Guilty Without Guilt (Short Version)
ТУКУ СЕ РЕАЛИЗИРА СЛЕДНОТО - Part 04
Дебата за името, знамето и грбот не завршува со дебата, туку со барање за промена на истите во „дуот” на општествената мултиетничност и етничката рамноправност. Кој геноцид да го осудиме Ние, другари од СДСМ и Вие Г-дине Зоран Заев. Оној што е направен врз Македонскиот народ за време на Илинденското востание, оној кој е направен за време на Балканските војни, оној за кој кажува Прличев „пискотници се слушаат од Галичник до Река”, кој и од кого писка?, оној кој е направен за време на двете Светски војни, за оние незапамтени злочини во Западна Македонија од балистите, за тие 4 години заедничка власт со фашистичките окупатори. Ние кога сето ова се трудиме да го заборавиме, еве ја платформата. Мисли Г-дине Заев не само за една година, види и малку подалеку како и дали ќе ја гледаш Македонија? Со уште кого ќе влеземе во расправа од нашите соседи? Кому ние да им признаеме геноцид, кога сме биле најголемата жртва на овие простори.
2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
* Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
* Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
* Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
* Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.
*** Едно време беше срамота да бидеш примен некаде само затоа што си Македонец, Албанец, Србин или Бугарин по националност, сега со оваа платформа ние сето ова од срам го издигаме во Министерства, па правилна застапеност, па да се контролираат парите и истите се препраќаат во неразвиените Западни предели. Мислам дека ова е потценување на албанските гласачи и жители во Македонија, зошто? Затоа што секој оној кој е способен и ги задоволува критериумите за определено работно место ќе треба да го работи истото. Како некој кој е само Албанец, не го знае македонскиот јазик, ќе работи во едно јавно претпријатие со голема одговорност, а останатите не го знаат албанскиот јазик, како тој ќе биде вработен и што ќе работи во основа. Како што се бара прилив на буџетски средства во регионалните Западни општини, никаде не се спомнува прилив од овие регионални општини кон буџетот, со плаќање на даноци и останати давачки, кои сите останати ги даваат во државниот буџет. Дали некој има чувство дека Источните или сите останати регионални општини, населени со Македонци имаат повеќе права и средства. За жал има една голема разлика, општините во Западна Македонија имаат многубројно население мерено во илјадници луѓе а останатите општини со исклучок се бројат во стотини жители.
За барањето правична застапеност во војската, полицијата, разузнавањето и останатите служби, сето ова се виде за време на конфликтот во 2001 год., како постапија сите оние кои беа во тогашните структури на безбедноста, (тука секако е и сегашниот „претседател” на парламентот Џафери, кој тогаш дезертираше од редовите на АРМ, а ова му се случи по втор пат, откако првиот пат дезертираше од редовите на ЈНА, каде беше професионален старешина), им се извинувам на некои (сигурно помалубројни, или безбројни), што тоа не го направија и останаа во редовите на АРМ.
3. Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес
* Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија, како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
* Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
* Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.
*** Оваа држава ако е држава, си го поставувам и ова прашање, па секој во неа да се повикува на препораки, па повелби, дури и во платформа се повикува на некои договори, кои се правени принудно од надворешни фактори, каде е тука државата. Ако секој и секогаш нешто ни кажува што да направиме а за возврат не го испорачува единственото што треба да го направи, нашето членство во НАТО и Европската Унија. Зошто Специјално Јавно Обвинителство, кое е направено на антиуставен начин?!
Зошто не нормално и се разбира правично обвинителство за секој, во рамките на Уставот на Република Македонија. Кога доаѓа до случаи каде се инволвирани албанските граѓани во Македонија, повторно е се аут, сега дури не важи и Специјалното Јавно Обвинителство. Но затоа сега доаѓа на ред меѓународен независен орган? Кај има таков во светот и каде во која држава тој суди, а за анкетните комисии го видовме нивното досегашно функционирање, ефект нула. Мисли Г-дине Заев?
4. Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
* Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
* Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.
*** Повторно буџетски зафаќања, а зошто пак не и македонски, турски, ромски, српски и останати културни институции, колку ли пари има во оваа држава?
5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
* Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
*** Кои се тие европски вредности и принципи на меѓународното право кои ќе не обврзуваат активно да се вклучиме кон решавањето на спорот со името, кажете ги каде ги има, кое ИМЕ досега на која држава е променето и поради што? Досега нашите соседи Албанците во Македонија ја кажуваа оваа реченица: оставете Македонците сами да се договорат за името, еве сега гледаме се појавуваат нови кумови, аирлија да е, ако е и од нив доста е.
