Front Matter - Part 01
МИНЧО ФОТЕВ и националноослободителното движење на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија
(1941-1949)
Д-р Михајло Миноски Миншо Фотев и националноослободителното движење на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија
(1941-1949)
Puвlished вy:
Risto Stefov Puвlications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this вook may вe reproduced or transmitted in any form or вy any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or вy any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
****** March 3, 2017
****** СОДРЖИНА Предговор .........................................................................................6 Дел I...............................................................................................8 ЖИВОТОТ И РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ДЕЈНОСТ НА МИНЧО ФОТЕВ ..............................................................................................8 Дел II............................................................................................22 НОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941-1949) .........................................................22 Аспирациите на Бугарија, врховизмот и бугарската пропаганда во Егејскиот дел на Македонија (1941-1944) ..............................23 Пробугарското политичко движење во западниот и централниот дел на Егејска Македонија ............................................................26 Колаборационистичките движења во егејскиот дел на Македонија .....................................................................................31 Оружените терористички формации на грчките антимакедонски легални и тајни организации.........................................................31 Влашкиот легион............................................................................32 Појавата и дејствувањето на вооружените чети на пробугарското комитаџиско движење .........................................32 НОД од егејскиот дел на Македонија (1941-1944) .....................44 Партизанското движење во Костурско ........................................46 Советувањето во Hестрам .............................................................49 Основањето и дејноста на Словеномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) .......................................59 Информативната блокада на КП на Грција .................................71 Македонскиот баталјон “Гоче” во составот на ЕЛАС ...............76 Преминувањето на баталјонот “Гоче” на територијата на ДФ Македонија .....................................................................................80 Положбата на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија под власта на повоениот грчки монарxистички режим ..............................................................................................81 Формирањето на Првата ударна бригада на Македонија под Грција и Политичката комисија....................................................83 Народноослободителен фронт (НОФ) на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија.........................................................86 НОФ и Анкетната комисија на ООН во Солун .........................113 Завршните активности во спроведувањето на Спогодбата за обединување .................................................................................114 Првиот конгрес на АФЖ од егејскиот дел на Македонија ......120 Фракционерството и поделбите во раководството на НОФ ....122 Состанокот на Активот на НОФ.................................................125 Кризата на НОФ ...........................................................................126 Првиот конгрес на НОФ од еѓејскиот дел на Македонија, 13 јануари 1948 година .....................................................................128 Помошните единици и вооружените групи “слободни стрелци” во Костурско и Леринско ............................................................130 Реактивирање на поделбите во раководството на НОФ...........131 Пленум на Централниот совет на НОФ .....................................132 Генезата на поделбите и соперништвото на политичките струи за превласт во НОФ и НОД.........................................................135 Вториот конгрес на НОФ ............................................................139 Hадворешните односи на НОД, од егејскиот дел на Македонија ........................................................................................................148 Мерките на КП на Грција за инструментализирање на организацијата на НОФ за антијугословенската политика......149 Основањето на Комунистичката организација во егејскиот дел на Македонија (КОЕМ) ...............................................................150 Поразот на ДАГ............................................................................154 Репресиите на раководителите на македонските национални организации на НОФ, НОМС и АФЖ........................................155 Шестиот пленум на ЦК на КПГ, за македонското прашање ...159 Македонските револуционери во албанските и советските затвори и концентрационите логори..........................................160 Дејствувањето на организацијата и опонентските групи против НОФ и