Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Guilty Without Guilt (Short Version)

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1945 ГОДИНА - Part 01

By Стојан Кочов · Part 7 of 33 · About 20 minutes

Read in English

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1945 ГОДИНА

12.02.1945 Во Варкиза, одморалиште што се наоѓа близу до Атина, потпишана е спогодба меѓу раководството на движењето на отпорот на КПГ и ЕАМ од едната и Владата на Пластирис и британскиот генерал Скоби од другата страна. Со таа спогодба се потчинува грчката команда под англиската за Блискиот Исток, (на 12 февруари 1945 година), ЕАМ и ЕЛАС практично и ја предадоа власта на десницата.

23.04.1945 Во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ (Народно Ослободителен Фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. Од формирањето се до т.н. „Братство и единство” помеѓу НОФ и КПГ, НОФ дејствуваше спрема директивите на КПМ/КПЈ, а потоа помина под команда на КПГ се до нејзиното расформирање.

26.04.1945 Во Москва Маршал Тито даде изјава за „Њујорк тајмс” во која вели: „Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Југославија ќе ги почитува нивните желби.” 20.06.1945 А на 20 јуни 1945 година во близината на Воден, Егејска Македонија, е одржана Окружна конференција на НОФ за Воденско. На конференцијата, на која зедоа учество 125 делагати од градот и од селата, реферат за идеолошките содржина на борбата и нејзините форми на борбата поднесе членот на Главното раководство на НОФ Павле Раковски, а за финасиската положба - секретарот на Окружното поверенство на НОФ Вангел Ајановски - ОЧЕ. Делегатите, покрај другото, побараа ликвидирање на терористичките селски полјаци.

(Н.М./94)

28.06.1945 Се одржа XII-от Пленум на ЦК на КПГ, а во одлуката се вели: „НОФ, со брзото омасовување и со неговите воени формации, опасно го загрозува грчкиот карактер на Македонија; грчките позиции и интереси во неа и територијалниот интегритет на грчката држава”.

29.06.1945 ПРОГЛАС од Окружниот комитет на КПГ за Воденско, од членовите на КПГ и народот во Воденско, со кој се осудува организацијата НОФ.

1945 Грчката законодавна власт донесува закони против организацијата НОФ, АФЖ и НОМС.

ЗАКОН 543/45: „Против организацијата НОФ и лицата што дејствуваат за отцепување на грчки територии”.

07.07.1945 ЗАКОН број 453 и ЗАКОН ТОД:/45 „За ред, мир и правда” „За обезбедување на јавната безбедност” 18.07.1945 ЗАКОН КЗ 43: „Против автономистичката дејност”со кој закон македонските организации НОФ, АФЖ и НОМС се прогласени за автономистички, и се ставаат надвор од Законот и нивните членови се прогласуваат за бандити и им се суди за Велепредавство.

20.07.1945 ПРИНУДНИОТ ЗАКОН (КЗ) 4124: „За кривично гонење на сомнителни лица”.

20.07.1945 ДЕКРЕТ „Г и други закони: ПЗ 433/45” „Околу илегалното поседување на оружје”, ПЗ 753/45 “Околу илегалното поседување и употреба на оружје”. „За вонредни мерки и за јавна безбедност”.

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1946 ГОДИНА Развојот на силите на партизаните и андартите и итрата тактика на генерал Маркос за неомасовување на вооружените сили Развојот на левите сили (КПГ и ЕАМ), низ политичките настани во почетокот на 1946 година се одвиваа спрема концептот за неомасовување на населението во вооружен отпор и од таквиот став беа враќани илјадници војници и офицери, сите симпатизери и членови на КПГ и на ЕЛАС, кои беа жестоко прогонувани од новата власт на Атина.

Но, зачудува концептот на НОФ (КПМ/КПЈ), по кој уште во 1945 година беше реализиран и се изврши масовна мобилизација на македонското население, зачленувајќи го во НОФ и АФЖ. Очевидно тоа покажува дека е внимателно испланиран идниот и другите концепти преку стратегијата и тактиката на туѓинците.

