Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

House on the Lake

Front Matter - Part 01

Part 1 of 10 · About 22 minutes

Read in English

Kyjva na E3epo POMaH parua HajtlecKa Куќа на Езеро Скопје, 2018 КТ510 4ѓејот Ририсаџоп Тогопто, Сапада АЏ пеНб5 гезегуеа. Мо ра оѓЕ1П15 Боок тау Бе гергодисеа ог гапотиеа т апу Ѓогт ог Бу апу теапз, е|ескгоп!с ог теспаптса!, 1пс|иато рВоѓосоруто, гесогатпо ог Бу апу тЕогтаџоп 5(0гаве апа гештеуха| зузјет зуЦПош уупеп сопвепк гот Ше ашног, ехсерѓ Ѓог (пе шси51оп оЃ Бптеѓ апа доситептед дпоѓапоп5 Ш а геујеху.

Сорупенс 2023 Бу Ргариза Мајспевка е-Боок е4Диоп ЖЖЖЖЕЖ Макс 15, 2023 ЖЖЖЕЖЖ Пак ја разбуди истиот сон. Куќата... Ја купила. Станала нејзина. Таа мала, нај неугледна, стара можеби цел век, куќа. Со ?рѓосан катанец на влезната врата. Растурени турски ќерамиди. Из лупени од сите страни зидови. Не бе ше влегла во неа. Сигурно глетката внатре ќе биде уште полоша. Но, ја сакаше. Веднаш штом разбра дека се продава

- сакаше да ја купи. И да беше уште полош нејзиниот изглед, немаше да се премисли.

Желбата се беше родила во неа многу одамна. Да купи куќа на езеро. Нека е со една соба. Нешто што е макар и колку колиба! И - еве ја среќата - куќата за која боледуваше беше само на неколку чекори од езерото. Тука веднаш. До него! И се продаваше!

И пак истиот сон: куќата е нејзина. Ја дотерала. Разубавена, поубава од сите други наоколу!

Така скоро три месеци. Си мислеше - нека оди по ѓаволите таа куќа! Ke се разболи! Не било к"смет. И толку. Треба веќе да заборави на неа.

А само неодамна тоа ќе станеше и јаве... Само неодамна...

...Седевме во дворчето на куќата на блиски пријатели, близу до езерото, со чашка ракија и салата. Тоа пријателство траеше долго време. Неколку децении. И јас, онака, без посебна намера, на пријателите охриѓани им реков:

— Какви пријатели сте вие, триесет години летуваме со мажот ми во Охрид, и тоа се во куќи по крај езерото, а вие не најдовте некоја, макар и нај мала куќа, да купиме. А ти, пријателе Никола, гледаш, другар ти додека е жив нема да го убедам било каде на друго место да го поминеме одморот - само во Охрид!

Никаде не отидов во други земји, како сите мои пријатели и роднини, заради овој ваш Охрид! Да беше роден во него, немаше толку да биде приврзан.

- Е, ама каде ќе седи по дванаесет часа со трската, и да чека да се фати некое рипче, ако не тука на брегот? А, кажи дали ја има оваа убавина било каде во светот? Сета благота природата ја истурила овде. Сакаш езеро, сакаш планина, сакаш шума.

Цркви, Манастири, музеи, се што ти душа сака...

— Но... не сум знаел дека сакате да купите куќа. Никогаш за тоа не сте зборнале. Ни каква... Ни колкава? - одговори Никола.

Мажот ми Митко гледаше во мене со израз на лицето како да сакаше да го прекине ова мое зборување, што сметаше дека е неумесно, дури и ако е шега. Но, брзо потоа Њубица, пријателката, се сврте кон нејзиниот маж.

- Слушај бре Никола... Баш си... смотан! - свика одеднаш таа, - од кога се продава она куќичено, веднаш до улица.

- Ајде бегај, тоа не е за луѓе како нив. Виолета ќе ти купела баш таква куќа!

