворот. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 3-4.)) ги ограбувале нивните домаќинства, до смрт претепувале, (Фотев:

“Оргиите на монархофашистите беа ужасни. Животот и честа на секој Македонец-ка зависеше од волјата на секој бандит, монархофашист, од секој жандарм. Мажите ги тепаа до смрт во сопствените куќи или на улица, а не беа поштедени ни жените, ниту малолетните деца. Девојките ги силуваа дури и пред очите на родителите. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 3-4.)) со цел да ги присилат “да го напуштат својот роден крај, физички да ги истребат”. (Во градот Хрупишта вооружените бандити:

Георгиос Митрушис-Гифас, Аристотелис Кендрос, Томас Бендос, Елефтериос Љакос, Ригас Карагеоргиу, Филипас Самарас, Ставрос Халарамбидис, браќата Георгиос и Харилаос Ливанидис, Григориос Сарис и др., ноќе маскирани ги напаѓале куќите на македонските борци. Фотев го пренесува потресното сведочење на Евталија Чангова, која го преживеала мачењето:

“Беше полноќ. Јас и ќерка ми Софија спиевме. Ненадејно група монархофашисти не нападна. Со пушки вперени во нас почнаа да не тепаат, да не псујат, бараа од нас да им кажеме кого криеме во нашата куќа. Еден од напаѓачите - Георгиос Митрушис-Гифас, во рацете држеше мртовечка глава-череп полузавиткана со црна шамија ми ја подаде велејќи дека е тоа главата на мојот син Томо. Од страв треперев и молчев. Ќерка ми падна во несвест. По извршениот претрес на куќата сите по ред не тепаа кој со клоци, кој со тупаници, не истепаа и си отидоа со закани да не кажуваме.”. Коста Тамбура од истиот град од бандитите бил претепан на смрт и уште жив го закопале. (М. Фотев, За контрачетниците, 69; Развојниот пат на НОФ, 3-4))

Против теророт на монархистичкиот режим и паравоените банди немало организиран отпор. Под ударот на режимот се нашле и грчките демократски антимонархистички партии и организации. КПГ, ЕАМ и ЕПОН биле разбиени од полицијата и од грчките специјални воени единици - национална стража.

(М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 4.) Во таква политичка ситуација, на 31 март 1946 година, во Грција биле спроведени парламентарни избори. Немоќни нешто да изменат КП на Грција и ЕАМ изборите ги бојкотирале. Монархистичкиот режим го легализирал своето владеење, по што го засилил теророт во егејскиот дел на Македонија (На истото место, 15.)

Во таква состојба на загрозеност, за опстојување на македонскиот народ, на македонските комунисти и борци во антифашистичката војна не им преостанувало ништо друго освен да започнат самостојно политичко организирање на македонскиот народ за национална одбрана; “смело, по револуционерен пат да ја продолжат својата праведна борба против Грците поробувачи” (На истото место, 5.) за ослободување.

Формирањето на Првата ударна бригада на Македонија под Грција и Политичката комисија (Според именувањето претставено од Фотев.)

Во с. Велушина од борците кои пристигнале од егејскиот дел на Македонија бил формиран уште еден баталјон со командантот Атанас Коровешовски и политичкиот комесар Крсто Мангов, (М. Фотев, Погледи и белешки, 21.) а подоцна бил формиран Леринско-костурскиот одред. За командант на одредот бил поставен Илија Димовски-Гоче. Во Штабот на Одредот биле уште: “Пере од Прилеп - политички комесар, Наум Шупурковски-Леон - заменик политички комесар, Стив од Велушина, Битолско - началник на Штабот, Минчо Фотев - за секретар на СКОЈ, Ѓоре Ѓорески од Прилеп-инструктор за младински прашања. (М. Фотев, Погледи и белешки, 21.)

Веднаш потоа новоформираниот баталјон под команда на Коровешовски заминал во егејскиот дел на Македонија, на теренот во Костурско. (На истото место.)

Леринско-костурскиот одред, на денот на ослободувањето (4 ноември 1944 година) влегол во градот Битола и бил преименуван во бригада. (На истото место.) Тука било формирано политичкото раководно тело именувано “Политичка комисија на Македонија под Грција” на чело со Паскал Митревски. (На истото место.)