Тоа го покажува и следното: дека по предупредувањето и спречувањето на левите сили низ цела Грција да учествуваат во масовноста, а подоцна тие леви сили се преоринтираа и настана наводно проблемот со резервите на воените сили на ДАГ. И, не е чудо тие од 25.000 - илјадната армија на ДАГ, во нејзините редови се најдоа насилно мобилизирани и ја сочинуваа 50% Македонци борци, а другите беа Грци. Тоа значи, од осуммилионското грчко население во единиците на ДАГ имаше не повеќе од 18 - 20 илјади борци на ДАГ, а од 300 илјадите македонско население во Грција, имаше околу 15 - 20 илјади Македонци борци на ДАГ, низ целиот периот на Граѓанската војна (1946-1949 год.).

Според истражувањата на генералот Зафиропулос, силите на партизаните, во текот на 1946 година се развиваа по следната динамика. До:

Месеци Број на борци Април 950 Мај 1.300 Јуни 2.700 Јули 3.500 Август 3.600 Септември 4.490 Октомври 5.930 Ноември 7.450 Декември 9.285 Што значи соодносот на владините сили и борците во ДАГ е 10 : 1, а военото наоружување е неспоредливо.

(Авт.превод: „... Кога пристигнав во Белград, вели Маркос ...Oдма се сретнав со другарот Иоанидис, во една канцеларија, каде ме дочекаа и двајца лидери на Комунистичката партија на Југославија; Темпо (Светозар Вукмановиќ) и Ранковиќ. Ме прашаа што ќе треба за неопходно да сторат за да помогнат (за ДАГ). Им реков дека потребно е наоружување за 18.000 борци.

Само што слушна Иоанидис, дека барам наоружување за 18.000 борци, стана и ми вели: Маркос, дали си во добрите: што ќе правиш со тоа наоружување за 18.000 борци. Доволно е само за 4 - 5 илјади и ниту за еден повеќе не треба“.(Стр. 94. Кисавос).

Понатаму тој објаснува:

„...Тогаш јас го прашав Маркос: - Зошто другар Маркос, по враќањето од Белград во Грција, ја променивте линијата на Партијата. Беше присутен и лекарот Сакеларију. Ми одговори: - Ми ја промени партиската линија Иоанидис, кога бев во Белград, другар Георги.“ Најсигурно е дека, таквата линија ја променија Југословените и Иоанидис и од тогаш Маркос се здоби со особени симпатии од југословените и лично од Тито, каде до ден - денес се забележливи тие симпатии.

Кисавос, во неговата книга потврдува дека Маркос, по враќањето од Белград во Грција, во својот Штаб, реши да ги враќа во своите домови сите што доаѓаа како доброволци во редовите на ДАГ, така на пример: околу 1.500 - 2.000 доброволци беа вратени и по нивното враќање непријателот безмилосно ги уништи како „кучиња”. Исто така, наведува и други примери, како што е со секретарот на Политичката комисија на градот Трикала, Костас Аридас кој заедно со поголема група кадрови кои имаа цврсто донесено решение во Околиската област на Тесалија дека треба да излезат во планина и да се борат, беа вратени и сите беа арестовани и стрелани.

(Стр, 88.)

Кисавос, пишува за уште еден потрагичен, па дури и срамотен случај.

„Една група, околу 250 млади и наоружани доброволци, од околијата на Каламбака - Кастраќу, кои се обидоа да ги вратат, тие се спротивставија. Но, тие по своја иницијатива се организираа во 2-3 чети и решија сами да се борат против непријателската владина војска, во време на најголемите воени операции што ги имаше преземено владината војска на тој терен.

На чело им беше Спирос Царас од с. Кастраки - Каламбака. Се покажаа најдобри борци, (во тие жестоки борби) и без да имаат жртви во таа тешка и жестока борба. Раководството на маркосовите штабови, наместо да им честита за нивната храброст, тие беа изгрдени за непослушност, а долго време го имаа за сомнителен Спирос Царас.“ Развојот на НОФ и АФЖ и политиката на КПМ/КПЈ за оптималното омасовување на целокупниот македонски народ Значи, ако политичката стратегија и тактика на Маркос била за не омасовување на вооружениот отпор и тоа со искусни борци од ЕЛАС, тогаш каде да ја бараме логиката на таквите политички процеси. Тоа што го правеше НОФ со невидено галопирање во омасовувањето на македонците селани:

(Види-Извештај од главното раководство на НОФ од 9 февруари 1946 година, за организационата структура на НОФ во Егејска Македонија: Ам. Збирка „Егејска Македонија во НОБ 1945-1949”, АЕ: 86 и 87. Објавени во едицијата: „Егејска Македонија во НОБ 1946”, Т. Ш. . . , док 42 и 43. Стр. 97, 100,

