Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Guilty Without Guilt (Short Version)

СООЧУВАЊЕ СО МИНАТОТО - Part 01

By Стојан Кочов · Part 20 of 33 · About 20 minutes

Read in English

СООЧУВАЊЕ СО МИНАТОТО

(СИНДРОМ НА ЛАЖНО СЕЌАВАЊЕ ВО СЛУЖБА НА ИДЕОЛОШКО РОБУВАЊЕ)

Војната ги изобличува разумните и емоцоналните статуси на секој нормален човек. На луѓето им го разорува психичкиот живот, но децата ја доживуваат најболно. Децата како и возрасните, понекогаш се чувствуваат несреќни, иако средината им „дава се што им треба”. И кога им дава „се што им треба”, не им го дава она што останало во поранешната средина, во интимната атмосфера на нивниот дом, воздивот и духот на родното место. Децата, со влегувањето во светот на новата средина, нужно, брзо или побавно спознаваат дека тоа не е нивниот свет, дека тие и во новата средина, сепак се само странци, бегалци и страдалници. Во новата средина не можат да го имаат она што покрај исхраната и спиењето им е најпотребно: нескриена љубов, разбирање и емотивно соучествување во нивниот специфичен детски свет. Сеќавањето на поранешните доживувања на љубов, се почести во компарација со доживувањата на сегашните грижи на другите за нив е се посилно. Вистината или идеализираната слика на поранешниот живот, во допирот со перцепцијата на новата реалност, раѓа во интимниот детски свет лесни или потешки емотивни нарушувања: немир, тегоби, затвореност, депресија.

Во основа на овие и слични индикатори на детското неприспособување, секогаш е во свесен или несвесен вид, дадена содржината на детските доживувања на разни грозотии на валканата и геноцидна Граѓанска војна. Тие, стално се во потрага по човековото „ЈАС”. Прават обиди да се најдат со оние, со кои ја преживеаа таквата несреќа.

Значи, и по полавек, постои таа историска измама која се уште може да живее во нашиот народ, кој навистина во минатото (50)

години, забележа толку длабока историска стагнација, искрено речено тотален заборав на злото. Но, долгото талкање и престројување, живејќи во разни системи (македонското дете, духовно насилно хранејќи се на релациите: фашизам-антифашизам, капитализам-комунизам. Од денешна перспектива, фашизам и комунизам се утврдиле во варијации на еден ист квалитет на тоталитаризам), се јави силна желба за разни средби. Како најмасовна беше до сега т.н. средба на

„Деца бегалци од Егејска Македонија”во 1988 година во Сарај, Скопје.

Но, прво да видиме, по половина век, под какви атрибути-поими се легитимираме како политички или граѓански субјекти и дали го кренавме гласот пред светот, и зошто само ние Македонците сме испратени по светот со билет во еден правец.

Како и зошто го изгубивме родното татково огниште?

1. ЕГЗОДУС-дали тоа е соодветен збор за ова категорија на тогашните деца? Сигурно, не. Ете, зошто не, затоа што тие тогаш беа деца, со неоформена зрелост и немаа никакви обмислени мотиви за напуштање на татковата земја, туку тие беа насила одземени (од две страни: од едната тоа го правеше владината политика на Атина, а од другата комунистичкиот режим), и беа носени во прифатилишта со политичка цел. Тие деца не беа во никаков конфликт па да наумат некаков ЕГЗОДУС и што е најбитно, не беа водени ниту од родители, ниту од најблиските, па затоа и не припаѓаат во многу експлоатираниот збор-споменуваниот ЕГЗОДУС. Но, треба еднаш за секогаш да се знае, дека во годините на Граѓанската војна, посебно нашите селани од Леринско, Костурско и Воденско, немаа намери за мотивиран ЕГЗОДУС, туку се работи за обмисленноетничко чистење на еден долгогодишен процес, поттикнуван и од комунистите со перфидни методи, кои имаа и имаат далекусежни импликации за разнебитување на македонската нација. Акцијата за одземање и иселување на децата, спаѓа во моделот: на чисто планираните миграциони изместувања на македонскиот народ и за дефинитивно погрчување на ново освоениот простор од (1913) во Грција.

2.