НОД, на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија ...................................................................................162 Расформирањето на македонските национални организаци:
НОФ, НОМС и АФЖ...................................................................163 Организацијата “Илинден” .........................................................165 Заклучок ....................................................................................166 Дел III ........................................................................................168 ПРИЛОЗИ (Составени од Минчо Фотев) ..................................168 ПРИЛОГ БР. 1 ..........................................................................168 Список на загинати раководители и активисти на НОФ, НОМС и АФЖ (1945-1949)......................................................................168 ПРИЛОГ БР. 2 ..........................................................................182 Односот на КП на Грција спрема македонското националноослободително движење, односно спрема македонскиот национално прашање ..........................................182 ПРИЛОГ БР. 3 ..........................................................................202 Забелешки на книгата: “Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949)” од Ристо Кирјазовски............................................202 ЗА МИХАИЛО МИНОСКИ........................................................241 ЗА МИНЧО ФОТЕВ ....................................................................242 КРАТЕНКИ...................................................................................243 Предговор За оружената борба на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија во периодот на антифашистичката и Граѓанската војна во Грција свои сведоштва, погледи, оценки и полемички прилози објавија повеќемина од раководителите и учесниците во македонското националноослободително движење (Паскал Митревски, Вангел Ајановски-Оче, Михајло Керамитчиев, Павле Раковски, Наум Пејов, Андреја Чипов) и подоцнежните научни работници-историчари (д-р Ристо Кирјазовски и Тодор Симовски) и публицисти (Христо Андоновски), како и други историчари (д-р Стојан Киселиновски, Ташко Мамуровски и др.). Сите тие, врз основа на релевантни факти, ја претставија автентичноста и големината на оружената борба на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Меѓутоа, изнесоа поделени погледи, ставови и оценки, особено за фундаменталното прашање за крајната цел на оружената борба:
националната рамноправност со грчкиот народ во демократски уредена Грција, едните, а за другите националното ослободување, македонската државност во егејскиот дел на Македонија и обединувањето на Македонија, и на македонскиот народ.
Минчо Фотев беше еден од водечките личности на НОД (СНОФ и НОФ) на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Тој за време на својот живот - од повеќе разлози - не објавил свое сведоштво, ниту други прилози со свои видувања за оружената борба во која учествувал од самиот почеток па се до нејзиниот крај - поразот на ДАГ. Оставил авторизирани машинописни материјали со релевантни податоци, ставови и оценки за учеството на Македонците во војната за одбрана на Грција по агресијата од фашистичка Италија, за капитулацијата на Грција и поделбата на егејскиот дел на Македонија од окупаторските сили, за бугарската пропаганда и создавањето и дејствувањето на пробугарското комитаџиско движење и, пред се, за македонското националноослободително движење од егејскиот дел на Македонија, од 1941 до 1949 година.
Бев почестен на довербата од семејството Фотеви што материјалите од Минчо Фотев во нивната семејна архива ми ги доверија за обработка и за објавување, според мое наоѓање. Се работи за два авторизирани текста на Фотев пишувани во различни периоди. Првиот го носи насловот “За контрачетниците - комитаџиите”, завршен во месец април 1969 година, а вториот е насловен како “Развојниот пат на Народноослободителниот Фронт (НОФ) од егејскиот дел на Македонија”, напишан во месец ноември 1986 година.
Оваа публикација е со намена да се претстави револуционерот Минчо Фотев, неговото учество во НОД и неговото сведоштво за оружената борба на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, во периодот на антифашистичката и Граѓанската војна во Грција, за односот на КПГ спрема македонското национално движење и нејзината политика спрема македонското национално прашање, за позицијата на КП на Југославија и улогата на партиското и државното раководство на НР Македонија, исклучително врз основа на неговите материјали, во обем што истите го овозможија.
Подруги претензии нема.
Во публикацијава се претставени факти и ставови на Фотев за отворените прашања за кои постојат спротивставени гледања.
Тој дава подруга оценка за улогата на многумина од раководителите и учесници во движењето. Верувам дека ќе побуди интерес кај научната и кај пошироката јавност.
Публикацијава е поделена на три дела: I - Животот и револуционерното дело на Минчо Фотев, II - НОД на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, 1941-1949 година и III - Прилози.
Со појавувањето на оваа публикација од печат, извесно е дека годинава ќе има своевиден придонес кон одбележувањето на шеесетгодишнината од егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија.
