Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Guilty Without Guilt (Short Version)

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1947 ГОДИНА - Part 02

By Стојан Кочов · Part 13 of 33 · About 21 minutes

Read in English

Сега ни се наполнија очите со солзи. Ни пишуваат дека живеат добро... Само за вас мислиме, ни велат, вашите маки, војната...

Кутрите. Кога ќе си ги видиме пак? Ќе ги видиме кога ќе се ослободиме. Што убаво... Но за да се стори тоа ќе треба да го победиме фашизмот. А за да го победиме поскоро сите треба да се бориме. И ние во рововите се бориме.

Ванош направиме повеќе три (3) бункери. Тоа го правиме за да ни се вратат побргу нашите деца, за да си одиме дома ние и нашите мажи...” Читаме:

„...Не, јас не го оставам мојот другар, мојата сестра и брат ми да се борат овде, а јас да заминам со децата. Знам дека тие ќе бидат безбедни, имам полна доверба во избраните афежетки, а јас овде ќе можам повеќе да придонесам за борбата.” Зарем ова не значи тотално подредување на волјата на поединецот кон некоја надворешна сила (идеолошка сила)?

Невидени злоупотреби на идеолошката моќ.

Ете, така обземени од масовната еуфорија, поверувавме во раѓањето на еден нов ден. Непознавајќи ги условите на постојаното спротивставување меѓу капиталистичката империја на Запад и комунистичката империја на исток.

Таквото контролирано агресивно однесување може да се види и од паролите со кои го повикуваа народот.

Трагични и катастрофални последици врз нацијата.

Историјата познава трагични случаи на разделби, одземање и откинување на деца од родителите. Независно од мотивите, судбината на откинатото дете секогаш носи белег на трагизам.

Разделбата не едно дете од родителите е несреќа, немерлива трагедија и за детето и за родителите, но разделбата на илјадници деца од родителите и татковината претставува веќе трагедија на нацијата. Оттука раселувањето на македонските деца од Македонија под Грција е и дел од најновата историја на македонскиот народ.

ПРЕГЛЕД НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1948 ГОДИНА 13.01.1948 - Во црквата на селото В'мбел, Костурско, одржан е првиот конгрес на НОФ и е констатирано дека во единиците на ДАГ се мобилизирани повеќе од 20.000 Македонци. Во тоа време според податоците на ГШ на ДАГ, низ цела Грција немало повеќе од 25 - 28.000 борци на ДАГ.

24.02.1948 - Во Грција пристигна командантот на Американско

– воено - саветодавна и програмска група предводена од генерал Ван ФЛИТ.

15.03.1948 - Весникот „Ексормиси”, кој го издаваше ДАГ во реонот на Грамос, објави сопштение на министерството за надворешни работи на Привремената Демократска Влада на Грција со датум од 7 март 1948 со наслов „Родителите и децата ја молат владата” и понатака се вели дека „од средината на февруари до 5 март, од 59 села на слободната територија родителите дадоа 4.784 деца”, а исто така на 20 март привремената влада донесе решение за евакуација на сите деца што се на возраст до 14 години, да се испратат во Југославија, Унгарија, Романија, Чехословачка и Полска. Според податоците биле испратени околу 28.000 деца.

29.04.1948 - На слободната територија на Вичо одржан е 1-от конгрес на АФЖ на жените од Егејскиот дел на Македонија.

01.06.1948 - Политбирото на ЦК на КПГ донесе решение со кое се суспендираат Михаило Керамитчиев од претседател на НОФ и Паскал Митревски од секретар на Главниот одбор на НОФ, „Поради непринципиелна фракциониорска борба”.

27.08.1948 - Заседаваше ПБ на ЦК на КПГ со дневен ред:

а/ Борбата на Грамос која се нарече: „Епопеја на Северен Пинд, политички и воени прашања и укази” б/ Новиот воен Совет ќе го сочинуваат:

1. Никос Захаријадис - Претседател и врховен командант на ДАГ.

