Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Guilty Without Guilt (Short Version)

ВО ЗАПАДНАТА ИСТОРИЈА НЕ СЕ СПОМЕНУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ

By Стојан Кочов · Part 33 of 33 · About 16 minutes

Read in English

ВО ЗАПАДНАТА ИСТОРИЈА НЕ СЕ СПОМЕНУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ

6. Во западната историја нема ниту еден збор за Граѓанската војна во Грција и завојуваните страни, ниту пак за причините, а уште помалку каде беа Македонците во таа прикаска за војната помеѓу Грците со Грците. Зошто се потребни три различни прикаски за една те иста војна? Британците и Американците беа надгледувачи и архитекти на оваа војна; не можеа да му соопштат на светот кој војуваше во Граѓанската војна на Грција и зошто таа војна се водеше? Спрема класифицираните документи од тие времиња, а јас ги имам на стотини, Британците заедно со Американците знаеа што точно се случуваше во Егејска Македонија и кој со кого војуваше. Зошто воопшто војната ја викаат како грчка Граѓанска војна? Само за да ја заташкаат вистината?! И покрај тоа што Македонците пропорционално беа, поголемиот фактор во војната, не беа никогаш спомнати. Зошто? За да се заташкаат злосторствата извршени врз македонскиот народ? Да го сокријат, од светската јавост, извршениот геноцид што се случи во нивно присуство?

„Што всушност македонскиот народ во Македонија, окупирана од Грција, памети за грчката Граѓанска војна и како сето тоа го толкуваат? Со многу од нив сум зборувал. Ми велеа дека добро се сеќаваат што правеле во настаните кои се случувале околу нив. Тоа беа тешки мигови, кои ќе ги паметат до крајот на нивните животи. Човековиот живот немаше голема вредност во тие времиња. Никој не се грижеше за ништо друго, освен да преживее, некако, од ден до ден. Како некој огромен бран да ги погодил и ги однел некаде со себе, во морските далечини. Во нивната борба за живот, ги слушале гласовите што доаѓале одозгора и правеле што мислеле дека им заповедуваат да прават! Ги паметат тие времиња како ера на брутална пропаганда со деструктивни цели, барајќи се повеќе од нивната крв... По завршувањето на крвавата војна, преживувале страшни мори и стравови од насилствата на грчката држава, во вид на освета, небарајќи место каде се наоѓале; во Грција или во некоја туѓа странска земја во која тие побарале засолниште.

Стравот од грчките агенти кои биле насекаде по светот ги држел во неприроден молк да не зборуваат јавно за страшните злосторства што ги преживувале за време на војната во Грција.

Да не зборуваат за геноцидот што го преживеале, за заборавениот геноцид, за нерегистрираниот геноцид во меѓународните институции и меѓународната заедница воопшто, за слободниот геноцид извршен над нив, над македонскиот народ од Егејска Македонија. Да не зборуваат за извршителите на злосторствата под заштита на грчката држава, Британија, Америка и...” (Стојан Кочов).

КОНТРОЛИРАНА ГРАЃАНСКА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА

7. Така наречената грчка Граѓанска војна беше контролирана војна, концентрирана на територијата на Егејска Македонија и на подрачјата каде Македонците беа во мнозинство. Била контролирана од Грците, Британците и Американците.

Не би било претерано ако би се рекло дека од 25.000 борци мобилизирани во редовите на ДАГ (Демократска армија на Грција), 50% беа Македонци, од кои повеќето биле насилно мобилизирани.

Тоа значи 50% од војската (ДАГ), од населението на Грција од 6 милиони, и другите 50% од македонското население кое броело околу 300.000, Македонци. Па така излегува дека грчкото население учествуваше во оваа војна со 0,21%, а македонското население со над 4.17%. Или со други зборови, до крајот на Граѓанската војна Грците учествувале со 18-20 илјади борци, а Македонците со над 15-20 илјади. Грчкиот режим во оваа војна учествуваше со над 300.000 војници од сите родови во грчката армија, вооружени со најсовремено оружје од тоа време. Да не заборавиме исто така дека на 01 март 1947 година, Претседателот на САД Хари Труман ја објави одлуката позната како „Труманова Доктрина” за ангажирање на САД во Грција.