6. Добри односи со соседите
*Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
* Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
* Отворање на нови гранични премини.
*** Зошто баш со Бугарија а не бараат приклучување во преговорите со Грција и Србија, што ги прави толку блиски баш со Бугарија? Гранични премини има потреба да се направат кон сите соседи дефинитивно.
7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија
* Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.
Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање Тркалезна маса на албанските парламентарни партии.
Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската Унија и меѓународните институции.
Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на горенаведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.
*** И тука за жал не сте споменати Г-дине Заев. Тие планираат со тркалезна маса да ја решаваат судбината на оваа држава. Да не е жално, би било многу смешно. Ало каде заминавте, Вашите 20 пратеници ќе ја решаваат судбината на Република Македонија, а за што Македонскиот народ и останатите малцинства ги бирале останатите, дури 100 пратеници во Македонскиот Парламент. Г-дине Заев каде замина и што размислуваш. Не ги сади тиквите со оној кому не сакам ни името да му го спомнувам, тој кога тогаш си доаѓа по своето. За жал твоето е многу малку во однос на се останато што ќе се изгуби во оваа држава Македонија. Пораката од него ти е пратена и пред да потпишеш било што. Еден од коалиционите партнери веќе ти укажа дека е добро што тие биле што ни помогнале за да ја направиме македонската нација, дали ти сега заедно со нив повторно ќе пробаш да ја рушиш сега веќе направена. Мисли Г- дине Заев?
Битола 14.03.2018 год Продолжува...
Еве по повеќе од една година се навраќам на она што сум го напишал лани во март 2018 година. Покарај сите предупредувања до „големиот” државник Зоран Заев, тој беспрекорно ја одработува агендата за разнебитување на македонскиот народ и Македонија. Во меѓувреме е завршено најголемото предавство во историјата на Македонскиот народ и на Република Македонија, од нејзиното опстојување.
„Големиот” државник Зоран Заев, во меѓувреме успеа да го испазари вековното име на Македонија и македонскиот народ, и гледај чудо од нас кои секогаш сме биле кон југот, сега да направи да бидеме Северни Македонци. Мислам дека сем мал број лешинари, кои се покрај него од лукративни причини, и кои во моментот се единствените кои го оправдуваат овој потег, друг нормален човек во Македонија кој би го прифатил ова не постои. Се обидовте да го прашате народот а тој на референдумот ви кажа многу јасно и децидно НЕ!!! за промена на името. Продолживте со тероризирање на пратениците, испогазивте и устав и ОЈО и вашето СЈО, така да по тие одлуки осудувања на невини, ослободување на виновни, ништо повеќе во Македонија не е исто. Мислам дека претстои голема борба дека некогаш, по сите меѓународни права, да го добиеме нашето старо и единствено име Македонија, кое македонскиот народ заслужува да го има.
Начинот на ова владение и за другите предупредувања кои му беа дадени зборува за една забеганост, за непознавање на работите, за дилетантизам во политиката, за бескрајно верување во налогодовците, за кои се покажа барем досега, не паметам нешто од она што го кажале да го исполнат. Сега кога и самиот гледате дека тие ветувања беа слатки јаболка завиткани во целофан и истите не можеш да ги почуствуваш. Реакцијата Ваша е токму таква, како на дете на кое си му дал такво лижавче. Плачејќи бара да му го одвиткат целофанот за да лиже и касне од благото. Но под целофанот не знаеме што во меѓувреме се случило, дали уште стои блажината, дали дел од тоа се претворило во горчина, киселост, соленост или едноставно неблагост, со тоа што следните барања се уште поголеми и водат кон разнебитување на оваа наша мала држава.
Дали сега се убедивте Г-дине Заев дека Ве пренесоа жеден преку вода, а со тоа станавте еден од оние претходни претседатели и премиери кои биле лажени, а тие не лажеле нас.
За жал ваква голема глупост никој не направил, а ако некој претходник Љубчо Ѓоргиевски или Никола Груевски го направеле ова, досега ќе беа ликвидирани од Вашите шарени, плави или други платеници. Нема оправдување, нема извинување, ова е некој почеток на крајот. Не знаете каде Ве одведоа да го потпишете договорот (Нивици), местото на незаборавот со илјадници жртви (голем број цивили, меѓу нив деца, жени и старци), но никој ни тогаш не потпиша капитулација, а Вие го направивте тоа. Се поклонувате пред споменици кои до вчера не сте ги виделе, за Вас тоа е нормално но „види Мајката” тие не сакаат ни да разговараат а не да се поклонат на нешто што е нивно, а ние мислиме дека е заедничко. Тука допрва ќе излегуваат стотици нови проблеми, а сето тоа може да е проблем за влез во ЕУ, ако некогаш и тоа се случи.