2. Георгиос Вондициос - Раководител на воените битки.

3. Василис Барџиотас - политички Комесар на Главниот Штаб.

4. Мичос Вландас - Одговорен за воените ресурси.

5. Леонидас Стрингос - Државната управа.

в/ Реорганизација на Главните Штабови по околии и создавање на воени дивизии. Унапредување на офицери во воени високи чинови на ДАГ.

Прилог Наредба (27 август 1948 година)

Имајќи во предвид на ново создадената ситуација на 23 декември 1947 година и предлогот на Главниот Штаб на Демократската Армија на Грција Решаваме:

Разрешување и реорганизација на Главните околиски штабови и создавање на дивизии.

Дивизиите се наименуваат како што следи;

Дивизија Место I Тесалија II Румели III Пелопонес IV Епир IX Македонија X Македонија XI Македонија Во седиштето на Привремената Демократска Влада 27 август

1948 година.

Претседател и Министер на воените сили на ДАГ Генерал Маркос.

15.11.1948 - Политбирото на ЦК на КПГ донесе одлука да го исклучи и да го суспендира генерал Маркос од функциите главен командант на ДАГ и член на ЦК на КПГ.

23.11.1948 - Главниот штаб на ДАГ нареди само за реонот на Вичо (Егејска Македонија) да се мобилизираат сите мажи и жени од 17 до 35 години; повеќе се однесуваше на мажите кои беа оставени за изградба на фортификациите или поради болест. Со оваа мобилизација, практично беа мобилизирани сите Македонци од костурскиот и леринскиот реон.

ПОД КАКОВ ИДЕНТИТЕТ СЕ ЗЕМАА И СЕ ИСЕЛУВАА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА?

Едно од најзначајните прашања со кое се запознав за чедособирството, а на кое не му е дадено соответно внимание е разликата на ставот помеѓу славофонските и грчкофоните села во Северна Грција.

Извештајот на УНСЦОБ известуваше за настроението на селаните во славофонските области и реони, дека воопшто, биле многу спремни да им дозволат на своите деца да заминат, но никогаш официјално не се дозна колку од 25.000 - 28.000 17 деца припаѓаа на ова славофонска група. Ова никаде не е одбележано, и најверојатно дека ова прашање изгледа се негирало сосема кај грчките извори. Грчката влада во Атина, ја истакнуваше грчката националност кај сите овие деца, иако ова прашање е нешто кое помалку зачудува. И кај комунистичката страна која уверено, (цврсто зборува), за Елинопула (Грчиња), дури и по завршувањето на Граѓанската војна, е сторено многу за Грчкото образование во комунистичките земји на овие деца.

Извештајот на Црвениот Крст, кој дава изобилство од информации за проблемот на спознавањето на децата, но не кажува ништо за некаква славофонска група. А е многу јасно дека сите деца кои иако зборуваа на славофонски јазик, тие беа претставувани како Грци спрема правната регулатива, и на евиденцијата и официјалното мислење. Но, во моето истражување ќе беше многу поинтересно да слушневме колку од децата беа славофони?

Така на крај се прашува: Ц. Ларс Барентзен (Clars Barentzen), во својата студија...

„...Им се восхитував и бев со голема почит кон тие луѓе, можеби затоа што имаат една подзатскриена добрина, една аристократска благородност. А како да не им се восхитувам на тие луѓе, кои во најешките мигови во Детските стационари, (домови), го слушавме нивниот глас во преполните „Трпезарии”, во салоните на Детските живеалишта и ни даруваа неповторливи мигови на радост и живост. Во совршена тишина и дисциплина, си ја спомнувам 1949 година, влегувавме подредени во строј, во салоните на Детските живеалишта:

Тулгеш, Синаја, Орадеја, Роман и Клуз на Република Романија и ги слушавме ненаситно хронографиите на Апостоли Спилиу, кои се пренесуваа со кристален глас од сите мои другари. На крајот од секое емитување избувнувавме со чудна одданост и викавме:

„Да живее Д.А.Г!”