Па така, врз таа негова Одлука, на Грција ѝ беше одобрен кредит и најмодерно оружје за грчката армија. Покрај тоа, Ван-Флитовата флота на американскиот генерал за против-герилско војување на Грција ѝ беше ставена на располагање.

Види: (Тодор Чепреганов, 1977 стр.178).

„... Одма по прокламирањето на „Трумановата Доктрина”, во Грција беа воспоставени информативни сервиси на ФБИ и ОСС-агенти. Исто така, во Грција беше испратена и посебна воена мисија. На барање од владата на Грција, претставници на САД почнаа да доаѓаат во Грција со цел да ѝ помогнат во воспоставувањето и зацврстувањето на нејзиниот суверенитет како нација. Тие беа таму ненаоружани и со намера да помогнат во расподелбата на стигнатите воени материјали и да ги подучуваат и обучуваат надлежните органи во нивното користење. Меѓутоа, многу брзо по пристигнувањето во Грција, овие инструктори ја презедоа одговорноста во сите сегменти на армијата, морнарицата и воздухополството, како и над организацијата и раководењето со воените операции, предвидени за борба со побунетите„... Према бројот на македонските борци во редовите на ДАГ и на КПГ (Демократската Армија на Грција и Комунистичката Партија на Грција), недостигот и слабиот квалитет на раководниот кадар, организациската тактика, бројот на владините сили те локацијата на која се водеше војната, се уште некој мисли дека Граѓанската војна во Грција беше таква каква што е прикажана, како војна на Грци со Грци? Исто така, спрема бројот на Македонците вклучени во војната, не мислите ли дека македонските борци заслужуваа свои воени лидери? Зошто на Македонците не им беше дозволено да ги водат своите борци во битките и на политичкото поле? Зошто секое движење (акција), на овој конфликт беше стриктно воден од Грците на обете страни и под Британска и Американска контрола, исто така на двете страни? Зошто на Македонците не им беше дозволено слободно да се борат за нивните национални интереси? Зошто требаше да бидат строго контролирани од Грците на сите страни ? Целиот раководен кадар и на ДАГ и на КПГ беше грчки. Сите одлуки во воените операции беа донесувани од Грците во ДАГ и КПГ и потоа водени од Грци. Грците одлучуваа за составот на борбените единици и кои единици каде да бидат стационирани. Грчките лидери одлучуваа колку Македонци би можеле да носат оружје; кој и колку би можеле да влезат во редовите на ДАГ и.т.н. Со други зборови, грчките лидери ги контролираа воените операции со држење на македонските борци под стална контрола. Зошто?

Па затоа што, оваа војна беше „контролирана војна” и специјално дизајнирана, Македонците да ја изгубат и да бидат протерани надвор од нивните домови и од нивната татковина Македонија, со намера.

Уште нешто... „Познато е многу добро дека во 1947 година ДАГ не ги разреши проблемите во снабдувањето со воен материјал, но и со вооружувањето на своите борци со потребното оружје и муниција. Исто така останува да се разјасни зошто Захаријадис му даде наредба на генералот Маркос да го зголеми бројот на борците во ДАГ до 60.000, а пак Јоанидис на Маркос оружје само за 4.500 борци. Исто така добро е познато, дека Маркос во 1947 година одби илјадници македонски и грчки доброволци кои се пријавија да се борат во редовите на ДАГ.” Види: („Стратегијата на ДАГ проблеми со раководните тактики” Г. Малтезос Џумеркиотис, стр. 354.)

Се поставува прашањето: „Ако ова не беше контролирана војна, тогаш зошто Генерал Маркос спроведе нелегална мобилизација само во Македонија, мобилизирајќи млади и стари и на тој начин правејќи пустош во македонското население?” КОИ БЕА ЛИДЕРИТЕ НА КПГ И ДАГ

8. Говорејќи за грчките лидери, ајде да видиме кои беа врвните грчки лидери кои ги водеа Македонците и грчките партизани.