БЕГАЛЕЦ- оваа категорија на луѓе е измислена и доста експлоатирана во историографијата, со цел да се минимизираат и замаглат обмислените зафати што ги имаа туѓинците спрема македонскиот народ под Грција. Верувам, дека на секој учесник во Граѓанската војна му е познат режимот на комунистите што ја претставуваа Привремената влада и единиците на ДАГ. До колку беше фатен бегалец, беше осудуван и стрелан како дезертер, дури и тоа се случуваше и со мајките на одземените деца, бидејќи и тие беа мобилизирани во единиците на ДАГ или на работа на фортификациите. Според тоа, ете зошто и тие не припаѓаат на оваа категорија и ниту беа способни тие деца за размислување на некакво бегство од татковото огниште и мајкината прегратка. Со мал број исклучоци имаше обмислено бегање, на неколку семејства и тоа само од селата што граничеа со ФНРЈ, односно со Република Македонија.

Што покажаа овие средби. Тоа беа денови исполнети со спомени; на распламтени темни чувства, јад, тага, маки, страдања, немири, шепоти, разочарувања, гризења, јанѕи и изобилство од проблесок на знаци и емоции и можеби на некаква надеж (карактеристично за нас Македонците). А, духот (националниот), пак во сенка на дневната политика.

По полавек, да се очекуваше нешто повеќе од тие тогашни деца, кои сега живеат во туѓина, во туѓи средини, и дека решително ќе имаме разбирање за враќање на татковите огништа и татковината или нешто повеќе беше и останува чиста илузија.

КАКВИ СЕ ДОСЕГАШНИТЕ ОЦЕНКИ НА НАШИТЕ ИСТОРИГРАФИ ЗА ДЕЈНОСТА НА НОФ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА.

Кога некој нешто пишува, тоа го прави со одредена цел: некому да упати порака, или пак, општо, од пишувањето да се извлече поука. Пораките и поуките понекогаш се извлекуваат и преку книжевната форма - парабола.

За право, треба да се каже дека ќе дознаеме многу вистини, но има и заблуди од кои се раѓаат многу неразумности. Да ги проследиме текстовите кои ни презентираат грст историска меморија.

1. „Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949)”,од д-р Ристо Кирјазовски Авторот вели: „Главната поента ја насочив кон организацијата НОФ како главен раководител на македонското национално ослободително движење...(…), настојував, во трудов, документирано и автентично да ги изнесам многу сложените настани и да дадам аргументирани оценки”.

Во истата книга (стр.338) се цитира од „Нова Македонка”, од 1 април 1948 година: „НОФ и АФЖ имаат историска важност на денешниот ден и им наложуваат на македонскиот народ, да стапи масовно во редовите на ДАГ, зашто само оружената борба и гарантира слобода и живот!” Но, тука се поставува прашањето: Кога се знае дека НОФ и АФЖ во тој период немаа ниту политичка, ниту воена власт и не претставуваа никаков фактор тогаш за кого го повикуваа македонскиот народ!? Зар не знае овој историчар, дека за победоносен исход на таа борба, недостигаа најелементарни внатрешни и надворешни услови. И уште нешто „заборава” да каже; за најбитните настани што и дадоа повод и покритие, токму овие организации,за да грчката десница го припреми терористичкиот поход, како средство за пресметка со нас Македонците. Зар на знае дека покрај КПГ и КПЈ/КПМ, со својата акција во егејскиот дел на Македонија во април 1945 година, придонесоа за таквиот развој на настаните и им дадоа мотив на атинскиот режим да примени репресивна политика со катастрофални последици за нас Македонците. Зар не знае дека македонското население споредено со грчкото осуммилионско население беше за повеќе од 20 пати повеќе во редовите на ДАГ (турнато преку идеолошката пропаганда и мобилизирано од 14 до 56 години да учествува масовно, но не по негова желба туку под паролата: „Ако не си со нас, ти си против нас.” На крај, овој историчар, треба еднаш да сфати дека за нас Македонците Граѓанската војна, не само што не беше револуција и продолжување на Илинденските слободарски традиции, туку беше нереална, фатална во која доживеавме национален пораз. Таа воружена борба беше фатална не само за нас Македонците туку и за грчкиот народ.

2. „Паскал Митревски и неговото време (1912-1978)”, Скопје,

1992, од Ташко Мамуровски.

„... Веста за создавањето на организацијата НОФ (ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА НОФ), беше примена со голема радост и оптимизам од страна на Македонците од егејскиот дел на Македонија. Македонскиот народ во организацијата НОФ гледаше како на продолжувач на Илинденските традиции, кој ќе се бори за неговиот национален спас и опстанок.” (Види:

Стр. 57).