„Да живее Маркос!”

„Непријателот нема да стапне на Грамос и Вичо!” „Чиј е Маркос?!”, ќе викнеше некој, а ние одговаравме во еден глас:

„Наш е Маркос!”

„Ние чии сме?!”

„На Маркос!!”, одговаравме пак во еден слеан глас.

По сменувањето на Маркос Вафијадис од главнокомандувач, генерал на главниот Штаб на ДАГ, на негово место, сега во нашите усти небаре ни го поставија Никос Захаријадис, генерален Секретар на КПГ и пак викавме со исто возбудување и живост, HO и со фанатизам како што викавме за Маркоса..., тоа ни беше секојдневна молитва. Партијата, за нас децата и обичните членови на партијата беа престорени во фетиш, на што им придававме магична и надприродна сила. Си спомнувам дека не ја разликувавме партијата од раководството, таа невидена моќ, таа надсила и невидливото мудро раководство, со својот механизам... за нас партијата беше во многу случаи, небаре сите членови на П.Б. (Полит-Бирото), и Ha тоа раководство како главен бог е главниот Никос Захаријадис..." По измените (ликвидацијата на ДАГ).

„....Се за Борбата на народот наш! (се мисли на грчкиот).

„...Се изменија работите, се измени името Ha радио-станицата...

Ke слушате од сега по јасно и по чисто, HO не „Гласот Ha слободна Грција", таа отиде, сега ќе продолжиме да ја слушавме ,,Гласот на Слободата".

ДАЛИ АКЦИЈАТА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ДЕЦАТА ОД СТРАНА НА КПГ - ПАРТИЗАНИТЕ НА ДАГ, БИЛА ДЕКА ДЕЦАТА СЕ СМЕТАА КАКО ЧОВЕЧКА СИЛА НА ВОЕНИ РЕСУРСИ НА ДАГ?

Во март 1949 година УНСЦОБ покрена многупати петиции за деца кои од раководството на КИТ и ДАГ, беа вратени на бојното поле во единиците на ДАГ. Во 1948 година кога ги собраа децата, најверојатно очекуваа дека војната ќе продолжи повеќе години и така многу од одземените деца ќе мораат да се вратат за да војуваат во Грција. Истражувајќи го ова прашање, можеби најдобар одговор ќе ни дадат следните прилози од самите луѓе кои беа на врвот.

Првиот: член на П.Б. на ЦК на КШГ и политички комесар Ha ДАГ Василис Барџиотас, односно втор човек од високото раководство на ДАГ. Да проследиме едно типично историско маскирање во неговата книга:

Еве што пишува:

„...Зимата во 1949 година се враќавме од една задача во Грамос и од далеку забележавме една група од мали девојченца што ни направија голем впечаток. Беше снежно и навлегувавме во еден сињак и вијулица. Доста студено. Им се доближивме на тие девојчиња за да видиме што се случува со нив. Беа околу 55 - 60 девојчиња на возраст од 10 - 13 години, облечени во стари палтенца и наместо чевли на нозете имаа завиткано крпи.

Бидејќи се тресеа од студ ги однесовме до најближната борбена единица на ДАГ каде борците жени им понудија да се напијат топол чај, а потоа ги облекоа со привремени облеки и потоа ги запрашавме: - Зошто дојдовте? ...соборкини во такво време на Грамос. Што ви се случи? Одговорот им беше: - Дојдовме да се бориме. Кога јас им се обратив со олку мек глас и со чувство на болка дека сеуште се мали и дека во редовите на ДАГ служат борци и боркињи кои се поголеми од 16 години и им реков дека ќе ги испратиме во некоја школа да учат, за да научат писмо и потоа по неколку години ќе им дадеме пушки за да се борат, настана несогласување и почнаа да се жалат. - Па кој сте вие.