- Зошто, што му фали на куќичето? Ке го дотераат, обелат. Ним им треба главно за преку лето.

Њубица веднаш потоа влезе во кујната.

Погледнав во мажот ми. Тој гледаше во мене со потсмевање и не му се веруваше за што зборувам. Никогаш не бевме разговарале на таа тема, а и со пари не стоевме баш добро.

Тие двајцата, со Никола, си продолжија со ракијата и салатата.

Откако го испивме кафето, ја извлеков ЈБубица надвор. Сакав веднаш да ја видам куќата. Не ме интересираше ни колкава беше, ни каква беше - стара, полураспадната, распадната...

Стоевме пред малата куќа. Беше куќа. Со врата и два прозорци

- целата свртена кон езерото. Влезната врата дотрајана. На вратата стар огромен катанец! Стогодишни растурени ќерамиди. На дворешните зидови со излупен малтер на повеќе места. Срцето ми тупкаше силно.

Њубица нешто ми зборуваше. Не слушав за што зборува.

Нејзините зборови допираа до мене како да се кажани оддалеку, како ехо. Јас во своите мисли веќе ја поправав куќата, ја дотерував, ја обновував.

Се вративме кај мажите.

Никола, кој веднаш сфати дека бевме излегле да ја видиме куќата, рече:

- Ти се допадна ли?

По неговиот тон сфатив де ка си мислеше оти ни случајно не ми паѓа на памет да купувам таква старудија. Па дури како да се уплаши да не се навредив, што воопшто таква дотрајана куќа нам ни ја понудиле. Молчевме...

— Koj ja продава? - реков.

— Јас сум овластен да ja продавам, - одговори Никола.

Јас погледнав во него со неверување.

- Колку пари бараат? - прашав.

Никола ја кажа цената. Јас брзо пресметував во главата.

Приближно околу таа сума се собираа тие пари заштедени и орочени во банката, за кои не знаеше мажот ми. Ги чував како строга резерва, скриена од него, бидејќи тој беше поголем трошаџија од мене.

Потоа сама отидов кај куќата. Стоев недалеку од неа. Сфатив дека таа, мала, полусрушена куќа, ја сакам повеќе од било кој најубав нов стан во градот.

Се вратив назад кај пријателите. Некое време молчев, плашејќи се да не го налутам мажот ми, но сепак се решив. Реков со растреперен глас:

— Ја купувам куќата.

По малку време, без да дочекам било кој да реагира, уште порешително изговорив:

- Ја купувам куќата.

Никола и Њубица гледаа де во мажот ми, де во мене. Не им се веруваше дека за таква голема работа јас можев сама да решам, и тоа така одеднаш, како да станува збор за купување на некаква ситна работа. Гледаа во мажот ми, очекувајќи нешто да каже: дека се согласува и тој, или дека се противи. Ако ништо друго, барем дека и тој сака да ја види куќата. Ништо од тоа...

Тогаш Никола рече:

- Размисли малку, да не избрзаш, да ја отвориме, види ja и внатре како изгледа.

- Како и да изгледа, ќе се поправи, ќе се дотера, - веднаш одговорив.

— Koj е сопственикот на куќата? - прашав, со нетрпение да разберам за кои луѓе се работи.

— He се од градов, — рече Никола.

По кусо молчење, Никола со движење на главата покажа кон небото и рече:

- Со овој авион, ене го, се слуша, брчи, доаѓа сопственичката на куќата.

Не ми се веруваше дека сите работи се случија толку брзо.

Таа, сопственичката на куќата, доаѓа, токму сега!

Треперев од возбуда! Мажот ми нервозно ja грабна трската за ловење риби и замина на брегот. Сето ова очигледно многу го изнервира, но не рече ништо. Можеби не му се веруваше дека од оваа работа нешто ќе биде, пред се поради пари те. Сигурно му изгледаше несериозно од моја страна, бидејќи не знаеше дека имаме заштедени пари, што беа неколку години орочени на моја девизна книшка.