Дали тоа со албанскиот јазик за кое се пишуваше во платформата од Тирана, сега Заев може да прогледа дека тоа е голема грешка, се појавува грешка во владеењето на државата на цела територија на Р. Македонија, се јавуваат пречки од техничка природа, но уште поголеми од политичка природа која во скоро време ќе ги испорача преку налогодавецот своите максималистички побарувања од оваа држава, кој некој како Зоран Заев не ќе може да ги одбие. Како и на кој начин некој го замислува соживотот кога се повеќе и повеќе се опкружува и се затвора во своите гета, при тоа почнувајќи од најмладите, не им се обезбедува владеење и познавање на македонскиот јазик во оваа наша заедничка држава Македонија.
Потпишувањето на договори со соседите за взаемно разбирање и формирање комисии за разгледување и редифинирње на историјата, ќе не остави на гола ледина, без ништо никаде, тоа што ние им го кажувавме на соседите, се донесовме во ситуација, нивната вистина да е вистината а за жал нашата ќе биде закопана некаде длабоко во земјата, никој повеќе да не ја изучува, никој повеќе да не ја спомнува. Дали сите ние кои учевме историја во нашите училишта повторно ќе бидеме вратени во школските клупи да ја слушнеме и најновата историја на македонскиот народ и Македонија, или пак ќе чекаме нашите деца и внуци доаѓајки си дома од училиште да ни кажуваат за историјата а ние од тоа да не знаеме ништо. Не знам што е пострашно и не знам кој се ќе си земе за право да ревидира што тој мисли дека е за ревидирање. Историјата е наука на која треба секогаш да се повикуваме. За жал во нашата историја многу предавници, многу водства кои служеле на туѓи интереси а на сметка на сопствениот народ, кој ги доживеал најголемите злосторства, најголемите страдања, најголемите ужаси и ги преживеал најголемите неправди од сите балкански народи за жал.
Сето ова го пишувам јас Спиро Мавровски, како Македонец, интелектуалец, како поранешен пратеник и родител. Една порака до сите наши минати претседатели и премиери. Да се обратат до Македонскиот народ и да им се извинат за сите оние одлуки кои ги донеле под притисок од меѓународната јавност.
По можност заради транспарентност и да ги презентираат тие одлуки. Тие договори кога и да е излегуваат со отворање на архивите на Светските сили. Со чиста совест дека Македонија во моментот се наоѓа на серозен исчекор, можеби клучен за понатамошното опстојување на оваа наша држава, која толку силно ја сакаме, а за жал пак многу други околу нас и подалеку од нас, од секогаш ја посакувале ја посакуваат и ќе ја посакуваат. Затоа памет и разум за носење правилни одлуки, да се сакаме и почитуваме себеси за да не сакаат и почитуваат и другите.
Автор м-р Спиро Мавровски ВРЕМЕ Е ЗА ЧОВЕКУВАЊЕ А НЕ ЗА ЗАКАНУВАЊА г. Претседателе на Р. Грција, Пред ужасниот расизам ќе молчиме? Ете зошто: врз основа на решението на Министерството за внатрешни работи 106.841/5-1-83, се дозволи слободното репатрирање на „Грци по род”.
Господине Прокопис Павлопулос, вие денес сте претседател на народите што живеат во Грција (цел свет знае дека не се сите Грци по род, нели!?). Исто така, цел свет знае дека имате протерано повеќе од двесте илјади (200.000 Македонци). Но најболното е што ние, Македонците, имаме таму повеќе од 25.000 млади погинати во Граѓанската војна и уште повеќе во турско - грчката војна и во италијанско - грчката војна, но и на сите тие Македонци не им се знае никаков белег или до денес не им е оддадена никаквапочит.
Но Вие се измачувате со уште една пострашна нечовечност.
Сакате да ни го смените името и со тоа да ни го срушите столбот на кој лежи македонската држава - татковината на Македонците, и со тоа да го направите тоа што го направивте со Македонците во окупираниот дел, кој сега е под грчка власт од 1913 година до ден -денес!?