103-106. )

Села / членови на КПГ /член на НОФ/ НОМС/ СКОЈ/ АФЖ Костурски округ

1. Преспанска околија А. реон Герман 16 села Б. реон Африка 7 села

2. Околија Корештата А. реон на Д'мбени 9 села Б. реон на Дреновени 14 села В. реон на Тиолишта 14 села

3. Околија Полето А. реон Жупаншта 12 села Б. реон Рупишта 10 села В. реон на Кастенаријата 18 села Г. Подреони на Калевишта 5 села Лерински округ

1. Леринска околија А. Буфски реон 13 села Б. Которски реон 15 села В. Банички реон 6 села Г. реон Овчарени 9 села Д. реон Турје 6 села

2. Совичко-Кајларска околија А. реон Екши-Су 5 села Б. реон Ајтос 8 села В. реон Мокрени 16 села Воденски округ

1. Мегленска околија А. реон на Кронцелево 13 села Б. реон на С'боцко 11 села

2. Островска околија А. реон Острово 7 села Б. реон на Месимер 11 села В. реон на црно Мариново 8 села Во извештајот се нагласува, дека состаноците се одржуваат редовно во месец јануари. Повеќето села ја прифаќаат нашата линија и се борат под наше раководство. Во извештајот се наведуваат точно колку им припаѓаат на секоја од овие организаци, а бројката е фрапантна и се добива претстава дека македонското население е целосно под влијание на овие организации. Има и други деталји.

За Организационото раководство Секретар, с. р.

(Москва - Белград- КПГ)

Развојот на силите на НОФ и АФЖ (Следните факти се клучни моменти во целата историја на НОФ)

На 2.04.1946 година, Захаријадис, генерален секретар на КПГ, враќајки се од Москва во Белград се сретнал со маршал Тито и разговарал околу одлуката за поведување на оружена борба против десницата во Грција. Захаријадис од Тито добил целосна поддршка, односно, ветување за морална и материјална помош.

На оваа средба било договорено и за следното:

Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, предводено од НОФ, кое од април 1945 година се наоѓаше под раководство на КПЈ - КПМ, да помине под раководство на КПГ.

Дел од составот на Политбирото на ЦК на КПГ на чело со Јанис Јоанидис, да се префрли во Белград со задача да раководи со оружената борба, да ја претставува во странство, да се грижи за снабдувањето на партизаните со оружје, облека , храна и други материјали.

Слободна регрутација на борци од редовите на македонската и грчката политичка емиграција во Југославија; организирање болници за ранетите и болните борци на ДАГ; Југославија да ја преземи улогата на организатор и координатор на помошта од други земји за ДАГ.

*** На 24.08.1946 година врз основа на договорот Тито -Захаријадис, еден дел од составот на ПБ на ЦК на КПГ на чело со Јоанидис Јоанис и потребниот апарат, илегално се префрли од Атина во Белград. Генерал Маркос Вафијадис кој во јуни 1946 година од Захаријадис беше назначен за организатор и раководител на партизанските групи илегално ја напушти Грција и се префрли во Белград каде што доби конкретни директиви и ветувања од делот на ПБ на ЦК на КПГ. Во септември се префрли во Егејска Македонија каде што на 28 октомври го формира Главниот Штаб на партизанските единици, односно ДАГ. Но, на 10 ноември Захариадис од Сталин доби директива вооруженото движење зимата 1946 -1947 година да не се омасови, бидејќи тоа наводно го налага меѓународната ситуација, КПГ на политичката борба да и даде примат и слично.

На 21.11.1946 година, врз основа на одлуката и договорот меѓу Тито - Захаријадис од 14 октомври 1946 година, КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис ја остварија следната спогодба: „Македонската организација НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминува во целост под контрола на КПГ, а вооружените единици поминуваат под контрола на ДАГ под раководство на генерал Маркос. Зарем ние Македонците и во историјата треба да оспоруваме дека овој политички фундамент, не беше поставен од туѓинците (КПЈ-КПГ )?!

На туѓинците, целта им била од некои свои послушници да направи херои, таков лик, преку кого ќе се идентификува цел еден народ, а другите да ги сведе во најголема мера негативци (комитаџии и др.) и во такви услови да проработи кодошењето, (што подоцна и се почесто и се случуваше меѓу членовите на НОФ) и така настана најпогубниот момент за Македонците под Грција.