Се поставува прашањето: Зарем можеме ние Македонците, таквата состојба и реалност да ја нарекуваме дека била справедлива Граѓанската војна, револуција и продолжување на славниот Илинден?

Значи, пола век да се чита историја од вејкоповици и тоа од врвните македонски институции (ИНИ) и да молчиме е повеќе од грев! И што е најстрашно, продолжуваат да ни ја пишуваат историјата и да не условуваат да им ја читаме?! Боже, Боже!

По организирањето во НОФ, АФЖ и НОМС, ние -Македонците требаше да сфатиме дека Македонија под Грција веќе нема да биде онаква (компактна), како што била (а тоа се однесува и на целокупниот македонски народ и етничкиот простор), и дека веќе не ќе сме сами стопани на прадедовата куќа. Токму во тоа успееја Грците.

Како и зошто се јавува овој синдром на лажно сеќавање?

Граѓанската војна, ако историски ја цениме, дека беше продолжување на Илинден и револуција, само очајник тоа не може да го види; дека тоа беше само национална катастрофа на Македонците.

Нашата политичка и национална улога на (НОФ) во Граѓанската војна, туѓинците ја сведоа само на: ТРИУМФ НА „ТАНЦУВАЧИТЕ ВО МРАКОТ.” Но проблемот е во нас Македонците, што без чувство за историска димензија не може(в)ме да ја разбереме неправдата.

Се покажа дека ние Македонците не се мачиме со такви историски прашања или со долгорочна стратегија како да не ги напуштевме родните огништа. Ние и до ден-денес ги подржуваме стратезите што допринесоа за нашиот геноцид и не можеме да сфатиме дека намерите им беа; на Грција и на тогашната Југославија дека посакуваа да си ги разрешат малцинските прашања и ништо повеќе.

Ете, наместо „научна” полемика да се води со овој „историограф”, најдобро е, одговорот да го добиеме, ако прочитаме само еден мал дел од ставот на генерал Маркос:

(Авт. Превод: Од секојдневните заповеди на маркосовата војска на 25.03.48).

„ДАГ-Демократската армија на Грција е народна армија, која ја продолжува борбата на востаниците (ајдуштвото), во 1821 година на Колокотрони и на Карајскаки, и на националниот отпор во 1940-1945 година, а сега ДАГ ги продолжува и втемелува најоригиналните народни и национални придобивки на 1821 година, народно патриотската решеност и со најголеми желби и решеност да се победи и да да се добие слободата на нашиот народ. ДАГ е армија на нашиот народ за национална и независна народна демократија”.

Види: Книга, „Димократикос стратос”, том 1. (јануари- декември) Ризоспастис, Атина 1996 година.

Зборот револуција, токму во тие години веќе беше истрошен, а таквите „стручни” и „аналитички” историографски текстови по којзнае којпат само јапотврдуваат историската здодевна „вистина” дека НОФ и АФЖ и нивните налогодавци (КПМ/КПЈ и КПГ) се во право, а другите обични смртници се за никаде!

Таквите писанија вријат со ментални вируси што и сега уште ја шираат заразата меѓу обичните напатени луѓе до степен на епидемија и со невидено портретирање (просополатрија), да направат лик преку кого идентификуваа еден цел народ, а не можат да сфатат дека во тие години1945-1949) НОФ и АФЖ, се наоѓаа во најтешката идеолошка вртелешка и покрај желбите, рољите ги играа спрема налогодавците.

*** Сега многу нешта се изменија, познати се многу елементи на трагедијата, но не треба да зборуваме, дека уште има живи учесници на ДАГ, кои од самите Грци беа пофалувани за херојската борба. Никогаш не се слушна од воените и политичките стратези дека ги анализирале сите петна на погубната политичко-воена тактика, туку нашата судбина се виде кога не однесоа во Ташкент и не оставија. И уште толку мајки со црни шамии и илјадници деца, откорнати од своите огништа, ги оставија низ Европа, без чувство на морал за да не вратат и да не престават пред грчката држава онакви какви што не признаа во времето на Граѓанската војна. Такво нешто во светот да си ги остават своите соборци и сограѓани на иста држава, не е сторено; нити од некоја армија - ни од Комунистичка партија, тоа го сторија само КПГ и генералот Маркос (колонист од Средна Азија, Грк по род). Тој, кога се врати во Грција, на Атинскиот аеродром го дочека началникот на Генералштабот на воените сили на Грција за време на Граѓанската војна и од се срце се прегрнаа. И пак ќе повторам:

на прашањето од една новинарка од неделникот „Епикера”, - во што беше смислата на неговата борба, Маркос одговорил:

„Смислата беше во тоа што ги протеравме Славомакедонците од северните краеви на Грција, за Македонија, да остане грчка”.