Дел I ЖИВОТОТ И РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ДЕЈНОСТ НА МИНЧО ФОТЕВ Минчо Фотев, според една недатирана “Кратка автобиографија”, (Кратка автобиографија на Минчо Фотев (машинопис - латиница, б.м. - б.д.), Семејна архива-Фотеви (натаму: СА-Фотеви), 4-5.) потекнувал од револуционерно семејство кое континуирано и активно учествувало во македонското револуционерно ослободително движење од времето на Илинденското востание. Во Илинденското востание се бореле и ги положиле своите животи за успех на ослободителното дело неговиот дедо, брат и стрико. Во НОД (во егејскиот дел на Македонија) од 1941 до 1949 година, активно учествувало целото семејство. Неговиот татко бил борец во единиците на ЕЛАС, братот бил првоборец од 1941 година, загинал како партизански офицер во 1944 година. Во НОД активно учествувале неговата мајка и двете негови сестри.
Во 1946 година мајка му била уапсена од грчките власти, и поради учеството во НОД била осудена од воениот суд на 8 години строг затвор. Во затворот по свирепото измачување тешко се разболела. Од затвор е пуштена 1954 год., и истата година починала.
*** Минчо Фотев се родил на 30 септември 1922 година во гр.
Хрупишта, Костурско, егејскиот дел на Македонија, во “работничко револуционерно семејство”. Во 1938 година како ученик - гимназијалец стапил во редовите на Сојузот на комунистичката младина на Грција, со што започнала неговата организирана револуционерна активност. Грчката полиција набргу ја разоткрила неговата комунистичка активност. Во септември 1939 година, бил уапсен и осуден на шест месеци затвор. По издржувањето на затворската казна само по неколку месеци, за истото дело, одново бил уапсен и осуден во октомври 1940 година на нови шест месеци затвор. Двете казни ги издржал во Костурскиот затвор.
По капитулацијата на Грција и по воспоставувањето на италијанската окупаторска власт во западниот дел на Егејска Македонија, Фотев стапил во движењето на отпорот, во април
1941 година.
Како докажан, особено активен, млад револуционер на 10 мај 1941 година, бил примен за член на Комунистичката партија на Грција. Зарегистриран како опасен комунист бил следен од окупторските власти. Во јуни 1941 година, пред да биде уапсен, Фотев преминал во строга илегалност и целосно се посветил на организирањето и раководењето со младинското антифашистичко движење во Костурско, во својство на член на Секретаријатот на Општинскиот комитет на Сојузот на комунистичката младина на гр. Хрупишта и член на Секретаријатот на Околискиот комитет на ЕПОН во Костурската околија. Есента истата година започнале подготовките за започнување на оружената борба. Како еден од организаторите Минчо Фотев непосредно учествувал при формирањето на првиот партизански одред на ЕЛАС во Костурско и неговото исфрлување на планината Грамос.
Одредот бил формиран од борци од гр. Хрупишта, на 7 декември 1942 година. Тој лично стапил во одредот кој дејствувал во составот на ЕЛАС, како член на неговиот штаб.
(М. Фотев, За контрачетниците, 33.)
Фотев активно учествувал во реализирањето на политичката пропагандна дејност за придобивање на Македонците од пробугарското комитаџиско движење, формирано за борба против македонското НОД, и тие кои биле заврбувани од бугарската пропаганда или биле присилно вооружени од окупаторот. На 12 март 1943 година со Паскал Митревски (П.
Митревски од с. Чука, Костурско. Роден во 1912 година.