Цел свет ве гледа како ги бакнувате иконите и оставате впечаток дека сте господово чедо, а, од друга страна, ни се заканувате дека никогаш нема и не сакате да ЧОВЕКУВАМЕ ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА!? НО!?
Значи, само за нас, Македонците и пред господ БОГ, не сте за ЧОВЕКУВАЊЕ? Значи сега за да не уништите не се фалите со напалм - бомби и ракети туку со изолирање, промена на името и на светот да им кажувате дека не постоиме, а вас да ве назначуваат за почесен граѓанин во градовите на прогонетите.
Не само за ова. Ако веќе Вие, Нас, Македонците, сите што сме протерани, не не прифаќате, тогаш под кои услови ни ги зедовте имотите што ни припаѓаат од нашите предци, што печалеа за своите наследници. Ми се чини дека таквиот завет е и кај вас Грците, односно таа човечка одлика е кај целото ЧОВЕШТВО.
Проблемот, господине Павлопуле, е отворен и многу прашања се од цивилизациски карактер, а тоа зависи токму од Вас, не од грчкиот народ...
Ајде да позборуваме за човекувањето што ни прилега. Да не заборавиме на најелементарното нешто: дека пред се сме човечки суштества со свое достоинство! Во текот на годините некако чувствувам нам, Балканците, како да ни е забрането да зборуваме на теми надвор од зајадливото и итроманско политикантство.
Да ве потсетам: на 10 август 2003 година, по 55 години, грчката влада дозволи да се посетат огништата на нашите предци, т.е.
убавината на татковите домови од кои исчезнавме, но со таканаречен „ХУМАНИТАРЕН ПАШПОРТ”, во кој не треба да пишува каде си роден, туку роден само во Грција. Така одродени пристигнавме на нашите родни огништа. Но секој си го поставуваше прашањето: „Каде е мојот крај, каде е гробот на моите родители, на мојот дедо и баба, каде е тоа име што го барам? Таа слика од детството? Тој дом, таа река, тој патоказ, таа шума, таа птица што ме будеше. Каде е прагот што лазејќи го минував како дете?!...” Најдовме невиден пустош. Зарем тоа не претставува газење по човечкото достоинство? Секој од нас се чувствуваше како ТУЃИНЕЦ ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА, талкајќи по половина век низ обезличените села и гробишта да пронајдеш нишан од своите предци, а не наоѓаш апсолутно ништо. Тоа е ужас, господине Прокопис Павлопулос, нели? Кога на човека цвеќето ќе му овене в раце... Кога свеќата нема кај да ја запали... Тоа го доживеавме!
Ете, повеќе од 70 години доживуваме прогонство, а Вие уште повикувате на НЕЧОВЕЧНОСТ и ЗАКРВАВЕНОСТ!
Нели е време да се свртете кон човештината, господине Павлопуле!? Кажете им ја вистина и на грчкиот граѓанин. Само така вие докрај би биле доследни. Но ако не го сторите тоа, мој поранешен сограѓанин Павлопуле (нели велите дека живеете во Македонија и небаре се чувствувате како Македонец), тогаш останувате доследен со својата сомничавост.
*** Нека ми биде дозволено да го цитирам Коча Поповиќ: „Јас сум против секаков национализам, бидејќи национализмот е најниската форма на општествената свест. Ова е страшно! Ова е страшно! Страшно е да се имаат вакви интелектуалци во својот народ! Веќе сте националист ако таква мисла владее во вашето општество, а таа владееше и комплетно доминираше во СФРЈ.
Осудени сте, предодредени да бидете пониско суштество!
Секоја т.н. општествена свест што практикува и наследува одредена идеологија: национализам, комунизам итн., има своја сопствена патологија кога ќе скршне од вистинскиотпат...”
(Авторот е писател)
Фусноти - (Појаснувања)
Според Владимир Дедијер, Титов дипломат и разузнувач, бригадниот генерал Фицрој Меклин спаѓа во врвот на разузнавачите во Британија и Европа во тоа време! Меклин бил личен пријател на Черчил, а како негови достигнувања се смета тоа што прв дознал и јавил за постигнувањето на тајниот пакт помеѓу Хитлер и Сталин, како и откривањето на плановите и движењата на германскиот генерал Ромел во северна Африка.
Меклин е определен да организира контакти и сојузничка поддршка за партизаните на Тито. Тој дошол во Југославија во 1943 година спуштајќи се со падобран заедно со радиотелеграфистот Бил Дикинс, задолжени за контакт со партизаните. Меклин бил дипломатски службеник во Москва и имал искуства и сознанија за комунистичката идеологија и дејствување. Тито посебно го ценел Меклин. По војната го сметал за свој пријател и му подарил куќа на островот Корчула.