Зошто не ни дозволувате да се бориме.

Едното велеше: „Мене ми ја убија мајка ми пред моите очи”.

Другото зборуваше и за двата нејзини убиени родители. Секое од нив имаше по еден или два родители убиени и бараа да се најават и да ги прими Политичкиот Комесар на Главниот Штаб на ДАГ, оти само тој би можел да им ја разбери нивната болка.

Кога им кажав дека јас сум тој Политичкиот Комесар на Г.Ш.

на ДАГ, се смирија малку, но не можевме да ги убедиме.

Организиравме една мала чета покрај нашето седиште и ги оспособивме за телефонискињи. Неколку од овие девојчиња самоволно ја напуштија школата и доброволно отидоа во борбените единици. Секако и таму не им дозволија да се борат.

Ги спасивме сите. Кога си ја спомнувам ова сцена, ми поминува пред очите сликата на гладните, босите и слабо облечени, овие девојчиња кои трепереа од студот, со тешкотија си ги задржувам солзите. За тие херојски девојчиња кои дојдоа да се борат во ДАГ за да се одмаздат за крвта на нивните родители!

Ете зошто борбата на ДАГ беше оправдана, национална, демократска и антифашистичка. Кога зборуваме за хероите партизани ќе треба да се навраќаме и кон учеството на младите во ДАГ, кои беа многу и беа интересни. Тогаш 70 - 80% од борците и боркињите беа младинци и младинки, кои се одликуваа со смелост и борбеност и беа на најборбените, истурени позиции во единиците на ДАГ.

Но освен тоа што имавме и посебни воени состави од млади чети пополнети од млади наоружани со автомати, пушкометралези и топови и како што беше полкот на демократската младина под командата на младинецот Шумади, кој смело се нафрлуваше во најкритичките точки во битките за време на борбата.

ДАГ, се состоеше во основа од младинци и младинки. Тие постарите над 25 - 30 години беа многу малку и тоа помалку од 15 - 20% во составот на ДАГ и во главно беа и постари борци...

ДАГ, се состоеше од младинци и младинки и тие беа со таква младост што сите ние се гордеевме кога одеа во борбата напред исполнети со задоволство и уверени во победата. Затоа нема да напишам посебна глава за младината, ми се чини сето тоа за младината тука го кажав.

Политички Комесар на ДАГ Василис Барџиотас Коментар не знам дали треба, но знам дека во светот никој не наоружал деца во такви воени формации и со такво наоружување и да ги стави на првата линија на фронтот. (... ???

Прашалниците се мои - С. К.).

Вториот: Паскал Митревски е првиот секретар на НОФ, се обраќа со писмо до ПБ на ЦК на КПГ, во врска со прашањата што настанаа како резултат на мобилизацијата на малолетните деца.

Види: АМ, збирка: „Егејска Македонија во НОБ 1954-1949”, АЕ: 47/б. Документот е на грчки јзик, во ракопис. Објавен е во едицијата: „Егејска Македонија во НОБ 1949”, Т. 6..., док. 100, стр. 211-213.

Еве што пишува:

„Другари, Сериозно не окупира прашањето на децата што дојдоа од народните републики и што се мобилизираат. Меѓу тие деца има (машки и женски), кои се 12 - 13 годишна возраст и сега се наоѓаат во регрутниот центар во село Штрково. И другите деца не се повозрасни од 16 години. Вкупно се 35. Повеќето деца се од село Желево.

Нивното доаѓање се дозна во селата и ни создаде сериозен етички проблем, а посебно за децата (машки и женски) што се на 12-13 годишна вораст. За возраста на тие деца направивме проверка и констатиравме дека навистина се на таа возраст.

Ова прашање и другпат не преокупирало, но во консултација со вас тогаш беше најдено решение.