Учесник во НОД на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, во грчкото движење на отпорот и во Граѓанската војна на Грција. Раководел со борбата против пробугарското комитаџиско движење, бил секретар на ОК на СНОФ за Костурско, член на Обласниот комитет на КПГ за Македонија и Тракија, секретар на Главниот одбор на НОФ и претседател на централниот совет на НОФ, министер во Привремената демократска влада на Грција - претставник на НОФ. По поразот на ДАГ и повлекувањето на нејзините единици на територијата на Албанија, бил обвинет од раководството на КП на Грција како “Титов агент” и уапсен од безбедносните служби на КПГ;
на 7 октомври спроведен во затворот “Бурели”, од 13 октомври во Централниот затвор во Тирана, на 14 декември со советски брод спроведен во Одеса, а оттаму во истражен затвор во Москва, од јануари 1950 до 19 април 1952 година. Во Москва бил осуден на 25 години, затворската казна ја издржувал во логор на северниот дел на СССР. По ослободувањето од логор во 1956 год., дошол во НР Македонија и останал до крајот на животот. Заземал високи функции; бил судија на Уставниот суд, а бил и негов претседател. Починал во Скопје, на 10 ноември 1978 година.) и Периклис (Периклис бил секретар на ОК на КПГ за Костурско.) успеале со разговори и убедувања, вооружените селани од македонското село Старичани да го предадат оружјето на македонските партизани предводени од Глигор Ќосев од гр. Хрупишта. (М. Фотев, За контрачетниците,
51.)
Како дежурен офицер во штабот на одредот Фотев на 14 март 1943 год., во с. Ланга, Костурско го прифатил членот на ПК КПГ и егејскиот дел од Македонија и Тракија Лазо Трповски, (Л. Трповски од с. Д’мбени, Костурско. Роден 1900 година. Во СССР завршил висока политичка школа. Во 1935 година се вратил во егејскиот дел на Македонија, бил член на КПГ и припадник на ВМРО (Об.). Поради револуционерната дејност бил уапсен и интерниран на островот Акронавплија, од јануари 1939 до јуни 1941 година. Стапил во движењето на отпорот, бил член инструктор на КПГ за егејскиот дел на Македонија. Бил убиен од вооружени припадници на грчката организација ПАО кај с. Имере, Кожанско, на 11 април 1943 година.) кој пристигнал во својство на инструктор, придружуван од секретарот на Околискиот комитет на КПГ за Костурско, Периклис. (На истото место, 34.) Минчо Фотев учествувал на советувањето на воено-политичкиот актив на Костурско со раководители и претставници на антифашистичките НО организации на КПГ, ЕАМ, ОКНЕ, ЕА и ЕЛАС, одржано на 21 март 1943 година во с. Нестрам, Костурско. На советувањето била разгледана севкупната положба и биле усвоени мерките за натамошното дејствување: за засилување на оружената борба во Костурско; бројното зголемување на партизанските одреди и нивното оспособување за акции од пошироки размери;
потребата за афирмирање од страна на КПГ и другите грчки антифашистички организации и учеството на македонскиот народ во борбата против фашистичките окупатори, во противставувањето на бугарската пропаганда и на дејствувањето на пробугарското комитаџиско движење.(На истото место, 33-34.) Од 2 до 4 април 1943 година, како штабен офицер Фотев го придружувал Лазо Трповски на патот од с.
Нестрам до с. Чарчишта, Костурско, оттаму до гратчето Цотиљ, Анаселичко, на закажаната средба со членот на секретаријатот на ПК КПГ за егејскиот дел од Македонија и Тракија, Керасидис Симос и други военополитички и партиски раководители. По безбедното пристигнување на Трповски (и Стратос Кендрос (Стратос Кедрос од Лерин, соработник и личен пријател на Трповски кој ги прифатил во с. Чарчишта и им се придружил на патот за Цитољ. (М. Фотев, За контрачетниците, 37).) во Цотиљ, Фотев се вратил во штабот на Одредот во с. Нестрам, Костурско. (На истото место, 37.)
Фотев заземал високи раководни должности во XXVIII полк на ЕЛАС, од партиски секретар и политички комесар на чета до началник на одделение на Штабот на полкот, и во тоа својство извршувал иследничка должност. (М. Фотев, За контрачетниците, 11.) Во почетокот на октомври веќе бил заменик началник на контраизвестителната служба во Штабот на истиот полк на ЕЛАС. (Минчо Фотев, Забелешки на книгата “Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949)”, од Ристо Кирјазовски, машинопис (СА-Фотеви), 15.) Лично тој учествувал во 83 борбени акции против окупаторските сили.