Фицрој Меклин ја посетувал куќата на Корчула речиси сè до својата смрт, во март 1996 година.
На 23.04.1945 година, во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ (Народно ослободителен фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. Од формирањето сè до т.н. „Братство и единство” помеѓу НОФ и КПГ, НОФ дејствуваше спрема директивите на КПМ/КПЈ, а потоа помина под команда на КПГ сè до ликвидацијата на ДАГ и нејзиното расформирање, а нејзиното раководство, беше интернирано во логорите на Сибир.
Холокауст: жртви што горат во ритуален пламен или жртви што страдаат во пожар – (терминов се употребува и за страдањето на Евреите во фашистичките крематориуми).
Евангелос Кофос, студирал на универзитетот „Џорџтаун” во САД и дипломирал на темата „Македонското прашање”. Кофос е идеологот на грчката политика кон нашата земја во однос на името. Во клучните години, кога се решаваше нашата судбина за признавањето на државата, приемот во ООН, сè до крајот на 1995 година, или нешто подоцна, тој беше шеф на штабот при грчкото МНР, кој го отвори и го менаџираше спорот. Сите овие години работел на „Македонското прашање”. Во 50–тите години и периодот по 1991–та, кога тој се обидува да го затвори ова прашање. Еднаш засекогаш. Тој е идеологот и архитектот кој ја дефинирал суштината на грчката политика во спорот. Има издадено неколку книги преку Институтот за Балкански студии во Солун. Една од нив е: Кофос, Евангелос, Nationalism and Communism in Macedonia (Tesaloniki: Institute for Balkan Studies,
1964)
Нејскиот мировен договор: Како земја–губитничка во Првата светска војна, Бугарија потпиша мировен договор со кој изгуби многу од своите територии. Така, Добруџа ѝ припадна на Романија, Тракија на Грција, Струмица, Димитровград (Тогашен Цариброд) и Босилеград на Србија. На страната на бугарската армија се бележат 8.750 мртви војници и офицери и 152 илјади ранети, додека на нејзината територија имало 275 илјади цивилни жртви.
ОЗНА и односно УДБА (Одделот за заштита на народот – Управа за државна безбедност), КОС (контраразузнавачки сектор на ЈНА), и СИД (Служба за информирање и документација при Министерството за надворешни работи на Југославија).
Специјален Титов разузнувач бил и Иван Караиванов, агент на советската НКВД и инструктор на Коминтерната. Непосредни соработници и инструктори на генералот Маркос Вафијадис биле и: Ѓуза Радовиќ, Обрад Трниниќ, Мило Врбица, Велимир Доцниќ, Светислав Стојановиќ и Петар Луциќ, сите од КОС на Србија. Слободан Марковиќ имал задача по потреба илегално безбедно да го донесе и враќа од Белград генералот Вафијадис.
(Види: КОС и УДБА – Акциите и документите на тајните служби).
ЕЛАС – ЕЛАСИТИ. Припадниците на оваа војска се викаа „андартес” што кај Македонците асоцираше на злогласните дела против македонскиот народ од постилинденскиот период, т.е. на грчките андарти организирани и вооружени во Грција и испраќани во Македонија со нож да го шират грчкото влијание.
На 6 април 1941 година во исто време Германија изврши напад против Југославија и Грција. Во Грција се јави нов господар, со нови фашистички погледи. На 27 септември истата година е формирана организацијата ЕАМ (Народноослободителен фронт), која го повика целокупното население на Грција на отпор против фашизмот и за таа цел на заедничкиот состанок на ЦК на КПГ, бараа да се организира ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска) и дури на 15 февруари 1942 година се појавуваа воените единици на ЕЛАС, еласити. Во Костурско беше формиран првиот одред на ЕЛАС на 7.12.1942 година кој го сочинуваа 10 Македонци, 7 Грци и двајца Власи.
ЕЛАС во цела Грција броеше околу 70.000 еласити, но на 16 јули 1943 година, раководството на ЕЛАС и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Мајерс потпишаа спогодба со која ја потчинуваат својата команда под англиската за Блискиот Исток, а на 12 февруари 1945 година во Варкиза е потпишан договор со кој практично ја предаде власта на дес-ницата во Грција 1945 година.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/guilty-without-guilt-mac/27 on October 29, 2026