Guilty Without Guilt (Short Version)
Front Matter
Без Вина Виновни Кратка Верзија Стојан Кочов Соработник: Спиро Мавровски Без Вина Виновни Кратка Верзија Published by:
Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
********** December 20, 2019
********** АРГУМЕНТИ (1945-1949)
KOJ ГО ОРГАНИЗИРАШЕ ЧЕДОСОБИРСТВОТО (ΠΕ∆ΩΜΑΖΟΜΑ)!? и историјата под: ΠΕ∆ΩΜΑΖΟΜΑ НАЦИОНАЛНАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА Именувана како егзодус, конкретно земање на 28.000 деца во Граѓанската војна само од Македонија под Грција и не дозволување да се вратат назад во своите домови, ако не се Грци по род бара одговор.
Кои и како ја планираа судбината за геноцид над Македонците под Грција 1945-1949 година СТУДИЈА: Истражувања од областа на историографијатана Македонците под Грција Книгата ја посветувам на:
Извршеното насилно воено мобилизирање во воените единици на ДАГ Изборот на децата беше извршен од Чедособирството – Чедократството на деца на возраст од 13 до 14 години со политичка умисла, а тоа претставува деградација на човековото достоинство и најубиствено ранување на Македонската нација, прогонот и маршот на 28.000 деца со билет во една насока, но само за Македонците со крајна цел за геноцид...
На 12 септември 1948 година во битката на Малимади (помеѓу селата Дамбени и Сливени), со висока почит кон сите одземени деца, кои по Граѓанската војна немаа среќа да ги видат своите родители, кои ги оставија коските по боиштата на Грамос и Вичо, борејќи се со надеж дека еден ден ќе ги сретнат и видат своите деца.
На мојот погинат братучед Митре Новачков, кој беше едно од тие одземени 28.000 деца и по неколку месеци беше избран по висина, (да биде војниk во единиците на ДАГ), за жал и тој загина, тие и таквите деца беа вратени на боиштата во единиците на ДАГ да се пополни воениот состав во последните битки од Граѓанската војна во Грција, кога поразот веќе беше премногу очигледен.
ФАКТИ Многу искрена исповед од генералот на ДАГ Ипсиланти кој му ја кажува вистината на Ристо Кизов, (синот на Херојот Танас Кизов), при барањето на гробот на својот татко Тој кажува дека од Македонија, Македонци, се пратени во градот Гревена, за истиот да се превземе и да биде под команда и владение на единиците на партизаните, т.е. под владение на ДАГ. Пратени се следните команданти, Калко Георги од село Вишени, Танас Кизов од село Неред и Пандо Шиперков од село Смрдеш, со своите елитни единци и сите погинаа токму таму, борејки се херојски, но за сите било кобно, и таа акција е платена со животот на овие големи луѓе и Херои на Македонија.
Но, тоа не беше крај за Македонецот, следеше:
Прогонот од своите огништа и од прадедовата земја Македонија за овие Македонци.
Следи еден приказ на вистината која покажува каква храброст и херојство е покажано од македонските херои, кои не водеа, ГЕОРГИ КАЛКО, АТАНАС ГИЗА, (Танас Кизов), ПАНДО ШИПЕРКОВ и илјадници кои бевме пратени на ВИЧО, (Македонија на планината ГРАМОС).
ФАКТИ И ДОКАЗИ ДЕКА ПОСТОЕВМЕ И ПОСТОИМЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА, ВО ДАГ 1945-1949 година, ЗАЕДНО СО КОМУНИСТИТЕ ГРЦИ ЈА ДЕЛЕВМЕ СУДБИНАТА ВО ЗЕМЈАНКИТЕ НА ГРАМОС (ΣΤΑ ΑΜΠΡΙΑ ΤΟΥ ΓΡΑΜΜΟΥ).
Што всушност ме натера да го заветам животот во Граѓанската војна во Грција. Односно сите ние Македонците тоа го сторивме, сите кои се боревме заедно со Грците во таа војна (1946-1949) која на Македонците ни донесе безбројни семејни трагедии до степен на ГЕНОЦИД!
И СЕГА ПО 70 ГОДИНИ КОЈ И ЗОШТО САКА Д...
Воведни Белешки Назад, по историските траги на нашиот национален пораз (гибел), кои недвосмислено не исправаат пред ПРАВОСТОИНОСТА на македонскиот народ, историската вистина, може да биде мошне поучна, но ако тоа не го правевме (како што и не го правиме 70 години), може да биде мошне штетна. А тоа се потврди по Втората светска војна, со Македонците под Грција и се покажа дека не било така едноставно; по физичката поделба на Македонија и на Македонците во 1913 година, да се опстане и опстои духовно обединети, како еден народ.