Во Битола од Прилеп пристигнал и Воденскиот македонски баталјон предводен од Ѓорѓи Урдов-Џоџо и Павле (П. Раковски- Гоче. Од с. Долна Клештина, Леринско, роден на 23 мај 1913 година. Завршил Педагошка гимназија во Солун, бил наставник во училиштето во с. Цакони, Мегленско. Учесник во антифашистичкото движење во Мегленско, бил реонски раководител во резервниот состав на ЕЛАС во Островска околија, борец во Воденскиот македонски партизански баталјон на ЕЛАС. Составил македонска азбука, и во Воденско објавил Проглас до македонскиот народ. По одлуката на раководството на КПГ за расформирање на баталјонот со единицата преминал во вардарскиот дел на Македонија (средината на октомври 1944 год.), учествувал во формирањето на правата ударна бригада на Македонците под Грција, бил член на Политичката комисија на Македонија под Грција, во почетокот на 1945 година се вратил во егејскиот дел на Македонија на теренот во Мегленско. При основањето на НОФ (на 23 април 1945) бил во шестчленото раководство, одговорен за агитационо-пропагандната и издавачка дејност, бил член и на Координативното биро на НОФ одговорен за агитпроп, го издавал весникот “Непокорен”, член на делегацијата на НОФ на Вториот меѓународен конгрес на мирот во Прага (април 1949 год.), по Резолуцијата на ИБ и поразот на ДАГ, со другите раководители на НОФ бил уапсен (на 7 октомври 1949 год.) од безбедносните органи на ДАГ во Албанија и спроведен во логорот “Бурели”, а потоа во Централниот затвор во Тирана, а оттаму (во декември 1949 година) во СССР каде бил осуден на 10 години затвор и спроведен во концентрационен логор во Сибир. По ослободувањето од логорот во 1960 година со семејството дошол во СР Македонија, во Скопје. За револуционерната дејносг бил одликуван. Починал во Скопје, на 10 јануари 1990 година.) Раковски. (М. Фотев, Погледи и белешки, 21-22.)

Во првата половина од ноември на Бригадата во Битола и пристапиле околу 300 нови лица од егејскиот дел на Македонија кои живееле во градот, а од Бугарија одред со Македонци од егејскиот дел на Македонија поранешни војници и офицери во бугарската армија. Бројот на борците се зголемил на повеќе од 2.500. Биле формирани нови четири баталјони, со што вкупниот број на баталјоните пораснал на шест, вклучувајќи го и Костурско-леринскиот кој заминал во егејскиот дел на Македонија. (Команданти на баталјоните биле:

Атанас Коровешовски, Ристо Јанкуловски, Милтијади Попниколов-Цветко, Димитар Тупурковски-Титан, Ристо Кардалов и Сотир Андоновски. Заменици на командантите:

Пандо Марковски, Благој Даскалов, Лефтер Олевски, Методи Биков. Политички комесари на баталјоните биле: Пандо Шиперков (капетан на ЈНА), Пандо Трповски-Бунтовски, Ѓорѓи Јаков, Вангел Мангов, Андон Бошков (капетан на ЈHА) и Аргир Кузевски. Заменици политичките комесари биле: Динко Делевски, Кочо Калинчев-Иван, Ване Шишковски, Крсто Мангов, Михаил Апостоловски-Гранит. (На истото место, 23.)

Во февруари 1945 година за заменик политички комесар на баталјонот со командантот Атанас Коровешовски бил поставен Спиро Лазаревски. (На истото место, 23.)) На 18 ноември, Штабот на бригадата, во согласност со Политичката комисија и со претставникот на НОВ на Македонија, извршил реорганизација. Во Штабот влегле: Илија Димовски-Гоче - командант, Михајло Керамитчиев - политички комесар, Вангел Ајановски-Оче - заменик политички комесар, Стив од с.

Велушина – началник на Штабот, Минчо Фотев - секретар на СКОЈ и Ѓоре Ѓорески - инструктор за младински прашања.

Вангел Ајановски-Оче не стапил на должноста по што политичката комисија ја повлекла одлуката за негово назначување, а како заменик на политичкиот комесар тогаш бил поставен Васил Макриевски. За постајан претставник во Штабот на бригадата, Политичката комисија го одредила Ѓорѓи Атанасовски-Блаже. (М. Фотев, Погледи и белешки, 22.)