Јас останав да чекам со нетрпение, со Никола и ЈБубица.

По половина час, такси застана пред куќата на пријателите, до нивниот двор. Од него излезе жена со природна руса коса, не постара од педесетина години. Со ведро лице, насмеана. Од такси колата, низок, изразено црномурест човек изнесе куфер и го остави до неа. Такси колата замина. Русокосата жена срдечно се поздравуваше со Никола и Jbyouna.

- Еве ме, стигнав, - рече на српски Јазик. Никола уште веднаш, пред да се поздрави со неа, извика:

- Милена, дај рака, еве ти ја новата сосетка, Виолета. Само пред неколку минути падна договор за купување на твојата мала куќа. Таа и нејзиниот сопруг се наши пријатели од пред многу години.

Русокосата жена, која тукушто беше допатувала, ширум ги отвори очите, погледна во мене, се поздрави и рече:

- Е бре Никола, мој драги пријателе. Барем пред два дена да ми го кажеше тоа. Да ми телефонираше. Јас со себе од Белград го носам човекот што веќе ја купи куќата. Парите ми ги даде, па дојдовме да му го предадам клучот. Тоа е мој колега, всушност подолго време работиме во иста фирма. Откако го кажа тоа, го претстави со целото име и презиме изразено црномурестиот ситен човечец кој ги извади куферите од такси колата со која пристигнаа пред малку. Тој им подаваше на сите рака и се поздравуваше. И jac механички му подадов рака, иако немав желба да се запознаам со тој човек, кој и без да знае ми Ја уништи среќата на која пред малку како мало дете и се радував.

Бев вчудоневидена! Зарем толку малку траеше среќата! Гледав де во Никола, де во ЈБубица, како од нив да барам спас. Сакав да ја тргнам на страна сопственичката на куќата и да и предложам многу повеќе пари од тие што и ги дал, дојдениот со неа, купец. Тогаш ја натерав ЈБубица, иако против нејзината волја - да го каже мојот предлог. И ЈБубица, скоро на уво, и го шепна тоа. Но, одговорот гласеше:

- Ова е образ, не е ѓон, - рече, и со рака го допре својот десен образ.

И сосема беше во право жената!

После тие зборови, јас се засрамив... Но, имав чувство дека некој ми ja оттргнал, ми ja грабнал од раце куќата. Таа таква, никаква, но ќе беше моја... Со тие пари што ги имав, само неа можев да ја купам, но ете...

Човекот го зеде клучот, но не отиде кон куќата. Се зачудив, не ми се веруваше - да го земе клучот што му го подаде Никола, од куќата која штотуку ја беше купил, и да не влезе веднаш во неа! Си по мислив дека можеби порано доаѓал да ја види.

Се качивме сите горе, на горниот кат од големата двокатна бела куќа, која беше прилепена до малата. И таа куќа беше сопственост на истата таа Милена, за која образот, чистиот, беше поважен од не малкуте пари што и беа понудени.

Седевме на катот горе: Милена, нејзиниот купец, ЈБубица, Никола, со кои очигледно ги врзуваше долгогодишно пријателство. Седев и jac. Се качив со нив инстинктивно. Како да се понадевав де ка се уште не е се изгубено.

Набргу ни се придружи братучед на купецот, кој живеел во Охрид. Некое чудно емотивно човече, Џеваир. Нему како да му стана жал кога разбра за тоа што пред малку се случи. Како единствено тој да Ја сфати мојата преголема желба да Ја купам оваа мала куќа. Се чинеше дека ќе почне да бара од својот братучед, мене да ми го отстапи купувањето на куќата. Само тој виде дека одвај ги додржував солзите во очите.

И по повеќе изминати години, не би можела да се сетам дали jac самата, или тој, братучедот на купецот, или таа, Милена - рекоа нешто што звучеше како заклетва. Дека, ако тој, човекот, колегата на Милена што сега ja купи куќата, некогаш ja продава, ќе ми ја понуди прво мене. Иако во тој момент ова ветување изгледаше чудно и нелогично, мене како да ми помогна полесно да го поминувам ова мачно разочарување.