(Како што самиот соопштува бил ранет и добил контузија (Кратка биографија, 1).) Во 1944 година, при формирањето на Македонскиот баталјон, Фотев зазел должност на политички комесар на чета. Во тоа својство тој со првиот вод на III чета на баталјонот, на 3 септември 1944 година, учествувал во преземањето на гр. Костур. (М. Фотев, За контрачетниците, 57.)
Во септември 1944 година раководството на КПГ донело одлука за расформирање на македонските единици како посебни единици во составот на ЕЛАС, што претставувало акт за непризнавање на македонскиот народ и македонското национално прашање. Македонските борци кои го одбиле расформирањето во октомври со вооружувањето преминале на територијата на вардарскиот дел од Македонија. Тука преминал и Минчо Фотев. Од борците од егејскиот дел на Македонија, во Битола била формирана првата бригада именувана како “Прва македонска ударна бригада” (Првата македонска (Егејска)
ударна бригада била формирана на 18 ноември 1944 година и учествувала во чистењето на теренот во Полог од балистичките оружени групи.) чиј командант бил Илија Димовски (И.
Димовски-Гоче од с. Статица, Леринско. Роден 1905 година. Со револуционерна дејност се пројавил пред војната, бил член на КП на Грција. Во 1941 год. формирал самостојна македонска комунистичка организација, со сопствена македонска национална платформа. Учествувал во оруженото НО движење;
бил командант на партизанскиот одред “Вичо” (од 28 февруари 1943 година), политичкиот комесар, потоа и командант на Леринско-костурскиот баталјон, командант на македонската Леринско-костурска бригада (од 12 октомври 1944 год.), командант на Првата Егејска ударна бригада (од 18 ноември 1944 год.), командант на македонските партизански единици на пл. Вичо (септ. 1946 год.), како и командант на баталјон на ДАГ
(1947 год.), Бил член на Главниот одбор на НОФ. Починал во Скопје, на 26 јули 1961 година.) - Гоче. (Фотев секогаш пишува Гоче.) Фотев бил поставен за секретар на СКОЈ и член на партискиот комитет. (М. Фотев, За контрачетниците, 2.)
По расформирањето на бригадата, (На 2 април 1945 година, со одлука на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.) со одлука на ЦК КПМ во април 1945 година, Минчо Фотев бил распореден во Штабот на дивизијата на КHОЈ во Скопје, во чин капетан со функција политички комесар. Веќе во мај ЦК на КПМ формирал од водечките личности на македонското движење од егејскиот дел на Македонија Организационо раководство за да организира националноослободително движење за создавање на национална револуционерна организација “Народен ослободителен фронт” во тој дел на Македонија за да раководи со организацијата. Фотев бил повлечен од армијата и бил избран во Организационото тело. Во него влегле: Паскал Митревски, со функција на политички секретар и членовите:
Ѓорги Урдов - Џоџо, (Ѓорги Урдов-Џоџо од Воден, роден 1914 година. Македонски револуционер. Бил член на КП на Грција, учесник во грчкото движење на отпорот и во НОД на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија од 1941 година. Во 1942 год., бил организационен секретар на Обласниот комитет на КПГ за Македонија и Тракија.
Политички комесар на македонскиот воденски баталјон (од јуни 1944), член на Раководното тепо за формирање и раководење со НОФ (од април 1945), член на Штабот на ДАГ за централниот и западниот егејски дел на Македонија (од ноември 1947). Загинал во Пиерија, Олимп, на 21 јуни 1947 година.) Михајло Керамитчиев, (Михајло Керамитчиев од с.