Во февруари 1945 година, по наредба од ГШ на НОВ и ПОМ била извршена нова реорганизација на бригадата, така што во формацискиот состав имало: 3 пешадиски баталјони, 1 специјален и 1 баталјон со тешко вооружување. Поради влошените односи во Штабот на Бригадата и тука биле извршени измени. Главниот штаб го разрешил Hаум Пејов од должноста заменик командант, “како главен виновник за нарушените односи”. Од истите причини со решение на Политичката комисија Михајло Керамитчиев бил разрешен од функцијата политички комесар и повлечен од Бригадата, а на негова должност бил назначен Динко Делевски. (На истото место, 23.) Бригадата во тој формациски состав останала до 2 мај 1945 година, кога била расформирана. (За тоа Фотев пишува: “Можеби постои некој формален акт дека бригадата се расформирала на2 април, но фактички беше расформирана на 2 мај. Бригадата учествуваше на првомајската парада во Скопје.”

(На истото место, 24.))

Народноослободителен фронт (НОФ) на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија Македонската национална револуционерна организација под името: Народноослободителен фронт (НОФ) била основана на 23 април 1945 година. (На истото место: Односот на КПГ кон организацијата на НОФ од нејзиното формирање до Првиот конгрес: (машинопис, СА-Фотеви), 1.)) Тогаш било одлучено да се основаат национална младинска организација (НОМС) и национална организација на македонските жени (АФЖ). (М.

Фотев: “ Основањето на НОФ, НОМС и АФЖ беше една од најголемите придобивки на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, од неговото потпаѓање под доминација на грчката држава.” (Развојниот пат на НОФ, на истото место.))

Организационото раководство на НОФ, кое во документите е именувано како Главен одбор или Више раководство на НОФ, било составено од 6 члена: Паскал Митревски, Ѓорѓи Урдов-Џоџо, Атанас Коровешовски, Михаил Керамитчиев, Павле Раковски и Минчо Фотев. Се конституирало на 21 мај 1945 година, во Скопје (Во зградата “Мацура” на ул. “Орце Николов” (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 8.)) со изборот на Паскал Митревски за политички секретар, а Атанас Коровешовски одговорен за воените прашања. Минчо Фотев бил избран за секретар на НОМС и СКОЈ. (На истото место.)

Раководството на НОФ ја извршувало и функцијата на раководно тело на македонската комунистичка организација под името Партиско поверенство. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 7.) На конститутивниот состанок било расправано и за определување на лица одговорни за органите на народната власт - Народноослободителните одбори (НОО) и секретар одговорен за АФЖ. Сепак, решавањето на тие две прашања било одложено за нареден состанок. (На истото место, 7-8.)

Главниот одбор на НОФ по конституирањето веднаш одржал работен состанок. Политичкиот секретар Паскал Митревски говорел за историското значење на основањето на НОФ, за претстојните задачи на организацијата, како и за историската одговорност на раководството како Главен одбор и Партиско поверенство. Ја претставил политичката ситуација во Грција;

положбата и внатрешните состојби во грчкото комунистичко движење и говорел особено за жестокоста со која монархистичкиот режим го тероризирал македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. На состанокот биле разгледани ургентните организациони и кадровски прашања и донесени потребните одлуки и кадровски решенија:

1. Одлука за поделба на егејскиот дел на Македонија на 5 окрузи: 1. Костурски, 2. Лерински, 3. Воденски, 4. Ениџе-Вардарски и Гуменџиски, 5. Источен округ (за Серско и Драмско) и било извршено разграничување за ефективна дејност на раководните тела.

2. Одлука за утврдување на организациската структура на НОФ, НОМС, АФЖ и на Комунистичката организација на окружни, околиски и градски организации со раководни тела; окружни, околиски и градски одбори, односно партиски поверенства.

3. Главниот одбор избрал секретари на окрузите: Ламбро Чолаков (Л. Чолаков од с. Смрдеш, Костурско, учесник во НОД, секретар на Окружниот одбор на НОФ за Костурско.) на Костурскиот округ, Ристо Јанковски на Леринскиот округ, Вангел Ајановски на Воденскиот округ, Иван Ничев (И. Ничев од гр. Гуменџи.) на Ениџе-Вардарскиот и Гуменџискиот округ.

За источниот округ не бил избран секретар туку инструктор на Главниот одбор на НОФ за округот. За таа должност бил одреден Михаил Апостоловски (Михајли Апостоловски-Гранити од с. Крчишта, Костурско. Роден на 25 ноември 1923 година. Учесник во НОД на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, Бил борец во ЕЛАС, во партизанскиот одред “Лазо Трповски” (1943), заменик на политичкиот комесар на чета во Костурскиот македонски баталјон, командир на вод во Костурско-леринскиот баталјон “Гоче”, член на штабот на ДАГ на планината Вичо (1946), загинал како командир на баталјон на ДАГ на планината Грамос, на 31 март 1948 година.)-Гранити. (На истото место, 8.)