Кои беа врвните лидери кои ја водеа Комунистичката партија на Грција и Демократската армија на Грција?

Двајцата врвни лидери беа Никос Захаријадис, кого го споменавме и порано и Генерал Маркос Вафиадис. Тие беа лидери на политичкото и военото крило на едната страна во Граѓанската војна на Грција. Двајцата беа колонисти од Мала Азија и населени во Македонија во 1920 год. Никос Захаријадис бил роден на 27 април 1903 во Едирне, Источна Тракија. Татко му бил вработен како чиновник во „Разим”, француска тутунска компанија во Константинопол, денешен Истанбул. Од 1911 до 1912 Никос Захаријадис живеел и бил ученик во училиштето во „Ибни Пајко”, населба во центарот на Скопје, каде неговиот татко бил претставник на компанијата „Разим”. Во 1913 година се преселува во Солун. Од 1922 - 1923 бил вработен како морепловец, работа која го довела до Советскиот Сојуз каде постанува член на Комунистичката Партија на СССР. Во 1924 со размената на населението помеѓу Турција и Грција, Захариадисовото семејство се преселило во Грција. Во истата таа година го посетил Комунистичкиот универзитет на Источно европските народи во КUTVE или КУИЕН во Москва. Никос Захариадис бил лидер на грчкото комунистичко движење и генерални секретар на КПГ (Комунистичката партија на Грција)

од 1936 до 1956 год. Захариадис ја водел Партијата како секта и имал потполна доверба во Сталин и неговата Комунистичка Партија, за која сметал дека е безгрешна. Захариадис извршил самоубиство во 1973 година, за време издржувањето на затворската казна во Сургун, Сибир.

ГЕНЕРАЛ МАРКОС ВАФИАДИС бил роден во селото Тоси, близу Анкара во Мала Азија и бил сместен како колонист во Егејска Македонија во 1922 год. Бил човек кој ние повеќе пати го сретнуваме низ нашата историја и кој и сам незнам зошто, го сметаме како една врста „голема легенда”. Добро е познат по неговата изјава во магазинот „Епикера”, за нас Македонците, кога се вратил во Атина. Маркос, најдобро што може да се каже за него, беше обичен човек. Тој не беше Генерал, а најмалку Голем Генерал, кој водел армија со 50% Македонци во нејзините редови. Маркос исто така не е ниту Грк... тој беше се друго, како и Захариадис, само не Грк.

По завршувањето на Граѓанската војна, Маркос се вратил во Грција и бил пречекан на атинскиот аеродром со добродојде од новинарите. Бил поздравен како шеф на Генерал Штабот на вооружените сили на Грција кои се бореле во Граѓанската војна.

Тогаш, некој новинар на неделникот „Епикера” го прашал за „страдањата”, дали сето тоа се исплатило. Маркос, како би ставил уште повеќе сол на нашите рани, одговорил:

„Задоволството беше што Славо Македонците беа истерани надвор од северниот дел на Грција и дека Македонија сепак остана грчка.”

(Види: „Нова Македонија” од 25 февруари 1992 година).

Така рече Маркос Вафиадис, главниот виновник кој го водеше ДАГ за време Граѓанската војна во Грција и кој придонесе кон катастрофата во која многу невини луѓе ги изгубија своите животи. Маркос беше колонист од Мала Азија донесен во Егејска Македонија. Неговата улога во војната беше да ја предводи Демократската армија на Грција - ДАГ, во својство на Генерал и како што и самиот рече, „војувал за да ја заштити Грција, со истерувањето на Македонците надвор од нивната татковина...” Таква беше нашата судбина, како би можеле турските христијански доселеници, да добијат повеќе од нашата земја, а пак Грција да живее славно, верувајќи дека Егејска Македонија е населена со „чисти Грци и Грци по гени...” И покрај тоа што никој од нив не е Грк... Но тоа сепак за Грците не е важно. Тоа што е за Грците важно е фактот да има помалку Македонци денес во Грција!! Ѝ ете како тој колонистички пес беше подготвен да го реши македонското национално прашање, а пак ние, македонската армија му дозволивме да не води во нашата смрт.” (Стојан Кочов, партизан, под водството на Маркос).