Види „Нова Македонија”, од 25.02.1992 год. Ете зошто се бореше генералот Маркос, доселеник како колонист - маџир, во 1927 година, а ние од него се надевавме дека Синдрофос (другарот), Маркос ќе ни го реши македонското прашање.

Значи, со ова што вели Маркос, во Граѓанската војна ние Македонците се боревме за да ја изгубиме Македонија под Грција!?

Ете, пак Маркос да ни ја каже вистината, на кого му ги доверивме (дадовме), и душите и телата и се што беше македонско. Ете и по половина век, останува на нас Македоците да ја прифатиме таа вистина и да престаниме со славопојките спрема КПГ, КПМ/КПЈ, со мудрата изрека: „Да не ја сечеме гранката.” Така, 50 години ги воспитуваме младите преку напишаната секторската историја за Егејците.

Но, се поставува прашањето: дали ние Македонците, (како што го сторија многу народи) и по овие 50 години направивме разделба со илузиите? Не!

„Нови научни сознанија за егзодусот на децата од Егејскиот дел на Македонија”

(Од тркалезната маса, одржана на 25, 26 и 27 јули 1993 година во Домот на АРМ).

Види: објавени реферати во весникот „Незаборав” од 14 мај

1994 година, стр. 4.

А/„ПАРЧОСУВАЊЕ НА ПРАНГИТЕ”, од Евдокија Фотева- Вера.( СМЕШНО НЕ?)

„...Која беше организацијата која се согласи за згрижување и понатамошното школување на децата од Егејска Македонија?

НОФ беше македонска национална организација по Илинден, која ја прифати македонскиот народ, заедно со женската АФЖ и младинската НОМС, кои го организираа македонскиот народ во еден сенароден фронт, убеден дека овој пат ќе биде национално и социјално ослободен. Но и тогаш како и во поранешните востанија, нашата судбина ја кроеја други. НОФ, АФЖ и НОМС беа вашите татковци и мајки, вашите поголеми браќа и сестри, тие навистина беа загрижени за вашата судбина и иднина...

Познато е дека акцијата за згрижување на децата беше организирана масовно во секое село и во присуство на сите жители. Беа одредени мајки-негователки и учители, кои даваа заклетва пред родителите, пред месните НОО, пред организацијата НОФ, дека за децата ќе се грижат како родени мајки, бидејќи нив им беше доверена судбината на децата кои беа на возраст од една до четирнаесет години.

Нашите мајки ги доверија своите деца на мајките-негователки и се делеа од нив во името на животот и слободата, за една поправедна иднина. Само да се погледнат тогашните изјави на мајките во тогашните списанија и ќе се уверите во тоа “ Но, ако тргнеме во потрага по вистината. Се поставува прашањето: дали ние Македонците треба да бараме, дека е виновен некој друг за овој организиран миграционен процес, во кој ние самите соработувавме беспрекорно?!

Како да се премолчи, деградирањето на македонската мајка и по налог на партијата назначување „мајка” на по секои 20 деца т.н. „омадархиса”, а зошто не била назначена со име, на македонски јазик. Тоа што значи? Зарем, тоа нели е првото воведување на македонското дете во воениот режим, дури и кај децата од 2-14 години.

Но, без никаква апорија, со сигурност може да се каже, дека идеологијата со успешната агитација, едноставно имаше влезено во колективната свест и стана незоабиколена слика на општа еуфорија и страв за поинаку да мисли македонскиот селанец, а тоа допринесе и таквата многучуствителна акција (да му се земи родот-детето), го собра својот страшен данок.

Што значи, сите се уверија во илузиите дека политичарите работат за среќата само на својот народ. Таквиот лажен политички и идеолошки интониран, оптимизам е, всушност, беше темелот врз кој израснуваа таквите илузии. А тиебеа најлошата варијанта на политичката стварност. Се разбира, луѓето и не можеа сосема да ги избегнат илузиите.