Се разбира во случајот не станува збор за тешкотиите што кај нас ги создаде Прашањето. Тие со голема работа, што ќе ја развие нашата организација, сигурно ќе бидат надминати. Но, тука се работи за еден принцип, за еден етички проблем, што сме принудени да го земеме предвид. Се создава една морално -политичка ситуација кај народот, кој поставува прашање, се оформува негативен морален впечаток, ги отежнува базите и изворите за пошироко активирање и за развој на силите на движењето. Разбирливо е дека 10 - 15 деца не можат да го решат проблемот и да ги задоволат потребите што ги имаме.

Изгледа одговорните по домовите погрешно ги толкуваат некои работи. И што е полошо, нивниот однос спрема децата не е добар.

Конкретен е случајот на Тимјос, одговорен во домот на „Тулгеш”, Романија. Неговиот став не може да се окарактеризира никако како добар. Тој врши еден недозволен психолошки и морален притисок врз децата со што создава една тешка атмосфера.

Еве што му рекле децата на другарот Малиос, кој беше испратен од ЦК на НОФ да ги посети:

Тимјос ги собра децата во домот и на еден насилнички и недозволен начин им викаше: „Да одете долу и да се борите. На сите оние од вас кои не ќе сакаат да одат, ќе им ставам на челото по еден печат со крст за да се разликуваат, дека се гадови и да се жигосуваат.” Ова им го велел на деца од 12 - 15 годишна возраст.

Исто така за ситници им се заканувал со зборовите: „Јас ќе ве научам. Со она што го правите, личите на ајкулите на Труман...” итн.

Исто така не им дозволувал да пишуваат писма на македонски јазик. Им ги задржувал парите и чековите што им ги испраќале родителите и роднините од Америка и од други земји. Децата изјавуваат дека тој им ги потрошил.

Еден друг случај, 12 годишниот Алеко Стефо, со солзи на очите му рекол на Малиос, дека еден ден Тимјос, бидејќи не го исчистил дворот, го разголил и го оставил да стои надвор 4 часа гол, само по гаќи, при страшен студ во декември. Исто така го оставил гладен 24 часа. Истото дете го тепал со сета сила и го шутирал со клоци. Детето раскажувало дека рацете на Тимјос му биле отечени од она што ги тепал децата.

Другпат соблекол и други деца и ги принудил да одат голи само по гаќи. Ги оставал и гладни.

Сигурно дека децата понекогаш можат да направат некој наивен истап и други детски грешки. Меѓутоа, односот и предходно изнесените мерки што ги применувал спрема децата покажуваат нешто најмалку психолошко и методско позитивно воспитување, односно тоа е нешто најнегативно во однос на воспитувањето.

Најлошото е што децата штом пристигнале, сето тоа го разнеле и разгласиле меѓу селаните. Ние штом го дознавме тоа од луѓето, го испративме другарот Малиос да ја провери таму ситуацијата и врз основа на неговите констатации да ги ограничиме таквите гласови.

Потребно е да ги испитате таквите случаи и наше мислење е споменатиот Тимјос што поскоро да биде отстранет, за да не би направил и други штети. Исто така предлагаме, децата што дојдоа а се на 12-15 годишна возраст да се вратат.

При такви случаи, сметаме за потребно да ги известиме родителите преку специјално соопштение, се разбира усно или не некои друг начин што ќе ни го посочите.

Исто така сметаме дека во иднина треба да се ограничи испраќањето на деца од Народните републики што се помали од

15 годишна возраст.

Во врска со тоа прашање сигурно ќе ви зборува и другарот Којчев, со кого зборувавме вчера.

Ве молиме да ни одговорите по ова прашање или подобро да не повикате горе, за да подискутираме за тоа, па и за други прашања, при што подобро ќе се соочиме со прашањето на детските домови, со поставувањето во нив словеномакедонски кадри, кои ќе ги согледат и ќе помогнат практично во решавањето на прашањата на Словеномакедонците.