ПРЕГЛЕД НА КОРИСТЕНАТА ЛИТЕРАТУРА Ајановски Вангел – Оче, Егејски бури, Скопје 1975.

Андоновски Христо, Вистината за Егејска Македонија, Скопје,

1972.

Андоновски Христо, Дипломатска антимакедонска игра, Скопје, 1969.

Андоновски Христо, Македонското национално малцинство во Грција, Бугарија и Албанија, „Гласник”, Скопје 1974, Андоновски Христо, „Меѓународните договори и билатерални конвенции меѓу Грција, Бугарија, Турција и Југославија, „Разгледи”, Скопје, 1962.

Андоновски Христо, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940-1944) ИНИ, Скопје 1968.

Апостоловски Ванчо, Грција, односите со Југославија и прашањето за Егејска Македонија. Н.Македонија, Скопје, 1952.

Бунтески Ристе-Бунте, Методија Шаторов-Шарло (политички ставови), издавач, Друшттво за уметност Прилеп,Скопје, 1996.

Благоев Спиридон, Околу причините и последиците на проширување на бугарската окупациона власт во новите области на Егејскиот дел на Македонија во летото 1943 година.Гласник ИНИ, Скопје, 1983.

Григоријадис Фивос, Историја ту емфилиу полему,1945-1949 (То дефтеро андартико), (Историја на Граѓанската војна 1945-1949), (Второ партизанство),Атина, издавач К.М.

Камаринопулос.

Димитар Влахов, Изјава на Димитар Влахов на конференцијата за печатот во Париз. За проблемите на Егејска Македонија.

Нова Македонија, Скопје, 1946.

Димитар Влахов, Изјавуваме високо дека Грција нема право на Егејска Македонија, рече во својот говор на предизборниот митинг во Битола Димитар Влахов, потпреседателот на Президиумот на Народната Скупштина на ФНРЈ. Нова Македонија, Скопје, 1946.

Зифиропулос Д, То ККЕ ќе и Македонија (КПГ и Македонија)

Керамитчиев Михајло, Појавата на НОФ во Егејска Македонија. Глас на Егејците, Скопје, 1951.

Кирјазовски Ристо, Народноослободилениот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949). Култура, Скопје, 1985.

Кирјазовски Ристо, Македонски национални институции во егејскиот дел на Македонија (1941-1961), ИНИ, Скопје, 1987.

Кирјазовски Ристо, Македонската политичка емиграција од егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји по Втората светска војна. Култура, Скопје, 1989.

Киселиновски Стојан, КПГ и македонското национално прашање (1918-1940). Мисла, Скопје, 1985.

Киселиновски Стојан, Статусот на македонскиот јазик во Македонија (1913-1987). Мисла, Скопје, 1988.

Киселиновски Стојан, Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)

Култура, Скопје, 1990.

Киселиновски Стојан, Националното и државното во македонското револуционерно движење (1893-1994), МАНУ, Скопје, 1995.

Киселиновски Стојан, Етничките промени во Македонија (1913-1995), ИНИ, Скопје, 2000.

Кочов Стојан, (Само)жртвувањето на Македонците под Грција, „Матица Македонска”, Скопје, 1994.

Кочов Стојан, Ѓорѓи Пејков-македонски воин низ историјата на ДАГ(1945-1949) - монографија, издавач „Академик”, Скопје,

1997.

Кочов Стојан, Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција, издава „Матица македонска”, Скопје, 2000.

Кочов Стојан, Есеи и литературни толкувања, издавач „Матица македонска“, Скопје 2002.

Клјакиќ Драган, Генерал Маркос, Загреб, 1979.

Мамуровски Ташко, Бугарската пропаганда во Југозападна и Централна Егејска Македонија (1941-1944). ИНИ, Скопје, 1989.