Интересно, а и деликатно е, што во штабот за (собирањеи иселување), „спасување” на деца, вистинскотоиме би можело да биде штаб за антицивилизаторско и антимакедонско дејствување, но не помалку истото беше пропратено и со паролата: „Тие Македонци кој не се со НОФ и КПГ, се фашисти...”, а тоа е војна без милост. И само ако тоа беше целосно остварено, тогаш ќе немаше ниту еден Македонец во прадедовите огништа, но затоа пак не ќе беа исполнети барањата на акцијата за тотален пустош.

Но, ако сега замижиме пред вистината на своето време, со кое право можеме да бараме истото тоа време, да го сочува нашиот спомен за македонскиот воин на ДАГ кој херојски гинеше, убеден од НОФ, дека умира за Македонија. А како во историјата му се оддолживме на тие наши херои во овој изминат половина век, тоа е големо и сериозно прашање. Но, еден ден ќе мора да се напише интегралната историја на Македонија и Македонците...

Многу прашања се раѓаат од нашето робување, но да го проследиме и следниот реферат од историчарот д-р Кирјазовски, низ кој иако по пола век се расветлуваат многу работи.

Б/„НАСИЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА- ЗЛОСТОРНИЧКИ ПОТЕГ”, од д-р Ристо Кирјазовски.

„...Првиот конгрес на НОФ на Македонците од Егејска Македонија што се одржа на 13 јануари 1948 година главно беше во функција на таа цел: Единствено македонскиот народ да ги реализира решенијата на 3-от пленум на КПГ што се однесуваат до резервите на борци за ДАГ, што може да се види од задачата под бр. 6 прифатена од Конгресот: „Целиот македонски народ, мажи и жени, да стапат во редовите на ДАГ.

Сите и со сите средства да се помогне за да се задоволат потребите на ДАГ”.

Во самиот тек на Конгресот беше побарано од делегатите на конгресот да стапат во редовите на ДАГ. Повеќето од нив тоа и го сторија.

Непосредно по конгресот нови 3.000 борци само Македонци и Македонки по задача на своите организации-НОФ и АФЖ стапија во редовите на ДАГ.

Во почетокот на февруари 1948 година ГШ на ДАГ издаде наредба за општа мобилизација на родените 1927-1932 год.

(мажи и жени), со која сите Македонци и Македонки од тие годишта, од слободните и полуслободните територии, беа регрутирани.

Откако мобилизацијата целосно беше спроведена на тлото на Егејскиот дел на Македонија, грчкото партиско раководство презеде акција за мобилизација на Македонците и Македонките во Југославија, каде што се наоѓаа како политички бегалци. За таа цел министерот за надворешни работи при ПДВ и членот на на ЦК на КПГ Петрос Росос на 17 март 1948 година, допатува во Белград и разговараше со Александар Ранковиќ. Беше постигната принципиелна согласност за мобилизација на Македонците и Македонките.

По усогласувањето на ставовите, рагрутацијата на Македонците за ДАГ го вршеа југословенски органи во соработка со преставници од преставништвата на КПГ во Југославија.

Треба да се забележи дека во почетокот на февруари 1948 година, југословенските власти преселија од Н.Р. Македонија во војводинските села Ѓаково и Крушевље, околу 12.000 егејски политички бегалци.” Ете што се случи со нас Македонците: еднаш помош, другпат прогонство. Така се случи и со 13.500 деца.

„...Наредниот потег на раководството на КПГ беше евакуацијата на децата.

...Кога беа пресушени сите извори на регрутација на нови борци за ДАГ, лидерот на КПГ Захаријадис презеде еден без преседан авантуристички и злосторнички потег, односно акција. Имено донесе одлука од евакуираните деца да бидат мобилизирани оние деца кои што имаат над 15-годишна возраст. Во повеќе случаи мобилизацијата се вршеше не по возраст, туку по висина на децата. Врз основа на таа одлука беа мобилизирани неколку стотици деца и испратени нафронтот, многу од нив загинаа.

Оваа крајно нехумана и многу штетна акција предизвика револт и протест кај мајките и предизвикаа други импликации.

Захаријадис за да ги смири духовите и да се извлече, презеде уште два истотака, непопуларни и авантуристички потези.

Имено, од една страна еден мал број деца ги врати во детските домови, а повеќето ги задржа во ДАГ, како што предвидовме, многу од тие голобради и неискусни дечиња, загинаа во првите судири со напријателот, а од друга страна изведе пред воен суд Македонки борци, со обвинение дека ги потикнуваат мајките на децата за да протестираат.