14.06.1949 година Со другарски поздрав, Паскал За таквите зафати на раководствата на КПГ и ДАГ види во:

„АМ, Збирка „Егејска Македонија во НОБ 1945-1949”, АЕ:

476/49 и АМ, Ф-7/108, каде што се вели:

„Регрутацијата на децата се вршеше со широка пропаганда и со примена на притисок. За таа цел беа издадени соодветни директиви, наредби и беа испратени специјални емисари.

Регрутацијата на децата се вршеше не по возраст, туку по висина, и на тој начин беа регрутирани деца на 12 - 13 годишна возраст. Од Романија, и Чехословачка беа регрутирани неколку стотици деца. Исто така, беа организирани центри за обука на децата и по неколкудневно обучување тие беа испраќани на првата линија на фронтот, каде повеќето и загинаа.” Таквиот потфат го потврдува и тогашно евакуирано дете: Томе Миовски, Сеќавања: „Мобилизирањето на Македончињата од Чехословачка”.

Види: Весникот „Незаборав”, стр. 7. Од 1 јули 1995 година.

„Точно една година од нашето заминување од родните села, кога Привремената демократска влада (ПДВ) не собра и не испрати по демократските држави за да се спасиме од сигурната смрт, од непријателските бомби и од гладот и болестите, ете пак истата сака да не врати во пеколот на војната, во пеколот на смртта. Тоа беше вака: На 17 април 1949 година во 8 и 30 часот, директорот на Домот ни соопшти, дека денеска по ручекот ќе допатува во нашиот детски дом, делегација на Политбирото на Комунистичката партија на Грција (ПБ на КПГ).

Точно во 16 часот пред домот се појави еден црн „татраплан”, голема лимузина и уште невлезен во главната врата, почнавме да викаме пароли и да го пееме партизанскиот марш. Штом запре колата, излезе Милтијадис Порфирогенис, член на Политбирото на ЦК на КПГ и министер во Привремената демократска влада за правосудство.

По свечената вечера која мина во радосно расположение и апсолутна тишина, директорот ни соопшти, дека младинците и девојките од 15 - 16 годишна возраст со гостинот во 20 часот ќе имаат состанок, а другите во 19 и 30 треба да одат на спиење.

Во 20 и 15 часот, гостинот влезе во салата, а ние сите станавме и со долг аплауз го поздравивме со паролите: „Да живее Маркос, да живее КПГ, да живее Слободна Грција...”. Седна и сите по него седнавме и пак се исправи како гигант пред нас децата и со тивок глас почна да ни раскажува за борбените успеси што ги постигнуваат единиците на ДАГ против монорхофашистите: „ДАГ ја има во свои раце 25% од целата територија на Грција”, рече тој. Во секое село има народна власт - народни одбори, народни судови, селски задруги, основани се народни болници, културно - уметнички и фолклорни друштва, народот се чувствува слободен и веќе за неколку дена во наши раце ќе падне Лерин, Костур, Воден и другите градови и дека 1949 година ќе биде година на победата.” Ние од радост станавме и почнавме да викаме: „Да живее Слободна Грција, Маркос победа, Маркос победа!” Не утеши гостинот и продолжи: „Младинци и младинки, синови и ќерки на нашите борци на херојската Демократска армија, јас сум испратен од Политбирото на ЦК на КПГ и од нашата Привремена демократска влада за да ве повикам и вие да одите долу во татковината, бидејќи нашата света борба има потреба од млади луѓе, млади борци, достојни на своите татковци и мајки кои секојдневно достигнуваат борбени успеси против нашиот непријател - монархофашизмот. Исто така ќе се си ги видите вашите убави и сега слободни села, вашите родители, роднини и домашни. Затоа ве повикувам сите кои сакате „доброволно” да се вратите во Слободна Грција, да станете и тука да се запишите”. Тој го држеше списокот, што го имал кај себе со нашите имиња.