Мажот ми си дојде од риболов многу доцна. Но, јас не спиев.

Кога му раскажав за дојдениот купец од Белград заедно со сопственичката на куќата, осетив дека тој се израдува што сето ова така заврши. Можеби само ми се стори - си мислев. Но, Митко не рече ни збор.

Сонувањето започна кога се вративме дома, во Скопје. Се до следното лето. Како некој да ми ги местеше соништата. Многу ноќи - само куќата во Охрид! Соништа различни - но со куќата во Охрид.

Следното лето, веднаш штом пристигнавме во Охрид, уште не се бевме растовариле во куќата каде повеќе години летувавме, без да ме види мажот ми - право кај малата куќа. Таа, куќата, сосем иста. На неа истиот огромен "рѓосан катанец. Не беше преместена ниту една ќерамида. Срцето ми затупка. Кого да прашам - што се случило?! Да го побарам братучед му?

Незгодно е. А што има чудно во тоа што куќата не се реновира?

Можеби човекот нема пари за поправки.

Почнав да се распрашувам наоколу. Еден, друг, трет. Некои од соседите велеа дека новиот сопственик имал проблеми со здравјето, други, дека неговата жена не ја бендисала куќата, трети, дека се јавила некоја голема нетрпеливост меѓу него и соседот кој живееше зад него. Што е точно?! Не, не смеам повеќе да си создавам илузии... Како да не постои ни една друга куќа во близина на езерото!...

Не, оваа ја сакав! Друга толку близу до езерото - нема да најдам.

Не знам како издржав до следното лето во неизвесност! Кога допатувавме следната година, ситуацијата - непроменета!

Тогаш се решив да појдам кај неговиот братучед. Кога по5овонив на вратата од неговата куќа, тој се изненади. Важно за мене беше дека не ме заборавил и дека њубезно ме прими. Од него разбрав дека се што бев слушнала за причините зошто куќата не се поправа - беше точно. И едното и другото и третото.

Тој ми раскажа затоа, како еден ден, замолен од неговиот братучед од Белград, се обидел да ги препокрие ќерамидите на куќата, каква е таква е - барем во неа да не влегува дожд и снег.

Штом го видел качен на куќата, соседот зад него му свикал, дека не смее да се качува и било што да поправа.

- Со кое право вие ми забранувате да се качам на покривот на куќата на мојот братучед, ако тој ми дозволил?, му се обратив со тивок глас, но доволно категоричен за да сфати дека нема да слезам, - раскажуваше Џеваир. - И, на мое големо из не на дување, тој брзо зеде скала и од страната на неговиот дел од дворот, кој не беше преграден со дворот на куќата на мојот братучед, се качи на покривот. Веднаш потоа тој почна да ме турка насилно, се до ивицата на покривот, при што постоеше реална можност да паднам. Се зачудив како си го дозволи тоа, бидејќи јас бев многу помлад од него и многу посилен. Само со еден замав на раката ќе го фрлев од покривот долу. Но во тој момент се сетив на моите три деца и на сопругата која никаде не работеше и си помислив дека децата ќе ми останат по улици.

Се разбира дека слегов и не дозволив да направам непромислена работа, која можеше многу да ме чини, да биде трагична. Кога му кажав за настанот на мојот братучед, и тој се согласи дека треба да се почека некое време, - продолжи Џеваир.

Џеваир раскажа и некои подробности за тоа дека скоро е невозможно куќата да се поправа и поради надлежните служби што треба да дадат одобрение за тоа. Дека имало и некои други, уште по деликатни причини. Но, и покрај сето тоа рече дека братучед му се уште - не беше решил да се откаже од куќата...

Си заминав разочарана, иако го добив истото ветување, дека ако било кога нешто такво се случи, прво мене ќе ми се јават...