Акцијата на КПГ да изврши мобилизација на малолетни деца од детските домови во источноевропските земји, ја става под големо сомневање и ја девалвира прокламираната цел за евакуација на децата, а таа беше да се спасат од ужасот на Граѓанската војна.

Од сето погоре прикажано произлегува заклучокот дека хуманата побуда, идеја и желба да се спасат од војната, беше искористена од Захаријадис, ослободувајќи ги родителите од грижата за децата, несметано да изврши тотална мобилизација на Македонците и Македонките(татковци и мајки на децата), и со тоа да го реши проблемот на резервите на ДАГ. Тоа, како што предвидовме и се случи.” В/ Непобитни Факти:

Според извештајот на М. Порфирогенис, доставен до ПБ на ЦК на КПГ на 16 февруари 1949 година, Попивода на провокативните барања на Порфирогенис, одговара:

„Југославија им даде азил и прифати повеќе илјади Македонци, од нив околу 2.000 се вратија назад и стапија во редовите на ДАГ, а КПЈ помогна во тоа.” (Види: АМ, К-20/17/30.)

Види: објавени реферати и статии во весникот „Незаборав” од 1 јули 1995 год., стр. 4.

Наслов:

ПОВОЕНАТА ПОЛИТИКА ЗА ПОГРЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ Поднаслов: Грчките деца ја преминаа нашата граница.

Два филма во „бункер”: (со својот прв документарен филм „Грчките деца”, Радивое Лола Ѓукиќ истиот го сними во 1948 година, а веднаш потоа филмот е ставен во „бункер”. Истото се случи и со филмот „Мајка Катина” на Никола Поповиќ.)

Но, од оваа статија да ја проследиме најкомпетентната изјава на угледниот адвокат Тома Филота: „Кога „револуцијата на Маркос” почна да привршува, мајките и татковците од Егејот ги донесоа децата до Битола. Тоа беа деца од пет-шест месеци, одвоени од мајчините гради, до шест години. Дали ги имало онолку колку што вели господин Царухидис, не знам. Знам за идејата да се населат на Косово, но тоа не му одговараше на Тито. Ни на Едвард Кардељ.”, тврди господин Филота, не се сакаше тие деца да се задржат во Југославија.Тие по разни канали беа упатени во Бугарија, во Чехословачка, во Полска, можеби и во СССР. Некои се испратени во САД и во Австралија...” Нема бегање од судот на историјата.

Кој се плаши од историјата? Убаво е да се ослободува историјата, убаво е кога ќе се прочита со чисто изворни факти, а да се знае и за цензорските комитети, за администрирањето со историската вистина. Историјата не се пишува по нарачка, туку се пишува сама.

Читателот, може да забележи, колку е голема разликата, кога се кажува историската вистина.

ЕПИЛОГ СУРОВА ИСТОРИЈА Историјата на Граѓанската војна, сега е позната и исполнета со многу суровости спрема Македонците под Грција. Во тие игри не само што во голема мера допринесоа, туку и ја проектирале и воделе тогашните лидери на КПЈ и КПГ.

Од денешна историска дистанца (од како минаа херојските времиња а ние сме како полувековни заробеници), Граѓанската војна за нас Македонците, главно може да се оцени објективно, само ако од неутрално стојалиште ги анализираме ЦЕЛИТЕ и РЕЗУЛТАТИТЕ на НОФ и АФЖ, кои ни покажуваат дека тоа беше трагедија на затворен круг и од тоа ќе оцениме колкав беше нашиот историски успех или најголемата и трајна историска бесмисленост.

Целите на НОФ и АФЖ (кои беа поврзани со глобализацијата на светската идеологија), се детално анализирани низ текстот и се покажаа како погрешно насочена национална енергија и дека целите беа менувани во зависност од тоа под кој налогодавец припаѓаше НОФ и АФЖ во моментот и нашата судбина беше во рацете на КПМ/КПЈ и КПГ.

Резултатите на НОФ и АФЖ, се крајно поразителни-рамни на национален пораз: геноцид. Го изгубивме народот, македонската исконска прадедова земја за навек. Уништен е националниот потенцијал со умислениот зафат „Педомазома”, кој беше рамен на политички терор, само над македонските деца со билет во една насока.