По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, кој им го рекол следното: „Вие сега одете долу (во Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба ќе ви биде КПГ. Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа. Борете се со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции...” Ова заплеткано сфаќање со утешни илузии, покажува дека владееше зајдисонце (мрак) во македонското лидерство.

Сега генерал Маркос сме го овластиле за нашата судбина Наредба Бр. ЕП 13 од 27.12.1946 година, од генерал Маркос, гласи: „Сите партизански единици од денеска се ставаат во составот на ДАГ”.

Значи, НОФ од овој датум не претставуваше никаков воено -политички фактор, туку по т.н. „Братство и единство” на НОФ и се земени сите ингернции. По ова настана деликатна рамнотежа, помеѓу НОФ и КПГ, но полека влегуваше во менгемето на КПГ, охрабрувано па дури и од македонскиот врв на КПМ и несомнено стануваше жртва на политичките игри. А, бргу потоа се најде во рацете на бескруполозната апсолутистичка власт на КПГ.

Дали некој помисли на фаталното дејство на омразата која никогаш не ја имаа заборавено спрема поранешните ЕЛАС (ИТИ), сега НОФ (ИТИ)?

Во аналите на историјата, таков случај не е регистриран.

1. Ако НОФ беше политички македонски субјект, требаше да каже: какви отстапки би можела да направи спрема КПГ, а притоа да не му нанесе трајна и неповредлива штета на својот народ - на национален план. Но, настана она другото: значи ако го создаде КПМ/КПЈ, тогаш таа и го предаде (продаде) на КПГ, а со какви и кои се политичките цели?!!! Само тие знаеја (КПЈ и КПГ)!

И, така нашите надежи сега се најдоа пак на масата на КПГ, ние се најдовме во униформата на ДАГ, децата се најдоа по светот.

Значи, добро соработувавме во целиот период за „мекото етничко чистење”.

Хроника (Прочитано во историографијата)

ВРЕМЕ НА ИСЧЕКУВАЊА И ЖЕЛБИ ПОСИЛНИ ОД ОКОЛНОСТИТЕ Во втората декада на октомври 1944 година Леринско -костурскиот баталјон се оддели од ЕЛАС и се префрли во Вардарска Македонија (ФНРЈ), каде што се организира во бригада во составот на НОВ и ПО на Македонија -Југословенската народна армија (ЈНА).

ПРОГЛАС ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ГРЦИЈА Комунистите (Македонци), кои ги напуштија редовите на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, беа остро осудени, а беа прифатени од КПМ/КПЈ. Сега со инструкции и помош на КПМ/КПЈ во Битола беше конституирана ПОЛИТИЧКАТА КОМИСИЈА ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА, на чии работни состаноци претседаваше претставник на ЦК на КПМ. Во слободна Битола на 18 ноевмри 1944 година беше формирана Егејската бригада, од борците на пребегнатите македонски баталјони и ново пристигнатите бегалци од Македонија под Грција. Што ни покажува ова? Стара омраза, нови несогледувања. Но историјата на сите осознаени луѓе има свое наравоучение, но не и за нас Македонците. Повторливите трагедии како да ни се предизвик во патоказот на иднината. СТАВОТ НА ФДМ (Федерална Демократска Македонија) „ЗОШТО НЕ НА СОЛУН?”

...Политичкото и военото раководство на Македонија реално ја оцени, ја држеше и ја контролираше ситуацијата за време на јануарските настани, не дозволувајќи притоа да преовладаат емоциите над разумот, и на тој начин што туку формираната и кревка федерална Македонија да биде вовлечена во нова војна, практично, против сојузниците од антихитлеровата коалиција, на која страна се бореше и самата таа во текот на Втората војна.” ДИПЛОМАТСКИ ПРИТИСОК На 9 декември 1944 година, шефот на Британската мисија во Белград, Меклеан, го посети Јосип Броз Тито и му го кажа својот заклучок дека формирањето на Бригадата (Егејска), открива територијални претензии врз грчката и бугарските територии и му обрна внимание да не се меша во грчките работи, односно во судирот меѓу ЕЛАС и британските сили во Атина, што започнаа на 3 декември 1944 година.

Тито го убедуваше Меклеан дека Југославија нема никаква претензија на грчка Македонија и дека Првата Егејска бригада нема да оди во Грција. На 22 декември 1944 година, Тито нареди Егејската бригада да не замине за Егејска Македонија, на ЕЛАС да не му се даде ветената помош, што се должи на директивата на Сталин до раководството на КПГ да ја прекине оружената борба и да побара мирољубиво решение за судирот со Англија.