Нашата историја се уште не ги извлекла поуките од Граѓанската војна (за најголемото зло: одземањето на 28.000 деца), за тоа како е: обездетена македонската куќа, обезличено македонското семејство, а потоа и за геноцидниот зафат кој следеше за конечното искоренување на Македонците под Грција, што на целокупниот етникум му донесе катастрофални промени. Но, за жал, македонската историја по полвек не сака да го познава тоа наше време и го истурка и маргинализира во секторска историја: „Историја за Егејска Македонија”. Но, кога од некои вистини повеќе не се бега, оти за нас Македонците, токму тие години (1945-1949) претставуваат неизвесно политичко тактизирање, диригирано од КПМ/КПЈ, кој ја образува (како организација) и оформи НОФ со политички и воен идентитет, а потоа многу лесно и ја препушти на КПГ (по т.н. „братство и единство во 1946 година”). Со тоа, КПГ успеа Македонците да ги стави во униформата на ДАГ, и да ги жртвува, а тие што останаа по ликвидацијата на ДАГ ги остави по светот со билет во еден правец, а за поголема сигурност, тоа прво го направи и со нивните деца во 1948 година. Значи, ние Македонците под Грција бевме подложени на туѓа сила која не притискаше и на доминацијата која произлегуваше од неа, ја губевме (изгубивме) сопствената сила. Не сме биле способни да го слушнеме сопствениот глас на разумот. За вистината која се случуваше со нас, бидејќи ги слушавме гласовите кои имаа моќ над нас (од КПМ/КПЈ и КПГ).
Како да ја протолкуваме оваа двозначна реалност?!
Истражувачкиот зафат на политичките процеси (1945-1949), насочен токму кон барањето одговор на егзистенцијалните и есенцијалните прашања за извршениот брутален чин „Педомазома”, (Чедособирањето на 28.000 деца од 3 до 14 годишна возраст), претставува една огромна и страшна (збирна), човечка трагедија.
Но, треба да се каже дека истражувањето на овие политички процеси е сложена истражувачка постапка и зависи по која филозовска референца ќе се бараат одговорите! Но, можни се и одговори вон тие идеолошки системи.
Во ова макотрпно истражување имав за цел:
Елементите на една интегрална синтеза да не бидат мислења, туку факти (лице в лице со реалноста), кои досега во нашата историја беа истуркани во корист на дневната политика. Значи, како да дојдеме до пореална оцена (потврдено со факти и аргументи), и да останеме на тоа историско минато (на фактите, а не на поданичко-ропската „состојба”, дури и за највиталните национални прашања), притоа да не предизвикуваме ново зло.
Во таа Граѓанска војна кои беа завојувани: од една страна грчката влада во Атина и другата страна КПГ-ПДВ-ДАГ. А одземањето на македонските деца за нас Македонците, претставува најперфиден миграционен зафат во ХХ-от век. Тој зафат во историјата претставува (ше) невидено и нечуено зло над човештвото. Со тие факти од таа војна, требаше одамна да се соочиме, и со сите нејзини мрачни страни, зашто таа војна, беше смислена, за да го нагризе и да го разроди македонскиот човек (повеќе од 50 години Грција за Македонците ги има затворено границите), едноставно, една насока (за разлика од грчкото дете), требаше да опстои, а секоја мисла, страв или емоција, оставаа трага во неговата психа.
Ако се земе предвид дека детството е најубавиот дел од животот на секој човек (а пак, доколку во него наместо среќа и убави мигови се доживеат болка и тага), тогаш длабоко ја жигосува детската психа и остава траен белег на неа, посебно кога Грција со тоа го отвори „безболниот” миграционен процес, за да го снема Македонецот од својата исконска македонска земја, и токму тоа го покажа чинот на „Педомазома”.
Зарем со таквиот чин беше можно; да го разроди, разнебити, превоспита, пресади македонскиот човек?! ДА! Тоа го покажа времето на полавекот.
Така, македонското оздемено малолетно дете (тука станува збор само за децата земени од комунистите), затурено по детските домови во туѓите држави, пристигнато со билет само во еден правец, станува збор за отсуство на родителската љубов.
Нежната мајчинска рака и таткова поддршка во такви случаи се нешто за што вечно се сонува.
Така биено од сувите ветрови на туѓината, македонското дете откорнато од родителителските пазуви, катаден се прашуваше:
Кој сум, од каде сум, имам ли родители: мајка, татко? Имам ли баба, дедо, браќа, роднини, што ми се случува? Кој не донесе тука, и каде одам?
Кога се поставуваат таквите прашања, имаат бесконечно многу варијанти за да се даде одговор. Но, наспроти овие прашања што си ги поставуваше во осаменоста одземеното дете, тоа исто така, остануваше збунето, кога ќе се најдеше зграпчено во еден многуброен колективитет под окото на партијата. Тоа, катадневно клукано со „педагошки” пропагандистички пароли, прашања и одговори, кои очигледно му ја кршеа душата, го упатуваа на тоа дека треба (да) се воспитува во духот на партијата, на вождот...