Беше доцна пролет. Речиси последни денови пред отпочнување на летото... Врвеше уште една година од тие настани во врска со купувањето на куќата. Наскоро ќе треба да се пакуваме за одмор. Мажот ми летувањето го планираше исклучиво во Охрид, односно тоа се знаеше однапред и разговор на таа тема воопшто не се дозволуваше. Порано тоа многу ме нервираше.

Но, сега и мене таму ми беше умот.

Деновите беа се потешки за работа поради високите температури. И мажот ми, и јас, а најмногу децата, одвај чекавме да заминеме на одмор. Но децата секоја година изразуваа незадоволство, велеа - пак ли во Охрид?!

- За вас изгледа нема друго место на земјава, - реагираа, — Охрид, па Охрид!

Се бунеа, иако знаеја дека со тоа нема ништо да изменат. Дека татко им е непопустлив.

Последните денови пред одморот се најтешки веројатно за секого, па и за мене. Тој ден ми изгледаше најзаморен. Се враќав од работа. Одвај одев по скалите до станот.

- Мамо, да не заборавам, те бараше тетка Милена. Од Белград,

- ме пречека од врата ќерка ми со тие зборови.

- Кога? - свикав и се стрчав кон телефонот.

- Мамо, нети докажав, те бараше уште пред два часа.

Брзо пребарував во нотесот. Од возбуда не можев да го најдам бројот на телефонот на Милена... Тогаш телефонирав во Охрид.

Му се јавив на Џеваир, братучедот на човекот што ја купи куќата.

- Ало, добар ден. Милена ме барала од Белград?! - брзо зборував.

- Да, ве баравме, - гласеше одговорот. - Сакавме да ви кажеме дека најпосле братучед ми се реши... Ќе ви ја препродаде куќата. Не му тргна нешто со таа куќа. Дали ќе можете да одите во Белград, бидејќи братучед ми е сериозно болен... Не може да патува. Но... да ви кажам и тоа дека бара многу повеќе пари.

Сака да купи двособен стан... или вие да му купите... во Охрид, па да направите замена.

Зборовите од последната реченица воопшто не допреа до мене.

Сакав веднаш да се јавам кај Милена. Како и најмалото одлагање да може нешто да измени, тој да се предомисли...

— Те молам дајми го телефонот на Милена, — реков.

Џеваир ми го издиктира бројот. Му се заблагодарив и брзо ја прекинав врската.

Во следниот момент позвонив кај Милена.

- Да, — TO слушнав нејзиниот звонлив глас.

- Драга Милена, сте ме барале? - чувствував дека гласот силно ми трепери.

- Мојот пријател што Ја купи куќата би го раскинал договорот...

Но, - тука настапи кусо молчење, - но под други услови... Бара да му се дадат многу повеќе пари од оние што тој ги плати за да Ја купи куќата од мене. Само под тој услов би го раскинал договорот. Го разубедував, но не се предомисли.

Милена тоа го кажуваше така, како да и е непријатно... поради нејзиниот пријател.

Тоа што го кажа таа во врска со парите, како да не го слушнав.

- Ке се договориме кога ќе дојдам, - реков. - Веројатно по дватри дена.

Но, не се договоривме.

Разговорот во станот на Милена во Белград не беше ни малку пријатен. Очигледно претходниот купец сакаше да извлече доста голема корист од раскинувањето на договорот, кога сфати дека купувањето токму на таа куќа веќе станало моја животна опсесија. Побар а трипати повеќе од она што и го беше платил на Милена. Кога го слушнав тоа, јас се налутив и го прекинав разговорот. Со првиот воз си заминав за Скопје.

По две недели, повторно патував во Белград, со возот кој пристигнуваше таму наутро. Око не бев склопила. И покрај новите услови од претходниот купувач - не се откажав!