Еден по еден се запишавме 31 младинци и 8 девојки и откако се запишавме, гостинот, ни рече: „Знајте, дека доброволците од Романија и Бугарија, веќе се вратија во „Слободна Грција” и во многу кратко време одлично го овладаа оружјето и овие денови стануваат редовни борци на славната ДАГ, а другите деца од другите демократски држави се на пат за татковината, а пак вам во најкратко време ќе ви биде соопштено. Но за вашето враќање во татковината на никого ниту збор, ниту на тукашните, ниту на домашните, на никого, разбирате, бидејќи кој од вас ќе каже или напиши, тој е непријател на нашата борба”.

Следниот ден, во понеделникот по ручекот, не собра нас „доброволците” директорот и ни рече: „Од денес до 20 - 22 часот до вашето заминување, ќе имате секоја вечер ноќно тренирање на теренот за да се учите на ноќни борби. Од денес нема на никого, а за враќање во Грција, на никого ниту збор, ниту на вашите помали браќа и сестри. Кој од вас се осмели да каже, ќе биде протеран од домот”.

По седум дена, во неделата на 24 април 1949 година во 18 часот, директорот не собра нас „доброволците” и ни рече:

„Утре, понеделник, 25 о.м., во три часот раното, ќе замините со воз во Братислава со воспитувачката Ирина, ќе добиете сува храна за еден ден и ќе тргнете пред да почне движењето во селото. Таму ќе се сретнете со повеќе „доброволци” и оттаму ќе заминете за „Слободна Грција”.

Во понеделникот на 25 април 1949 година во два часот наутро, не разбудија и на брзина се измивме, се облековме, ги дигнавме куферите и точно во 2 и 30 часот тргнавме во редовен строј во придружба на директорот и воспитачката Ирена, без да се видиме со нашите помали браќа и сестри. Тргнавме со брз марш до железничката станица, која беше на еден километар оддалечена од домот и во три часот, се качивме на возот и тргнавме за Братислава. По целото патување бевме добро расположени и весели и целото време пеевме партизански и револуционерски песни.

По десет часа патување, кои изминаа многу брзо, околу еден часот по ручек, стасавме во Братислава на железничката станица, каде што не чекаше придружба, се поздравивме со воспитувачката Ирина, која требаше да се врати, бидејќи не и беше дозволено понатаму да патува со нас.

Околу 14 часот стасавме пред влезот на касарната, каде што имаше стражар. Откако го прегледаа камионот, тој ги отвори вратите и влеговме во големиот двор, каде што се движеа војници. Малку понатаму запре камионот и сите слеговме и одма околу нас се собраа неколку групи деца, кои беа пристигнати пред нас. Со многу од нив се познававме уште од првите денови во Чехословачка, кога во декември 1948 година беа испратени во автомобилскиот завод „Татра” - Копривница на техничко училиште, а еве сега и нив ги мобилизирале.

Се одморивме малку и во 8 часот веќе беа пристигнати и другите, така да сите се собравме во големиот двор и таму се запознавме и со одговорните, кои беа испратени од КПГ, односно од партиската организација од Булкес, а тоа беа Никола Стојановски, родум од село Герман, Преспанско и Никос Зафиридис и Георгиос Трендафилидис, обајцата Маџири од Костурско.

По вечерата во воената менза. Одговорните направија општ список од сите нас 250 деца од кои 200 Македончиња, а другите Влашиња и Маџирчиња, настојувајќи по наредбата на КПГ сите нас Македончињата да не запишат со грчки имиња и презимиња, иако ние одамна ги имавме погребано грчките имиња и презимиња, уште кога се отворија училишта во слободните села, но тие упорно настојуваа велејќи ни: „Утре кога ќе одите во Грција за да се борите против фашизмот, непријателската пропаганда ќе вели дека во Грција се дојдени југословенски и бугарски доброволци, а не грчки.