И, така во тој дух му се поставуваа прашања: пред секоја прилика кога беа во строј, или на свеченост:
„Чиј е генерал Маркос?!”
„Наш!”
„А ние чии сме?”
„Ние сме на генерал Маркос!” И пак детето се прашува: кој сум, од каде сум, имам ли…?!
А блиските, на таквото дете, кои беа мобилизирани од ДАГ и испратени по фронтовите, исто така беа под специјален режим.
Но, тоа беше крајно несeриозно од самата КПГ, кога под невиден притисок, успеаја луѓето да ги дисциплинираат до крај преку своите идеолошки активисти со паролата: „Да го уништиме англоамериканскиот окупатор”. Оваа парола посебно да им ја наметнат на Македонците и таа да им стане како „рак рана”. Се сакаше да се дисциплинираат родителството, и да се внесе во свеста (на синдромот) на лажното чувство:
Тоа се потврдуваше со мајките на фронтот, кога велеа:
„Кутрите дечки. Кога ќе си ги видиме пак? Ќе ги видиме кога ќе се ослободиме. Што убаво... Но, за да се стори тоа, ќе треба да го „победиме Англоамериканскиот фашизам”. А за да го победиме поскоро, сите треба да се бориме. И ние кои катадневно копаме ровови, тоа е нашата борба, така се бориме.
Ванош направиме повеќе бункери. Тоа го правиме за да ни се вратат побргу нашите деца, за да си одиме дома ние и нашите мажи...” Ако религијата вели, дека човекот е одговорен за секоја своја постапка, па сходно на таквото однесување може да биде награден или обвинет. А идеологијата, вели дека човекот мора да ги исполнува задачите на Партијата - тоа го бара: НОФ, АФЖ и КПГ. Партијата!? Сега, човекот-идеолошкиот активист со неконтролирано офанзивно однесување и не ни дозволуваа да се каже: „Јас мислам поинаку”, значи бараше од обичниот човек тотално подредување на волјата на поединецот кон силата и магијата што ја знаеше само Партијата. Тоа е факт, додека одговорноста беше никаква спрема човекот, зашто беше насочена со целосно внимание спрема Партијата. Тие со тоа, станаа горди на самите себе, знаејќи дека се силни и интелигентни и мислеа дека се многу важни, исполнувајќи ги овие постулати на Партијата!
А одговорноста на НОФ и АФЖ? А паролите?
Воено гледано: тие беа длабоко измамени, целосно изманипулирани, крајно преплашени и безнадежни. А одговорност, зарем тоа може да се бара, после сибирските затвори?! Пред таквата одговорност - односно пред глупостите и Боговите остануваат неми!
Како сето тоа го доживуваше македонската жена? Зарем можело родителското срце да оди наспроти природното?!
„...Не, јас не го оставам мојот другар, мојата сестра и брат ми да се борат овде, а јас да заминам со децата. Знам дека тие ќе бидат безбедни, имам полна доверба во избраните афежетки, а јас овде ќе можам повеќе да придонесам за борбата.” Како тоа? Зарем ова е вистина што го вели ова жена, на која и е уништено се...
Зарем ова не значи тотално подредување на волјата на поединецот кон некоја надворешна (идеолошка) сила!? Тоа се невидени злоупотреби на идеолошката моќ.
Таквото контролирано агресивно однесување може да се види и од паролите:
„Ниту еден Македонец не треба да се најде надвор од антифашистичката организација НОФ.
Само така организирани ќе можеме да го уништиме фашизмот и да ги добиеме нашите права и правото на полно самоопределување.
Антифашистичка организација НОФ.
Напред. Сите Македонки во Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) за целосно уништување на фашизмот, за нашата слобода, за нашите права.” Антифашистичкиот фронт на жените.
Но, имаше и такви кои ни малку не ја имаа подзаборавено болната рана која им ја зададе суровата Граѓанска војна.
Едно дете, од поголемите изгонети деца, кое живееше низ домовите, со магловито сеќавање се прашуваше: „Ох, толку многу сакам повторно да ги видам моите родители, моето семејство, моите пријатели.” Но, има уште и поинаква теза, која, се чини пореална, ако просторот наш исконски не ќе го напуштевме. Тие, таквите луѓе, сеќавајќи се на минатото велеа: Кој не натера, кому му служевме, чии се тие интереси, та овој народ зарем е должен така да страда. Да, човекот, ретко кога е сам сторител на своите зла... Но, зарем само јас сум виновен? А, наредбите?
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/guilty-without-guilt-mac/1 on October 29, 2026