Дали е можно?! Како нешто проречено! Дали ако нешто толку го посакуваш колку Јас неа, токму таа, мала, неугледна, пред век градена, кој знае од кого, веќе руинирана куќа - ќе го имаш? И уште повеќе, она уште повозбудливото, езерото, ќе го има веднаш до мојата куќа... Toa прекрасното, чудесното, искричавото, игривото, до воз буда немирното, во најразлични нијанси на бои прелеваното, со татнежи заплашувачкото, и пак со потполн молк смирувачкото, божествено езеро - тука веднаш до мене... во секој миг од денот и ноќта до мене, со мене...

За целата оваа работа малку зборував со мажот ми, со Митко, плашејќи се тој категорички да не се спротивстави. Само му кажав дека ќе одам во Белград уште еднаш да разговарам со Милена, па и со човекот што ја купи куќата. Митко само ги крена рамениците и веѓите ги изви во лак. Неговото лице поприми израз на сериозно незадоволство. Но тоа не го попречи моето заминување во Белград. Овој пат во придружба на мојата внука.

Следниот ден, пак навечер, се враќав од Белград заедно со мојата внука која ме придружуваше, со договорот в рака. Лист хартија со неколку потписи и неколку печати. И клучот. Од големиот "рѓосан катанец. Не ми се веруваше!

Куќата, таа малата куќа на самиот брег на езерото, е моја!

Вистина ли е или само плод на мојата фантазија?... И, 3a да се уверам во тоа, повеќепати го фаќав клучот во мојот џеб.

Мажот ми беше заминал на работа кога стигнав дома, а децата беа отишле на училиште. Јас знаев дека Митко уште од почеток на сето тоа гледаше како на некоја моја голема будалаштина.

Нема да биде воодушевен.

По малку време отидов на работа. На колегите и на колешките не се решив да им се пофалам. Како да ми требаше време да се осигурам дека куќа та е моја. Наша... На Митко не сакав по телефон да му ja кажам радосната вест. Сакав да видам како ќе реагира. Колку ќе се израдува!

Ручавме сите четворица, молчејќи.

Откако завршивме со ручекот, децата заминаа на часови по англиски јазик, без било што да прашаат во врска со купувањето на куќата во Охрид. Како да се плашеа да ми постават такво прашање.

Не можев да поверувам дека и Митко не ме праша што направив со купувањето на куќата во Бел град.

Привршував со раскревањето на масата по ручекот.

Не издржав.

- Треба да отвориме шише шампањско! Да про славиме!

Најголемиот сон, мој, а верувам, и твој, се оствари! Имаме своја куќа на брегот на Охридското Езеро! - му реков со возбуда и го извадив шишето од креденецот.

По кусо молчење, мажот ми, бавно изговарајќи ги зборовите, прозборе:

— И ти, Виолета, тоа ro нарекуваш куќа? Ми е срам да им покажам на луѓето што сме купиле! Односно, каква куќа купила мојата жена!

Оваа втора реченица ја нагласи, иронично изговарајќи го секој збор.

- Што сакаш со тоа „мојата жена купила“ да кажеш? Ме изненадуваш! А што се однесува до куќата, биди убеден дека наскоро, откако ќе ја поправиме, сите ќе ни завидуваат! - му одговорив... - Зошто ти е потребна таа иронија, не ми е јасно!

Митко не го продолжи разговорот, но по некој нов невообичаен израз на неговото лице осетив дека нешто премолчува. Дека би сакал повеќе работи да ми каже, но не се решава.

Шишето со виното, со шампањското, не го ни погледна.

Пред да отиде кон прозорецот и да застане таму со грб свртен кон мене, во неговите очи видов непријателски поглед, упатен некаде, неопределе но каде. Таков израз во неговите очи не бев видела во сите овие години откако бевме заедно.

— Јас мислев дека ќе се прерадуваш. Ти си вистинскиот зависник од Охрид и од езерото. Ни јас ни децата не сме биле на летување никаде на друго место изминативе години. Луѓето по кој знае колку пати ги испрошетаа сите држави и ги поминуваат годишните одмори на разни мориња.