Митревски Паскал, Учеството на македонскиот народ од Егејска Македонија во борбите против фашистичките окупатори. Нова Македонија, Скопје 1945.

Митревски Паскал, Триесет години од Првата конференција на СНОФ, Нова Македонија, Скопје 1973.

Митревски Паскал, Критички осврт на трудот на Вангел Ајановски Оче, „Егејски бури” издание на ИНИ-Скопје, 1975.Гласник на ИНИ, Скопје 1977.

Митревски Паскал, Првите органи на народната власт и формирањето на Привремената демократска влада на Грција за време на Граѓанската војна 1945-1949 година. Симпозиум:

АСНОМ -остварувањето на идеите за создавање на македонската држава. МАНУ, Скопје, 1977.

Мојсов Лазо, Околу прашањето на македонското национално малцинство во Грција (Еден поглед врз опсежната документација). ИНИ, Скопје, 1954.

Наковски Петре, Македонските деца во Полска, издавач, „Млад борец“, Скопје 1987.

Пејов Наум, Прилози за односот на раководителите на КПГ по македонското национално прашање. Главен одбор на Македонците од Егејска Македонија, Скопје, 1953.

Пејов Наум, КПГ и македонското национално прашање (IV-IX).

Глас на Егејците, 1953.

Пејов Наум, Македонците и Граѓанската војна во Грција. ИНИ, Скопје 1968.

Пејов Наум, По повод првиот конгрес на НОФ во Егејска Македонија. Во прилог на вистината. „Глас на Егејците“, Скопје, 1951.

Раковски Павле, Македонското национално прашање низ политиката на КП на Грција (или Политиката на КП на Грција по македонското национално прашање) Гласник ИНИ, Скопје,

1968.

Раковски Павле, Кон согледување на историската вистина.

„Погледи“, Скопје 1980.

Раковски Павле, КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и македонското НОД.

Гласник на ИНИ, Скопје.

Раковски Павле, КП на Грција и Македонците (Согледувања, размислувања, сознанија), „Македонска книга“, Скопје, 1990.

Раковски Павле, Автобиографија-моите страдања, издавач, „АЕА издавачи“, Скопје, 2000.

Ристовски Блаже, Македонија и македонската нација, Издавач „Детска радост”, Скопје, 1995.

Симовски Тодор, Населените места во Егејска Македонија, ИНИ, Скопје, 1978.

Симовски Тодор, Македонско национално прашање низ политиката на КПГ во текот на НОБ. Гласник на ИНИ, Скопје,

1972.

Халет Кар Едвард, Што е историја, „Култура“, Скопје, 1990.

Арент Хана, Изворите на тоталитаризмот, „Култура“, Скопје,

1990.

Стив Е.Палмер, „Југословенскиот комунизам и Македонското прашање”. Арцхон Роберт Р. Кинг, Боокс, (Archon Robert R.

King, Books) 1971.

Лоринг М.Денфорт, „Македонскиот конфликт”, „Македонска книга“, 1996.

МАНУ, „Македонија и односите со Грција”- Скопје, 1993.

Тодор Чепреганов, „Велика Британија и македонското национално прашање (август1944-1948)”, издавач ИНИ, Скопје,

1997.

Лазар Лазаров, „Македонија во француската политика на Балканот 1944-1957”, издавачи ИНИ и „Матица македонска“, Скопје, 1998.

Приручник (Зборник материјала), Грчки народ у борби за слободу, 1947.