4. Одлука за Формирање на одделение за агитација и пропаганда (агитпроп). За негово организирање бил одреден политичкиот секретар Паскал Митревски.

5. Одлука за организирање на народна одбрана и вооружени групи за заштита на народот од теророт на монархистичкиот режим и грчките парадржавни вооружени банди. Да се формираат околиски и реонски вооружени групи и да дејствуваат под раководство на околиските и реонските секретари на НОФ. (На истото место, 8.)

6. Одлука за обраќање до владата на НР Македонија за организирано прифаќање на протераните и бегалците од егејскиот дел на Македонија. (На истото место, 8-9.) Барањето било прифатено. Во Скопје бил формиран Главен одбор за бегалците со кој раководел Главниот одбор на НОФ. Претседал на одборот бил Ѓорѓи Бончев, (Ѓ. Бончев од Драмско.) а секретар Паскал Митревски. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 9.)

Создавањето на НОФ, организацијата која го претставувала националноослободителното движење (НОД) на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија било извршено под непосредно раководство на ЦК на КПМ. (Во моментот кога Втората светска војна практично била завршена, на Балканот биле воспоставени влијателните зони; на СССР и на Велика Британија-САД кои на Грција и го обезбедувале територијалниот интегритет во предвоените версајски граници и монархистичкиот режим. Истото раководство на НРМ нецели 4 месеци пред тоа, во првите денови на јануари, жестоко се пресметаа со единиците на македонската војска кои бараа да ги продолжат борбените дејствија за ослободување на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија.)

Македонските комунисти и народот биле потикнувани на нова оружена ослободителна борба. (Фотев: “го охрабруваше и потикнуваше македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија на нови револуционерни подвизи и му влеваше надеж и оптимизам во неговата праведна борба” (На истото место, 10.))

На конститутивниот и прв работен состанок на Главниот одбор на НОФ, присуствувал Цветко Узуновски-Абаз, претставник на ЦК на КПМ кој од името на ЦК го поздравил формирањето на НОФ на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија.

Тој раководството на НОФ го известил дека ќе ја има “сестраната помош од народот на НРМ и КПМ”. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 9.) По состанокот членовите на раководството на НОФ заминале на терен во егејскиот дел на Македонија: Паскал Митревски во Леринскиот округ, Атанас Коровешовски во Ениџе-Вардарскиот и Гуменџискиот округ, Ѓорѓи Урдов-Џоџо и Павле Раковски во Воденскиот округ, а Михаил Апостолоски-Гранити заминал преку Пиринскиот дел на Македонија за Серско. (На истото место.)

Македонските комунисти прекинале со наметнатото организирање и водење на ослободителната борба под раководството на КПГ, “под грчко знаме”, (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 5.) погубно за македонското ослободително дело. По осамостојувањето од КП на Грција тие не формирале самостојна македонска комунистичка партија во егејскиот дел на Македонија, туку се определиле да дејствуваат преку националната револуционерна организација на НОФ.

Извесно е, иако за тоа Фотев не пишува, дека за тоа немало согласност од ЦК на КПМ.

Македонската национална револуционерна организација на НОФ за цел на дејствување (според Фотев) поставила:

1. Непомирлива борба за национално и социјално ослободување на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија;

2. Афирмирање на националниот идентитет и борбата на македонскиот народ за национална слобода и права;

3 Актуализирање на македонското национално прашање во политичкиот живот на Грција;

4. Организирање отпор против крвавиот терор и геноцидот спроведуван од грчката монархистичка власт;

5. Зацврстување на морално политичкото и националното единство на македонскиот народ;

6. Разобличување на автономистите на Ванчо Михајлов и разбивање на нивната шпионска организацја, кои како агенти на англоамериканските империјалисти се бореле против интересите на македонскиот народ;

7. Негување и зацврстување на братството и единството со грчкиот народ и заедничката борба со грчките прогресивни сили против непријателите на слободата и независноста на Грција;

8. Запознавање на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија со историските национални придобивки на Нова Југославија и со напредокот на македонскиот народ во НР Македонија;

9. Борба за премостување на вештачкиот јаз меѓу македонскиот народ, односно зближување и братска соработка со народот од другите делови на Македонија, особено со НР Македонија, пиемонт на целосното ослободување на македонскиот народ.

(На истото место, 5-6.)