Митко и натаму молчеше. Дури не се ни сврте кон мене. Јас полека ги прибрав и чашите од масата. Тој се уште стоеше покрај прозорецот. Одвај се воздржував да не му се развикам.

За да не го направам тоа, излегов од трпезаријата и отидов во дневната соба, но вратата кон трпезаријата ја оставив отворена.

Кога децата се вратија од часовите по англиски Јазик и влегоа во трпезаријата, а јас тукушто бев влегла во кујната, свикаа:

- Мамо, извини, бидејќи брзавме за на училиште, не те прашавме што направи во Белград, со купувањето на куќата?!

Јас дојдов брзо во трпезаријата. Кога им кажав дека куќата најпосле е наша, знаејќи колку сакав да ја купам таа куќа, скокаа од радост и се фрлија врз мене да ме гушкаат.

Брзо потоа, кога погледнаа во татко им, кој беше отворил весник и дури не погледна во нив, сфатија дека татко им поради нешто не е расположен, но сепак го заобиколија од двете страни и го изгушкаа и него.

Ме распрашуваа како сум поминала по патот и во Белград и дали во целост е завршено се во врска со купувањето на куќата во Охрид.

- Ке може ли уште ова лето во неа, да речам сега, во нашата куќа, да се летува? - праша ќерка ми Славица.

Митко на тоа прашање од ќерката тивко се под насмеа, но тоа децата не го забележаа.

— Има доста да се поправа, погенерално да се реновира, - реков.

— Ke зависи од тоа дали ќе најдеме добри мајстори, а бидејќи сме на работа, нема да можеме таму долго да се задржуваме и да по праваме. Но, најважната работа е завршена. Да ви кажам искрено, уште не ми се верува дека ова е вистина, дека не е само еден од моите соништа...

Син ми Миле и Славица одвреме навреме погледнуваа кон татко им, кој веќе се беше преместил во дневната соба и натаму го држеше и го разгледуваше весникот. Но, не ме прашаа во што е работата, бидејќи се плашеа тој да не слушне.

Помина недела, две... Веста за купувањето на куќата брзо се рашири меѓу пријателите, уште повеќе кај роднините.

Честитања од сите страни. Забележав дека тоа уште повеќе го иритираше Митко. Тој и натаму беше нерасположен, ретко ќе проговореше со мене, па и со децата. Тоа ја намалу ваше мојата радост и среќа...

Митко, за првпат откако бевме во брак, еден ден не дојде на ручек без да ми телефонира дека ќе се задржи поради некоја работа. Исто така забележав дека подолго остануваше в кревет во викендите, кога не одеше на работа. Излегуваше прик вечер, без да каже каде оди. Кога беше дома, постојано седеше пред телевизорот. Некако, се повлече во себе. Не беше расположен за било каков разговор.

Бев нестрплива да одиме и убаво да ја видиме тукушто купената куќа. Во еден од викендите да појдеме во Охрид, да ја отвориме куќата, да влеземе во неа. Купувањето се случи токму на невидено! На дворешниот изглед не ветуваше многу. Бев свесна во каква состојба е куќата, но тоа воопшто не ме загрижуваше. Човечката рака се ќе поправи, ќе направи.

Но, гледајќи го расположението на Митко, не се осмелував тоа да му го предложам.

- Митко, - му реков еден ден решително, - нешто се случува со тебе, да не не си добар со здравјето, или нешто не е во ред кај тебе на работа?

Тој очигледно и овој пат не беше расположен за разговор, само одмавна со раката и излезе од собата. Кога погледнав од прозорецот, го видов како шета нервозно низ дворот. Почнав веќе да се загрижувам. Не знаев на каков начин да го натерам да ми каже отворено дали оваа негова психичка состојба е последица на купувањето на куќата во Охрид. Или е нешто сосем друго, што се по јавило во меѓувреме.

Поминуваше и вториот месец од купувањето на куќата во Охрид, кога се случи нешто на кое никогаш не би можела ни да помислам...

Митко си замина од дома.