КРАТЕНИЦИ УНСЦБ Унитед Натионс Специал Цоммиттее он тхе Балканс, (The United Nations Special Committee On the Balkans)

АФЖ Антифашистички фронт на жените Андартин Грчки борец, платеник во време на турската империја, се борел за освојување на Македонија и приклучување кон Грција. Повеќето беа од стара Грција и од островот Крит, а делувале во Македонија Костурско, Леринско, Битолско, Ресенско и Мариово). Тоа име се употребуваше од грчката влада и за учесниците на ЕЛАС и Граѓанската војна БУРАНДАС Оружен војник во владината грчка војска ГШ Главен штаб ДАГ Демократска армија на Грација за време на Граѓанската војна 1946-1949 година, раководена од Комустичката партија на Грција ЕАМ Национален ослободителен фронт ЕДА Грчка демократска левица ЕДЕС Национален демократски сојуз на грчката војска, соработувал со Германците, истовремено и со Англичаните ЕЛАС Грчка народноослободителна армија ЕПОН Национална сегрчка организација на младите (прокомунистичка)

ИВЕ Бранители на Северна Грција 1941-1942 година соработувале со Германците ПГ Земјоделска партија на Грција ИБ Информбиро ЕППЕ Централен комитет на политичките бегалци од Грција ЕМПЕДА Центaр за воена обука КЗ Кривичен закон КОЕМ Комунистичка организација на Македонците од Егејска Македонија КПГ Комунистичка партија на Грција КПЈ Комунистичка партија на Југославија КПМ Комунистичка партија на Македонија ЛОК Чети за планински потери, воени формации на дел од владината војска НОВ Народноослободителна војска НОД Народноослободително движење НОМС Народноослободителен младински сојуз НОФ Народноослободителен фронт МАИ Единици за самоодбрана на теренот (оружени организирани цивили, кои спрема потребата се бореа против ДАГ).

ООН Организација на Обединетите Нации ПАО Сегрчка ослободителна организација 1942

– 1944 година, соработуваше со окупаторот против народно ослободителното движење во Грција ПБ Политбиро ПДВГ Привремена демократска влада на Грција формирана 1947 година на Грамос, (поточно во Асамати на 23.12.1947 г.)

ПЕЕА Политички комитет на ослободување ПЗ Принуден закон СНОФ Славјаномакедонски народноослободителен фронт УДБ Управа за државна безбедност ЦК Централен комитет ЦС Централен совет БЕЛЕШКА ЗА ПИСАТЕЛОТ Стојан Кочов е роден 1930 година во село Турје, Леринско.

Живее во Скопје.

Ги објавил следните книги:

Наслов, Вид на дело, Издавач СРЕДБА, раскази, „Студентски збор“ Скопје,1989.

ЕДНА МРТВА ВОЈСКА, поезија, „Македонска книга“ Скопје,1992.

(САМО) ЖРТВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОД ГРЦИЈА, критички огледи, „Матица македонска“ Скопје,

1994.

МРТВОТО ЛИЦЕ НА ВОЈНАТА, поезија, „Македонско сонце“ Скопје, 1996.

ЃОРЃИ ПЕЈКОВ - МАКЕДОНСКИ ВОИН НИЗ ИСТОРИЈАТА НА ДАГ(1945-1949), Моно графија, „Академик “ Скопје,1996.

ТАЛКАЧИ, роман, „Матица македонска” Скопје, 1997.

НОВА ГОДИНА ВО ЗЕМЈАНКИТЕ НА ГРАМОС, роман, „Матица македонска“, Скопје, 1998.

КАЗНА БЕЗ ВИНА, роман, „Матица македонска” Скопје,2001 ВО ПРЕСРЕТ НА СУДБИНАТА, раскази, „Огледало“, Скопје,

1998.

ИДЕОЛОШКИОТ АКТИВИЗАМ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА, критички огледи, „Матица македонска“, Скопје, 2000.

ГРЕВОТ НА ПОТОМЦИТЕ, роман, ЕСЕИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТОЛКУВАЊА, критички огледи, „Матица македонска“, Скопје, 2002.

КОБА, раскази, „Ворлдбук”, Скопје, 2002.

ГРОБАРОТ ОД ЛЕРИН, роман, “Детска радост”, Скопје, 2001.

ЈАМКА. Роман, БЕСОТ НА ЈУЖНИТЕ ХРИСТЈАНИ, роман, Стојан Кочов – (Автор, собирач, превод од грчки и руски јазик)

Спиро Мавровски – ( Средување на матерјалите, јазична и лекторска корекција, превод од српски јазик, размисли во прилог на книгата)