Со специјална наредба под број 236 (строго доверлива од Маршал Тито, на 2 април 1945 година побара расформирање на „Егејската бригада.”)

Но од нашите историографи имаме друго тврдење: „Не цел месец по формирањето на Егејската бригата во Битола, КПГ и ЕЛАС побараа таа да се расформира и нејзините борци да влезат во единиците на ЕЛАС, со што не се согласија ниту егејските раководители, ниту Јосип Броз ТИТО”. (Види; д-р Ристо Кирјазовски, фељтон - низ борбените страници на Егејска Македонија: Илија Димовски-Гоче).

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1945 ГОДИНА И СОЗДАВАЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НОФ Хаотична неизвесност на македонските перспективи. Настан за паметење. Голем исчекор во (не) познатото: 23 април 1945 година, беше ден (време) на асиметрични и болни судбински обрачи. Народот никој и за ништо не го прашува:

Дали со самиот чин формирање на НОФ и АФЖ, по Втората светска војна, сами не сме ја предизвикале кобната судбина на македонскиот народ под Грција? Дали со познатите спротиставени политики и практики на комунистичките партии (Југославија, Бугарија и Грција), спрема македонското национално прашање, идеолошки токму во оваа Граѓанска војна со умисла ни го ангажираа „македонскиот синдром” и не доведоа до: Македонецот - спроти Македонецот? По ова идеолошка збрка, за нас Македонците настана фатална дезорганизираност на македонските позиции.

Значи, ако досега сме го познавале:

А) македонското движење со бугарска етничка историска - тенденција;

б) македонското национално движење со македонска етничко историска - тенденција, сега по Втората светска војна се јавува и в) македонско движење со пројугословенска историска - тенденција.

Големиот политички превид што ни се случуваше пред нашите очи во 1945 - 1949 година, всушност, беше најтрагичен. Тоа беше особено време, во кое не само македонската историја ќе забележи дека ретко кој народ во историјата како нашиот, самиот си ја посакувал толку злокобно својата несреќа.

Долги години иследувајќи го целото ова прашање (создавањето на НОФ и сите маки кои доаѓаат оттаму, зошто не можевме да бидеме сами со својата македонска правостојност), произлегуваат три клучни прашања:

Првото: како ова наше прашање (борба), им го покажавме на светот, конкретно на Големите сили, и нашата улога и визија со македонска опција во Граѓанската војна?

Второто: како ние - Македонците, самите гледавме на ова прашање и дали низ целиот период на Граѓанската војна, бевме уверени дека ја остваруваме токму македонската опција?

Или, можеби ја почитувавме ленинската теза дека, комунистичкото движење, на националното прашање гледа, како на тактичко и во основа одговара на интересите што секогаш одговараат со државните интереси на доминантната нација, во нашиот случај на грчката. Тогаш се поставува прашањето: Зошто така не пропагираа НОФИТЕ и АФЕЖИТКИТЕ, па ќе бевме сведоци на една сосема друга ситуација, а можеби и не ќе доживеевме таков национален пораз.

Третото: Зошто едно такво витално и национално прашање (големи жртви, изгубен македонски географско - историски простор итн.), не е третирано во интегралната македонска историја, туку како секторска – „Егејската”, а таквата не може да има рамен третман во изучување и презентација на националната историја.

Се до 1945 година македонскиот народ под Грција имаше цврсто духовно и национално единство. Постарите Македонци и нивните деца и внучиња живееа со ист дух, и го негуваа македонскиот национален идентитет и единствени на таа стратегија, значи македонскиот човек, како стратегија за опстанок го прифати: „Културното затворање и затворањето на поединецот во идентитетот и во заедницата - македонска”. И, НОФ токму на таква почва најде доверба и над масите стана доминантен господар во пропагирањето на политиката што ја диктираа:

КПМ/КПЈ од 23 април 1945 - до т.н. „Браство и единство” до 21 ноември 1946 година, (Токму по овој чин настанува иронијата и многу елегантно КПМ/КПЈ, си ги измија рацете од Македонците под Грција. Но, да ја проследиме ова добро позната историска приказна).

КПГ од 21 Ноември 1946 година до ликвидацијата на ДАГ во 1949 и годините на емиграцијата KОИ БЕА ВСУШНОСТ НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА?