Габреш, Костурско. Роден 1915 година. Учесник во НОД на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Бил член на КП на Грција од 1935 година. За револуционерна дејност бил уапсен во 1939 год., во Костур. Затворска казна издржувал до мај 1940 година. Учествувал во војната на Грција со фашистичка Италија (од октомври 1940 год.). Бил уапсен за комунистичка дејност и интерниран на островот Кафалоња. Во 1943 годи. стапил во НОД, бил командант на резервна единица на СНОФ. Во 1944 год. бил избран за пратеник на ПЕЕА за Костурска околија. Во ДАГ се здобил со чин полковник. Бил политички комесар на Првата македонска ударна (Егејска)
бригада (од ноември 1944 год.), член на Раководното тело за формирање и раководење на НОФ на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија (од мај 1945 год.) бил секретар на Координативното биро на НОФ (од 20 мај 1947 год.), претседател на Централниот совет на НОФ (од 13 јануари до 8 авrуст 1948 год.), во август преминал во НР Македонија, бил активен во политичкиот живот. Починал во Скопје, на 31 мај 1981 година.) Атанас Коровешовски, (А. Коровешовски од с.
Смрдеш, Костурско. Учесник во НОД на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија. Бил командир на македонскиот одред “Лазо Трповски” во составот на ЕЛАС (од октомври 1943 год.), командант на баталјон на Првата македонска ударна (Егејска) бригада, поручник на ЈHА, член на Секретаријатот на Главниот одбор на НОФ. Загинал во борба кај с. Корнишор, Ениџевардарско, на 3 септември 1945 година.) Павле Раковски (П. Раковски од с. Долно Клештина. Роден на 23 мај 1913 година. Револуционер комунист, учесник во НОД на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, еден од раководителите на НОФ. По поразот на ДАГ во Граѓанската војна на Грција и нивното довлекување на територијата на Албанија бил уапсен од нејзините безбелносни служби на 7 октомври 1949 и спроведен во затворот “Бурели”. Од 13 октомври бил во Централниот затвор во Тирана, а на 14 декември со советски брод, со другите раководители на НОФ, НОМС и АФЖ бил префрлен во Одеса оттаму во Москва во Централниот истражен затвор. Таму бил под истрага од јануари 1950 до 19 април 1952 год., кога бил осуден на 10 години затворска казна и бил спроведен во логорот во Сибир. По ослободувањето од логор во 1956 год., дошол во НР Македонија. Починал во Скопје, 1990 година.) и Минчо Фотев кој бил избран и како политички секретар на Главниот одбор на НОМС од егејскиот дел на Македонија. Партиското и Организационото раководство постапувало по директивите на ЦК КПМ, и било под непосредна контрола на лице задолжено за тоа. Таа должност ја извршувале: Никола Минчев, Димитар Алексиевски и Цветко Узуновски. (На истото место.)
Пред крајот на мај 1945 година, членовите на Организационото раководство, меѓу кои и Фотев, добиле директива да заминат во егејскиот дел на Македонија, да организираат масовно националноослободително движење на македонскиот народ, за создавање на НОФ, НОМС и АФЖ со окружни, општински и месни организации. Минчо Фотев во својство на политички секретар раководел со организирањето, масовизирањето и зацврстувањето на НОМС во егејскиот дел на Македонија.
Во почетокот на 1946 година, на барање од ЦК на КПМ, Фотев пристигнал во НРМ. Од јануари до јуни редовно ја посетувал и ја завршил Партиската школа на ЦК на КПМ во Скопје. (На истото место.) По завршувањето на школото се вратил во егејскиот дел на Македонија. Фотев, како секретар на младината во Егејската бригада, по функција бил делегиран во составот на осумчлената делегација на НОМС од егејскиот дел на Македонија да учествува на Вториот конгрес на народната младина на НР Македонија. Потоа е избран за член на делегацијата на НОФ од егејскиот дел на Македонија на Првиот конгрес на НОФ на НР Македонија, на 2 август 1946 година.
(М. Фотев, За контрачетниците, 3-4.) Но, тој бил спречен да учествува на конгресот поради тоа што целокупниот состав на Егејскатата бригада, заедно со нејзиниот штаб чиј член бил, се префрлил во западниот дел од Вардарска Македонија за операции против балистичките формации.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/mincho-fotev-e-book-macedonian/1 on October 29, 2026