Одговорот е: Никој! Па дури ни КПМ, бидејќи и таа беше целосно потчинета на КПЈ.

Значи, македонски нихилизам, грешки, поданство и реки крв, но да се вратиме на фактите:

За нас - Македонците како полувековен проблем е што не е докажано со каква национална стратегија на 23 април 1945 година е создадена во Скопје организацијата: НОФ (Народно ослободителен фронт) за Егејскиот дел на Македонија, надвор и независно од КПГ и од било каков политички субјект во Грција кој повеќе од една година делува и се раководи од КПМ/КПЈ и Програмската 9 цел на НОФ, беше: да се бори за извојување на националните права и правото на самоопределување на Македонците под Грција. За остварување на таа стратешка цел, беше применета и оружена форма на борба, за што раководството на НОФ по неколку дена, односно на 28 април 1945 година реши да формира македонски партизански единици. (Види: Кирјазовски, 1995/202)

Се поставува прашањето: Како сето тоа ќе го оствареше НОФ?

Кога повеќе од јасно е дека еден дел од македонскиот субјективен фактор, не беше на ниво на барањата и целите на македонското национално - ослободително движење. Тоа се потврди зашто не успеа да се соочи со многу сложените проблеми, што ги создаваа внатрешните и надворешните фактори. Ниту беше во можност да ги процени нивните сили, а уште помалку стратешките интереси и планови. Зошто до сега никој од тие стратези во НОФ, КПМ и КПЈ не дадоа одговор?

Зошто секој од учесниците во таа војна, остана да си го поставува прашањето:

Ќе беше ли во состојба НОФ да го оствари самоопределувањето во една новосоздадена положба во Македонија под Грција со извршената етничка промена на населението во 1924 година, кога преку 600 илјади доселеници - колонисти беа населени на македонска земја и со тоа грчката држава од Македонците направи малцинство?

Еве Зошто?

По националност:

Грци 711.428 50,36 % Македонци 240.000 17 % Караманли 210.000 14,87 % Ерменци 80.000 5,66 % Евреи 68.206 4,83 % Власи 44.414 3,14 % Роми 25.302 1,79 % Разни 33.127 2, 35 % Вкупно 1.412.477 100 % Во рамките на грчкото население е опфатено и разновидното бегалско население дојдено од Кавказ. Грчкото население по потекло и јазик, всушност е под 50% од целокупното население што живееше во Македонија под Грција. (Види С.

Киселиновски 2000/48.)

а) Ќе требаше ли некој од НОФ да ги праша тие доселеници дали би сакале да живеат во некаква балканска федерација, или со тоа ние - Македонците си правевме непријатели од овие луѓе. Но, се поставува прашањето дали тие како комунисти Македонци реагираа, на таквите акции од грчката влада. Тогаш, на тоа прашање (менување на етничкиот состав на Македонија), гледаа како на направено од хуманост спрема тоа население?

б) Дали НОФ знаеше дека за скоро, тие колонисти веќе се на чело на левите сили во Грција, како ЕАМ и КПГ, (кои не немаа во своите програми - С.К.), како Захаријадис, Парцалидис, Иоанидис, Маркос и други, и како можеше да очекува поддршка за таквата оптимална програма за самоопределување на Македонците?

в) Зошто тоа го прави сега кога тие истите членови на НОФ, како учесници во редовите на ЕАМ и ЕЛАС не им даваа да добијат никаков политички субјект во годините на антифашистичката борба и зарем имаа заборавено дека беа прогонети кога побараа национални права и беа наклеветени и анатемисани како автономисти, сеционисти, комитаџии и славофони?

Но, да се вратиме на најголемата манипулација од раководствата на КПЈ и КПГ, кога на средбата на 2 април 1946 година Тито и Захаријадис во Белград без присуство на Македонците решија:

1. Македонското народно - ослободително движење од Егејскиот дел на Македонија предводено од НОФ, а раководено од КПЈ-КПМ, да се стави под раководство на КПГ и да се измени програмската цел на НОФ во која сега ќе гласи: НОФ ќе се бори во сојуз со грчкиот народ за спасување на Македонскиот народ од физичкото истребување. КАКО!?

Тоа е вистината, и можеби е дел од стратегијата на туѓинците кои посакаа преку манипулацијата на НОФ, да си ја остварат целта, бидејќи од таквото делување на НОФ, грчката држава имаше преземено законски мерки со невиден терор и прогон, таквите воени зафати наликуваа на физичко истребување.